|
Мали совети за рамен стомак |
Внеси реплика |
Автор | |
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Декември.2008 во 12:25 |
Стомакот е едно од најчестите места каде што се собира вишокот
килограми, а што е најлошо на крајот тие килограми тешко се симнуваат.
За да не се повторуваме по кој знае кој пат дека треба да ги
избегнуваме газираните пијалоци кои го надувуваат стомакот, солта која
ги задржува течностите во организмот и ги пумпа клетките со вода, како
и пиењето вода веднаш после јадење затоа што ги разредува киселините за
варење, еве неколку мали, но ефективни совети за рамен стомак.
Ако почнете диета без вежби точно дека ќе изгубите килограми, но
стомакот ќе се опушти. Ако пак само вежбате и продолжите да јадете како
и досега нема многу да постигнете. На вас останува како тоа ќе го
искомбинирате, а еве што уште да воведете во мисијата за рамен стомак:
Нежно удирајте се по стомакот! Еден кривец за изразено стомаче
може да е лошото варење. Многу жени патат од овој проблем, но зошто?
Кога храната подолго се задржува во цревата се создаваат гасови кои го
зголемуваат волуменот на стомакот. Едноставен трик кој ќе ви помогне да
се решите од тој проблем е пола час по јадење да легнете на грб, со
свиткани колена, а после тоа 5 минути нежно удирајте по стомакот, се
разбира да не се помодрувате. Прво притискајте на стомакот со врвовите
од прстите лево и десно од папокот, а потоа тапкајте со дланките. Така
ќе го забрзате варењето на храната.
Вовлечете го стомакот! Ефектот е двоен - кога го вовлекувате
стомакот автоматски изгледате повитки. Но, повторувајќи го тоа неколку
пати дневно, трудејќи се да останете во таа положба неколку секунди, ги
зајакнувате и мускулите.
Направете си купка за витка линија! Фантастично ќе ве опушти, а
во меѓувреме може да поработите на својата линија. Испробајте го
следниов рецепт: направете мешавина од шест капки лимонов сок, две
капки чемпресово масло и две лажици павлака и тоа истурете го во
водата. Уживајте 20 минути. Ваквата купка ја поттикнува циркулацијата и
ја затега кожата.
Термотерапијата го топи салото. Со топлотната терапија го
исфрлате вишокот течности од организмот и обемот на стомакот брзо се
намалува. Направете пакување со втривање на малку антицелулитен лосион
на стомакот, ставете најлонска ќеса и оставете да делува 15 минути.
Магдоносот како зачин! Оваа трева содржи силикатна киселина која го зацврстува ткивото. Пробајте да пиете по три шолји чај од магдонос дневно.
Сиров зеленчук до 17 часот! После пладне пак ви се јаде, што е
многу нормално, а најважно е само да го изберете тоа што треба. Сосема
е логично волуменот на стомакот во текот на денот да се зголеми, но да
биде надуен уште од самото утро, за тоа може виновна да биде вечерата.
Во текот на ноќта варењето е успорено а тешко сварливата храна како што
е сировото овошје и зеленчук му тежат на желудникот. Заради тоа
салатата јадете ја само до 17 часот.
И ништо без вежбање! За подобро согорување на масното ткиво најдобар е аеробикот.
Најдобар план за симнување на масните наслаги е диета во
комбинација со аеробик. Стомачните вежби ги зајакнуваат мускулите на
стомакот, но не делуваат на масните наслаги кои се наоѓаат помеѓу
мускулите и кожата. Затоа најдобар план за рамен стомак е испробаниот
рецепт заснован на 70% правилна исхрана, 28% кардио вежби и 2%
стомачни.
|
|
|
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i mnooooogu stomacni vezbi
|
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vaka za da se ima ramen stomak na koj ti se poznavaat muskulite trebaat 3 raboti.
1.Da nemas skoro ic salo 2.Da imas stomacni muskuli 3.Da imas i drugi muskuli za kozata ad bidi dovolno rastegnata. |
|
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жената е по еротска ако има малку и стомакче,абре Донке Македонке
|
|
Љубов и само љубов
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Стомачни вежби: напорно, но ефикасноСтручњаците за фитнес велат дека повеќето луѓе имаат цврсти стомачни мускули, но тие главно не се видливи поради дебелината!!! Значи, за да бидат видливи, телото треба да е што повито. За да го намалите масното ткиво околу стомакот, треба да комбинирате аеробни активности (трчање, пливање, возење велосипед) со вежби за зајакнување (тегови, склекови, стомачни вежби). Аеробните вежби го забрзуваат метаболизмот и тој ефект трае 1 час, а вежбите за зајакнување даваат ефект кој трае 48 часа. Покрај ова, невозможно е да се намали телесната маса само на еден дел од телото, а тоа значи дека програмата за вежби е корисна за цел организам. Пилатесот е забавен и корисенПилатес вежбите се одлични за правилно држење на телото кое овозможува израмнување на стомакот. Ако поголем дел од денот седите, со свиткан грб, вашите стомачни мускули со текот на времето ќе ослабат, а стомакот ќе биде истакнат. Пилатес вежбите се осмислени да ги активираат „мускулите на јадрото“ (од карлицата до рамената), да му дадат потпора на ’рбетот, да го израмнат стомакот и да го исправат држењето на телото. Затоа, и кога пешаќите, обидете се да го вовлечете стомакот. Доволно е да постапите така само 1 ден, па да ги почувствувате ефектите. Поинаква исхранаИ нутриционистите и стручњаците за фитнес ја истакнуваат користа од пиењето на 8 чаши вода на ден (вкупно 2 л). Покрај тоа, се советува и исхрана од растителни влакна, но без вода, овој процес не би бил ефикасен. Вода ја подига содржината во дебелото црево, а тоа обезбедува редовна дефекација и ја спречува надуеноста. Најлесен начин за внесување на растителни влакна во организмот е консумирање на овесна каша или корнфлекс житарки за појадок. Пешачете колку можете повеќе...
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....мостови,правете мостови. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,,zagor ,,,aeee,,,drtalo staro ,,,ko mene odvamu,,,aaiii,,,ti i jas ramen stomak,,,,a pivceto,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...во секоја тема по една слика.Тоа е планот за 2013/
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вежби за „стомачни“ на вашиот каучСекогаш постојат оние денови кога едноставно не може да одите до фитнес центарот…Дали поради мрза, лоши временски услови или недостиг на време. Во такви ситуации еве едно видео во кое ќе видите дека со помош на вашиот тросед или двосед може да направите многу корисни вежби за вашите „стомачни“. Од сигурни извори знаеме дека успеваат ;) |
|
marchi.be
Нов член Регистриран: 08.Март.2016 Статус: Офлајн Поени: 30 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
auuu....ubava rabota ama mene me mrzi
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Први подготовки пред лето: 7 вежби за рамен стомакИако дури и сега е веќе доцна, сепак за оние кои чекаат да запролети за да почнат да слабеат, сега е вистинско време да почнат со вежбање. Покрај правилната исхрана и диетите со кои веројатно веќе долго се каните да почнете, мора да имате и физичка активност. Доколку сакате да го намалите вишокот околу стомакот, задолжително треба да практикувате одредени вежби кои ќе ви помогнат во тоа. Во продолжение следат неколку ефективни вежби кои сигурно ви се познати, но досега сте ги избегнувале. Вежби за рамен и затегнат стомак со кои треба да почнете што порано:Вежба 1Легнете на грб на земја и свиткајте ги нозете во колената. Со напорот фокусиран на стомачните мускули, подигнете ги малку рамениците од земја и рацете ставете ги зад глава.
Вежба 2Легнете на десната страна и ставете ги нозете една врз друга, благо свиткани во колената, а левата рака ставете ја зад глава.
Вежба 3Легнете на грб и ставете ги дланките зад врат, но обидете се да не се туркате со рацете. Кренете ги нозете нагоре и исправете ги под прав агол со подот.
Вежба 4Легнете на грб и ставете ги рацете над глава, со вкрстени дланки. Стапалата треба да ви стојат рамно на подот.
Вежба 5Легнете на страна со истегнати и исправени нозе. Со подлактицата потпрете се на подот, а нека ви биде поставена под рамото.
Вежба 6Застанете на подот на колена и потпрете се со дланките на подот поставени во линија на рамениците. Главата и вратот треба да ви бидат исправени.
Вежба 7Со оваа вежба ќе се релаксирате и ќе се одморите по сетот вежби. Легнете на стомак и поставете ги рацете на подот во линија со рамениците. Држете го вратот исправен и полека издишете.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |