|
Стратегија за развој на енергетиката |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Септември.2008 во 18:48 |
Македонија ќе добие Стратегија за развој на енергетиката. Отприлика за 4 месеци треба да биде изработена конечна верзија на владината стратегија за развој на енергетиката.
„До сега ниту една Влада нема донесено стратегија за развој на енергетиката. Изработувани се елаборати, анализи, но ова е прв пат Владата да покаже спремност да усвои стратегија врз основа на која ќе се изработи акционен план, за овој сектор кој е важен и за економијата и за животниот стандард на граѓаните“, изјави академик Глигор Каневче.
На стратегијата ќе работи академски тим со логистичка поддршка од Министерството за економија. Со неа треба да се одговори на клучните проблеми од секторот енергетика. „Целата е да се конципира документ што ќе обезбеди стабилен систем што ќе се соочи со сите предизвици, алтернативи за развој, подобрување на системот од сите аспекти, подобрување на поврзаноста на нашиот енергетски систем со регионот и внатре во државата, и од аспект за ефикасно користење на енергетските ресурси во Македонија“, рече министерот Фатмир Бесими. Странските и домашните аналитичари веќе ја дадоа дијагнозата за енергетскиот сектор - нема инвестиции. Светска банка порача дека мора да се вложува во нови капацитети и да се обновуваат постоечките за да се обезбеди одржливост на енергетскиот систем. Домашните стручњаци сметаат дека слабоста на енергетскиот сектор исплива на површина по серијата испади во водечките капацитети РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“. ----------------------------------------------------------------------------------------------
За колку работи нашата држава нема стратегија, па за енергетика не е ни чудно... Во време на глобална енергетска криза и постојано трагање по нови алтернативни извори на енергија, што ли ќе смислат нашите експерти за решавање на проблемот на домашно ниво?..
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повторно се актуелизира идејата за берза на струја која може да го релаксира пазарот на струја и да ја намали цената во услови на се поголем увоз и намалено производство... И пак имаме поделени мислења на нашиве “експерти“...
Што толку се думаат, кој ли ги знае, кога ова е еден од најтранспарентните начини за тргување со некој производ... Пак некои математики се во прашање...
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...treba nekoi da lezat vo zatvor ,zatoa sto pred 10-15 godini ne izrabotile studija za potrebite i izvorite za snabduvanje na RM so elektricna energija....!da ve potsetam....imase predlog za izgradba na nuklearna elektrana vo RM....!zosto ne ja doteraa rabotata do kraj..?
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
managercenter
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 10.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 29 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
се додека не се направи стратегија да сами енергијата која ја произведуваме, можеме да ја продадеме, нема да има нешто по сериозно во тоа.
На балканските земји има огромен потенцијал за производство но сите се замараме со коментиранје на едно или друго, производство на идеи и иновации е мртво, особено во Македонија. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Домашните експерти им порачаа на властите сериозно да размислат за учество во проектот за бугарската нуклеарна централа “Белене“. Менаџерите на “Белене“ ја повикаа Македонија да учествува со свои средства во изградбата на проектот, во вид на процентно учество или со авансно плаќање на електрична енергија.
Некои од експертите тврдат дека Македонија може на долгорочен план да се спаси од енергетска криза само со нуклеарна енергија.
Од македонската влада велат дека до сега немаат добиено никаква понуда и сега за сега само пасивно посматраат...
|
|
managercenter
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 10.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 29 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
no ne bi trebelo da se pesimizira sekoja rabota, no sepak treba da se vnimava
Изменето од anastea - 06.Октомври.2008 во 02:53 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вицепремиерот Ставревски ќе се сретне со менаџерскиот тим на “Белене“ со цел да прибере потребни информации и да разговара за нашето евентуално учество во проектот.
Многу е смешен сега Бранко, како ја повикува владата да земе учество во проектот, а истиот пред неколку години ја отфрли истата иницијатива предложена од бугарите кога тој беше премиер.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На стратегијата изгледа уште се работи...
Во меѓувреме, владата денес ќе објави тендер за изградба на 12 хидроцентрали по течението на Вардар, кои треба да бидат со просечна инсталирана моќност од 320 мегавати и на годишно ниво да имаат производство на околу 1.000 гигават-часови електрична енергија.
Тендерот вреди 1,2 милијарди евра и е најголем проект во енергетскиот сектор во земјава.
Што се однесува на Белене, се очекува Бугарија до крајот на годинава да формира нова компанија со стратешкиот инвеститор РВЕ од Германија. Нивната финансиска конструкција и инвестициониот проект ќе се знае следната година, а со тоа и евентуалната финансиска понуда упатена до нас.
До тогаш треба да биде готова нашата енергетска стратегија, па ќе се знае дали ќе земеме учество во проектот или ќе се поддржат домашните проекти.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија е енергетски неефикасна земја. Губи премногу енергија, долго не инвестира во нови енергетски капацитети, поради што е увозно зависна. Ова е заклучокот на истражувањето на МАНУ за домашниот енергетски сектор, кое ќе биде основа за создавање национална стратегија за енергетика.
Академиците предупредуваат дека ако не се подобрат постојните енергетски извори и не се изградат нови, ќе се соочиме со забавување на целата економија, огромен трговски дефицит и недостиг од ресурси. „Со оглед дека цената на енергијата ќе расте, може да се заклучи дека и во 2020 година ќе имаме многу високи трошоци за енергија во однос на развиените земји. Тоа ќе ја намали конк*рентноста на нашата економија“, вели академик Глигор Каневче. Македонија увезува 80% од потребната енергија. Од увоз се снабдуваат вкупните потреби од нафта и нафтени деривати и природен гас, како и дел од електричната енергија. „Едно е сигурно, цената на увезената електрична енергија на пазарот постојано расте. Цената на нафтата може да се менува. Но, цената на електричната енергија нема да го сопре порастот“, вели академик Томе Бошевски. Според анализата на МАНУ, треба да се искористат максимално водните потенцијали, јагленот и обновливите извори на енергија (мали хидроцентрали, сончева енергија, ветерот и биомасата). Државата треба да ги обезбеди сите предуслови за поголемо искористување на природниот гас. Долгорочно гледано, според МАНУ, Македонија не треба да отфрла опции за инвестирање во енергетски капацитети во регионот и изградба на нуклеарна централа. Еден од главните предизвици, според експертите, е да се намали потрошувачката на струја во домаќинствата. Посебен проблем претставува тоа што во Македонија, голем дел од домаќинствата се греат на струја. „Учество на електричната енергија во домаќинствата е повеќе од два пати поголемо во однос на другите европски земји. Карактеристично за европските земји е големото учество на потрошувачката на природниот гас во домаќинствата. Кај нас, се уште не се користи природниот гас во домаќинствата и поради тоа два пати е помало учеството на нафтените деривати во однос на развиените земји. Во таа смисла треба да се преземат мерки за воведување на природниот гас во домаќинствата и за поголемо учество на нафтените деривати, како течен нафтен гас и масло за ложење на сметка на електричната енергија“, се вели во првичниот извештај на академиците. Од аспект на потрошувачката на енергијата во индустријата, посебно е анализирана челичната индустрија. Експертите посочуваат дека клучно е однесувањето на мал број на компании, енергетски интензивни и силно зависни од движењата на светскиот пазар на челик и легури. Вкупната потрошувачка на електрична енергија во Македонија, ако се исклучат овие големи потрошувачи, во последните 17 години расте со просечна стапка од 2,02%. „Мора да се зауздаат големите компании, чија потрошувачка на електрична енергија од 2003 година наваму расте за дури 11% годишно. Ако се изземат тие, растот на потрошувачката кај остатокот од индустријата е релативно прифатлив“, вели академик Бошевски. Професорите и порачуваат на Владата да усвои долгорочна стратегија за енергетика и да подготви акциски план за забрзан економски развој во кој детално ќе биде прецизирана улогата на државата во енергетскиот сектор. „Целосно да се искористи гасоводот и постепено да се воведат пазарни цени на енергијата. Индустријата треба да се преструктуира, да се подобри еколошката состојба и да се зајакнат кадровските и институционалните капацитети“, порачува академик Каневче. Според сценариото за развој на електроенергетскиот систем, кое го подготви академик Томе Бошевски, Македонија до 2020 година ќе мора да ги изгради планираните хидроцентрали во Бошков мост, Црн Камен, Галиште, Чебрен и Велес со вкупна инвестиција од 1,3 милијарда евра. Трите гасни централи: „ТЕ-ТО“ Скопје, „Железара“ и ЕЛЕМ треба да се пуштат во погон до 2013 година. До 2025 година треба да почнат да работат и сите планирани термоцентрали на јаглен од длабински јамски коп: „Битола 4“, „Неготино“ и „Мариово“. За термоцентралите, академик Бошевски предвидува дека ќе биде потребна инвестиција од скоро две милијарди евра. Паралелно со изградбата, ќе се исклучуваат постојните термоцентрали „Неготино“, „Осломеј“ и „Битола 1 и 2“. Македонија троши премногу енергија, не се штеди и не се користат обновливите извори. МАНУ препорачува Владата да усвои итно стратегија за енергетика со акциски план. За изградба на нови хидро и термоцентрали, се потребни повеќе од три милијарди евра инвестиции. |
|
da be
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија задоцнила да биде акционер во „Белене“ Македонија ја испушти шансата да биде акционер во бугарската
нуклеарна централа „Белене“, а може со инвестиција да учествува во
нејзината изградба со што би добивала струја по поповолни услови. Ова
го тврди Галина Тошева, заменик-министер за економија на Бугарија, која
вели оти акционерската структура на нуклеарката веќе била затворена.
Според Тошева, акционери на „Белене“ ќе бидат Бугарија со 51 отсто и
германски РВЕ со 49 отсто од капиталот на нуклеарката. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го испуштија возот за акционери...
Сега ќе ве молат за евтина струја...
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Проект “Вардарска долина“
Паушални се оценките дека Македонија нема енергетска стратегија бидејќи физибилити студија за “Вардарска долина” и изградба на 12 хидроцентрали на реката Вардар е изработена уште во 1994 година заедно со француската национална компанија на Рона. Сега Владата на Никола Груевски првпат овој проект го става во својата програма и ветува негова реализација. Станува збор за проект кој доколку би се реализирал би бил спас за енергетската состојба на Македонија.
Таа инвестиција би била околу 1,2 милијарди евра. Ако Србија, Грција и Македонија се договорат за основање на егејско - подунавска банка (како што предвидува физибилити студијата) и соберат уште 5 милијарди евра, во овој век би можел да се реализира и пловниот пат Дунав-Морава-Вардар Егејско Море со што водениот пат од Дунав до Егејското Море би се скратил за 1260 километри.
“Вардарска долина” е најголем интегрален развоен проект во Македонија кој во наредните години би требало да обезбеди квалитетно и редовно снабдување на државата со електрична енергија.
За сериозноста на овој проект зборува податокот дека во неговата реализација досега се ангажирани најугледните експерти за енергетика од нашата држава, Франција и Турција, и врвните научни институции како што се МАНУ, Градежен факултет, Секторот за развој на ЕЛЕМ и експертите од француската Национална компанија на Рона, кои сличен проект реализирале на реката Рона во Франција.
Првичниот проект се однесуваше само на реката Вардар и неговите притоки, но студијата беше дополнета со останатите два слива Струмичкиот и Црнодримскиот, како и со езерата.
Физибилити- студијата врз основа на која се планирани овие 12 хидроенергетски објекти долж течението на реката Вардар е изготвена како техничка помош на Франција од страна на Националната компанија на Рона, по урнек на менаџментот кој го реализирал проектот за искористување и заштита на големиот слив на реката Рона заедно со компанијата “Бетур Хидролак” од Франција.
Според пресметките вкупната вредност на интегралниот проект со објектите зацртани во програмата изнесува 3,5 милијарди долари, а периодот за реализација е 15 до 20 години. Хидроелектраните според физибилити студијата (чија ревизија како техничка помош ја направи Турција) треба да се реализираат долж Вардар и неговите притоки во период 2010-2015 година во должина од 200 километри, по течението на Вардар од Скопје до Грчка граница.
Секторот за развој и инвестиции во АД “Елем”- АД Електрани на Македонија во државна сопственост, врз основа на физибилити- студија за “Вардарска долина” во септември годинава изработи Информативен меморандум за интегрално уредување на Вардарската долина.Дванаесетте хидроцентрали на реката Вардар кои се предмет на концесија се планирани за изградба со цел да се искористи хидропотенцијалот на реката Вардар. За овие електрани техничката документација е на ниво на идејно решение, додека за две од нив и тоа ХЕЦ Градец и ХЕЦ Велес, техничката документација е на ниво на идеен проект.
Професор д-р.Наташа Марковска од ИЦЕИМ на МАНУ (Истражувачки центар за енергетика, информатика и атерјали на МАНУ) која е дел на тимот кој ја изработува енергетската стратегија на Македонија вели дека долгорочно гледано многу работи во развој на енергетиката се лимитирани и од климатските промени. Поради тоа тимот на МАНУ подготвува модел на симулација на климатските промени кој е составен дел на стратегијата за енергетика и на почетокот на идната година ќе и биде презентиран на Владата заедно со елементите кои се важни за „Вардарска долина”. „На крајот на овој век ние ќе имаме за четири степени Целзиусови пораст во глобалните температури во однос на 1990 година. Тоа е страшен пораст и влијанијата од тој пораст ќе бидат несогледливи”, вели Марковска”.
Константин Угрински од хидролошкото одделение при Управата за хидрометеоролошки работи вели дека според неговите долгогодишни мерења и испитување на водотеците, барем во наредниот половина век без оглед на климатските промени, вода во најголемите македонски реки ќе има доволно. “Ние овие денови интензивно подготвуваме за Владата обемен материјал за количеството на вода во сливното подрачје кое спаѓа под проектот “Вардарска долина”. Според податоците кои ќе и бидат презентирани на Владата,... годишно потенцијалот на реката Вардар изнесува 4,3 милијарди кубни метри вода.Таа вода денес неискористено се влева во Егејското Море” вели Угрински.
Она што е предност на нашата држава, вели Угрински, е што 85% од вкупниот воден потенцијал, вклучително и на Црна Река каде се планирани хидроелектраните „Чебрен” и „Галиште” е домашен. Односно извира и е под контрола на територија на нашата држава. (Освен Лепенец и Пчиња кои делумно течат и во други држави). Со тоа, кога е во прашање производство на електричната енергија, гарантирано е континуирано снабдување на акумулациите со вода.
Проектот „Вардарска долина” е скап и ЕЛЕМ како AД во сопственост на државата не може самостојно да го реализира. Пред се затоа што при изградбата на сите електроцентрали (освен на онаа кај Кук*речани) потребно е изместување на постојната железничка пруга Скопје - Гевгелија. И тоа: во Велес за 30 километри, кај Градец за 28 километри, а на другите делници за 7,8 до 10 километри, или од вкупната должина на железничката пруга од околу 200 километри, потребно е скоро половина на пругата да се дислоцира што е голем удел во вкупната инвестиција или скоро 100 милиони евра. Според распишаниот тендер заинтересираните компании или конзорциуми треба да ја преземат и оваа обврска односно пред почеток на работите на изградба на хидроцентралите треба делумно да ја дислоцираат железничката пруга за да можат да изградат брани за идните акумулациони езера.
Најголемата височина на браната според идејниот прект би имала ХЕЦ Велес - 59 метри и во акумулационото езеро би се акумулирале 64 милиони кубни метри вода. Тоа би обезбедило средногодишно производство на електрична енергија од 300 гигават часови. Нејзината инсталирана моќ е предвидено да биде 94 мегавати. Централата би се градела низводно од Велес во близина на Башино село. Пред почеток на изградбата на браната од 30 километри пругата треба да се дислоцира. Приодот до браната и до езерото би бил преку постојниот автопат Скопје -Велес. Нејзината изградба би траела според предвидувањата шест години, а вкупната инвестиција би изнесувала околу 250 милиони евра. Втора по моќност од овие 12 хидроцентрали според техничката документација која е на ниво на идеен проект е ХЕЦ Градец кај Удово. Висината на браната би изнесувала 30 метри, акумулацијата би содржела 43 милиони кубни метри вода, инсталираната моќност е 56,8 мегавати и би обезбедила средногодишно производство на струја од 230 гигават часови. Акумулационото Езеро и Електричната централа би биле изградени 30,4 километри од македонско-грчката граница. Најголем потфат при изградбата на оваа ХЕЦ слично како и во Велес би била дислокација на 22 километри, железничка пруга високо во планината во кањонот на Демир Капија. Оваа инвестиција е проценета на 157 милиони евра. Веднаш до неа според проектот е ХЕЦ Демир Капија со скоро иста височина на браната и инсталирана моќност од 23,9 мегавати со што би се постигнало среднорочно производство на струја од 101 гигават. Нејзината изградба би траела три години од денот на добивање на концесија. Оваа инвестиција би изнесувала 80,4 милиони евра.
Останатите десет хидроцентрали се со просечна височина на браната помеѓу 24 и 27 метри со инсталирана моќност од 11,7 мегавати кај Згрополци до 23,9 кај Демир Капија и нивното вкупно поединечно производство на електрична енергија просечно во текот на годината би изнесувало околу 70 гигават часови електрична енергија.
Или сите заедно како што вели министерот за економија Бесими би произведувале годишно околу 1.000 гигават часови електрична енергија.
Со “Чебрен”, “Галиште”, Бошков мост и уште неколку мали хидроцентрали би се обезбедиле дополнителни 1.800 гигават- часови струја при просечна хидрологија.
Една од заклучните препораки на проектот, што многумина не ја знаат е дека тој не може да заврши на граничната линија кон Грција, туку дека треба да продолжи и на територија на оваа држава се до сливот на Вардар во Егејското Море. Затоа што како проект со регионално значење “Вардарска долина” е влезена и во европските програми SYNERGI и SEKI.
Во рамките на “Вардарска долина” е предвидена и изградба на пловниот пат Дунав-Морава-Вардар-Егејско Море. Така пловниот пат од Дунав до Егејското Море би се скратил за 1.260 километри.
Реализацијата на овој проект, за кој во Србија е формиран посебен тим, би чинела околу 5 милијарди евра. Пловниот пат би бил поделен во пет делници: Велика Морава, Јужна Морава, вододелницата кај Прешево, Пчиња, и Вардар до Солун. Во проектот треба заеднички да учествуваат Србија, Македонија и Грција. Рокот на изградба би бил околу десет години. За финасирање на овој проект е предвидено формирање на егејско-подунавска банка во која Србија, Македонија и Грција би имале свој удел. По овој воден пат би се овозможило пловење на бродови до 1350 БРТ (бруто регистарски тони). Главното пристаниште би било во Гевгелија.
Иако изгледа многу утопистички, во Србија е веќе формиран тим во рамките на Дирекцијата за пловен пат “Морава”, како и тимовите во ресорните министерства, Влада и Српската академија на науките и уметностите. Идејата ја оживеаја српските стопанственици и луѓето од белградскиот универзитет.
Идејата е стара стотина години и ја покренаа Американците како транспортен коридор Рајна-Мајна-Дунав- Егејско Море. Оваа врска Американците ја нарекоа “Линија на европската економска гравитација во однос на Суецкиот Канал“.
Изменето од anastea - 01.Декември.2008 во 02:42 |
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Po naski:Umri magare za zelenu travu...
Изменето од anastea - 06.Декември.2008 во 10:53 |
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Или: не умри магаре до зелена трева...
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |