IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Макробиотика
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Макробиотика

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 24>
Автор
Порака
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2009 во 17:39
SOVETI ZA POCETNICITE
_____________________

Ako makrobiticki produkti se mesaat so cokolada i druga hrana koja ja jadat site, i dokolku nema dovolno aktivnosti pa ke apne tek ponekoj makrobioticki produkt , na primer, snegulki so jogurt i mleko i slicno - togas sigurno nema da oslabi covek pa nit ke se izleci od nekoj vid na rak nit pa ke spreci pojava na cisti i kancer. Ovde ne vazi pravilo 'od se ponesto' ili ' moite jadele sve pa i ja i nisto ne ni e' a toa spored Michio Kushi doaga postepeno pa nekoi i ne se svesni da imat rak ili im pasga sekerot itn. efekti na makrobioticka hrana se custvuvaat relativno brzo no od ishrana treba da se eliminira sekoja stetna hrana od 2te osnovni koi se kancerogeni i nosat bolesti.

Zeni i mladi devojki se nepotrebno optovareni so linija ili strav od debelnj; nie maskite uvek sme sakale krupnicki a slabi ne bas tolku.

Pod uslov da go sozvakate sekoj zalak detalno, mozete da jadete makrobioticki produkti kolku sto sakate i pak nema da se zdebelite nit ke se razbolite. Za dobar sex ili teska rabota potrebna e izdrzlivost a hrana za izdrzlivost e makrobiotickata vegan.

So pomos na makrobioticka ishrana mozno e da se smeni krvnata grupa, pa duri i da se odredi polot na fetus.Taka pisuva Micio Kushi.

ZAMENI STETNI PRODUKTI SO ZDRAVI
________________________________

Zameni stetni produkti so zdravi i konsultiraj se so makrobioticki instruktor ili procitaj nekoja kniga za makrobiotika.

Namesto bel oriz zemaj integralen oriz i drugi zitarki
Namesto rafiniran seker zemi prirodni zsladuvaci
Namesto rafinirana sol koristi morska sol.
Namesto nekvalitetni kancerogeni sosovi koristi sojin sos tamari koj e prepoln so enzimi.
NAMESTO BELI PECIVA I LEB KORISTI LEB OD CELO ZRNO NA ZITARKI ( takov jadele hipokrat i rimski vojnici ) so priroden kvas. Koristi priroden kvas za leb - Industriskiot kvasec ja razreduva krvta.

Vo spektar na makrobioticki produkti za se postoi soodvetna zamena.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 19:23
РАКОТ НА ДОЈКА МОЖЕ СПОНТАНО ДА ИСЧЕЗНЕ?      
________________________________________

Истражувањето кое беше направено во врска со ракот на дојка и чии резултати беа објавени во Archives of Internal Medicine, 24 Ноември 2008 година, од страна на истражувачот Per-Henrik Zahl, покажаа, „...Некои од инвазивните карциноми на дојка кои биле откриени со мамографија, покажале спонтано исчезнување“.

Имено истражувачите нашле 22% почеста појава на карцином на дојка кај жените кои правеле мамографија секоја втора година, за време од 6 години, за разлика од оние жени кои правеле мамографија еднаш за тие 6 години (1909 жени наспроти 1564 жени на група од 100 000 жени). ...

Ако очекуваме, секој од овие откриени карциноми да продолжил да се развива, тогаш би требало после 6 години да се открие ист број на карциноми кај жените кои правеле редовна мамографија на секои две години и кај оние кои правеле еднаш мамографија во 6 години, наспроти добиениот резултат на помал број на карциноми кај оние жени кои правеле скрининг еднаш во 6 години. Заклучокот на истражувачите бил „...Се чини дека некои од карциномите кои се откриваат со чести мамографии, воопшто не би се развивале, односно спонтано би се повлекле и не би биле регистрирани кај жените кои се прегледуваат поретко, односно на 6 години.“

Како и да е, настрана од резултатите и заклучоците од оваа студија, спонтано повлекување на карциномите на дојка, без никаква терапија, постои и многу такви случаи се опишани во секојдневната пракса на лекарите. И не само на карциномите на дојка. Спонтано повлекување е забележано и кај карциномите на простата, мозок, бубрег, грлото на матка кај жени, дебело црево и сл.

Многу пациенти кај кои е дијагностициран карцином на дојка, па и на друг орган, се крајно депресивни и се чувствуваат безнадежно. Голем придонес за таквото сфаќање има општо прифатеното мислење за неизлечивоста на карциномите. Ваквото мислење е многу опасно кога е подржувано од самите доктори, затоа што безнадежноста и страдањето на пациентот е фактор за брзо пропаѓање на организмот по дознавање на дијагнозата. Пациентите имаат право да знаат дека дури и таканаречените напреднати форми на карциноми можат да бидат излечени и да завршат со таканаречената спонтана ремисија или исчезнување.

Она што е стопостотно сигурно е фактот дека повлекувањето на карциномите оди секогаш со напорите на пациентот да ги сменат своите деструктивни животни навики со здрави животни навики. Една од најсилните, најпродуктивните здрави животни навики е комплетна промена на начинот на исхрана, односно елиминирање на храната која „ја храни болеста“ со храна која го подига и го обновува имунитетот.

Така, доаѓа навистина до повлекување на болеста, состојба која е општо позната како спонтана ремисија на болеста или спонтано излекување.

Кога напорите но и средствата би се насочиле кон едукација на жените која е храната која треба да ја јадат како заштита од карциномот на дојка, многу посреќни жени би имало за разлика од онаа ситуација кога се организираат хуманитарни манифестации за подобрување на условите на лечење на болните кои примаат цитостатици.

Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 19:26
ДЕНЕШНИТЕ ЖЕНИ НЕМААТ РАСИПАНИ ГЕНИ
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер   

Голем процент од жените денес страдаат од гинеколошки заболувања кои го уништуваат квалитетот на нивниот живот. Две третини од жените денес страдаат од таканаречениот менопаузален синдром и најпродуктивниот период од животот го поминуваат барајќи излез од неподносливата состојба во која се наоѓаат. Од друга страна голем број на жени кои сеуште не се во периодот на менопауза секој месец страдаат од таканаречениот предменструален синдром кој со денови го нарушува нивното психичко и физичко здравје преку зголемен крвен притисок, напнатост, надуваност, болки во стомакот и дојките, ужасни главоболки, несоница, раздразливост...

Илјадници девојчиња страдаат од болни менструации и со денови изостануваат од секојдневните обврски на училиште или на факултет, заради онеспособеност, малаксалост и понекогаш екстремно искрварување.

Илјадници жени се судруваат со проблемот на екстремни крварења, тумури на матката или цисти на јајниците. Многу од нив се советувани да направат операција и да извадат дел од своите генитални органи како решение за нивниот проблем.

Колку млади жени денес страдаат од полицистични јајници, кои се обвинуваат за неплодност и други хормонски пореметувања. Колку жени страдаат од ендометриоза.

Што се случува со жената во современото општество? Дали жената го губи квалитетот на своите гени и станува организам кој е помалку вреден и осуден на рана пропаст и страдање? Дали природата го менува својот став спрема женското тело и одлучува да го уништи казнувајќи го на страдања и болки? Колку гинеколози искрено и отворено размислуваат за тоа зошто толку многу патологија кај жените се јавува денес? Колку се помислува на вистинските причини за сите овие болести...Дали во женското тело има орган повеќе? Дали тумурите на матка се јавуваат затоа што во телото на жената има матка...? Дали предменструалниот синдром се јавува затоа што женското тело лачи женски хормони? Ако е така тогаш какви хормони треба да лачи женското тело? Машки? Дали цисти на јајници се јавуваат затоа што во женското тело без потреба има јајници?

Ако се размислува со мозокот на ножот, излегува дека органите во женското тело се виновни за болестите кои ги манифестираат, па затоа најдобро е да се отстранат, и жената така помалку ќе биде жена и помалку ќе биде болна...

Но свесните луѓе, особено вистинските стручњаци не размислуваат така. Се разбира дека гените на денешната жена не се помалку вредни од гените на жените во минатото. Тие се исти. Се промениле само животните навики кај жените. А тоа не се лекува со операција или со таблети. Не се виновни женските органи или женските хормони за болестите кај жената.

За најголемиот број гинеколошки проблеми одговорноста треба да се бара во нездравата исхрана и лошите навики. Со сосема едноставна промена на исхраната, со елиминирање на лошите навики, најголемиот број гинеколошки проблеми кај жената буквално исчезнуваат. Вистинските стручњаци тој факт никогаш не треба да го занемарат!

Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 19:27
ПРЕДМЕНСТРУАЛНИОТ СИНДРОМ И ИСХРАНАТА      
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер   

Сè поголем процент на жени денес страдаат од таканаречениот предменструален синдром или ПМС. Можете да прочитате илјадници страници од медицинската литература (од областа на гинекологијата), каде овој синдром се опишува како состојба на општа нелагодност кај жената во периодот пред менструацијата, како состојба на изразена нервна раздразливост, чести главоболки кои се од мигренозен тип, подуеност на стомакот, опстипација или пролив, болна осетливост на дојките, несоница...ПМС завршува со почеток на новиот циклус, но со тоа обично не завршуваат тегобите. Најмногу жени кои страдаат од ПМС, а особено девојчиња, се судруваат со силни болки во текот на менструацијата, кои некогаш завршуваат со колапс...

Синдромот на ПМС е совршено опишан, би се рекло дека е совршено изанализиран и проучен од страна на медицината. Ако сте лекар кој специјализира гинекологија, или без разлика, ако сте лекар кој трага по методите со кои може да им помогне на своите пациентки да се ослободат од ПМС синдромот, во литературата можете да најдете многу совети и лекции за лекување на синдромот, и тоа се пред сè: хормонска таблетарна терапија, депо на хормони кои се инјектираат, лекови против главоболки, лекови за измокрување на „вишокот течности“, седативи, витамини, па дури и поудобни душеци за спиење, напивки за „протерување“, итн. За болната менструација, се разбира, можете да понудите лекови против болки, кои треба да се земаат во првите денови на менструацијата. И тоа е сè...од лекарот...

Но, ако сте пациентка која сепак бара малку поинаков начин на комуникација со докторот, и одеднаш го запрашате докторот: Докторе, зошто јас имам ПМС и болна менструација?

Тогаш веќе ќе дојдете во ситуација да се судрите со конфузното и нејасно објаснување на повеќето доктори кои ќе ви кажат:

Тоа е сè уште нејасна работа; или

Тоа е заради вашата ендометриоза; или

Тоа е затоа што имате аденомиоза на матката; или

Тоа е затоа што имате миоматозна матка.



Ова објаснување на пациентката ништо не и значи. Искрено, и на докторот не треба ништо да му значи. Зошто? Затоа што ПМС и болната менструација не се јавила затоа што жената имала миом или аденомиоза или ендометриоза, туку затоа што причините за појава на сите тие работи сè уште се присутни во организмот. Кои се причините за нивно појавување, е прашање кое воопшто не се анализира во современата медицина.

Кога современата медицина би се занимавала многу повеќе со начинот на исхрана на луѓето, тогаш ќе пронајде многу решенија за состојбите за кои засега има само привремени, или би се рекло, „маскирачки“ решенија. Имено, исхраната која избегнува продукти од животинско потекло и масти воопшто, придонесува за намалување на нивото на естрогени хормони во крвта, кои се причина за голем број на пореметувања, кои водат до спомнатите состојби на ПМС и болни менструации.

Со намалувањето на мастите во исхраната, се намалува нивото на естрогени во крвта. Од друга страна, со намалување на консумирањето на животинска храна, се зголемува внесот на растителната храна која изобилува со растителни влакна, кои помагаат за намалување на нивото на естрогени во крвта, исто така. Тоа го прават на тој начин што го зголемуваат излачувањето и исфрлањето на естрогените преку дигестивниот тракт. Така, ако јадете повеќе грав, грашок, компир, зелка, ориз и друг зеленчук, ќе имате далеку помало ниво на естрогени во крвта, отколку ако јадете риба, свинско, телешко, јајца, млеко, сирење и сл. Кога ќе почнете на овој начин да го контролирате нивото на естрогени во крвта на нормално ниво, тогаш нема да ги чувствувате негативните ефекти од зголеменото ниво на естрогени, а тоа е ПМС и болните менструации. Но сепак, треба да се спомене дека со елиминирањето на животинската храна и мастите од исхраната, нема да почувствувате ефект ако сè уште јадете замастени манџи и преливи за салати, пржени компири, маргарин, чипс и друг вид на пржени грицки...

Затоа, за да се ослободите вистински од проблемите на ПМС и на болните менструации, треба да научите како да направите вистински промени во исхраната. Затоа, програмата на 8-КА е едукативна програма, која ве едуцира за причинско-последичната поврзаност на начинот на исхраната и болестите, како и лекување на болестите со начин на исхрана. Таа програма истовремено значи и успех во справувањето со вишокот на килограми на многу природен начин, без напорно и депресивно броење на калории.

Со следење на новиот начин на исхрана, многу пациентки за многу брзо време се ослободуваат од мигренозните главоболки, напнатоста на дојките, нервозата, раздразливоста, опстипацијата, подуеноста на стомакот. Многу девојчиња се ослободуваат од силните менструални болки и повторно се способни да се вратат на секојдневните обврски, на учењето, спортувањето и сл. За да се почувствува максималниот ефект од промената на начинот на исхрана, препорачувам да се обидете тоа да го спроведете барем два месеци.



УШТЕ НЕШТО ЗА МЕНСТРУАЛНАТА БОЛКА



Кога зборуваме за мастите, тогаш да споменеме дека различни видови на масти различно делуваат во организмот. Така, животинските масти содржат големи количини на заситени масти, кои се во цврста состојба кога се на собна температура, додека растителните масти се во облик на незаситени течни масла.

Мастите учествуваат во создавањето на простогландини во организмот. Тоа се соединенија кои учествуваат во воспалителните процеси, болката, мускулните контракции и во згрутчувањето на крвта. Затоа, простогландините всушност се главните актери во создавањето на менструалната болка, и затоа лекарите при болни менструации даваат лекови кои го блокираат дејството на простогландините. Но, проблемот е во тоа што и тие лекови, покрај позитивното дејство, што е намалувањето на болката, имаат многу поголемо негативно дејство во организмот. Од друга страна, со начинот на исхрана може да се контролира создавањето на простогландини во организмот и на тој начин организмот природно да се ослободи од болната менструација, без притоа да му се нанесува дополнително оптоварување и уништување на одбранбениот систем.

Некои луѓе сакаат да го зголемат нивото на таканаречените корисни масти во организмот, па земаат Омега-3, или рибино масло и слично. За жал, и тие луѓе многу грешат, затоа што земањето на масти во вакви облици е причина за бројни други пореметувања во организмот. Подобра стратегија е онаа која се базира на земање зелена растителна храна, како што се лиснатите зеленчуци, мешункастите растенија (грав, грашок, боранија, леќа), а да се елиминира животинската храна.

И витаминот Б6, исто така, игра улога во намалувањето на менструалната болка. Лекарите денес многу лесно препишуваат таблети со витаминот Б6. Сепак, многу попаметно е пациентите да се едуцираат како нивниот организам природно да се обезбеди со доволни количини на витамин Б6. Овој витамин игра улога во намалување на нивото на естрогени хормони, со тоа што го олеснува нивното преработување во црниот дроб.

Доволни количини од витаминот Б6 има во житарката, гравот, бананите и јатките. Рафинираните брашна немаат витамин Б6. Кога се зема од овие видови храна кои се богати со Б6 витаминот, во организмот нема да има недостаток од истиот. Но, кога се зема таблета витамин Б6, може да дојде до несакани ефекти од истиот, кои се изразуваат во нервни пореметувања.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 18:28
Светскиот макробиотичар Едвард Еско одговара на прашања од макробиотиката _______________________________________________________

Ова се одговорите на еден од најпознатите светски макробиотичари, Едвард Еско, на прашањата кои му ги поставувале учесниците на разни семинари и предавања, кои тој ги одржувал ширум светот.

Како да се живее во склад со природата?

Една од првите работи која им ја препорачуваме на луѓето е да водат сметка за тоа што јадат секој ден. Затоа што, како што сега откриваат современите нутриционисти и медицината, храната е главен фактор на здравјето и болеста. Постојат бројни докази дека современата исхрана богата со масти, со рафинирани производи и слично, е поврзана со појавата на срцеви заболувања, со рак и со многу хронични болести. Затоа, како прв чекор, им сугерираме на луѓето да почнат да ја менуваат својата исхрана и да и се вратат на традиционалната исхрана.
Дали го избегнувате месото?

Во најголем број на случаи, да. Јас лично не сум јадел месо 30 години.

Според резултатите од големата студија која ги проучува прехрамбените навики во Кина, исхраната базирана на билки е поздрава од исхраната базирана на месо. Дали се сложувате со тоа?

Да. Доказите за тоа се многубројни. Поради тоа, во последниве 10 години многу луѓе престанаа да јадат месо и преминаа на исхрана со многу помалку масти, како што се рибата и морските плодови или сојата и сојините производи, богати со растителни белковини. Денес многу луѓе се сложуваат дека исхраната богата со месо не е добра за здравјето. И оваа епидемиолошка студија за Кина (Студија за здравјето на Кина), само во широки размери и на научен начин, го потврдува она што веќе многу луѓе го знаат.

Големиот пораст на заболени од срцеви болести е навистина цивилизациски проблем на Америка и Запад. Се сложувате ли со тоа?

Дефинитивно се сложувам. Кога ќе ги погледнете Јапонија, Филипини, Африка и другите краеви на светот каде луѓето не консумираат толку намирници од животинско потекло, ќе видите дека процентот на срцеви заболувања кај нив е многу помал од оној во САД и во другите развиени земји. Истото важи и за многуте видови на рак. Популациите кои консумираат малку животински масти имаат многу помал процент на рак на дебело црево, на простата, на дојка и други видови на рак.

А додатоците на исхраната - суплементите? Дали и тие спаѓаат во макробиотика?

Наша цел е да сите потребни хранливи состојки ги добиваме од намирниците кои секојдневно ги консумираме. Ако јадеме добро избалансирани разновидни намирници, немаме потреба од вештачки додатоци. Како привремено решение, луѓето кои се хранат на современ, неправилен начин, можат понекогаш да користат додататоци на исхраната (суплементи). Но, не препорачуваме долготрајна примена на суплементи.

Дали е точно дека макробиотската исхрана влечи корени од јапонската исхрана?

Макробиотската исхрана вклучува елементи од традиционалната јапонска исхрана. Макробиотската исхрана не е јапонска исхрана, туку вклучува во себе повеќе традиционални исхрани од различни култури. На пример, и вашата баба најверојатно јадела интегрален леб, кисел купус, грав, леќа и други растителни намирници, а многу помалку намирници од животинско потекло, отколку ние што ги јадеме денес.

Американските Индијанци јадат пченка, мешункаст зеленчук и дињи, што сè спаѓа во макробиотска храна. Ако се вратиме неколку генерации наназад ќе видиме дека луѓето, повеќе или помалку, се хранеле така како што препорачува и макробиотиката. Во намирниците пред Втората светска војна, имало само околу 5 -6 хемикалии. Денес во намирниците има неколку илјади хемикалии. На преминот од 19-тиот во 20-тиот век сите јаделе, повеќе или помалку, органска храна. А ако ја погледнете статистиката на нивното здравје, верувале или не, ќе видите дека во тој период срцевите заболувања биле многу ретки. На преминот од 19-иот и 20-иот век, од рак боледувале 1 од 27 луѓе. Денес од рак заболува секој трет човек. Овие промени корелираат со преминот од традиционална исхрана на модерна, преработена храна богата со масти и вештачки додатоци, хемикалии.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 18:35
Ориз - здрава храна и лек
_________________________

Оризот (Oryza sativa) е по потекло од тропската Азија и е основна храна на повеќе од половина жители во светот. Успева во скоро сите делови на светот, а особено во топлите и влажни предели. Постојат околу 1 000 врсти на ориз. Покрај тоа што оризот се користи за исхрана, тој се употребува и во индустријата, во козметиката и во медицината.

Оризот е извонредно хранлив (360 калории во 100 грама). Сиромашен е со масти, но богат со скроб, па затоа е лесно сварлив.

Оризот е богат со минерали. Најмногу има фосфор (116 милиграми) и калиум, а нешто помалку магнециум, калциум, манган, железо, сулфур, бакар, цинк, кобалт...

Од витамини, оризот најмногу содржи витамин Е и витамини од групата Б.

Поради својот биолошки состав, оризот не е само храна, туку и лек.

Уште во старата кинеска медицина, оризот играл важна улога. Неговите лековити својства ги признала и научната медицина: оризовата вода како природно средство против пролив, оризовото брашно во исхрана на доенчињата и децата.

Оризот има многу важна улога во диеталната исхрана. Сепак, напоменуваме дека денес оризот во исхраната погрешно се користи: излупен и глазиран (помалку вреден), наместо природен, интегрален.

Во старите кинески хроники, оризот се спомнува уште во 2 800 година пред нашата ера, а и денес е една од најважните култури во светот и основна храна на поголем дел од човештвото..

Во споредба со другите житарици, оризот има најголема енергетска вредност: 100 грама ориз содржи 1540 kj или 368 kcal. Од хранливи состојки најмногу има скроб (70–80 %), потоа белковини (6,5 %) и масти (0,7 %), а богат е и со минерали. Најмногу има фосфор (116 mg%) и калиум (98 mg%), а не се занемарливи ни количините на магнезиум, калциум, манган, железо, сулфур, бакар, цинк, кобалт, флуор.

Од витамини има витамин Е – во р`кулците, и скоро сите витамини од групата Б – во лушпата.

Во продажба може да се најдат 3 вида на ориз:

    * нелупен, т.е. онаков каков што ни го дава природата, познат како интегрален,
    * олупен, но неглазиран и
    * олупен и глазиран, каков што најчесто се користи, посебно во високоразиените земји, каде не се гаи, туку се увезува.

Разликата помеѓу овие 3 вида на ориз е огромна. Нелупениот и неглазираниот ориз не е на изглед така убав како глазираниот, но неговата прехрамбена вредност, богатство на витамини и минерални соли, е неспоредливо поголема отколку на глазираниот.

Долготрајната исхрана исклучиво или претежно со излупен и глазиран ориз, а такви случаи има доста во светот, доведува до авитаминоза, т.е. до познатата болест „бери-бери“, која може да завржи со смрт.

Кинезите го употребуваат оризот како основна храна.

Во IX век во Азија се појавила болеста „бери-бери“ како резултат на недоволното внесување на витамини.

Таа болест траела 50 години се додека не се дошло до заклучок дека машината што го преработувале оризот ја тргала обвивката на оризот, која била богата со витамини. Од тогаш почнал да се употребува интегралниот ориз, кој всушност е ориз со лушпа, кој е многу богат со витамини.

Нелупениот ориз има, покрај другото, неспоредливо повеќе сирова целулоза, па затоа тој го поттикнува празнењето на цревата, го поттикнува излачувањето на желудечните и цревните сокови. Идеалниот однос на неговите биолошки состојки ја воспоставува рамнотежата во организмот.

Поради големата содржина на скроб и калиум, како и поради неговата лесна сварливост, оризот се препорачува за диетално лекување на желудечното и цревното воспаление и на проливот.

Научно е докажано дека оризот, поефикасно од било која друга житарица, го зголемува излачувањето на мочката, па затоа тој им се препорачува на лицата со водена болест, односно на лицата кои имаат отоци и насобрана течност во шупливите органи (во абдоменот–асцит и целодробната обвивка–плеврит).

Исто така, со исфрлањето на поголемата количина на течности од организмот, се исфрла и вишокот на фосфор и белковини, што значително ги намалува ревматските тегоби, тегобите при гихт, кои се пратени со болки во зглобовите.

Со водата се излачуваат и штетните материи од организмот, па ориз или оризова вода е природен лек за детоксикација на организмот.

Оризот го намалува крвниот притисок

Кога ќе се зголеми крвниот притисок, веднаш треба да се примени диета со ориз. Едноставно, болниот треба 2-3 дена да јаде само добро сварен и несолен ориз и обилно да пие чаеви за намалување на крвниот притисок.

Ориз против долготраен пролив

Мешавина од 3 супени лажици оризово брашно (од интегрален ориз) и исто толку сомлен јачмен се прелива со еден литар зоврена вода. Покопениот сад се остава да стои 2 часа. Кога ќе се олади, се додава сок од дренки или дуња. Оваа каша се јаде 3 пати дневно пред јадење.

Ориз против воспление на дебелото црево

Се ставаат 4 лажици оризово брашно, 2 големи лажици ориз, 2 големи лажици копива и боровинки. Оваа смеса се прелива со литар зовриена вода и после 2 часа се процедува. Течноста се пие засладена со мед од хељда.

Оризот го зголемува излачувањето на урината – природен диуретик

Се зема една шоља ориз, корен и лист од магдонос и целер. Се вари полека во еден литар вода. Кога оризот ќе се звари, се процедува и се пие течноста повеќе пати во денот.
   
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 18:36
Јачмен - здрава храна и природен лек
____________________________________

Јачменот е една од најстарите житарици. Тој е една од најуниверзалните зрнести култури, со широки можности за употреба во исхраната на човекот. Како култивирана билка, јачменот е гаен уште во каменот доба, 5000-6000 години пред новата ера. Трагови од култури на јачмен се пронајдени по долините на Тигар и Еуфрат, во долината на Нил и околу швајцарските езера.

Старите Грци го сметале како подарок од Деметра, „мајка на житото“, па на божицата и носеле жртвени колачи од јачменово брашно.

Јачменот е житарица која по својот биохемиски состав, а особено по своите лековити својства, има полно право да биде „равноправна“ со другите видови житарици, а од некои видови дури има и предности.

Хранливите вредности на јачменот се, инаку, слични со другите врсти на житарици.

Во целото зрно јачмен има 11% белковини, 1,8% масти и вкупно 73,4% јагленохидрати.

Во излупеното зрно јачмен, овие вредности се менуваат – процентот на белковини и масти се намалува, а се зголемува процентот на јагленохидрати.

Јачменот е богат и со минерали: калиум, фосфор, магнезиум, калциум, натриум, сулфур, железо, манган, бакар, цинк, кобалт, флуор и јод.

И витаминскиот состав на јачменот е сличен со витаминскиот состав на повеќето житарици. Јачменот ги содржи скоро сите витамини, а посебно витамините од групата Б.

Лековитите својства на јачменот се многубројни. Тие им се препишуваат на неговите главни состојки, како што се скроб, азотни материи, растителни незаситени масни киселини, шеќер, ензими и слично.

Јачмената слуз која настанува при варењето на олупеното зрно е многу вредна диетална храна при заболувања на грлото и органите на варење, посебно при заболувањата на желудникот.

Надворешно се употребува како топол облог за созревање на чиревите и за намалување на отокот.

Супите од јачмен, со дадаток на магданос и целер и други здрави зачини, се одлично диетално јадење за лицата кои се склони кон дебелење.
Јачменот го намалува крвниот притисок

Холандските истражувачи утврдиле дека јачменот содржи и до 35% незаситени масни киселини, кои го намалуваат нивото на холестеролот во крвта, што не е случај со ниедна друга житарица. Затоа јачменот треба почесто да се користи во секојдневнат исхрана, без предрасуди дека тоа е храна за сиромашните.

Јачменот е најделотворна намирница за намалување на нивото на холестеролот во крвта, а може да се додаде во супи или да се јаде во вид на каша за доручек. Јачменовите снегулки можат да се зачинат со цимет, кој го намалува шеќерот во крвта, а од млечни напитоци најдобар е кефирот. Одличен додаток на житните снегулки се и јатчестите плодови (ореви, лешници, бадеми) или брусница, кои помагаат во спречувањето на разни заболувања, од рак до мозочен удар, а извонредно делуваат и на здравјето на мочниот меур.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 18:38
Јагленохидрати - важни состојки во исхраната
____________________________________________

Здравата ихрана подразбира внесување на балансирано количество на протеини, јаглени хидрати, масти, витамини и минерали. Потребно е да се внесуваат поголеми количини протеини и јагленохидрати, а помалку масти. Во исхраната посебно е важен внесот на витамини и минерали, кои ги има најмногу во свежото овошје и зеленчук.

Јагленохидратите се важни состојки во исхраната. Конзумирањето на јагленихидратите би требало да биде 55-60 % од калориите, советуваат нутриционистите. Треба повеќе да се јадат сложени јагленохидрати, кои ги има во зеленчукот, овошјето и житариците, отколку едноставни (прости) јагленохидрати, кои се наоѓаат во шеќерите.

Сложените јагленохидрати даваат повеќе растителни влакна, витамини и минерали во исхраната отколку храната со високо рафинирани шеќери. Храната богата со сложени јагленохидрати обично е малку калорична, содржи малку масти и холестерол.

Сите јагленохидрати не се исти. Нивната основна функција е да му обезбедат енергија на телото, особено на мозокот и на нервниот систем. Сложените јагленохидрати се наоѓаат во: интегралните житарици, во сите лебови од интегрални житарици, компири, овошје, и зеленчук.

Едноставните (прости) јагленогидрати (шеќери) се оние кои се наоѓаат во слатките и белото брашно.

Телото ги претвара и едноставните и сложените јаглени хидрати во гликоза (шеќер во крвта), која се користи за енергија. Вишокот шеќер, кој не се искористува од организмот, се претвара во масти.

„Храната богата со јаглехидрати има природно смирувачко дејство врз мозокот“, вели Сара Бриџленд, нутриционист при центарот за нутриционизам во источен Есекс „Хајер Нејчер“.

Оваа храна го покачува нивото на серотонинот во мозокот, што има за резултат убаво чувство. Само 50-тина грама јаглехидрати го зголемува производството на серотонин и ја намалува анксиозноста за само 20 минути.

Серотонинот е еден од групата хемиски материи, наречен невротрансмитер, кој мозок го користи за регулирање на расположението.
Храна богата со сложени јагленохидрати

    * Сложени јагленохидрати: брашно, леб, ориз, пченка, овес, јачмен, компир, зрнеста храна, овошје, и зеленчук.
    * Нерастворливи растителни влакна: сите пченични лебови и житарици, пченични трици, зелка, шеќерна репа/цвекло, моркови, бриселско зелје, репи, карфиол, пектин.
    * Растворливи растителни влакна: овесни трици, овес, зрнеста храна, јагоди, јаболко, оризови трици и јачмен.

