IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Димитар Влахов
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Димитар Влахов

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Димитар Влахов
    Испратена: 25.Ноември.2008 во 14:40
Што знаеме за Димитар Влахов?
А особено ме интересира што ке кажат Бугарите за него.

Еве нешто од википедија за загревање:

Димитар Влахов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Скокни на: навигација, барај
Димитар Влахов

Димитар Влахов (8 ноември 1878, Кукуш - 7 април 1953, Белград) е македонски револуционер и државник.

Се школува во родниот град, Солун и Софија. Студира во Германија и Швајцарија, а во 1903 година дипломирал хемија на Софискиот универзитет. Рано се вклучува во македонското национално-ослободително движење. Во 1904 година станува член на ЦК на ВМОРО и раководител на ВМОРО во Солун. Во периодот кога престојува во Швајцарија каде се движи претежно во социјалистичките кругови. За време на Хуриетот е истакнат член на Народната федеративна партија и е избран за пратеник во младотурскиот парламент ), заедно со Христо Далчев. Делува и во рамките на Солунската социјалистичка федерација. Учествува и во редактирањето на програмската статија „Единство“ кој бил орган на дејците од струмичкиот револуционерен округ на ВМРО на чело со Христо Чернопеев.

По Балканските војни револуционерната дејност ја продолжува во емиграција. Во своите „Мемоари“ пишува дека имал неповолно мислење за Димитрија Чуповски и неговата дејност во која се вели дека биле „во улога на руската завојувачка политика на Балканот во однос на Македонија и и дека за списанието „Македонски глас“ дека бил издаван со руски пари. Истотака, во своите „Мемоари“ пишува и за напорите кои биле правени уште од 1918 година во Одеса за признавање на Македонците.

Во 1917 година по анектирањето на Македонија од страна на Бугарија, Влахов станува управник на Приштинската област. По завршувањето на Првата светска војна ја вршеше должноста бугарски генерален конзул, прво во Одеса, а потоа во Виена. Во 1924 година е еден од организаторите на потпишувањето на т.нар. Мајски манифест во Виена со кој ВМРО се согласува да дејствува заедно со комунистичките партии од Балканот. Со потпишувањето на Мајскиот манифест, со кој се обиде да ги „смири“ спротивставените водачи на ВМРО, Димитар Влахов бил отповикан од бугарската влада.

Манифестот очигледно бил комплетиран на 29 април 1924 година, но неговото публикување е одложено и виси во воздух во очекување на враќање на Тодор Александров во Софија за да ги консултираат другите партии таму. По пристигнувањето во Софија неговите следбеници го убедиле да го повлече својот потпис во интерес на самата ВМРО која не би смеела да си дозволи да изгуби толку „способен“ лидер во тој критичен момент. Александров поради тоа го известил Влахов и Петар Чаулев да го суспендираат објавувањето и на Манифестот и веднаш да се вратат во Софија.

Влахов одбива така да постапи и ја основа ВМРО (Обединета). Со него ВМРО (обединета) се обврзуваше за формирање на независна автономна Македонија во рамките на општа Балканска федерација. Таа исто така и објави војна на сите балкански влади кои се спротивставуваа на реализирањето на таа идеја вклучувајќи ја и бугарската влада која ја подржува идејата на врховистите за вклучување на целата македонска земја во рамките на бугарската држава. Несогласувајќи се со терористичките методи на ВМРО, кое во тој период потпадна под влијание на Ванчо Михајлов и дегенерира во пион на бугарските и италијанските планови за ширење на Бугарија на Балканот, Влахов ги изложи своите идеи во неговата позната книга „Балканска федерациja“ во која се вели: “Интегрализмот е големосрпска идеја, федерализмот - југословенска, а федерацијата има за нас смисла до толку до колку ние преку неа би можеле да го видиме нашиот заветен идеал - слобода на нашата татковина...“

Влахов не беше ориентиран ниту кон Бугарија, ниту кон Југославија (која тогаш водеше политика на крут централизам), туку кон Советскиот Сојуз, со чија помош тој се надеваше да постигне обединување на јужно-словенските народи каде Македонија би формирала одделна, автономна федерална единица. Иако Влахов и понатаму продолжи да се залага за ненасилни методи за остварување на своите цели, неговата организација престана да постои по преземањето на власта во Бугарија од владата на Воената лига во Бугарија во 1934, при што нејзините членови беа осудени на долги временски казни под обвинение за вооружено востание.

Од 1925 до 1944 година е член на Бугарската комунистичка партија. Од 1936 до 1944 год. живее во СССР. Во емиграција бил уредник на весниците „Македонско дело“ во Виена, Берлин, Париз (Во Париз, се верува дека соработувал со Георги Димитров од Коминтерна во работи поврзани со Шпанската граѓанска војна.

На Второто заседание на АВНОЈ на 29 ноември 1943 година во отсуство е избран за член на неговото Претседателство. По 1944 се враќа во Македонија и преминува во членство на ЦК на Комунистичката партија на Македонија. На Второто заседание на АСНОМ е избран за потпретседател, а потоа и за потпретседател на Президиумот на Сојузното собрание на ФНРЈ. Комунистичкото раководство во Македонија, на чело со Лазар Колишевски, пополека го потиснува Влахов од власта. Умира во Белград во 1953 година.и

Изменето од kultuzin - 25.Ноември.2008 во 14:47
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 15:06
Димитар Влахов во Солунската Гимназија учи од 1893 год до 1897 год. и ја оценува како расадник на македонската интелигенција но и интелигенцијата на Одринско- Тракија

Тука се развивала љубовта и интересот кон историјата и револуционерните движења во другите земји.
За учителите вели дека се Македонци но и дека имало и туѓинци како Бугари од Бугарија и Бесарабија но и од други земји кои предавале специјални предмети – француски, цртање, гимнастика и др.

- За Бугарите вели дека не биле малку, едва ли 50 % и интересно е што за нив вели :

“Tие Бугари доаѓаа во Македонија за да го просветат нашиот народ, но повеќето од нив, - за да не кажам сите – беа луѓе кои доаѓаа во една земја каде народот, како тие си представуваа, се наоѓаа на пониско културно ниво отколку местата од каде тие доаѓаа . Тие, пред се ,беа Великобугари, противници на македонскиот народ за ослободување и самостојност и сметаа дека стојат повисоко од учителите Македонци. Тие учители на секаде се стремеа да покажат дека тие стојат повисоко од македонските учители. Тоа беа луѓе кои добиваа и поголеми плати отколку учителите Македонци. “(Зошто ли само ако се един народ, та нели Македонците уште беа – Б,лгари од прво качество ?! – з.н)

Спомнувајќи и конкретно за овие Бугари – учители тој наведува личен судир и непријатни инциденти со тројца од нив.

Владимир Дјакович од Бесарабија – предавач по природни науки и физика, Христо Ганев од Плевен – предавач по хемија и за кој наведува дека 1897 год. е убиен во казиното Коломбо од српската пропаганда, што само укашува колку овие две пропаганди се истуриле врз македонскиот народ, та не бираат средства за своите “виши цели”,
Димчев – учител по француски јазик кој бил и најумислен од сите дека и припаѓа на некаква “виша раса”та не пропуштал прилика да ги исмева и понижува учениците – Македонци (а нели Македонците беа – Б,лгари од прво качество според бугарската пропаганда, па сега од каде ова исмевање и заради што ?!
Кон врв
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neanticki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 15:41
Димитар Влахов е типичен пример за трансформирање на македонски Бугарин во Македонец.

Паралелите меѓу „Борбите на македонскиот народ“ и неговите „Мемуари“ јасно го покажуваат тоа.

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 15:47
Originally posted by Neanticki Neanticki напиша:

Димитар Влахов е типичен пример за трансформирање на македонски Бугарин во Македонец.

Паралелите меѓу „Борбите на македонскиот народ“ и неговите „Мемуари“ јасно го покажуваат тоа.



Што е тоа македонски бугарин, мисловна именка или?

Такво нешто не постои, постои само во вашите фантазији.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 15:57
Па баш и не ми се верува дека Бугарин ке се бори за независна Македонија.

Вие ги бркате појмовите ,измислувате нови видови на Нацији, Националности, а се поради вашата лакомост кон МАКЕДОНИЈА.

МАКЕДОЦИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ, А МАКЕДОНИЈА Е МАКЕДОНИЈА.

Незнам зошто тоа толку ве буни.

Прочитај од независна литератра што и како работел Влахов па после ке разговараме.



