IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Велигден - Фарбање на јајца
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Велигден - Фарбање на јајца

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2009 во 13:32
Ова денес го гледам во Вест...Затоа домакинки прочитајте. Убаво е да си фарбаме јајца дома.голема%20насмевка
МАКЕДОНСКИТЕ ДОМАЌИНКИ СЕ ПОМАЛКУ ИМААТ ВРЕМЕ
Вапсани јајца за инстант - Велигден

Пред најголемиот христијански празник Велигден големите маркети се преплавени со вапсани јајца. Екипата на „Време“ при обиколка на скопските продавници забележи голема заинтересираност за нив иако цената е осумдесетина денари за пакување од шест јајца. Според православните обичаи, велигденските јајца се вапсаат раноутро, пред изгрејсонце, на Величетврток, но жените кои ги сретнавме во продавниците тврдат дека од година в година се помалку време имаат за почитување на традицијата. Според нив, со готов производ ќе заштедат време, а сепак на празничната трпеза ќе имаат традиционални велигденски јајца. - Многу сум зафатена со мојата работа и немам време да вапсам јајца и затоа ова е одлично решение. Мислам дека и цената е пристапна за секого “ вели една муштерика во скопски маркет. Сепак, повеќето домаќинки не ни помислуваат на овој празник да купат готови вапсани јајца и тврдат дека ја почитуваат велигденската традиција и уживаат во украсувањето. - Вапсањето јајца е големо уживање и задоволство. Ја обожавам целата церемонија околу правењето и шарањето. Бидејќи не работам, во четврток околу четири часот вапсам три црвени јајца. Купувањето готови за мене е бесмислено - ни рече Марија, домаќинка од Скопје. Вработените во маркетите тврдат дека вапсаните јајца одлично се продаваат и очекуваат побарувачката да порасне деновите пред празникот. За свештениците од Македонската православна црква оваа појава на пазарот, без разлика колку е практична за домаќинките, воопшто не е во ред и е погрешна. Тие сметаат дека со тоа се нарушува целата симболиката на најголемиот христијански празник Велигден. - Ова е многу лоша појава и не треба да се прави. Се уште не се ниту почнати страдалните денови, а веќе се продаваат вапсани јајца. Луѓето може многу лесно да паднат во искушение да купат кога ги гледаат на полиците во продавниците, но тоа е навистина лошо “ ни изјави отец Коста Станоевски. Тој додава дека доколку јајцата стојат долго до Велигден, може и да се расипат, па затоа секој треба да ги вапса во својот дом и според адетите. - Луѓето веќе не избираат начин како да заработат пари, дури и преку верата. Велигден е спој на верата и традицијата низ вековите. Домаќинките првите три јајца треба да ги вапсаат на Величетврток в зори пред изгрејсонце и тие треба да бидат црвени. Велигденски јајца не треба да продава ниту црквата ниту кој било друг “ тврди отец Станоевски. Социолозите, пак, сметаат дека нема ништо лошо во купувањето вапсани велигденски јајца бидејќи на тој начин им се олеснува на домаќинките да заштедат време и труд. - Тоа е урбана измислица на денешното време, сепак сметам дека вапсањето јајца треба да биде дома и во кругот на семејството за да се зачуваат симболиката и традицијата - вели Илија Ацевски, социолог. Вапсањето јајца е еден од најстарите обичаи, а црвената боја е симбол на Исусовата крв. Инаку обичајот, според православието, потекнува од чинот на Марија Магдалена, која по Христовото воскресение тргнала кон Рим да го проповеда евангелието. Кога стигнала кај царот Тибериј, му подала црвено јајца и му рекла „Христос воскресе“. Оттогаш христијаните на овој начин го обележуваат Христовото воскресение.


Кон врв
Wonderful_Life Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Амбициозна Бебушка

Регистриран: 30.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Wonderful_Life Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2009 во 10:16
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2009 во 13:47
Не е лошо ова да се знае. Не е на одмет малку претпазливост. Сепак на велигденските јајца најмногу с ерадуваат децата.

Опасна боја за јајца

Од Дирекцијата за храна бојата на лажиче ја сметаат за небезбедна бидејќи не е спакувана, се продава на отворено и врз неа паѓа сe и сешто

Не купувајте рефус боја за вапсување велигденски јајца оти е небезбедна, пре­дуп­ре­ду­ва Дирекцијата за храна. Пред велигденските празници, тезгињата на пазарите и кар­тон­ски­те кутии на дивите продавачи се преплавени со бои за вапсување ве­лиг­ден­ски јајца кои се продаваат рефус, односно се мерат на лажиче. Станува збор за увоз­ни бои, кои се набавуваат од земјите во соседството, најчесто од Србија и од Бу­га­ри­ја, а се претпоставува дека тие не се бои за храна туку се текстилни бои. Па­зар­џи­и­те и дивите продавачи им ги нудат на граѓаните како квалитетни бои, со кои ве­лиг­ден­ски­те јајцата за само неколку минути ја добиваат саканата нијанса.
Ед­но лажиче боја се продава од 5 до 10 денари. Нивниот квалитет е неиспитан, не­си­гу­рен и, бидејќи не се заштитени со соодветна амбалажа, лесно можат да ста­нат штетни за употреба. Овие бои можат да бидат опасни за здравјето, предупредуваат докторите, доколу се стават на веќе оштетени лушпи од јајцето. Тогаш ток­сич­ни­те метали кои ги има во боите, можат да навлезат дури и во жолчката на јај­це­то.
Од Дирекцијата за храна апелираат до граѓаните да не купуваат рефус бои за јајца ту­ку да ги користат оние кои имаат амбалажа и на кои стои упатство за ко­рис­те­ње.
"Ние секоја година правиме лабораториска анализа на примероци од рефус боја и на онаа што се продава во соодветна амбалажа. Иако досегашните резултати од ре­фус­на­та боја покажаа дека не е штетна и може да се употребува, сепак, ја сме­та­ме за небезбедна бидејќи не е спакувана во амбалажа, се продава отворена и врз неа паѓа сe и сешто, а нема ниту упатство за употреба. Проблем може да настане би­деј­ќи нашите домаќинки ги варат јајцата заедно со бојата, иако тие првин треба да се сварат па после да се стават во боја", вели Божин Петроски, раководител на сек­то­рот за производство и промет со храна.
Од Пазаришната инспекција, која е надлежна да ги казнува пазарџиите и дивите про­да­ва­чи што продаваат рефус боја за вапсување велигденски јајца, велат дека не мо­жат да се справат со сите продавачи оти за тоа им треба засилено присуство на по­ли­ци­ја.
"Ние немаме право да ги идентификуваме дивите продавачи, тоа може да го нап­ра­ви полицијата. Можеме само да им забраниме да продаваат и да ги отстраниме. Ко­га ќе се појавиме бегаат, а штом заминеме, повторно се враќаат на тезгињата. Пос­то­ја­но сме на терен, но со двајца полицајци не можеме да ги казниме сите диви про­да­ва­чи. За да направиме акција во цело Скопје, ни требаат 100 полицајци, а тол­ку не можеме да добиеме бидејќи од полициските станици имаат и други ак­тив­нос­ти", вели директорот на Пазаришната инспекција Сашо Акимовски. А.Антевска

 
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2009 во 13:54
Originally posted by mimicria mimicria напиша:

Originally posted by marija1000 marija1000 напиша:

Првите јајца на Велики четврток ги вапцам црвени а инаку вапцам во повеке бои ,а за шарањето ја одржувам традицијата цртање си чист восоксреќа


Kako se crta so vosok??
Probav ednas ne mi uspea...PLS Kazuvaj tehnika!!!
 
 
Јас користам чист восок ,не овој сега модерниов.....на чистиот восок му треба подолго време да се стопи ,доволно за да јајцата бидат варени и шарени..среќа...Овој адет го зачував од бабами,бог да ја прости,која кога бевме помали,ке ни растопеше восок и ке ни дадеше да ги шараме јајцата.
 
Инаку чист восок може да се најде во продавничињата со продаваат свекинамигнување
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
maki_seker4e Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 131
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maki_seker4e Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2009 во 22:08
isto ubavo e da se stavat na jacata lasticinja(onie za tegli so se)i da se stavat vo boja i da se varat mnogu ubavo ispaga


a toa so vosokot ke probam...
I love saying yes...and doing the opposite. a friend is alweys there when you need them.NOT ME!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2009 во 11:14
Za ovaa godina se zavrsi farbanjeto. Ubava boja. Go probav ova so lasticinjata. Liniite mi izlegoa tenki. Dogodina ke stavam po siroki lasticinjaголема%20насмевка
Кон врв
zaguben Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3387
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zaguben Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 14:56




Изменето од zaguben - 20.Април.2009 во 14:56
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 100105
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:59

Мозаик јајца


Мозаик јајца

И ова е само идеја за украсување на Велигденски јајца.
Потребни ви се лушпи од двојно повеке јајца од тие што ќе ги украсувате. Измијте ги и исушете ги лушпите, па бојадисајте ги со боја по ваша желба.
Јајцата сварете ги и оставете ги сосем да се оладат и исушат.
Искршете ги бојадисаните лушпи на покрупни парчина, така е полесно да се направи мозаик.
Дел од површината на јајцето намачкајте со лепило, прислонете парче бојадисана лушпа, па лесно притиснете да се залепи, при што ке се поткрши на помали парченца. Раздвојте ги со пинцета делчината, повеке или помаку, веке по ваша желба. Оставете да се исуши лепилото, па работете на следен дел од површината. Најбрзо е ако паралелно работите со неколку јајца наизменично.
Можете и како негатив да ги правите, јајцата де се бојадисани, а лушпите бели, или и така и така.






Изменето од Valerija - 12.Април.2014 во 21:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 100105
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 22:01
Вапцување на јајца – мала техника

Вапцување на јајца – мала техника

1. За првиот начин потребно е да исецкате ситно лушпи од кромидот и лукот. Секое јајце навлажнете го и поминете низ исецканите лушпи. Тие ке се залепат за јајцето и завиткајте го добро во фолијата.Ставете во водата и варете. Откако ке се сварат, извадете ги, нека постојат уште малку и тогаш извадете ги од фолијата. Прекрасен ефект ке имате. Знаете дека се премачкуваат со салвета или памучна крпа која е мрсна од зејтин.
2. Сварете ги јајцата.Исечете чипка (ако имате некоја стара завеса-хихи) секое јаце замотајте го во парче од чипката и ставете во боја да постои, извадете го, не одврзувајте ја веднаш чипката - нека се исуши и дури тогаш тргнете ја.
3. Парче од свила замотајте околу јајцето и ставете да се вари. Кога е сварена извадете ги од водата, нека се подсуши и одврзете.
4. Сварените јајца додека сеуште се топли замотајте ги во парче од стара памучна ткаенина и со лажиче капнувајте на повеке места од различни бои - затегнете ја ткаенината - ова за да се одпечати и плетенината од самата ткаенина - одличен ефект. Со едно парче ткаенина можете и повеке јајца да вапцате.
5. Ако го сварете јајцето во листови од црвена зелка - исто така добивате преубава боја.






Изменето од Valerija - 12.Април.2014 во 22:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 100105
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2015 во 19:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 100105
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2015 во 20:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 100105
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2015 во 20:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 100105
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2015 во 20:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 100105
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2015 во 08:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.