IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Крштевање на мали деца?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Крштевање на мали деца?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
Автор
Порака
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Крштевање на мали деца?
    Испратена: 11.Август.2009 во 11:45
Vo edna od temite se pojavi tezata deka decata ne treba da se krstevaat bidejki toa ne bilo bibliski potkrepeno.I ispaga deka toa go izmislile pravoslavnite i toa vo ponovo vreme.
No ajde da go vidime dali e toa taka.
Baptistickata teza za krstevanjeto e deka ustvari toa ne e uslov za spasenieto tuku obratno-spasenieto e uslov za krstevanjeto.
Znaci koga Baptist se krsteva on veke e "spasen" ali sega samo da go oficializira toa.
Da se tvrdi deka krstevanjeto e osnoven uslov za spasenie znaci da se odrece osnovniot postulat na baptizmot deka covekot se spasuva samo so vera a ne so dela.
Neli edna greska vodi kon druga i se prodolzuva ponataka koga se doagja do logicki zaklucok deka krstevanjeto na deca e nasilstvo nad niv i e besmisleno.
Bidejki protestantite ne go priznavaat svetoto predanie (neli ima crna rupa od delat apsotolski do niv)zatoa ne bi naveduval za istoriskite zapisi vo koi se spomenuva za krstevanjeto na deca (tertulijan,origen,Sv.irinej ) ili pak od zitijata na svetiite kade ima dosta primeri za ova.
No da vidime sto ima za ova vo svetoto pismo.
Agrumenet e deka nigde ne pisuva deka treba da se krstevaat deca.
No ajde da gi prasam pa kade ima dokaz deka ima zabrana za krstevanje na deca?!
Znaci ako nema zabrana togash krstevanjeto ne e nikakov prekrsok.
Baptistickiot polemicar Baltazar Himbermaer (16 vek) na ovoj argument zajdlivo i sarkasticno veli abe nema zabrana za krstevanje na magarinja i kucinja pa ne znaci li toa deka moze i oni da se krstevaat.
Ne e poznato sto mu odgovorile negovite sovremenici no pravoslanite bi mozela da go prasaat dali od voopsto pravi razlika megju nego i magareto?!
Hristos dojde ne zaradi zivotnite tuku radi lugjeto i zatoa taa zabrana za nivno krstevanje e i izlisna.
Decata se sposobni da primat blagodat od Svetiot Duh a zatoa ima i primer vo svetoto pismo, kaj prorokot Jeremija 1,5(Pred da te oblikuvam vo utrobata,Jas te poznav,i pred da izlezesh od utrobata te postaviv za prorok na narodite) kako i za sveti jovan krstitel vo Luka 1.15 (zasto toj ke bide golem pred Gospoda i nema da pie vino ni siker ,a ke se ispolni so Duh Sveti uste vo utrobata na majka si).
Poslem ke kazat pa decata nemaat grev zatoa i nema potreba da se krstevaat.Togas pravoslavnite bi rekla a shto e so prarioditelskiot grev?!
No baptistite de fakto ne go priznavaat praroditelskiot grev pa taka spored тоа ako nepostoi praroditelskiot grev vo nashata priroda togash koja e smislata na iskupuvanjeto?!
Po kojznae koj pat, od site eresi od ranata crkva do den denes edna greska vodi kon druga greska i poslem se prai kasхa popara i se i ide vo nepovrat i poslem pravoslavnite se krivi za se.
p.s
imam nesto problem so fontot,izvinete za latinicata

Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 12:19
        Бебекрштевање е учење и пракса на повеќе цркви како што се: католичката, православната, методистичката, англиканската, назаретската и уште неколку други слични цркви. Додека скоро сите останати деноминации, во главно библиските цркви, не го подржуваат ова учење.
 
        Библискиот став е дека бебињата не треба и не можат да бидат крстени, туку откако ќе пораснат, откако ќе се запознаат со христијанската вера т.е. со евангелието, откако ќе се покајат, поверуваат во Христос, дури тогаш можат да донесат самостојна одлука да бидат крстени.
 
        Има повеќе аргументи што го подржуваат овој став, но јас ќе се сконцентрирам само на предусловите што му предходат на крштевањето и со тоа би сакал да покажам дека едно бебе не е можно да ги исполнува тие предуслови, за да биде библиски правилно крстено.


Предуслови за крштавање

 
1. Примање на Словото на Евангелието

Откако Петар на првиот Духовден ја одржа неговата евангелска проповед, оние кои ја прифатија таа порака, се крстија.

"И така се крстија оние кои го прифатија неговото слово." (Дела 2:41)
Значи стихот не вели се крстија сите, туку само оние кои го прифателие неговото слово т.е. словото на евангелието.

2. Вера

"Етиопјанецот рече: Еве вода! Што ме спречува да се крстам? А Филип рече: Ако вервуаш од се срце, можеш." (Дела 8:36-37)

Кој предуслов го забележувате тука? Филип е многу јасен и недвосмислен тука, вели: Ако веруваш од се срце, можеш?
Прашање: Дале едно бебенце може од се срце да верува во Христос? Дали бебето знае Kој е Христос за да може да верува во Него? Дали едно бебенце воопшто знае колку букви содржи зборот "Христос"?
"Ако веруваш од се срце, можеш."
Ова е условна реченица која го кажува условот, дали некој се квалификува да биде крстен или не. Негацијата на овој услов би била:
Ако не веруваш од се срце, не можеш."

Исус рече: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен. " (Марко 16:16)
Запазете го редоследот во горната Христова изјава. Исус не вели: "Кој се крсти и поверува, ќе биде спасен." Туку вели: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен".
Значи, од овие стихови, а и од подоле наведените, јасно е дека на крштевањето му предходи вера, и тоа искрена вера во Исус Христос.

3. Покајание

"Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос... " (Дела 2:38)

Покајанието е исто така важен предуслов за крштевањето. Тоа не е ритуал. Тоа е лична одлука со која ние се каеме за нашите гревови, бараме прошка од Бог за истите и донесуваме одлука за промена, промена од внатре, која ќе резултира со промена и однадвор, во нашите дела, од кои ќе се види дека нашето покајание било искрено.

Прашање: Дали едно бебенце може да се покае? Дали бебенцето е свесно дека е грешно или дека направило грев за да се покае? Дури и најинтелигентните бебиња вие не можете да ги научите да се извинат до 3-4 годинки, а камо ли да се покајат за своите гревови на 40 дена од нивното раѓање.

Заклучок: Од цитатите погоре видовме дека на библиското крштевање му предходат три предуслови: Слушање на словото на евангелието, покајание и вера, три работи кои едно бебе не може да ги исполни. И затоа заклучуваме дека секој обид да се крсти некое бебе, не е библиско крштевање, туку само едно вонредно невообичаено бањање.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 12:46
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


Da se tvrdi deka krstevanjeto e osnoven uslov za spasenie znaci da se odrece osnovniot postulat na baptizmot deka covekot se spasuva samo so vera a ne so dela.
 
Крштевањето не е основен услов за спасение. Тоа не го тврдат ни баптистите, ни евангелистите, ни конгрешаните, ни другите евангелско-протестантски деноминации, ни христијаните, ни Светото Писмо. Сите христијани кои се придржуваат до Светото Писмо велат дека ВЕРАТА во Исус Христос е основен услов за спасение, а крштевањето е само завет и идентификација со Исус Христос.
Престани да клеветиш ahmar1. Прво информирај се, а потоа пишувај.
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

No da vidime sto ima za ova vo svetoto pismo.
Agrumenet e deka nigde ne pisuva deka treba da se krstevaat deca.
No ajde da gi prasam pa kade ima dokaz deka ima zabrana za krstevanje na deca?!
 
Точно така, во Светото Писмо никаде не пишува дека треба да се крштеваат бебиња. Не само што не пишува дека треба, туку од околу 20 примери на крштевања во Светото Писмо, ниту едно од нив не се однесува на бебе, туку сите се возрасни луѓе кои биле крстени на основа на својата лична одлука, покајание и вера.
Ако одиме со премисата дека можеме да правиме се што не е забрането во Светото Писмо, тогаш ајде да се дрогираме, бидејќи и тоа не е дирекно забрането. Но ако велите дека е индирекно забрането да се дрогираме, тогаш прифатете дека индирекно (преку предусловите за крштевањето кои ги наведов погоре) е забрането крштевање на бебиња.
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


Poslem ke kazat pa decata nemaat grev zatoa i nema potreba da se krstevaat.Togas pravoslavnite bi rekla a shto e so prarioditelskiot grev?!
 

Точно е дека бебето наследува грешна и несовршена природа од своите родители (прародителски грев!), но не и осудата за тој грев. Имено, се додека бебето не почне да разликува добро од зло, додека не проработи совеста во него и додека не му се открие Божјиот Закон (барем некој дел од него) детето не е под осуда на гревот. Гревот е присутен во бебето, но е мртов и како таков нема сила да го осуди бебето за во пеколот. Заклучок: Доколку бебето инцидентно почине, тоа оди дирекно во Божјите раце. големо%20гушкање

Еве библиски докази кои го потврдуваат наведеното тврдење:

"Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност. " (Езекиел 18:20)
"Имено, гревот беше во светот уште пред Законот, но гревот не се засметува кога нема Закон. " (Римјаните 5:13)
"И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживе, а јас умрев." (Римјаните 7:9)
Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев. (Јован 15:22)
 
Од овие стихови гледаме дека бебињата наследуваат ткн. "мртов грев" од своите родители. Го нарекувам мртов во смисла на осудата, затоа што истиот не може да ги осуди доколку инцидентно починат. Бебињата ќе паднат под осуда за гревот дури откако ќе пораснат и ќе направат свои лични гревови за кои ќе бидат свесни дека згрешиле. Дури потоа ќе има основа за лично покајание, обраќање и вера во Исус Христос која ќе ги спаси од гревовите. А дури потоа следи крштевањето како јавна идентификација со Христос.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 12:55
    После ова објаснување на Evangelos секој нормален човек не треба да се двоуми дали воопшто треба или не треба да се крштеваат бебињата.
    Сакам да надополнам дека и во крштевањето на бебињата има некои ритуални (пагански) елементи кадешто попот бара од кумот да плука по сатаната па да го згазне истото, па попот дува трипати во бебето, му отсекува од косата итн.
    Практично за време на крштевањето кумот ја има главната роља, тој се одрекува од сатаната, тој трипати кажува дека верува во Христос итн.Во тој случај излегува дека кумот се крсти, а не бебето.

Изменето од izvoren - 11.Август.2009 во 13:05
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 13:35
Eheh sveshtenikot duva vo bebeto, mozhebi neshto sluchajno si videl...
Ustvari mozhebi imash pravo, zatoa sega sum nastinat jas od promaja.голема%20насмевка
Vie velite taka za nasheto krshtevanje, a pak shto jas da kazham za vasheto lazhno iscelenie?среќа
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 14:24
DDarko, drzhi se za temata...     
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 14:25
Братко Еванглеосе,ептен доста работи си пишал,ќе се обидам да бидам што пократок и поконцизен(заради јасност и поголема прегледност).

Од Делата Апостолски селективно цитираш,еве ги стиховите кои се пред стихот 41:

мислам тука настихот 38:
А Петар им рече: “Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за на проштавањето на вашите гревови, и ќе го примите дарот на Светиот Дух.
39. Зашто, ова ветување е за вас,за вашите деца и за сите далечни, колку што Господ, нашиот Бог, ќе ги повика кај Себе си.”
Значи и после овој стих децата според тебе не се повикани од Христос?!

Oва ти беше јако: "крштевањето е само завет и идентификација со Исус Христос."

Ај пак да се вратaм на стихот 38 од Делата Апстолски кога Петар им зборува на јудејците, од каде логично произлегува дека покајанието без крштевањето не дава плод-простување на гревот. За каква сега идентификација ти збориш?!

Ако нели сега треба да сме буквалисти зошто претходно не го спомнеш стихот 15 од Евангелието по Марко:
Па им рече: "Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание."
Вели да се проповеда на секое создание, а секое создание е и тревата, дрвата и врапчето и магарето. Но според тебе и твоја вера, децата не спаѓаат во тоа во никој случај изгледа!

Ај сега за примерите за крштевање во Светото Писмо.

Дела18:8 А Крисп, началник на синагогата, поверува во Господ заедно со целиот свој дом; и мнозина Коринтјани, слушајќи го Павле, поверуваа и беа крстени.

Дела 16:33 Во истиот час таа ноќ тој ги прими дома и им ги изми раните. Потоа веднаш беше крстен тој самиот и сите негови домашни.
34 Тогаш ги одведе горе во својата куќа, постави трпеза и се зарадува со целиот свој дом, зашто поверува во Бога.

Дела Ап.16:15 А кога беше крстена таа ,и нејзините домашни не замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!” И не принуди.

Зарем немало ниедно дете во тие домови?!

Но и ова сакам да го истакнам,нели светиот апостол Павле вели :
1 Коринтјаните 12:13 Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело - било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и сите сме со еден Дух напоени.

И во Галатјаните: 3:27 сите, што сте крстени во Христос, во Христос се облековте.

