IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонците од Егејска Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонците од Егејска Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 40>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 15:49
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Чоли,  јас јасно напишав дека тоа за бугарските учители е прочитано на друго место, погледни горе, уште еднаш, обележано е, не е во ова интервју, а е од големо значење и се совпаѓа со кажаното во интервјуто во однос на македонската свест. Еве за што зборувавКостур

Не видов веднага индиректната врска. Но од новиот линк што го даде преведов сведново:

Сепак, дури и при нивната прва средба, Комисијата се соочуваат во големи потешкотии дополнување на народот со зборови тоа не го поседува. Нашиот човек, кој се состана со членовите на Комисијата, постапил умно и советува да ги пополнат празнините во македонскиот речник со зборови од српскиот литературен јазик. Членовите на Комисијата не го одбива предлогот, иако тие не го прифаќаат истотака, велејќи дека тие ќе се консултираат со црковно-училишната заедница. Ако ние ветиме помош на Заедницата за печатење на речникот и граматиката, господине, се надевам дека ќе ја прифати нашата јазична помош. И не само тоа. Тие ќе се согласат да ја замени другите бугарски учебници со српскиот оние.

Костур


Види го подвлеченото, тие не го прифаќаат предлогот ( за тоа е доказ и тоа што нема успех српската пропаганда во Костур ), а другото е само субјективно гледиште на дописникот, кое никогаш не се остварило.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 22:21
Колежот во Загоричани италијанците не го виделе ниту меѓу дивите афрички племиња

'Конзулите слегоа од коњите и тргнаа пеш.
Пред очите им се појавија првите жртви: кметот на Загоричани и неговата ќерка.
И на двајцата телата им беа обезличени. Понатаму лежеа другите убиени, до вечерта двајцата конзули со придружниците ги обиколија сите 62 убиеии и 6-те ранети.
Меѓу убиените беше и мојот стар татко, поради што конзулите ми искажаа длабоко сочувство.
Најпотресителна беше глетката на 17-те убиени изложени во црковниот двор.
Тука можеа да се видат трупови на кои очите им беа избодени, градите распорени, рацете и нозете исечени, мозоците распрснати'.
Ова сведоштво е запишано од непосреден сведок на масакрот во селото Загоричани во 1905 година, извршен од страна на Грците.

Тоа е еден од почетоците на етничкото чистење во јужниот дел на Македонија, кој денес и припаѓа на Грција.
Две години пред тоа, при задушувањето на Илинденското востание, османлиската војска која имала наредба да го запали Загоричани, со сета своја суровост убила три пати помалку селани од грчките банди.

Како офицер на италијанската армија, сум учествувал во многу борби со дивите африкански племиња.
Често се случуваше наши војници да бидат заробени од Африканците и убиени.
Но, убивање со таква свирепост не сум видел досега и не можам да најдам зборови со кои би ги опишал тие што ова злодело го сториле.
Co овие зборови, според непосредниот сведок Наум Темчев, италијанскиот полковник Албер го опишал тоа што го видел по грчкиот масакр врз населението во македонското село Загоричани, костурско, на 25 март 1905 година.
Во масакрот се убиени 62 загоричанци, некои од нив на таков начин што полковникот Албер и неговиот колега Манери, заедно со австрискиот конзул Прохаска и рускиот конзул Каљ, ги ставале рацете на лицето не можејќи да поверуваат во тоа што го гледаат.

Наум Темчев од Загоричани, во тоа време бил во Битола.
Успеал да стигне со европската делегација во селото, да го види својот убиен татко, да биде сведок на последиците од масакрот, но и на реакциите на страна на Европјаните:
'Конзулите слегоа од коњите и тргнаа пеш.
Пред очите им се појавија првите жртви: кметот на Загоричани и неговата ќерка.
И на двајцата телата им беа обезличени.
Понатаму лежеа другите убиени, до вечерта двајцата конзули со придружниците ги обиколија сите 62 убиени и 6-те ранети.
Меѓу убиените беше и мојот стар татко, поради што конзулите ми искажаа длабоко сочувство.
Најпотресителна беше глетката на 17-те убиени изложени во црковниот двор.
Тука можеа да се видат трупови на кои очите им беа избодени, градите распорени, рацете и нозете исечени, мозоците распрснати', запишал Темчев на 1 април 1930 година во Пловдив, одбележувајќи ја на тој начин 25-годишнината од масакрот кој е можеби најсликовит приказ за тоа како Грците во 19-от век го стекнуваа правото врз
името Македонија со кое денес одново ни го загрочуваат животот.

И ТУРЦИТЕ HE МОЖЕЛЕ

Пред Илинденското востание, Загоричани, село блиску до Костур, имало 600-тини куќи, многу од нив двокатни.
При задушувањето на востанието, Турците имале наредба целосно да го разрушат и затоа го запалиле.
Но, дури и тие, со сета своја суровост, не убиле повеќе од 26 луѓе.
До крајот на март 1905 година, селото одново било изградено.
Најмалку 200 куќи биле целосно обновени.
Загоричани почнало повторно нормално да живее.
Но, не сакало да се потчини на грчкиот митрополит Каравангелис, и со тоа ја предизвикало судбината.
Ден пред колежот, во едно од блиските села, околискиот штаб на ВМРО имал состанок.
По завршувањето на состанокот, Дамјан Илиев бил испратен во Битола за да ги пренесе ставовите и да побара инструкции.
Решил ноќта да ја преспие во Загоричани и кон градот на конзулите да тргне рано наутро.
Бил примен во куќата на поп Стефан.

He ни претпоставувал дека таквата одлука од него ќе направи сведок на еден од најкрвавите колежи во Македонија извршен било кога.
'Одеднаш се слушна силен грмеж.
По него и втор, па трет...
Снаата која стоеше најблиску до прозорецот, страотно извика:
'Станувајте, има пожар кај Големата чешма'.
Сите се кренавме и ги здогледавме големите облаци чад што се креваа високо...
Селото гореше од сите страни.
Пламенот беше страшен, гореа плевни и куќи и се уриваа со страшен тресок.
Огнените јазици се сретнуваа високо над куќите и образуваа еден грамаден пламен, кој ја осветлуваше целата околина.
Подоцна велеа дека пламенот бил набљудуван од Каравангелис кој читајќи молитва, ги прашувал другите дали пламенот се намалува или се зголемува и при секое намалување, клекнувал и се молел за успех на делото', се сеќавал Илиев.

Каравангелис е костурски митрополит во тоа време, Грк кој цел живот го посветил на освојувањето на Македонија од Грците и истребувањето на нејзините жители од тој простор.
Работел по налог на грчките власти, и се смета за креатор на сите злосторства извршени во костурско од страна на грчките банди во тоа време.
Само неколку месеци пред масакрот во Загоричани, на 13 ноември 1904 година било нападното леринското село Зеленич, токму кога свештеникот Ѓоргија правел свдаба.
Во екот на веселбата, грчката банда убила 13 мажи, жени и деца, а едно девојче живо го изгорела.
Неколку дена подоцна, во Македонија била испратена и бандата на Георгиос Вардас-Цонтос, која ќе земе централно учетсво во убиствата во Загоричани.
Според д-р Александар Трајановски од Институтот за национална историја на Македонија, кој е еден од најупорните истражувачи на масакрот во Загоричани (автор е на книгата 'Андартскиот колеж во Загоричани' објавена на 90-годишнината од настанот) и кој има истражувано во грчките, бугарските, македонските, англиските, српските и руските архиви, сосема јасно се гледа дека колежот во селото бил подолго време подготвуван.

Во британските документи за овој настан, пишувало дека 'масакрот е внимателно планиран доста време и бил поддржан, барем индиректно од кајмакамот и грчките митрополити во Костур и Лерин'.
Д-р Трајановски вели дека инспиратор на грчкиот колеж во Загоричани е митрополитот Каравангелис, кој бил информиран од бандитот Вардас за намерата и дури му дал список на луѓе во селото кои и' се верни на грчката црква и кои треба да бидат заштитени.

САМО ГРЧКИОТ ШОВИНИЗАМ

Димитрис Литоксоу, човек од чии дела на Грците им се крева косата на главата, автор на книгата Грчката антимакедонска борба', бандитот Вардас, заедно со групата на потпоручникот Стефанос Дукас (Малиос), севкупно 180 до 200 луѓе, на разденување на 25 март 1905 година, го опколиле Загоричани.
'Првата куќа се разниша во пламен од Макрис.
Потоа една по една, по ред, ноќта стана посветла од ден.
Никој никого не слушаше.
Над сите бомби, над к*ршумите и над криковите, се издигна само гласот на Цонтас.
Беше толку јак што го слушна пола Загоричани:
'Над шеснаесет години, никој жив да не остане!', напишал Литоксоу, цитирајќи грчки документи за овој настан.

Така почнало дивеењето на Грците во Загоричани.
Траело неколку часа, се' додека не пристигнала турската единица која преноќувала во соседното село.
Се претпоставува дека таа намерно задоцнила, оставајќи им време на Грците да завршат дел од работата.
Италијанскиот офицер Манери го предупредил турскиот командант за тој крај дека нешто се подготвува, а дека цел ќе биде Загоричани.
Но, тој решил да се држи понастрана со својата војска и да интервенира подоцна.

За случувањата во меѓувреме, Дамјан Илиев запишал:
'Луѓето набрзо сфатија дека тоа не е војска, туку андарти.
Тоа малку ги ок*ражи и почнаа да се бранат.
He можејќи да се справат со одбраната, кога сонцето веќе се беше кренало високо за да го осветли нивното подло и мизерно дело, со некоку товари пљачки и со заробените селани, андартите се повлекоа, гласно искажувајќи ја својата јад што не можат докрај да ја завршат наредбата.
А, каква била таа?
О, ужас!
Само грчкиот шовинизам и злоба можат да скројат такво злодело.

Кога селаните, и мало и големо, собрани во црквата, чија побожност добро му беше позната на Каравангелис, ќе бидат исклани пред иконата на Св. Богородица, a селото ќе биде запалено, дали е тоа за да се осветли тржеството на елинизмот?
Може ли во човечката душа да се јави посатанска мисла?...
Населението почна да излегува.
Околу секој труп беа седнати блиски и далечни...
И плачат, и си јадат од облеката од мака.
Малку понатаму, иста сцена.
На другата улица, на крајот од селото, пред куќата на Кузо Самарџијата се беше собрало цело маало да го оплакува и него и неговото семејство, сите маченички загинати во нерамноправна борба.'
Кузо имал жена и три ќерки.
Сите загинале од бомби фрлени во нивната куќа, освен најмалото девојче, кое било набодено на бајонет и фрлено кон ѕидот.
Девојчето имало пет години.
Се викало Олга.
Според спискот на жртвите што го објавува д-р Трајановски, нејзините сестри, Ангелина и Катерина, имале 14, односно седум години.

СМАЧКАНИ ГЛАВИ

Во тие моменти, селаните се' уште не знаеле што се случило со заробените што Грците ги одвеле со нив.
Претпоставувале црн крај, но, сепак, се надевале дека можеби ќе стигнат добри вести. Надежта им ја прекратил единствениот преживеан од 27-те заробени.
Илиев запишал:
Токму во тоа време се зададе еден гологлав човек со исечено лице и искината облека.
Се стрчавме кон него.
Што да видиме.
Тоа беше човек што не можевме да го познаеме - по лицето, вратот, телото, рацете имаше рани од нож.
На лицето немаше здраво место.
Се' беа рани и засирена крв.
Господин Манери си го покри лицето не можејќи да гледа...
Оставете го да се одмори, исчистете му ги раните и преврзете го, па тогаш да ни каже што се случило, рече Италијанецот.
Вечерта се прибравме во неговата куќа...
Петар, така се викаше ранетиот, не' виде и одвај чујно проговори:
He' врзаа со јаже и не' поведоа кон планините...
Ние сфативме дека судбината ни е решена и се вртевме кон родните полиња за да ги видиме за последен пат.
Тогаш отец Стефан им викна:
Што сакате од нас?
Ова е срамота!
Тие, приковани за момент од гневните зборови на дедо Стефан, ги дигнаа пушките и пред очите ни се јави блесок.
Цела редица паднаа како карпа.
За тие што останаа, погледнете ме мене и ќе ви биде јасно што им се случи.
Co камења ни ги смачкаа главите.
Јас лежев како и сите.
Кога си отидоа, со џебно ноже го исеков јажето и полека станав.
Почнав да одам од еден до друг, како да ги будам, како да заспале, но никој не стана.
И еве ме, се довлеков до селото...'.

Според Литоксоу, убиството на заробените се случило поинаку.
'Во планината ги колат заробените', напишал Литоксоу и продолжил со цитат од делото 'Македонска борба - мемоари', од Јоанис Караватис:
'Работата ја презема Павлос Патрос.
Патрос ги држеше и ножот и штикот.
И така, го постави штикот на пушката и започна да ги боде построените заробеници.' Дента на настанот, селанец од Загоричани кој успеал да избега, стигнал до соседното село Бобишта.
Им кажал на луѓето што се случило, а Атанас Колев од истото село, се преоболекол како Турчин, и сам, на своја рака, тргнал за Битола.
Во градот, за масакрот го известил бугарскиот претставник Тошев, а овој веднаш испратил конзуларна нота до конзулите на Русија и Австро-Унгарија.
По дводневно натегање со турскиот валија во Битола, конзулите, придружени со италијанскиот офицер Албер, со воз заминале за Лерин, а оттаму со коњи за Загоричани.

Во меѓувреме, италијанскиот офицер Манери кој се наоѓал во селото, ги советувал селаните да не дозволат закопување на убиените додека не стигне комисијата.
Така, било овозможено цела Европа да дознае за злосторствата извршени од грчките банди, а документи за овој настан да има во архивите и на Италија, Русија, Австрија и Велика Британија.
Според Наум Темчев, конзулите, односно нивната придружба направила и фотографии од убиените, но ако тие постојат, се' уште се негде во странските архиви.
Но, и без нив, благодарение, меѓудругото и на ангажманот на Русинот Каљ, Австриецот Прохаска, Италијанците Албер и Манери и Бугаринот Тошев, официјалните лица на сите европски земји дознале како Грците на почетокот на минатиот век започнале да го стекнуваат исторското право на името Македонија.
И некои од нив тоа не им го премолчуваат на Грците.
Но, само некои.
Мнозинството од Европјаните очигледно преминуваат преку тоа.

ВАРДАС до селаните на Б'мбоки:
ЌЕ ЗАКОЛАМ СЕ, ПА ДУРИ И КУЧИЊАТА

По настаните во Загоричани, водачот на бандитите што го извршија масакрот, Георгиос Вардас, упати заканувачко писмо до селаните на Бмбоки, село непосредно до Загоричани. Во писмото тој напишал:
Ако не преминете во патријаршијата, и тоа бргу, ќе влезам во селото и ќе заколам се : мажи, жени, старци, деца и сите кучиња во селото.
За среќа, тој не можел да ја исполни заканата, затоа што по настанот во Загоричани, под притисок на евролските сили, османлиската војска постојано била стационирана во тој крај.
Згора на тоа, и самите селани се организирале, така што нападот на селото практично бил невозможен.

Австриски документ
ГРЧКАТА БАНДА ГИ УБИВАЛА И ЖЕНИТЕ И ДЕЦАТА

На 12 април 1905 година, во австрискиот конзулат во Битола, колежот во Загоричани е документиран со следните зборови:
Грчката банда до темел го уништи селото утрото на 7-ми во тековниот месец (нов календар), откако на разденување го нападна од повеќе страни истовремено...
Кога жителите слушнале труби, помислиле дека некоја единица војска пристигнала во селото, па дури повеќемина излегле да ги пречекаат војниците, но веднаш биле застрелани.
Грците извадиле колку што можеле повеќе луѓе од куќите, вклучително и жени и деца, и ги убиле на варварски начин.
Оние куќи што не можеле да ги заземат, ги дигнале во воздух со динамит и ги запалиле. Освен тоа, околу 20 мажи биле одведени во планините, каде што биле заклани. Истовремено извршиле пљачкосување и насилства заради пари.
На овој начин бандата дејствувала цели три часа и нема никакво сомнение дека ќе биле убиени уште многумина, ако не беше пристигнал потпоручникот на жандармеријата Незир Ефенди со 40 луѓе од соседното село Команичево, па дури тогаш Грците се повлекле во планините.'

Англиски документи
СОВРШЕНО ИЗВЕДЕНА КАСАПСКА РАБОТА ОД ГРЦИТЕ

Позната македонска песна кој почнува со стиховите Народе македонски, со какви идеи си ти, доста веќе разбуди се...', е инспирирана токму од колежот во Загоричани.
Денес ова село се вика Василиас, што во слободен превод би значело царско село'.
Ова име го добило во 1928 година.
Во 1913 година во Загоричани имало 2370 луѓе, од кои најголем дел се исселиле во Бугарија и САД.
Во 1945 година биле попишани само 720 лица.
Тоа е всушност приказната која финалето го има на крајот од педесеттите години на минатиот век, пo што Грција започнува да тврди дека на нејзина територија нема други малцинства освен малубројните муслимани.

Инаку, во документот што конзулот Мек Грегор го испратил до англискиот амбасадор во Турција, во врска со настанот во Загоричани (обајавен во споменатата книга на д-р Трајановски), меѓудругото, пишува:
Комплетниот број на незакопани тела пронајдени од полковникот и двајцата конзули е 68, вклучително 6 жени и 2 деца, при што последните се прободени со бајонет, па распорени, а во еден случај е откриено дека едно цело семејство е уништено со динамитни бомби од примитивен тип, фрлени низ дупките направени во ѕидовите на нивната куќа.
Покрај изгорувањето на 13 куќи и исто толку плевни, Грците намерно испоклале многу стока, a малиот број ранети, околу пола дузина, сведочи за совршениот метод по кој е изведена касапската работа за она кратко време од еден и половина час...

Треба исто така да ја изразам видливата разлика меѓу масакрот во Загоричани и убиствата извршени од егзархистите против патријаршистите, бидејќи додека првите речиси непогрешно ги избираа своите жртви меѓу лицата за кои се знае или се сомнева дека се виновни за предавство, Грците, се чини, не биле заинтересирани од друг мотив освен да убијат што е можно повеќе егзархисти...'
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 22:26
Во 1913 година во Загоричани имало 2370 луѓе, од кои најголем дел се исселиле во Бугарија и САД.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 22:38
Originally posted by да          бе да          бе напиша:

<span style="font-family: verdana;"><span>Во 1913 година во Загоричани имало 2370 луѓе, од кои најголем дел се исселиле во Бугарија и САД.</span></span>


И?! Што станало со тие кои биле замолени да заминат во Бугарија?

Изменето од Platenik - 17.Ноември.2009 во 22:39
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 22:46
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Originally posted by да          бе да          бе напиша:

<span style="font-family: verdana;"><span>Во 1913 година во Загоричани имало 2370 луѓе, од кои најголем дел се исселиле во Бугарија и САД.</span></span>


И?! Што станало со тие кои биле замолени да заминат во Бугарија?


па незнам - читаj го " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 - сигурно пишува нешто
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 08:36
Originally posted by Македон Македон напиша:



Maкедонци- беглаци од Егејска Македонија



Еве и интервју со Македонец од Шештеово роден во 1887 година, во истото се говори и за неколку војводи 

Интервју на векот

Интересно е што и ова интервју се совпаѓа со она што на други места го пишува за желбата на жителите на селото да учат на македонски и нивното непријателско расположение кон бугарските учители




Шефе, пардон Милорд, има некоj специфични моментуми во интервjуто ( зборот кушча ).






Изменето од Македон - 18.Ноември.2009 во 14:07
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 09:15
Originally posted by да          бе да бе напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:



Maкедонци- беглаци од Егејска Македонија



Еве и интервју со Македонец од Шештеово роден во 1887 година, во истото се говори и за неколку војводи 

Интервју на векот

Интересно е што и ова интервју се совпаѓа со она што на други места го пишува за желбата на жителите на селото да учат на македонски и нивното непријателско расположение кон бугарските учители




Шефе, пардон Милорд, има некоj специфични моментуми во интервjуто ( зборот кушча )


Па, што е тука чудно? И ден денес во Берово се вели „кашта“, во некои југозападни дијалекти „кашча“ и „к’шча“, и ние не бегаме од тоа. Така ти е тоа во Македонија- кај нас си го почитуваме литературниот јазик, ама секој град си има свој дијалект, и само сељаците зборуваат литературно во своите матични средини, додека кај вас е обратно. Вие дијалектите ги губите.

И точно е дека сме Словени. Еве јас баш сега слушам радио Братислава он лајн. А што вие не сте? изненадување


Изменето од Македон - 18.Ноември.2009 во 14:08
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 09:22
фала/благодарам - прашането беше кон господин милордот оти имавме еден спор дека бугарите не го разбирале диаликтот од Шестеово ама македонците го разбирале и баш за кука у к'шта зборувахме

аj сега да го видам како ке ми бега

ама от афтогол бегане нема
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 09:36
Како и да е, факт е дека уште од тогаш Македонците сакале да си учат на својот говор, а не на вашиот, и примери за тоа има многу, и сето тоа кулминира со книгата на Мисирков.

Пред некое време гледав една грчка емисија за „дијалектите“ во Грција, како влашкиот, албанскиот, циганскиот и - македонскиот, т.е. славомакедонскиот. Не знам само од кој регион беше човекот што зборуваше на македонски, бидејќи неговиот говор беше многу поблизок до струмичко-беровскиот, така некако, можеби малку и накај гевгелиски да маваше. Оние од костурско-леринскиот крај зборуваат слично како бутолчани. Но како и да е, сите тие го нарекуваат својот јазик македонски намигнување
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 09:57
да да - 2 пати си го е рекол човекот к'шта - на македонски
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 10:12
Не рекол к'шта, туку к'шча. И баба ми од Дебар велеше така. И во мојот дијалект се вели с’н наместо сон, и д’н наместо ден. А и вие велите ден, како во македонскиот литературен јазик- македонци ли сте? И побарај на Јутуб ќе видиш дека во Егејска Македонија се декларираат како Македонци. Како може на пример, Тито или Новаковиќ да ги измисли Македонците во Егејска Македонија? Или во Пиринска, чисто како пример?
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 14:14
Originally posted by да          бе да бе напиша:

фала/благодарам - прашането беше кон господин милордот оти имавме еден спор дека бугарите не го разбирале диаликтот од Шестеово ама македонците го разбирале и баш за кука у к'шта зборувахме

аj сега да го видам како ке ми бега

ама от афтогол бегане нема


Ваша Милост, не говоревме точно за Шештеово , туку говоревме за дијалектите од Егејска Македонија севкупно, базирано врз песна од Егејска Македонија, каде што се користеше зборот куќа. А во интервјуто не се користи к'шта, туку кушча. Меѓу двете има голема разлика.




Изменето од Македон - 18.Ноември.2009 во 14:15
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 15:05
милорд, ова (kushcha) е англинска транскипциа не нешто кое афторот е слушнал или си е мислил дека го е слушнал и напишал

шансите во оригинал шестеовецот да е рекол к'шта са многу ама многу големи
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 15:13
Originally posted by да          бе да бе напиша:

милорд, ова (kushcha) е англинска транскипциа не нешто кое афторот е слушнал или си е мислил дека го е слушнал и напишал

шансите во оригинал шестеовецот да е рекол к'шта са многу ама многу големи


Не господине мускетар Д'абе, си има и збор кушча ( како што има и к'шча ) во дијалектите на Македонија, во Егејот, каде има и куќа ( песната која ја слушавме ).
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 40>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.