Кон врв
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neanticki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 17:29
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Па баш и не ми се верува дека Бугарин ке се бори за независна Македонија.
- НЕ ТИ СЕ ВЕРУВА АМА Е ФАКТ, СИТЕ БИЛЕ БУГАРИ

Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Вие ги бркате појмовите ,измислувате нови видови на Нацији, Националности, а се поради вашата лакомост кон МАКЕДОНИЈА.
- ВИДИ МИ ГО НОВИОТ ПОТПИС И РАЗМИСЛИ.НАЦИИ НИЕ НЕ ИЗМИСЛУВАМЕ, НИЕ СМЕ СЕ БОРЕЛЕ ПРВО ЗА АВТОНОМНА И ПО ТОА ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

МАКЕДОЦИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ, А МАКЕДОНИЈА Е МАКЕДОНИЈА.

Незнам зошто тоа толку ве буни.

ИМАШ НЕКОЈА ГРЕШКА

Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Прочитај од независна литератра што и како работел Влахов па после ке разговараме.


ЗОШТО ДА ЧИТАМ НЕЗАВИСНА ЛИТЕРАТУРА, КОГА САМИОТ ВЛАХОВ ИМА ТОЛКУ МНОГУ НАПИШАНО

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 18:16
Originally posted by Neanticki Neanticki напиша:

Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Па баш и не ми се верува дека Бугарин ке се бори за независна Македонија.
- НЕ ТИ СЕ ВЕРУВА АМА Е ФАКТ, СИТЕ БИЛЕ БУГАРИ

Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Вие ги бркате појмовите ,измислувате нови видови на Нацији, Националности, а се поради вашата лакомост кон МАКЕДОНИЈА.
- ВИДИ МИ ГО НОВИОТ ПОТПИС И РАЗМИСЛИ.НАЦИИ НИЕ НЕ ИЗМИСЛУВАМЕ, НИЕ СМЕ СЕ БОРЕЛЕ ПРВО ЗА АВТОНОМНА И ПО ТОА ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

МАКЕДОЦИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ, А МАКЕДОНИЈА Е МАКЕДОНИЈА.

Незнам зошто тоа толку ве буни.

ИМАШ НЕКОЈА ГРЕШКА

Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Прочитај од независна литератра што и како работел Влахов па после ке разговараме.


ЗОШТО ДА ЧИТАМ НЕЗАВИСНА ЛИТЕРАТУРА, КОГА САМИОТ ВЛАХОВ ИМА ТОЛКУ МНОГУ НАПИШАНО




Bugarija sekogas (pa i den denes uste toa vi e vo glavite) se borela za celosna Makedonija vo ramki na Bugarija za nezavisna MAkedonija se borele samo Makedoncite.


A koj fakti ti ke gi prilozis kako dokaz deka Vlahov, i site ostanati revolucioneri bile Bugari.

Изменето од kultuzin - 25.Ноември.2008 во 18:17
Кон врв
Aminta2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 361
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aminta2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2008 во 00:35
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

A koj fakti ti ke gi prilozis kako dokaz deka Vlahov, i site ostanati revolucioneri bile Bugari.




“...во бугарската историска литература беа напишани цели томови за да се заблудат бугарското и македонското општествено мислење дека Бугарија се согласила со поделбата на Македонија само затоа што нејзините сојузници божем се спротивставиле на нејзиното барање за автономна Македонија. Тоа се празни приказни колпортирани со цел да се заблуди општественото мислење. Фактите зборуваат дека бугарската влада, како и српската и грчката влада и дворец ... имаа империјалистички стремежи по однос на Македонија, бараа македoнска земја.

А Македонците, особено оние кои им се подадоа на приспивните сирени на балканските влади, извршија еден акт на најгнасно предавство што беше платено со животите на десетини а можеби и на стотини илјади Македонци, како и со дотогаш во крвави борби спечалени политички и национално-културни права. ...“
    

(Димитар Влахов, Мемоари, Скопје, 1970, стр. 161)


Изменето од macedon_alex - 15.Август.2009 во 13:31
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2008 во 08:22
Originally posted by Aminta2 Aminta2 напиша:

Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

A koj fakti ti ke gi prilozis kako dokaz deka Vlahov, i site ostanati revolucioneri bile Bugari.


Xaн Oмypтаг?!

