IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - Свирки, концерти, клубски настапи...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свирки, концерти, клубски настапи...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
Автор
Порака
metallica4ever Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 10.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 28
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај metallica4ever Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2009 во 04:33
Golema steta sto ne otidov :S:S:S
Кон врв
IQ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Darling

Регистриран: 11.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12382
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IQ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2009 во 00:04
dobro beshe, alal da mu e, bravo

[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 14:04

Faithless на 23 април ја започнува светската турнеја од Скопје!

Најголемиот денс состав на денешнината, Faithless, на 23 април ќе ја започне својата live машинерија во вид на нова голема светска турнеја токму од Скопје.

По изразената желба на бендот, кој беше одушевен од приемот на публиката во овој дел од Европа, менаџментот на бендот, побарал од агентот Авалон Продукција да ги организира првите два концерта во Скопје и Белград.

Единствениот услов било салите да бидат што е можно помали, за што поблизок контакт со публиката, Поради тоа Скопскиот концерт на 23 Април ќе биде во Универзална сала со изваден партер со максимален капацитет од 1700 посетители, што само по себе зборува за екслузивноста на овој концерт ако се земе во предвид дека после Скопје и Белград (сала Еxpo 24 април - 2500 капацитет) Faithless ќе свират претежно во арени и големи фестивалски сцени со капацитет од 50 000 до 100 000 .

Следниот к*риозитет поврзан со овој концерт е фактот што продажбата на влезници започнува на 25-ти февруари во 9 часот наутро, заедно со продажбата за влезниците за целата светска турнеја, што е прв случај во Македонија.

Оние најголеми фанови на Faithless дури ќе може да обезбедат влезници уште од утре преку сајтот на бендот поврзувајќи се со линкот за Македонија, по цена од 1000 ден. стоење и 1500 ден. седење.

 
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 14:33
А што, некој би седел на Faithless?газење%20од%20смеење

Изменето од bounty_hunter - 23.Февруари.2010 во 14:44
Кон врв
Flix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Клабинг

Регистриран: 14.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 9229
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Flix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 20:37
Faithless во универзална , по крш неможи да е значи. Не е ова класична музика па ќе седиме и ќе слушаме .

Се знае се носат на саем и се урла таму се прај прејака журка.
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 21:21
море за нив и на стол ќе се качам...едвај чекам да дојдат да се издувам ко чоек
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
plagijat Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај plagijat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 08:30
По гостувањето на јапонскиот квартет Mono, на обострано задоволство, соработката помеѓу Младинскиот културен центар во Скопје и Плагиј.ат продолжува. Следува гостување на уште еден возбудлив бенд, чиј настап дефинитивно нема да ве остави рамнодушни. Среќни сме што можеме да го најавиме концертот на хрватскиот музички состав Pips, Chips & Videoclips кој ќе се случи на 09.04.2010 во денсинг салата во МКЦ.



Воедно, ова ќе биде одличен повод за светска премиера на новото озвучување и осветлување во Младинскиот културен центар. Почетокот на настанот ќе биде во 21.30 часот, а цената на влезниците е 200 денари во периодот од 15.03 до 22.03., 300 денари од 23.03. до 08.04. и 400 денари на денот на концертот. Влезниците ќе може да се набават на билетарата во Младинскиот културен центар или да се резервираат на bileti@mkc.mk.

Концертот на Pips, Chips & Videoclips е дел од off програмата на првиот креативен фестивал за велосипеди - Велофест.

Балканската музичка сцена не може да се пофали со голем број бендови што имаат успешна кариера надвор од регионот, но Pips, Chips & Videoclips веќе 18 години работат во Хрватска и свират во Германија, Ирска и во Велика Британија. Важат за единствена појава на домашната сцена, во исто време стилски разнолични, тематски провокативни и визуелно атрактивни - претставуваат вистински пример на модерен поп-состав.



