IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За смирението
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За смирението

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
Автор
Порака
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: За смирението
    Испратена: 27.Октомври.2008 во 01:15
Што претставува смирението, и кој е патот да се стекнеме со смирение?
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 02:39
Смирението би требало да биде дијаметрална спротивност на гордоста, нели?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 02:57
Јас мислам дека ткн. "смирение" т.е. мирот е спротивно на немирот, растревоженоста, стравот и сл.
А спротивно на гордоста е понизноста.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 03:00
Ај за почеток ова:

Имаше двајца браќа кои делеа една келија. Нивното трпение и смирение беа ценети од многу отци. Некој свет човек, кога слушнал за тоа, посакал да ги провери и да види дали имаат совршено смирение. Тој отишол да ги посети. Тие го примиле со радост и заедно ги кажале нивните вообичаени молитви и псалми. Потоа посетителот излегол од келијата и ја видел нивната мала градина. Зграбувајќи го својот стап, тој започнал со сета сила да ги уништува сите плодови што ги здогледал и наскоро ништо не останало. Гледајќи го, двајцата браќа − не кажале ни збор. Тие дури не покажале ни натажено или вознемирено лице. Кога се вратиле во келијата, ги завршиле своите молитви на Вечерната и му платиле за честа, велејќи: „Авва, ако сакаш, може да ја земеме едната зелка што остана и да ја свариме, зашто, време е за јадење.” Потоа старецот се поклонил пред нив и рекол: „Му благодарам на мојот Бог, оти гледам дека Светиот Дух почива на вас.“
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 04:30
смирението е нешто што ние го немаме и по тоа ќе си одговориме. Она што не сум е смирението.

Смирението е Божествена особина, за Кого е речено беше смирен до смрт и тоа смрт на Крст.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 07:19
Originally posted by makarios makarios напиша:

Ај за почеток ова:Имаше двајца браќа кои делеа една келија. Нивното трпение и смирение
беа ценети од многу отци. Некој свет човек, кога слушнал за тоа,
посакал да ги провери и да види дали имаат совршено смирение.<span> </span>Тој
отишол да ги посети. Тие го примиле со радост и заедно ги кажале
нивните вообичаени молитви и псалми. Потоа посетителот излегол од
келијата и ја видел нивната мала градина. Зграбувајќи го својот стап,
тој започнал со сета сила да ги уништува сите плодови што ги здогледал
и наскоро ништо не останало. Гледајќи го, двајцата браќа − не кажале ни
збор. Тие дури не покажале ни натажено <span lang="MK">и</span>ли вознемирено лице. К<span lang="MK">о</span>га
се вратиле во келијата, ги завршиле своите молитви на Вечерната и му
платиле за честа, велејќи: „Авва, ако сакаш, може да ја земеме едната
зелка што остана и да ја свариме, зашто, време е за јадење.” Потоа
старецот се поклонил пред нив и рекол: „Му благодарам на мојот Бог, оти
гледам дека Светиот Дух почива на вас.“


ubava prikazna ... no takvo pomiruvanje so se ... da gledas kako nekoj unistuva i na kraj da reces, dosta e i troskite sto ni ostanaa ... a unistuvacot da kaze... fala mu na Boga sto Svetiot Duh pociva vo vas.....

tolku mi lici na momentalnata sostojba na nasata zemja...koga nekoj unistuva se sto e na narodot ... a narodot taka mirno se si prifaka ... i toj nekoj navistina treba da mu e blagodaren na Bog sto ima takov indifirenten narod...

moze pomesav i politika, ama i taa e sostaven del od zivotot, a morate da priznaete i od religijata
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 08:09
Грешка си Бутел... погрешно гледаш на ова...
Смирението не е исто што и помирување со работите.
Смирението е највисоката форма на однесување и е привилегија на малкумина.
Отстрана гледано, може да изгледа како помирување со работите, страв, потчинетост на другите, но всушност е сосема спротивното. Смирението е апсолутната победа врз другите. Смирението е способноста да го разбереш злото кое вирее наоколу, кое руши, кое уништува, и да не му дозволиш да обземе ни дел од тебе. Смирението е способноста да застанеш пред тоа зло и да му кажеш - не се плашам, затоа што можеш да наштетиш на моето тело, но никогаш на мојот дух. Смирението се постигнува само кога со целото свое битие и суштина веруваш во нешто и не постои ништо кое може да те расколеба. Смирението е победа над тоа зло, затоа што злото не ти наштетува преку физичките удари кои ти ги нанесува, а преку духовното прекршување кое настанува кај тебе. Кога ќе застанеш спроти него со апсолутно смирение - тогаш злото е победено - затоа што разбира дека не може да те прекрши, разбира дека е залуден секој обид да добие дел од твојата душа.
Токму тоа е поентата на "Ако те удрат по левиот, заврти го десниот образ"... не е тоа потчинетост, ниту пак некаков мазохизам. Напротив - тоа е највисока форма на победа над злото - затоа што му ја покажуваш неговата немоќ и неспособност!
Do what is right, come what may...
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 08:20
mozebi izgleda deka sum greska, no od prilozenata prikazna go gledam toa sto go napisav... mozebi Makarios dal pogresna prikazna...

Poimot smirenie podrazbira smirenost i istrajnost vo nesto, kako sto i samiot velis vo svoeto objasnuvanje mok da se soocos so nesto i da se spravis so toa ... taka da ako grad ja unistese gradinata ... smirenosta e tuka navistina mnogu potrebna , i verbata i silata da si kazes, pak ke nasadam novi kulturi a dodeka da dadat plod ke izdrzam.... no vo slucajov nekoj svesno da ti go unistuva trudot, i ti mirno da gledas.... zalam tuka ne gledam smirenie, tuku pomiruvanje i indiferentvnost
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 08:43
Напротив - приказната на Макариос го кажува истото!
Смирение и смиреност се две различни работи. Смиреноста е физичка карактеристика. Смирението е духовна.
Ако град ја уништи градината - ти треба смиреност. Како што вели молитвата - за да ги прифатиш работите кои не можеш да ги промениш. Тоа е разумност, разумна одлука. Не можеш да го смениш, па затоа се помируваш со истото и продолжуваш напред.
Но... во приказната имаме друга ситуација.
Таму некој намерно го уништува плодот на нивниот труд. Имаат две можности.
Да се спротивстават на старецот и да го истепаат. Што ќе се постигне со тоа? Плодот кој тој веќе го згмечил нема да го вратат назад, тоа е веќе уништено. Ќе го повредат старецот, кој можеби не по своја вина го прави тоа што го прави (никогаш не ја потценувај моќта на лошите сили - или ако сакаш во медицински термини - разните психози). Но најбитно од се - ќе си го нарушат духовниот мир кој го имаат и ќе се вознемират за нешто кое што нема никакво значење, затоа што е од привремена природа.
Втората можност е да го направат тоа што го направиле. Односно - не се подаваат на искушението и со самото тоа го победуваат злото кое што им се нанесува.
Кога злото те напаѓа (во било која форма), тоа очекува од тебе да возвратиш. Тоа би била "нормалната", инстинктивната реакција. Злото смета на тоа дека ти ќе си роб на инстинктот и на материјата и ќе возвратиш и соодветно - е спремно на тоа, го има во предвид, дури ако сакаш - има стратегија што да прави во тој случај!
Но... кога не возвратуваш... тогаш не знае како да реагира. Основната цел која ја имало тоа зло - да те повреди - одеднаш не е исполнета! Браќата не скокнуваат да се тепаат со старецот, туку седат и го гледаат и гледаат како плодот на нивниот труд оди во неповрат. Но тоа не е само физичка реакција на смиреност. Тоа е духовен мир - смирение.
И со тоа го победуваат тоа зло. Како?
Прво - затоа што му покажуваат колку е немоќно! Нема ништо пострашно за некој кој "владее" (или се презентира себе си) со моќ, да се почувствува немоќен, односно - да почувствува дека неговата сила нема резултат.
Второ - затоа што потоа, покажуваат дека дури и во таа ситуација, можат да најдат само добрина во себе - и предлагаат да му направат вечера! Односно - му покажуваат дека не само што не се прекршил нивниот мир и дека злото не навлегло во нив, туку покажуваат дека го имаат неговиот антипод - чистата невозвратна добрина!
Тоа е апсолутен пораз за злото!
Единствениот начин на кој злото победува е со тоа што се шири. Со тоа што поразениот ќе озлоби, злото победува, затоа што уште еден човек е на негова страна.
Кога злото напаѓа, а му се возвраќа со добро - тогаш злото е автоматски поразено - и престанува да постои.
Да, разбирам дека од материјалистички аспект е доста спорна оваа идеја. Но - од духовен аспект (не само религиозен!) е многу релевантна и точна.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 09:04
Смирението воопшто не е индиферентност. Тоа е тој степен на духовен живот кој го имале само светителите, а кој треба да се трудиме и ние да го стекнеме. Смирението е поврзано со понизноста. Кога ќе сфатиме дека во суштина немаме ништо на овој свет, односно дека кога ќе умреме нема ништо материјално да понесеме со нас во гробот, сфаќаме колкава е нашата беда и се запрашуваме, а што е тогаш она човечкото во мене? Но, одговорот е дека има повеќе нечовечко во нас, отколку човечко. Тогаш потполно ја гледаме нашата ништожност и се запрашуваме зошто милостивиот Бог, предобриот и пресветиот, слезе од небесата, претрпе поруга и понижување, распнување и смрт, за мене, грешната, која со ниту едно дело не сум Му покажала дека навистина го љубам. Затоа што оној кој вистински Го љуби Бог, се труди во секоја смисла да Му угоди, односно, се труди да си ги гледа само своите гревови, а туѓите не ги ни забележува. Смирението е кога сите ги сметаш за посвети од себе, но не само привидно, на збор, туку кога навистина, од дното на своето срце, сметаш дека секој е далеку подостоен за царството небесно. Смирение е кога себеси се гледаш достоен за во пеколот и не се надеваш на ниту едно свое дело, туку само на мислоста Божја.

Смирението не е исто што и мир, спокојство, туку тие се само еден сегмент од него. Тоа е далеку, далеку, далеку пообемно во суштина.

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 09:06
п.с. смирението е поврзано и со апсолутното послушание и прифаќање на Божјата промисла без роптање.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 09:08
Свети Серафим Роуз (тогаш уште Евгениј) заедно со сотрудникот Глеб (о. Герман), заминуваат за Платина да се подвизуваат во монаштво. Тие во светот се занимавале со издаваштво, па уште во Сан Франциско едвај наоѓале средства да ги печатит книгите. Успеале некако да купат печатарска машина стара 30тина години, која правела многу грешки. Еве го сведоштвото на Свети Серафим Роуз за еден настан од Платина:

Стоиш пред машината и гледаш како излегуваат чисти, убаво испечатени страници, што ти дава убаво чувство на задоволство, и почнуваш да сонуваш за мисионерство, и дека копиите ќе ги рашириш насекаде. Но, одеднаш почнува измачувањето, машината печати погрешни страници, гледаш како се уништуваат копиите што требало да излезат и на крај си толку напнат, и се што можеш да направиш е да се смириш и да ја кажуваш Исусовата моилитва, обидувајќи се да ја средиш збрката. Иако тоа не претставува задоволство (какво што би било гледањето на убавите копии), духовно, прави поголема работа, бидејќи те прави напнат и ти дава шанса да се бориш. Но, ако наместо тоа, се обесхрабриш и ја треснеш машината, тогаш си ја изгубил битката. Битката не е колку страници на час се прават, туку она што прави душата.



Изменето од makarios - 27.Октомври.2008 во 09:11
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 09:18
Originally posted by makarios makarios напиша:


Свети Серафим Роуз (тогаш уште Евгениј) заедно со сотрудникот Глеб (о. Герман), заминуваат за Платина да се подвизуваат во монаштво. Тие во светот се занимавале со издаваштво, па уште во Сан Франциско едвај наоѓале средства да ги печатит книгите. Успеале некако да купат печатарска машина стара 30тина години, која правела многу грешки. Еве го сведоштвото на Свети Серафим Роуз за еден настан од Платина:

Стоиш пред машината и гледаш како излегуваат чисти, убаво испечатени
страници, што ти дава убаво чувство на задоволство, и почнуваш да сонуваш за
мисионерство, и дека копиите ќе ги рашириш насекаде. Но, одеднаш почнува измачувањето, машината
печати погрешни страници, гледаш како се уништуваат копиите што требало да
излезат и на крај си толку напнат, и се што можеш да направиш е да се смириш и да ја кажуваш
Исусовата моилитва, обидувајќи се да ја средиш збрката. Иако тоа не претставува
задоволство (какво што би било гледањето на убавите копии), духовно, прави
поголема работа, бидејќи те прави напнат и ти дава шанса да се бориш. Но, ако
наместо тоа, се обесхрабриш и ја треснеш машината, тогаш си ја изгубил битката.
Битката не е колку страници на час се прават, туку она што прави душата.


My favourite one. Пак ме погоди. ХОХО

Изменето од Maran Ata - 27.Октомври.2008 во 11:06
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 11:32
Свети Макариј Египетски

Смиреноум е оној кој стигнал до крајното смирение, односно до слободата. Тоа е оној кој смета дека е подолу од секоја твар и од секој човек, и кој заради тоа никогаш не паѓа. А и како би можел да падне оној кој е под сите созданија!?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.