“...во бугарската историска литература беа напишани цели томови за да се заблудат бугарското и македонското општествено мислење дека Бугарија се согласила со поделбата на Македонија само затоа што нејзините сојузници божем се спротивставиле на нејзиното барање за автономна Македонија. Тоа се празни приказни колпортирани со цел да се заблуди општественото мислење. Фактите зборуваат дека бугарската влада, како и српската и грчката влада и дворец ... имаа империјалистички стремежи по однос на Македонија, бараа македoнска земја.

А Македонците, особено оние кои им се подадоа на приспивните сирени на балканските влади, извршија еден акт на најгнасно предавство што беше платено со животите на десетини а можеби и на стотини илјади Македонци, како и со дотогаш во крвави борби спечалени политички и национално-културни права. ...“
    

(Димитар Влахов, Мемоари, Скопје, 1970, стр. 161)


...Кога зборувам за македонскиот народ ги имам предвид на прво место македонските Славјани. Под името македонски народ по тоа време мекедонските дејатели го разбираа целото население на Македнија, т.е. зборот Македонци имаше поскоро географски карактер ...Кога револуционерната организација беше основана и почна да работи, ја започнува својата работа најнапред среде оние Македонци кои се викаа Бугари...

(Димитар Влахов, Мемоари, Скопје, 1970, стр. 21)
Кон врв
Aminta2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 361
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aminta2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 22:01
“ Но во работата среде македонските Словени - егзархисти, револуционерните дејатели сретнаа голем отпор и силни пречки од страна на бугарската империјалистичка политика и нејзиниот орган бугарската Егзархија. ...

Но треба да се одбележи дека тие македонски Словени, кои го признаваа духовното ведомство на Егзархијата, се чувствуваа како одделен народ...Тие македонски Словени беа пројавиле во текот на целиот XIX век стремеж да ја развијат својата култура на говорниот јазик на македонскиот народ на разни дијалекти.

Многу од Македонците низ целиот XIX век, пред уште да биде образувана бугарксата Егзархија и пред тие училишта да бидат раководени како последна инстанца од самата Егзархија, ги пишеа своите книги и преподаваа во училиштата на народниот македонски јазик. ...“

(Димитар Влахов, Мемоари, стр. 22)
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 14:07
Влахов се борел за НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА и за таа цел е барал помош од Советскиот Сојуз,значи директно ослободување.

Александар Протогров е бил генерал во Бугарската војска мегутоа потоа му се приклучува на ВМРО, исто така се бори за независна Македонија мегутоа за таа цел бара подршка од Бугарија,а мислам дека истата идеја ја имал и Тодор Александров.
Првичната цел им била да се ослободи Македонија од Грција и Србија а крајната и од Бугарија.

Ванчо Михајлов 1929/30, кажува дека цел му е независна Македонија која потоа би и се приклучила на Бугарија.


Туку мене едно не ми е јасно зошто кога Бугарија вели дека сите ВМРО револуционери се бугари , во Бугарскиот архив се чуват документи во врска со ВМРО , а кои се строго недостапни, и никој не ја знае нивната содржина.



Изменето од macedon_alex - 15.Август.2009 во 13:27
Кон врв
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neanticki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 14:13
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:


Туку мене едно не ми е јасно зошто кога Бугарија вели дека сите ВМРО револуционери се бугари , во Бугарскиот архив се чуват документи во врска со ВМРО , а кои се строго недостапни, и никој не ја знае нивната содржина.



ОД КАДЕ ЗНАЕШ ДЕКА ИМА ТАКВИ ДОКУМЕНТИ

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 14:31
Originally posted by Neanticki Neanticki напиша:

Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:


Туку мене едно не ми е јасно зошто кога Бугарија вели дека сите ВМРО револуционери се бугари , во Бугарскиот архив се чуват документи во врска со ВМРО , а кои се строго недостапни, и никој не ја знае нивната содржина.



ОД КАДЕ ЗНАЕШ ДЕКА ИМА ТАКВИ ДОКУМЕНТИ



ОД луге сто се пробале да дојдат до нив и тоа историчари од една западно Европска држава, кои пишуваат за тој период за МАКЕДОНИЈА мегутоа многу работи остануваат тајна поради недостапноста на документите.
Кон врв
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neanticki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 14:44
Читај Култузин и немај страв да ја прифатиш вистината.

БОРБИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,298 секунди.