IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Витамини, минерали, метали...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Витамини, минерали, метали...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Витамини, минерали, метали...
    Испратена: 17.Февруари.2009 во 17:34
За да откриете дали ви недостига некој витамин, доволно е внимателно да се погледате во огледало. 

vitamins.jpg

Кожа - сува, се перута, на лицето се јавуваат акни. Тоа значи дека имате недостаток на витамините E, B2 и C. 

Очи - не поднесуваат силна светлина, а под очите темни подочници. Недостаток на витаминот А и бета-каротинот.

Уста - испукана, со ранички на аглите: недостаток на РР, витаминот E, а и B6. 

Заби - подложни на кариес - недостаток на витамин С и калциум.

Коса - проретчена, кршлива, расцветана на врвовите, кожата на главата се перута - ви требаат B2 и B5. 

Израз на лице - раздразнет и незадоволен - земајте повеќе витамини од групата В.


Изменето од Biba_G - 21.Март.2009 во 00:18
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 17:38
Супер тема Мона Лиза
Јас само ќе се надоврзам

Нокти - ако ноктите се кршливи или ако имате овчички на ноктите ( бели точки ) тоа значи дека имате недостаток од бета - каротенот. Него го има во овошјето и зеленчукот со портокалова боја. Пр: портокал, морков...
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 19:15
Za zabi -vospalenie na nebca i sl..-nedostatok na zelezo. najcesta pojava kaj anemicni i vegetarijanci.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 19:23
При неподносливи главоболки и при болки по телото и чувство на тресење на нозете можно е да во организмот нема доволно количество на железо. Тоа предизвикува феродефициентна анемија. При преглед на крвната слика бројот на еритроците е нормален, но тие се празни. Се препорачува внесување на храна богата со железо: Цвекло, сок од боровница и мед
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 01:06
VITAMIN C:

-важен за имунолошкиот систем;
-го има во агрумите(лимон,портокал,цитрон),во зрнестото овошје, во киви, во зелениот лисест зеленчук, пиперката, зелката( посебно во киселата зелка)...


VITAMIN E:

-добар е за црвените крвни зрнца, го успорува стареењето на клетките
- се наоѓа во растителните масла(особено во сончогледовото и маслиновото), во интегралните зрна, во сојата, оревите...


VITAMIN A:

-добар е за очите, кожата и косата, но вишокот од овој витамин во организмот може да предизвика спротивен ефект(опажање на косата, замаглување на видот, главоболка,повраќање)
-се наоѓа во џигер,бубрези(животинско потекло), во млечните производи, во рибата, рибиното масло, зеленчукот, маргаринот...


VITAMIN B1

-помага во раст и развој, добар е за срцето и нервниот систем;се користи при лекување на херпес зостер...негативна страна е што лесно се разградува при термичка обработка на продуктите
-го има во сувиот квасец,зоб,пченица, во зеленчукот, во млекото...


VITAMIN B2:

-помага при раст и развој, за плодност;го одржува здравјето на кожата,косата и ноктите...при недостаток на овој витамин се појавуваат ранички на устата и на кожата
-го има во млекото, џигерот,во квасецот, сирењето, во јајцата...

VITAMIN B3:

-важен е за синтеза на инсулинот и сексуалните хормони;без него нормално не функционираат мозокот и нервниот систем;ја појачува циркулацијата на крвта,го снижува холестеролот
-го има во џигерот, рибата, јацата,во урмите, сувите сливи, во пивскиот квасец

VITAMIN B6:

-учествува во производство на антителата и во производство на еритроцитите( црвените крвни зрнца);ги ублажува ноќните грчеви на мускулите и нозете. Негативна страна е што се уништува при обработка на храната
- го има во пивскиот квасец, пченичните никулци, во зелката,млекото,јајцата, во дињите


VITAMIN B12

-помага при стварање на црвените крвни зрнца;го помага растот, го држи нервниот систем во рамнотежа, го подобрува памтењето
-го има во говедското месо,во џигерот, јајцата,млекото, сирењето

