IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести > Избори
  Активни теми Активни теми RSS - Едукацијата за граѓаните за гласање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Едукацијата за граѓаните за гласање

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Едукацијата за граѓаните за гласање
    Испратена: 14.Февруари.2009 во 06:44
 Glasacka kultura ili veshtinaзбунетостdilema koja vo Makedonija ne e rascistena ni po 18 godini samostojnost.
Nikako da se nauci deka:
-Na izborno mesto ne se zadrzuva povekje od potrebnoto;
- Na izborno mesto ne se glasa za drug tuku samo za sebe;
- Na izborno mesto ne se kazuva glasno za kogo se glasalo;
- Na izborno mesto zadolzitelno se nosi licna karta za identifikacija;
Ova glasnje kje bide malku komplicirano. Zoshto?

Скопјани ќе гласаат на пет ливчиња

Жителите на Скопје на денот на изборите ќе гласаат на пет избирачки ливчиња, а гласачите од другите градови ќе треба да пополнат три ливчиња за претседател, градоначалник и советници. Во Скопје ќе се гласа на пет ливчиња бидејќи покрај за претседател, граѓаните ќе треба да гласаат и за градоначалник и советници за општината во која живеат, но и за градоначалник и советници за Град Скопје како посебна локална единица. Другите избирачки ќе треба да се определат за претседател и за градоначалник и советници во општината каде што живеат. Избирачките места ќе има и пет, односно три кутии, каде што треба да се стават ливчињата по гласањето. Од Државната изборна комисија велат дека процесот на гласање ќе биде малку посложен, бидејќи во ист ден се одржуваат и претседателските и локалните избори.

- За членовите на Општинските изборни комисии и на Избирачките одбори има посебна едукација со што детаљно ќе им се објасни целиот процес за на денот на гласањето да нема грешки. За начинот на гласањето преку посебни кампањи ќе се информираат и граѓаните, но тоа ќе биде во текот на изборната кампања односно десетина дена пред самото гласање. Едукацијата за граѓаните ќе се одвива преку печатените и електронските медиуми - изјави Зоран Таневски, портпарол на ДИК.


Site informacii se steknuvaat pred izborite. Aj malku okolu iskustvata od samite glasacki mesta.намигнување

Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2009 во 19:03
i uste carsafite koga ke ni gi dadat.... pa ti ne se zadrzuvaj poveke od potrebnoto ...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 09:23
Originally posted by butel2 butel2 напиша:

i uste carsafite koga ke ni gi dadat.... pa ti ne se zadrzuvaj poveke od potrebnoto ...

...ne zboruvam za sebe...zboruvam za potreba koja se nametnuva...i ocigledno deka kje mora da se sprovede takva obuka...dosta ne prikazuvaat kako da sme od Burangu...

ОПШТИНА АЕРОДРОМ


Едукација на населението за изборите


Деновиве во просториите на Општина Ѓорче Петров се одржа средба на преставници од ОБСЕ и политичките претставници од партии во Општината. На средбата се разговараше за престојните мартовски избори и можните проблеми кои можат да се случат во избирниот процес. Во однос на изборите од страна на политичките партии беше истакнато дека се презема навремена едукација на членството за законските нормативи.

Како што беше истакнато, целта на сите партии е да се договорат пред изборите за активностите со кои би се анулирале сите можни негативни појави кои би наштетиле на изборниот процесот. Овој предлог едногласно е изгласан од сите претставници на партиите и договорено е наскоро да се одржи заедничка средба, на која би бил потпишан и меѓупартиски кодекс на однесување кој несомнено многу би придонел за фер и демократски избори. Имајќи ги предвид досегашните изборни циклуси одржани во општината Ѓорче Петров, претставникот на ОБСЕ Кристоф Хербст нагласи дека е сигурен и дека Ѓорче Петров нема да го отстапи местото на лидер во меѓупартиските односи за време на изминатите изборни процеси.


Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 09:42
Едукацијата, пред се, треба да се спроведе кај постарите граѓани (кои се слабо писмени, да не речам неписмени...), а исто така и кај поголемиот дел од албанците (посебно во руралните средини) за конечно да престанат да го практикуваат фамилијарното гласање
Кон врв
Паланчански Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2007
Локација: Dubrovnik
Статус: Офлајн
Поени: 1655
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Паланчански Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 12:59
Едукацијата ќе се спроведе само некој да може да „лапне“ пари. Дека ќе ги научат нешто - не верувам...
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 11:25
Originally posted by Паланчански Паланчански напиша:

Едукацијата ќе се спроведе само некој да може да „лапне“ пари. Дека ќе ги научат нешто - не верувам...




Не е важна ЕДУКАЦИЈАТА. Важни се ПАРИТЕ.голема%20насмевка
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Паланчански Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2007
Локација: Dubrovnik
Статус: Офлајн
Поени: 1655
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Паланчански Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 12:28
Се се врти околу парите.
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 10:44
Арно ама со тие пари одредена група на граѓани (токму толку колку и се потребни на позицијата) ќе биде условена по секоја цена- иако по изборите ќе бидат измамени, да гласаат за листа, градоначалник и претседател кој ќе и го напише предвреме позицијата.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2009 во 20:34
  Едукација ќе треба и за избирачките одбори...и за граѓаните. Еве што донесува денешно Време
 

Време, број 1609, 05.03.2009




     

ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЛИВЧИЊА ОСТАВААТ ПРОСТОР ЗА ИНЦИДЕНТИ
Ќе се гласа како на фабричка лента

Тони Ангеловски

Големи турканици, метеж и напната атмосфера се очекува на денот на изборите поради големиот број ливчиња, со што ќе се зголеми и просторот за инциденти, предупредуваат од невладините организации. Проблемот е најголем во Скопје, каде што гласачите треба да пополнат пет ливчиња и тоа по едно за претседател, градоначалник на градот и советници и уште две за општински татко и советници. Во зависност од бројот на гласачи во избирачкото место, се зголемува и опасноста од инциденти и турканици. На пример, на избирачкото место 2590 во Скопје има регистрирано 1.333 гласачи, кои правото на глас треба да го остварат за 12 часа, а во исто време можат да гласаат најмногу по четворица колку што има и паравани во просторијата. На ова изборно место за еден час можат да гласаат само 28 гласачи на секој параван. Тоа значи дека секој гласач има само две минути да биде евидентиран во двата избирачки списоци, да биде испрскан со спреј, да ги заокружи кандидатите и да ги стави ливчињата во избирачките кутии. - Ова се можеби најкомплексните избори што нашата држава ги има одржано во својата историја. Најспецифична е ситуацијата во Скопје, каде што доколку граѓанинот сака да гласа и за претседател и за локални власти, ќе треба да добие пет ливчиња и да ги вметне во пет различни кутии, а во исто време да се потпише и на два различни избирачки списоци. Тоа значи дека времетраењето за спроведување на гласањето од избирачкиот одбор ќе биде многу подолго - вели Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ. Според него, тоа може да предизвика нервоза поради долгите редици пред избирачките места, па дури и инцидентни ситуации. - Можно е да се појави тензија поради неможноста на Избирачкиот одбор ефикасно и ефективно да ја спроведе процедурата од технички и физички капацитет. Затоа, многу е важно да имаме добро едуцирани избирачки одбори, добра кампања за едукација на граѓаните за тоа што може да очекуваат на избирачкото место и се разбира конструктивност на политичките партии - објаснува Алексов. По измените во Изборниот законик, во избирачките одбори сега има тројца членови од јавната администрација и двајца од политичките партии. Бидејќи членовите од јавната администрација се избираат по случаен избор, сигурно дека на поголемиот дел од нив тоа ќе им биде прв изборен процес затоа што е мала веројатноста да се погодат токму истите луѓе од претходните избори. Во Државната изборна комисија велат дека се свесни за проблемите што може да се појават и затоа преземаат мерки за да се избегнат таквите проблеми. - На секое гласачко место во Скопје ќе има четири паравани, а во другите градови по два затоа што во Скопје се гласа на пет ливчиња, а во другите градови на три. За да се спроведе што поуспешен изборен процес, веќе спроведуваме обука за секретарите на општинските изборни комисии. Тие потоа треба да спроведат обука на избирачките одбори. Ќе ги информираме и гласачите преку телевизиски спотови и печатени материјали. Се размислува да бидат ангажирани и замениците на членовите на избирачките одбори за да се забрза постапката - објаснува Зоран Таневски, портпаролот на ДИК.


Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 19:06
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

  Едукација ќе треба и за избирачките одбори...и за граѓаните. Еве што донесува денешно Време
 

Време, број 1609, 05.03.2009




     

ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЛИВЧИЊА ОСТАВААТ ПРОСТОР ЗА ИНЦИДЕНТИ
Ќе се гласа како на фабричка лента

Тони Ангеловски

Големи турканици, метеж и напната атмосфера се очекува на денот на изборите поради големиот број ливчиња, со што ќе се зголеми и просторот за инциденти, предупредуваат од невладините организации. Проблемот е најголем во Скопје, каде што гласачите треба да пополнат пет ливчиња и тоа по едно за претседател, градоначалник на градот и советници и уште две за општински татко и советници. Во зависност од бројот на гласачи во избирачкото место, се зголемува и опасноста од инциденти и турканици. На пример, на избирачкото место 2590 во Скопје има регистрирано 1.333 гласачи, кои правото на глас треба да го остварат за 12 часа, а во исто време можат да гласаат најмногу по четворица колку што има и паравани во просторијата. На ова изборно место за еден час можат да гласаат само 28 гласачи на секој параван. Тоа значи дека секој гласач има само две минути да биде евидентиран во двата избирачки списоци, да биде испрскан со спреј, да ги заокружи кандидатите и да ги стави ливчињата во избирачките кутии. - Ова се можеби најкомплексните избори што нашата држава ги има одржано во својата историја. Најспецифична е ситуацијата во Скопје, каде што доколку граѓанинот сака да гласа и за претседател и за локални власти, ќе треба да добие пет ливчиња и да ги вметне во пет различни кутии, а во исто време да се потпише и на два различни избирачки списоци. Тоа значи дека времетраењето за спроведување на гласањето од избирачкиот одбор ќе биде многу подолго - вели Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ. Според него, тоа може да предизвика нервоза поради долгите редици пред избирачките места, па дури и инцидентни ситуации. - Можно е да се појави тензија поради неможноста на Избирачкиот одбор ефикасно и ефективно да ја спроведе процедурата од технички и физички капацитет. Затоа, многу е важно да имаме добро едуцирани избирачки одбори, добра кампања за едукација на граѓаните за тоа што може да очекуваат на избирачкото место и се разбира конструктивност на политичките партии - објаснува Алексов. По измените во Изборниот законик, во избирачките одбори сега има тројца членови од јавната администрација и двајца од политичките партии. Бидејќи членовите од јавната администрација се избираат по случаен избор, сигурно дека на поголемиот дел од нив тоа ќе им биде прв изборен процес затоа што е мала веројатноста да се погодат токму истите луѓе од претходните избори. Во Државната изборна комисија велат дека се свесни за проблемите што може да се појават и затоа преземаат мерки за да се избегнат таквите проблеми. - На секое гласачко место во Скопје ќе има четири паравани, а во другите градови по два затоа што во Скопје се гласа на пет ливчиња, а во другите градови на три. За да се спроведе што поуспешен изборен процес, веќе спроведуваме обука за секретарите на општинските изборни комисии. Тие потоа треба да спроведат обука на избирачките одбори. Ќе ги информираме и гласачите преку телевизиски спотови и печатени материјали. Се размислува да бидат ангажирани и замениците на членовите на избирачките одбори за да се забрза постапката - објаснува Зоран Таневски, портпаролот на ДИК.






За жал вистинито е.
Горка и тешка ќе биде судбината на македонскиот народ.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.