IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Базен-екстравагантен дел од вашиот дом
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Базен-екстравагантен дел од вашиот дом

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 18>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 22:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 22:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 22:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 22:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 22:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2013 во 11:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2013 во 11:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2013 во 13:44
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 10:35

prikrien-bazen-01

Овие иновативни базени со подвижен под- систем, се трансформираат за 2 минути. Сопствениците можат да ја прилагодат длабочината на базенот по свој избор.

Кога не ги користите базените тие комплетно „исчезнуваат“ и можете слободно да си го користите просторот.

Еве како изгледа овој механизам:

prikrien-bazen-1

prikrien-bazen-2

prikrien-bazen-3

prikrien-bazen-4

prikrien-bazen-5

prikrien-bazen-6

prikrien-bazen-7

prikrien-bazen-8

prikrien-bazen-9

prikrien-bazen-10

prikrien-bazen-11

prikrien-bazen-12



Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 10:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:26
Базени: вовед



Базен во сопствениот двор претставува вистинско освежување во врелите летни денови. Неговата изведба најчесто побарува значителни финансиски средства, но со негово вградување истотака значително се подига вредноста на недвижноста, а куќата и нејзиното опкружување добиваат полуксузен и поатрактивен изглед.








Изборот на базен пред сè треба да зависи од просторот кој стои на располагање во дворот, како и од саканиот дизајн и облик, а секако и од финансиските средства кои стојат на располагање. Треба да се обрне внимание на постоечкиот стил на уредување на куќата и околината, без разлика дали станува збор за модерен, рустикален или некој друг стил. Квалитетната изведба и дополнителни содржини, како на пр. хидромасажни млазници уште повеќе го надополнуваат чувството при престојот во базенот.






Изведбата на базенот најдобро е да се довери на фирма која е специјализирана за оваа намена. Проектот на базенот, вклучувајќи ги и сите потребни инсталации, треба да биде направен стручно за да се овозможи негово правилно функционирање.






Обликот на базенот, големината и длабочината го дефинираат и начинот и можностите за негова употреба. Базенот може да биде рекреациски, детски, а може да биде и наменет за пливање. Заоблените базени, како што се кружните, елипсовидните или со облик на бубрег најсоодветни се доколку станува збор за рекреативни или детски базени, додека оние со правоаголни облици и со поголеми длабочини препорачливи се за базените за пливање.






Освен самото вградување на базенот, потребно е создавање атрактивен амбиент во околината, кој може да се постигне со засадување дрва, различни растенија, како и поставување лежалки и чадори за сонце. При изборот на материјал за поплочување секако определете се материјал на кој не се лизга за да ја спречите можноста за повреда на влажна подлога. Осветлувањето на базенот и на просторот наоколу истотака е важно за создавање на атрактивен амбиент. Играта на светлината, водата и одблесокот на обложената керамика сугурно ќе допринесе во ова. Капењето, одморањето во лежалка, дружењето со партнерот или со пријателите ќе биде поквалитетно со соодветни светлосни ефекти, па затоа посебно внимание треба да се обрне токму на осветлувањето на базенот.






Без оглед на големината и обликот на избраниот базен, уживањето во неговите благодети е загарантирано. Со придржување кон упатствата за употреба на базенот кои се добиваат при вградувањето на базенот, сите активности кои се наметнуваат при одржувањето на базенот и неговата околина ќе бидат едноставни и занемарливи во споредба со уживањето во аква-катчето во дворот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:27
Инвестиција, димензии и форма на семеен базен





Ред на инвестиција

При донесување на одлука за изградба на базен најдобро е да се консултира професионалец од оваа област, но добро е и да се знаат некои основни податоци од оваа област .

Пред сè треба да се знае дека желбите и реалните можности кои се очекуваат при изградба на базен можат многу често да бидат усогласени доколку се направат одредени компромиси. За да се направи ова треба да се познаваат одредени елементи при донесување на одлуката. Еден од најважните моменти е ред на големина на инвестицијата.

Базенот може да биде изведен на повеќе различни начини, а исто така може да биде и различно опремен, со што големината на инвестицијата може да се движи во многу широк дијапазон. Изборот на големината на инвестираните средства при изградба на базен може да се спореди со избор при купување автомобил - базенот може да биде на ниво на “Југо”, но може и да биде на ниво на “Мерцедес”. Важно е да се напомене дека со правилно планирање може да се овозможи фазна надоградба така да со тек на време "Југото" се претвори во “Мерцедес“.

Истотака, кога веќе се прави споредба со купувањето на автомобил, треба да се напомене дека базенот, како и автомобилот бара одредени финанскиски средства за негово одржување. Овие издатоци со правилно планирање може да бидат предвидени со релативно голема точност.





Димензии на базенот

При одредување на димензиите на базенот треба да се земат во предвид намерите на идните корисници, како и просторот кој е на располагање. Базенот кој би служел исклучиво за капење и брчкање во вода ќе ги задоволи потребите и со должина од
4 - 5m и 1,2m длабочина. Меѓутоа, оние кои сакаат и да пливаат во својот семеен базен не би требало да размислуваат за базен пократок од 6,5m. Исто така при изборот на димензијата на базенот треба да се обрне внимание да не се наруши складот меѓу куќата и останатиот дел од дворот.

Во меѓународната литература за семејни базени најпопуларни се базените со димензии 8 x 4 x 1,5m. Базенот со должина 8 m пружа добри можности за пливање. Ширина од 4 метра нуди складност на обликот, но и можност две лица да пливаат во исто време, а длабочината од 1,5m нуди безбедност за скокови на глава, што многу често спаѓа во желбите на корисниците. Често многумина имаат погрешна проценка за потребната длабочина на базенот, сметајќи дека длабочината треба да изнесува 2m (најмногу поради длабочината на спортските базени). Длабочината од 1,5m нуди голема безбедност при скокање во вода со широк лак. Од друга страна, за скоковите во вода од трамбулина потребно е базенот да има длабочина од најмалку 3m. Исто така, семејните базени, не служат исклучиво за пливање, па така длабочината од 1,5m нуди можност да се застане на дното на базенот. Во прилог на ова зборува и фактот дека скоро сите производители на монтажни и готови базени имаат стандардни длабочини од 1,2 или 1,5m. Зголемувањето на длабочината доведува до поскапување на базенот поради зголемување на градежните активности, а исто така и до зголемување на финансиски средства кои треба да бидат издвоени за одржување. Компромисно решение кога станува збор за изборот на длабочината е базен со променива длабочина, со што на едната страна ќе биде подлабок, а на другата поплиток.

Дилема при изборот на длабочината на базенот често се јавува поради децата. Во врска со ова треба да се имаат во предвид два факти: првиот, дека децата брзо растат и вториот, дека децата во подлабока вода, но во семејно опкружување, кое носи чувство на сигурност, многу брзо учат да пливаат. Од овие причини не се препорачува градење на базен поплиток од 1,2 m.

За крај треба да се истакне дека со зголемување на димензиите на базенот, трошоците несразмерно растат, како по однос на трошоците за изградба, така и во однос на трошоците на одржување. За базени преку 12 m веќе се поставува прашање за исплатливост на инвестицијата.


Форма на базенот

Самата појава на градење на семејни базени претставува одраз на зголемување на културата на живеењето. Како што градењето на станбените објекти нема само за цел да се задоволи потребата на човекот да се има “покрив над главата“, туку треба да се задоволат и одредени естетски критериуми, така и базените со својата форма треба да внесат склад во целината која ја прави со дворот и куќата, без притоа да се загуби функционалноста. Правоаголните базени со широчина приближно еднаква на половина должина нудат нудат релативно складна форма и доколку ја имаат потребната должина, ги задоволуваат условите за пливање и нудат наједноставно техничко решение. Притоа правоаголните базени можат да бидат класични – со четири прави агли, или со заоблени краеви од едната или од двете страни. Секое отстапување од правоаголната форма бара внимателно проектирање и претставува покомплициран потфат за изведување, како и поголема инвестиција.




До неодамна единствено армирано бетонските базени нудеа можност за неправилчни облици. Во поново време, прилагодувајќи се на трендовите кои се присутни на пазарот, се поголем е број на производители на готови и монтажни базени кои нудат широка палета на форми на базените.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:27
Готови базени од пластични маси



Овој тип на базени најчесто се излиени во еден дел и немаат самоносивост, па затоа се вградуваат.




Процесот на вградување започнува со ископување на работна јама чија големина зависи од големината на базенот, пo што се излива долната плоча која е од армиран бетон, за да во неа понатаму се вгради сливник. На плочата задолжително се нанесува слој на цементен малтер без камчиња, бидејќи оптоварувањето во една точка може да ја оштети базенската конструкција. Налегнувањето на базенот на основната плоча треба да се изведе прецизно (рачно или машински) и внимателно за да не се предизвикаат оштетувања на базенот.

После приклучувањето на сливникот и останатите елементи за циркулација, базенот полека се полни со вода со истовремено бетонирање помеѓу базенот и откопот. Нивото на вода треба да биде 15-30 cm над нивото на бетонот, а дебелината на бетонот во зависност од конструктивниот тип изнесува од 15-30 cm, со или без арматура. Бетонирањето не смее да се изведува со миксер бетон и со пумпа, туку треба да се изведува полека и тоа со посув бетон.

Основни предности на овој конструктивен тип на базен се :

• брза градба,

• оплатата не е потребна,

• самата базенска конструкција обезбедува водонепропусност.


Како и сите конструктивни типови, така и овој има свои недостатоци:

• Поради тоа што базените се излиени во еден дел, потребно е обезбедување на специјални транспортни услови и дозволи;

• Иако вградувањето е релативно едноставно, сепак бара стручна работа бидејќи во спротивно може да дојде до трајни оштетувања;

• Векот на траење на пластичните маси изнесува од 10-15 години после што треба да се иврши обновување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:28
Одржување на базени



Упатство за одржување на водата во базенот

За да се постигне и да се одржува кристално чиста вода во базенот непходно е водата постојано механички да се филтрира и хемиски да се кондиционира.

При првото полнење на базенот со вода од бунар неопходно е да се направи шок хлор третман со цел за филтрирање на железото и останатите нечистотии. Во зависност од степенот на нечистотии во водата и капацитетот на песочниот уред за филтрација потребно е да се испира филтерот. Кај оние базени кои имаат хартиена влошка во филтерот, истата потребна е повеќе пати да се исчисти и да се остави на сонце за да се исуши. Само со зедничка употреба на уредот за филтрирање и средствата за кондиционирање водата во базенот може да биде секогаш кристално чиста и хигиенски исправна.

Квалитетот на водата може да се контролира преку едноставниот DpD тестер или со ортолидински тестер. Од резултатите од тестерот ќе зависи со кои средства треба да се третира водата. Треба да се знае дека во случај базенот интензивно да се користи или во врелите летни денови потребата за третирање со хемикалии е поголема, за да водата биде чиста и хигиенски исправна. Температурата на водата во базените за пливање се смета дека е 25оC. При големи горештини, кога температурата на водата може да достигне и до 30оC, па и повеќе, хлорот многу брзо испарува и е потребно зголемено дозирање, со постојана контрола на неговото ниво. Поради ова се препорачува поголемо дозирање со цел испарувањето да биде многу помало.

Во текот на ноќта сите суспендирани честички ќе се наталожат на дното на ПВЦ лајнерот, па така за нивно вшмукување најпогодни се утринските часови. Доколку циркулацијата на водата преку уредот за филтрација е добро подесена, најголемиот дел од наталожените материи ќе бидат сконцентрирани во средината на базенот, што ќе го олесни нивното вшмукување.


