|
Неажурнoст на државните институции |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 06.Април.2009 во 13:49 |
|||
Црн хумор...трагедија или наша реалност.На маргините на политичките дејанија се случуваат трагични семејни драми. Никој не е виновен...сите се виновни. Не функционира системот, не функционираат службите.
НЕАЖУРНИ ИНСТИТУЦИИ Добила пари за нега пет години по смртта Семејството на една скопјанка дури пет години по нејзината смрт добило пари за нега. За нивната несреќа да биде уште поголема тоа се случило поради неажурноста на вработен во Центарот за социјални грижи во скопската општина Чаир, кој „случајно“ предметот го заборавил во фиока. Нејзиниот сопруг со години се влечкал од шалтер на шалтер за на крај спасот да го побара кај Народниот правобранител. Дури по направениот увид се дознало за „грешката“, а било утврдено дека Министерството за труд и социјала една година пред таа да почине ги одобрило парите. - Сопругот се жалеше на лошиот однос и на самоволието на вработените во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Чаир, по што неколкупати извршивме увид. Заклучивме дека вработените не постапиле како што треба - вели Уранија Пировска, портпаролка на Народниот правобранител. Според неа, откако биле утврдени пропустите, веднаш било донесено решение парите што требало болната скопјанка да ги добие додека била жива, да бидат префрлени на нејзиниот сопруг, точно пет години по нејзината смрт. Ова е само еден од вкупно 605 случаи за кои се заложил Народниот правобранител минатата година. Оттаму тврдат дека кај нив секој ден се жалат најмалку по десетина луѓе. - Најчесто, луѓето имаат поплаки за должината на судските постапки, насилното однесување на униформираните полицајци и на „алфите“, некоректниот односот на државните службеници, лошите постапки при конк*рсите за вработување, како и за имотни и урбанистички проблеми - информира Пировска. Таа објаснува дека народното правобранителство се обидува колку што може повеќе да им помогне на граѓаните што бараат помош или ги советува каде да се обратат. Со најновите законски измени од пред неколку месеци, Народниот правобранител има проширени надлежности и може, без никаква најава, да ја посети која било институција, да направи увид во документацијата и да зборува со кого сака. Ова особено важи за затворите и за другите институции во кои се сместени луѓе што имаат ограничено движење. Пензија по 20 години Мајката на загинат војник во воените дејства во Вуковар, Хрватска, во почетокот на деведесеттите години на 20 век, добила семејна пензија дури 20 години по неговата смрт. Таа речиси две децении се обидувала да ја добие пензијата, но своето право го остварила дури по интервенцијата на Народниот правобранител. Изменето од Анастеа - 13.Март.2010 во 23:10 |
||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ката дневно сме сведоци на ситуации кои с еслучуваат во нашата земја токму заради неажурноста на институциите, заради двојно толкување на законите, заради неусогласеност на нашите закони со европските па и светските. Една појава која боде очи и која некако останува затскриена зад превезот на семејното секојдневие е и таканаречената љубов на постари мажи со малолетни девојчиња.
Во светот тоа некако е регулирано иако и таму не е сјајно. Кај нас не е, нема долна граница која законски ќе биде санкционирана. Во Вечер денеска е дадена една анализа на овој проблем Македонија дозволува секс со малолетнички |
||||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мислам дека во некои од овие случаи не се работи за неажурност, туку за свесно затурање на предмети. Имав три барања за враќање на имот по Законот за денационализација. Трите беа кај различен правник во Министерството за транспорт и врски. Еден од нив ми беше многу близок, со добро подмачкување за три години го заврши, а останатите предмети ги обжалувааи и по два пати, се ставаа во мирување и сл. и по 5 год. едвај повторно барав некој за „подмачкување“ и едвај го повративме имотот.Ужас!
Царува корупцијата! Порано отворено бараа, сега со посредство даваме мито. |
||||
Кој бара ќе најде.
|
||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Да гледаш и да ти с едига коса на глава. Кој ли с еигра со човечките судбини? Треба ли некој да одговара за ова
Изменето од mamamd - 14.Јуни.2009 во 09:42 |
||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
I vakvi tragedii i razdeleni semejstva ima vo naseto opstestvo.
Сонувам под ведро небо пак да си ги приберам децата |
||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Коса на глава ми се крена кога на ТВ ја видов сиромаштијата во која живеат луѓето чие дете изгоре додека мајката ги хранела јагнињата- единствениот извор на приход со кое го прехранувале семејството бидејки социјалната помош од 1 000 денари не е вредна да се спомне. Уште повеќе се изнервирав кога прочитав дека родителите биле во притвор и има шанси да бидат осудени за негрижаГолемото детенце веке им било земено и дадено кај роднини.
До каде оди лицемерието. Знаат ли вработените во нашите институци што значи живот со 1 000 денари месечно. Знаат ли дека можеби тие луѓе не можеле да одат до нивните топли канцеларии и да ги замолат да им ги зголемат додатоците за помош? Знаат ли воопшто дека социјалната служба не е канцелариска , туку теренска. Дека примателите на помош не треба да одат кај нив, туку обратно социјалните служби треба да се на терен. И сега завршија работа, си ја испраа совеста. Во најголемата болка кога детето им изгоре и умре од последиците од горењето тие уште и ги казнуваат со одземање и на другото дете. Почина девојчето од Прилепско |
||||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Се прашав кај биле тие социјални служби да видат во какви услови живеело ова семејство?Заслужуваат ли воопшто социјалните работници плата?Зашто повеќе од очигледно е дека АМА БАШ НИШТО не работат!Не сработиле тоа што треба ама сега да изигруваат закон одма стигнале...на сета мака на луѓето уште и да ги стават во притвор |
||||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сите државни службеници СМЕАТ, ИМ Е ДОЗВОЛЕНО само по наредба од министер да реагираат за тоа што ги плаќаме од нашите даноци. Служвениците којзнае колку пати го исвестиле Министерството, министерот и владата за ваквите случаи, ама ..............сега се криви службите.............Исто како за поплавите......
Ова е вистинска слика за РМ, тука треба да се достават на Нова Година пакетчиња и облека,пелени.............ако може и куќа да се поправи...............Направи владата за некого, ама има илјадници кои никогаш не ги посетил.......и не знае за нив............така е кога седат само во канцеалријата во Скопје................ Е, каква преродба, каква убавина, развој, информатички трафики,РАЈ НА ЗЕМЈАТА, преродени сите, среќни во бедата!!!!! |
||||
Кој бара ќе најде.
|
||||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Дете се удавило и во надојдена река во Прилепска Тризла.
Каде е одговорноста на институциите? Зошто нема заштитен појас секој водотек? По закон треба по 15м од осовината на секој водотек , лево и десно, да се обележи заштитен појас на кој не се дозволува движење на луге, а камо ли да живее некој. Како инспекцијата дозволила населби да има на брегот? |
||||
Кој бара ќе најде.
|
||||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
..garant na izborite vetile deka site divi naselbi ke se legaliziraat.
50-60 godini niknuvaa kuki i naselbi sekade kaj sto ke se najdese slobodno mesto,ovie sega ke gi legaliziraat,ke zemat nekoj denar vo kasata,a potoa problemite so infrastrukturata ostanuvaat nereseni...nema voda ,pat,struja ..odvod..i ete ja denesnata slika na nasata drzava..so kal i g**** do gusa...
|
||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Премногу деца за кратко време ги изгубија своите животи од небрежност на родителот.
Дали е навистина така? Дали во позадина не е некое дело со предумисла......? Сиромаштијата и бедата раѓаат нечисти мисли, ако нема доволно за гладните усти, а законот те демне......... Јас мислам дека ниедна мајка на последниве две деца кои починаа не беше потресена од загубата на своето чедо.Порано ако се случеше некоја несреќа мајката го бараше виновникот, ја бараше правдата. Во последниве случаи, мајките како да не им се мајки............ Институциите се многу инертни. |
||||
Кој бара ќе најде.
|
||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
... Три млади родилки ...починаа за само неколку дена ....
Обвинувањата за лекарски грешки и негрижа, за поразителна состојба со нехигиената во болниците и недостигот од современа опрема, како ехо одѕвонуваат во заднината на сите овие случаи.
Министерот за здравство Бујар Османи ... отворено призна дека лошата состојба е последица на разградување и на децениската негрижа на системот за здравствената заштита....
И директорот на болницата во Прилеп, Бојан Ристески, признава дека состојбата во здравствениот објект во кој се лекуваат околу 200.000 граѓани е - катастрофална!
Во велешката болница исто.... и пациентите и докторите се жалат на исти работи - мал број гинеколози, музејски апарати и лошата состојба на санитарните јазли....
И во неодамнешниот случај со смртта на Менка Апостолоска (21) од тетовското село Брвеница, не била утврдена лекарска грешка. Директорот на тетовската болница Абаз Алили вели дека условите во кои работат се на задоволително ниво, но секогаш може подобро.
Пациентите имаат спротивни тврдења. Велат дека вработените се недоволно сериозни, а неретко и непрофесионални.........
|
||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Слушам на вести и не ми се верува...социјалните служби барале да им се одземе родителското право на родителите чие дете им изгоре заради лошите услови во кои живееле и неможноста убаво да се грижат за своите деца
Се прашувам... треба ли на социјалните служби да им се одземе правото за проценка, ако не процениле пред трагедијата??? Колку такви сиромашки семејства има во Македонија? Треба ли на сите да им се одземат децата? |
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
nema vrska...toj shto go "pronashol" ova!...barem so mene!
|
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |