IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Повторно вооружени терористи на косовска граница
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Повторно вооружени терористи на косовска граница

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 16>
Автор
Порака
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2010 во 15:33
Ај да ви поставам една славна реченица од Лепа села лепо горе...

цитирам " СВИ ПРИЧАЈУ - БИЧЕ ЛИ ОНОГ РАТА? "
да


The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2010 во 15:33
Абе има некоја забуна, планинари се тие.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2010 во 15:35
МИНИСТРЕКАТА ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА ЗА БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА
Има екстремисти со криминални мотиви

Се уште има екстремисти и групи што се подготвени своите криминални мотиви да ги понудат и да ги спакуваат во рамки на нечии политички агенди, но нема да има никакво оправдување за овие лица. Ова е пораката што вчера на одбележување на Денот на полицијата ја упати министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
- Им благодарам на сите наши пријатели за нивната безрезервна поддршка и за острата осуда на ваквото однесување. Ушто еднаш би порачала дека нема и не може да има никакво оправдување за овие лица. Гаранција дека тие нема да успеат во намерите е токму вашата професионалност и патриотизам - рече Јанкуловска во своето обраќање пред припадниците на МВР.
Според неа, со последната заплена на оружје не само што на овие поединци и групи им беше зададен силен удар, туку полицијата докажала дека може да реагира на вистинскиот начин и во вистинското време заради зачувување на мирот и безбедноста на граѓаните.


Превземено од ВРЕМЕ...

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2010 во 15:39
БЕЗБЕДНОСНАТА СИТУАЦИЈА ПОЛОША ВО ЈАВНОСТА ОТКОЛКУ НА ТЕРЕН
Црните сценарија излегле од контрола

Јасминка Догова
Ана Анастасовска

ВМРО-ДПМНЕ вчера се обиде да ги повлече обвинувањата што произлегоа од оваа партија претходниот ден, според кои опозициската СДСМ, во соработка со албанските партии и меѓународните претставници во Македонија, кове заговор за дестабилизација на земјата за да ја урнат владата на Никола Груевски. Претставници на владејачката партија се обидоа да се дистанцираат и од вчерашните пишувања на провладиниот весник „Вечер“ на истата тема, според кои конспирацијата била договорена на средба меѓу Мендух Тачи, Љубе Бошкоски и косовскиот политичар Рамуш Харадинај.
- Овие информации во „Вечер“ не се произлезени од ВМРО-ДПМНЕ - изјави вчера пратеник на оваа партија, кој сакаше да остане анонимен. Тој рече дека неговата партија не брифирала никого дека амбасадори учествуваат во дестабилизација на земјата, ниту дека СДСМ имала таква намера.
- Она што го кажавме беше дека СДСМ секогаш ги злоупотребува меѓуетничките односи како алатка за да дојде на власт. Не беше речено дека некој има сценарио за воена дестабилизација, а најмалку дека во тоа учествувале амбасадори - појасни вчера високиот претставник на партијата на брифинг со новинарите. ВМРО-ДПМНЕ ги поздрави настапите на Али Ахмети, кој повика Албанците да не наседнуваат на провокациите и на повиците за дестабилизација и поделба на државата.
СДСМ вчера уште еднаш ги отфрли обвинувањата дека учествувал во некакви сценарија на штета на Македонија и дека меѓуетничките односи ги користи како алатка за уривање на Владата. Тој тврди дека власта прибегнува кон вакви тешки обвинувања „секогаш кога не и оди“.
- Прво треба да се запрашаме кој ги создава лошите меѓуетнички односи? Ако оваа влада продуцира моноетнички проекти, како „Скопје 2014“, ако има двојни аршини за тоа дали да се гради црква или џамија на плоштадот, ако има внатре во коалицијата несогласување за проекти како што е изучување на албанскиот јазик за првачињата, задача на опозицијата е да ја предупреди за грешките што ги прави, дури и ако тоа некому му изгледа како уривање на власта - рече Бранко Црвенковски.
Лидерот на СДСМ негираше дека тајно се среќавал со други опозициски лидери затоа што, како што рече, „кога сака може да се сретне со нив јавно и нема причини да го крие тоа“.
- Се креира лажна слика за тоа кои се добри, а кои се лоши граѓани и политичари, односно луѓето се делат на предавници и на патриоти, што е погубно за државата. Груевски влегува во филмот на Љубчо Георгиевски од 2001 година, во кој практично сите му се предавници, сите му се виновни и сите работат против него. Се надевам дека се друго е различно од 2001 година и затоа не може да ни се повтори конфликтот. Меѓуетничките односи не дозволуваат импровизации и навреме треба да се идентификуваат проблемите и навреме да се решаваат. Ако постапува така оваа влада, ќе ја има поддршката од СДСМ - рече Црвенковски. Тој додаде дека опозицијата целосно ги осудува сите акти на насилство и ја поздравува акцијата на полицијата.
Во меѓувреме, поранешни припадници на ОНА и политичари од партиите на Албанците во Македонија тврдат дека не е забележано движење на вооружени поединци или на групни формации на теренот. Тие, сепак, нагласуваат дека од ден на ден расте незадоволството кај членовите на Здруженијата на ветерани, така што станува потешко да се контролира нивното однесување.
- Јас ги советувам членовите на Здружението да не се мешаат во такви екстремистички групи и да не се одметнуваат, но тешко ми оди разубедувањето. Луѓето се разочарани од игнорантскиот однос на власта, која не сака да им го реши статусот. Ситуацијата е сериозна - предупредува Абедин Зумбери, пратеник на НД и претседател на Здружението на ветерани на ОНА.
Хисни Шакири од Националната демократска унија, кој беше и еден од командантите на ОНА во Липковско, вели дека нема никакви сознанија за овие групации.
- Сигурно МВР знае повеќе за тие прашања. Во Липковско нема такви активности и не треба да создаваме паника кај луѓето. Тоа не е во интерес на нашите граѓани. Се знае кој е интересот на Македонија. Тоа не им одговара ниту на Косово ниту на Албанија ниту, пак, нам. Не им одговара ниту на Македонците бидејќи знаеме што ни донесе минатото - вели Шакири.
Од Демократска партија на Албанците посочуваат дека немаат информации за некакви вооружени групации и дека според нивните сознанија во тетовскиот регион е мирно.


Каде има чад, има и оган!


Загриженоста на надворешниот фактор за безбедноста на земјата не е залудна и штом така драматично апелира, значи дека има повеќе информации за тоа што се случува на теренот - вели Сефедин Харуни од ПДП.
Според него, нема простор за паника за влошување на безбедносната ситуација, но има простор за паника од политиката на премиерот Никола Груевски, „која ги влошува меѓуетничките односи“.
- Немам сознанија за некаква раздвиженост на теренот, но како и да е политиката која ја води Груевски, со потиснување на Албанците, ја води земјава во погрешна насока и не гледам шанса за разденување. Трпението, сепак, има крај - вели Харуни.


Полицајците на штрек


Извори во МВР посочуваат дека ситуацијата може да биде непредвидлива и дека полицијата е на готовс.
- Ни рекоа да бидеме подготвени за неочекувани сценарија. Постојат информации за кои уште не сме сигурни дека можеби одредени екстремистички групи се подготвуваат да дејствуваат. Засега немаме ништо поконкретно, но мора да бидеме подготвени - велат извори во МВР.


Превземено од ВРЕМЕ..

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2010 во 22:48
Од Израел добија некакви пораки а и од соседите, што сега?
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2010 во 13:15
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Од Израел добија некакви пораки а и од соседите, што сега?
 
Работа и Будност...НЕПРЕКИНАТО 24/7/365/100голема%20насмевка
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2010 во 13:49

циркузијада на сметка на граѓаните а во врска со нивниот мир ..... и во режија на оној кому почна на големо да му се тресе фотељата ..... притиснат од сите страни , со краен ултиматум од “ партнерите “ , нато и еу предводени од американската администрација а во врска со спорот околу името , насети дека популистичко - патриотската политика ќе му ги загрози не само држваните туку и партиските позиции зошто не може довека да блефира , смислува стратегија како да остане и даље на чело на све она на кое се наоѓа и сега ..... а тука , на овој дел од балканот , секогаш “ пали “ истата финта ..... тензии и конфликти ...... со еден збор , името ќе се реши како што веќе е решено  ама со тоа што и понатака ќе остане национален “ херој и јунак “ од невидени размери ....... нашле оружје .... пази мајката ..... од 2001 - ва не знаел никој и сега оп , наеднаш наоѓаат нешто за кое нешто добро знаеле само неколкумина ...... циркуз работа низ која за жал  како тргнале работите , ќе мора да поминат граѓаните на оваа држава и пофторно се’ на нивна сметка ........ греота ..........

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2010 во 11:12
Претерувате со офтопици, ќе почнам да санкционирам!

marsovec, темата е за вооружените терористи. За скулптури, тендери и лопати имаш други теми.

novace и ти, доста возиш во рикверц!
Погледнувај во насловот на темата пред да напишеш коментар.

 
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 13:44
Aj dobar den....  голема%20насмевкада
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 16:02

Четворица погинати во престрелка со полицијата

 
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, тврди дека не постои простор за загриженост и дека полицијата има целосна контрола врз безбедноста на граѓаните. Засега не ги поврзуваат двата инциденти во Радуша и оној од пред две недели во Блаце.

- Ова е показател дека нема потреба за загриженост на граѓаните за безбедносната состојба која полицијата ја држи под контрола.“ –изјави Јанкуловска.

По претходни сознанија за шверц на енлегално оружје во реонот на Радуша МВР спроведе акција.Полицијата постави заседа и околу 2 часот по полноќ при обид на полицијата да запре комби, луѓето кои се наоѓале во него отвориле оган врз полицијата. Припадниците на МВР одговорија на нападот при што загинаа четирите лица кои беа во комбито. Во него е пронајдено поголемо количество оружје“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.
 
 
 
Очигледно ова нема крај.....среќа
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 16:25
Ќе има повеќе теренски за нас.... Нека се множат ваквите ситни... само да исплаќа владата...
А и овие биле шумари или ловџии... Така викаа.. Нисам крив, нисам крив...


Изменето од NRGMKD - 13.Мај.2010 во 02:41
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 18:28
Ова не се шверцери на оружје, рачни фрлачи,мини,бомби...Со тоа не се ловат зајци..
Работава се компликува?....

Изменето од marsovec - 12.Мај.2010 во 18:29
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 18:43
ne be toa za tepanje mecki i divi svinji e.... za nedaj boze.... inace so petardi si igraat obicno... намигнување
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 20:15
Интерсно замачкување на очите од страна на минсетрката јанкуловска дека ова биел шверцери а биле униформирани лица

ако мене ме лажат има некој што не може да го излажат
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.