VITAMIN B13:

-помага при лекување на болести на јетрата,, а наводно и при лекување на мултиплекс склерозата
-во сирутката

VITAMIN B15:

- ја штити јетрата од цироза, го поттикнува имунолошкиот систем на организмот
- го има во пивскиот квасец и житариците

VITAMIN D:

- недостаток од овој витамин предизвикува рахитис, остеопороза, крварење од непца..
-го има во рибиното масло, млекото,млечните производи и

VITAMIN F:

-го спречува таложењето на холестеролот во артериите
-го има во растителните масла, во бадемите, лешниците, оревите...

VITAMIN P:

-ги зацврстува капиларите, осетлив е при термичка обработка на продуктите
- го има во лимонот,портокалот,цитронот, во капините,црешите,кајсиите..

VITAMIN K:

-ги спречува внатрешните крварења, ги намалува менструалните крварења, го регулира згрутчувањето на крвта...
-го има во рибиното масло,во соиното масло, во јогуртот, луцерката, зелените салати...


Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 23:11

Во денешно време постојано зборуваме за недостатоци од типот...недостаток на витамини, на минерали..па се примаат во вид на таблети, додатоци во исхраната итн итн....

Јас мислам дека проблемот не е во недостатокот, туку во вишоците.....имаме проблем со покачен холестерол, покачени триглицериди, тоа пак води до покачен притисок, а се е поврзано со покачена телесна тежина и покачено ниво на стрес во животот.....па покачени ризици од вакви или онакви болести.......


вишокот, а не недостатокот е она против кое би требале да се бориме.......
МИР со сите
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 13:47
 
Витамин А (Бета каротен, рентинол)
Витаминот А е првиот откриен витамин. Многу е важен за добриот вид, здравата кожа, косата , слузницата на грлото како и дишните патишта.

Потребен е за правилен раст и развој на коските и забите. Уште едно негово значајно делување е и примената за лечење на кожни пореметувања. Се препорачува земање неколку месеци за време на бременоста.


Бета каротенот е предходник на витаминот А кој е пигмент кој се наоѓа во растенијата. Кожата прави залихи на бета каротен, организмот го преработува и по потреба произведува витамин А. Вишокот на бета каротен делува како антиоксиданс и го потикнува имунолошкиот состав.
Се наоѓа во портокалот, во жолтото овошје и зелчук, исто така во темнозелениот лиснат зеленчук, во путерот, кајмакот и полномасното млеко.
Витаминот А долго се собира во организмот па посебни додатоци не се препорачуваат бидејќи повеќе на овој витамин може да предизвика главоболки, мачнина, повраќање..



Витамин Д (холекалциферол, ергокалциферил)
Витаминот Д е одговорен за здравите коски и заби, помага во стегање на мускулите и работата на нервите. Го спречува рахитисот, болести на коските кои настануваат поради недостаток на калциум и предизвикуваат нозе во облик на О или Х и ги деформираат коските.
Се наоѓа во масните риби, во млечните производи. Исто така 10 минутно дневно сончање ќе ви осигура количина на витаминот за целиот ден.
Недостатокот на овој витамин предизвикува нервоза, несоница, грчеви на мускулите и ослабнување на коските. Преголема количина на витаминот Д може да предизвика главоболка и мачнина.
 
Витамин Ц (аскорбинска киселина)
Лекува опекотини ,модринки, скршени коски, помага кај затварање на раните, ги ублажува болките кај реуматскиот артритис, заштитува од атеросклероза а најпознат е по способноста за спречување на настинката.
Се наоѓа во лимонот, цитронот, портокалот, дињата, пиперките, брокулите, доматите,зеленот и лиснатиот зеленчук.Најдобро е да се јаде овошјето и зеленчукот додека е свежо а варењето да се сведе на минимум.
Недостаток на овој витамин предизвијува губење на тежината , замор, крварење на непцата, намалена отпорност на организмот од инфекции и бавно зараснување на раните.
Додатна терапија се препорачува на бремените жени, кај оние кои имаат намален имунитет, кај спортистите, доилките и оние кои се изложени на стрес.
Вишакот на Ц витаминот се излачува преку мокрачата, но преголемите дози можат да предизвикаат мачнина, пролив, појава на бубрежен камен и лажна позитивна реакција на тестот кај дијабетис.
Витамин Е
Овој витамин е многу важен за работењето на имунолошкиот систем, еднокрилниот систем и половите жлезди. Силен антиоксидант е и ги спречува нестабилните молекули да ги оштетуваат ткивата. Штити од атеросклероза, го забрзува затварањето на раните, го штити белодорбното ткиво од загадување од возжухот, може да ја намали опасноста од срцеви заболувања и прераното стареење на кожата.
Се наоѓа во, растителното масло, темнозелениот зеленчук, морските плодови, јајцата и авокадото.
Со нормална исхрана поголемиот број на луѓе ја добиваат потребната количина на витаминот Е и не се потребни додадтни земања на овој витамин.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 15:19
Витамин Б3 може да помогне во лекување на мозочен удар

Витаминот Б3 или уште познат како ниацин, може да помогне за подобрување на невролошките функција по преживеан мозочен удар.

Истражувањето е направено врз примерок од стаорци кој имале исхемичен удар, а потоа биле третирани со ниацин. За извесен период мозочните крвни садови почнале да се обновуваат, а забележано е и 'ртење на нервни клетки, кои во голема мера ја подобриле невролошката клиничка слика кај стаорците.

Истражување е направено под водство на Michael Chopp директор на институтот за невролошки истражувања на универзитетот Хенри Форд.

- Доколку успееме да утврдиме дека ниацинот делува и кај луѓето кои доживеале мозочен удар исто како и кај стаорците, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека сме добиле евтин лек, кој е лесно поднослив за пациентите и не предизвикува конта ефекти.

Мозочните удари во 87 отсто од случаите се резултат на запушување или стегање на една од артериите кои го снабдуваат мозокот со крв. Еден од основните услов за овој тип на опструкција е развојот на холестерол и
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 18:59
Недостаток на бета каротен.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 20:29
Витамини и минерали - извор на животот PDF Испечати Е-пошта

Најважен начин да останете здрави и да го одржите нивото на имунитет е правилна исхрана. Храната е најдобар лек на светот доколку внесувате доволно количини на хранливи материи, протеини, масти и јагленохидрати. Секој ден треба да ги внесете потребните, дневни количини витамини и минерали во организмот.

Еве неколку совети како да се задржете на здравиот начин на исхрана:
1. Јадете барем по пет видови овоШје и зеленчук дневно.
2. Јадете по пет порции житарици дневно, по можност со цело зрно.
3. Јадете барем по 25 гр целулозни влакна дневно.
4. Јадете риба, но ограничете ги другите производи од животинско потекло.
5. Јадете од 50 до 150 мг соини изофлаваноиди.
6. Пијте најмалку осум чаши вода дневно, за да се засити телото.

Еве како треба да изгледа оптималната дневна доза витамини и минерали:

 ImageImage

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 14:18
Витамини кои го олеснуваат животот

Уморни сте? Ви недостасува енергија? Ситуацијата со доаѓањето на пролетта и така наречениот пролетен замор може уште толку да влијае врз вашето здравје. На тоа особено се подложни жените. Време е да ја вратите енергијата и да обезбедите доволен внес на витамини во организмот.

Не е лесно да се биде совршена жена. Балансирањето помеѓу работата, семејството и домот си го зема својот данок. Сè повеќе од жените се уморни и летаргични. За тоа придонесуваат и хормоналните промени кои се случуваат во време на менструацијата, но и во доба на менопаузата. Добра вест е дека енергијата може да се врати, а од голема помош треба да се витамините. Сепак, треба да знаете кои витамини да ги земате и зошто служат.

Витамин Б

Ова е витамин кој на жените им е најпотребен. Земајте ги витамините Б-6, Б-12 и фолните киселини за да ви ја подигнат енергијата. Тоа се витамини кои овозможуваат подобро функционирање на мозокот, а ги штитат и нервите. Поради тоа тие го облажуваат стресот на организмот. Витаминот Б е одговорен и за подобро растење на косата, а во тоа помага и магнезиумот. Поради тоа Витаминот Б на жените им е императив.

Железо

За време на менструалните циклус жените губат многу крв, а тоа доведува до намалена количина на железо во организмот и анемија. Ако постојано се чувствувате уморно и ви недостасува енергија, многу веројатно причината да лежи во недостатокот на железо. Научниците препорачуваат консумирање на што повеќе храна полна со железо, како и апчиња кои го зголемуваат количеството на железо во крвта. Најмногу железо има во јајцата, месото, спанаќот. Добро е да се консумира и Витамин Ц заедно железото. Жените во менопауза пред земањето на железо секако треба да направат неколку испитувања.

Калциум

Голем број од жените се свесни дека на нивниот организам калциумот е многу потребен. Со години во организмот има сè помалку калциум, а тоа може да предизвика проблеми со коските. Жените често патат од остеоропороза, посебно поради недостатокот на калциум. Ако сакате да делувате превентивно тогаш морате да внесувате што повеќе калциум, но и магнезиум. Постојат многу додатоци кои ги содржат овие состојки. Најмногу ги има во млекото и млечните производи.

Масни киселини

Рибите како туната, лососот, харингата содржат омега - 3 масни киселини. Таквите киселини се клучни во превенција од срцевите болести, артритисот, но и карциномот. Освен тоа кај жените со годините паѓа естрогенот во организмот, што може да доведе до срцеви болести. Поради тоа клучно е да осигурате доволни количини на омега-3 масни киселини. Можете да ги внесувате со апчиња или пак преку храната.

Витамин Д

Сонцето е најдобар извор за витаминот Д. Меѓутоа со годините телото на жените има сè поголема потреба од овој витамин, па поради тоа треба да се внесува и на други начини. Него можеме да го најдеме во храната, особено во рибата и млекото. За да немате здравствени проблеми осигурајте го организмот со доволна количина на витаминот Д.

 

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 22:53

НОВ ПРОИЗВОД НА АЛКАЛОИД


Ацерола - природна витаминска Ц-бомба

Плодот на ацеролата содржи од 1 грам до 4,5 грами витамин Ц на 100 грами свеж производ, што е за 32 пати повеќе од плодот на портокалот, односно за 40 пати повеќе од плодот на лимонот


Витаминот Ц го јакне имунолошкиот систем на човекот и делува како моќен антиоксиданс. Во сезоната на грипови и инфекции тоа е најсигурната заштита на организмот. Според педијатрите овој витамин е особено значен за правилниот развој на децата.

Катерина Ставриќ, педијатар во Клиниката за детски болести, вработена во Имунолошкиот оддел, смета дека децата на помалата возраст многу често се подложни на инфекции и токму затоа е неопходно секојдневно внесување на витаминот Ц во нивниот организам.
- Правилната исхрана е најдобриот начин за внес на овој витамин во организмот, но во одредени состојби неопходно е и земање на синтетски витамин Ц, смета д-р Ставриќ. Според неа во периодот на лактација за да има мајчиното млеко доволно количество витамин Ц, мајката треба да зема храна богата со овој витамин. Ставриќ објаснува дека овој витамин не се складира во организмот и токму затоа неопходно е негово секојдневно консумирање.
- За децата до 6 месци потребната дневна доза е 40 мг, за оние до 12 месеци 50 мг, додека за жените дневната потребна доза на витаминот Ц е 75 милиграми. Мажите, пак, имаат потреба од 90 милиграми, а за жените кои дојат, неопходни се 120 милиграми, информира д-р Ставриќ.

Природниот витамин Ц - Ацерола од неодамна го произведува најголемата фармацевтска компанија во земјава, скопски Алкалоид. Се работи за табелти за џвакање од 50, 180 и 500 милиграми наменети за сите возрасти. Табелтите за џвакање од 50 милиграми можат да ги земаат децата до шестата година од животот. Таблетите од 180 милиграми се наменети за децата над 6 години, односно децата во школска возраст, а за возрасните лица се корисни таблетите од 500 милиграми.

Лекот којшто е природен, како што велат од компанијата, е регистриран според законските процедури и може да се земе во сите аптеки во земјава без лекарски рецепт.
Инаку, ацеролата е растение карактеристично за Северна и Јужна Америка, Тексас и Флорида, кое зрее во црешовидни светло црвени плодови. Плодовите на ацеролата се нарекуваат и тропска цреша, оти таа содржи висок процент на витаминот Ц.

Ацеролата се смета за вистинска природна витаминска Ц-бомба, бидејќи содржи од 1 грам до 4,5 грами витамин Ц на 100 грами свеж производ. Тоа е за 32 пати повеќе од плодот на портокалот, односно за 40 пати повеќе од плодот на лимонот. Плодот на ацеролата покрај витамин Ц содржи и други состојки здрави за организмот, витамин А, Б1, Б2, нијацин, калциум, железо, биофлавоноиди, потоа фосфор, калциум, магнезиум, цинк и пантотенска киселина.
Во традиционалната медицина ацеролата со векови за употребува за третман на анемии, настинки, грип, при дизентерија и треска, за подобрување на работата на срцето, при високо ниво на холстерол, нарушена функција на црниот дроб, туберкулоза, при ревматизам, за зараснување на рани, како и при уринарни инфекции. Американските Индијанци ја користеле како тоник за ревитализација и зајакнување.

Витаминот Ц е неопходна состојка која учествува во голем број метаболни процеси во организмот. Овој витамин не се создава во нашето тело, па затоа треба секојдневно да се зема преку исхраната или преку најразлични облици на таблети.

Ацеролата претставува и моќен антиоксиданс. Благодарение на своите оксидативни својства, ги неутрализира таканаречените слободни радикали кои се создаваат во самиот организам и кои се многу штетни, затоа што ги оштетуваат речиси сите ткива и ја нарушуваат нивната функција, а витаминот Ц го штити човечкиот организам токму од вакви состојби. Витаминот Ц учествува и во синтеза на колагенот, ја подобрува апсорпцијата на железо, го подобрува имунолошкиот статус и делува заштитно на капиларите.
- Зголемена потреба од витамин Ц има при зголемена телесна температура, заразни болести, склоност кон крварење, хемодијализа, рани, изгореници, при замор и диетална исхрана. Во сезоната на грипови витаминот Ц е погоден за заштита на организмот, а особено е корисен за бремените жени, постари лица и деца, потенцира д-р Ставриќ.

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
HerbaLife_yes Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 07.Март.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај HerbaLife_yes Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 02:32

za besplatna "sken" analiza na Vashiot body index - masno tkivo/ muskulna masa.. i drugi korisni soveti za zdrava ishrana i vesel zivot. kontakt na: robert_vet@yahoo.com
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 11:26
Витамините кои ги чувате една недела слободно фрлете ги!

Секојпат кога ја чистите куќата и најдете куп витамински апчиња кои со месеци стоеле во плакарот знајте дека не смеете да ги користите, бидејќи влагата и температурата ги „убилa“ нивните позитивни својства за само неколку дена.

Отворањето и затворањето на амбалажата каде се чуваат апчињата ги уништуваат витамините за само една седмица.

Предупредувањето го издадоа американските научници, предводени од докторката Мауер, која рече дека во зависност од условите, вредноста на апчињата може да биде целосно изгубена.

Истражувањето покажа дека витамините B и C се многу осетливи, односно дека влагата лесно ги уништува, а таа најчесто ја има во бањата каде што според една друга студија, луѓето најчесто ги чуваат своите лекови.

Научниците од Универзитетот Purdue додадоа дека витаминските апчиња кои го изгубиле своето позитивно дејство не се штетни по здравјето, туку немаат никакво ефект.



Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.