IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Aтлетско првенство Берлин 2009
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Aтлетско првенство Берлин 2009

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Aтлетско првенство Берлин 2009
    Испратена: 16.Август.2009 во 12:13
И на првиот ден од 12-тото светско првенство во атлетика во Берлин се чувствува аурата што ја носи дуелот на најбрзите луѓе на светот, Јусеин Болт од Јамајка и американецот Тајсон Геј.

Пред утрешното финале на 100 метри и двајцата денеска во квалификациските рунди само се загреваа.

Во четвртфиналето светскиот рекордер и олимписки шампион Болт шетајќи се дозволи да загуби од Даниел Бејли од Антили, истрчувајќи 10:03.

Ниту актуелниот светски првак Геј не форсираше остварувајќи 9:98.

Интересно најбрз беше Асафа Пауел од Јамајка со 9 секунди и 95 стотинки.

Прв светски шампион, пак е олимпискиот на 20 километри брзо одење, Валери Борчин.

22 годишниот русин кој во Пекинг стана најмлад освојувач на олимписко злато, до мундијалското дојде меѓу 10 и 15 километар кога ја направи решавачката разлика во однос на сребрениот Хао Ванг од Кина и бронзениот Едер Санчез од Мексико.

Еден час 18 минути и 41 секунда е победничкото време на Борчин што е второ најдобро остварено на патеката во Берлин.

Ванх задоцни 35, Санчез 51 секунда.

Борчин и дефинитивно се промовираше како наследник на трикратниот светски првак еквадорецот Џеферсон Перез кој не настапи во Берлин.

Првиот ден ќе ги круниса уште и најдобрите во фрлање ѓуле и на 10 илјади метри во женска конк*ренција. Единствената македонска претставничка, Ивана Рожман утре напладне ќе настапи во квалификациите на 100 метри.


Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 12:23
E bash super shto ja otvori temata.среќа

Vanh neli zadocni 41, a Sanches 51?
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 22:00
Усеин Болт со нов светски рекорд

Усеин Болт е победник на трката на 100 метри на Светското атлетско првенство во Берлин.

Тој оствари ново најдобро планетарно време со резултат од 9:58 секунди, подобрувајќи го сопствениот рекорд за 11 стотинки.

Во трката која што беше најочекувана на Светското првенство Болт го победи својот најголем ривал Американецот Тајсон Геј.

Геј стигна втор на целта поставувајќи нов Американски рекорд со време 9:71 секунда.

Трет на целта пристигна сонародникот на Усеин Болт, Асафа Пауел со време 9:84 секунди.


Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 23:18
абе што jаде овоj Болт безбунетост
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2009 во 00:44
Sigurno ne Grav i Przen Piper

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2009 во 10:21
Болт веќе размислува за 9.4, каде е границата?

Прво постоеше "ерата на џезот". Потоа "ерата на компјутерите". Сега е време за "ерата на Усаин Болт". Неверојатниот Јамајканец повторно го освои светот со нова неверојатна трка на 100 метри во неделата во Берлин.

Кога Болт "танцуваше" пред финишот на олимпиското финале на 100 метри пред една година во Пекинг и сепак постави светски рекорд од 9.69 секунди, сите се прашуваа - до каде може да се отиде. Научниците со технологија се обидоа да пресметаат кое ќе беше времето ако тој трчаше исправно цела трка, по што се зборуваше за "ниски 9.6", додека 9.5 беше фантазија.

Но, не повеќе. Со декади 10 секунди беше границата на која се "кршеа" топ спринтерите. Џим Хајнс истрча 9.95 на голема надморска височина на ОИ во Мексико Сити и тој рекорд стоеше 15 години се додека Калвин Смит не истрча 9.93. Само при крајот на 1980-тите, времињата на Бен Џонсон, Карл Луис, Лирој Барел и Донован Бејли, 10-ката беше кршена и тоа стотинка по стотинка.

Морис Грини почна со "големите" времиња, кога скина 5 стотинки од рекордот на Бејли, Асафа Пауел го продолжи трендот пред Болт да стапи на сцената. Тој собра 2 стотинки од рекордот на Пауел кога истрча 9.72 во мај 2008, а во Пекинг го снижи рекордот за уште три стотинки.

Во неделата на СП во Берлин, тој победи со 9.58, неверојатни 11 стотинки подобро од светскиот рекорд. Отккао беа потребни 30 години да се поминат 9.9, рекордот стигна на 9.6 за точно 12 месеци. Болт ги "скина" сите правила во книгата и никој не знае каде ќе застане.

"Реков дека тоа ќе биде на 9.4. Мислам дека времињата ќе сопрат на 9.4, но ниту тоа не е сигурно. Ќе продолжиме да се тркаме", изјави Болт по неделната трка.

Болт исто така го смени и имиџот на еден спринтер. Карл Луис и другите великани од последните 40 години беа полни со мускули, моќни, обично под 1.85 метри и поминуваа исто толку време на патеката колку и во теретаните. Болт со 1.95 метри ја побива и гравитацијата со своите големи чекори. Напредокот во технологијата на патеките и патиките, научните тренинг методи и методи на исхрана секако помогнаа во подобрувањата на времињата, но основата останува - Болт е спортист кој се појавува ретко и кој ја има почитта на фановите и ривалите.

"Ви кажував дека некој може да истрча 9.5, и среќен сум тоа што го направи тој. Покажа дека човекот може да дојде на тоа ниво", вели Тајсон Геј, чие второ место од 9.71 помина незабележано, иако е третото најбрзо во историјата.

Да потсетиме, Усаин Болт има само 22 години!

КРАТКИ ВЕСТИ

Хрватската натпреварувачка во скок во височина Бланка Влашиќ вели дека е полесно да се стигне на врвот, отколку да се остане таму и вели дека тоа и е мотивација да ја одбрани титулата во Берлин. 25-годишната Влашиќ беше шампион во Осака, а имаше и серија од 34 победи едноподруго пред да освои сребро во Пекинг. "Знам дека сум подготвена. Направив се да бидам во топ-форма. Поразот во Пекинг беше огромен и затоа знам дека морам да се вратам", вели Влашиќ. Дуелот со Германката Ариане Фридрих ќе биде еден од најдобрите во Берлин, откако токму Фридрих и го "одзеде" џекпотот од Златната Лига минатата сезона совладувајќи ја во Брисел минатиот септември. Покрај тоа Фридрих ја совлада Влашиќ на олимпискиот стадион во Берлин во јуни со национален рекорд од 2.06 метри.

Околу 350 примероци на крв беа земени од атлетичарите на Светското Првенство во Берлин, а дополнителни 100 примероци ќе бидат тестирани на човечки хормон за раст. Официјалните лица објавија дека примероците се земени пред и по стартот на првенството, а покрај тоа има направено и 140 тестови на урината. Според програмот на ИААФ ќе бидат изведени околу 1.000 тестови, од кои 600 тестови на крвта.

Кубанецот Дајрон Роблес вели дека е инспириран од рекордот на Усаин Болт да постави нов светски рекорд во својата дисциплина 110 метри со пречки. Актуелниот олимписки шампион е фаворит за прво злато за Куба во дисциплината од СП, откако Аниер Гарсија ибеше сребрен во 1999 и 2001. "Болт е феномен. Кога ќе го видам на патеката добивам инспирација да одам до мојот максимум и да одан на светски рекорд", вели 22-годишниот Роблес, кој е роден во Гвантанамо. Тој го постави светскиот рекорд од 12.87 секунди во Острава минатата година.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.