IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 32>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2011 во 12:55

"Џамироквај" на "Егзит"

Предводниците на есид џез и фанк движењето, разиграните "Џамироквај", на чело со пејачот Џеј Кеј се придружуваат на главната сцена на фестивалот "Егзит 2011" кој годинава се одржува по 12ти пат, и ќе трае од 7-10 јули. Еден од најголемите бендови на 90-те, покрај плејадата хитови, на Петроварадинска тврдина пристигнува и со новиот, седми по ред студиски албум од ноември,лани " "Камења, прашина, светло, ѕвезда" (Роцк Дуст Лигхт Стар).
Камелеоните на светската поп сцена се формирани во далечната 1992, и експлодираат на сцената уште со првиот албум "Итен случај на планетата земја" (Емергенцѕ он Планет Еартх). Следните два албуми "Враќање на Вселенскиот Каубој" (Тхе Ретурн оф тхе Спаце Цоњбоѕ), и "Патување без движење" (Травеллинг Њитхоут Мовинг) им ја носат светската слава, Греми награда и кариера која ќе достугне продажба од над 25 милиони албуми. "Џамирокваи" и по скоро две децении важат за еден од најенергичните и најинтересни концертни бендови на светот.
Диско фанк сензацијата ја прави листата на годинешниот "Егзит" еден од стилски најразличните досега. "Џамироквај" се придружуваат на веќе најавените "Аркејд Фајр", "Палп", "Портисхед", "Гриндермен", "Андерворлд" и уште многу кој ќе бидат најавени во претстојните недели. Билети за фестивалот кај нас се продаваат во "Југотон

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2011 во 14:44

Пет македонски песни во трка хит на годината

Пет македонски песни се номинирани за Балканските музички награди во Бугарија, кои со гала манифестација ќе се избираат во мај во Софија. Ги организира музичката телевизија "Балканика". Ќе се наградуваат најдобрите балкански музичари за 2010 година.
За најдобра песна на Балканот од Македонија ќе се борат Александар Белов со "Една", Елена Ристеска со "Сакам по добро да те памтам", Калиопи со "Ти", "Некст тајм" со "Убава", и Дарко Илиевски и ДНК со "Едно тело". Во конк*ренција се и хитови од Србија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Грција, Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија. Од пејачите кои ќе влезат во потесниот избор ќе се формираат и останатите номинации: за најдобра пејачка, најдобар пејач, дует или група на годината, најдобар спот. Меѓу номинираните е и дуетот на макеоднската фолк пејачка Лидија Милошевиќ- Саманта со српскиот фолк пејач Дејан Матиќ.
Од Баланските ѕвезди номинирани се и Оливер Драгоевиќ, Тони Цетински, Данијела Мартиновиќ од Хрватска, Хелена Папаризу од Грција, Здравко Чолиќ, Наташа Беквалац, Јелена Карлеуша и Аца Лукас од Србија, Сергеј Ќетковиќ од Црна Гора, Мањифико од Словенија... На ланската манифестација која се одржа на централниот Плоштад во Софија на 16 мај, како единствен претставник од Македонија настапи Каролина Гочева со песната "Крај". Наградата "Најдобра песна на Балканот" ја доби Жељко Јоксимовиќ со "Љубави". Јоксимовиќ доби награда и за најдобар пејач, а за најдобра пејачка беше прогласена Хадисе од Турција. "Балканските музички награди" годинава ќе се одржат по втор пат

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2011 во 14:49

Бреговиќ во Скопје на 20 мај

Босанскиот музичар со светска кариера Горан Бреговиќ (61) доаѓа во Скопје со свој концерт на 20 мај. Бреговиќ ќе одржи концерт во Метрополис арената со својот "Оркестар за свадби и закопи". Концертот го организираат "Октопуси ентертејмант" од Скопје и "Мјузик стар" од Белград. Деталите за цената на билетите ќе се знаат наскоро. Брега и бендот во Скопје ќе го промовираат актуелниот албум "Сливовица и шампањско".
Бреговиќ е музичар со импозантна кариера. Со 16 години ги формираше "Бијело Дугме", композитор е на музиката за најпознатите филмови на Емир Кустурица, и соработувал со многу светски и балкански ѕвезди како Иги Поп, Офра Хаза, Цезариа Евора, Северина. Автор е на операта "Кармен со среќен крај", а неодамна во неколку европски градови имаше премиера на музичко-театарскиот проект "Марго, мемоарите на една прекрасна кралица". Пред премиерата на проектот лани во номеври во Солун, Бреговиќ даде екллузивно интервју за "Вест".
- Од сите градови на Балканот Скопје најмногу личи на Сараево. Кај вас се јаде, се пие и се пее, исто како кај нас во Босна. Имате супер кафеански живот и фантастични народни песни. Крадев по нешто и од македонската музика. Секоја национална музика е дел од природата на една земја. Нема ништо лошо во тоа да земаш од природата. Јас балканската природа ја извезувам надвор. И мојот албум "Шливовица и шампањско" е извоз на еден природен производ. Свиревме насекаде низ светот, и таму каде што се пие ракија и таму каде што се пие шампањско", рече Бреговиќ во интервјуто

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2011 во 11:04
Originally posted by емил емил напиша:

Владо Георгиев во Скопје на 28 мај

Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев ќе одржи концерт во Скопје на 28 мај, во Арената "Борис Трајковски", најави "Гуливер милс". Скопје ќе биде еден од првите балкански градови каде што Георгиев ќе ги промовира песните од новиот албум кој треба да излезе саледниот месец.
Владо беќе специјален гостин на концертот на Оливер Драгојевиќ кој се одржа на 5 март, и најави дека наскоро ќе одржи солистички концерт во Скопје, по седум години пауза. Работниот наслов на албумот кој излегува по осум години дискографска пауза е "Далечина" (Даљина). До сега, Георгиев има издадено два албуми: "Навика" во 2001 година, и "Жена без име" (Жена без имена) во 2003 година. Негов последен хит сингл е "Еј ти". Поради романтичните балади, канатвторот важи за еден од најпопуларните пејачи кај женската публика. Во српските медиуми често се пишува за неговата бурна врска со неговата пиар менаџерка Ирена Маркет која последен пат ја обновија во кон крајот на минатата година. Во интервјуто за "Вест", Георгиев не откри дали е во врска, но изјави дека секогаш е вљубен, но не верува во бракот.
" Не сум од оние кои многу веруваат во институцијата брак. Денес е време на разводи, се живее пребрзо. И некако луѓето ми се отуѓија. Лично мислам дека е доволно да живееш и да се сложувбаш со некого, а бракот, свадбата и хартиите се небитни", рече Георгиев.
да ( колку е само во право како и секогаш )бакнеж
Од "Гуливер Милс" најавуват дека на концертот ќе има изненадувања кои допрва ќе ги откријат



Ова дефинитивно не смее да се пропуштиљубовбакнежголемо%20гушкање


Изменето од Schatzii - 03.Април.2011 во 11:07
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2011 во 20:44

Во продажба билетите за Џо Кокер

Од денеска се пуштени во продажба билетите за концертот на легендарниот англиски рокер Џо Кокер , кој ќе се одржи на 15 јуни во Арената "Борис Трајковски" во Скопје. Влезниците по цена од 900 до 1500 денари ќе можат да се набават на сите продажни места на билет сервисот "Купи карти за сè" и преку веб страницата њњњ.купикартизасе.цом.
Концертот на најдобриот рок, блуз и соул пејач на сите времиња го организира "Авалон продукција". Англискиот музичар кој со голема популарноста се стекна во шеесетите години е познат во целиот свет по својот рапав глас и специфичните движења на сцената. Освен своите хитови, познат е и по кавер верзиите на светските евергрини најмногу оние на "Битлси". Неговиот дует со Џенифер Варнс "Ние припаѓаме во рајот" музичкиот магазин "Ролингстоун" го смести меѓу 100-те најголеми хитови на сите времиња. За истата песна во 1983 година има добиено Греми.
Од 1969 наваму има снимено 22 студиски албуми. Меѓу многуте хитови што ги испеал најпознати се : "Прекрасна си" , "Остави ја капата", која е искористена за филмскиот хит "Девет и пол недели" со Мики Рурк и Ким Бесинџер, "Ослободи ми го срцето" , "Лето во градот".

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2011 во 20:45

Концертот на Владо Георгиев одложен за наесен

Концертот на црногорскиот кантавтор Владо Георгиев кој требаше да се одржи на 29 мај во Скопската Арена "Борис Трајковски" е одложен. Георгиев ќе одржи концерт на есен, најавија организаторите, "Гуливер Милс".
Причината се претстојните парламентарни избори на 5 јуни. Организаторите велат дека поради тоа што Изборите се закажани само 6 дена по терминот во кој концерт требаше да одржи Георгиев, во договор со него, настанот се одложува за на есен. Уште една причина е што црногорскиот кантавтор се уште не го завршил најавениот нов албум, кој требаше да го промовира на скопскиот концерт.
"Штом поминат Избрите, а Владо го заврши албумот, ќе го видиме на концерт во Скопје", велат од "Гуливер". Георгиев на 5 март настапи како гостин на концертот на Оливер Драгоевиќ во Арената "Борис Трајковски".

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2011 во 18:19
На 28 април 2011 со почеток во 20.00 часот, Амбасадата на Република Унгарија во Скопје организира посебна концертна вечер. Светски познатиот унгарски музичар кој го изгубил видот, Тамаш Ерди (www.erditamas.hu) ќе настапи во Домот на АРМ во Скопје.

Неговиот концерт ќе биде и хуманитарен и ќе има цел да се соберат средства за Здружението на слепите лица во Македонија. Во соработка со Амбасадата на Полска - во рамките на концертот ќе биде отворена и изложба на слики посветена на двајцата композитори од Централна Европа.




Програма:

LISZT & CHOPIN
F. CHOPIN: Fantaisie Impromptu Op.66
F. CHOPIN: Nocturne in e-minor Op.72.Nr.1.
F. CHOPIN: Ballada in G-major Op.23
F. CHOPIN: Nocturne in c-sharp minor Op.posth
F. CHOPIN: Polonaise in A-flat major Op.53
F. LISZT: Funérailles
F. LISZT: Consolation in D-flat major
F. LISZT: Les jeux d’eaux á la Villa d’Este
F. LISZT: Hungarian Rhapsody Nr.6.


Билетите може да се купат во Домот на АРМ.


Изменето од Majkl - 26.Април.2011 во 18:27
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2011 во 23:40
И како да се тешам за лошиот тајминг ....Ај не ми личи на годините више
"White sensation" во Белград
Кон врв
severgreen Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Мај.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај severgreen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 21:39
download линк
http://www.megaupload.com/?d=H2NYMDIE



sEvergreen MemorieZ е компилациски албум кој е сниман во периодот 2010/11 година.
Уште на почетокот, кога се уште идејата за ваков проект ни беше нецелосна и сеуште бевме несигурни во она што го правиме, знаевме дека сакаме само едно нешто: Да биде оригинална и да ја искористиме секоја можна секунда на понудените 16 инструментали за нешто што сметавме дека треба да биде искажано. Почнавме со малку, но завршивме со (речиси) сите убијци на битови од северниот дел на Скопје, вклучувајќи и некои од постарите. Пред се ни беше важно што успеавме да ја обединиме школата која до некој степен беше поделена, го тргнавме егото на страна, заедно со верската и националната припадност и едноставно, уживавме во музиката додека ја правевме. На компилацијата се рецитира на македонски, албански и босански јазик и има 11 артисти, меѓу кои се и ветераните Music Masta Vlado G, Sunset Maestro и Один За продукцијата беа задолжени Ѓоре Милевски-Џоле, Владо Грозданоски и Дуле Христов. Мастерингот беше изработен од Partyman Mastering. Исто така, со компилацијата се врши и промоција на 2 песни од страна на MM Vlado G (основач на Instant Beat), снимани во раните деведесетти, за кои сме сигурни дека примамливо ќе ви звучат. Останува само да се преслуша овој проект и да се сфати главната поента на сите песни, дека нема поделби во хип хопот - има само луѓе што го претставуваат него, и луѓе што го живеат.

Албумот беше промовиран на 18ти април, на хип хоп дебатата која се одржа во American Corner од страна на членовите на hiphopmacedonia.com


Плеј листа:

1. sEvergreen ft. Odin & Sunset – Cypher
2. Dzole&ToshkaZ – 19ка
3. Dozhivotna Smena ft. Tesophobia – Kunem Se
4. Instant Beat (1995) – Kec so tush
5. D’One ft. Deb L – Intelekt
6. Sunset ft. Odin - Nemirite
7. Dzole&ToshkaZ ft. Deb L – Blame it on the Moon
8. Tesophobia – Prati Me
9. D’One ft. ToshkaZ - Ambicija
10. Severnjak ft. Dado – 4 O’clock rap
11. Dozhivotna Smena – Vo dzebot
12. ToshkaZ ft. Topche – Razlika
13. Instant Beat (1993) – Nazad odi satot
14. Dzole&ToshkaZ – Krienka
15. sEvergreen – Konac
16. Outro

(превземено од hiphopmacedonia.com)
Извинување до модераторите доколку утнав при постирањето, доколку не е местото правилно би сакал да ме поправат па да постирам кај што треба
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2011 во 18:21
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

Originally posted by емил емил напиша:

Владо Георгиев во Скопје на 28 мај

Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев ќе одржи концерт во Скопје на 28 мај, во Арената "Борис Трајковски", најави "Гуливер милс". Скопје ќе биде еден од првите балкански градови каде што Георгиев ќе ги промовира песните од новиот албум кој треба да излезе саледниот месец.
Владо беќе специјален гостин на концертот на Оливер Драгојевиќ кој се одржа на 5 март, и најави дека наскоро ќе одржи солистички концерт во Скопје, по седум години пауза. Работниот наслов на албумот кој излегува по осум години дискографска пауза е "Далечина" (Даљина). До сега, Георгиев има издадено два албуми: "Навика" во 2001 година, и "Жена без име" (Жена без имена) во 2003 година. Негов последен хит сингл е "Еј ти". Поради романтичните балади, канатвторот важи за еден од најпопуларните пејачи кај женската публика. Во српските медиуми често се пишува за неговата бурна врска со неговата пиар менаџерка Ирена Маркет која последен пат ја обновија во кон крајот на минатата година. Во интервјуто за "Вест", Георгиев не откри дали е во врска, но изјави дека секогаш е вљубен, но не верува во бракот.
" Не сум од оние кои многу веруваат во институцијата брак. Денес е време на разводи, се живее пребрзо. И некако луѓето ми се отуѓија. Лично мислам дека е доволно да живееш и да се сложувбаш со некого, а бракот, свадбата и хартиите се небитни", рече Георгиев.
да ( колку е само во право како и секогаш )бакнеж
Од "Гуливер Милс" најавуват дека на концертот ќе има изненадувања кои допрва ќе ги откријат



Ова дефинитивно не смее да се пропуштиљубовбакнежголемо%20гушкање



Одложен за наесен поради изборитетагасршено%20срцеплачење
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
NeOLiC Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 22.Мај.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NeOLiC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 18:43
Decki sensation white e na 28 maj vo Praga
Mojve drugari otkazaa , pa ako mu se ide na nekoj da se fuzirame da trknime do tamu :D
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2011 во 21:23
На страната на МТВ може да го симнете албумот на Bei the fish
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2011 во 04:58

"Чили пеперс" со нов албум по пет години

 "Ред хот чили пеперс" се подготвува за објавувањето на првиот албум по пет години пауза на 30 август, соопшти рок бендот. "Со тебе сум" (И'м Њитх Ѕоу) исто така ќе биде прв албум откако гитаристот Џон Фрушанте замина од бендот по втор пат во 2009 година и на негово место дојде Џош Клингхофер. Како и секогаш, продуцент и на овој албум е Рик Рубин.
Нивната претходна соработка, двојниот албум од 2006 година "Стадиум аркадиум" (Стадиум Арцадиум), дебитираше на место број еден на топ листите во 28 земји, меѓу кои и САД, каде се продаде во 2,3 милиони примероци. Исто така доби и Греми награда за најдобар рок албум.
Бендот за сега има закажано само неколку настапи: првиот во Хонгконг на 9 август, неколку концерти во Јапонија на 13 и 14 август и настапот на фестивалот Рок во Рио, во Рио де Жанеиро на 24 септември.

Кон врв
FTrance Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 01.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FTrance Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 19:58
Kondak Gtrance - Штурчето се скри

http://www.youtube.com/watch?v=mAvk0RhPSwk

или http://www.megaupload.com/?d=FNBGTNOK
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.