IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - МАКЕДОНИЗАМ - за минатото
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МАКЕДОНИЗАМ - за минатото

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 19>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2009 во 18:41
“Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавства на своите синови-изроди како македонскиот“-Гоце Делчев

“...Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција,јазик и вера се разделува на разни спротивни страни,една од друга потуѓа...“ Балкански гласник бр.1 јули 1902 година

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2009 во 18:46
Шчо напраивме?
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 22:20

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 18:47
     
„Вовед во македонистиката“ е новата книга на проф. д-р Димитар Пандев, која неодамна ја објави друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“. Основните теми што се обработуваат во книгата се македонизмите на преминот од филологија во историска лингвистика, македонскиот јазичен тип на преминот од историска во општа лингвистика и македонскиот јазик во општата лингвистика.

Книгата има општолингвистички пристап кон македонистиката и македонистички пристап кон општата лингвистика. Основниот временски контекст на настаните и делата изнесува еден век, од 1844/1845 до 1944/1945 година, од времето на првите филолошко-етнографски истражувања во Македонија до времето на настаните поврзани со официјалната кодификација на македонскиот јазик.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 23:36
Панајот Наумов Робев. Кој е комитата Робев? Роден е во с. Апоскеп-Костурско, учесник во Илинденското востание, а загинал во с.Загоричани 1913 г. за време на Балканските војни.
За време на Илинденското востание водел дневник, во кој ги опишал своите доживувања за време на Востанието. На крајот на Востанието, кога му станало јасно дека е крајот, составил текст, на кој можат да му позавидат многу денешни „патриоти“ и „борци“ за Македонија и македонштината, зборови кои ни се повторуваат и денес... едноставно морате да ја прочитате оваа исповед!!!

27. Х. 1903 г. Апоскеп
Чудно нешто е нашата земја! Целиот христијански свет поминал со христијанските идеи, со христијанските заповеди, со други зборови, со христовиот мирен дух на на 19 век. Многу се лажат, тие што мислат, дека поминал и поминува и мисли дека и оди во иднината. Државите, т.е. царствата многу се лажат со тоа. Ако размисли еден совесен човек, ќе разбере, дека христијанските цареви не се христијани, туку варвари и човекоубијци. Најголемиот престап, кој пристапуваат да го направат, е дека го повикуваат народот да се учи да убива подобни. А Христос кажал: не убивај! Тоа Христос не го кажал само на еден човек, кој ќе го убие престапникот и ќе се расипе, туку го кажал за сите народи. Убие ли некој некого, ајде да го фрлиме во темница и да го унаказиме, но тој човек и покрај тоа си го доживеал унакажувањето, и ако посака, убива и друг, навикнал тој веќе на темниот живот. Каква корист од тоа? Е добро? Ако представам една држава како тој убиец, кој да ja уништи? Треба да паднат од некоја друга планета луѓе, не глупави и не човекоубијци, за да се уништи царот и сите околу него, кои го учат народот како да ги убива подобните и кои го поддржуваат човекоубиството. Еве пред неколку години ги оставија да се тепаат и убиваат и да губат човечки животи Англија и Трансилванија. Се изгуби народ, останаа вдовици и сираци за никакво и ништо.
Не ли беше подобро на еден општодржавен совет да се реши нивната расправа? Можеше, но сите сме жедни гледачи во претставата да гледаме некакви ужасни сцени, на нас кои не чуствуваме никаква болка. Исто така и за грчко-турската војна (1897 г. б.м.). Тука повторно се оставија ѕверствата, варварствата, агресијата, неверник да убива вистински христијани. Уште по чудно и срамно за христијанските царства. А уште најчудно е за поробените христијани, кои се оставени на турчинот да врши над нив нечуени злосторства и да ги убива. Срамно е за христијанските цареви да гледаат 5 века да беснее и да не го избркаат. Ете оваа година МАКЕДОНИЈА се дигна на востание да се ослободи од робскиот јарем и да биде и таа, како и другите сестри слободна. Царевите не го забрзуваат решението за неа, зошто МАКЕДОНЕЦОТ секој ден умира од очај и други злосторства, дури и во зима влегува и се потребни многу работи.
Жално за нас, горко за нас, пак мислат таа да падне во нивните раце. Доле лакомите, прогонете ги! Доле војните! Нека кажат царевите. Доле робството!!! Нека го фрлат оружјето, нека не се учи народот на човекоубиства, туку на работа, така луѓето да имаат спокојство, мир љубов и добро. Дали ќе седат мирни царевите на престолот и ќе мислат така, но дали ќе направат? Одговор сакам.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 19:31
Т'ГА ЗА ЈУГ

Орелски крилја как' да си метнех,
И в наши ст'рни да си прелетнех!
На наши места ја да си идам,
Да видам Стамбол, Кукуш да видам,
Да видам дали с'нце и тамо
Мрачно угревјат, како и вамо.

