|
Спирулина |
Внеси реплика |
Автор | |||
nikita
Сениор Регистриран: 29.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1610 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 19.Август.2009 во 10:59 |
||
Спирулината е модро-зелена алга со извонредна комбинација на Б- керотин, белковини, хлорофил, Б-витамини, ензими, минерали, Гамалиноленска киселина.
Претставува супер храна за сите оние кои претпочитаат целосен природен додаток со концентриран профил. Спирулина - натурал има највисока застапеност на протеини од било која друга храна ( 65 % ). Во својата структура ги содржи сите есенцијални амино киселини во идеален сооднос. Спирулина - натурал како и мајчиното млеко содржи доволно количини на линоленска киселина, важен учесник во регулирање на хормонскиот систем на организмот. Таа има природни антифламаторни својства и делува превентивно против разни воспалителни процеси. Ги обновува мозочните клетки оштетени од алкохол и дрога. Таа содржи антиоксидирачки комплекс од најмалку 10 каротеноиди. Оваа смеса од каротеноиди и ксантофили позитивно делува на различни места во организмот, во синергизам со другите витамини, минерали и фитонутритиенти. Ваквата комбинација содржана во Спирулината - натурал има поголем ефект одколку синтетичките препарати со Б-каротен. Таа е најголем извор на Б-12 кој е неопходен за оформување на црвените крвни клетки. Една кафена лажичка од спирулина - натурал содржи големо количество B-1 (гиамин), кој учествува во функција на нервните клетки, витамин Б-2 (рибофлавин),кој учествува во енергетскиот метаболизам на јаглехидратите и протеините и ниацин потребен за правилна функција на нервниот систем и синтеза на сексуалните хормони. Спирулина-натурал е најдобар природен извор на железо со 10 пати поголема застапеност од било која друга храна што ја употребуваме во секојдневната исхрана. Ова железо двојно повеќе се апсорбира за разлика од класичните синтетички препарати. Спирулина-натурал содржи двојно повеќе ензими кои се катализатори на хемиските процеси. Еден од нив е супероксид дисмутаза кој игра важна улога во врзувањето на слободните радикали со што се забавува процесот на стареење. Таа е природен извор на протеини, без маснотии и холестерол, кој го спречува чувството на глад бидејќи ја надополнува потребата на организмот за хранливи материи. Претставува производ со голема моќ на прочистување бидејќи ги истиснува токсините од ткивата на лимфата и ги нормализира органите за варење. Нејзиното секојдневно консумирање ќе Ви помогне во намалувањетио и одржувањето на телесната тежина, а истовремено ја задржувате виткоста и свежината на телото. Спирулина-натурал е одлична за луѓе кои долго и напорно тренираат. Таа обезбедува протеини кои лесно се разградуваат, а не содржат непотребни маснотии. Погодна е за консумирање пред натпревари бидејќи дава големо количество енергија и сила. Ако се користи пред јадење таа го задоволува апетитот и ја намалува потребата за внесување непотребни калории со што телесната тежина на спортистот се одржува на саканата вредност. Ме интересира дали некој од форумов ја конзумира? Јас пијам веке 2 недели по 2 таблети на ден и јадам редовно што претходно ми претставуваше проблем. |
|||
She sells seashells by the seashore...
|
|||
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мене ми ја препорачаа заради тоа што сум анемична... не ја пијам долго време, ниту редовно, ама крвната слика ми е подобра
|
|||
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
|||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ti ja preporachaa,ne ja piesh,a krvnata slika podobra....kako li go postigna toa? |
|||
Neptun74
Сениор Orbiter Регистриран: 23.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 2643 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
So avtosugestija... |
|||
DeepBlue
|
|||
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Изгледа погрешно се изразив... ја зедов неодамна, нема ни два месеци, ама иако нередовно ја пијам, сепак ја пијам... и за разлика од другите препарати со железо кои досега сум ги земала (а многу сум пробала верувај), многу побрзо ги почувствував ефектите... си ја проверив и крвната слика, Hb ми е значително зголемен (нормални вредности за мене беа од 80 - 90, а 120 е долна граница) сега ми е 110 значи, напредувам ама освен спирулината земам и фероглобин, така да можеби и тоа сигурно придонесува... |
|||
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
|||
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
SPIRULINA ZA BALANS NA KRFTA
|
|||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
E taka vekje moze,za tolku nisko zelezo samo so spirulina teshko kje odi zgolemuvanjeto na serumskoto zelezo,a vo kombinacija so Feroglobinot ako si disciplinirana,brzo kje gi pochuvstvuvash rezultite. I eden sovet....nemoj da prekinesh so vnes na zelezo koga kje postignesh normalni vrednosti na krvnata slika,prodolzi ushte eden mesec za da stvorish malku rezervi,zatoa shto padot na zelezoto moze da se povtori pak za nekolku meseci.Pozdrav! |
|||
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Секако дека мора да продолжам со земање на железото и после нормализирање на крвната слика, треба да се зема барем 6 месеци за да се надополнат и резервите на железо во организмот... инаку серумското железо ми е нормално, не ми е намалено, само со Hb имам проблем... всушност, сите вредности на крвната слика ми се супер, освен хемоглобинот - фактички имам еритроцити ама тие ми се празни и години наназад го имам истиот проблем... колку и да внесувам препарати со железо и Б витамин, кај мене нема траен ефект, после некое време пак се враќа на старо...
како било, самата спирулина многу ми помогна - и без да го пијам фероглобинот, значи само со спирулина, ми се подобрија вредностите на хемоглобинот само се плашев да не ми отвори ненормален апетит, како што тоа се случи пред 5 години со едни таблети со железо што ги пиев - тогаш се здебелив околу 15-20 кг ама за среќа не е така |
|||
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
|||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Shtom nemash namaleni vrednosti na serumskoto zelezo,togash i spirulinata kje zavrshi rabota za da se nahranat praznite eritrociti,a toa po avtomatizam bi znachelo i pokachuvanje na vrednosta na hemoglobinot.
I tochno,nekoi preparati na zelezo predizvikuvaat zgolemen apetit koj rezultira normalno,so zgolemena telesna tezina,no toa ne e sluchaj i so spirulinata,od taa strana bidi spokojna. Vakov tip na anemii najchesto se javuvaat kaj zeni so obilni menstrualni ciklusi vo reproduktivniot period,najverojatno i ti spagjash vo ovaa kategorija na zeni ,taka da nema mesto za panika iako ova ti se povtoruva. Pravi si na sekoi shest meseci kompletna biohemiska analiza za da ne dojde i do pad ne serumskoto zelezo. Pozdrav! |
|||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |