+++ Da im pomogneme na onie koi imaat potreba +++
Dragi lugje,
Da pokazheme deka, iako vremeto vo koe zhiveeme znae da bide chesto grubo i surovo, a postojano e dinamichno i intenzivno, sepak ne sme dozvolile na situaciite vo koi sme se naogjale da go unishtat vo nas chovechnoto i humanoto.
Od sekogash ljubovta bila taa koja go dvizhela svetot, a ne parite. Da ne beshe ljubovta svetot nemashe da postoi. Ako svetot nastana od Bozhjata Najnesebichna Ljubov, togash Ljubovta e taa koja go odrzhuva vo zhivot. Bozhjata Ljubov e taa koja sekojdnevno go hrani i ispolnuva ovoj svet... Preostanuva nie da se svrtime edni kon drugi i da si priideme edni kon drugi, za da vo svetot zasveti i ogree sonceto na chovechkata ljubov.
Ljubovta go spasuva i ke go spasi svetot!!
Vo prodolzhenie se nekolku akcii kade shto e POTREBNA nasha intervencija. Zapameti - POTREBNA!!! Zatoa, da ne bideme stegnati i sebichni. Da dademe od sebe malku, za da postigneme MNOGU!!
Procitajte, ako imate i ako sakate - donirajte, porakava prepratete ja do site do koi mozhete, bilo preku e-meil, bilo na drug nachin i prebaruvajte sekade kade shto so Vasha makar i najmala intervencija, mozhete da napravite makar i najmalo dobro. Podobro malku, otkolku nishto!
Gospod da Ve pomiluva, da ja izlee vrz Vas Svojata Blagodat, koja e najslatka od se', da Vi podari Spasenie, Vechen Mir, Carstvo Nebesno i zdravje!!
========================
Фондација Т-Мобиле за Македонија
Хуманитарни броеви
070 / 143 – 103 – Борче Стојковски од Свети Николе има дваесет и осум години и боледува од акутна леукемија. На Борче му е потребна итна трансплантација на коскена срцевина која треба да се изврши во Државната клиника во Лајпциг, Германија. За трансплантацијата се потребни 60.000 евра. Донирајте 100 денари од вашата телефонска сметка со повик кон специјалниот број за донации 070 / 143 – 103, или пак повеќе, со уплата на средства на жиро сметката 000769412-2 Стопанска Банка АД Скопје, со назнака Хуманитарна за Борче Стојковски, отворена специјално за оваа намена.
Prevzemeno od web sajtot na "Kapital - magazin za biznis i politika". Link: http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=65&EditionID=575&ArticleID=13181
************************
************************
Да помогнеме заедно
Да бидеме хумани и да им подадеме рака на оние на кои им е најпотребна. Да донираме 100 денари од сметката и внесеме ведрина и насмевка во животите на оние на кои можеме заеднички да им помогнеме. Со едно јавување донирате 100 денари од вашата сметка. Средствата кои ги донирате ќе бидат префрлени на посебни жиро сметки отворени за оваа намена. На овој начин донирате средства кои можат да помогнат на лицата на кои нашата помош им е најпотребна. Во цената не се вклучени 18% ДДВ.
Активни броеви за донации
143 103 Теодора Јовановска
Теодора има скоро 3 месеци, а родена е со тешка срцева аномалија, која мора да се оперира во Педијатрискиот Кардиохируршки центар во Софија, Бугарија. Операцијата е 14.000 ЕУР, а семејството на Теодора има потреба од финансиска поддршка за да може да се реализира операцијата.
143 104 Јован Колоски
Осумгодишниот Јован боледува од постенцефалопатија, но му е потребна подетална анализа со цел да се дефинира вистинскиот пристап на лечење. Анализите и третманите веќе се одвиваат во Словенија, и чинат 50.000 ЕУР.
143 113 Катерина Николовска
Катерина има 6 години. Со цел да и се зачува видот на десното око потребно е повторно да се подвргне на операција во Детската клиничка болница во Москва, Русија. Операцијата чини 7.000 ЕУР.
143 116 Стефанија Китановска
Петгодишната Стефанија конечно беше дијагностицирана со конкретен тип на леукемија, по што се закажани три посебни третмани за трансплантација во Ротердамската клиника Св. Еразмо во Холандија. Стефанија е веќе таму и се спрема за операциите кои ќе чинат околу 50.000 ЕУР.
143 117 Боби Василевски
23-годишниот Боби има потреба од итна операција на левото око со цел да го зачува видот. Операцијата ќе се изврши во Русија и чини 3.500 ЕУР.
143 133 Андреј Стојановски
Едногодишниот Андреј боелдува од меѓукоморен дефект и потребни му се 12.000 ЕУР за итна операција на срцето во Кардиохируршкиот центар во Софија.
143 171 Емануела Грижоска
Единаесетмесечната Емануела има тешка срцева аномалија, која мора да се оперира во Педијатрискиот кардиохируршки центар во Софија, Бугарија. Операцијата чини 13.000 ЕУР, а семејството треба да плати партиципација од 3.000 ЕУР за да може да се реализира операцијата.
Prevzemeno od sajtot na "T-MOBILE FOR MACEDONIA". Link: http://www.tmobileformacedonia.org/?ItemID=3FF7DA4537E50042B9801AD13B82E61D