IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Жртви на убавината
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Жртви на убавината

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Жртви на убавината
    Испратена: 23.Август.2009 во 21:37
Отсекогаш жените се труделе да изгледаат убаво, па така со милениуми наназад тие се разубавувале ползувајќи ги придобивките на своето време. И денес кога убавината станува императив (за жал) за успех во сите полиња на животот, работите не се промениле многу-многу.
И во Библијата се споменува за еден вид масажа и ароматерапија!!! (Кн. Естира), по фараонските гробници се откривани разни шишенца од парфеми и креми, шминката не е измислица на денешницата, итн.

Критериумите и идеалите за убавина се менувале низ вековите.
Некогаш се ценел здрав изглед, некој килограм повеќе, кон крајот на минатиоот век се јавува една анорексична тенденција, итн.

Е сега она што ме инспирира за темава, е колку далеку може да се оди на ова поле.
Во стра Кина, на цена биле девојки со мали стапала. До денес не се знае дали таа мода настанала поради извртените стапала на една принцеза, или онака...Но на цена биле девојките чии стапала биле така издеформирани да просто таа одвај и одела. Но тоа било и еден предуслов за богата мажачкаизненадување

Па така...газење%20од%20смеење...sorry..се кршеле стапалата на женското дете т.ер. се кршел лакот, а потоа стапалото се виткало  во нешто како завои додека не го достигнел лотос-обликот.

Праксава е одржана со милениуми, а е забранета некаде во минатиот век, иако велат сеуште се практикува во некои делови од Кина.

миссинг


миссинг
Рентген на Кинеско стапало LOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOL
миссинг

missing

Кондурчиња...

И сега, што мислите вие, дали навистина треба да се истрпи се за убавина?

Се разбира, ситуацијата не е подобра ни денес.
Дури, уште покатастрофални и поболни се новите критериуми кои ги поставуваат “некои“ експерти.
Па така имаме болно исполнети усни каде не се знае која е горна а која долна, гради-балони, и што не.





МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 21:56
missing

Pete Burns

missing

Priscila Prisley (а колку убава жена беше, поим)








Michaela Romanini



Britany Marphy



МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 22:50
За овие кинескиве дубари имам читано, учено и слушано и уште се ежам кога ќе помислам какви бесмислици владеат помеѓу луѓето.
Исто доста погубен период за женското здравје е носењето на корсетите и кринолините кое се сметало за симбол на убаво спакувано женско тело.
Денешницава е од една страна благослов од друга проклетство целата естетска хирургија и нејзините можности, модната индустрија просто ги тераат жените да ги туркаат границите на нормалното и прифатливо.
Човекот се повеќе се врти против своето тело, наместо да се сакаме такви какви не создала природата ние постојано сакаме да промениме нешто на себеси. Потрагата по совршенството никогаш нема да престане, но некои луѓе на тој пат забораваат што тоа навистина претставува, особено оние кои се изобличуваат со естетските корекции.
Луѓето ги сакаат убавите луѓе, тоа е факт, ги сакаат и фаворизираат многу повеќе  од оние кои не се убави а повеќе придонесуваат со своето постоење. 
Верувам дека мажите многу повеќе и се воодушевуваат на Џена Џејмисон отколку на делото на Марија Кири.Тоа е човекот за жал.


Изменето од GlenKlouz - 23.Август.2009 во 22:51
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 22:22
Ехххх... иако и порано имало крајности кога е убавината во прашање, мислам дека не било толку изразено како денес - најмногу поради секојдневното присуство на различни медиум во нашиот живот кои ни ги „диктираат“ трендовите во убавината... се сложувам дека убавината е барана, убавината се продава, физичкиот изглед е најважен, ама таа убавина што ни ја продаваат е просто речено вулгарна... совршенство не постои, ниту ќе постои, а тежнеењето да се достигне врвот на крајот доведува до многу разочарувања и несакани последици...

И не се само жените жртви на трендовите во убавината, се повеќе мажи се подложуваат на естетски операции само за да изгледаат поубаво - јас лично не го оправдувам тоа, оправдувам естетски операции само кога има медицински индикации, а сето останато е само малтретирање на сопственото тело да се достигне некој нереален идеал...
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2009 во 11:00
кога братучетка ми, која живее во Шведска станува во 5 часот наутро, за да се припреми до 8, само за на училиште..... за да изгледа сосема исто како овие.... ( за мене преправени )



само за да може полесно да се вклопи , тогаш да не зборуваме за други поекстремни примери за кои често имам читано... кога денешни идоли се лејди гага, токио хотели, хана монтана, брац и други слични фаци,... тие претставуваат идоли и за да се постигне нивната ,,убавина,, и на глава се проодува...
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2009 во 20:50
овие гарант користат ЈУТРО - КЛЕК штом изгледаат вака свежо а истовремено здрвено .............

Изменето од МАРШАЛ - 26.Август.2009 во 20:50
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98443
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 07:17

Кога ќе се претера со пластични операции: Ѕвезди кои некогаш изгледаа прекрасно


Наместо да изгледаат помладо и подобро, овие познати личности имаа далеку поразлични ефекти по многубројните пластични операции и зафати.

koga-ke-se-pretera-so-plasticni-operacii-zvezdi-koi-nekogas-izgledaa-prekrasno-01

Попаметно ќе им беше да останеа природни:

Тори Спелинг - Со претераните пластични операции Тори си го уништи здравјето. Вградувањето на силикони и предизвика болки и деформации на градите, заради што го тужеше својот хирург.

koga-ke-se-pretera-so-plasticni-operacii-zvezdi-koi-nekogas-izgledaa-prekrasno-1


Мег Рајан - Откако западна во замка за вечна убавина и младост, Мег Рајан ги зголеми усните и си вгради силикони во образите. Но, од нејзините фанови доби само смешна споредба со Џокер, непријателот на Бетмен.

koga-ke-se-pretera-so-plasticni-operacii-zvezdi-koi-nekogas-izgledaa-prekrasno-2


Џенифер Греј - Не ја препознавате? Џенифер Греј беше партнерка на Партик Свејзи во „Dirty Dancing“ и неколку години важеше за најприродната убавица во светот. Но, кога хируршките зафати се замешаа, резултатите беа разочарувачки.

koga-ke-se-pretera-so-plasticni-operacii-zvezdi-koi-nekogas-izgledaa-prekrasno-3


Тара Рид - Убавината на Тара многу пати беше мета на пофалби, но желбата за совршенството во Холивуд никогаш не мирува. Затоа, Тара подлегна на операции на стомакот и градите, кои денес изгледаат далеку од привлечно.

koga-ke-se-pretera-so-plasticni-operacii-zvezdi-koi-nekogas-izgledaa-prekrasno-4


Донатела Версаче - Од ’90 години до ден денес Донатела има огромен број на операции, од кои најнеуспешна беше онаа за пополнување на усните.

koga-ke-se-pretera-so-plasticni-operacii-zvezdi-koi-nekogas-izgledaa-prekrasno-5


Мики Рурк - Некогаш неодоливиот Мики Рурк исто така се обиде да ја сочува младоста со пластични операции, но за жал, само го уништи својот изглед.

koga-ke-se-pretera-so-plasticni-operacii-zvezdi-koi-nekogas-izgledaa-prekrasno-6


Жозелин Вајлдстајн - Оваа жена стана сè што никогаш никој не смее да биде. Претера во секој поглед и на секој дел од нејзиното лице, па денес Жозелин изгледа како лоша антиреклама за оваа гранка на медицината.

koga-ke-se-pretera-so-plasticni-operacii-zvezdi-koi-nekogas-izgledaa-prekrasno-7

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13610
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2014 во 23:24

Изгледот на пејачката Маја Беровиќ е резултат на бројни операции.

maya-berovic-danas-e1394720927794

Маја Беровиќ минатата година постигна успех со својот хит „Мама, мама“, а со оваа песна и новиот албум следуваше и визуелна промена на пејачката.

Популарната пејачка во Босна и дијаспората не крие дека досега имала неколку пластични операции бидејќи, како што вели самата, денес музиката се слуша, но и се гледа.

Сметам дека некој кој се занимава со оваа професија не смее да си дозволи да не води грижа за својот изглед. Добриот изглед е задолжителен! Јавните личности се пример за младите и јас многу водам грижа за својот изглед, изјави пејачката која ќе ја паметиме по нејзиниот шокантен хит „Џин и лимонада“.

Еве како изгледаше Маја некогаш:

maya-berovic
< width="640" height="480" ="http://www.youtube.com//fnQO5wqHUoU" border="0" allowfullscreen="">

Еве како изгледа  сега ...




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98443
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2014 во 18:17
Познатите кои го уништија својот изглед со пластични операции

Рене Зелвагер, која го шокираше светот поради претераната употреба на ботокс и пречестите посети кај пластичен хирург за затегнување на лицето, е само една од ѕвездите кои очигледно би сториле се` за да го сопрат стареењето.

Ѕвездата од филмот „Бриџит Џонс“ речиси е непрепознатлива, а најлошото е тоа што наместо да изгледа помладо, се чини дека преку ноќ остарела. Ни нејзините колешки не заостануваат позади неа. Еве некои од познатите кои си го уништија својот изглед со пластични операции.

ЛАРА ФЛИН БОЈЛ


Убавицата од серијата „Твин Пикс“ на секое јавно појавување се повеќе личи на жртва од пластични операции.


Образите и` се затегнати до пукање, усните преголеми, а веѓите „закоени“ на едно место - високо, високо на челото.

ЛА ТОЈА ЏЕКСОН


Сестрата на Мајкл Џексон тргнала по стапките на кралот на попот, барем кога станува збор за пластичните операции. Таа, исто како и Мајкл, но и нивната сестра Џенет, најпрво го средила носот.


На листата на операции се и импланти во образите, средување на брадата, ботокс, затегнување на лицето...

МЕГ РАЈАН


Мег Рајан, од омилена комичарка и симпатична актерка, се претвори во некој кој не може да сопре со правење на пластични операции.


Лицето и` е толку затегнато, што изгледа дека кожата во секој момент ќе и` пукне, а на усните ставила неколку „кубици“ силикон повеќе.

ДОНАТЕЛА ВЕРСАЧЕ


Жената која е на чело на едно од најголемите имиња на модната индустрија, колку што ја сака модата, толку ги сака и солариумот и пластичните операции.


Донатела е речиси материјален доказ за она што никако не би смееле да го направите кога ќе закажете кај пластичен хирург - ги оперирала усните, носот, образите...

ЏЕНИФЕР ГРЕЈ


Оваа актерка се прослави глумејќи во филмот „Валкан Танц“ со Патрик Свејзи. Првиот хируршки зафат која го имала бил на нејзиниот нос, кој го смалила. Но, веднаш после тоа престанала да добива понуди за да глуми во некој филм.


Но, од друга страна, не престанала со хируршко „разубавување“.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98443
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2014 во 20:54

Од убавици до „монструми“: Најдрастичните селебрити трансформации


Холивудските убавици постојано се трудат да останат младолики и се подготвени да дадат многу пари за по секоја цена да изгледаат помладо и поубаво. Сепак, очигледно не ја научиле лекцијата дека токму нивното трудење и фрлање пари за скапи пластични и козметички корекции само го доуништуваат нивното лице и изглед.

Последен ваков пример беше шармантната актерка која ја паметиме од филмот Bridget Jones Diary, која ако во минатото изгледаше навистина убаво и поинакво од останатите селебрити фаци, сега воопшто не наликува на себеси. 

Прекрасната насмевка и полните образи повеќе не се дел од нејзиното лице. Сега таа изгледа како друга жена. Сепак, ова не е единствен пример во историјата на Холивуд, некое познато селебрити лице, било маж или жена, да си го уништи изгледот и да не личи на себеси. За пример ние ви нудиме 10-на случаи, почнувајќи од Никол Кидман, Донатела Версаче, Блејк Лавли, Линзи Лохан, па се до Ким Кардашијан и Мики Рурк...

Интересно за повеќето вакви случаи е тоа што истите тие популарни лица никогаш и не признале или пак не признаваат дека подлегнале под нож или пак додале ботокс во своето лице. 

Погледнете самите и заклучете дали тоа навистина е така:

Донатела Версаче

Хејди Монтаг

Џенис Диконсон

Лил Ким

Никол Кидман

Бери Минлоу

Блејк Лавли

Линди Лохан

Тулиса

Ким Кардашијан

Шерон Озборн

Тори Спелинг

Мики Рурк

Шер

Кортни Лав

Мелани Грифит

Ники Кокс

Дерил Хана

Брус Џенер

Лара Флин Бојл

Мег Рајан

Кејти Прајс

Меган Фокс

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98443
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2014 во 17:11

Од природна убавица до силиконска кукла!


30-годишната манекенка од Летонија, Викторија Вајлд многу лесно може да ја измешате со некоја секси кукла.

Со својот бизарен силиконски изглед таа шокираше многумина, сепак, во едно неодамнешно интервју таа откри дека се чувствува одлично во своја кожа.

- Кој не би сакал да изгледа како секси кукла? Тоа е толку привлечно – порача Викторија.

Оваа девојка која потекнува од Летонија, живее во Кан, Франција. Трансформацијата на својот изглед ја започнала во 2011 година, и за три пластични операции потрошила 31.000 евра.

За да го добие изгледот од своите соништа Викторија оваа година ги оперирала носот, вградила силикони во усните, а лицето го освежила со ботокс.

За овие дополнителни промени потрошила 6.300 евра.

Викторија уште во своето детство сакала да изгледа како кукла. Иако кога била тинејџерка ја нарекувале „барбика“, нејзините мали гради воопшто не и се допаѓале.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98443
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2014 во 08:31

ФОТО: Донатела Версаче повторно мета на негативни коментари заради изгледот


Не е тајна дека Донатела Версаче е обожавателка на пластичната хирургија, но и покрај сите корективни зафати, славната дизајнерка добива само негативни коментари за својот изглед.

Главната креаторка во модната куќа Versace беше фотографирана на аеродром во Сао Паоло. Мазната и сјајна кожа на лицето, на која не се забележува ниту една брчка, уште еднаш ги поттикна дискусиите за многуте козметички интервенции на кои се има подложено 59-годишната Италијанка.

Донатела ВерсачеДонатела ВерсачеДонатела ВерсачеДонатела ВерсачеДонатела Версаче

Многумина коментираат дека Донатела треба да прекине со интензивните модификации на лицето.

ДонателаДонатела на свеченост организирана од Harper's Bazaar на 5 септемвриДонатела Версаче

„Лицето на Донатела Версаче изгледа многу неприродно, речиси како маска“ – коментираше пред неколку месеци хирургот Арманд Хербергер за германскиот весник „Bild“.

Донатела со Џани Версаче во 1990 годинала ВерсачеДонатела со Џани Версаче во 1990 година

Донатела присуствува во Бразил по повод модната недела во Сао Паоло, во рамките на која ќе биде презентирана капсулната колекција на Versace за Riachuelo.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98443
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2015 во 22:21



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98443
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2015 во 16:16

ФОТО: Ѕвездата на „Беверли Хилс“ со уништено лице


Што се случува со лицата на познатите холивудски ѕвезди?

Минатата недела останавме шокирани пред драстичните трансформации на Кортни Кокс и Лара Флинт Бојл кои поради своите ботокс третман повеќе не личат на себе, а сега и познатата Дона од серијата „Беверли Хилс“ шета наоколу со уништено лице.

Актерката го посети Calabasas медицинскиот спа центар од каде по 2 часа третмани за убавина излезе со црвено и потечено лице.

-Имаше хемиски пилинг, микродермоабразиски третман и депилација за веѓите. Сосема нормално е кожата да изгледа црвено и воспалено, но тоа треба да помине за неколку часа, открива интерен извор од спа центарот.

Спелинг се на се платила 400 долари за своето разубавување, а дали е задоволна од резултатот проценете сами од фотографиите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.