IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Епидемија на заушки во РМ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Епидемија на заушки во РМ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Епидемија на заушки во РМ
    Испратена: 30.Јануари.2009 во 15:03

Епидемија на заушки ја тресе Македонија. На удар се средношколците. Само во јануари регистрирани се 1.209 заболени.

Најмногу заболени адолесценти има во Скопје (288), Кавадарци (160) и Прилеп (137). Епидемиолозите го чешлаат теренот, ги бараат децата родени меѓу 1989-та и '97-ма година кај кои е направен пропуст во вакцинирањето.

Министерство за здравство утре ќе излезе со препораките до населението.

„Се преземаат сите потребни мерки на самиот терен. Сите деца до 14-годишна возраст кои не примиле две дози на вакцина против заразни заушки, подлежат на две дози и се опфаќаат на целата територија на Република Македонија“, изјави Гордана Кузмановска, епидемилог - РЗЗЗ.

Ова е најголема епидемија на заразни заушки во последните 25 години. Епидемијата започна од крајот на 2007-ма, кулминација достигна во декември минатата година, со галопирачки пораст и оваа година.

Во критичните години, 24 проценти од децата воопшто не биле вакцинирани, 42 проценти добиле само една вакцина, а 32 проценти коишто ги добиле трите вакцини, воопшто не развиле имунитет.

Тогаш, поради финансиски тешкотии на Министерството, амбулантите сами се снабдувале со вакцини.

Болеста се пренесува преку дишење и допир, а се манифестира со оток на грлото и дишните органи. Кај машките може да доведе и до траен стерилитет.


Превземено од сајтот на А1.


Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 15:12
Од денешен Дневник

Заушките излегоа од контрола. Освен што се шират и кај поголемите деца, вирусот почна да ги напаѓа и вакцинираните. Дури 35 отсто од 1.200 заболени во јануари претходно примиле две дози од вакцината, а една третина биле заштитени со една доза. Бидејќи заразата се проширила и кај тинејџерите, кои сочинуваат повеќе од половина од заболените, Комисијата за заразни болести вчера препорача итна вакцинација и на младите од 15 до 19 години што не се вакцинирани и кај кои не постои писмен доказ за прележана болест, мерка што досега важеше само за деца до 14 години.

Стручњаците од Министерството за здравство стравуваат дека ако болеста продолжи да се шири со ова темпо, може да се заразат меѓу 50.000 и 60.000 лица, а вакцинацијата ќе мора да се прошири на целото население. Мирни се само тие што ја прележале болеста.
Иако помина една и пол година откако оваа заразна болест се шири во земјата, Министерството за здравство дури сега ќе бара финансиска и стручна помош од Светската здравствена организација (СЗО) за процена на имунолошкиот статус на вакцинираното население. Родителите на средношколците и на основците се во паника и ги проверуваат книшките и вакциналните картони на своите деца. Во Републичкиот завод за здравствена заштита велат дека досега кај 16 отсто од заразените се појавиле компликации, односно кај повеќе од 1.000 лица, бидејќи лани имало околу 6.000 болни, а годинава повеќе од 1.200.

Само на Инфективната клиника во Скопје во јануари се јавиле 234 болни од заушки: 50 биле хоспитализирани, 20 добиле компликации - отечени тестиси, а 18 заболеле и од менингитис. На прашањето зошто поголеми мерки за заштита не биле донесени уште лани, кога во 12 града беше прогласена и епидемија, Јованка Костовска, советничка во Министерството за здравство, објаснува:

- Дури лани во декември забележавме дека се разболуваат и деца од 15 до 19 години, кои се вакцинирани. Не ја знаеме причината за тоа - дали вирусот е толку силен, па ги напаѓа и тие што се заштитени. Затоа бараме помош од СЗО за да видиме кој тип Ѓ вирус ја предизвикува болеста. Затоа и излеговме до рамките на Правилникот за задолжителна имунизација и препорачавме таа да се врши и кај лица до 19 години. Епидемии од заушки имало и во развиени европски земји и во САД. Иако се правени испитувања, не бил откриен предизвикувачот.

Кај нас во првите години од задолжителната вакцинација имаше вакцини од УНИЦЕФ, а потоа сами ги набавуваме. Имунизацијата се врши од 1982 година, а ревакцината е воведена во 1997 година. Од пред шест години ги имаме најквалитетните вакцини - вели Костовска. Има 14 типа вируси што може да предизвикаат заушки, а со вакцините се штитиме од еден до три типа. В.д. директорот на Клиниката за инфективни болести, Ѕвонко Миленковиќ, тврди:

- Што и да преземевме, ќе се случеше ова. Не можеме мува да тепаме со топ, наместо со „пипс“. Лани не беа создадени услови за да се преземат други мерки и да се прошири обемот на вакцинација во однос на возраста. Бараме помош од СЗО во реагенси и тестови за да процениме дали вакцината штити од овој вирус што сега циркулира. Неопходно е болниот да се изолира и да мирува. Не значи дека кај секој што ќе добие воспаление на полните жлезди ќе се јави и стерилитет - вели д-р Миленковиќ.

Лекарите велат дека само тој што ја прележал болеста е сосема заштитен и не може пак да добие заушки. Епидемиолозите во РЗЗЗ вчера не знаеја да одговорат колку вкупно деца биле вонредно вакцинирани од јули минатата година досега и дали и меѓу нив сега има заболени. Таа информација ќе биде позната дури во декември, бидејќи ќе се евидентира со лицата што биле редовно вакцинирани.
Иако помина една и пол година откако оваа заразна болест се шири во земјата, Министерството за здравство дури сега ќе бара финансиска и стручна помош од Светската здравствена организација (СЗО) за процена на имунолошкиот статус на вакцинираното население. Родителите на средношколците и на основците се во паника и ги проверуваат книшките и вакциналните картони на своите деца. Во Републичкиот завод за здравствена заштита велат дека досега кај 16 отсто од заразените се појавиле компликации, односно кај повеќе од 1.000 лица, бидејќи лани имало околу 6.000 болни, а годинава повеќе од 1.200.


СТАВ
Стерилни мерки

Иако една и пол година здравствените власти велеа дека преземаат мерки и во 12 града прогласија епидемија на заушки, вирусот излезе од контрола. РЗЗЗ и Министерството за здравство дејствуваат како раштимуван оркестар и си ја префрлуваат одговорноста, наместо да се справуваат со епидемијата, која може да предизвика и стерилитет кај машките. Зошто уште пред една година не беа вакцинирани и младите до 19 години? Подобро надлежните да излезат од Правилникот, кој пропишал вакцини само за лица до 14 години, отколку да се лекуваат последиците што може да ги предизвика ова заразно заболување.Се покажа дека подарените вакцини од УНИЦЕФ пред 18 години сега многу скапо ги плаќаме. Пребавната статистика на болестите што се води во РЗЗЗ мора да се забрза и да биде во служба на вонредните мерки. Најчудно од се' е што бараме пари од СЗО за студија. Здравствениот денар даден за камери и за кампањи, сепак, можеше да се пренасочи во превентивата.

Љубица Балабан







Изменето од Biba_G - 30.Јануари.2009 во 21:35
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 15:22
Аман бре, па од што?
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 15:30
Дури лани во декември забележавме дека се разболуваат и деца од 15 до 19 години, кои се вакцинирани. Не ја знаеме причината за тоа - дали вирусот е толку силен, па ги напаѓа и тие што се заштитени. Затоа бараме помош од СЗО за да видиме кој тип Ѓ вирус ја предизвикува болеста. Затоа и излеговме до рамките на Правилникот за задолжителна имунизација и препорачавме таа да се врши и кај лица до 19 години. Епидемии од заушки имало и во развиени европски земји и во САД. Иако се правени испитувања, не бил откриен предизвикувачот.
(од претходната статија)

-Не се знае од што


Изменето од Biba_G - 30.Јануари.2009 во 15:30
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 15:46

А како да се дознае од што? Има ли начин?
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 17:19
јас ги прележав,во мај
од сестра ми се заразив,20 дена од дома не мрднавме
во една од примените вакцини,недостасувало некој состав и била помешана со некој прашок

опасно е многу,немав сила ни да зборувам
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 17:39
во велес најмногу ги имаше минатата година... хаос беше... посебно по школите... по цели класови имаше болни... јас не ги фатив ( за среќа ) ама едно девојче од класот да... многу биле лоши... а сега вирусот бил мутиран па и тие вакцинираните добивале...

ни викаа да одбегнуваме да се поздравуваме со бакнеж во образ, да се гушкаме... само да не бидеме поблиску еден со друг...
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 18:34
Заушки
Епидемичниот паротит или заразни заушки е акутно заразно заболување кое првенствено ги зафаќа паротидните жлезди, но можат да бидат зафатени и другите плунковни жлезди, како и половите жлезди, мозочните обвивки и панкреасот.

ЕТИОЛОГИЈА
Причинител на заболувањето е вирус (Mumps Virus), кој спаѓа во групата на осетливи вируси. За разлика од некои други респираторни вируси, сепак може да опстане извесно време во надворешната средина, што пак ја условува можноста за негово пренесување и по индиректен пат – најчесто преку свежо контаминирани предмети.

КЛИНИЧКА СЛИКА
Периодот на инкубација варира од 10-25 дена, но најчесто изнесува околу 18 дена. Болеста започнува наеднаш, со појава на општи симптоми: малаксаност, губење на апетит, главоболка, покачена температура. Отокот што се појавува во задвиличниот предел (најпрво еднострано, а потоа и на другата страна) дава чувство на затегнатост, болки во пределот на увото, болка при зборување и џвакање, како и намалено лачење на плунка и сува уста.
Честото зафаќање на машките полови жлезди (тестисите) во вид на орхитис и мозочните обвивки (менингитис) се смета за локализација на процесот во други органи, а не компликација на болеста.

ЕПИДЕМИОЛОГИЈА
Единствен резервоар и извор на зараза кај заразните заушки е човекот, кој е заразен за околината неколку дена пред почетокот на болеста и околу една недела по појавата на првите симптоми.

Основен механизам и пат на пренесување е воздушно-капковиот. Вирусот се исфрла во надворешна средина преку Флигеовите капки (при зборување, кашлање, викање) и со вдишување се внесува во здрав организам.
По директен пат, вирусот може да се пренесе преку бакнување, а индиректен пренос е можен преку свежо загадени предмети од околината (играчки, прибор за јадење, чаши и сл.).

Болеста е космополитска и распространета е во сите земји во светот. Во земјите каде се спроведува системска вакцинација против оваа болест, морбидитетот е драстично опаднат, во зависност од тоа колку долг период се врши вакцинацијата и каков е опфатот.

По прележувањето на болеста, останува солиден доживотен имунитет, иако има податоци и за можно повторно заболување со блага клиничка слика. После вакцинацијата, се создава солиден и долготраен имунитет, со можна повторна инфекција, повеќе години после вакцинацијата.

Заразните заушки се јавуваат најчесто со поединечни случаи, но не е ретко и епидемиското јавување, особено во детските и младински колективи.

Најзафатена возрасна група се децата на возраст од 5-15 години, но ако детето не ја преболело инфекцијата во оваа возраст, може да заболи и во подоцнежна возраст.

Ова заболување има типичен сезонски карактер, со најголем број заболени во зимско-пролетните месеци, а минимум во летниот период.
МЕРКИ НА ПРЕВЕНЦИЈА
Општите мерки на превенција што се применуваат за сите респираторни заболувања (болести што се пренесуваат по воздушно-капков пат) важат и за паротитот, иако се најчесто без поголем успех: помала густина на сместување во колективите (детски и младински), проветрување и загревање на просториите и сл. Поважна е изолацијата на заболените (да не одат во градинка, училиште), нивното пријавување до надлежната епидемиолошка служба и лекување.

Можност за успешна превенција нуди вакцинацијата против оваа болест, како специфична превентивна мерка.
Вакцинацијата против паротит во Македонија, како и за другите заболувања за кои задолжително се спроведува, е законски регулирана и се спроведува со давање една доза вакцина на деца со навршена една година од животот (во 13 месец), и повторно, со давање на една доза ревакцина на 7-годишна возраст, согласно Календарот за вакцинација.

Вакцинацијата може да се врши со давање на моновалентна (mumps вакцина) или поливалентна вакцина која ја содржи компонентата за паротит (МП, МРП). Кај нас, во употреба е комбинирана вакцина против мали сипаници, рубеола и паротитис (МРП).

ЛЕКУВАЊЕ
Лекувањето е симптоматско. Случаите со секундарна локализација на други органи или појава на компликации, бараат хоспитализација на заболените.
------------------------------------------------------------------------
Препорачано е да се пие Ц витамин и Б витамин со цел да го зајакнете Вашиот имунолошки систем, бидејќи доколку дошла некоја бактерија за заушки да може Вашиот имунолошки систем да даде отпор.
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 19:15
Никако шлапање по образи со муцките
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 19:30
Е да, баш денес разговаравме на оваа тема: Заушки, пошто е актуелно. Биба добро го пренела сето ова, опширно и точно. Се јавуваат симптоми блиску увото, кај плунковите жлезди се јавуваат како топчиња кои се под кожата. Кај женските не е опасно, но кај машките да, бидејќи ИМА веројатност да настане стерилитет ( што и не мора да значи ).
А инаку велат дека вакцината МРП што сме ја примиле од 90` до 94` не била успешна. Бидејќи Македонија во периодот од 1990 до 94` набавувала кинески вакцини кои не биле исправни. Па сега којзнае колку е тоа точно...
Кон врв
DAC23 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 357
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAC23 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 19:41
sve nesto ne e ispravno kaj nas mene me zanima mi rekoa stom ednas si ja prelezal ovaa bolest ne mozi da te zgraba po vtor pat sega mi velat pa ne e taka nekoj postrucen za ova prasanje dali ednas prelezanite zauski mozat da te fatat na repriza

Изменето од DAC23 - 30.Јануари.2009 во 19:41
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 20:35
Еднаш прележаната болест остава траен имунитет...значи, не постои шанса за репризисреќаголемо%20гушкање
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 23:05
Originally posted by Biba_G Biba_G напиша:

Еднаш прележаната болест остава траен имунитет...значи, не постои шанса за репризисреќаголемо%20гушкање


Среќа у несреќа.........
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 23:09
уф колку бе грозна тие денови
дури и се сликав
главава како топка
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.