|
БУДИЗАМ |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Тема: БУДИЗАМ Испратена: 06.Јануари.2009 во 19:58 |
Будизмот се базира на учењата на Сидарта Гаутама и денес генерално е прифатен како религија, иако според неговите принципи не одговара потполно на ваквата класификација. Будизмот го трасцендира Бога, се дистанцира од теологија и догми, посветува подеднакво внимание на човечката спиритуалност и природната егзистенција и го гледа светот како неддделиво единство на се она што постои во него.
ДЕСЕТ БУДИСТИЧКИ ЗАПОВЕДИ 1. Не убивај. Во поширока смисла - не врши никакво насилие. 2. Не кради. Во поширока смисла - не прави никакво мамење или економско експлоатирање. 3. Не лажи. Во поширока смисла - не ја искривувај вистината, не оговарај, не клевети и не етикетирај. 4. Не го злоупотребувај сексот. Во поширока смисла - не го изневерувај сопружникот, не го користи сексот како експлоатација ( вклучувајќи го и сопружникот ) или присила за материјална или било каква друга корист. За монасите и монахињите ова значи комплетно дистанцирање од сексот. 5. Рестрикција од конзумирање алкохол и дроги. Во поширока смисла - рестрикција од сето оноа што го заматува умот и што го одделува човекот од реалноста. * Следните пет заповеди се наменети за оние најстрикните, како и за оние кои се приготвуваат за монашки живот. 6. Редовно земање храна. 7. Рестрикција од пеење, танцување, драматизирање. 8. Рестрикција од користење накит, парфеми и препарати за лично разубавување ( шминка ). 9. Рестрикција од користење на високи столици или било какви повисоки места за седење или стоење. 10. Рестрикција од примање и поседување на злато и сребро. Ова се основните Десет Заповеди, а постојат и многу нивни варијанти. Така, Теравада монасите се заветуваат дека ќе живеат според 227 заповеди. ЧЕТИРИ ВОЗВИШЕНИ ВИСТИНИ НА БУДИЗМОТ 1. Страдањето и патењето се реалност. 2. Постои причина за страдањето - тоа е желбата да се поседуваат и да се контролираат работите во животот од секој можен аспект и форма. 3. Има крај на страдањето - тоа се случува со постигање на Нирвана, доживувањето на потполната и комплетната слобода од зависноста од желби и задоволства и потребата за контрола. 4. За да се достигне крајот на страдањето треба да се следи Осумкратниот Пат. ОСУМКРАТНИОТ ПАТ НА БУДИЗМОТ 1. Разбирање на Четирите Возвишени Вистини. 2. Правилно размислување и следење на вистинскиот животен пат. 3. Внимателно и коректно говорење и комуницирање со луѓето без лажење, осудување, критицизам, оговарање или употреба на груб и невкусен јазик. 4. Однесување според Десетте Заповеди. 5. Подржувај се себе си без да им наштетиш на другите. 6. Промовирај и негувај добри мисли, а победувај и отфрлај лоши мисли. 7. Биди секогаш свесен и буден за своето тело, ум и чувства. 8. Медитирај за да постигнеш повисок степен на свесност. БУДИСТИЧКИ ВРЕДНОСТИ - сопствено просветлување - неконформирање со материјалните вредности - непрекината будност на свеста која не е афектирана од моменталните материјални збиднувања - независност и ослободување од било какво материјално искушение - потполен умствен мир и спокојство - безрезервно и неограничено милосрдие - апсолутна скромност - незаинтересираност за постигање било какви цели - неприфаќање на илузијата како интерпретација на реалноста ОСНОВНО БУДИСТИЧКО ВЕРУВАЊЕ Иако различните форми на Будизам имаат извесен број на различни традиции, заедно за сите нив е верувањето во реинкарнација - повторно раѓање по умирањето. Всушност, реинкарацијата е перпетуална и луѓето минуваат преку многу непрекинати циклуси на умирање и раѓање додека дефинитивно не се одделат од своето Его и желбите кои се негов недделив елемент. Тогаш се постига Нирвана - состојба на комплетно и потполно ослободување на секакво патење и страдање. ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА ПРАКТИЦИРАЊЕ БУДИЗАМ 1. Сила : доблест, морал, добро однесување кое се базира на два основни принципи : - Сите живи суштества се рамноправни - Златно правило на реципроцитет : Прави им на другите оноа што сакаш да ти биде правено тебе. 2. Самади : разбудување и развивање на свеста преку медитација. Ова пак, од друга страна, го проширува умот и ја зацврстува контролата врз него со кое се помага првото начело Сила. 3. Пражна : просветленот, увид, мудрост кое произлегува од умствената смиреност и чистина. ГЛАВНИ ФОРМИ НА БУДИЗАМ - Теравада Будизам ( најприсутен во јужна Азија ) - Махајана Будизам ( северна Азија и Јапонија ) - Варајана Будизам ( таканаречен Тантрик Будизам ) кој некои го сметаат како дел од Махајана Будизмот На овие три главни поделби можат да се додадат уште две : - Тибетантски Будизам ( негуван во Тибет и развиен од Теравада и Махајана Будизмот ) - Зен Будизам ( потекнува од кинескиот Махајана Будизам ) Во модерно време се појавува едно движење кое се обидува да ги спои горенаведените во една модерна Будистичка форма. BUDIZMOT I BOG Vo Budizmot nema Vrhovna Sila (Bog). Budistite ne negiraat postoenje na nadprirodni bitija (devi), no iako tie imaat pogolema sila od lugjeto, ne se nitu priblizhno do onoa shto se podrazbira pod terminot Bog. Devite, spored nasheto razbiranje na neshtata, mozheme da gi pretpostavime kako bogovi, no nitu edno ne e Apsoluten i Ultimativen Bog, nitu mozhe da bide toa. Ushte povekje i ovie bogovi stradaat kako lugjeto od ljubomora, alchnost, zhalenje, posesivnost, lutina i minuvaat preku svojata karma so umiranje i povtorno ragjanje dodeka ne postignat nirvana. Bidejki Buda go pokazhuva patot do nirvanata toj e uchitelot na lugjeto i bogovite. A bidejki Buda e chovek koj go pronashol patot i se prosvetlil, toj ne e Bog, pa zatoa vo Budizmot, za razlika od onoa shto napravilo Hristijantvoto so Isus, ne postoi Budino poistovetuvanje so Bog. Vo Budizmot kreator e umot. Postoi samo onoa shto e sozdadeno od umot. Umot e generatorot na site manifestacii. Vo Budizmot nema Kreator nadvor od Kreacijata, nitu Kreacija nadvor od Kreatorot. Toa e Ednobitie. Onoa shto nie go percepirame kako mozaik na razlichnosti e posledica na odredeniot nachin na razmisluvanje koj ja prizveduva taa iluzija. Tokmu takvata fragmentacija na Ednobitieto e prichinata za site nashi patenja, grevovi, nerazbiranja, kako i nedostatok na ljubov i milosrdie. S'e dodeka Ednobitieto go diskriminirame kako mnogubitie nema nikogash da se prosvetlime i sekogash kje zhiveeme vo nezadovolstvo, grev, taga i ultimativno vo histerija. Ednobitieto e sinteza na onoa shto nie podrazbirame kako krajnosti: "dobro" i "losho", "ispravno" i "greshno", "pozitivno" i "negativno", "temno" i "svetlo", "studeno" i "zheshko", "plus" i "minus", "jas" i "ti"... Spored toa, ne postoi ultimativo i ednostrano "kako treba" i "kako ne treba", pa posledovatelno ne mozhe da se govori za nekakva Bozhja nagrada i kazna za onoa shto e samo Edno i Edinstveno vo egzistencijata na s'e i seshto.. Buda rekol deka ne postoi Bog kako nekakva Visha Sila nadvor od nas koj go sozdal Svetov, pa kaznuva i nagraduva spored zaslugite. Vovednite zborovi na Dhammapada (Budini pisanija) velat: Site manifestacii se proizvod na umot, Umot e niven gospodar, tie se negovi cheda. Dalaj Lama: Voved vo Budizmot Изменето од Messenger - 06.Август.2010 во 04:13 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Испратена: 14.Декември.2009 во 15:37 |
Koj se tie Chetiri Vozvisheni Vistini?
