IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - Свирки, концерти, клубски настапи...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свирки, концерти, клубски настапи...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 9>
Автор
Порака Обратен редослед
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Свирки, концерти, клубски настапи...
    Испратена: 09.Мај.2012 во 23:50

Лени Кравиц со концерт во Скопје

После 4 години од најдоброто шоу досега видено на овие простори во Охрид на 3-ти Август 2008 година, новата средба со фантастичниот рокер, овој пат е закажана за 2-ри Октомври во арената "Борис Трајковски".
 
Авалон продукција најави дека концертот на Лени Кравиц ќе биде првиот концерт со комплетно архитектонско решена акустика во салата Борис Трајковски, која ќе се поставува летово по примерот на акустиката поставена во Белградска Арена.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
plagijat Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај plagijat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 09:34
Ете, пројдоа пет години од почетокот на нашето онлајн дружење. Пролетаа неочекувано брзо. Како да беше вчера денот кога беше објавен првиот текст на вашиот и наш Плагијат. Започнавме со единствена желба - да се спротиставиме на целиот тој кич и невкус кои не опкружуваат. Колку успеавме проценете сами. Сепак, оваа прилика нема да ја искористиме за да се фалиме или да се жалиме, туку за да ви ја презентираме програмата со која ќе ...го прославиме нашиот петти роденден. Пет дена за пет години Плагијат.

PLAGIJ.AT TURNS 5

28.09.2010, Ла Кања
1825(+1) денови Плагијат
изложба на промо материјали и фотографии од концертите организирани од страна на Плагијат
+ настап на Бомзич и Музика и политика DJ set
почеток: 21 часот

29.09.2010, Галерија 7
Проекција на филмот All Tomorrow’s Parties
организирано во соработка со Компресор - Задруга за креативна трансформација
почеток: 21 часот

30.09.2010, Лаика
Плагијат слушалка: Роденденско издание
за музичкиот избор се задолжени нашите пријатели: Јане Алтипармаков, Ѓорѓи Јаневски и Костадин Шурбановски
почеток: 21 часот



01.10.2010, клуб Кастро
Khuda (Велика Британија)
Од вратот надолу (Македонија)
Nikki Louder (Словенија)
Petrol (Србија)
почеток: 20.30 часот
влез: 250 денари

02.10.2010, клуб Кастро
Man Zero (Хрватска)
Fighting Windmills (Македонија)
Killed by 9V Batteries (Австрија)
Oldseed (Канада)
почеток: 20.30 часот
влез: 250 денари

* Блок влезница за двата фестивалски денови во клубот Кастро чини 400 денари.


Повеќе детали за бендовите и за претпродажбата на влезниците наскоро.


Изменето од plagijat - 13.Септември.2010 во 09:34
Кон врв
plagijat Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај plagijat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 08:30
По гостувањето на јапонскиот квартет Mono, на обострано задоволство, соработката помеѓу Младинскиот културен центар во Скопје и Плагиј.ат продолжува. Следува гостување на уште еден возбудлив бенд, чиј настап дефинитивно нема да ве остави рамнодушни. Среќни сме што можеме да го најавиме концертот на хрватскиот музички состав Pips, Chips & Videoclips кој ќе се случи на 09.04.2010 во денсинг салата во МКЦ.



Воедно, ова ќе биде одличен повод за светска премиера на новото озвучување и осветлување во Младинскиот културен центар. Почетокот на настанот ќе биде во 21.30 часот, а цената на влезниците е 200 денари во периодот од 15.03 до 22.03., 300 денари од 23.03. до 08.04. и 400 денари на денот на концертот. Влезниците ќе може да се набават на билетарата во Младинскиот културен центар или да се резервираат на bileti@mkc.mk.

Концертот на Pips, Chips & Videoclips е дел од off програмата на првиот креативен фестивал за велосипеди - Велофест.

Балканската музичка сцена не може да се пофали со голем број бендови што имаат успешна кариера надвор од регионот, но Pips, Chips & Videoclips веќе 18 години работат во Хрватска и свират во Германија, Ирска и во Велика Британија. Важат за единствена појава на домашната сцена, во исто време стилски разнолични, тематски провокативни и визуелно атрактивни - претставуваат вистински пример на модерен поп-состав.



Во својата долгогодишна кариера, имаат издадено шест студиски албуми: Shimpoo Pimpoo (1993), Dernjava (1995), Fred Astaire (1997), Bog (1999), Drveće i rijeke (2003) и Pjesme za gladijatore (2007). На последните два, Pips, Chips & Videoclips остварија исклучително значајна соработка со Dave Fridmann, човекот чиј потпис стои на плочите на Mercury Rev, The Flaming Lips, Mogwai, Sigur Rós и многу други. Fridmann е избран за еден од 100-те звучни визионери на сите времиња според магазинот Mojo. Освојувачи се на огромен број на дискографски награди и важат за еден од најинвентивните хрватски состави.

Кариерата на Pips, Chips & Videoclips доживува голем пресврт во моментот кога Фафенштајн едногласно е прогласен за митско место, а тие, дотогаш изгубените цицачи се метаморфозираат во Астронаути – убави, храбри и паметни спасители на Космосот. Така започнува мисијата Фафенштајн, најмистериозната и најдубиозната мисија во историјата на вселената. Добро е, тие конечно пристигнаа! Сега можеме да им оставиме да го “поправаат светот” како што знаат и умеат. И кога некогаш ќе ги видиш, патнику намернику, не се плаши да им пријдеш. PC&VC спејс шатлот го обиколува светот!

Концертот на Last.fm
Концертот на Фејсбук
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 21:21
море за нив и на стол ќе се качам...едвај чекам да дојдат да се издувам ко чоек
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Flix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Клабинг

Регистриран: 14.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 9229
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Flix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 20:37
Faithless во универзална , по крш неможи да е значи. Не е ова класична музика па ќе седиме и ќе слушаме .

Се знае се носат на саем и се урла таму се прај прејака журка.
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 14:33
А што, некој би седел на Faithless?газење%20од%20смеење

Изменето од bounty_hunter - 23.Февруари.2010 во 14:44
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 14:04

Faithless на 23 април ја започнува светската турнеја од Скопје!

Најголемиот денс состав на денешнината, Faithless, на 23 април ќе ја започне својата live машинерија во вид на нова голема светска турнеја токму од Скопје.

По изразената желба на бендот, кој беше одушевен од приемот на публиката во овој дел од Европа, менаџментот на бендот, побарал од агентот Авалон Продукција да ги организира првите два концерта во Скопје и Белград.

Единствениот услов било салите да бидат што е можно помали, за што поблизок контакт со публиката, Поради тоа Скопскиот концерт на 23 Април ќе биде во Универзална сала со изваден партер со максимален капацитет од 1700 посетители, што само по себе зборува за екслузивноста на овој концерт ако се земе во предвид дека после Скопје и Белград (сала Еxpo 24 април - 2500 капацитет) Faithless ќе свират претежно во арени и големи фестивалски сцени со капацитет од 50 000 до 100 000 .

Следниот к*риозитет поврзан со овој концерт е фактот што продажбата на влезници започнува на 25-ти февруари во 9 часот наутро, заедно со продажбата за влезниците за целата светска турнеја, што е прв случај во Македонија.

Оние најголеми фанови на Faithless дури ќе може да обезбедат влезници уште од утре преку сајтот на бендот поврзувајќи се со линкот за Македонија, по цена од 1000 ден. стоење и 1500 ден. седење.

 
Кон врв
IQ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Darling

Регистриран: 11.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12382
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IQ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2009 во 00:04
dobro beshe, alal da mu e, bravo

[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
Кон врв
metallica4ever Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 10.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 28
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај metallica4ever Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2009 во 04:33
Golema steta sto ne otidov :S:S:S
Кон врв
oAr Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oAr Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2009 во 01:30
Кон врв
plagijat Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај plagijat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 14:59
UPDATE!!!!!!!!!

