IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - МАКЕДОНИЈА станува УНИЈА НА НАРОДИ?!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МАКЕДОНИЈА станува УНИЈА НА НАРОДИ?!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: МАКЕДОНИЈА станува УНИЈА НА НАРОДИ?!!!
    Испратена: 04.Март.2009 во 17:15
Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи



Автор:  Мирка Велиновска
Скандал:%20Таен%20проект%20на%20Бранко%20Црвенковски
Претседателот на државава, Бранко Црвенковски, уште пред самитот на НАТО во Бук*решт обелодени дека се залага Македонија да го промени своето име. Но, забуната произлегуваше од нејасната позиција на неговата партија, која во истиот период го обвинуваше премиерот Никола Груевски за лицемерство зашто тој наводно се согласил да го „продаде“ името, а го криел тој податок. По Бук*решт, ставот на Црвенковски и оној на СДСМ ескалираа до таму што доминантно место во дебатата доби македонскиот идентитет. Необјасниво дури, Црвенковски јавно побара некој да му даде гаранции за зачувување на етничкиот идентитет на народот на кој не му се почитува правото на себеидентификација. Но, сите недоумици што произлегуваат од радикалните промени на позициите на овој политичар во врска со македонско-грчкиот проблем, завршија мината недела.

Исак Адижас, професор од САД по менаџмент и организација, минатата недела дојде во Македонија спонзориран од Светозар Јаневски (познат како Свето Пивара) за да одржи предавање на темата „Како да се управува со фирма во кризни периоди“. Но, тоа предавање очигледно било покритие за главната цел на посетата.

Адижас всушност имаше тајна дипломатско-политичка мисија сврзана со името на државата. Овој наш сограѓанин од 2007 година стана медијатор во тајните преговори помеѓу Бранко Црвенковски и Дора Бакојани. Имено, Исак Адижас бил детално информиран од лидерот на СДСМ дека спорот со Грција досега ќе бил завршен ако Никола Груевски го прифател последниот предлог на Нимиц. Предлогот бил „Северна Македонија“, а Груевски го одбил со молчење. Црвенковски експлицитно го прифатил. Тој на професорот по менаџмент и организација му ја елаборирал својата политичка платформа за евроатлантско интегрирање на Македонија, со која гостинот сосема се согласил и дури со одушевување ја прифатил.

Бранков пакет

Пакетот на претседателот на Македонија е следниов: со прифаќањето ново име, државата да доживее уште една нужна уставна трансформација. Црвенковски од унитарна ќе ја трансформира сега веќе бившата Македонија во „Унија на народи“. Во таа нова држава со ново име за севкупна употреба, во наредната и последна фаза, бившите Македонци, откако ќе почнат да ги уживаат благодатите од приемот во НАТО, треба мирно да прифатат свое преименување, кое ќе произлезе од согласноста да го прифатиме грчкиот услов за целосна деноминација. Професорот Адижас, инаку близок пријател на фамилијата на Бакојани, бил информиран од Црвенковски и за тактиката што овој ќе ја примени за да го реализира својот конспириран стратегиски проект. Оваа есен ќе организирал големи, перманентни и сенародни протести поради економската политика на Владата. Според исказот на Адижас, Црвенковски бил уверен дека поради народниот притисок, Груевски ќе биде принуден да поднесе оставка, по што лидерот на СДСМ, нормално, како осведочен државотворец, пак ќе ја спасува Македонија. Убеден дека ова сценарио е остварливо, добро и единствено рационално, Исак Адижас замина за Израел, нормално, преку Атина, за да и ги пренесе на Бакојани добрите вести.

Американскиот експерт за кризен менаџмент во претпријатијата добил уверување дека Црвенковски веќе ги придобил на своја страна интелектуалците и медиумите, па се чека само старт на кампањата за отстранување на тврдоглавиот премиер.

СДСМ е промотор на Ванчо Михајлов

Како што е добро познато, Бранко Црвенковски е посветен европски демократ, кој исклучително држи до западните вредности. Оттаму, по малку збунува фактот дека својата платформа за евроатлантска „Северна Македонија“ што го одушевила професорот Адижас, љубоморно ја чува во приватен сеф, ја држи во длабока илегала дури и од своите поклоници и следбеници. Кога веќе е оценета како добра и перспективна, зарем не беше време проектот на Ванчо Михајлов познат како „Швајцарија на Балканите“ да го претстави и тестира веќе на овие избори, наместо што неговата партија пак излегува на избори со демагогија, а неговиот кандидат за претседател ветува дека „ќе ја спасува мајка Македонија“. Зошто одбегнува да ја промовира оваа политичка платформа, односно програма, како што е ред - на избори? И зошто избира нестандардни, неевропски методи да дојде на власт преку „револуции“ кога може да побара регуларна поддршка од своите сограѓани? Можно е тој сепак да знае дека Македонците никогаш не би прифатиле таков непристоен политички пакет. На избори неговиот план би доживеал второ историско фијаско. Обелоденување на Платформата за трансформација на Македонија во „Унија на народи“, односно, конфедерација на кантони со ново име за севкупна употреба, би ги избришало Македонците како ентитет, радикално би го затворило македонското прашање, а тоа никој нормален не би го прифатил. Згора на сè, „Проектот на Црвенковски“ е само политички римејк на оригиналот на Ванчо Михајлов за преуредување на Македонија во кантонална заедница на народи (нормално, без Македонци), а тој факт не сака да го обелодени, зашто СДСМ декларативно е наследник на некогашната КПМ, која, пак, имаше сосема друга национална програма со која победи во Втората светска војна. Кога би го легитимирал своето вистинско политичко кредо, би ги загубил следбениците што гласаат за СДСМ врз основа на идеолошките предрасуди дека новата ВМРО-ДПМНЕ е наследник на „десното кољачко и предавничко крило на историската ВМРО“ (изјава на Црвенковски на предизборниот митинг во Штип, 1996 година).

Македонците не знаеле кои се

Затоа тој се одлучил за политичка мимикрија, за етапно деноминирање и исчезнување на Македонија. Според професорот Адижас, остварувањето на последната фаза на оваа платформа ќе оди полесно зашто рамковниот договор ефектно го отворил патот до смртта на Македонија. Имено, Македонија е веќе уставно дефинирана како заедница на народи, што е потврдено и практично со територијалната поделба, а Албанците не било тешко да се стимулираат да инсистираат на што поголема независност од централната власт. Од друга страна, „Македонците сè уште не знаат кои се и што се, па многу лесно ќе прифатат нов идентитет, по децении економска беда, а во услови на економска благосостојба што ќе следува со приемот во НАТО“.

Планот „Б“ на Бранко Црвенковски за преземање на власта преку „црна контрареволуција“ по заминувањето на Адижас за Израел веќе е на работната маса на Дора Бакојани. За него, нема сомневање, преку директните средби со Црвенковски (во четири очи) се известени и европските бирократски структури. Врз Македонија деновиве почна да се врши оркестриран економски притисок. Ни стигнуваат гости - економски снајперисти со вести дека ЕУ нема да ги финансира македонските проекти. Овојпат, во пресрет на изборите, не ни к*рдисуваат часовници, но нè плашат со економска изолација. Како дел од осмислениот проект, и Црвенковски го активира својот економски совет. Владе Милчин, како познат логистичар на проектите на СДСМ и на својот газда Сорос, почна да организира трибини со економска тематика, а „експертите“ како навиени ги елаборираат своите економски теории за црната економска перспектива на државата надвор од ЕУ. Го советуваат Груевски да му се обрати за помош на ММФ, иако источноевропските држави го заобиколуваат во голем круг, чувствувајќи политички поттекст во економските пакети.

Се чека само септември.




Човекот што вели дека Македонците не знаат кои се, сака во МАНУ

Исак Адижас добил ветување од Бранко Црвенковски дека за својот перманентен ангажман во Македонија, за своите консултантски услуги, за кои ние не знаеме ништо, ќе биде награден и со статус на академик. Во МАНУ е во тек постапката за неговиот прием. Предлогот го дало Одделението за општествени науки, раководено од академикот Иван Катарџиев, историчар и член на СДСМ, иако тесната специјалност на Адижас е менаџмент во економијата. Оттука претпоставуваме дека евентуалното членство во МАНУ е мала награда за неговиот политички илегален ангажман.

Професорот Адижас на 13 март 2007 година добил и македонско државјанство. Му го врачил лично премиерот Никола Груевски. Во своето експертско си-ви, Адижас се претставува како советник на премиерот. Од кабинетот на премиерот изјавуваат дека овој човек никогаш не му бил советник на Груевски. Овие податоци, во контекстот на вистинскиот ангажман на Адижас во Македонија, нè тераат да се запрашаме дали воопшто имаме институции што се грижат за безбедноста на државата, што работат тие и дали воопшто имаат капацитет да ја штитат државата и нашите национални интереси. Се чини дека со ваков Уставен суд, МАНУ, ДБК и Агенција за разузнавање, во Македонија е нормално политиката да им е препуштена на „академици“ од рангот на Кољо Дијамантот, Васко Глигоров, Гидеон Сандел и Исак Адижас.




Тајна средба во Охрид, Груевски си заминал

Во организација на шефот на државата, медијаторот Адижас минатото лето имал тајна средба во Охрид со Бранко Црвенковски и Никола Груевски. Тој состанок, на кој е разговарано за серија предлози на гостинот од САД, Груевски експресно го напуштил со зборовите дека „не слушнал ништо ново“. Минатата недела, пак, финансиерот на минитурнејата низ „Западен Балкан“ на експертов за менаџмент, не издејствувал и негова средба со Груевски.




Фрчкоски од Прилеп ја најави Унијата

Ако не влеземе во НАТО и ЕУ, следниот чекор на Албанците во Македонија ќе биде барање за основање кантони. Ова на завчерашниот митинг на СДСМ веќе го најави претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски.


Изменето од anakin - 04.Март.2009 во 17:16
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 17:27
Како што велеше Ванчо Михайлов - Македония - Швайцария на Балканитеголема%20насмевка
Кон врв
Јордан Шумарот Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 230
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Јордан Шумарот Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 17:29
БАш... а и ШВИЦАРЦИ имаме...ололллол шконди експрес е полно...
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 17:32
Планот "Б" кой е

"Бакояни"?
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 17:57
nazalost,...ama si vo pravo........
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 18:03
Vaka sega, jas gi podrzuvam makedoncite do kraj,no mislam deka vreme e veke da se najde nekoe kompromisno resenije so Grcija,kade sto makedonskiot identitet ke se zadrzi,no aku eventualno Makedonia ne vleze vo NATO mislam deka vistinskata pandorina kutija ke se otvori duri togas,daj boze da ne sum vo pravo..
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 18:11
i togas sto ? голема%20насмевка
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 18:43
Абре македонче,каде се спремаш?
Борба те чека,борба за слобода!
Борба за слобода!

Борба за слобода,за Македонија!
За Македонија, земја поробена!
Нека разберат клетите душмани
македонско име нема да загине
македонско име нема да загине!!!
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 18:44
kako mislis toa da go naprajs?
 
 
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 19:10
zar i ti kerko Mirko ....

Mirka sekogas si go sakala Gruevski i sekogas ne go sakala Crvenkovski, ama i taa kako edna mnogu principelna licnost, dosta dobro go iskritikuva Gruevski iako i e milenice....

za da sega ovde vo vrska so tie raboti za koi go kritikuvase, pisuva nesto drugo....

Mirka, nemoj da bides vtor Latas
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 19:54
Originally posted by butel2 butel2 напиша:

zar i ti kerko Mirko ....

Mirka sekogas si go sakala Gruevski i sekogas ne go sakala Crvenkovski, ama i taa kako edna mnogu principelna licnost, dosta dobro go iskritikuva Gruevski iako i e milenice....

za da sega ovde vo vrska so tie raboti za koi go kritikuvase, pisuva nesto drugo....

Mirka, nemoj da bides vtor Latas


da be butle, Mirka e kriva za se? тага
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Тречи Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Царевићот

Регистриран: 22.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 414
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Тречи Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 20:02
Ееееееееее Добро утро Македонијо!

Инсерт Флешбек Рамковен Договор...............


Ова шо се дешава е дугорочна последица на Рамките !
Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја!

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 20:04
abe grujo e kriv?
slepci edni газење%20од%20смеење
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Тречи Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Царевићот

Регистриран: 22.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 414
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Тречи Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 20:05
Грујо,Борчо Трајковски нека се врти во гроб! м.м.е!
Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.