IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонците од Егејска Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонците од Егејска Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 40>
Автор
Порака
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонците од Егејска Македонија
    Испратена: 26.Мај.2008 во 10:44
Еве за сите тие кои сакаат да дознаат нешто повеќе за животот на Македонците во Грција




http://www.youtube.com/watch?v=R-LU2hzhgJc&eurl=http://makedonika.wordpress.com/2008/05/25/youtube-the-macedonians-of-greece-speak-out-complete/
http://www.youtube.com/watch?v=ycVWEkZ_SRk&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=QXdpkCH9z7M&eurl=http://makedonika.wordpress.com/2008/05/25/youtube-the-macedonians-of-greece-speak-out-complete/
http://www.youtube.com/watch?v=7W4UAn7Tiro&eurl=http://makedonika.wordpress.com/2008/05/25/youtube-the-macedonians-of-greece-speak-out-complete/
http://www.youtube.com/watch?v=2t5cKuQ3A6A&eurl=http://makedonika.wordpress.com/2008/05/25/youtube-the-macedonians-of-greece-speak-out-complete/
http://www.youtube.com/watch?v=rSDTgvmZLu8&eurl=http://makedonika.wordpress.com/2008/05/25/youtube-the-macedonians-of-greece-speak-out-complete/

Изменето од Vladimir88 - 26.Мај.2008 во 10:46
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2008 во 14:18
...iskreno...posle citanjeto na knigata Smrt vo Solun od Jovan Parlapanov... ne mi se zboruva  za Makedoncite i Vlasite od Grcija bidejki treba da se simnam daleku pod svoeto nivo... zatoa shto ovaa a i mnogu drugi koi sum gi citala tolku me  razbesnuvaat... pa mislam deka me nosat na granica na coveshtvoto... nikogash ne mozam da razberam...kako nekoj moze na drug covek da mu go pravi toa....samo zaradi razlicna etnicka pripadnost...samo koga ke se procitaat ovie knigi... ke se razbere stravot od zboruvanje na majciniot jazik...ke se razbere....tragedijata na Egejcite... koi nekogash gi osuduvame zoshto go zaboravile majciniot jazik...zoshto se deklariraat Grci... Koj e vo moznost neka ja procita posocenata kniga... samo predupreduvam...treba da se ima "zdrav zeludnik"...a mozebi i da se ispie nekoe apaurince...
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2008 во 14:34
Za zal toa e gorka vistina, za koja nie nemame dovolno LOBI, Edinstvo, Kapacitet i sredstva da ja prezentirame vo svetot.
Кон врв
jole Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај jole Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2008 во 23:38
Ова важи за СИТЕ НА ФОРУМОВ.
Само што најдов две многу многу интересни видеа направени од грчки медиуми во кои се интервјуираат Македонци од Грција:

1) Во првиот грчка новинарка прашува еден човек. превод од краткиот дијалог оди вака:

Овчаранец

-“...но сепак сте Грци, нели?“
-“Не бе“ - вика човекот -“Македонец сум. Тетка ми беше силувана пред очите на нејзините деца“.
-“Кој ја силувал?“
-“Војниците (Стратиотас)“
-“Какви војници?“
-“Грци (Елинес)“

2) Во второто видео еден Македонец од Леринско село кое е населено со Македонци поканува еден грчки новинар да го посети.

Lerin

Новинарот прави интервју со неколку локалци и они отворено му кажуваат дека се Македонци. Второто видео се вика “Луѓето без име“. Еден локален младич му раскажува на новинарот како дедо му му викал “Ми милас, ми милас (не збори, не збори)“ ке ти направат лошо, и кога новинарот го прашува зошто се плашел дедо му, дечкото во минута 3:58 од видеово одговара “Оти име Македонас = Затоа што сум Македонец“. на крајот на видеото во минута 5:54 дечкото што го викан новинарот по телефон збори на чист Македонски со жена му = “Шо прајш? Арна си? Јас сум по пато“.

ОВИЕ 2 ВИДЕА ТРЕБА ДА ГИ ШИРИМЕ ПО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФОРУМИ. Сите од вас што имаат достап до другите македонски форуми нека ги шират овие клипови, ОСОБЕНО ПРВИОТ на којшто човеков отворено си кажува дека е Македонец.

Изменето од Македон - 08.Октомври.2009 во 01:22
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2008 во 23:47
Тука ке бидат сочувани видеата за да сведочат како доказ
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2008 во 22:38
Не е тој - овој е од Егејска Македонија - поручник во третата Македонска Егејска Бригада - “САНДАНСКИ“
Човекот е жив и ден денес и ова погоре е само дел од неговата автобиографија која се издаде пред некој ден
намигнување

  • За нас - Македонците како полувековен проблем е тоа што не е докажано со каква национална стратегија на 23 април 1945 година е создадена во Скопје организацијата: НОФ (Народно ослободителен фронт за Егејскиот дел на Македонија), надвор и независно од КПГ и од каков било политички субјект во Грција кој повеќе од година делува и се раководи од КПМ/КПЈ.
  • Она на што НОФ можеше да смета во перспектива, а сигурно и сметаше беше заштитата од КПМ/КПЈ. Таквото погрешно сфаќање на националното прашање, веќе наплатено со жртви и со поништување на многу национални вредности, слепо се брани и денес по цена на тотално национално пропаѓање.


  • Во трудот "Билет во еден правец" пишува дека на 9 декември 1944 година, шефот на Британската мисија во Белград, Меклеан, го посетил Јосип Броз Тито и му го кажал својот заклучок дека формирањето на Бригадата (Егејска) открива територијални претензии врз грчките и бугарските територии и му посочил да не се меша во грчките работи, односно во судирот меѓу ЕЛАС и британските сили во Атина, што започна на 3 декември 1944 година. Тито го убедувал Меклеан дека Југославија нема никаква претензија на грчка Македонија и дека Првата егејска бригада нема да оди во Грција. На 22 декември 1944 година, Тито наредил Егејската бригада да не замине за Егејска Македонија, на ЕЛАС да не му се даде ветената помош, што се должела на директивата на Сталин до раководството на КПГ да ја прекине оружената борба и да побара мирољубиво решение за судирот со Англија. Со специјална наредба под број 236 (строго доверлива) од маршал Тито на 2 април 1945 година побарал расформирање на Егејската бригада. Но, во книгата пишува и дека во нашите историографи имало и друго тврдење, односно не цел месец по формирањето на Егејската бригада во Битола, КПГ и ЕЛАС побарале таа да се расформира и нејзините борци да влезат во единиците на ЕЛАС, со што не се согласиле ниту егејските раководители, ниту Јосип Броз Тито.

    Убиство на Македонци


    Кон врв
    ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 03.Јуни.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 3392
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 01:56
    http://www.youtube.com/watch?v=_JXJ5T9wm94

    Кратко интервју на Павле Васкополус со апел до окупираните македонци!

    Доста веќе!Главата горе!

    Разбудете се оти никој нема да ве разбуди!

    Станете да ве ослободиме!

    Смрт или Слобода!





    МАКЕДОНИЈА!

    За неја ние се бориме!
    За неја ние мреме!



    За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
    Кон врв
    mamamd Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Почесна конзулка

    Регистриран: 02.Ноември.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 25679
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 07:27
    Според осудениот свештеник Царкањас... Мекедонците од Грција  имаат една многу поголема мака од грчкото негирање и неприфаќање на реалноста...написот во Дневник објаснува многу

    Ме осудија пред судењето


    На нивата што ја наследил од татко му, Царкњас ја изградил црквата „Света Злата Мегленска“, која е симбол на истрајноста на Македонците од Воденско

    Малото егејско гратче С'ботско, кое се наоѓа на дваесетина километри од Воден, на прв поглед по ништо не се разликува од другите места во овој крај. На самиот влез, како и низ целиот град, ве пречекува типичната грчка архитектура, малите продавнички што најчесто ги гледаме во туристичките места, таверните ... Но, за македонското малцинство кое живее во овој крај на Грција ова мало место со околу осум илјади жители има исклучително големо значење. Тука е изградена првата и засега единствена православна црква во која во неделите и за празниците архимандритот Никодим Царкњас држи литургии на македонски јазик.

    На влезот на С'ботско не' пречека архимандритот Царкњас, специфична фигура, кого речиси сите во градот го познаваат. Некои го нарекуваат „скопјанец“, други му ја каменуваат куќата, а трети се восхитуваат на неговата храброст и верба дека еден ден македонското малцинство ќе ги добие правата што ги заслужува. Тој за себе вели дека е борец за правата на Македонците во Грција, за нивното право да бидат Македонци по потекло, а граѓани на грчката држава. Царкњас е главниот иницијатор на идејата Македонците во овој крај да имаат македонска православна црква, во која ќе може да ги остваруваат своите верски обичаи.

    Домот на Царкњас го посетивме само неколку дена по одлуката на грчкиот суд да го осуди на шест месеци затвор поради инцидент што се случил пред седум години. Тогаш триесетина млади момчиња ја каменувале неговата куќа и пееле националистички песни. Тој е осуден бидејќи наводно нападнал 12-годишно момче. Вели дека пресудата му била позната уште пред да почне судењето. Иако немало никакви докази дека тој го повредил момчето, судот како што вели, го осудил само поради идеите за кои се залага.

    - Веќе се навикнав и не се вознемирувам многу. Ова е можеби 15-та или 16-та пресуда против мене од 1992 наваму. Не е прва и мислам дека нема да биде ниту последна. Грчката влада е националистичка, но со истрајност битката ќе ја добиеме - вели одлучно Царкњас. За него секој чекор во животот е битка. Иако за нас беше вообичаено да го видиме во попска мантија, тој вели дека и за правото да ја носи мантијата морал да се бори со грчката држава.

    - Сега можам да ја носам мантијата како свештено лице на друга црква - објаснува тој. Вели дека се решил во овие краишта во Северна Грција да изгради македонска православна црква бидејќи Македонците се големи верници и заслужуваат да имаат свој храм. На нивата што во наследство му ја оставил неговиот татко, а во чија близина сега се наоѓа гимназијата, е изградена црквата „Света Злата Мегленска“, која е симбол на истрајноста на Македонците од овој крај. Иако уште во градба, однадвор црквата веќе потсетува на православните храмови во Македонија.

    - Планираме годинава да го направиме и покривот, а за две до три години целосно да биде готова. Иако не е довршена, долниот кат од црквата го адаптиравме и секоја недела држиме литургии на македонски јазик. За да можеме да проповедаме и да вршиме верски обреди, црквата ја осветив јас. Но кога целосно ќе биде готова, планираме да дојде владика од Македонија да ја освети. Тоа ќе биде голем празник за нас - вели Царкњас.

    ВЕНЧАВКИ, НО НЕ И КРШТЕВАЊА

    На влезот на просторијата која всушност е привремената црква ќе ве пречека голема икона на света Злата Мегленска, која е заштитник на црквата. Првиот впечаток веднаш појаснува зошто Царкњас ја нарекува „привремена“. Има многу икони на Исус Христос, Пресвета Богородица, св. Климент, св. Наум, св. Кирил, но сепак изостануваа впечатокот што во секоја македонска црква го оставаат фреските што вообичаено се сликаат на ѕидовите и на таванот.

    - Фрески ќе направиме во горниот дел каде што навистина ќе биде црквата. Таму ќе ги пренесеме и иконите и олтарот, како и дрвените изрезбани столови кои се наменети за хорот, направени во Јанина - објаснува попот, додавајќи дека во црквата планираат да организираат и изучување на македонскиот јазик.

    Тој е многу благодарен на македонската дијаспора во светот која несебично помогнала за да се изгради црквата. Пари се собираат лесно, зошто Македонците во светот знаат дека преку промоција на нашата црква можеме да постигнеме многу. Во „Света Злата Мегленска“ досега се одржале неколку венчавки, Царкњас одржал молитви за неколку починати лица, но за жал се' уште не е крстено ниту едно дете. Архимандритот вели дека луѓето се плашат таму да си ги крштеваат децата бидејќи им е страв дали потоа ќе може да ги запишат во училиште или да не имаат други проблеми.Тој е еден од иницијаторите на постапката пред судот во Стразбур против Грција за да овозможи постоење законски регистрирана црква која ќе богослужи на македонски јазик, како и за озаконување на сите црковни духовни активности. Оптимист е дека наскоро ќе добијат позитивна одлука и дека ќе може да ја регистрираат црквата на која сите Македонци и се радуваат.

    Во Аридеа има две грчки православни цркви. Едната се наоѓа многу блиску до домот на Цракњас. Иако ја напуштил Грчката православна црква вели дека нема големи проблеми од грчките попови.  Се среќаваме на гробишта, некои од нив ме поздравуваат, а некои не. Мене тоа не ми пречи. Имам поддржувачи од Грчката православна црква, свештеници кои сакаат да ми помагаат и кои ми помагаат, но не можат тоа јавно да го направат зошто се плашат за својата работа и за егзистенцијата на нивните семејства - објаснува тој.

    ЈАНИЧАРИТЕ-НАЈОТРОВНИ ЗМИИ

    Архимандритот Царкњас вели дека покрај проблемите што ги имаат од грчките државни институции, од како што ја нарекува „тајната полиција“, многу проблеми имаат од Македонците кои сакајќи да се приближат на Грците работат против нив. Таков бил и таткото на момчето Аристидис Тасиос, поради кое Царкњас е осуден на шест месеци затвор. Вели дека вечерта на 17 ноември во 2002 година во полициската станица го слушал полицаецот како го поучувал момчето што да каже за да го осудат. А таткото ветил дека нема да се премисли и да се откаже од процесот.  Го познавав и неговиот дедо. Тој беше многу добар човек. Да беше жив ќе го искараше момчето и немаше да му дозволи да прави такви глупости. Против нас е и актуелниот градоначалник Петар Ѕерѕив, кој е Македонец, но, за жал, многу голем националист - додава Царкњас.

    Поради ваквиот однос од некои како што тој ги нарекува „нашинци“ првите соседи на Царкњас не сакаат да зборуваат. Меѓу нив има и Македонци, но и маџири и Грци кои, како што вели тој не му прават големо зло. Објаснува дека порано притисокот врз него бил поголем, бидејќи речиси секоја вечер му ја каменувале куќата и фрлале јајца. Меѓу момчињата што му ја напаѓале куќата имало многу синови на полицајци кои ја воделе целата работа. Морал дури да се жали во гимназијата и во локалната единица на Министерството за образование. Сепак, мисли дека во последниов период го оставиле на мир, поради неколкуте интервенции од македонската владата, која побарала од Грција да не го малтретираат. Неговиот пријател и голем борец за правата на македонското малцинство, Ристе Причков се согласува дека имаат многу проблеми од Македонците во Грција, кои сакаат целосно да се претопат и кои ги нарекуваат јаничари.

    - Секогаш има Македонци што не' предаваат. Најотровни змии се нашите, не Грците. Често се случува нашите нас да не' нарекуваат „скопјани“, а лебот од нашите фурнаџии „скопски леб“ и не го сакаат. Ние ништо лошо не им правиме. Само се бориме да ги имаме националните права што ни припаѓаат и да ја зачуваме македонската култура - рече Причков. Вели дека на Македонците во овој крај, кои се занимаваат со туризам, земјоделство и изработка на традиционални сувенири, многу им е важно да имаат економски просперитет.  Многу сме среќни поради изградбата на црквата. Од целиот регион одиме таму на литургија, се собираме за празници. Жално е што Грција не дозволува да ја регистрираме за слободно да работи. Има голема асимилација. Нашите деца знаат дека се од друга нација, но за да ги зачуваме нашите корени, идентитет, мора да добиеме помош и од македонската влада - вели Причков.

    Грција им е поважна од верата

    Архимандритот Никодим Царкњас е Македонец, православен монах, роден во 1942 година во селото С'ботско, Егејска Македонија. Во 1973 година бил замонашен како член на грчката православна црква. Во 1991 година, на позиција архимандрит бил протеран од Црквата во Грција. Вели дека не жали што поради неговите ставови за македонското малцинство морал да ја напушти грчката црква и лесниот живот што таа му го нудела.

    - Уште кога бев во Лерин, видов што прават грчките владици. Велеа дека Грција им е поважна од верата. Тие беа големи фанатици. За мене јасно е дека верата и Бог се најважни - додава Царкњас.


    Кон врв
    Redgun Кликни и види ги опциите
    Група
    Група
    Лик (аватар)

    Регистриран: 01.Февруари.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 80
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Redgun Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 11:17
    Originally posted by mamamd mamamd напиша:

    ЈАНИЧАРИТЕ-НАЈОТРОВНИ ЗМИИ

    - Секогаш има Македонци што не' предаваат. Најотровни змии се нашите, не Грците. Често се случува нашите нас да не' нарекуваат „скопјани“, а лебот од нашите фурнаџии „скопски леб“ и не го сакаат. Ние ништо лошо не им правиме.




    ТАЖНО..
    Serbia and Macedonia orthodox brothers

    f**k GREECE
    Кон врв
    zabegan Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)
    Другарот на Мона Лиза

    Регистриран: 06.Април.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 9774
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 15:19
    Originally posted by Redgun Redgun напиша:

    Originally posted by mamamd mamamd напиша:

    ЈАНИЧАРИТЕ-НАЈОТРОВНИ ЗМИИ

    - Секогаш има Македонци што не' предаваат. Најотровни змии се нашите, не Грците. Често се случува нашите нас да не' нарекуваат „скопјани“, а лебот од нашите фурнаџии „скопски леб“ и не го сакаат. Ние ништо лошо не им правиме.




    ТАЖНО..
    сед бат тру сршено%20срце
    најголемите негастори на македонците се македонците кои останае во рамките на денешна грција, ги имаат задржано своите имоти и животи лижејќи г’з на грците, денес имаат заборавено кој се, мозокот им е испран од старите грчки пропаганди и ко мува без глава се против нас во секоја ситуација
    размисли пред да напишеш глупост
    Кон врв
    Redgun Кликни и види ги опциите
    Група
    Група
    Лик (аватар)

    Регистриран: 01.Февруари.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 80
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Redgun Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 16:35
    Е па онда нема шансе да си вратите егеј када се ваште против вас..
    Serbia and Macedonia orthodox brothers

    f**k GREECE
    Кон врв
    anakin Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Unidentified Flying Object

    Регистриран: 08.Август.2005
    Локација: Machku Pichku
    Статус: Офлајн
    Поени: 18535
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 16:54
    sto mi treba video, za da znam so sum
    olimp bil na moite predci, se kacuvaa cesto na nego
    i zboruvaa makedonski, baba mi nitu znaela grcki, tri zbora ne znaese
    tamu ne ima 3 milioni
    no
    sega se asimilirani, toa e toa, ziveat kako grci i im e ubavo
    od istinata se nemoze
    edna istina e deka ne ima 3 milioni tamu
    no druga viostina e deka samo 30 000 se custvuvat kako makedonci

    ako si stavime prst na celo. kje svatime deka e povazno kako se cuvstvuvat a ne kakvi bea po poteklo

    no nasata borba e za tie 30 000
    koga i tie kje gi snema,, zavrsuva i nasata borba

    so sila nesmees da kazuvas nekomu kako se cuvstvuva

    pozdrav



    Изменето од anakin - 21.Март.2009 во 16:55
    SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

    Кон врв
    ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 03.Јуни.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 3392
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 17:53
    Многу повеќе се од 30 илјади што знаат кои се и што се,ама само на 30 илјади им е гајле а другите и не ги боли баш.Е сега шо има еден дел наречени јаничари тие се проблем,тие се помал дел.Ама јас мислам дека најзаебаните се тие на кои ич не им е гајле.
    Инаку според интервјуата на Виножитарите во Грција има околу милион македонци,а во Егејска Македонија се неколку стотици илјади.



    Изменето од ZoraNaSlobodata - 21.Март.2009 во 17:54
    За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
    Кон врв
    DarlinG Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    *Lara*Croft*

    Регистриран: 09.Јануари.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 1621
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 18:59
    epa ako i tie ostanati se kazat makedonci i niv ke gi snajde zatvor
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  123 40>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,143 секунди.