Ако как' овде с'нце ме стретит,
Ако пак мрачно с'нцето светит;
На пат далечни ја ќе се стегнам,
И в други ст'рни ќе си побегнам,
К'де с'нцето светло угревјат,
К'де небото ѕвезди посевјат.

Овде је мрачно, и мрак м'обвиват,
И темна м'гла земја покриват ;
Мразој и снегој и пепелници,
Силни ветришча и вијулици,
Околу м'гли и мразој земни,
А в гр'ди студој и мисли темни.

Не, ја не можам овде да седам,
Не, ја не можам мразој да гледам!
Дајте ми крилја ја да си метнам
И в наши ст'рни да си прелетнам;
На наши места ја да си идам,
Да видам Охрид, Струга да видам.

Тамо зората греит душата,
И с'нце светло зајдвит в гората ;
Тамо дарбите природна сила
Со с'та раскош ги растурила:
Бистро езеро гледаш белеит,
Или од ветар синотемнеит;
Поле погледниш или планина,
Сегде божева је хубавина.

Тамо по срце в кавал да свирам,
С'нце да зајдвит, ја да умирам.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 22:41
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 12:48
Бугарски документ во Министерството за надворешни работи на Германија
извештај 237 Белград 6.12.1909 година;14403 допис со Србија кој е пратен 1900година од Бугарија во Белград и е спасен благодарение на господинот Фон Рајхенау.



„Имаме неспорни докази,а и случувањата во последните години јасно покажаа дека големото мнозинство на христијанско население во Македонија секоја поделба на сфери на влијание ја сваќа многу непријателски.Нивната желба оди до таму ,да им се гарантира личната безбедност и правото на сопственост и да им биде дадена слобода мирно и мирољубиво да се развиваат и да ги уживаат сите права на рамноправни отомански државјани според меѓународните договори и законите на Отоманското Царство.Секаков обид за било каква поделба кај македонското население би предизвикала огромно незадоволство и во оваа братска земја би причиниле еден таков раздор и неединство,што би можело да изврши многу штетно влијание не само рз тамошното население,туку и врз мирот и редот како во Бугарија така и во Србија.Кога пред неколку години,за првпат,беше отворено прашањето на „сфери на влијание„ од страна на населението на Македонија кон нас беа упатени најжестоки протести по однос на ова прашање.Населението со сите сили се бореше против една ваква поделба и се изјаснуваше дека никогаш не сака да се стави ниту под старателство на Бугарија,ниту пак,под она на Србија.Идејата за сепарација и самостоен развиток за кратко време стана толку популарна,што во многу места во Македонија почна да се оспорува на било какво племенско сродство или други врски меѓу тамошното население и оние од другите балкански држави„
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2010 во 17:13
Во повеќе географски карти од самиот почеток на 19. век и градот Ќустендил (со околината), како и Ѓуешево, се сместени во границите на Македонија. Таков е случајот на географските карти на Балканот објавени во Виена (1812 и 1822 година), потоа на географската карта на Балканот, објавена во Париз (1814 година), на географската карта објавена во Белград (1853 година),на географската карта објавена во Италија (1855 година) и други.
Што се однесува до тврдењето за наводната вековна старобугарска книжевност, на која наводно припаѓа и македонската, бројни податоци од тоа време зборуваат дека дури и во почетокот на 19. век, најголемиот дел од Бугарите, не само што биле неписмени луѓе, туку тие немале ниту свој книжевен бугарски јазик (кој јазик, како што е познато, е создаден дури во средината на 19. век).
Така на пример, Роберт Волш, во патеписот од неговата посета на Бугарија во 1827 година, мошне сликовито ја опишал оваа состојба:
Таму кадешто не се користи грчкиот јазик во богослужбите се користи древниот писмен јазик, но бидејќи Бугарите не го разбираат ниту едниот, ниту другиот, тоа значи дека тие практично богослужбата ја слушаат на, за нив, непознати јазици. Во оние малку училишта што ги има по градовите сите учебници се напишани на грчки, иако тој јазик народот не го познава. Како резултат на сето ова најголемиот дел од луѓето се неписмени. Јазикот со кој се користат е само усмен и овој јазик никогаш не бил литературен. Дури неодамна биле отпечатени неколку книшки на овој јазик, но јас не успеав да видам ниту една од нив... Во многу места нема ниту училиште, ниту црква, ниту пак книги... Низ сите села низ кои поминав не сретнав ниту еден човек кој знаеше да чита и да пишува.
Во ова сведоштво е многу значајно тврдењето дека Бугарите воопшто не го разбирале ниту т. н. црковнословенски јазик (што своевремено Турко-Бугарите го примиле од Македонците), па нејасно е зошто некои денес и понатаму, тврдоглаво и вон секаква логика, тврдат дека овој јазик наводно бил старобугарски.
Впрочем, за непостоењето на каква и да е бугарска литаратура дури и во првите децении од 19. век, сведочеле и бројни национално осознаени бугарски преродбеници од четириесеттите до седумдесеттите години на 19. век. Овие бугарски дејци жестоко го критикувале ниското ниво на писменост кај Бугарите, како и непостоењето на книжевен бугарски јазик. Најголем доказ за ова се бугарските преродбенички текстови, напишани на србизиран бугарски јазик, во кои авторите недвосмислено се жалат дека Бугарите немаат свој книжевен јазик и бараат веднаш да биде создаден ваков јазик.
Понатаму, во нашата јавност е малку познато дека пред да биде создаден бугарскиот литературен јазик (средина на 19. век), тогашните ретки бугарски панслависти отпрвин пишувале на јазик, кој претставувал мешавина помеѓу рускиот и српскиот јазик и овој нивен јазик бил тешко разбирлив за ретките Бугари, кои умееле да читаат во тоа време. Подоцна, по востанието во Србија, во почетокот на 19. век, бугарските преродбеници почнале да ги пишуваат своите дела на - српски! На српски пишувал и големиот бугарски преродбеник Њубен Каравелов.
Во четириесеттите, педесеттите, шеесеттите, па дури и во седумдесеттите години на 19. век, Бугарите почнуваат да пишуваат на еден србизиран бугарски јазик, кој денешните Бугари исто така тешко го разбираат. Поради ова текстовите на тогашните бугарски преродбеници денес во Бугарија се преведуваат на современиот бугарски литературен јазик.
Инаку, вистината за појавата на бугарскиот книжевен јазик во 19. век, е сосема позната и во светот. Како доказ, ќе го спомнам цитатот од големата мултимедијална компјутерска ЦД Гролиер енциклопедија (УСА, 1995 г.), каде за бугарската литература го пишува следното:
Бугарската литература се појавува дури во 19. век како израз на патриотските артикулации против турското ропство
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2010 во 21:25
Многу турски топоними има и кај нас, на разни делови од државата!....................????? [:-&]
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 16:44
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=CC9BB91A9581E14FB07085F24285D982



Ќуп со 46 византиски златни монети ковани околу 1250 година од никејскиот цар Јован III Дука и 77 сребрени монети ковани од различни венецијански владетели во периодот од втората половина на 13 век, заклучно со 1280 година, е откриено во изминатите неколку дена на тврдината Кале, во рамките на тековните археолошки истражувања раководени од археологот, Драги Митревски.

„Тоа е периодот во кој откриеното богатството било и закопано, а неговото откривање е од големо значење, бидејќи го илустрира последниот период на животот во византискиот град, урнат со доаѓањето на Србите, по што ќе следува период на интензивна градежна активност од нивна страна на овој, и во просторот на скопската околина. Во тој мирен период за Скопје се изградени и најрепрезентативните градби,чии остатоци сега ги откриваме со истражувањата што продолжуваат да се реализираат на ударниот просторот, под познатата бина на Калето.





Ви реков jас да не копате ама неслушате
Кон врв
DelijaSkopje Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DelijaSkopje Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 13:14
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Во повеќе географски карти од самиот почеток на 19. век и градот Ќустендил (со околината), како и Ѓуешево, се сместени во границите на Македонија. Таков е случајот на географските карти на Балканот објавени во Виена (1812 и 1822 година), потоа на географската карта на Балканот, објавена во Париз (1814 година), на географската карта објавена во Белград (1853 година),на географската карта објавена во Италија (1855 година) и други.


Добро бе што се палиш како мало дете... Географски карти во кои до онде или до онаму била Македонија...!!!???!?!? И што...???   Кога ќе сватиш дека тие географски карти само ја обележувале ТЕРИТОРИЈАТА Македонија, а не некоја држава... Македонија како топоним постои од памтивек и ти мешаш баби и жаби... Ќе најдеш некој си стар документ каде некој напишал "оној македонецот" или "дојде од Македонија" и ќе се попалиш како млад тинејџер, не сваќаш дека тоа е само местоположба и секој кој живел таму можел да биде македонец или да дошол од Македонија, ама тоа не значи дека бил Македонец по националност... Тоа е исто како некој да пишал -Далматинецот дошол од Далмација, или Шумадинецот или Војвоѓанецот или Славонецот или Босанецот дошол од Босна итд...итд...   Тоа се топоними исто како и Македонија...
Свати веќе еднаш и прејди на друго ниво...   
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 14:38
Некако јас и ти сме на друга бранова должина - ти незнаеш што е топоним а што географско обележување на територија.
Еве пр. Топоним е место или чука а географска територија е на пр. београдскиот пашалук кој во историјата е заведен како Србија.

Незнаеш ти детенце што збориш
Кон врв
DelijaSkopje Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DelijaSkopje Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 17:10
Добро... Македонизам така...???   Еве јас ќе ставам една слика која многу говори, па сега вие протумачете ја... Однапред знам дека ќе најдете некое "разумно" објаснување...

Еве го Александар Велики од една и Богот Зевс од друга страна... Тоа се Александровите пари...




пс. Можеш пак да ме суспендираш бидејќи на тема Македонизам јас одам of topic и ставам слики од Хеленизам од пред 2300 години...    Но од некаде морам да почнам нели...???
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 19>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.