Во својата долгогодишна кариера, имаат издадено шест студиски албуми: Shimpoo Pimpoo (1993), Dernjava (1995), Fred Astaire (1997), Bog (1999), Drveće i rijeke (2003) и Pjesme za gladijatore (2007). На последните два, Pips, Chips & Videoclips остварија исклучително значајна соработка со Dave Fridmann, човекот чиј потпис стои на плочите на Mercury Rev, The Flaming Lips, Mogwai, Sigur Rós и многу други. Fridmann е избран за еден од 100-те звучни визионери на сите времиња според магазинот Mojo. Освојувачи се на огромен број на дискографски награди и важат за еден од најинвентивните хрватски состави.

Кариерата на Pips, Chips & Videoclips доживува голем пресврт во моментот кога Фафенштајн едногласно е прогласен за митско место, а тие, дотогаш изгубените цицачи се метаморфозираат во Астронаути – убави, храбри и паметни спасители на Космосот. Така започнува мисијата Фафенштајн, најмистериозната и најдубиозната мисија во историјата на вселената. Добро е, тие конечно пристигнаа! Сега можеме да им оставиме да го “поправаат светот” како што знаат и умеат. И кога некогаш ќе ги видиш, патнику намернику, не се плаши да им пријдеш. PC&VC спејс шатлот го обиколува светот!

Концертот на Last.fm
Концертот на Фејсбук
Кон врв
plagijat Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај plagijat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 09:34
Ете, пројдоа пет години од почетокот на нашето онлајн дружење. Пролетаа неочекувано брзо. Како да беше вчера денот кога беше објавен првиот текст на вашиот и наш Плагијат. Започнавме со единствена желба - да се спротиставиме на целиот тој кич и невкус кои не опкружуваат. Колку успеавме проценете сами. Сепак, оваа прилика нема да ја искористиме за да се фалиме или да се жалиме, туку за да ви ја презентираме програмата со која ќе ...го прославиме нашиот петти роденден. Пет дена за пет години Плагијат.

PLAGIJ.AT TURNS 5

28.09.2010, Ла Кања
1825(+1) денови Плагијат
изложба на промо материјали и фотографии од концертите организирани од страна на Плагијат
+ настап на Бомзич и Музика и политика DJ set
почеток: 21 часот

29.09.2010, Галерија 7
Проекција на филмот All Tomorrow’s Parties
организирано во соработка со Компресор - Задруга за креативна трансформација
почеток: 21 часот

30.09.2010, Лаика
Плагијат слушалка: Роденденско издание
за музичкиот избор се задолжени нашите пријатели: Јане Алтипармаков, Ѓорѓи Јаневски и Костадин Шурбановски
почеток: 21 часот



01.10.2010, клуб Кастро
Khuda (Велика Британија)
Од вратот надолу (Македонија)
Nikki Louder (Словенија)
Petrol (Србија)
почеток: 20.30 часот
влез: 250 денари

02.10.2010, клуб Кастро
Man Zero (Хрватска)
Fighting Windmills (Македонија)
Killed by 9V Batteries (Австрија)
Oldseed (Канада)
почеток: 20.30 часот
влез: 250 денари

* Блок влезница за двата фестивалски денови во клубот Кастро чини 400 денари.


Повеќе детали за бендовите и за претпродажбата на влезниците наскоро.


Изменето од plagijat - 13.Септември.2010 во 09:34
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2012 во 23:50

Лени Кравиц со концерт во Скопје

После 4 години од најдоброто шоу досега видено на овие простори во Охрид на 3-ти Август 2008 година, новата средба со фантастичниот рокер, овој пат е закажана за 2-ри Октомври во арената "Борис Трајковски".
 
Авалон продукција најави дека концертот на Лени Кравиц ќе биде првиот концерт со комплетно архитектонско решена акустика во салата Борис Трајковски, која ќе се поставува летово по примерот на акустиката поставена во Белградска Арена.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.