Значи прво вели дека крстените примаат Дух Свети(зарем бебињата не се достојни за тоа?)
Второ,вели дека во едно тело се крстени,а телото е Црквата(зерем децата не смеаат да бидат дел од црквата?)
Трето, тој што се крстил во Христа во Христа се облекол(па кој се па баптистите да забрануваат децата во Христа да се облекуваат?)

И за на крај(да не бидам предолг)те молам објасни ми ги овие стихови:

Марко10:38 Но Тој им рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крштавањето, со кое се крштавам Јас?”
10:39 Тие одговорија: „Можеме.” А Исус им рече: „Чашата, што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите;

Се поставува прашањето -зарем апстолите не биле крстени претходно? за какво крштевање се збори тука?
се надевам нема многу тешко да ти биде да одговориш.
фати се сега за новиот завет и учи.


Изменето од ahmar1 - 11.Август.2009 во 15:12
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 14:39
Originally posted by izvoren izvoren напиша:

Практично за време на крштевањето кумот ја има главната роља, тој се одрекува од сатаната, тој трипати кажува дека верува во Христос итн.Во тој случај излегува дека кумот се крсти, а не бебето.


Изворен,дали има примери во евангелието кога Христос лекувал болни,па дури и воскреснувал мртви поради верата на други луѓе,главно роднини и пријатели?
мало потцетување..Слугата во капернаум оздраве поради верата на својот господар(Матеј 8.5-11),па ќерката на хананејката поради верат на својата мајка(Матеј15.22-28),ќерката на Јаир поради молбата на нејзините родители(Матеј9.18-25)и болното момче поради верата на таткото(која и не била голема на почетокот)Марко 9.17-27.Зашто тоа би било поразлично од кумот и бебете кои се крштева.


Изменето од ahmar1 - 11.Август.2009 во 14:40
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 15:14
Мислам дека веќе има отворено ваква тема, па би им сугерирал на модераторите таму да ги префрлат овие постови. Доста имав пишувано на оваа тема и не би сакал да се повторувам и овде.
Вера, надеж, љубов
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 15:17
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Originally posted by izvoren izvoren напиша:

Практично за време на крштевањето кумот ја има главната роља, тој се одрекува од сатаната, тој трипати кажува дека верува во Христос итн.Во тој случај излегува дека кумот се крсти, а не бебето.


Изворен,дали има примери во евангелието кога Христос лекувал болни,па дури и воскреснувал мртви поради верата на други луѓе,главно роднини и пријатели?
мало потцетување..Слугата во капернаум оздраве поради верата на својот господар(Матеј 8.5-11),па ќерката на хананејката поради верат на својата мајка(Матеј15.22-28),ќерката на Јаир поради молбата на нејзините родители(Матеј9.18-25)и болното момче поради верата на таткото(која и не била голема на почетокот)Марко 9.17-27.Зашто тоа би било поразлично од кумот и бебете кои се крштева.



     Сето ова што си го навел нема никаква врска со бебекрштевањето.Застапничка молитва постоела и постои во христијанството.

    Крштевањето е јавно индивидуално исповедање на верата во Исус Христос и покајание.Така да одбраната на бебекрштевањето ти е хаотична и неоснована.

   
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 15:24
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

А Петар им рече: “Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за на проштавањето на вашите гревови, и ќе го примите дарот на Светиот Дух.
39. Зашто, ова ветување е за вас, за вашите деца и за сите далечни, колку што Господ, нашиот Бог, ќе ги повика кај Себе си.”
Значи и послем овој стих децата според тебе не се повикани од Христос?!
 
Ветувањето не се однесува на крштевањето, туку на придобивките за оние кои што ќе се покајат и ќе се крстат, а тоа се: простување на гревовите и примање на дар од Светиот Дух. Ветувањето е дадено за сите, но не е дадено насила, туку ќе го примат само оние што ќе се покајат и ќе се крстат, а бебето може да се покае само откако ќе стане свесно за гревот, во спротивно тоа би било лажно/лицемерно покајание.
Понатаму, во фразата "ова ветување е за вас, вашите деца и за сите далечни..." делот "вашите деца" не се однесува на бебињата на тогашните слушатели, туку се однесува на нивните потомци (значи нивните возрасни деца, па потоа нивните возрасни внуци итн), во спротивно ќе заклучиме дека внуците на тогашните слушатели немаат дел во ова ветување. Но ние знаеме дека тоа ветување е за сите луѓе, па оттаму следува дека фразата "за вашите деца" динамично преведена значи "за вашите потомци".
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

15 Па им рече: "Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание."
вели да се проповеда на секое создание а секое создание е и тревата, дрвата и врапчето и магарето.Но според тебе и твоја вера, децата не спаѓаат во тоа во никој случај изгледа!
 
Не знаев дека православните ги крштеваат и тревата, дрвата, врапчињата и магарињата газење%20од%20смеење Не ме ни чуди, затоа што ако вие ги крстите децата кои не можат да го слушнат проповедањето на евангелието, тогаш зошто да не го крстите и магарето кое исто така не може да го слушне проповедањето на евангелието.
 
Заборави да го напишеш и продолжението на горниот стих, кој продолжува: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен." Редоследот е јасен! (хаха дури и се римува голема%20насмевка). Стихот не вели: "Кој се крсти и поверува", туку "Кој поверува и се крсти!".
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Ај сега за примерите за крштевање во Светото Писмо.
-Дела18:8 А Крисп, началник на синагогата, поверува во Господ заедно со целиот свој дом; и мнозина Коринтјани, слушајќи го Павле, поверуваа и беа крстени.
-Дела 16:33 Во истиот час таа ноќ тој ги прими дома и им ги изми раните. Потоа веднаш беше крстен тој самиот и сите негови домашни.
34 Тогаш ги одведе горе во својата куќа, постави трпеза и се зарадува со целиот свој дом, зашто поверува во Бога.
-Дела Ап.: 16:15 А кога беше крстена таа ,и нејзините домашни не замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!” И не принуди.

Зарем немало ниедно дете во тие домови?!
 
А од каде знаеш дка имало мало дете во тие домови? Зарем не е ова вадење догма од молк? Зарем не е ова зборување во името на Светото Писмо онаму каде што тоа молчи?
 
ahmar1, одговори ми, дали може едно бебе сексуално да силува еден маж?
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


(зарем бебињата не се достојни за тоа?)
(зерем децата не смеаат да бидат дел од црквата?)
 
Не станува тука збор дали тие се достојни и дали смеат да бидат дел од црквата, туку дали се спремни согласно предусловите за крштевањето да бидат правилно и библиски крстени.
Зарем муслиманките бебиња не се достојни да бидат дел од црквата? Зарем тие не смеат да бидат дел од неа? Зарем не се и тие Божји созданија?
Или пак, тоа што Хитлер и Сталин ги "крштевале" како бебиња дали тоа ги удостоило да го примат Светиот Дух и да бидат дел од црквата?
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


Трето, тој што се крстил во Христа во Христа се облекол(па кој се па баптистите да забрануваат децата во Христа да се облекуваат?)
 
Не знам за баптистите, нека се произнесат на ова прашање, но и јас би сакал да ти одговорам на ова прашање.
Не станува збор дека христијаните им забрануваат на децата да се крштеваат. Тие радо би ги облекле во Христос и пред тие да бидат родени доколку е тоа можно. Но факт е дека тоа не е можно. Да се "облечеш во Христос" значи СВЕСНО да се идентификуваш со Него, со Неговата смрт, погребување и воскресение. Да се облечеш во Христос значи да станеш Христолик, да го одразуваш Неговото учење, Неговиот карактер - нешта кои не се својствени за едно бебе кои ниту може да го знае Христовото учење, ниту знае кој е Христос, туку се што знае е да ја џвака цуцлата кога му се пие млеко голема%20насмевка
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 15:28
Одлична анализа ЕвАнгелос!
Вера, надеж, љубов
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 15:30
Originally posted by izvoren izvoren напиша:


     Сето ова што си го навел нема никаква врска со бебекрштевањето.Застапничка молитва постоела и постои во христијанството. 
 
Точно така. Ние можеме да се молиме и за некој муслиман и Бог, преку нашата вера, да го исцели, но тоа не значи дека преку нашта вера тој може сосила да се крштева или пак да добие опростување на гревовите и вечен живот.
Христијанството не е државна или национална религија како што тоа сака да го претстави МПЦ, туку тоа е ЛИЧНА ВЕРА. Секој лично ќе си одговара на судниот ден и тука нема да помогнат никакви врски, никакви кумови, чичковци, братучеди, директори и сл. Кај Бог нема фаќање врски, нема протекции, нема непотизам!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 15:44
А ако погледнеме дека сите Христијани ги крштеваат своите деца уште како бебиња, само неколки илјадници Протестанти, отстапиле од таа света дејност.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.