IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - МАКЕДОНИЗАМ - за минатото
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МАКЕДОНИЗАМ - за минатото

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 19>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: МАКЕДОНИЗАМ - за минатото
    Испратена: 01.Ноември.2008 во 18:27

Прочитаниот ред, е веќе – минато, но и овој кој го читате сега , ќе биде - минато, како и оној – идниот.

Најреалистичниот пренесувач на минатото од Балканот и Добитник на Нобелова награда, Др. Иво Андриќ за минатото ќе рече :

 “ Само неуките и неразумни луѓе можат да сметаат дека минатото е мртво и со непреоден ѕид засекогаш одвоено од сегашноста.
Напротив, вистината е дека се она што човекот некогаш го мислел, осеќал и работел, нераскинливо е вткаено во она што ние денес го мислеме, осеќаме и работеме. Да се внесе светлината на научната вистина во настаните од минатото, значи да и се служи на сегашноста. “

( И. Андриќ – “Како влегував во светот на книгата и книжевноста” – вес. “Политика “ 13 март 1976 год., стр. 2 )

“Негаторите” на минатото, Нобеловецот ги нарекува – “неуки и неразумни луѓе”, очигледно и зошто, па бара научно осветлување на настаните од минатото од кое треба да извлечеме заклучоци во служба на сегашноста !

А минатото, сегашноста и иднината се нераздвојни, заедно ја чинат вечноста или постоењето . Тоа е и самата историја, која удрила печат со името – Македонија врз оваа земја како на тапија.
И Библијата ( Стариот и Новиот Завет ) е една од нашите тапии па неможејќи да го уништат таму нашето име, почнаа да го својатаат небаре : Тие биле – Ние а Ние сме биле – Тие ?!
Со монопол над црквата фалсификуваа ставајќи фрази кои ниту постоеле ниту ги има во неа.

Пример 1 - каде што стои – “ Отидовме во Македонија”, во преводот си додаваат – “Отидовме во Mакедонија , провинција на Грција “(?!), нешто што ниту стои во оригиналот, нити пак постоело кога е пишувано, ( држава со име Грција за првпат е дури 1829 год., поими Елада, Ахаја –да, но не и Грција ! ).
Лукавост е и уфрлањето на Македонија како провинција на Грција, што никогаш не било а најмалку во Библијата, зашто каде се спомнува Македонија ,тоа е одвоена од “Елада” ( Грција ).

Пример 2 - каде што стои националноста на лицето - “Пред него стоеше еден човек, Македонец “, во преводот се врти - “Пред него стоеше човек од Македонија”, што е друг контекст, човекот од Македонија може да биде и Влав, Евреин, Ерменец и.т.н, но не и јасното во оригиналот - Македонец.

Потребата за фалсификати, потврдува дека името Македонија не е нивно.
Зошто ако името било “така нивно” ,попат го “загубиле - така лесно” и добиле друго ?!
Со туѓи имиња и минато, си го растегаат своето до обезименост, низ хаос од народи, раси и временски невклопувања.
 Грците се и Данајци и Ахајци и Крито-Микенци и Хелени и Византијци и Македонци и.т.н, сеедно што секој го ништел предходниот доаѓајќи во Грција ?! Дури и денес за светот таа е - Грција, но таму е – Хелас (Елада ), што е различно и збунува.
Бугарите се и Турано- Бугари и “Словени“, Хуни, Авари, Скити,Бактри, Мизијци, Тракијци, Власи, Кумани,.. и што ли не, сеедно што се ништеле доаѓајќи од страна ?!
Србите се и Сер(б)ви, Скити, Раси, Маќедонци,Трибали,Илири,..?!
Албанците се и Илири и Дарданци, Македонци, Епирци, Арбанаси ,Арнаути, Шиптари, Качаци и Геги и што ли не ?!
Власите се и Епирци, Грци, Романци, Даки, Богдани, Цинцари, Македонци,.. (?!)

Секој си го вбројува и македонското за – свое име (?!)
И од сите нив само ние “случајните” Македонци сме останале да им го чуваме името за вакви потреби, да не потсетат дека е и “нивно”, сеедно чие ( кому од нив ?!).

Единствено Македонија како име за разлика од предходните не е врзано за повеќе народи но за еден кој си го носи како единствено валиден. Само уште Хрватите се со ист пример , тие античкото име “ Croatia “ го имаат за национално име.

Денес бараат да си го смениме името, што е исто да го смениш – времето ( минатото). Тоа не може и не смее никој, без разлика на притисокот и прагмата на политичарите од сегашноста .
Колку и да изигруваат овоземни богови од кои се почнува и завршува, она што сигурно завршува се нивните мандати и безначајни постигања .

А името ќе живее - ги надживеало сите сатрапи, ханови, деспоти, цареви, кралеви, султани и паши, но и предавници, па ќе ги надживее и Претседателите, Премиерите, Министрите и др. денешни функционерски имиња.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 18:48
И Библијата почнале некои да ја менуваат?
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 19:44
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

И Библијата почнале некои да ја менуваат?


почнаха
еве Алекс Големиот е King of Greece

8:21 And the rough goat is the king of Grecia: 
and the great horn that is between his eyes is the first king.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 22:20
Originally posted by да бе да бе напиша:


Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

И Библијата почнале некои да ја менуваат?
почнахаеве Алекс Големиот е King of Greece8:21 And the rough goat is the king of Grecia: 
and the great horn that is between his eyes is the first king.



Тој дел така стои и во Библијата на македонски јазик во книгата на пророкот Даниел. Па Александар бил и крал на Грција. Тука нема ништо спорно.
Ама другите делови што почнале да ги ревидираат не е паметно. Не знам како некои луѓе имаат храброст да си играат мајтап со Светото Писмо.

Изменето од macedon_alex - 01.Ноември.2008 во 22:23
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 22:27

Ја почнавме битката за името на нашата земја, земјата од чија пепел и прав сме настанале

Таа земја е пепелта и правта од нашите предци , квасена со реки крвје и солзи, газена ,месена и сушена под копитата и палежите на ордите ѕверје што протатнеле. Таа земја е и со пот месена во тули и слама која ја родила за топлите одаи, стаи и стреи на домот од нашиот прадедо, за да го роди и израсни нашиот дедо, тој пак нашиот татко а овој пак - нас.

  Ете во оваа земја со име Македонија и ние како една минлива временска ништожност ќе се слееме на крајот - во бескрајната пепел и прав од сите наши предци. И затоа таа не се гаври и плука, таа не се подарува некому туку така уште пак помалку да се преговара толку лесно за нејзе или да се ќути кога некој удира по неа.

 Затоа сме тука - почнавме, токму ние кои ги пишуваме овие редови, сме рожбата нејзина, ние сме нејзиниот глас но и нејзината тупаница. Пишуваме не од арно или од што отповеќе време имаме во оваа општа светска итаница - Не !, пишуваме оти не престануваат негаторствата и хистеријата во грабежот на се што е македонско – историјата, душите, територијата,.. името. Не само што не престануваат, тие се разжестени како никогаш , отворете кој сакате сајт, медиум, дури и производ и ќе видете - залепиле наш историски лик и име .
  Низ времињата кога сме биле робје, уништиле, фалсификувале и украле документи, артефакти и културно-материјални блага од македонскиот народ. И денес фрлаат реки пари за отк(о)упување материјални и археолошки докази од кај нас и низ светските управувачки елити
Но колку и да крадат, фалсификуваат, и изнесуваат, не можат - се, културно-историска ризница ни е, неброена. Дури запретале една јама, се појавиле нови, се дури не стане голема во која ќе пропаднат со се злоделата .

Во ова информатичко и образовано општество не поминуваат старите им трикови, нити може да остане тајна неоткриена. Нашите негатори се во трагикомичниот лик на царот Трајан со козјите уши, кој ја закопа тајната во земја. И како што тогаш од запретаното изникнаа трски од кои секој нов кавал свиреше едно те исто – вистината за царот Трајан ,така сега и негаторирите од сите страни слушаат исто – вистината за нивните лаги и маани.
 И нашата земја ги открива закопаните тајни наспроти лагите кои ги шират. Само што почна да се расчепкува, излегоа македонски кралски гробници со маски, печати, гардисти, оклопи, штитови, кочии, излегоа цели престолнини, божества ,митски летачи и што ли не а што некои тврдеа дека е нивно. Во Македонија се ковани и милиони македонски монети, нема локалитет низ Македонија од каде не излегол броен доказ за тоа , но се наоѓаат и мноштво туѓи монети што ја докажува ширината на трговијата и размената на Македонија со целиот тогашен познат свет.

 И се што е на површината во вид на урнатини,бедеми, цркви и епитафи и сл. записи , но и се што патеписци, државници и туѓи архиви собрале и напишале на жалост од негаториве – си стои. Особено за нивните ѕверства, пропаганди и црнила со кои не завиле.
  За сето тоа и особено вистината наша македонска, вреди да се бориме, што и да мудруваат и превземаат ние сеедно ќе се бориме за овие вредности, а оваа е борба во која предавање – нема. "Нема да поминат" !!!
- Се дури целиот хоризонот е сликата наша.
- Се дури умот наш мисли за земјата наша.
- Се дури срцата наши пулсираат течност - боја на знамето наше.
- Се дури градите наши го дишат воздухот од шумјето наши.
- Се дури слухот наш го слуша јачот на тагата од песните наши .

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 22:34
Буги имаш дарба за пишување.
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 22:40
има дарба да копи-пастира - погледни убаво доле

http://www.macedonium.org/Makedonium.aspx?jazik=2


Изменето од да бе - 01.Ноември.2008 во 22:40
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2008 во 19:37
Зошто мислам дека битката за Македонија и копирајтс можеме да ја добиеме само со оружје и никако поинаку,дури и да сакаме мир нема да има,мир нема да има дури не ни го истребат или присвојот семето наше.
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2008 во 21:08
Мир нема да имаме додека не ги ослободиме окупираните Македонски делови - Пиринско и Егејско во прв план па подоцна и помалите парченца кај другите сосединамигнување
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2008 во 21:19
кои помали парченца бе?


Изменето од macedon_alex - 23.Април.2009 во 00:00
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2008 во 21:28
Имаме дел од Охридско и Преспанско,голо брдо и дел од шара и нормално Прохор Пчињскипа се до прелазот.Мали делчиња ама важни за наснамигнување
Кон врв
Рис Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Рис Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 21:00
па ваша е - секогаш добродојдени, по влез во ЕУ

Изменето од macedon_alex - 23.Април.2009 во 00:04
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 12:23
Македонија на Македонците
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 12:44
Софија на доселениците од претходните 130 години!..........Македонците!


мајтап :)

Изменето од ZoraNaSlobodata - 04.Ноември.2008 во 12:44
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 19>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.