IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Матични клетки од папочна врвца
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Матични клетки од папочна врвца

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
webmaster Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај webmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Матични клетки од папочна врвца
    Испратена: 09.Јули.2009 во 10:02
Медицината има големи очекувања од матичните клетки. Заради тоа, во моментов се одвиваат огромен број истражувања со различните типови на матични клетки и нивните терапевтски можности.
Прочитај повеќе за матични клетки од папочна врвца.
Кон врв
webmaster Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај webmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2009 во 17:45
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2009 во 00:33
Многу добра тема.Познавам две мајки кои платија огромна сума пари ама ќе им се исплати.Откако се породија од плацентата им земаа од крвта(во крси за трансфузија)
Љубов и само љубов
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2010 во 17:50

МАТИЧНИ КЛЕТКИ: ОСНОВА НА ЖИВОТОТ


Човековото тело се состои од повеќе од 200 зрели типови на клетки: секој од нив има точно одредена и специјализирана функција. Независно од тоа дали станува збор за клетка на срцев мускул која работи ритмички или црвени крвни зрнца кои носат кислород до секој дел од човечкото тело, сите специјализирани клетки имаат своја одредена функција. Матичните клетки се разликуваат од нашите зрели специјализирани клетки: тие имаат неверојатна способност не само да се размножуваат, но и да создаваат нови ткива преку делба и развој до функционални клетки. На овој начин се создаваат сите функционални клетки во телото. Откривањето на матичните клетки беше едно од најголемите достигнувања на модерната медицина.

Со оваа способност, матичните клетки играат важна улога во развојот на човечкиот организам по оплодувањето. Но, овие клетки не исчезнуваат целосно кога организмот комплетно ќе се развие. Некои остануваат во организмот како "резерва" и се од голема важност во обновувањето на оштетени или постари ткива. Нивната способност да произведуваат различни типови на специјализирани клетки ги прави толку единствени и погодни за медицински третмани.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2010 во 17:56

МАТИЧНИ КЛЕТКИ ОД ПАПОЧНА ВРВЦА


Матичните клетки од папочна врвца се "неонатални матични клетки" и се сметаат за помлади клетки во однос на "возрасните матични клетки." Тие се понезрели (помалку диференцирани) во однос на матичните клетки кои се наоѓаат во коскената срж или органите на деца или возрасни. И покрај тоа што поголемиот број матични клетки се хематопоетски матични клетки, крвта од папочната врвца исто така содржи рани мезенхимални и други незрели клетки во слични количини.
Матичните клетки од папочна врвца имаат поголема способност за продукција на разни човечки ткива во однос на возрасните матични клетки. Ова откритие сега се применува во развивање на третмани за сериозни заболувања кај човекот. Тоа е причината што ние во Cryo-Save сме толку возбудени за употребата на матичните клетки од папочна врвца во терапевтски цели.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2010 во 17:58

ЕДИНСТВЕНА ШАНСА ВО ТЕКОТ НА ЖИВОТОТ

Матичните клетки од папочна врвца се колектираат во моментот кога се прекинува папочната врвца меѓу мајката и новороденото. Колекцијата е едноставна процедура која трае неколку минути и е целосно безопасна и за мајката и за детето. Процедурата воопшто не влијае на природниот тек на породувањето и наспроти колекцијата на возрасни (адултни) матични клетки, нема потреба од инвазивни процедури.
После раѓањето, со растот и развојот на организмот, матичните клетки почнуваат да се менуваат.
Од тие причини, раѓањето е единствена можност за добивање на овие уникатни клетки. Криопрезервацијата овозможува нивно зачувување за идна употреба.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2010 во 05:10
Mатични клетки- помош за изгореници

„Чудесните“ матични клетки им помагаат на жртвите на изгореници да прогледаат

Десетици луѓе, чии очи биле сериозно оштетени, како последица на хемиски изгореници, успеале да си го вратат видот со помош на трансплантација на сопствени матични клетки.

Научниците велат дека техниката успеала да им го врати нормалниот вид на речиси 100 пациенти. Тие изјавија дека еден пациент за прв пат по повеќе од 60 години повторно јасно прогледал.


„Беа неверојатно среќни. Некои од нив дури изјавија дека тоа е чудо“ изјави предводникот на студијата Грациела Пелегрини, од Универзитетскиот центар за регенеративна медицина во Модена. „Не беше чудо. Се работи за медицинска процедура.“

Фотографиите пред и потоа, ја покажуваат успешноста на процедурата.




Трансплантатите на матични клетки нудат надеж за илјадниците луѓе ширум светот кои страдаат од хемиски изгореници на рожницата, како последица на несреќи при употреба на опасни хемиски супстанци на работно место или дома.

Во студијата истражувачите употребија мал број на матични клетки земени од здравото око на пациентот, ги размножија во лабораториски услови и трансплантираа во повреденото око, каде тие успеаја да ја возобноват оштетената рожница.

Бидејќи матичните клетки потекнуваат од самиот пациент, немаше потреба од примена на лекови против отфрлање на трансплантатот.

Во моментов, на пациентите со оштетувања на рожницата може да им се пресади вештачка рожница, процедура која со себе носи ризик од инфекции и глауком, или пак може да им се пресадат матични клетки од кадавер (мртов човек), но тоа подразбира примање на лекови за да се спречи реакцијата на отфрлање.

Италијанската студија вклучи 106 пациенти, лекувани во периодот меѓу 1998 и 2007 год. Повеќето имаа обемни оштетувања на едното око, а некои имаа толку намален вид, што единствено можеа да разликуваат светло од темно, да бројат прсти или забележат движења на рацете. Многумина биле слепи со години и им биле вршени неуспешни операции за враќање на видот.   

Матичните клетки беа земени од рабовите на рожницата, провидниот слој кој го препокрива обоениот дел на окото. Кај здраво око, матичните клетки во работ на рожницата се како „мали фабрики“ кои постојано создаваат нови клетки, кои ги заменуваат изумрените клетки на рожницата. Кога матичните клетки ќе бидат оштетени како резултат на некаква повреда, врз рожницата се формира лузна, која го замаглува видот и предизвикува слепило.

Во студијата, објавена во Медицинскиот журнал на Нова Англија, докторите го отстранија ткивото на лузната над рожницата и дефектот го препокрија со лабораториски размножените матични клетки.

Пациентите беа следени во просечен период од три години, некои дури и една деценија. Повеќе од три четвртини од нив си го вратија видот по трансплантацијата. Кај дополнителни 13 проценти се постигна делумен успех. Иако видот им се подобри, преостана делумно замаглување на рожницата.

Пациентите со површни оштетувања јасно гледаа веќе по еден до два месеци. За оние со посериозни оштетувања беа потребни повеќе месеци.

Овој начин на лекување не може да им помогне на оние со оштетувања на оптичкиот нерв или макуларна дегенерација (на точката на најјасен вид), која ја засега мрежницата на окото. Исто така не може да им помогне на оние, кај кои постои целосно слепило на двете очи, бидејќи на докторите им е потребно барем дел од здравото ткиво за трансплантација.

Адултните (возрасните) матични клетки, кои можат да се најдат во различни делови од телото, се разликуваат од ембрионалните, кои се добиваат по пат на уништување на човечки ембриони и заради тоа се предмет на бројни етички дилеми .

Др Софи Денг, експерт за рожница од Универзитетот за очни болести „Џулс Стајн“ при УКЛА, рече дека најголемата придобивка се состои во тоа што италијанските доктори успеале да ги размножат матичните клетки во лабораторија. Оваа техника е помалку инвазивна отколку да се земе голем дел од ткиво од окото и истовремено го намалува ризикот од оштетување на окото.

„Трикот е во тоа да најдете соодветна популација на матични клетки и истите лабораториски да ги размножите“-изјави таа.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2010 во 05:12
Вистини и митови



Чувањето на матични клетки едноставно не вреди



Согласно денешните сознанија, медицинските експерти веруваат дека има голема веројатност детето да ги употреби сопствените матични клетки од папочна врвца подоцна во тек на животот. Станува збор за веројатност од најмалку 1/400 со растечка тенденција.



Папочна врвца не може да се чува подолго време

Матичните клетки од папочна врвца кои се правилно подготвени за зачувување може дури да го надминат и нашиот животен век. Досегашните истражувања покажуваат дека криопрезервираните клетки теоретски имаат неограничен век на траење. Ова значи дека тие би можело да бидат чувани длабоко замрзнати се додека ни требаат. Cryo-Save е целосно посветен на истражувања за криопрезервацијата.



Папочната врвца може единствено да се употребува за деца

Секако дека и возрасните исто така може да бидат третирани со матични клетки од папочната врвца и всушност во моментов тие претставуваат најголем број од сите третирани пациенти. Понекогаш достапната количина не е доволна и докторите користат и дополнителна количина матични клетки од други извори. Што се однесува до регенеративната медицина, количината на матични клетки е помалку важна. Дури и мала количина може да биде доволна да го активира процесот на регенерација на ткивото.



Доколку матичните клетки од папочната врвца се донирани на јавна банка, истите ќе бидат вратени на Вашето дете во случај на потреба

Само 30-50% од сите донации се чуваат во јавна банка, останатите се фрлаат. Во тој контекст, нема никаква гаранција дека Вашата донација воопшто ќе биде зачувана. Дури и да не биде уништена, нема гаранција дека истата нема да биде дадена на некој друг пациент до моментот кога на Вашето дете ќе му биде потребна. Приватното чување е единствен начин да бидете сигурни.



Не е потребна крв од папочна врвца за да се добијат матични клетки. На крај, во случај на потреба секој може да прими коскена срж





Би било добро да е толку едноставно. Вистина е дека коскената срж содржи матични клетки. Сепак, тие стареат како и самото тело, со што потенцијално ја губат нивната виталност и употребливост, а постои и можност да бидат нападнати од истите болести како и останатите делови на телото (пр. тип 2 дијабет). Спротивно на тоа, матичните клетки од папочна врвца се млади, посвежи, релативно незасегнати од болести и со самото тоа се пофлексибилни. Папочната врвца содржи поширока лепеза на типови матични клетки во споредба со коскената срж.



Матични клетки може да земеме и подоцна од млечно запче

Многу е дискутабилно дали млечниот заб е соодветен извор на матични клетки. Пред се, станува збор за мала количина на клетки, кои можат да се добијат од млечниот заб. Тие матични клетки се диферецирани до одреден степен, што значи дека немаат моќ да се развијат во голем број различни специјализирани клетки, како матичните клетки од папочната врвца. Освен тоа, тие веќе биле изложени на фактори од надворешната средина, па постои можност од инфекции и заболувања. На крај, останува прашањето, за нивната потенцијална примена. Дури и кога би се решило прашањето околу количината, сепак тие би можеле да се искористат само за ограничен број на болести. Оттука следи заклучок, дека матичните клетки од млечен заб не се соодветна замена за матичните клетки од папочна врвца.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
molivce Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај molivce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 11:28
мило ми е што има ваква тема и на овој форум бидејки ми изгледа како нај независен. по сите останати само фаворизираат една банка, таа што си платила за веб страната но никако да се дојде до суштината. молам некоја мајка која зачувала крв од папочна врвца на своето бебе да сподели мислење со мене за искуството. јас сум во поодмината бременост и би сакала да зачувам матични клетки но сеуште се немаме одлучено со сопругот дали да го сториме тоа и за која банка да се одлучиме. уште полошо не знам точно кои се банки имаат свои претставништва во македонија и како да ги најдеме.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 12:16
До сега родителите матичните клетки ги носеа во Словенија,Бугарија,Грција или Велика Британија,но заради времетраењето на транспортот ,виталноста на клетките се намалува на 30--40% ,доколку се замрзнат после 24 или 48 часа.
Банката за матични клетки во Св.Лазар- болница за акушерство и гинекологија нуди можност за родителите за 1750 евра да ги депонираат матичните клетки,а со тоа да се избегне транспорт и евентуална загуба  на виталноста на клетките.
Една од најголемите банки во Европа Crio-Save,започна програма за бесплатно зачувување на матични клетки  во нашава земја,но  оваа услуга е бесплатна само за семејства каде во првото колено постои сериозно заболување.


Изменето од renatax - 01.Септември.2010 во 16:36
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Pannet Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)
Истражувач

Регистриран: 05.Август.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 48
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pannet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 14:32
Моливче, ова со матичните клетки е многу нова работа и никој не е толку компетентен, особено еве јас како лаик да ти солам памет каде да зачуваш матични клетки.

Ние зачувавме во Био-Стем заради можноста за плаќање на рати (поинаку не можевме да си дозволиме). 1400 еур на 8 рати за крв од папочна врвца. Тука и доста наши пријатели зачуваа.

Св.Лазар беше нова тогаш, башка дека и бугарска, се нешто на превара ме асоцираше, ама сега не верувам дека е така. Гледам дека се сериозна клиника.
Кон врв
molivce Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај molivce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 09:35
Decki vi blagodaram za informaciite. Samo nekako mnogu skapo mi izgleda . A za Sv. Lazar me interesira dali mora tamu da se porodam za da gi zacuvaat maticnite kletki ili moze i vo druga bolnica. Ako mora tamu da se poragam nemame shansi da zacuvame maticni kletki zatoa shto poragajot 2000 + 1750 toa ke mu dojde grubo receno. 3750 eur. Dali bi mozelo na primer vo klinika da se porodam a maticnite kletki da se zacuvaat vo sv.lazar?

Изменето од molivce - 27.Август.2010 во 09:36
Кон врв
molivce Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај molivce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 14:28
eve doznav koi firmi nudat posrednishtvo za cuvanje na maticni kletki vo banki Bimek, Genoma, Helth Med itn. Otprilika cenite se isti gore dole no vo Genoma nudat cuvanje na 10 godini i toa za sega mi izgleda najprivlecno.1250eur. Da vidime kako ke se odvivaat rabotite vo idnina so naukata pa ponataka ke go prodolzime dogovorot ako treba. Uste ne sme se odlucile, ke vidime kako ke bide.
Кон врв
molivce Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај molivce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 12:04
Definitivno se odlucivme za Genoma, t.e. Krio Institut. Potpisavme i sega cekame :)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,320 секунди.