IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Војна на медиумите или Зинго VS Велија!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Војна на медиумите или Зинго VS Велија!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Војна на медиумите или Зинго VS Велија!
    Испратена: 12.Декември.2008 во 00:32

Деновиве сме сведоци на жестока медиумска војна помеѓу двете најголеми национални медиумски куќи А1 и Сител и дневните весници Време и Шпиц VS Вечер која е зачинета со разни пикантерии кои искрено речено и на сите нас ни се горе-доле познати, но никогаш вака гласно не се проговори за сите афери и матни игри кои се поврзуваат со газдите на овие медиуми. 
Почнаа да се вадат прљавите алишта и политичк0-медиумски  пикантерии..."филантропот" Велија против кметот Зинго.
Што всушност е позадината на оваа војна и што беше тоа што ги натера овие транзициски нуспојави да се закрват до толку, кои патем и партиципираат и се полтрончиња на власта.
Дали на повидок е поголем скандал од овие скандалозни обвинувања и дали на нив ке се реагира адекватно од разноразните владини комисии и адекватната институција неговото величество Шврговски?

Ке ве молам за ваше мислење...



Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2008 во 00:55
Situacija pogodna za seir . Sedis i cekas da se istrebat . Ne mozam da gi podnesam nitu komunistot  zingo nitu psihoticniot Velija  .
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2008 во 12:30
... site znaat kako treba , ama nikoj nishto ne prezema...
Билјана Петковска, директорка на Македонскиот институт за медиуми, вели дека оваа ситуација само потврдува колку длабоко е навлезена политиката во работата на медиумите.

„Станува збор за злоупотреба на медиумите, за остварување конкретни политички цели и со таквото однесување се нанесува штета врз угледот на новинарската професија и на функцијата на средствата за јавно информирање. Прашање е колку од објавеното е во интерес на јавноста и е примерна комуникација со јавноста што е правило во новинарството“, вели Петковска. Таа предлага формирање независно тело на медиумска саморегулација која би реагирала во ситуации кога се прекршуваат правилата и стандардите на професионалното однесување.

„Во една културна и цивилизациска смисла ова личи на медиумска праисторија, во која има постојана негативна константа. Во овој случај ни се продаваат вести кои се далеку од слободата на изразување и професионалност и објективност. Ова е типична плукачка активност со меѓусебни навреди, клевети и пристрасно новинарство, а нема ништо од професионализмот“, смета комуникологот Климе Бабунски.

И Петковска и Бабунски сметаат дека во ниту еден случај Советот за радиодифузија не смее да стои настрана и на ова молкум да гледа, бидејќи во тој случај медиумската сцена ќе го загуби и кормиларот и компасот.
...Sovetot za radiodifuzija...smeshki vo boja. Koj bre moze da im zeme koncesii? Koj moze da gi trgne od novinarskata fela novinarite koi kotiraat visoko tokmu zaradi povrzanost so odredeni politicari i odredeni tajkuni...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2008 во 13:31
...Dzingo gi koristi benifitite od Kralstvoto SHS... barem taka informira Shpic...
Ѕинго го лапнал кралскиот водовод?
„Силекс“ незаконски добил концесија за водоснабдување на Кратово, обвинуваат дел од советниците во општината. Овој град е единствениот во Македонија кој нема јавно водоводно претпријатие.
Најстариот водовод е од 1933 годината, а Кратово го добил како подарок од Кралството СХС, останатите два водоводи се изградени од средства од самопридонес, а сега, велат советниците, сите ги лапна Ѕинго.