Навистина уживавме во подготовките на овој настан. Сепак, некои работи се надвор од нашата контрола. Кога веќе почнавме да ги одбројувавме деновите до двојната програма во Кастро, од менаџментот на Швеѓаните ни стигна информација дека Jeniferever ја откажува турнејата заради трагичен случај во семејството на еден од членовите на бендот.

Покрај концертот во Скопје, откажани се и концертите во Виена, Марибор и Белград кои требаше да бидат дел од нивната мини турнеја.

07.05.2009 A - Wien, Vorstadt abgesagt
08.05.2009 SL - Maribor, Satchmo abgesagt
09.05.2009 S - Belgrad, Grad abgesagt
10.05.2009 MZ - Skopje, Castro abgesagt

Добивме ветување дека истите ќе бидат реализирани во октомври, па не ни останува ништо друго освен да чекаме.
Но, нема место за паника. Монотоноста на неделна вечер со својот настап ќе ја размрдаат String Forces. Сигурен сум дека нема потреба дополнително да се опишуваат нивните живописни концерти.
Цената на влезницата ќе изнесува 150 денари, а почетокот на свирката е закажан за 21.30 часот.
Кон врв
plagijat Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај plagijat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 14:09
Бендовите се најдраги кога човек е уверен дека ги открива прв, т.е. до нивната музика дошол пред мнозинството да ја разграба. Шесторката од Упсала, Jeniferever, веројатно е една од неколкуте извонредни тајни на шведската музичка сцена што само чекала да биде откриена. За среќа, на Plagijat тоа му се случи пред извесно време, таман во периодот кога се коваа планови за балканска турнеја на составот.

Во нејзини рамки, на 10 мај, групата ќе настапи во скопскиот клуб Castro. Нивното гостување уште посебно го прави фактот што на истата бина вечерта ќе свири и String Forces, едно од најпрогресивните имиња на домашната алтернативна сцена. Настанот е специјален и поради фактот што обата состава ќе се претстават со целовечерни сетови, што значи публиката ќе добие два концерта во едно пакување. Jeniferever најголем дел од изведбата ќе посвети на промоција на темите од последното цеде Spring Tides што излезе на почетокот на април, додека String Forces ќе ја претстави новата постава и освежената насока на нивниот стил. Повеќе детали за обата бенда има подолу во најавата.



Убавината, најчесто, најлесно, но и најповршно, се забележува кога има физичка форма, кога може да се види и допре. Jeniferever, составот од Упсала, Шведска, што на 10 мај ќе настапи во клубот Castro, со музиката што ја создава, го разорува овој стереотип на милион ситни парчиња. За нив, како и за бендови од калибарот на Mogwai, Sigur Rós или The Album Leaf, убавината е амалгам од епски инструментални сегменти, милозвучни вокали и питоми ритми.

Гледано од широкоаголен објектив, четворката што работи заедно од средината на 90-тите, свири пост-рок, но доколку го разложите нивниот стил, ќе забележите амбиентален инди-рок, дрим-поп, шугејз, а дури и елементи од популарниот звук типичен за Шведска (ABBA, ама со, обратен, меланхоличен емотивен прелив). Четирите ЕП-изданија на групата (Chronicles of Omega, Jeniferever, Iris и Nangijala) и двата лонгплеј-албума (Choose a Bright Morning и Spring Tides) укажуваат оти квартетот одлично би се поврзал со фановите кои од својата музичка колекција најмногу почитуваат имиња како Godspeed You Black Emperor!, Jesu, Eluvium, Radiohead, Tortoise заедно со The Jesus and Mary Chain и The Cure.



Настрана непобитниот авторски квалитет, Jeniferever е опако стегнат лајв-состав што од 2002 до денес одржа над 250 концерти ширум Европа. Четворката, надополнета со уште двајца музичари, во Скопје ќе го промовира второто цеде, Spring Tides, што официјално излезе на 13 април преку Monotreme Records. Клубот Castro ќе биде местото каде што убавината на албумот ќе добие жива форма - медитативна или физичка, тоа ќе биде најмалку важно.

Парчиња од рецензии за новиот албум на Jeniferever:

Drownedinsound.com - 8/10

- Spring Tides е изданието што Jeniferever без сомнение го градеа во изминативе 13 години. Таа е епохален момент што вредеше да се чека и ви го остри апетитот за тоа каде ќе ги одведе следното истражувачко патување. (подетално)

Musicomh.com - 4/5
- А сега е време да се напушти светот на Jeniferever. Едно три секунди, додека не го земете далечинското и сè стартувате од почеток. Овие "пролетни плими и осеки" заплиснуваат во место што е преубаво за да се напушти. (подетално)

Theskinny.co.uk - 4/5

- Потресен, сјаен и целосно фасцинантен, Spring Tides е еден од оние ретки албуми во кои можете безусловно да се изгубите себеси. (подетално)

Линкови:
MySpace Profile
Monotreme Records Page
Wikipedia Article
Facebook & Last.fm

String Forces е вистински камелеон на домашната алтернативна сцена. Целосно независен уште од основањето во 1995 година, бендот досега објави три студиски албуми што перфектно ја прикажуваат природната (и логична) еволуција на неколкуте музичари што гравитираат околу малата и харизматична етикета и студио, Profundus. Изведбата со Jeniferever во Castro, на извесен начин, ќе биде прва јавна презентација на уште едно ново поглавје во историјата на скопската група.

String Forces на свирката ќе ја запознае публиката со дел од песните што ќе се најдат на четвртото цеде на составот, следбеникот на Silky Way од 2006. Бендот, што во 1998 година го објави селф-тајтлд-дебито, а во 2002 го промовира "Изохронија", по овој концерт се затвора во студио за да ги сними нумерите од дискот чие излегување е планирано за наесен. Единствена активност за групата дотогаш ќе биде промоцијата на уште еден видеспот од "Свиленкаст пат".

Ако на ова цеде String Forces го засили присуството на дигиталното во својот израз, за потребите на неговиот следбеник бендот пак се враќа на првичната форма, со комплетна лајв-постава и засилувачи. Секако, тие ги задржуваат препознатливите прог-рок и традиционално-македонски мотиви, но звукот одново е надграден со свежи и возбудливи елементи. Токму затоа, настапот на String Forces со Jeniferever веројатно ќе остане запаметен како уште една пресвртна точка во кариерата на групата што е отелотворение на термини како независни, интелигентни, напредни и уште низа други што се употребуваат за најискрените уметници.

Линкови:
SF@MySpace
AllAboutJazz Review
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 15:44
абе сега видов дека на 21-ви свиреле Тотално опуштање, мора и на нив да одам

Лу, штета не можам до Прилеп
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 13:16
LAOD vo PP, znaci site forumdzii od PP vo petokot zadolzitelno vo APOREA....

Ïðåäìåò:
~RIDERS OF THE APOCALYPSE~ (27-28/03/2009, Prilep)


Òåêñò:
LUCID STATE DREAMERS proudly presents

RIDERS OF THE APOCALYPSE     //20-21.03.2009//

Venue: Club "Aporea", Prilep, Macedonia
Location: Downtown (see Google Earth image for details -> http://img23.imageshack.us/img23/5021/aporea.jpg)
Tickets Sale: at door (50 den. + free drink :D)




TIMETABLE:

20/03/2009: Metal Night

22:00 ~ 24:00
Brain Parasite (Bitola)
www.myspace.com/brainparasitemk

00:00 ~ 02:00
Last Act of Defiance (Skopje)
www.myspace.com/lastactofdefiancemacedonia

21/03/2009: Trance Night

21:00 ~ 22:30
warm up chill by VirtualA (Prilep)
www.myspace.com/virtuala

22:30 ~ 23:30
DJ set by Rearanger (Prilep)
www.myspace.com/reafear

23:30 ~ 00:30
DJ set by Hobbit (Prilep)

00:30 ~ 02:00
DJ set by Phobos Azazel (Skopje)
www.myspace.com/phobosazazel
www.myspace.com/bhooteshwararecords


LUCID STATE DREAMERS welcomes you ALL party freaks :shock:
C Y There, boomz !!!

Изменето од LouWeed - 17.Март.2009 во 14:22
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.