IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Цареви Кули - Струмица
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Цареви Кули - Струмица

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
daniel_dimov_ng Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај daniel_dimov_ng Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Цареви Кули - Струмица
    Испратена: 28.Септември.2008 во 04:11
Погледнете какви историски богатства поседува нашата земја. www.carevikuli.com
* Давајте коментари за сликите
* Учествувајте во нејзиниот форум ( англиски )

Изменето од daniel_dimov_ng - 28.Септември.2008 во 04:14
Кон врв
Valeta Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 24220
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valeta Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 18:21
Ги погледнав сите слики од Цареви кули, ,навистина се изненадив колку имаат ископано археолозите. Пролетта поминавме по новиот пат од Св.Илија кон овој локалитет и тогаш се почнуваше со ископини. Навистина преубави фотографии се надевам дека во целост ова место ќе се открие и заштити затоа што е најатрактивниот и препознатлив белег на градот Струмица.
Вистината е нашата најценета сопственост. Затоа ја употребуваме толку штедливо.
Кон врв
Aminta2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 361
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aminta2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 19:39
Даниел: одличен ти е сајтот, но мислам дека има потреба да се даде објаснување за важноста на Цареви кули во историјата на Македонија. Целиот археолошки локалитет е присатен уште од антиката, не е (само) средновиковен.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2009 во 11:15
Факт е дека локалитетот Цареви Кули долги години беше запуштен и недоволно истражен. Младата генерација археолози си зема за сериозна задача да го испита и да прокопа подлабоко под ѕидините на Царевите кули и еве дојде до некои откритија од кои се изненадени и самите археолози:

На Цареви кули монети со ликот на Филип Втори

На познатиот локалитет Цареви кули над Струмица деновиве се откриени наоди и елементи од периодот на владеењето на Филип Втори Македонски, што предизвика изненадување дури и кај археолозите.

Пронајдени се монети со ликот на Филип, потоа амфори, садови, кантароси, накит, фрагменти од сликани вазни, црнофиносувана керамика, фигури од малоазиски тип и други артефакти кои укажуваат на фактот дека Струмичката тврдина била населена кон крајот на четврти век пред нашата ера.

„Откривме прекрасен материјал од крајот на петтиот и од четвртиот век, попрецизно од македонско-хеленистичкиот период, датиран со монети на Филип Втори. Исто така дефиниран и доцноантичкиот бедем на оваа тврдина при што се откриени две кули од тој период“, вели археологот Зоран Рујак, раководител на овој истражувачки проект.

Сите досегашни наоди заедно со предисториската населба која беше откриена лани, недвосмислено укажуваат дека на овој локалитет опстојувале разни цивилизации во еден растеглив временски период - од праисторијата до средниот век, односно во период од околу седум илјади години.



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.