Хемиско кондиционирање на водата во базенот

Добро е да се знаат неколку основни поими поврзани со водата во базенот и нејзиното кондиционирање:

• Шок хлор третман е повеќекратно додавање на количество на хлор. Се применува при првото третирање на водата со цел да се наталожат нечистотиите од водата или кога има случај кондиционирањето да е запуштено, па водата почнала да се расипува.

• Активен резидуален хлор е слободна содржина на хлорот кој преостанал во водата после врзувањето на хлорот со органските материи во водата. Тој има исклучително дефинфекционо дејство, а неговите вредности се изразуваат во mg/l или во ppm (милионити делови). Во базените за пливање треба да се употребуваат исклучиво органски препарати на хлор бидејќи немаат надразнувачко дејство на кожата и слузокожата, а од друга страна пак се и најекономични.

• Алгите се растителни водени организми. Доколку им се допушти непречено размножување, водата добива зелена или смеѓа обоеност, а површините во допир со водата стануваат лизгави и слузави.

• Алгацид е средство кое е наменето за спречување на размножувањето на алгите.


Средства кои најчесто се употребуваат за кондиционирање на водата

• Хлорен гранулат кој е брзотопечко средство со бактерицидно и бактеростатско дејство, кое го успорува растењето и размножувањето на алгите. Се употребува за шок третман при првото полнење на базенот или кога водата во базенот почнува да се расипува. Се дозира растопен, директно во водата.

• Бактерицидни и алгацидни таблети кои покрај хлорот и алгацидите содржат и флокулант (средство против млечно заматување), а се дозираат преку пловен дозатор или преку полуавтоматски дозатор.

• Средство за спречување на растење и развој на алги кое се дозира директно во вода. Средството е во течна агрегатна состојба, а се дозира директно во водата.

• Течност за презимување која се става во водата во базенот преку зима, а го спречува размножувањето на алгите во текот на зимата и таложење на водениот каменец со што значително ќе биде олеснето чистењето на базенот на пролет.

• Средство за контрола и намалување на pH вредноста на водата, кое се употребува задолжително после обилни дождови за контрола и намалување на pH вредноста на водата, а се дозира директно во водата. pH вредноста на водата треба да биде во пропишаните границите, особено во затворени базени каде се вградени дехумидатори (кои ја одземаат влагата во воздухот) и каде кондиционирањето на водата се врши со уред кој работи на принцип на ослободување на јони на сребро и бакар.


Опрема за кондиционирање на водата во базените

Пловен дозатор, наменет за бактерицидни и алгацидни таблети, кој плови по површината на водата.

Полуавтоматски и автоматски дозатор за хемикалии, служи за дозирање на сите потребни средства за кондиционирање на водата и обезбедува изедначено ниво на хемикалиите во базенот.

Nature2, уред кој работи на принцип на саморегулирачко ослободување на слободни јони на сребро и бакар од керамичка влошка. Една влошка е доволна за една сезона, а потребата за примена на хлорот се намалува за 90%.

УВ-опрема за одржување на водата во базените – како што е познато, УВ-зраците со определена бранова должина имаат бактерицидно, алгицидно, вирулицидно и фунгицидно дејство. Токму тој ефект е употребен кај оваа опрема. Потребата за хлор се намалува за 90%. Животниот век на цевката е 7000 – 8000 часа.

Опрема за одржување на квалитетот на солената вода, каде што уредот од растворот на NaCl постојано ослободува активен хлор. Алгициди не треба да се додаваат, но треба да се контролира саканата неутрална pH вредност. Опремата за базен кој се полни со солена вода во просек е за 30% поскапа поради фактот дека солената вода е многу поагресивна и со тек на време ги нагризува инсталациите.


Средства за чистење на базенот

• Средство против каменец и ‘рѓа

• Средство за одмастување

• Средство за отстранување на линии од водата

• Средство за чистење на ПВЦ лајнерот


Мрежички за базен

• Површинска мрежичка (алуминиумска или пластична)

• Длабинска мрежичка (алуминиумска или пластична)



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2014 во 08:17

10 приватни базени кои го одземаат здивот

Можеби моменталните температури не го најавуваат летото, но денес одлучивме да ве стоплиме и разладиме во едно, кога веќе во зимата немаме шанса да уживаме.

10-privatni-bazeni-koi-go-odzemaat-zdivot-01

За ова контрастно уживање ги одбравме 10те најубави приватни базени кои за момент ќе ве натераат да си фантазирате како би било кога би ги имале во дворот...

1. Базенот во облик на виолина е единствен од овој тип, изработен по детално барање на купувачот. Изгледа како верна реплика на вистинска виолина со гудало, а во самите жици се вградени LED светилки кои додатно го разубавуваат погледот.

10-privatni-bazeni-koi-go-odzemaat-zdivot-02


2.
Внатрешниот базен изграден во средината на спа комплекс важи за еден од најскапите и најлуксузни во светот. Опкружен со сауна и тропски тушеви, задоволството е уште поголемо. Но, доколку ентериерот ви се допадне за бал или веселба, тогаш базенот се покрива со тврда плоча, која за момент го претвора во подиум.

10-privatni-bazeni-koi-go-odzemaat-zdivot-03


3.
Најскапиот американски базен се градел речиси половина година, а цената на изработка достигнала висина од милион долари. Освен водопадот и фонтаната, составен дел од овој воден проект е и тобоганот висок 5 метри и џакузи кое собира 15 личности.

10-privatni-bazeni-koi-go-odzemaat-zdivot-04


4.
Бесконечниот базен со раскошен поглед на крајбрежјето на Cape Town го одзема здивот. Во тоа помагаат и околните висечки базени кои создаваат чувство дека сте во средината на океанот, а сте на својата тераса. Одличен спој на естетика, елеганција и луксуз!

10-privatni-bazeni-koi-go-odzemaat-zdivot-05


5.
Базенот кој се наоѓа на кровот на некогашното училиште, сега приватен дом, дефинитивно нуди еден од најнеобичните погледи на околината. Бесконечното небо од трите страни, а замокот од едната страна се одличен контраст на бои и стилови кои совршено го надополнува уживањето.

10-privatni-bazeni-koi-go-odzemaat-zdivot-06


6.
Станот за една личност со должина од 8 метри успеа да вметне и прекрасен базен. Базенот со провиден под се наоѓа на кровот, а светлината од него се прекршува низ целиот стан.

10-privatni-bazeni-koi-go-odzemaat-zdivot-07


7.
Базенот во облик на L буквата е еден од ретките кој одлично се спојува со природата. Прекрасното зеленило со кое е опкружен и провидните рамки на базенот создаваат визуелна бесконечност и ја претвораат оваа куќа во уметничко дело.

10-privatni-bazeni-koi-go-odzemaat-zdivot-08


8.
Базенот кој се наоѓа буквално во домот, поточно во дневната соба е најхрабриот потег некогаш направен во уредувањето на ентериерот. Но, воедно е и најмагичниот поглед кога ќе седнете на фотелјата.

10-privatni-bazeni-koi-go-odzemaat-zdivot-09


9.
Мини водениот парк кој и припаѓа на Селин Дион се најде на 9то место заради тоа што е еден од ретките приватни водени паркови. Освен со базени, Селин Дион располага со водени трамбулини, куќичка на дрво, 2 тобогани и огромен кошаркарски и тениски терен.

10-privatni-bazeni-koi-go-odzemaat-zdivot-10


10.
Топлиот, рустикален и навидум природен базен ќе ве воодушеви. Признајте, и вие би ги спакувале куферите и би отпатувале во оваа богата, природна идила.

10-privatni-bazeni-koi-go-odzemaat-zdivot-11



Изменето од Valerija - 23.Јануари.2014 во 08:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.