IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Бермудски триаголник
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бермудски триаголник

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Бермудски триаголник
    Испратена: 01.Декември.2016 во 09:34

Тајната на Бермудскиот триаголник е откриена: „Сè е една голема лага“


1

Неодамна еден документарец наводно ја открил тајната на Бермудскиот триаголник. Научниците ги обвиниле облаците, кои се појавуваат во облик на шестоаголник, кои носат силни ветришта и огромни бранови. Меѓутоа, во сето тоа, постои еден проблем…

Дали верувате во мистериите на Бермудскиот триаголник? Тоа е област во Атланскиот океан, која се граничи со Флорида, Бермуда и Порторико. Исто така е еден од најпрометните патишта за испорака на роба, и наводно место каде многу бродови и авиони мистериозно исчезнале.

Бермудскиот триаголник е мит, како што пренесе „Бизнис Инсајдер“.

1950 година, новинар лансирал гласини, кои подоцна се пренесени и преработени во магазини и книги.

Но, кога пилотот Лари Куше го истражил овој триаголник, открил дека повеќето извештаи се или погрешни или чисти измислици.

Денес, најценетите извори целосно ги отфрлаат мистериите за Бермудскиот триаголник.

А што е со облаците во облик на шестоаголник?

Се утврдило дека не биле забележани само над Бермудскиот триаголник, туку забележани се и над Северното море, што укажува само на тоа дека бродовите и авионите би требало да внимаваат на нив, а не на наводниот Бермудски триаголник.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2015 во 21:41

OВА Е ТАЈНАТА НА БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК

Oва е тајната на Бермудскиот триаголник

Две џиновски подводни пирамиди направени од дебело стакло, се пронајдени во центарот на Бермудскиот триаголник. Океанографот нагласи дека технологијата е непозната за модерната наука, и дека е дизајнирана на таков начин да пирамидите стојат под водата.

Овие чудни градежни објекти на длабочина од 2000 метри се идентификувани со помош на сонари и окенографот доктор Мејер Ферлаг. Војската ги сопре сите понатамошни истражувања.

Мејер верува дека со откривањето на тајните чудни пирамиди во центарот на триаголникот може да се расветлат сите случаи на мистериозни исчезнувања на бродовите и авионите поврзани со Бермудскиот триаголник.

Прашањето на кое никој нема одговор е како тие пирамиди биле направени и со кое орудие, на дури 2 километри под водата. Засега ниту испитувањата не можат да се извршат поради недостиг на техника и машини за истражување на таа длабочина.

Овие вести биле сензационални и продискутирани на конференцијата во Флорида. Новинарите тогаш имале огромни слики и компјутерски податоци од висока резолуција, кои покажуваат тридимензионални пирамиди како совршено се глатки, без никакви алги или пукнатини.

Имало повеќе извештаи за овие пирамиди. Американскиот океанографи во 1990-те години откриле подводни пирамиди кои биле лоцирани точно во центарот на Бермудскиот триаголник. Научниците ги анализирале сите податоци и заклучиле дека површината е совршено рамна, и дека не е можно да се од лед или стакло. Пирамидите биле три пати поголеми од Кеопсовата пирамида.

Се наметнува прашањето зошто целиот случај е затворен. Случајот го превземаа воените структури, а сите податоци биле блокирани, а понатамошните истражувања се под голема строга воена тајна.

Нејзината четириаголна база е долга 300, а широка 200 метри, а врвот достигнува околу 200 метри. На врвот се наоѓаат две огромни дупки, а низ една од нив водата минува со голема брзина и така се создава подводен бран, кој предизвикува голем вртлог.

Поради него на површината на водата се формира магла и бранови кои се повлекуваат на дното. Токмупоради тоа истражувачите на Бермудскиот триаголник веруваат дека тоа може да биде една од причините на мистериозното исчезнување на се што таму ќе се најде.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2015 во 00:05
...i ova,da ne poprvam,pa a ne kazete deka se pismanam vo izjavite ama samo da dodadam...deka del od zrtvite na ovoj trijagolnik nosele vakvi pantaloni t.z. bermudi,i otkako se udavile nikogas poveke ne nosele isti posto im nosele nesreka..

eve i slika...kolku da si znaete..




