|
АГРОБЕРЗИ |
Внеси реплика |
Автор | ||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 20.Октомври.2008 во 16:06 |
|
Берза на земјоделско-прехранбени производи, покрај физички и правни лица ќе можат да основаат државата и единиците на локалната самоуправа и тоа за сите земјоделско-прехранбени производи или само за една група. Ова е предвидено со Предлогот за измени и дополнувања на Законот за берзи на земјоделски прехранбени производи од 1992 година, што доби зелено светло од Седница на Комисијата за земјоделство.
-Предложените измени ќе ја зголемат конк*ренцијата и можностите за пласман на земјоделските производи, а берзите ќе значат и цврсти договори за нашите производители - истакна во образложението, заменик-министерот за земјоделство, Христијан Делев. |
||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
AGROBERZI???????????????
vampire koj te postavi za moderator bre sega selaci kje se nakotat na forumov Изменето од anakin - 20.Октомври.2008 во 16:11 |
||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Оти бе, вампир?... Имаш забелешки?... Ако не се они, ќе јадеш трева од градскиот асфалт...
|
||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали овде треба да се ,,зборува,,само за ...Агроберзи....
...или може да се ,,стави,, и по некоја ...агровест... ....
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Може и агровести... не мора да е стриктно за агроберзите...
Еве јас ќе поздравам една одлука на владата, да одобри бесцарински увоз на 5 милиони килограми црвена пиперка, по оправданото барање од страна на конзервните фабрики. Министерот за земјоделство ги предупреди преработувачите во иднина навреме да склучуваат договори со земјоделците за да не останат пак без основна суровина.
Со увозот ќе се спречи неисполнување на договорите со купувачите за веќе обезбеден пласман на готовиот производ од по 1 евро за килограм. Со тоа ќе се оствари девизен прилив од 5 милиони евра и намалување на трговскиот дефицит за 3,5 милиони евра.
|
||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
најнова вест
до година на пољопривредниците пак ќе им смета трева и кукољ и на крајот на сезоната нема да им остане 50 000 евра добивка како шо тие сакат |
||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
.........
Последниве години, во Пелагонискиот регион се почесто се произведува пченка за зрно... стратешка култура за потребите на сточарството, која пред неколку децении целосно се увезуваше.
„Нема доволно производство на пченка во Македонија, и можеби треба да се обрне поголемо внимание во делот на поттикнување на овој дел на производство, затоа што условите за производство се соодветни...Во Македонија во моментов, пченката зафаќа 25 илјади хектари обработливи површини. Со успешна примена на современ асортиман, во услови на наводнување, оваа култура на македонското сточарство ќе му обезбеди рентабилно работење, а на државата годишни заштеди од десетици милиони евра. |
||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
................................
Почна бербата на киви во Гевгелиско.....
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уште една причина повеќе за заживување на агроберзите. Ова е само дел од неискористените потенцијали со кои располага нашиот аграр.
Изменето од anastea - 24.Октомври.2008 во 17:17 |
||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во тек е потпишувањето на договорите за програмата за рурален развој, што на земјоделците им овозможува враќање на 50 проценти од парите што ги вложиле во развојни проекти. За ваквата субвенција конк*рирале повеќе од 600 земјоделци. Најголем интерес има за модернизација на земјоделски објекти, за подобрување на конк*рентност, набавка на земјоделска опрема, приклучна механизација, и за преработувачката индустрија. Досега се потпишани повеќе од 300 договори со земјоделците, исплатата на парите ќе се врши по набавката на опремата или завршувањето на инвестицијата, и по извршената контрола на терен од страна на Платежната агенција. |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најново за агроберзите е дека нивната работа ќе биде регулирана со посебен правилник.Врз основа на законот за берзи на земјоделски производи, Министерството за земјоделство донесе нов правилник, во кој се пропишува какви треба да бидат откупните пунктови, со каква опрема и стручен кадар треба да располагаат агроберзите. Само агроберзите што ќе ги исполнат наведените критериуми ќе можат да откупуваат земјоделски производи. Се планира на ниво на Македонија земјоделски производи да откупуваат околу 10 агроберзи.
|
||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |