IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Флуор - Тивок убиец
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Флуор - Тивок убиец

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
mmomirovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Септември.2008
Локација: Tuvalu
Статус: Офлајн
Поени: 1219
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mmomirovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Флуор - Тивок убиец
    Испратена: 17.Јуни.2009 во 22:18
Вчера во шпиц на страниците каде што пишуваше "Здравје" прочитав една статија за флуорот и колку тој е добар. Колку во определени количини ни ги штити забите(се согласувам се додека се користи во форма на паста на заби, иако и за ова сум против, но фактот дека кариесеот е ништо друго туку бактерија која лачи киселина која ја исшушта, а таа киселина ги нагризива непца и забите и ги расипуваат) и се кога видов, кого цитираат Д-р Царчев, да не испадне нешто немам ништо против споменатиот стоматолог и неговите високо стручни квалификации, но се прашувам, кај е тука токсиколог, да каже колку е убав флурот кога се прима орално во вид на вода, таблети, флуорирано млеко. Да биде уште поголема трагедијата истото се дава додека жената е бремена, се прашувам зошто не се инвестира да се окрие антибиотиок или нешто слично кое ќе го уништи кариесот(бидејќи е бактерија), или слично средство кое ќе штити. Нормално одговорот е Профит. Да се навратам на штетните дејствие на долготрајното користење на флуорот. Уште Сталин и Хитлер откриле дека ако се стави определена доза на флуор во водата затворениците биле помирни, склоста кон насилство, кон бегство била значително намалена. После втората светска војна во америка, кога компаниите кои произведувале алуминиум немале каде да го исфрлат флуорот, бидејќи бил толку токсичен што не можело ни во земја да се, бидејќи целата ја разградувал. Досетливте Американци рекле дај ќе го фрлиме во вода. И така до денес под изговор дека е добар за хигиената на забите започнало да се флуорира водата. Каде што денеска повеќе од 60% од водата е флуорирана. Подоцна кога одеднаш во Америка настанал експлозија на разни болести, од рак, леукемија, ментална ретардација, мултиплекс склероза, поврзан е со намалување на коефицентот на интелегеција кај луѓето и до 15 I.Q. Значи ако некој што би имал коефициент на интелегенција да речеме 80 или 90 па и повеќе, ќе остане ментално ретардиран кое понатами остава длабоки последици во семејството, и ред други работи. Поврзан е со многу, многу болести, но нормално ќе ти речат дека ти не се доволно информиран и тоа нема врска, не постојот доволни докази за тоа. Доволно е да изгулаш малце, и ќе видиш дека студиите што се правени, на здравјето на љуѓето во општини каде што се флуора и нефлуорира водата ќе се види дека во општините каде што се флуорира водата, најразлични болести се во поголем степен зафатени од општините во кои водата не се флуорира, а степенот на кариес кај луѓето горе доле ист процент. Што ме загрижи уште повеќе во статијата, добиените податоци од флуорирањето на водата и како тоа добро влијае врз намалувањето на кариесот ќе излезе во весникот на СЗО. Заклучок. Бидејќи има огромен отпор во Европа за флуорирањето на водата, пак се ние заморчињата врз кои ќе се вршат експерименти за да се "докаже колку флуорињето на водата е добра", со други зборови, податоците ќе бидат наместини од старт, во тоа сум сигурен. Претпоставувам не се задовлни што не трујат со aspartаme или емулгатор Е951 во "Кока-кола", која нели ја доби наградата за најдбора кока-кола произведена во светот, па изгледа ќе треба допилентелен напор да направиме самите во труењето. Се надевам Д-р Царцев и Премиерот Никола Груевски, кој во една прилика ја најави флуоризацијата, која како пилот проект ако не се лажам започната е во Битола, кој нели веруваат во Господ и дека ова масовно труење ќе го спречат. Лично не верувам, дека некој од нив ќе излезе и прозбори, бидејќи секогаш има една вистина, другата е лага. Ако мислевте дека сега во Македонија има експолизија од карциноми, чекајте да видите што ќе биде.... http://www.fluoridealert.org/, добра страна ако некој повеќе го интересира...
Кон врв
IQ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Darling

Регистриран: 11.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12382
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IQ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2009 во 22:53
znam deka fluorot vo pastite za zabi e steten pred se za nervniot sistem ako se koristi so godini, ama sto da pravi covek, ne mozes da se setas so nemieni zabi...a vo SEKOJA pasta go ima, bidejki e dobar za zabite...
masovno ne trujat od site strani, hrana, voda, obleka, sredstva za higiena, vo se ima shtetni sostojki koi ako se koristat podolg vremenski period predizvikuvaat raznorazni bolesti, ama toa e, moderni vreminja, ne gledam alternativi za zal...

[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
Кон врв
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2009 во 11:46
Е морав овде нешто да пишам, не сакам да испадне дека пропагирам флуоризација на водата или млекото - како стоматолог лично сум против тоа, ама кај нас мора на некој начин да се започне со превентива на забните заболувања, бидејќи е жалосно во каква состојба се забите на децата, а да не зборувам за возрасните, од кои ретко некој на 30 годична возраст ги има сите заби во устата и тоа здрави... има и други начини да се постигне она што сакаат да го постигнат г-динот Царчев и премиерот, ама да се разбереме, јас немам ништо против нив, а посебно против мојот професор, кого навистина го почитувам и ценам како голем професионалец...

Како прво, кариесот сам по себе не е бактерија! Кариес е болест на забите, предизвикана од бактериите кои нормално ги има во усната празнина, и кои се нормални жители на истата - меѓутоа, сите немаат ист вид бактерии во устата, но тоа може да биде друга тема... конкретно, ФЛУОРОТ не ги убива бактериите, како што тврдите погоре, туку, флуорот помага во изградбата на забите и нивната структура - т.е ја зацврстува решеткастата структура на забната глеѓ и таа станува поотпорна на дејството на киселините што ги создаваат бактериите во устата од остатоците и наслагите од храната. Најефикасно е ако се прима во фаза на формирањето на забите - затоа и на бремените жени им се дава флуор некаде од четвртиот месец на бременоста, кога и започнува создавањето на забните зачетоци од кои ќе никнат млечните заби, и се дава на жената се додека дои... потоа се продолжува да му се дава на детето, во одредени, строго пропишани дози, се до периодот кога и последните зачетоци на трајните заби се формираат, - а оној флуор што го има во пастите за заби делува само локално, и нема ист ефект како оној што се внесува додека се формираат забните зачетоци - затоа и е глупаво и непрактично тоа со флуоризацијата. Инаку, флуорот е токсичен, тоа е точно, тука нема што да се дискутира, па затоа се применуваат точно и стриктно одредени дози. Сега, тоа е дискутабилно во последно време, дали да се дава или не, не само заради токсичноста на флуорот, туку и заради тоа што ако се претера, има спротивен ефект врз забите... нели, се што е претерано не е добро, тоа важи и за флуорот!
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 11:17
подобро е да се почне кампања против газираните сокови, блакцата, грицките,..... да се рекламираат здрави и природни сокови, и такви да се произведуваат..... да се научат сите, не само децата,... како правилно да се хранат, и да го чуваат целото свое здравје, не само на устата.....

многу поздраво за разлика од флуорот изненадување
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 12:45
Кога децата ми беа мали, ми беше препорачан флуор, но јас од голема претпазливост и страв не им давав, мислам, одев се на природно.

Сега кога ќе им се расипе некое запче се обвинувам себеси дали правилно постапив со тоа што не сум давала флуор?
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 15:47
hmmm,,, vremeto ke pokaze

ke vi kazam nesto za alkoholot- imase porano edna naucna studija koja vkease deka vlijanieto na alkohoolt ima J obrazno vlijanie- t.e deka zafdravo vo mali kolicini , a stetno vo golemi, pomalku stetno ako voopsto ne se pie. I..opp za nekjolku godini pokacuvanje naq brojot na pijanicite vo Francija za 30%..
Taka sto treba da bideme pretpazlivi vo nekoi raboti
Pozdrav
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 17:46

Флуорот

(од латински fluere, со значење да тече) е хемиски елемент со симбол F . Во својата елементарна изолирана (чиста) форма, флуорот е отровен, блед, жолто-зелен гас со хемиска формула F2. Како и другите халогени елементи, молекуларниот флуор е многу опасен; тој причинува неколку видови хемиски изгореници при контакт со кожата

Важни карактеристики

Чистиот флуор (F2) е корозивен бледожолт гас кој е моќно оксидационо средство.Тој е најреактивниот и најелектронегативниот од сите хемиски елементи, и брзо формира соединенија со повеќето други елементи.  Дури и во темни, ладни услови, флуорот реагира експлозивно со водородот. Тој е толку реактивен што стаклото, металите, па и водата, како и некои други супстанци, горат со светол пламен во проток од флуорски гас.На влажен воздух тој реагира со водата и ја формира исто така опасната флуороводородна киселина

Деновиве почнаа да го „збогатуваат“ млекото на децата со флуорирање, па да Ви преставам некои работи кои може да ве образуваат во таа насока.

Флуорот е отров кој спречува кариес, а патем ги убива луѓето. Оние кои нема да ги убие, ги прави зомби.

Секојдневно нё бомбардираат на телевизијата дека пастите за заби содржат флуор, а тој спречува појава на кариес. Зошто тие силни потплатени стручњаци не ни кажат за флуорични заби или коски, а тоа е многу, навистина многу посериозно од кариес.

Еве што најдов на интернет за ова:

Забелешка за стоматолозите“

Стоматолозите не се во незнаење кое се граничи со глупост. Ова може да изгледа така од нивните акции. Стоматолозите убиле повеќе луѓе од 1950 наваму, во однос на сите војни заедно во историјата.

Стоматолозите се опијанети и измамени од Естаблишментот. Тие се употребени како пиони да ја пљачкосаат и убијат нашата цивилизација во име на нивните поддржувачи во Естаблишментот преку скриена операција наречена Флуоридна измама.

Стоматолозите знаат од нивните студии по биохемија дека флуорот е најсмртоносниот отров познат на човештвото.“

Јас би додал дека уште, замислете си, уште употребуваат метал Жива кој е најотровниот метал и ни го вградуваат во пломбите, заедно со уште еден отровен материјал Сребро. Да не зборувам за помалку отровните, но не и штетните бакар и останати метали употребени во стоматолошката пракса.

Пред десетина години бев на една гатачка која сите ја славеа. Сакав да го видам тоа чудо, и, еден ден отидов до кај неа и ја прашав што ќе ми каже. Таа ми кажа дека еден мој роднина нагазил нешто или поминал, поминува на место каде што има некој друг фрлено жива. Јас се насмеав и ја прашав, а што е со сите други кои поминуваат на тоа место. Таа уште пошироко се насмеа и рече дека сите што поминуваат од таму ќе бидат затруени, но најмногу тој на кого му е направена магијата. Кога се насмеа во нејзината уста „прекрасно“ беа сместени неколку црни пломби. Јас уште посилно се насмеав и не можев, а да не и` кажам:

- И тебе ти направил некој црна магија ама тоа не можеш да го видиш. И тоа многу посилна од таа на мојот роднина.

- Што зборуваш глупости, момче?

- Не, бабе, не зборувам глупости. Сигурен сум во тоа.

- Сакаш да кажеш дека и ти си гатач и тоа подобар од мене?

- Не, туку сакам да кажам дека јас го гледам тоа.

- Како можеш ти да видиш нешто кога јас сум заштитена од сите магии?

