IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - ЕП во ракомет за жени - Македонија 2008
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЕП во ракомет за жени - Македонија 2008

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака Обратен редослед
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 21:07
Germanija - Makedonija   poluvreme
            11 - 10
 
 
 
 
Napred MAKEDONIJAAAAAAAAAAAAAAAAAAсреќасреќасреќасреќасреќа
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 12:46
Вечерва во 20 00ч. на МТВ тв пренос МАКЕДОНИЈА-ГЕРМАНИЈА



МАКЕДОНИЈА НА СТАРТОТ НА ЕП ИГРА СО ГЕРМАНИЈА
Портјанко: Се е можно
Нашите најдобри ракометарки ќе ја имаат, можеби, најтешката задача на претстојното Европско првенство токму на вечерашниот прв натпревар со Германија. Третопласираната селекција од последното СП е апсолутниот фаворит во Д-групата, но избраничките на

Нашите најдобри ракометарки ќе ја имаат, можеби, најтешката задача на претстојното Европско првенство токму на вечерашниот прв натпревар со Германија. Третопласираната селекција од последното СП е апсолутниот фаворит во Д-групата, но избраничките на Владимир Глигоров, сепак, ќе треба да се покажат и докажат пред домашната јавност, која од нив очекува пласман во втората фаза, меѓу најдобрите 12. Следните дуели со Хрватска и Србија се пореалната можност за тоа, но, како домаќини, нема предавање пред никого.
- Се е можно. Ова е само првиот натпревар на првенството за нас и доколку ги елиминираме грешките што досега ги правевме, секого можеме да победиме, па дури и Германија - оцени Јулија Портјанко пред почетокот на првенството.
Денеска на програмата: Ц-група (Охрид): Шведска-Белорусија (18.15), Русија-Австрија (20.15); Д (Скопје): Хрватска-Србија (17.45), Германија-Македонија (20.15).

***

Финале за 150 евра

Домашните љубители на ракометот ќе можат да уживаат во игрите на најдобрите европски репрезентации за далеку попристапни цени од гостите од странство. Дневните цени на билетите за првата фаза чинат од 200 до 500 денари, во зависност од позицијата на трибините, додека странските навивачи ќе треба да издвојат 25 (он-лајн продажба) или 30 евра (на самото место). Сите мечеви од двете прелиминарни групи во една сала ќе можат да ги проследат по вкупна цена од 150 евра, односно 200 евра за втората фаза.
Како што одминува првенството, расте и цената на билетите. Пакетот-влезници за двете полуфиналиња и за завршниот ден чини од 170 до 250 евра, додека вредноста на билетот за самиот финален натпревар изнесува од 100 до 150 евра.
Билетот за целото првенство чини 500 евра.








Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
baba mulon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 258
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај baba mulon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 12:45
Дали има или нема Европско првенство во нашава ни држава треба секој сам да процени иако лично јас мислам дека нешто такво не се случува.Ако не беше преставувањето на нашите национални тимови во КАФАНА на плоштадот и по некоја статија во весник тешко дека ке разберевме за ЕВропското првенство.А,и вчера видов еден таксиста на колата имаше поставено две знаменца,националното и од ракометната федерација.Па ти сега нагаѓај што му е на будалава да вее знаменца.Дојдоа ракометарките од други земји и што видоа кај нас?Питачи,ограден плоштад,дупки по улици,сомнителни типци со сомнителна роба и што уште не.Не дај боже да отидат на Бит Пазар или во чаршија па во зоолошка градина или во парк.А онај кој најмногу инсистираше на организација на Европското првенство,почитуваниот ни бивши претседател на Ракометната федерација случајно е градоначалник на Скопје.Е па сега видите кој е виновен и за што.
Im YOUR NIGHTMARE
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 12:09


Европското првенство во „илегала“

Македонија не оддава впечаток дека од вторник ќе ги нагости најдобрите ракометарки на континентот

Роберт Димитриевски

Осмото Европско првенство за ракометарки чука на врата, а домаќинот Македонија ѕирка низ прозорецот и како да се мисли дали да го пушти внатре. Од 2 до 14 декември Скопје и Охрид ќе нагостат 16. најдобри сениорски селекции на стариот континент, но место вообичаената еуфорија што ги следи спортските натпреварувања од највисок ранг, во земјата-организатор никој посебно не се потресува околу тоа. Една од причините е, веројатно, (не)конк*рентноста на домашната репрезентација, на што наведува скромната цел да се биде трет во групата со Германија, со Хрватска и со Србија и така да се влезе во вториот круг, но добар дел отпаѓа и на бледата пропаганда. Упадливо е отсуството на билборди, плакати на позначајните објекти, огласи и пригодни содржини во (електронските) медиуми, а никој жив не знае ни каде да купи пригодни сувенири со симболите на првенството.