Храна богата со едноставни (прости) јагленохидрати

    * Сахароза – бел шеќер, кафен шеќер, преработен шеќер, сиров шеќер (необработен).
    * Гликоза – декстроза, гликозен сируп.
    * Фруктоза – овошје, зеленчук и мед.
    * Високо фруктозен сируп – течни засладувачи што содржат 42-90 % фруктоза.
    * Мед – направен од гликоза, фруктоза и вода.
    * Алкохолни шеќери – сорбитол, манитол, ксибитол.
    * Лактоза – млеко и млечни производи.
    * Малтоза, декстроза - зрнеста храна и печена храна.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 18:40
Природната чиста вода – еликсир на здравјето
____________________________________________


Водата е извор на животот. Човечкиот организам не може да функционира без вода. Човекот може да живее без храна и неколку дена, но без вода ниту еден ден.

Водата е составен дел на телото и претставува 70% од вкупната телесна тежина. Секој систем и процес во телото зависи од водата. Водата ги разградува и пренесува хранливите супстанции низ телото, обезбедувајќи им непречена работа на сите органи. Таа е вклучена во отстранувањето на отровите од виталните органи, во пренесувањето на хранливите материи во клетките и во одржувањето неопходната влажност во ушите, носот и грлото.

Сигурно го знаете правилото кое вели дека треба да внесувате најмалку 8 чаши вода дневно. Ова правило скоро сите го знаат, но не и сите го применуваат. Притоа мораме да имаме во предвид дека газираните пијалоци, соковите, чајот, а особено кафето и алкохолот, ниту хемиски, ниту физиолошки се еквивалентни на чистата изворска вода, ниту пак можат да ја заменат.

Водата секојдневно се губи со дишење, потење, мочање и со варење на храната. Бидејќи човечкиот организам неможе самиот да создава вода, мора да ја надомести со конзумирање на чиста изворска вода и со храна која содржи вода (супи, сосови, овошје – лубеница, диња, портокал, зеленчук – крставици, тиквички, домат ).

На просечен возрасен човек му се потребни од 2,2 до 3 литри вода на ден. Препораките на експертите за исхрана се дека мажите треба да внесуваат 3 литри, а жените 2,2 литри течност дневно.

Кога не се внесува доволно вода во организмот доаѓа до дехидратација.Под дехидратација се подразбира негативен биланс на вода во организмот. Дехидратацијата е пратена со јака жед, сува слузница на устата, отежнат говор. Јазикот е сув и обложен, со збришани папили. Хиповолемијата доведува до тахикардија (забрзана работа на срцето) и ортостатска хипотензија (нагол пад на притисокот при исправување на телото, при нагло станување).

Се јавуваат и симптоми од страна на нервниот систем: наизменично депресија и зголемена надразливост, делириум и кома. Се намалува излачувањето на мочката и таа е концентрирана и темно жолта.

Важно:

За да го сочуваме своето здравје, за да имаме млада, еластична и здрава кожа и за да правилно ни функционира секој дел од нашето тело потребно е секојдневно да консумираме чиста, природа изворска вода. Ова е наједноставен начин да ги превенираме сите болести.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 18:41
Праз – „чистач“ на организмот
_____________________________


Празот е од истата фамилија на билки како и кромидот и лукот, но има поблаг вкус и мирис. Според нутритивниот состав, тој е сличен на кромидот и лукот, но содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Од минерали, празот е богат со манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум. Има мала енергетска вредност, нискокалоричен е и во 100 грама праз има само 28kcal

Со готвењето се нарушува витаминско – минералниот состав на празот, па затоа најдобро е да се јаде свеж, како салата.

Празот содржи триосулфонати, кои со сечкање на празот, преминуваат во сулфиди (алицин - активна антибиотска материја), кои имаат антибиотско дејство.

Алицин дејствува како природен антибиотик.

Алицинот го намалува и крвниот притисок, го намалува нивото на холестеролот во крвта и го јакне имунолошкиот систем. Затоа празот е природен превентивен лек против кардиоваскуларните заболувања.

Празот содржи и органосулфидни компоненти, фитохемикалии кои, заедно со некои витамини и минерали, поволно дејствуваат врз здравјето.

Празот е богат и со етерични масла, кои го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и со тоа го поробруваат варењето на храната.

Бидејќи содржи доста калиумот (во 100 гр.има 300 мг), а малку натриум (сол) празот е силен природен диуретик. Тој го зголемува излачувањето на течностите и токсичните материи преку бубрезите. Затоа често празот им се препорачува на лицата со кардиоваскуларни и бубрежни заболувања, посебно за намалување на отоците.

Празот ја негува и кожата. Супата од праз го осветлува тенот. Благодарение на диуретичкиот ефект, празот го чисти организмот од отврови. Содржи и витамин Е и каротин, кои се важни за здрава, еластична и нежна кожа.

Празот, во споредба со сите зимски зеленчуци, содржи најмногу каротин, витамин Ц и Е, кои најмногу ги има во зелените листови. Го зголемува имунитетот, помага против настинката и инфекциите. Празот содржи моќни антиоксиданси, кои го штитат организмот од штетното делување на слободните радикали, кои можат да предизвикаат многу хронични заболувања, вклучувајќи го и ракот. Со право празот се смета за природен антиканцероген, кој помага во превенцијата и лекувањето на ракот.

Празот е нискокалорична билка. Во 100 грама праз има само 35 калории. Содржи многу малку масти и шеќери, а доста целулоза, која брзо дава чувство на ситост. Пектинот од празот прави заштитен филм на служокожата од желудникот.

Празот ги „топи“ килограмите. Тој е идеален за одржување на нормалната телесна тежина, а се користи и при диетите.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 18:43
Грав – билно месо
_________________


Гравот е донесен од Америка. Кај нас се одгледува до големи количини. Тој е најзастепен зеленчук на нашите трпези во зимските месеци. Спаѓа во редот на махунарки или легуминози, каде спаѓаат и грашокот, боранијата, леќата и сојата.

Махунарките се евтин зеленчук кој, како што тврдат научниците, помага во борбата против разни видови на рак.

Махунарките се богати со антиоксиданси, кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот, кои можат да предизвикаат рак. Најновото истражување докажало дека овој вид на зеленчук го намалува ризикот од појава на рак на дојка и го намалува растот и ширењето на туморот. Докажано е дека гравот делува лековито и при рак на дебело црево и рак на простата.

Гравот има скоро идеален нутритивен состав. Тој е побогат со протеини и од месото. Најдобро е гравот да се консумира со житарици, бидејќи таквиот оброк содржи полна доза на есенцијални аминокиселини кои му се потребни на човекот, советуваат научниците.

Гравот е извонреден извор на висококвалитени белковини, кои ги содржат сите потребни аминокиселини и претставува потполна замена за месо. Бидејќи не содржи метионин и цистин, гравот треба да се комбинира со житарици, како и со свеж зеленчук. На тој начин во организмот се внесуваат сите потребни есенцијални аминокиселини.

Гравот не треба да се јаде со месо, риба и јајца, бидејќи со нивна комбинација се зголемува киселоста на крвта и мочката.

Гравот е со висока енергетска вредност (во 100 грама грав има 143 kcal). Енергетската вредност на гравот потекнува од високата количина на јагленохидрати и белковини. Високата содржина на јагленохидрати, пред се скроб, дава долготрајно чувство на ситост, а со оглед на тоа што има помал гликемиски индекс од другите скробни намирници, гравот е дозволен во исхраната на дијабетичарите (во мали количини!).

Гравот го намалува нивото на холестеролот во крвта, ги врзува токсините во цревата и помага за нивно исфрлање. На тој начин, гравот го чисти организмот од токсини.

Поради високата содржина на фолни киселини, гравот им се препорачува на трудниците за нормално развивање на плодот.

Поради содржината на фитинските киселини, се ограничува консумирањето на гравот во терапии на анемија и остеопороза, бидејќи фитинската киселина ја отежнува апсорпцијата на железото и калциумот од цревата.

Гравот е тешко сварлива намирница. Лушпата на гравот е богата со сирови влакна и други материи кои несварени пристигаат во дебелото црево и така настануваат процеси на трулење, што доведува до чувство на надуеност и појава на гасови.

Лицата кои страдаат од желудечни, цревни и срцеви заболувања би требало да јадат грав во помали количини, поради неговата тешка сварливост, како и поради неговата тенденција дад го зголемува нивото на киселини во желудникот. Поради високата количина на протеини, гравот треба да го јадат во умерени количини и лицата со бубрежни заболувања.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 18:44
Житарици – важни намирници за човекот
_____________________________________


Житариците се најздрав избор за почеток на денот. Луѓето кои јадат житарици за појадок консумираат повеќе млеко од вообичаената количина и јадат помалку масна храна, месо, јајца и засладени пијалоци, стои во резултатите од истражувањето кое се спроведувало во период од 10 години.

Во студијата се наведува дека јадењето на житарици оди заедно со другите здрави навики како, на пример, редовното вежбање. Житариците се богати со витамини, а луѓето кои јадат житарици за доручек внесуваат и повеќе влакна и јагленохидрати во текот на денот, а и повеќе физички вежбаат.

Научниците во својата студија најмогу се труделе да дознаат зошто токму доручекот сите го нарекуваат најздрав оброк. Редовното појадување е поврзано со подобра исхрана, помало внесување на масти во телото, повисока стапка на физичка активност и подобар квалитет на живот.

Исто така, во истражувањето бил споредуван и животниот стил на лицата кои консумираат житарици со оној на лицата кои јадат други видови доручек.

Познато е дека житариците се богати со влакна, со железо, витамини, минерали, а сиромашни со масти, холестерол и шеќер.

Научниците заклучиле дека луѓето кои јадат житарици имат општо подобра исхрана, бидејќи пијат повеќе млеко, јадат помалку масна храна, помалку шеќер, леб и пијат помалку газирани сокови.

Житариците се едни од најважните намирници за човекот. Тие ги содржат сите потребни хранливи материи, кои се во идеална равнотежа. Содржат: вода, минерали, протеини, масти и јаглехидрати, во различни количества во зависност од видот на житарицата. Сите нутритивни материи кај житариците се во природна рамнотежа, која е идеална за човечкиот организам.

Денес обично се користат бели, рафинирани брашна, т.е. брашна добиени со отстранување на обвивката и ‘ркулецот на зрното. Но, вака преработени, белите брашна ги губат и витамините, минералите, корисните масти и растителните влакна. Јадрото на житарките е богато со јагленохидрати, па тие материи кај брашното од рафинирано зрно стануваат необично концентрирани, без останатите хранливи материи погодни за организмот.

Житните зрна се составени од три дела: обвивка, ‘ркулец и јадро. Во секој од нив има хранливи материи со важна улога во начинот на исхраната на луѓето. Јадрото на житното зрно е богато со сложени јагленохидрати и протеини, кои се основен извор на енегрија и на мали количества минерали и витамини. ‘Ркулецот или ембрионот содржи антиоксиданси, витамини од групата на Б комплекс, витамин Е и незаситени масни киселини. Обвивката, пак, е извор на растителни влакна, минерали и витамини.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 18:44
Лековитоста на овесот
_____________________


Овесот (avena sativa) е билка која се вбројува во фамилијата треви. Оваа житарица содржи високовредни материи, кои му се неопходни на организмот. Овесот содржи: јод, хлор, фосфор, магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, ниацин, биотин, бројни витамини...

Поради мноштвото корисни состојки, овесот е здрава намирница и треба да се вклучи во секојдневната исхрана, бидејќи го чува здравјето на организмот, ги зајакнува неговите природни одбрамбени механизми.

Лековит дел на овесот: за лек се користи семето – зрното и сламата за време на жетва.

Овесот е многу важен во диеталната исхрана на болните. Во себе содржи многу корисни витамини и минерали и други состојки. Се користи за лекување на слабокрвност, разни воспалителни процеси на органите за варење, а делува регенеративно и на целиот организам.

Бањите припремени од овесна слама се многу корисни при болести на бубрезите, при бубрежни каменчиња, при гихт, кај реуматски заболувања, ишијас, и при заболувања на црниот дроб.

Каша од овес: се ставаат 5 лажици овесни снегулки во пола литар зовриена вода. Се вари 2-5 минути, а потоа се трга од оган и се остава да стои се додека не ја впие целата вода и не набубри. Потоа може да се додадат, по желба, разни состојки – павлака, мед, овошје и слично. Кашата може да се приготви и со врело млеко или со супа, на ист начин како и што се припрема и со вода.

Чај од овес за јакнење на организмот: еден килограм интергален (неизлупен) овес се вари во 3 литри вода. Потоа се процедува и течноста се пие засладена со мед.

Купки: Купките се прават од цел овес и од овесна слама. Помагаат при укоченост, замор, болести на бубрезите, како и при кожни заболувања.

Овесот во поново време го нарекуваат и алтернатива на Вијаграта, бидејќи делува како афродизијак, односно ја зголемува активноста на тестостеронот во организмот. Поради тоа, овесот им се препорачува и на лицата со зголемена простата.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 18:45
Пченка – храна и лек
____________________


Кога бараме храна богата со антиоксиданси, за која се верува дека штити од појава на рак и други заболувања, обично размислуваме за егзотично овошје и редок зеленчук. Но, докажано е дека и житариците, а особено пченката, се богати со антиоксиданси.

Пченката е богата со: диететски влакна, кои го намалуваат холестеролот во крвта, со фолна киселина, која ги чува крвните садови, со витамин Б1, кој е важен за добрата работа на мозокот.
Варена и печена пченка

За разлика од зеленчукот, кој е поздрав сиров отколку варен, пченката е поздрава кога термички ќе се обработи. При термичката обработка на пченката, при варење или печење, од неа се ослободуваат молекули кои го штитат телото од штетните ефекти на слободните радикали, што ја прави пченката природен заштитник против низа дегенеративни заболувања како што се: рак, Алцхајмерова болест, болести на срцето и крвните садови и други.

Термичката обработка на пченката ја зголемува и активноста на антиоксидативните молекули и нивото на фитоматериите со кои пченката обилува, а на кои им се препишуваат антиканцерогени својства на пченката.
Качамак

Од пченката се приготвува качамак, многу нутритивно вредна намирница, која не го оптеретува организмот со вишок калории. Имено, 60 грама варен акчамак (приближно една поција) содржи само 44 килокалории, 2 грама масти, при што преовладуваат сложените и прлостите незаситени мсти и 44 грама јагленохидрати. качамакот содрѓи бета каротин, провитамин А, витамин Б1, како и многу други витамини и минерали, вклучувајќи ги витаминот Б5, фолната киселина, нијацинот, витаминот Ц, фосфорот, калиумот и магнезиумот.

Поради богатството на хранливи и здрави состојки, производите од цело зрно на пченица се одличен избор за почеток на денот.
Пченкарни снегулки (corn flaces)

Пченкарни снегулки се здрав и хранлив производ, добиеn од пченката. Тие се богати со скроб, протеини, минерали. Пченкарни снегулки се природен лаксатив и ја подобруваат работата и празнењето на цревата.
Пуканки

Пуканките содржат материја – триптофан, која телото ја петвара во серотонин – природно средство против депресија и анксиозност. Тие се богати и со јагленохидрати, па го поотикнуваат ослободувањето на инсулинот во крвотокот, а тој ги чисти сите аминокиселини кои му сметаат на триптофанот да дојде до мозокот.

Благодарение на инсулинот, триптофанот има „чист пат“ и се пробива до мозокот, каде се претвара во „хормон на среќата“ – серотонин. Серотонинот дава чувство на задоволство, овозможува нормален сон, го намалува апетитот и го зголемува прагот на болката. затоа, наредниот пат, кога ќе изедете повеќе пуканки, немојте да ве гриќи совест. И тие ни помагаат да се чувствиваме подобро. Сепак, пуканките не треба многу да се солат и да им се додава многу масло.
Пченкарна свила

Пченкарната свила е едно од оние средства, кои на многумина им звучат како „бабин лек“. И навистина, пченкарната свила многу долго се користи како природен народен лек, и тоа не само кај нас, туку и во многу други земји во светот.

Пченкарната свила е од голема помош при некои заболувања. Таа е природен лек, кој не дава несакани, штетни последици. Свежата пченкарна свила во себе содржи етерично масло, смола, гума, алкалоид кој има својство да ги стега крвните садови, хлорофил, фосфорна киселина, манган и доста калиум и магнезиум.

Добро е да се знае дека не секоја пченкарна свила е добра. Пченкарната свила, скината од пченка која е прскана со многу хербициди и пестициди, не е здрава, бидејќи со неа во организмот ќе се внесе и одредена количина на штетни материи. Најдобра е пченкарната свила од биолошки одгледувана пченка, далеку од индустриските погони, патиштата и пругите.
Како делува пченкарната свила?

Одговорот е едноставен:пченкарната свила е, во форма на чај, еден од најјаките природни диуретици. Со консумирање на овој чај, во тек на 24 часа, може за неколку пати да се зголеми количината на излачената мочка и тоа без штетни поседици, што е особено важно кај оние заболувања каде насобирањето на течностите делува неповолно на целиот организам.

Чајот од пченкарна свила ги намалува болките (грчевите) во бубрегот. Исто така, со исфрлањето на поголемата количина на течности од организмот, се исфрла и вишокот на фосфор и белковини, што значително ги намалува ревматските тегоби, тегобите при гихт, кои се пратени со болки во зглобовите. Исто така, чајот од пченкарната свила им се препорачува на лицата со водена болест, односно на лицата кои имаат отоци и насобрана течност во шупливите органи (во абдоменот–асцит и целодробната обвивка–плеврит).

Уште нешто: Со водата се излачуваат и штетните материи од организмот, па редовното консумирање на чај од пченкарна свила е вистински природен лек за детоксикација на организмот.

Чајот од пченкарна свила ја јакне крвта, ја подобрува циркулацијата и функцијата на црниот дроб. Помага при сите заболувања на бубрезите и мочните патишта, при воспление на мочниот меур (цистит), помага при ноќно мокрење.

Можеби ќе се запрашате зошто ви е чај од пченкарна свила, кога сте потполно здрави. Поради изразеното диуретичко дејство, чајот од пченкарната свила може да ви помогне и кога сакате да се ослободите од вишокот килограми (секако и со помош на адекватна диета и физички вежби). Со помош на чајот од пченкарна свила, вашиот организам забрзано ќе ги исфрли сите штетни материи.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 24>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.