- Просто, бабе, со очи. Во твојата уста има толку жива да отруе стотина луѓе или да им се направи магија. Твојот забар е поголем магичар од тебе.

 Образложението на забарите е дека таквите пломби се потрајни, подобро лежат и не паѓаат. Поголема глупост од ова не е ни флуорот и флуорирањето на водата, како и флуорните капсули во школите, и оние за трудниците.

Легално (озаконето) труење

Повеќе од половината жители на Соединетите Американски Држави пијат флуорирана вода која доведува до рак и артритис. „Ракот на крвта води до флуоридот во десетгодишното истражување од Националната Токсиколошка Програма од УС Департментот (Министерството) за Здравје и Човечки Услуги“.

Оваа сензационална вест е откриена во ексклузивниот извештај на Медицинскиот Гласник (?Medical Tribune?), на 28. Декември 1989., но постојано се занемарува/пренебрегнува (игнорира) од јавните гласила (медиумите). Исто така, Проктер и Гембл изработувачот на Крест (флуорната паста за заби) преставил студија на U.S. Public Health Service, покажувајќи дека флуорот е тестиран позитивно како предизвикувач на рак употребен и во најмала концентрација. Чарлс Елиот Перкинс истражувач хемичар пратен во Германија за да се погрижи за I.G. Farben Chemical Industries после Втората Светска војна, кажува дека доза на флуор е употребена да ги направи луѓето послушни, смирени и покорни на владата.

Тој пишува: „Од десната страна на тилот од левата страна на мозокот има мала зона на мозочно ткиво кое е одговорно за индивидуалната сила на спротивставување на доминација. Повторувајќи ги дозите на флуор со време, малку по малку ја намалува индивидуалната сила за отпор со бавно труење, опијанувајќи ја оваа зона на мозочно ткиво и правејќи го потчинет на оние кои сакаат да владеат со него. Овој план ми го кажа германски хемичар кој беше службеник (официјален) во I.G. Farben Chemical Industries и во врвот на Нацистичкото движење од тоа време. 

Извадоци од книгата „Контрола на свеста“ од Џим КИТ     

 "Consciousness control"of Jim Keith, edition J. M.

„Внимвавајте при користење на флуорот“

Треба да се забележи нешто интересно, подоцна на научниците од ЦИА, од одделот КОНТРОЛА НА СВЕСТА, употребуваат како нацистите сигурни целни групи за нивните експерименти. Тие се спроведувани на етничките малцинства, странците, душевните пациенти, затвореници, луѓето со сексуални пореметувања, зависници и неизлечиви болни. Се забележува врската на нацистите и Британската хемиска контрола на свеста.

Чарлс Елиот Перкинс е еден од најпознатите индустриски хемичари во САД. Тој е пратен од Владата на САД да помогне во преземањето на германскиот индустриски џин И.Г. Фарбен после Втората Светска војна. Во писмото кое Перкинс го напишал на 2. Октомври 1954. година до Ли донацијата за здравствена заштита и истражување во Милвоки, Висконсин, тој вели: „Идејата за флуорирањето на водата е донесена од рускиот комунист Креминов од Русија во Англија.

Во триесетите години Хитлер и германските нацисти ја гледале иднината на светот контролиран од нацистичата филозофија и Пангерманизмот ... Германските хемичари направиле план на долг период за масовна контрола, тој е предаден на Германскиот генералштаб и прифатен од нив. Овој план ја разгледува можноста за контрола на населението на сите полиња преку додавање на хемикалии во водата за пиење.. На овој начин тие може да го контролираат населението во сите подрачја, како психолошка, здравствена и контрола на раѓање (жените ги прави јалови, неплодни, стерилни) и т.н. Во овој план на масовна контрола, натриумфлуоридот зазема значајно место.

За да биде прифатена флуоризацијата, најдобро е да се посочи дека таа е за доброто на децата и нивните заби. Ако постои вистинска мамка, полесно ќе биде прифатена. Вистинската причина за флуоризацијата е да се намали отпорот кај масите против контролата и губењето на слободите...

На тилот на левата половина (хемисфера) од мозокот постои мал дел на мозокот, кој е одговорен за силата на индивидувалниот отпор за доминација. Повторувани дози на многу мали количини на флуорид после некое време го намалуваат отпорот за доминација со бавно труење и анестезирање на овој дел од мозокот. Човекот го прави подложен на контрола ...

Овој план ми го раскажа германски хемичар кој во тоа време бил соработник во хемиската индустрија и почитуван член на Нацистичката партија. Го забележав ова заради неговата сериозност и искреност на научник кој зад себе има 20 годишен период на истражување во областа на хемијата, биохемијата, психологијата и патологијата на флуоридите. Секој кој ќе пие флуорирана вода една година или повеќе, никогаш повеќе нема да биде истиот, ни ментално ни физички.

Prof. Dr. Abderhalden:

Најголемиот број на болести се резултат на неправилната работа на ензимскиот систем. Флуорот може докажано да направи штета кај 24 ензими. „

Dr. W. Oelschlaeger, Universitaet high home:

„Концентрацијата на 1,2 ппм планираната концентрација на флуор кај питката вода е многу висока. Оштеување на здравјето, особено кај децата, кај старите и кај болните, не може да биде исклучена, затоа треба да се отфрла флуоризацијата на водата за пиење.

Научни факти за Биолошките Ефекти на Флуоридот

1.Флуоридите ја попречуваат синтезата на колагенот што доведува до негово разложување во коските, тетивите, мускулите, кожата, рскавичното ткиво, белите дробови и трахејата.
            
2.Флуоридите го стимулираат создавањето на гранули и потрошувачката на кислородот во белите крвни клетки, но го спречуваат тој процес кога белата крвна клетка е изложена на дејството на некоја туѓа супстанца во крвта.
             
3.Флуоридите ги намалуваат енергетските резерви и способноста на белите крвни зрнца да ги уништуваат туѓите материи со процесот на фагоцитоза. Дури и микро-моларните количини на флуорид, под 1 ppm (1-от дел на милион делови) можат сериозно да ја спречат способноста на белите крвни зрнца да ги уништуваат патогените микро-организми.

              4.Флуоридите го збунуваат имунолошкиот одбрамбен систем и го поттикнуваат да ги напаѓа ткивата на своето сопствено тело и ја зголемуваат брзината на раст на туморите кај луѓето кои се подложни на рак.

 глупчо   ух  не%20знам    ајјјјј сеа ??? не%20зборувам



Изменето од bijonse1 - 20.Јуни.2009 во 22:10
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 22:12

 Ова не е се. Тоа е само капка во океанот наречен флуоридна измама.

Кога ќе ви кажат дека пастата за заби е добра затоа што содржи флуор и стоматолозите ја препорачуваат, помислете што си правите себе. Тоа што си правите себе, тоа ќе си го тргате, но дали имате право тоа да им го правите на сопствените деца?

Сега кога го знаеш ова немој да се преправаш дека не го знаеш................губитник

Ако не верувате во горе напишаново, проверите на интернет има многу нешта напишано за ова..............  на%20телефон