Изменето од zagor - 08.Декември.2015 во 00:08
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2015 во 23:57
...ima tamu najmalku edna od onie bosanskite piramidi sto imaat nadcovecka mok da unistat se so svojata nadbozja sila... i..iii....to...jasno kako den.
ja do duse nes sum videl ama mi kazuvase eden bratuced kako e toaaa...trijagolnik ...kako piramida sto lici..
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2015 во 17:43

Девет страшни факти за Бермудскиот триаголник!

Мистериозната област во форма на триаголник се наоѓа во северниот дел на Атланскиот океан, од Бермудските острови па се до Мајами. Во овој мистичен триаголник досега низ историјата исчезнале многу луѓе, бродови, авиони…


bermudski

Причините за овие исчезнувања варираат од научни па се до мистериозни. Ова се деветте шокантни податоци за Бермудскиот триаголник.

  1. Триаголникот не е фиксиран и неговите ефекти може понекогаш да се почувствуваат и надвор од самиот триаголник.
  2. Луѓето ја доживеала електронската магла во триаголникот , кој „може да биде и тунел за патување низ времето“. Пилотот Брус Гернон тврди дека загубил 28 минути по летото низ облакот – тунел. Авионот исчезнал од радарот , и потоа се појавил во Мајами.
  3. Без разлика дали во триаголникот ќе исчезне брод или авион, неговите остатоци не може да се најдат.  Причина за тоа е силната Голфска струја која тече низ триаголникот и брзо ги носи остатоците низ океанот.
  4. Во последните 100 години , најмалку 1000 луѓе го загубиле живото во триаголникот . Во просек 4 авиони и 20 бродови исчезнуваат секоја година.
  5. Во внатрешноста на триаголникот , Владата на САД има АУТЕК ( дозвола за подводно тестирање на Атлантикот и развој) . Центарот на АУТЕК се наоѓа на островот Андрос на Бахамите. Во овој центар американската морнарица ги тестира своите подморници, сонари и друго оружје. Меѓутоа, според многумина тука се случува многу повеќе од самото тестирање.
  6. Исчезнувањата главно се препишуваат на „НЛО“ и на вонземјаните , градот Атлантида е исчезнат во триаголникот.
  7. Една од најголемите и најпознати американски воени загуби се случи во 1945 година . Пет бомбардери на американската морнарица летале кон Форт Лодердејл, од Флорида кон островот Бимини. Во мисијата учествувале 14 лица . По околу 90 минути радио операторите добиле сигнал дека  компасот не функционира. По што е загубена целосната комуникацијата со авионите. Бомбардерите никогаш не се пронајдени. Исчезнаа и трите авиони кои заминале во спасувачката мисија по нив.
  8. Првата личност која пишувала за Бермудскиот триаголник бил славниот морепловец Кристофер Колумбо. Тој во својот дневник напишал дека во внатрешноста на триаголникот компасот на бродот престанал да работи и дека забележал како иглата е свртена кон небото.
  9. Бермудскиот триаголник е едно од ретките места на светот на кој компасот не покажува кон Север и тоа е причината зошто се создава конфузија и зошто толку авиони и бродови го губат К*рсот во триаголникот.


Изменето од Valerija - 07.Декември.2015 во 17:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2014 во 17:00

Откриена вистината за Бермудскиот триаголник

Во последните неколку векови, исчезнувањето на бродовите и авионите на територијата помеѓу Флорида, Пуерто Рико и островот Бермуда се сметаше како резултат на мистерија, виша сила или паранормални појави.

И покрај тоа што постојат докази и статистики по кои бројот на исчезнати во областа на Бермудскиот триаголник не се разликува толку многу со исчезнати лица во целиот океан, факт е дека многу околности останаа нерешени, па токму поради тоа овој триаголник стана синоним за Ѓаволски триаголник.

Лошата репутација за овој триаголник започна уште во 1492 година, кога Кристофер Колумбо забележал чудни навигации на својот компас. Неколку дена подоцна, тој видел необична светлина, која го вознемирила екипажот на бродот и токму поради тоа сакале да се вратат во Шпанија.

Во 1970 година, крајбрежната стража на САД се обидeла да образложи одредени причини за исчезнувањето во оваа област. Имено, ова не е единствена област во која се јавува магнетна варијација и отстапување на курсот дури од 20 степени. Магнетните варијации е нешто кое капетаните на бродовите добро го знаат и не е нешто кое би можело да ги вознемири.

Иако магнетните полиња во светот се во постојано движење, магнетното поле на Бермудскиот триаголник е во мирување. Без разлика на тоа што е точно дека магнетните вредности во внатрешноста на триаголникот се специфични, стручњаците сметаат дека оваа област не е толку невообичаена во однос на кое било друго место на Земјата.

Легендата за овој триаголник почнала да зазема голем зафат во 1950 година, кога Едвард Ван Винкл Џонс напишал статија во весник во кој го опишал исчезнувањето на неколку бродови и авиони во мошне краток период. Како докази образложил исчезнување на пет американски бомбардери кои исчезнале на 5 декември 1946 година, два патнички авиони чие исчезнување е пријавено дури на 30 јануари 1947 година и 17 јануари 1949 година, а пријавени се вкупно 135 лица за исчезнати.

Сепак, критичарот Лари Куше тврди дека некои луѓе навистина ги преувеличуваат своите статистики и дека многу случаи се сметаат за мистериозни и покрај тоа што биле навистина јасни. Во обвинувањата тој објави и неколку инциденти кои биле дел од црната листа на несреќи во областа на Бермундскиот триаголник, а сепак се случиле на сосема различно место.

Како причина за преувеличување на овој триаголник, Куше ја објаснува потребата за создавање на сензационални приказни, кои ги заслепиле стручњаците, кои не истражувале доволно, токму поради тоа што биле фасцинирани од сите исчезнувања.

И покрај тоа што неговото дело „Решена мистеријата за Бермудскиот триаголник“ успеа да го сруши митот за оваа област, сепак сè уште постои мал сомнеж за она што навистина се случува. До ден денешен, бродовите и авионите ја одбегнуваат областа, само поради овие митови.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2012 во 15:15

Џиновска пирамида пронајдена кај Бермудскиот триаголник на длабочина од 2.000 метри

Американски и француски научници со помош на сонарни истражувања откриле необична подводна пирамида на длабочина од 2.000 метри во Бермудскиот триаголник. Пирамидата во нејзината основа е долга 300 метри, а широка 200 метри. Од основата до врвот на пирамидата има околу 100 метри. Првичните резултати покажале дека оваа структура има перфектно мазна површина, па се претпоставува дека е направена од стакло или некој материјал сличен на стакло- кристал.

Џиновска пирамида пронајдена кај Бермудскиот триаголник на длабочина од 2.000 метри
Истражувањата покажале дека пирамидата е три пати поголема од древните пирамиди во Египет, а на врвот има две големи дупки низ кои морската вода влегува со голема брзина, па поради тоа, научниците претпоставуваат дека се создавале големи бранови и вртлози на површината на морето. Ова ново откритие ги зачуди останатите светски научници кои сега се обидуваат да разјаснат дали пирамидата е причина за мистериозните исчезнувања на бродовите во овој дел од светот.

Некои западни научници претпоставуваат дека пирамидата која лежи на морското дно, можно е првично да била направена на копно, но разурнувачки земјотрес ја променил структурата на земјата и таа потонала на морското дно. Други научници пак, сметаат дека Бермудскиот триаголник пред неколку илјади години бил еден од местата каде што се одвивале главните активности на луѓето од Атлантида.

Според Келвин Џонс од државниот оддел за историски ресурси во Флорида, ова џиновско археолошко откритие најверојатно е изградено меѓу 10.000 година п.н.е. и 6.000 година п.н.е. кога тој дел од земјината кора не бил покриен со вода. Со неговата претпоставка се согласуваат и најголемиот број археолози од Флорида.


Ајде да видиме и од оваа работа на крај што ќе излезе...И упс за малку ќе заборавев да пренесам што всушност изјавил горецитираниот Келвин Џонс...


"It doesn`t sound too real to me," said Calvin Jones of the Florida state Division of Historical Resources.  " I'm always open minded because we`re always learning new things. But the idea of a pyramid structure, let alone one made of glass, under more than 10 feet of water -- the chances are about one in a million."

Jones said if it is a genuine archaeological find, the pyramid would have to have been built between 10,000 B.C. and 6,000 B.C., when the continental shelf was not covered by water, said Chisholm.

You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2010 во 02:28
shto i da e,...nishto ...nadnaravno!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2010 во 02:17
Originally posted by Mindy Mindy напиша:

Решена мистеријата за Бермудскиот триаголник?

Бермудскиот триаголник не е опседнат со вонземјани и космички сили, туку местото има вишок на гас, односно метан.
 
Професорот Џозеф Морган и студентот Дејвид Меј од Универзитетот Монаш во Австралија, на основа на океанографското истражување откриле дека на подрачјето на брегот помеѓу Порторико и југоисточните брегови на Мајами и Бермуда има голема количина на метан и траги од ерупции. На споменатото подрачје често има ерупции од метан кои по тектонското пореметување излегуваат од пукнатините и на морското дно предозвикуваат меури кои се шират на морската површина.

Морган и Меј тврдат дека големите меури при излегувањето на морската површина може да превртат големи бродови, а истиот гас може да навлезе во моторите на авионите и да предизвика нивно рушење.

Во текот на шеесетите години од минатиот век, истражувачот Иван Т. Сандерсон ги забележал сите места во светот каде исчезнуваат бродови и авиони. Покрај Бермудскиот триаголник, мистериозни се и одредени делови на Јапонското и Северното море. На истите места на морското дно биле пронадени траги од метан хидрат и траги на ерупција со што се потврдува тезата на Морган и Меј.





p.s.Prevzemeno od makedonski sajt



ГОТОВО?!? изненадување
... па време беше голема%20насмевка
..Живеам за да умрам..!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 23:51
shteta,..navistina!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 23:42
пу ј‘зк ... не биле вонземјани во прашање тага
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 17:56
gotovo znachi!

sega brodovite mozat na raat da si propagjaat i avinite da si pagjaat,.

..se e jasno !
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14596
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 14:35
Решена мистеријата за Бермудскиот триаголник?

Бермудскиот триаголник не е опседнат со вонземјани и космички сили, туку местото има вишок на гас, односно метан.
 
Професорот Џозеф Морган и студентот Дејвид Меј од Универзитетот Монаш во Австралија, на основа на океанографското истражување откриле дека на подрачјето на брегот помеѓу Порторико и југоисточните брегови на Мајами и Бермуда има голема количина на метан и траги од ерупции. На споменатото подрачје често има ерупции од метан кои по тектонското пореметување излегуваат од пукнатините и на морското дно предозвикуваат меури кои се шират на морската површина.

Морган и Меј тврдат дека големите меури при излегувањето на морската површина може да превртат големи бродови, а истиот гас може да навлезе во моторите на авионите и да предизвика нивно рушење.

Во текот на шеесетите години од минатиот век, истражувачот Иван Т. Сандерсон ги забележал сите места во светот каде исчезнуваат бродови и авиони. Покрај Бермудскиот триаголник, мистериозни се и одредени делови на Јапонското и Северното море. На истите места на морското дно биле пронадени траги од метан хидрат и траги на ерупција со што се потврдува тезата на Морган и Меј.





p.s.Prevzemeno od makedonski sajt

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2010 во 19:24
Eve ja tajnata sto se krie tamu, samo mene mi tekna среќа


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,235 секунди.