Засега се' се сведува на неколкуте промотивни активности во последната седмица пред шампионатот. Официјалниот партнер ВИП“ на Ракометната федерација на Македонија во вторникот во пицеријата „Дал мет фу“ во центарот на Скопје, организира дружење со репрезентативките и со нивните машки колеги. Неколку дена претходно беше презентиран официјалниот постер на првенството, а завчера беше промовирана навивачката химна „Европа е Македонија“, напишана од Огнен Неделковски на музика на Григор Копров, а ја испеаја Дани, Боби Андонов, Биба Додева, Бојана, Дејана Николовска, Влатко Илиевски, Игор Митровиќ и Ѓоко Ѓорчев.

Продажбата на влезниците на Интернет „сега за сега оди добро“, тврди Саша Гавриловиќ, директор на „Експлоринг Маседониа“, национален туристички портал надлежен за овој сегмент од организацијата.

„Најголема побарувачка има од Норвешка и од Данска“, вели првиот човек на субјектот што е во приватно-јавно партнерство со Министерството за економија од 2005 година.

Билетите за ЕП во Македонија на Интернет почнаа да се продаваат во септември, а тие за македонските љубители на ракометот од понеделникот наваму. Цените за он-лајн купувачите се движат од 25 евра, колку што во претпродажба е најевтината карта за два меча од прелиминарната фаза по групи во Скопје, до 500 евра, колку што е регуларната цена на влезницата за сите натпревари на првенството. За домашните навивачи, пак, цените на влезниците за средбите на македонската репрезентација се 200, 300 и 500 денари и можат да се купат во објектите „Југотон“ во Скопје, „Кукузел“ во Охрид, „Хозелито“ во Битола и на билетарницата на салата „Борис Трајковски“ од 12 до 18 ч. секој работен ден.

Најоптимистичката прогноза за вкупниот број на гостите од странство што ќе дојдат заради ЕП за ракометарки е 10.000.

„Секоја репрезентација има резервирано сместување за околу 150 луѓе, вклучувајќи ги и официјалните делегации. Меѓу туристите најголем интерес пројавиле тие од нордиските земји, а процените на агенциите се движат меѓу 8.000 и 10.000 посетители, колку што вкупно се очекуваат за време на првенството. Поради близината, тој број може да се зголеми ако имаат успех Хрватска и Србија“, вели Игор Симјановски, директор на Бирото за туризам и информации на град Скопје.

За разлика од Македонија, која дефинитивно не се прослави со промоцијата, Хрватска реши да го одврзе ќесето за 21. Светско првенство за ракометари што ќе се одржи од 16 јануари до 1 февруари 2009 година во Загреб, Вараждин, Осиек, Задар, Сплит, Пореч и Пула. Хрватската туристичка заедница и амбасадорите одржаа или допрва ќе организираат промоција во 13 од 24 земји-учеснички на мундијалот. Една од нив во вторникот беше и Македонија, кога во хотелот „Александар палас“ во Скопје беше претставено се' што ќе им понудат Хрватите на посетителите на СП, а сето тоа „филувано“ со специјалитети на тамошната кујна и „залиено“ со првокласно хрватско вино. За пропаганден материјал од типот на ДВД, туристички брошури, маички со логото на шампионатот, приврзоци за клучеви итн. и да не зборуваме. На Скопје му беше укажана чест во истиот ден кога и на Мадрид, а ваква манифестација е планирана и за во Јужна Кореја!

Швеѓаните, пак, сопствената кандидатура за организација на СП 2011 за мажи ја промовираа уште минатиот декември за време на СП за жени во Франција. Наградата стигна на 18 октомври годинава, кога Советот на Интернационалната ракометна федерација на гласањето во германското гратче Херцогенаурах ја избра токму Шведска во конк*ренција на Данска, Шпанија и Унгарија.

Европските првенства во ракомет одамна веќе не се само обично натпреварување на најдобрите национални тимови од континентот, туку и голем бизнис, за што најдобро зборуваат бројките од ЕП за мажи што во јануари годинава се одржа во Норвешка. Според „Инфронт“, кој е ексклузивен комерцијален партнер на Европската ракометна федерација за медиумските и за рекламните права за европските првенства и кој има договор со ЕХФ до 2014 година, норвешкиот ракометен самит беше пренесуван од повеќе од 70 телевизии и од рекорден број радиостаници. Кумулативната гледаност на настанот достигна аудиториум од дури 1,2 милијарди луѓе, а официјалниот веб-сајт на првенството имаше над 380.000 поединечни посети од 165 земји.

Во Македонија се очекуваат над 500 новинари, фоторепортери и сниматели, кои побараа акредитација од организаторот.



Многу бедно само тоа можам да го кажам , и да не се чудиме кога во наредните 100 години ништо нема да ни дадат да организираме.Оваа првенство ке биде срам за нашата држава и голем срам за женскиот ракомет воопшто.

Изменето од kultuzin - 29.Ноември.2008 во 12:10
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2008 во 14:19
Од списанието Теа Модерна




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.