ухне%20знам   



Изменето од bijonse1 - 20.Јуни.2009 во 22:15
Кон врв
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2009 во 11:56
Бијонсе, немој да читаш и веруваш се што пишува на интернет... има многу луѓе кои пишуваат вакви сензационалистички работи, се со цел да создаваат страв меѓу луѓето, а тоа важи за се, не само за флуорот...
од сето она што го имаш пастирано горе, единствено е точно ова
Флуорот (од латински fluere, со значење да тече) е хемиски елемент со симбол F . Во својата елементарна изолирана (чиста) форма, флуорот е отровен, блед, жолто-зелен гас со хемиска формула F2. Како и другите халогени елементи, молекуларниот флуор е многу опасен; тој причинува неколку видови хемиски изгореници при контакт со кожата Важни карактеристики Чистиот флуор (F2) е корозивен бледожолт гас кој е моќно оксидационо средство.Тој е најреактивниот и најелектронегативниот од сите хемиски елементи, и брзо формира соединенија со повеќето други елементи. Дури и во темни, ладни услови, флуорот реагира експлозивно со водородот. Тој е толку реактивен што стаклото, металите, па и водата, како и некои други супстанци, горат со светол пламен во проток од флуорски гас.На влажен воздух тој реагира со водата и ја формира исто така опасната флуороводородна киселина

а за останатото - не можам да тврдам колку е точно она што го пишувале во тие книги како “Контрола на умот“ и слични...

ќе испадне дека си ја бранам струката или не знам што... како што наведов погоре, јас лично, како стоматолог, сум против флуоризацијата на водата или млекото, има и многу подобри начини да се спречи масовната појава на кариес, само треба време и трпение, особено со народ каков што е нашиов...
Она што си го напишала, дека водата за пиење содржи флуор во концентрација од 1,2 ппм не е точно... не содржи секоја вода за пиење толку флуор, туку само во одредени подрачја, а тоа секако дека има одраз врз забите и коските, а може да се спречи со избегнување на таа вода... обично водата за пиење содржи минимални концентрации на флуор, а некаде и воопшто ја нема...

а за живата во пломбите - тоа важеше за порано, кога рачно се мешаа тие пломби и рачно се одредуваа, а сега е избегнато штетното дејство со точното дозирање во капсулите кои се мешаат со помош на машина - и точно е дека се поцврсти и потрајни од белите пломби - да не мислиш дека белите пломби не се штетни? Напротив, од искуство на многу стоматолози е докажано дека можат да предизвикаат и некроза на забната пулпа, по народски кажано, одумирање на живецот. Затоа јас ќе кажам, најважна е превентивата, значи спречувањето на кариесот, а користењето на флуорот е еден од начините на кои тоа се постигнува, пред се затоа што флуорот ИМА УЛОГА ВО ИЗГРАДБАТА НА РЕШЕТКАСТАТА СТРУКТУРА НА ЗАБНАТА ГЛЕЃ, заедно со калциумот која на тој начин станува поотпорна на дејството на киселините создадени од бактериите, и затоа е најефикасен токму во бременоста, односно кај малите деца.. а флуорот во пастите има одредена улога со своето локално дејство, кое сепак не е исто како она на флуорот кој што е внесен во периодот кога се формирале забите...
а искрено, од самиот флуор кој секако е канцероген, како и впрочем повеќето хемиски елементи, штетата е многу помала отколку од на пример, пушењето, пиењето, дрогирањето и слично...

It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
mmomirovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Септември.2008
Локација: Tuvalu
Статус: Офлајн
Поени: 1219
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mmomirovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2009 во 20:24
Evenstar, значи вака, никој не рече дека флуорот е лош и нефективен но во поголема мерка, односно ако орално се прима, преку млеко, вода итн, буквално го намалува коефицентот на интелегенција(има правено истражување), мислам дека беше во Флорида, САД, откако трудот бил прифатен и објавен во некое познато списание за медицина одма ја отпуштиле, ќе се обидам да ја најдам статијата или барем нејзиното име ќе го најдам тука и ќе го пастирам тука. Исто се правени истражувања за остеосаркома мислам дека се викаше ракот на коските, како причинетел е пронајден флуорот. Потоа, намалување на густината на самите коски. Факт е дека Сталин и Хитлер ги користел за да ги смири затворениците во принудните кампови. Во Прозак, ако не се лажам еден од галвните состојки е флуорот.. На крај краева, имаш интернет изгуглај... Предизвикува стерилитет... Сепак малце по малце се прават наслаги во телото од флуор, значи тој не се промива целосно од телото, можеби краткорочно и моментално не делува лошо(освен тие што се сензитивни на флуор). На крај краева зошто не се мисли и на нив, да се предупреди, дека може некој да е пречуствителен на флуор. Сите позитивни работи ги изнакажаа, а некако негативните никако, па макар и биле минимални. Многу интересна работа е како сите што ќе кажат нешто против Нешто што е мејнстрим, по дефиниција се исмева, а ако тоа дојде од дотогаш угледен научник се обидува да се дискредитира. На крај краева скоро цела Европа не ја флуорира водата и користи слични флуоризирани работи, додека во САД каде што 70 проценти од водата е флуоризирана, па не гледам некоја голема разлика меѓу нив во пробелмите со забите. Има многу, многу работи, што не само доведуваат до сомнеж до целата работа, ќе се согласам со Бијонси, практилно до зомби го доведува човекот. А што се однесува за Марија Магдалена, мое мислење е дека немаш направено никаква грешка...