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 14.Декември.2009 во 17:13 |
Napishani se vo vovednot tekst:
ЧЕТИРИ ВОЗВИШЕНИ ВИСТИНИ НА БУДИЗМОТ 1. Страдањето и патењето се реалност. 2. Постои причина за страдањето - тоа е желбата да се поседуваат и да се контролираат работите во животот од секој можен аспект и форма. 3. Има крај на страдањето - тоа се случува со постигање на Нирвана, доживувањето на потполната и комплетната слобода од зависноста од желби и задоволства и потребата за контрола. 4. За да се достигне крајот на страдањето треба да се следи Осумкратниот Пат. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 18.Февруари.2010 во 04:52 |
Mnogu poznati lugje vo minatoto bile privlecheni od Budizmot tokmu poradi negovite kvaliteti, pa taka Albert Einstein za nego napishal:
Religijata na idninata ke treba da bide kosmichka religija. Taa ke go trascendira lichniot Bog i ke gi otfrli dogmite i teologijata. Obedinuvajki gi materijalnoto i spiritualnoto, taa ke se bazira na religioznoto chuvstvo pridvizheno od site prirodni (materijalni) i spiritualni iskustva kako edno logichno edinstvo. Na ovoj opis odgovara Budizmot. ... Ako voopshto ima nekoja religija koja mozhe da odgovori na potrebite na modernata nauka, toa bi bil edinstveno Budizmot. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 18.Февруари.2010 во 04:54 |
Ednash, pred okolu 2600 godini imalo edno golemo carstvo. Carot imal sin i sakajki da go napravi apsolutno sreken i zadovolen, naredil da dobie najdobri uchiteli poznati vo toa vreme, sekoja negova zhelba da bide zadovolena i osven mladi lugje, na negovi godini , nikoj drug da nema nikakov kontakt so nego. Nikogash postar ili bolen chovek da ne bidi viden od ochite na princot.
I princot taka zhiveel bukvalno vo Raj na zemjata. Vo negoviot realen sekojdneven svet techelo med i mleko vmesto voda, zhiveel vo gradina so egzotichni drva, cvekjinja, ptici i zhivotni... Toa sto vernicite denes si go posakuvaat na nebesata posle ovoj zemjen zhivot, princot go imal od momentot koga doshol na ovoj svet. Koga porasnal se ozhenil za najubavata devojka vo carstvoto. Eden den, sosem sluchajno, nekoj star chovek vlegol vo gradinata i princot go videl. Staroto bezzabo lice na chovekot ostavilo tolkav vpechatok, sto princot pomislil deka se soochil so neshto najuzhasno sto mozhe da postoi, pa i poveke od toa. Od toj mig mu stanalo jasno deka celiot zhivot zhiveel samo vo iluzii. Mozhebi negovata iluzija bilo sovrshenstvoto za site drugi lugje, no bezdrugo taa bila samo edna iluzija, eden pat koj bil sozdaden od negoviot tatko, iako so najdobri mozhni nameri ... Edna vecher, princot razocharan od svoeto soznanie, ja soblekol svojata zlatna obleka, se nafrlil so eden bel charshav i izlegol od svojot dvorec. Zad sebe go ostavil seto bogatstvo, rajskata gradina, zenata so novorodenoto dete, site svoi prijateli, prijatelki, slugi, devici, medot, mlekoto ... i otishol vo nesovrsheniot, grdiot, smrtniot svet da ja bara smisolta, sushtinata, tajnata na Bozhjata Kreacija i svoeto postoenje kako nerazdvoen del od nea. Od princ stanal pitach. Odel od eden kraj do drug kraj na carstvoto vo potraga po vistinata. Odel od eden uchitel do drug, od eden svetec do drug, od edno shkolo do drugo i religiozno gi sledel site soveti, mantri, vezhbi, postenja... i kolku sto poveke baral, se poveke stanuval konfuzen i nezadovolen. Sekoj chovek odamna bi krenal race od traganjeto, no princot ne bil obichen tragach... toj bil determiniran deka mora da go najde vistinskiot odgovor i vistinskiot pat... Eden den, samo sto zavrshil so postenjeto i vezhbanjeto naucheni od posledniot negov uchitel, vlegol vo edna mala rekichka da se iskapi i da se osvezhi. No tolku bil istoshten od postot, sto edvam se zadrzhal vodata da ne go povleche so sebe i da ne se udavi. Izvlekuvajki se na bregot, princot si pomislil: - Site uchiteli i sveti lugje me uchea deka svetov e kako beskraen okean i deka mora da pochituvam vakvi ili onakvi naredbi, vezhbi i molitvi za da go minam i da dojdam do blazhenstvoto. Ako e taka, togash se sto sum pravel do sega bilo pogreshno, bidejki sledejki gi site nivni soveti jas se dovedov sebe si vo sostojba da ne mozham da ja minam ovaa malechka rekichka, a kamoli da go preplivam toj beskraen okean. Jas do sega, celi 6 godini, popusto si gi troshev moeto vreme. Princot, kompletno istoshten, se dovlechkal do prvoto drvo i sednal pod nego. Krajno iscrpen, zaspal vo dlabokt son... Za prv pat zaspal so chuvstvoto na potpolno osloboduvanje od sekakvi grizhi, traganje, baranje, istrazhuvanje, veruvanje... Za prv pat zaspal onaka kako sto Bog prvichno go sozdade chovkot na zemjata - kako dete. I utroto, so ischeznuvanjeto na poslednata zvezda na neboto ischeznal i toj, Gautama Sidarta, i se razbudil Buda. Celata taa nok na odmor, mir, spokojstvo, bez cel za postiganje bilo sto, go razbudi princot Sidarta i mu pokazha deka prosvetluvanjeto bilo sekogash vo nego i deka sekoe obid da go pronajde nadvor od sebe, sledejki tugji patishta, bilo edno kompletno promashuvanje, gubenje vreme i energija i na krajot siguren nachin za razocharuvanje, tokmu vo momentot koga go ochekuval baraniot rezultat. Ironijata e deka duri nitu mnogumina od onie koi mu se posvetile na Budizmot go nemaat razbrano ovoj prekrasen moment. Sekako deka toa vazhi i za ostanatite lugje. Oti ako se prezentira ovaa vistinska sluchka, onaka kako sto se zbidnala, togash bi se postavile prashanjata - koja e celta na postoenjeto na site tie sveshtenici, pisanija, hramovi, dogmi, obichai, tradicii?... Koja e celta na gradenjeto krajno elaborirani teologii... koga seto toa na krajot ke mora da go ostavime zad sebe i da si zamineme tokmu onaka kako sto dojdovme - kako deca ? " |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 06.Август.2010 во 03:09 |
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 06.Август.2010 во 03:19 |
Sakaj go svojot neprijatel MOKJTA NA PROSTUVANJETO Изменето од Messenger - 15.Септември.2011 во 20:04 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 06.Август.2010 во 03:24 |
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 06.Август.2010 во 03:34 |
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 06.Август.2010 во 03:43 |
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 06.Август.2010 во 04:00 |
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 14.Август.2010 во 05:32 |
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 14.Август.2010 во 05:44 |
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 14.Август.2010 во 05:53 |
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |