IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Септемвриско Востание
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Септемвриско Востание

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Септемвриско Востание
    Испратена: 16.Јули.2009 во 00:22
Септемвриското востание во Бугарија од 1923 година



Македонија и македонскиот народ во севкупната историја на човештвото се препознатливи по неколку основни компоненти. Тоа се вековните борби на Македонците за слобода и сопствена држава, на дело покажаниот степен на толеранција во однос на малцинските заедници, не само во текот на повеќето востанија, туку и во процесот на изградување на државноста и несебичното учество во ослободителните акции на соседните народи. Првите две карактеристики во нашето досегашно историско опстојување се аргументирано потврдени, а за третата постојат сведоштва во архивските збирки што се однесуваат на настаните на Балканот во текот на 19 и првата половина на 20 век.

ПОЛОЖБАТА

И покрај се, по ослободувањето на нашите соседи и по создавањето на нивните национални држави, Македонија ја доживеја најтрагичната судбина. Со Балканските и Првата светска војна беше поделена. Бидејќи дотогашните природни и стопански врски со другите делови на Македонија беа пресечени со една вештачка граница, македонскиот народ од овој дел на Македонија беше принуден својата животна егзистенција и стопанска активност, со мали исклучоци, да ја побара и преорентира исклучиво во земјоделство и сточарство. Тоа придонесе овој дел на Македонија да остане отсечен и заостанат во секој поглед. Посебен проблем настанал со доселувањето на македонското население пребегнато од Егејска Македонија. Во Пиринскиот дел на Македонија по завршувањето на Првата светска војна се доселија повеќе од 4.500 бегалски семејства, бројка што претставува 16,7 отсто од целокупното население. Овој факт ја отежнуваше уште повеќе положбата околу распределбата на земјата, а особено тешко за решавање беше станбеното прашање. Згора на сето тоа, бугарската официјална власт во својата државно-административна поделба, овој дел на Македонија се уште го водеше како нова земја и кон него се однесуваше како кон колонија од која само се бараше, а во неа ништо не се вложуваше. Таму не беа градени фабрики, училишта, болници, патишта и железници, ниту пак друг вид стопански објекти.

Македонскиот народ во новите историски услови, совен за слобода, требаше да се бори и за обединување на татковината. Во тие напори, поддршка и помош бараше од прегоресивните движења на земјите што ја поделија Македонија, Србија, Бугарија и Грција. Тоа особено дојде до израз во периодот меѓу двете светски војни. Најевидентно во тој однос е учеството на Македонците од Пиринскиот дел и на македонската емиграција, речиси во сите случувања во Бугарија.

Една од првите такви македонски организации беше и онаа под името Привремено преставништво на Обединета внатрешна македонска револуционерна организација во чии редови по завршувањето на Првата светска војна влегоа најистакнатите раководители на некогашната ВМРО на Гоце Делчев, како: Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Петар Поп Арсов, Туше Делииванов, Ризо Ризов и други. На иста борбена линија беа и раководителите на Серскиот револуционерен округ и следбеници на Јане Сандански, кои беа поборници за македонската самостојност. Особена активност Привременото претставништво разви во времето кога во Париз се прекројуваше картата на Европа. Тие испратија и свој претставник и апел до конференцијата во кој се бара национално самоопределување на македонскиот народ.

Наспроти тоа, ВМРО на Тодор Александров и Алексадар Протуѓеров, која беше на линијата за присоединување на Македонија кон Бугарија, се повеќе ја губеше поддршката од македонското население. Во владата на Александар Стамоблиски, главно имаше позитивен став спрема македонското прашање. Лично тој имаше позитивен однос кон прогресивните револуционерни и национално-ослободителни организации на македонскиот народ.

Но, наспроти ваквиот став на претставниците на бугарската влада, официјалните органи на власта во Пиринска Македонија се однесуваа како кон колонија, во која со нивна помош се разви корупцијата, црната берза, шверцот и експлоатацијата до највисок степен, што придонесе да се нема доверба во таквата власт.

Од друга страна, бугарската крупна буржоазија, која неуморно материјално и морално ги поткрепуваше најреакциските партии и организации, таквата состојба ја користеа преку организацијата на Тодор Александров, а во меѓувреме готвеше и државен удар.

СЕПТЕМВРИСКОТО ВОСТАНИЕ

По воведувањето на воено-фашистичката диктатура во Бугарија, ЦК на Бугарската комунистичка партија (БКП) ги согледа своите погрешни ставови, а пак по острата критика на која беа подложени од страна на коминтерната, БКП зазеде нов став и к*рс кон оружено востание за извојување на работничко-селанска власт во Бугарија. Влегува во преговори со ВМРО на Тодор Александров и постигнуваат договор со заеднички отстапки, за оружената акција во однос на Пиринскиот дел на Македонија.

Познавајќи го добро расположението на македонскиот народ во овој дел, Окружниот комитет реши да го испрати Методи Алексиев во Софија и таму го испрати Методи Алексиев во Софија и таму со помош на воено-техничкиот центар при ЦК на БКП да се изработи дефинитивен план за востанието. Овој план предвидуваше тоа да не се крева во целиот округ, туку само во Разлошко, а партиската организација во Горна Џумаја да испрати еден одред на помош на востаниците во Дупница. Што се однесува на Петричка, Мелничка и Невркопска околија, да извршат подготовки, но да не се креваат на востание.

На 23 септември 1923 година одредот кој имаше околу 200 востаници се упати кон Дупница. Но, по веста дека таму нема никаква востаничка акција се повлече кон Разлог. Востаничките дејства во овој округ во почетокот имаа успех. По кратка борба касарната во Разлог беше заземена без жртви.

Власта на востаниците се прошири и на гратчето Банско и на околните села: Белица, Добриништа, Бачева, Елешница, Годлево, Горно Драглиште, Дебарско и Долно Драглиште. Меѓутоа, ваквата состојба траеше мошне кратко. Согледувајќи ја безизлезната состојба во која се најде, раководството на востанието донесе одлука да се преговара со оружените сили на ВМРО на Тодор Александров.

Судбината на востаниците од Разлошко не ја споделија и учесниците во востанието од Горноџумајскиот одред. Поголемиот дел од нив, неговите водачи, а псоебно раководителите на Окружниот комитет на БКП во Горна Џумаја, беа масакрирани. Иван Илиев беше убиен истиот ден на 23 септември пред очите на неговата сопруга. Коста Сандев, раководител на воениот одред беше ѕверски убиен на 26 септември 1923 година. Тодор Чопов, внукот на Гоце Делчев, кој беше испратен на преговори со ВМРО на Александров, го убија на 27 септември истата година. Димитар Ацев и Никола Лисичев беа обесени во Горна Џумаја на деветти октомври. Методи Алексиев беше еден од среќните, кој по 23 септември се најде во четите на Алеко Василев. Меѓутоа, веќе наполно фашизираната ВМРО не го заборави неговото учество во Септемвриското востание, и по една година, на деветти октомври 1924 година го погуби.

Учеството на псевдоавтономистичката органзиација на ВМРО на Тодор Александров во превратот на деветти јуни, а подоцна и во задушувањето на Септемвриското востание, дефинитивно ја разоткри нејзината предавничка улога на оваа организација пред очите на широките народни слоеви во Пиринскиот дел на Македонија и сред македонската емиграција во Бугарија. Падна маската од лицето на оваа организација. Прокламираниот принцип за водење борба за самоопределување на македонскиот народ, за своја самостојна државна единица, наводно врз принципите на старата Македонска револуционерна организација од времето на Гоце Делчев, по последните настани загуби секакво значење. Вака разоткриената организација на Тодор Александров, а особено по неговото убиство кога на негово место дојде Ванчо Михајлов, тој ниту можеше ниту пак сакаше да ја крие својата терористичка активност во корист на најреакционерните влади и на самиот царски двор на бугарската држава.

И оттогаш, па се до мај 1934 година, кога оваа организација беше растурена и забранета, во Пиринскиот дел од Македонија владееше отворен терор кој беше раширен низ цела Бугарија. Преку таа терористичка активност во демократскиот и прогресивен печат во странство, Бугарија беше демаскирана како земја во која тероризмот е легализиран и за држава без никаков правен поредок.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2009 во 10:42
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Во владата на Александар Стамоблиски, главно имаше позитивен став спрема македонското прашање. Лично тој имаше позитивен однос кон прогресивните револуционерни и национално-ослободителни организации на македонскиот народ.





Само тоа кога се прочита станува јасно каков е авторот и колкава е неговата обективност.

Значи Стамболијски имал позитивен став?

Стамболијски: "ние не щем Македония - нека Ви е халал. Само ако може, вземете и македонците и направете от тях мирни и почтени граждани ...".

За тие зборови му фркна главата на Стамболијски
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2009 во 10:52
Зошто тогаш не потишал автономија ако не неэависност - или само декларативните иэјави се важни
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2009 во 11:02
Ти си напишал дека Стамболијски имал позитивен став по македонското прашање, јас не знам што му е позитивно да рече на Србите правете во Македонија што сакате, мене не ме интересира Македонија.

Значи во Септемвриското востание бугарските комунисти се бореле за независна Македонија, а Тодор Александров не им дозволувал и им ја спречувал борбата?

А дали знаеш зошто е убиен Чопов?
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2009 во 11:24
Поделеноста на Македонците во тоа време е поэната случка,Александров направил договор со Стамболиски што подоцна се одраэил и на животот на едниот и другиот.

Стамболиски се обраќа до Србите и мисли дека эборува со Срби а не со Македонци,погрешно го сваќаш цитатот.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2009 во 20:20
Јас цитатот многу добро го разбирам, само незнам зошто ги пускаш тие комунистички измислици-премислици.

Зошто Александров со ВМРО учествувало во 9јунскиот преврат против Стамболијски и владата на БЗНС?

Зошто Александров со ВМРО се приклучил кон владата на Цанков против комунистичките востаници?


До вчера зборуваше дека Александров кренал некакво Ќустендилско востание против Стамболијски, па сега Александров го правиш од лошите, а Стамболијски имал позитивен став спрема македонското прашање?

Нешто не те разбирам.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2009 во 22:05
Александров не учествувал во никакво Априлско востание - тој едноставно дограбил прилика да му се одмаэди на Бугарскиот цар эаэемајки и соэдавајки слободни Македонски територии - комунистите и националистите биле сосема раэлични табори и се гледале како политички непријатели но фактот не се мењава дека и Александров и другите дигнале Македонско востание во Бугарија кое Бугарите го присвојуваат како свое востание против себе - смешки
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2009 во 09:50


Ако зборуваш за Септемвриското востание, знај дека Александров учествувал, ама против комунистите, зошто тие не удржале на договореноста да не го креват востанието во Пиринска Македонија.

Следното е од тебе (види погоре)

Учеството на псевдоавтономистичката органзиација на ВМРО на Тодор Александров во превратот на деветти јуни, а подоцна и во задушувањето на Септемвриското востание, дефинитивно ја разоткри нејзината предавничка улога на оваа организација пред очите на широките народни слоеви во Пиринскиот дел на Македонија и сред македонската емиграција во Бугарија. Падна маската од лицето на оваа организација. Прокламираниот принцип за водење борба за самоопределување на македонскиот народ, за своја самостојна државна единица, наводно врз принципите на старата Македонска револуционерна организација од времето на Гоце Делчев, по последните настани загуби секакво значење. Вака разоткриената организација на Тодор Александров, а особено по неговото убиство кога на негово место дојде Ванчо Михајлов, тој ниту можеше ниту пак сакаше да ја крие својата терористичка активност во корист на најреакционерните влади и на самиот царски двор на бугарската држава.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2009 во 14:34
Знам дека во Септемвриското учествувал против комунистите но кажав дека во Априлското не учествувал со Бугарите туку ја искористил ситуацијата да крене Македонски глас во одмазда против Бугарскиот цар кој не го испочитувал договорот за Автономна Македонијанамигнување
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 21:44
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Знам дека во Септемвриското учествувал против комунистите но кажав дека во Априлското не учествувал со Бугарите

Aприлското востание е во 1876, а Александров е роден во 1881. Дури и да сакал, не би можел да учествува.

Друго Априлско востание не знам. Ти ако знаеш, кажи кога е.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 22:57
За Пиринското востание мислев - энаеш убаво
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2009 во 09:52
Za vreme na Septemvriskoto vostanie na BKP vo Bugarija vo 1923 g megu pogolemiot broj ubieni komunisti makedonci bil i vnukot na Goce Declev od sestra Todor Copov,makedonski deec od levicata i clen na BKP vostanieto trebalo da se krene vednas po 9-to junskiot prevrat,megutoa po golemite sporovi i diskusii na krajot pod vlijanie na Kominternata bilo isplanirano vostanieto da se krene vo septemvri.Ova vostanie imalo podrska i od makedonskiot narod vo pirinskiot del na Makedonija pred se kaj clenovite simpatizeri na BKP.

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2009 во 10:07
Na 31 avgust 1924 god kaj seloto Lopovo na Pirin planina e ubien vodacot na VMRO Todor Aleksandrov.Ubistvoto se slucilo vo vreme na obidite sto toj gi prevzemal za organiziranje na kongres na Serskiot revolucioneren okrug na VMRO i naporite sto se prevzemale vo pravec na sreduvanje na sostojbite vo istata po potpisuvanje na Majskiot Manifest vo 1924 god.Zazemanjeto na noviot k*rs po odnos na borbata za resavanje na makedonskoto prasanje i potoa otkazuvanje od potpisite na Aleksandrov i Protogerov sozdale preduslovi za toa povele faktori da se zainteresiraat za otstranuvanje na Aleksandrov od liderskata pozicija vo VMRO...Misterija e  koj e naracatelot na ubistvoto na Todor Aleksandrov no sepak se posocuvaat dva centri koi bi mozele da bidat moznite "intelektualni' ubijci na Aleksandrov:Komunistickata partija zaedno so BKP i drugite levoorijentirani partii,dvizenja i strui vo Bugarija i voeno politicki faktori bliski do bugarskata vlada...Spomnati se i dva nacini na koi e ubien Aleksandrov,i toa po dogovor na nekoi luge koi sto toj gi mislel deka se negovi..

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2009 во 14:52
Originally posted by MyWay MyWay напиша:

Za vreme na Septemvriskoto vostanie na BKP vo Bugarija vo 1923 g megu pogolemiot broj ubieni komunisti makedonci bil i vnukot na Goce Declev od sestra Todor Copov,makedonski deec od levicata i clen na BKP vostanieto trebalo da se krene vednas po 9-to junskiot prevrat,megutoa po golemite sporovi i diskusii na krajot pod vlijanie na Kominternata bilo isplanirano vostanieto da se krene vo septemvri.Ova vostanie imalo podrska i od makedonskiot narod vo pirinskiot del na Makedonija pred se kaj clenovite simpatizeri na BKP.


Сите фактори од Горноџумајско во лицето на Ар. Манасиев, М. Монев, В. Мечкуевски, Ан. Коларов и други, точно изполнуваат наредбите на Т. Александров и Ал. Василев. И двајцата се за “беспоштадност” кон вооружените востаници, кои не се предаваат по дадените им пораки. Нема спор меѓу Т. Александров, Ал. Василев и Ш. Влахов односно вината према ВМРО на бившиот градски раководител Тодор Андонов Чопов /внук на Гоце Делчев/, кој е убиен заради престапување на клетвата и неправомерното предавање на оружје на ВМРО на горноџумајскиот востанички отред.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.