На 25 минута од видеото, поконретно за намалување на коефицентот на интелегенција кај луѓето поради конзумирање на флуорот и како била отпуштена заради тоа, кој сака може да изгугла поконкретно ќе најде инфорамации.

Fluoride Deception

Изменето од mmomirovski - 24.Јуни.2009 во 21:38
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 11:41
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=51D29FD6D7784B4D901123B17415C035

Osven preku pastite za zabi,sega decata direktno kje vnesuvaat fluor i preku mlekotoтага
Кон врв
Audiofil Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 374
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Audiofil Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 15:20
Aj malku razmislete logicki.Na kogo mu odgovara decata da imaat zdravi zabi?Samo na decata i na nikoj drug.Sto ke se sluci ako site deca imaat zdravi zabi?Nikoj nema da gi poprava na stomatolog so sto stomatolozite ke propadnat zaedno so nivnite ordinacii a nalgolemite farmacevtski kompanii koi se pod kontrola na Rotsild i ostanatite dinastii koi go kontroliraat svetot ke gubat milijardi evra bidejki nema da proizveduvaat lekovi za stomatolozite.
Кон врв
apce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Октомври.2007
Локација: Malaysia
Статус: Офлајн
Поени: 2717
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај apce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2009 во 11:25
плачењекубење%20косаплачењекубење%20коса
aj sega bidi pameten, sto da se pravi
jas potpisav za malata da prima fluorizirano mleko
citajki ovde me faka panika
плачење dali dobro postapiv плачење
apce
Кон врв
nansy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nansy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2009 во 20:07
decki eve jas koristam pasta bez fluor ...na baza na aloe...ja rasprikazuvam na site zatoa sto sum prezadovolna...no iskrejna da bidam ne prestanava da koristam kolgate...ednash vo 3 dena se mijam so kolgate....a celo ostanato vreme so ovaa Aloe Vera Bright Tootgel ...taka se vika....mi ja preporaca drugarka koja so pastava ima izleceno pocetna faza na paradentoza i nepca koi krvarat i gnojat...

ima eden mnogu dobar test koi go vidov za pastava...na casa za voda namackaa obicna pasta so fluor...edna minuta ja triea...na kraj ja izmija so voda...ostana fleka na casata...istoto go poftorija so ovaa pasta ne ostavi fleka

da se cudish

prvite znaci posle mienje se pogolem % na maznost i cistina na zabite...stvarno sozdava zastiten sloj na koj tesko se lepi hrana...smokite kako najleplivi so edno pominuvanje na jazik vrz zabite pagjaat....

ubdelivo najdobrata do sega spored mene

mozebi e malku poskapa od drugite normalni pasti so fluor...no jas ja koristam 2 meseci a ni pola ja nemam iskoristeno ...malku se stava :) ekonomicna e !!!

Изменето од nansy - 13.Декември.2009 во 20:07
малите нешта го прават животот убав !!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.