- Кратовци од 2000 година со вода за пиење ги снабдува фирма-ќерка на „Силекс“. Одлучено беше тоа да биде „Силекс“ - профитен центар „Комуналец“ - вели Душко Павловски, советник во општина Кратово.
Според него, компанијата ја добила концесијата на 8 години, но договорот бил потпишан една година подоцна. Таа година била подарок од тогашниот градоначалник, тврди советникот, бидејќи „Силекс“ без надомест стопанисувал со водоводот.
- Тогаш локалната самоуправа беше оштетена - вели Павловски.
Советникот објаснува дека лани тој побарал нова концесија, но овојпат на 30 години и покрај тоа што договорот му завршувал дури в година. Според него, фирмата се пререгистрирала како „Силком“ ДООЕЛ.
- Советот на општина Кратово наместо да му го продолжи договорот на „Силком“, распиша нов тендер, на тендерот се јавија три фирми, но сите се всушност една бидејќи се фирми-ќерки на „Силекс“. На тендерот се јавија „Силпен“ ДООЕЛ, „Силком“ ДООЕЛ и „Добра вода“ - вели Павловски.
Во тендерската комисија, тврдат советниците, се луѓе блиски на компанијата или членови на Социјалистичката партија. Павловски тврди дека претседател на тендерската комисија е потпретседател на Социјалистичката партија во Кратово.
Половина од кратовскиот Совет, кој брои 15 члена не ја поддржале одлуката за концесионирање. Во согласност со законот за локална самоуправа побарале да бидат изземени гласовите на најмалку тројца советници, кои се или на раководни функции на одредени друштва на „Силекс“ или се во блиски роднински врски со раководството на компанијата.
- Не може да бидат земени предвид гласовите на советниците што работат во компанијата, тоа е очигледен судир на интереси - вели Васе Ампов, советник во Советот на општина Кратово.
Тие се решија јавно да проговорат, бидејќи, според нив, освен незаконски добиениот тендер, „Силком“ во претходните години не ги исполнувал условите. Жедни покрај три водоводи се жителите на општина Кратово.
- Иако има доволно вода во градот често има рестрикции, а жителите од селата по неколку месеци немаат вода. Жално е што мора со кофи да одат да полнат директно од изворите - вели Илија Митевски, советник во Советот на општина Кратово.

..a da potrae kavgata ushte malku...kje se otkrijat mnogu raboti... Sega kje cekame vecer...Latas shto otkril za Velija...
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2008 во 20:02
borbata ke e dolga ...ama nie ke pobedime...a tie neka praat so sakaat ...i taka nema humoristicki program po tv
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2008 во 20:04
a be Singo so taa skapanata televizija i onaa bumbarkata , moze da odat na slikanje голема%20насмевка .......... za nekrolog i spomen смеење
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2008 во 20:27
a cumu?
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2008 во 20:29
a be i ja cudim збунетост
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2008 во 21:18
Во војната меѓу Велија и Зинго се приклучи и експерот Сабина газење%20од%20смеење која даде стручен коментар во кој застана на страна на кметот затоашто магационерот имотот го спечалил со харам за разлика од овој другиот кој го спечалил со халал.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2008 во 23:18

со вакви личности вестите ни личат на секојдневем циркуз без пари

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 13:18
... vojna li e... ne e li...na videlina izlegoa bajagi raboti... Ke cekame razvrska... eve shto velat zemjodelcite za Vreme....
Како да бидеме регистрирани земјоделци, кога сме во карпи и во камења, кога нема земја. Земјиштето е кај Ѕинго, со илјадници хектари. Ние бараме да ни се даде земја и нам. Нека се поделат барем 100 хектари, нека има 100 семејства од нешто да живеат. Ние бевме регистрирани земјоделци ама се откажавме бидејќи нема земја “ рекоа повеќемина земјоделци од Кратово. Еден од присутните нагласи дека ваквата состојба го довела дури и до казна од државата. - Се надевав дека ќе имам шанси да дојдам до некое парче земја. Јас имам механизација и се регистрирав како земјоделец. Но, кога до земја не дојдов, престанав да ги плаќам давачките како регистриран земјоделец и сега дури 3 години сум казнет да не можам да се пријавам во Завод за вработување поради што останав без никаква здравствена заштита “ раскажува кратовчанецот. Кратовско како изразито ридско-планинско место има многу малку рамници. Оние неколку најплодни полиња, кои се покрај река, се во рацете на „Земсил“, фирма-ќерка на „Силекс“, во која доминантен сопственик е социјалистот Љубисав Иванов- Ѕинго. Во книгата отпечатена за профилот на општина Кратово, зад која стојат советот, градоначалникот и тим за локален економски развој, јасно стои дека „Силекс“ има 1.000 хектари земја. Во одбрана, Министерството за земјоделство тврди дека фирмата на Ѕинго има само 700 хектари, но на дополнителните прашања, кои и официјално ги поставивме во согласност со Законот за пристап до јавни информации, се уште за јавноста нема одговори за тоа колку вкупно земја, пасишта и шуми има „Силекс“. На официјалниот веб-сајт на „Силекс“ се уште стои информацијата дека оваа фирма има 25.000 хектари плодно и обработливо земјиште под житни култури, градинарски култури, овошни и со лозови насади.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 14:02
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

со вакви личности вестите ни личат на секојдневем циркуз без пари

 
vekje pisuvav na taa tema ..... zosto vo MKD povekje od 15 godini ne gostuval nekoj svetski poznat cirkuz ....... SE PLASAT OD SILNATA KONk*rENCIJAсмеење
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2008 во 06:05
...retko dobar komentar... srocena tragicna vistina na nashata momentalna mediumska i politicka realnost...
Јавноста во челуста на медиумски ајкули

До скоро мислев дека ние Македонците сме народ што најмногу се јаде меѓу себе, меѓутоа имав можност да научам дека науката открила оти ајкулите почнуваат да се јадат уште во утробата на мајката, рече еднаш еден пратеник во Собранието, веројатно, не претпоставувајќи дека наскоро ќе биде една од двете медиумски ајкули што ќе почнат валкана битка кој кого да изеде во утробата на јавноста. Двете ајкули се ендемски примероци - едната исплива од водите крај последниот феудален остров во балканскиот океан од глупости, другата - бизнисмен, а во слободно време и експерт за буџет, земјоделство, урбанизам, минимаркети, автопазари, Мисирков, замрзнати американски батаци, автопазари и од неодамна за Блаже Конески.

Притоа, исфрлаат отрови од кои се труе и се „замајава“ целата јавност, а сето тоа минува без да реагира никој во државата. Кои ајкули го можат тоа, дами и господо? Наравно, Ѕинго и Велија.Овие двајца деновиве ја имаат улогата на религијата во марксистичката теорија. Тие се опиум за народот. Зошто народот да се занимава со своите вистински проблеми, кога може да ја гледа гатачката Сабина како му ги колне парите на Велија до осмо колено или да гледа по три прилози дневно како Кратовци не можев земју да си копат од тај мангуп Ѕинго? Зошто публиката да се занимава со маргинални теми како економската криза, закочените евроинтегративни процеси или проблематичните демократски тенденции, кога може да се соживува со новинарката на „А1“ која пожртвувано секој ден изиграва легнат полицаец пред пајак-службата и пред „градежната машинерија на Трифун“?

Зошто да се малтретира со пратениците што живеат во егзил, а земаат државна плата, кога може гледачот да се јадосува што не е кратовец, па не може да ја потпише петицијата против изборот на Велија за почесен граѓанин на Кратово? Конечно, зошто професионално новинарство, кога може да се водат хајки против секој што не ги разбира бројките на Велија што ги рецитира качен на некоја гајба пред локалната кооперација (пред која само што не никнал и споменик на Крсте Петков Мисирков) и против секој што ќе се дрзне да чепне во вилаетите на Бојо и на Ѕинго?

А во меѓувреме, додека народот се „забавља“, Велија продолжува да не плаќа даноци, печатници и новинари, а Ѕинго и понатаму си господари со пашалакот Кратово, каде што се дозволи бончето да биде паралелна валута на денарот, и каде што ќе ви ја исклучат водата и со платена сметка ако сте у немилост куде газду.

Нивната кловновска битка е циркус што би го посакала секоја власт. Зашто правејќи еден од друг дворски шутови, го одржуваат и спокојот во дворот. Дали и до кога јавноста ќе ја трпи оваа комбинатско-кванташка тортура ќе покаже времето. За среќа, граѓаните поседуваат нешто што ниту Велија ниту Ѕинго може да им го одземат - далечински управувач, и имаат право да го променат каналот. Барем додека оваа постапка не стане казнива со закон. Кога медиумските тајфуни, пардон тајкуни, ќе се судрат со вашиот далечински управувач, веројатно, ќе сфатат дека јавноста, за среќа, не е ниту кесичка со смоки произведена за маркетите на Хеди, ниту стока за размена со бончињата од Силекс.

Таа е нешто многу повредно од битката за пари, медиумска моќ и редно бројче за влез во пештерата наречена дебело црево на власта каде што од сталактитите капе земјоделското денарче, а од сталагмитите растат стипендии за приватни универзитети.А ние, чекајќи медиумските магнати да престанат да бидат магнети за лепешки, ќе прашаме дали комбито на „А1“ и тракторите на „Сител“ треба да се паркираат пред Јавното обвинителството, за јавниот обвинител Љупчо Шврговски да се сети дека валканите алишта што си ги извадија завојуваните ајкули, освен евтина занимација за публиката, треба да бидат и сериозна занимација за него.

Сашо Кокаланов- Dnevnik


Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2008 во 17:12
ne sum vo tek...koga ima vesti prefrluvam kanal...mi se povraka...edinstveno gledam humoristicki program na vtoriot kanal na MTV (sobraniski)...me relaksira...
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,672 секунди.