IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кoja кујна???
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кoja кујна???

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Прашање: ви е омилена?
Одговор Гласови Статистика
16 [44,44%]
4 [11,11%]
6 [16,67%]
2 [5,56%]
6 [16,67%]
2 [5,56%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кoja кујна???
    Испратена: 21.Август.2008 во 16:54
Македонска (нешто од неа)

Италијанска

Kинеска

Индиска

Се од медитеранот...

Meксиканска...

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 16:56
Сите ми се убави и ги сакам. Ете мексиканската ми е најфаворит, ама сепак би рекла домашно си е домашно-откако дознав дека јадат гуменизирани овошја и зеленчук (модифицирани де) странциве.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 16:57
Kineska kujna nemozam da podnesam a od drugive site moze

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:04
Еве нешто повеќе за светските кујни.


Германска Кујна

Со повеќе од 1200 пиварници во кои се точат околу 5000 различни видови на пиво Германија не ретко ја нарекуваат земја на пивото. Меѓутоа разноликоста во оваа земја ја има не само кај пивото, туку и кај храната која се конзумира.
Од свежата риба од традиционалните хамбуршки рибарници до компирот кој се сервира уште од 18 век, како солен варен компир, во разните варива или како погача од компир.Германскиот појадок е незамислив без еден од 300 -те видови  здрав леб, имајќи предвид дека германските пекари уште од многу одамна се имаат закитено со многу ловорики произведувајќи мали и убави печива. Помеѓу оброците Германците често посегнуваат по природната минерална вода, која се црпи од 550 извори. Пред да бидете  понудени  со вино, сигурно ќе ја забележите вкусно и естетски сервираната трпеза.
Складно избраните сервиси се неизбежен дел од понудата на храна и пијалоци во Германија. Германците се посебно горди на своите произведувачи на порцелан, стакло, ...чии мајсторски дела ги краселе трпезеите во домовите на царевите и кралевите.
Различни чинители влијаеле на тоа кое јадење ќе биде локален специјалитет  во одреден регион или држава во Германија, како на пример плодовите кои во тој регион успеваат или степенот на развој. Препознатливи се влијаниата од кујните на соседните земји: чешката и австриската кујна извршиле силно влијание врз баварската кујна, додека на северниот дел воочливо е влијанието на Скандинавија и Велика Британија.Основните состојки достапни во сите германски покраини, од брегот на Северното и Балтичкото море до подножјето на Алпите на југ, во основа се исти, разликите се само во детаљите. На тој начин секоја федерална држава има своја историска, културна и гастрономска особеност. За да регионалната храна добие на вредност, креативните гастрономи се залагаат за враќање на старите рецепти како основа за подготвување на хранливи из драви јадења.Тоа што прво ќе го забележите кај жителите на Берлин се малите оброци помеѓу главните јадења, затоа што како што ќе ви кажат Берлинците немаат време. Бер­лин­ската храна е едноставна и здрава: силна, оскудна гозба, во која ќе ги препознаете влијанијата на различните кујни, кои ги носеле емигрантите од многу земји. Нивните салати, разни видови на зеленчук, кобасиците трајно ја збогатиле градската кујна. Берлинската и брандербушката кујна имаат многи заеднички каракеристики почнувајќи од изобилството на риба, дивеч, зелен­чук и овошје, потоа свежото кравјо сирење, компирот, кисе­лите краставички...Во северните делови на Германија покрај локалните специјалитети ќе ве понудат и со гулаш, разни видови шунки и сите врсти на риба. Во минатото во овие краеви поради острите зими и напорната работа на отворено на луѓето им била неопходна голема количина на енергија. Сепак денес и во овие региони мрснотијата е редуцирана, а јадењата се полесни.
Жителите на Хамбург уживаат во вкусовите и кога се во прашање храната и пијалоците, парите не се важни- “Во Хамбург прво можете да јадете на англиски, потоа на француски или на германски начин,,.
За граѓаните на Бремен каракеристична е поговорката ,, Да се јаде многу и да се јаде квалитетно,, што ја покажува љубовта спрема количината кога храната е во прашање,,. Ова е своевиден парадокс, ако се знае дека жителите на Бремен важат за скржави луѓе. Бременците  добро завршената работа ја прославуваат со вино. Не во изобилство-тоа Господ го забранува, туку во тивки задоволство... во бременски стил.Доколку појдете во Долна Саксонија ќе ве пречекаат со едноставни и обилни јадења, а пред се со  кељ со кобасици и сирење. Во регионот на Есен доминантни се два специјалитети зелениот сос и франкфуртските кобасице.
Баварската кујна е богата како и нејзиниот пејсаж и светски познатото пиво. Меѓу најзначајните специјалитет на оваа кујна спаѓаат печеното свинско, телешката бела кобасица и паштетата од црн дроб.
Доколку сакате да ја доживеете германската кујна најдобро е да го посетите  минхенскиот ,, Октоберфест,, да пиете пиво од литарските кригли и да уживате во  романтичните дворци од бајките.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:06
Швајцарска Кујна

Ементалер, груѕере, вацхерин, аппензелле, се најпознатите видови од богатата понуда на швајцарски сирења. Јадењата од сирење се сметаат  за национални специјалитети, иако имаат регионален карактер, а ги популаризирале швајцарските произведувачи на сирења.
Поради тоа што Швајцарија е и земја на компирите, логично е еден од главните специјалитети, да е од овој зеленчук. Рости се јаде низ целата земја, а најлесно е да се дефинира како запечени рендани компири. Најпрво се конзумирал само за појадок, но денес ќе го најдете во менито на многу ресторани како предлог за ручек. Швајцарците за појадок или за вечера најчесто јадат топол леб, намачкан со путер и џем.
Печивата се исто така доста застапени во швајцарската кујна, како што е случај и со француската од каде и потекнуваат. Омилени се слатките или соле-ните тортици со различни филови: од кисели јаболка, до сирење или кромид.
Колачите со мед, прелиени со шеќер се специјалитет кој потекнува од регионот на Базел. За време на карневалите се јадат посебен вид на колачи, а често се застапени и колачите со крем или со лешници и суво грозје.Од десертите позната е одличната торта со моркови, потоа тортите од путер и вишни, како и слаткиот леб со круши.
Но сигурно нема да згрешите доколку се засладите со било која од многубројните видови на чоколади, кои претставуваат гордост на секој Швајцарец.
Од јадењата со месо, Швајцарците претпочитаат телешко месо во сос од печурки, кое задолжително се сервира со рости.
Колбасите и разните видови на салами  се неизбежен дел од понудата на богатата швајцарска кујна.

Регионални јадења
Регионалните специјалитети од францускиот дел вклучуваат сушено говедско или свинско месо. Сувото месо е исечкано на многу тенки парчиња, а се служи со кисели краставички.
Во овој регион многу застапени се и чадените колбаси со праз и компири, како и маринираното свинско месо во сос. За најпознат Женевски специјалитет се сметаат свинските нозе.
Во германскиот регион јадењата настанале под влијание на климатските карактеристики на тоа подрачје. Голема важност им се придава на супите, од кои најчесто се подготвува супата со брашно. Бројните езера придонесуваат за големата популарност на специјалитетите од риба. Од овој регион потекнуваат и број­ните варива од месо и компири.
Жителите на Италијанскиот регион се гордеат со оригиналните специјалитети, кои не се разликуваат многу од оние од Италија. Нормално, доминантни се разните видови на пици и тестенини, пота палентата, како и месото на скара.

Пијалоци
Познатиот чоколаден пијалок Овалтине, исто така доаѓа од оваа земја. Освен во течна состојба, се употребува и како сладок зачин за лебот намачкан со путер.
За својот здрав изглед Швајцарците сметаат дека голема  заслуга имаприродниот сок од јаболки Апфелсафт, кој е омилен и кај младата и кај повозрасната популација. Нешто пожестока варијанта е јаболковата цидра.
Од вината Швајцарците најмногу го почитуваат ризлингот, а од овошјата подготвуваат бројни алкохолни пијалоци.
Како земја во која од земјоделството е најзастапено, производството на житарици, компири, винова лоза и шеќерна репа, а од сточарството одгледувањето на говеда и свињи, швајцарската кујна како комбинација од француската, германската и италијанската кујна нуди најраз­лични специјалитети, кои ќе ги задоволат вкусовите и на најпребирливите гурмани.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:06
Мексиканска Кујна

а мексиканската кујна се смета дека е една од најпознатите во светот. Голем дел од производите што се користат во разните кујни во светот, потекнуваат од Мексико. На пазарите во старо Мексико можело да се најде: грав, пченка, кикиритки, какао, домати, чили пиперчиња, тикви, папаи, маслинки, авокадо, компири, зелје, печурки, табаско пиперчиња, ванила, мед, а од месо: мисирки, елени, зајци, патки, фазани, и се разбира, риба и морски плодови.
Корените на денешната мексиканска кујна потекнуваат од времето на древните Маји и Астеки. Доаѓањето на Шпанците на овие простори придонело за збогатување на мексиканската кујна, па така и денес голем дел од ориенталните и медитеранските зачини кои тие ги донеле се незаменлив дел во секојдневната исхрана. Климата која во Мексико варира од континентална до суптропска, овозможува вистинско шаренило од најразновиден растителен и животински свет. Мексико има инспиративно мени, кое, кога ќе се проба - засекогаш ќе се засака.
Моле Поблано е најрепрезентативното национално јадење. Основниот облик на мексиканското моле е едноставен. Сосот се приготвува од чили пиперчиња и чоколада и се сервира врз месото. Издробеното семе од сусам или тиква само го засилува вкусот. Постојат многу варијанти на ова јадење, а некои од нив се тотално американизирани или добиле типично тексаски вкус, иако вистинското моле е исклучиво мексиканско јадење.
Мексиканската кујна денес е толку разновидна, што таа се смета дека е најздрава кујна на светот. Покрај сите видови на месо, риба и морски плодови, неодминлив е разновидниот зеленчук, кој се служи како прилог, а овошјето најчесто е десерт по јадењето. Ако погледнете како изгледа “најобичната супа”, ќе ви стане јасно дека ниту на тенџерето не му е јасно што се се наоѓа во него. Толку разновиден зеленчук, бои, ароми и вкусови нема да најдете речиси никаде во светот.
Доматите и пиперките се најчестите производи во мексиканските јадења, но постои и еден вид на домати томатилјос со вкус на лимон, јаболко и ароматични растенија. Овој вид се користи најчесто за подготвување на сосови. Познатата мексикан-ска салса (сос) е неизбежен додаток скоро со секое јадење. Многу се јаде грав и боранија. Постојат многу видови на грав од кои секој се подготвува на различен начин, во зависност од тоа за кое јадење се користи. Зачините се многу значаен детал при подготвувањето на секое мексиканско јадење. Најчесто се користи коријандер, и тоа свеж, но во негов недостаток, се употребува и свеж магдонос.
Понудата на пијалоци зависи од тоа во кој регион на Мексико се наоѓате.  Доколку сте расположени за алкохол, ќе ви бидат понудени разни ликери од кафе, пченка, палма или сотол ликер, пунч или овошни ферментирани пијалоци, и се разбира - мескал или текила. Љубителите на пивото може да избираат меѓу многуте видови, а за оние кои сакаат коктели, тука се незаборавните маргарити. Мексиканските вина ќе го задоволат и најпрефинетиот вкус. Мексиканците имаат и голем избор на “слатки води” кои ние ги нарекуваме лимонади. Тие најчесто имаат вкус на тропско овошје. Нема да згрешите доколку се напиете какао или кафе. Сепак најкарактеристичен мексикански пијалок е атол. Тоа е топла напивка која се подготвува од мелена пченка (слично на нашата боза). Се подготвува со млеко или вода, а се засладува со бел или жолт шеќер. Вкусот му го дава циметот, овошјето, бадемите или чоколадата. Се служи за појадок, вечера, или ужина, и секогаш со традиционалниот Кралски колач (Росца де Реѕес).
За оние кои секогаш сакаат да пробаат нешто ново, мексиканската кујна ќе ви понуди комбинација на разни вкусови, за кои не сте ни сонувале дека одат заедно. Луто и мед со месо, овошје со солени производи, разноразни зачини и маринади... Тие кои сакаат сî да пробаат, може да добијат одлични пржени скакулци или јајца од мравки, кои се нарекуваат кавијар и се сметаат за вистински деликатес.
Од тестата најпознати се тортиљите кои се основа на мексиканската кујна, независно дали се од пченка или од пченица. Постојат многу начини на подготвувањето на тестото, како ва-ријации на тортиљите, но во суштина сите се многу слични.
Љубителите на лутата храна секаде во светот не можат да замислат оброк без лути пиперчиња. И тоа не поради тоа што тие се здрави и преполни со витамините Ц и Е, туку поради тоа што им го зголемуваат апетитот и го засилуваат вкусот на храната. Чили пиперчињата потекнуваат од територијата на денешно Мексико и се омилен додаток во многу јадења низ целиот свет. Повеќе од 100 видови на оваа пиперка има само во Мексико, а уште неколку видови се одгледуваат во Јужна и Југозападна Америка, Југоисточна Азија, Кина, Индија, Северна Африка, Шпанија, а и ние можеме да се пофа-лиме со некои наши видови, кои слободно може да им конк*рираат на мексиканските чили пиперчиња.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:08
Италијанска Кујна

Изобилството на производи и гастрономското наследство ја вбројуваат  италијанската кујна меѓу најпопуларните во светот. Карактеристично за италијанската кујна е што секој регион има свои особености. Географските промени од северот кон југот резултирале со мноштво разновидна  храна, но историското влијание одиграло важна улога. Така на пример сицилијанската кујна и денес го задржала влијанието на арапската кујна, а унгарскиот гулаш може да се проба и во Трст.
Италијанската трпеза е секогаш богата со разновидна храна, но тоа што секогаш е присутно е регионалната посебност, високиот квалитет на производите и чувството за традиција. На почеток на оброкот се служи предјадње кое обично има пет дела, потоа следува првото јадење со избор на разни јадења од тестенини или ориз, а по тоа следува второто јадење во кое има месо или риба со прилог од зеленчук; следува сирењето и на крајот десерт и кафе еспресо. Предјадењето може да се состои само од пршута или маслинки со леб или од петнаесетина вкусни залаци чии состојки варираат од регион до регион. Месните преработки како мортаделата, светски познатата париска пршута и разните салами се неизоставен дел на предјадењето, а може да се сервираат сами или со свежо овошје.
Рибата и морските плодови особено се популарни како предјадења во
приморските краеви. Во салатите од морски плодови најчесто се користи октопод и разни видови на школки.
Зеленчукот може да се служи свеж (во салатите) или варен и зачинет со маслиново масло и свежи ароматизирани растенија.
Неколкуте предјадења може да претставуваат самостоен оброк, кој се надополнува со крцкав леб или палента. Се продолжува со свежо овошје и сирење и на крај се заокружува со јако кафе еспресо.

КАФЕ
Во Италија еспресото се пие за појадок, но и во текот на целиот ден. Доброто еспресо мора да се пие топло од загрена чаша и обично со многу шеќер. Светлокафеавата боја на пената е знак дека апаратот за кафе е наместен на оптимална температура и притисок.


ДОМАТ
Доматот е омилениот зеленчук на Италијаните  и се јаде секој ден, независно од годишното време. Тој може да биде составен дел на сосот за тестенини, една од состојките на салатата, полнет или печен- италијанските готвачи секогаш ќе смислат нешто ново.

ПИЦА
Пицата влече корени уште од времето на старите Римјани. Но најголема популарност добива во 19- иот век кога италијанските емигранти и ја претставуваат на американската јавност. Во шеесетите години на 20 - иот век пицата станува популарна и во Европа, додека во Италија сеуште е непозната освен на територијата околу Неапол. Дури во 80-ите години на 20- иот век пицата станува популарна во Италија.

ТЕСТЕНИНИ
Секој регион во Италија има своја приказна за тестенините. Иако има повеќе верзии од кога потекнуваат тестенините и кој ги донел во Италија, едно е сигурно: денес тестенините се јавуваат во повеќе од 300 форми и се едно од најомилените јадења.

ПАРМЕЗАН
Пармезанот е сирење кое се произведува од обрано кравјо млеко. Парме­занот е жолт со грануласта структура и има пикантен вкус. Познат е во Парма уште во 13- иот век, иако потекнува од Тоскана во 11- иот век. Од 14- иот век се користи за наросување на тестенините. За да не се изгуби вкусот на пармезанот, треба да се изренда непосредно пред употребувањето.

ОРИЗ
За појавувањето на оризот во Италија постојат ралични теории. Едни тврдат дека за оризот знаеле и старите Римјани, додека други сметаат дека оризот на Сицилија го донеле Арапите. Одгледувањето на ориз во долината на реката По датира од 15- иот век.

ТИРАМИСУ
Тирамису што во превод значи ,,земи ме има статус на култен колач во Италија. Главни состојки се пишкотите  натопени со црно кафе, (во кои може да се додаде малку коњак, или рум) и сирење маскарпне кое на колачот му дава кремаста структура.
Храната во Италија претставува вистинско уживање кое секој­дневно се слави како гозба за сите сетила: во друштво на семеј­ството или пријателите, дома или во добар ресторан.
Секогаш кога е тоа можно храната во Италија се јаде во друштво.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:09
Португалска Кујна

На враќање од своите големи истражувачки патувања од Далечниот Исток, Африка, Северна и Јужна Америка португалските морепловци носеле најразлични зачини, кои ги проширили низ Европа ( црн пипер, ѓумбир, чили и цимет),  кои ги употребувале да го збогатат вкусот на храната. Тие носеле и бројни егзотични производи кои набрзо станале дел од европското секојдневие, како што се чајот и оризот од Далечниот Исток, доматите и компирите од Јужна Америка.
Поради тоа, но и поради многуте други причини португалската кујна претставува вистинско уживање во најразлични вкусови.
Секако голем придонес за богатата португалска кујна има домашното производство на пченка, компир и ориз, како и богатството на маслинови стебла, лозовите насади, дрва со портокали, смокви и бадеми со кои изобилува територијата на Португалија.Карактеристики на португалската кујнаДоброто јадење во Португалија започнува со супа. Најпозната супа е цалдо верде, густа супа од сечкани колбаси и компири.  Најчесто се приготвува со маслиново масло. Нема да згрешите ни доколку ја пробате ,, супата од камен сопу да педра, за која постои интересна легенда. Според неа оваа супа ја измислил некој свештеник кој сакал да направи супа, но единствено ншто што имал било каменот. Така одејќи од врата до врата молел луѓето да му дадат само уште еден производ за супата и на својот пат собрал доволно производи и погодувате ја направил сопу да педра.
Во регионот Алантејо позната е супата направена од леб и риба, како израз на сиромаштијата на тој регион и бујната фантазија на локалното население. Лебот е основен производ на луѓето од овој регион, а со додавањето на ароматизирани растенија се добива одлична супа.
Најтрадиционално португалско јадење е Цозидо а португуеса ( гулаш од телешко и свинско месо, зеленчук и разни колбаси).
Многу е тешко од големата понуда на јадења со месо да се направи избор. Цабрито ассадо но фурно (јарешко печено во фурна), се приготвува за Велигден.
Цханфана (јарешко варено во црвен кромид) е познат португалски специјалитет, а говедскиот кебап на скара претставува вистински избор.
Меѓу Португалците најомилено јадење е битољуе (бифтек со печени јајца). Чаденото месо, особено пресунто (пршута) и разните видови на колбаси заземаат посебно место во португалската кујна со својот квалитет.
Морето претставува посебна инспирација за кулинарските виртуози. Цалдеирадас ( динстано месо од рани видови на риба) е совршен пример за фузијата на морето и кулинарството, како и сардинха ассада (сардини на скара) кои се и главно обележје на популарните фестивали од северот до југот на Португалија.
Национално јадење е сушен и солен балалар, за кое Португалците велат дека го подготвуваат на 1001 начин. Бакаларот задолжително мора да го има и на Божиќната трпеза. Сирења, десерти, винаСирењата во португалската кујна се застапени под ,, мора. Сирење број еден е  Љуеијо да Серра, кое се произведува во планинскиот регион Серра да Естрела, и тоа од овчо млеко. Извонрено овчо сирење е и Љуеијо Рабацал. Во Португалија се произведуваат и сирења од козјо и кравјо млеко.
При подготвување на десерти најчесто користени производи се јајца, шеќер и фантазија. Слатките специјалитети из­во­рно се подготвувале во манастирите, за што говорат и нивните имиња: Небо, Појасот на опатицата, Опатовото уво ... Не помалку живописни се и слатките специјалитети направени од јајца, млеко и цимет, колачите со крем од јајца и млеко, невообичаените колачи направени од сирење и грав, пудингот од ориз со цимет, малите колачи од марципан со крем од бадеми... Има уште многу вакви десерти и верувајте секој е повкусен од претходниот.
Вината претставуваат гордост на Португалците. Климата, различните видови на грозје и педигрето на винарите ги вбројуваат португалските вина меѓу најпознатите во светот. Вината во Португалија можат да се поделат во две основни категории: винхо верде и винхо мадуро. Винхос мадурос се направени за зреење во шише. Во покраината Минхо се произведуваат карактеристи­чните винхос вердес (црвени и бели), чија пенливост варира од староста, техниката и начинот на чување на виното.
Ќе наброиме само некои од шампионите на винарските визби: Порто, слатка и сочна Малвазија, сув Серциал, полусуво и темно вино Верделхо, Боал виното со карактеристично буке. Распонот на вината се протега од лесни, преку кисели млади вина, слатки овошни до вина со интензивна арома.
Португалскиот оброк нема да биде целосен доколку на крај не го зачините со багацом или со локалните ликери како амарљуинха, направени од горки бадеми.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:10
Унгарска Кујна


Унгарците се народ со богата култура и начин на живеење и токму тука може најубаво да се забележи колку гастронимијата е значаен дел од културата. Од најразновидните производи со кои изобилува оваа  богата земја настанале вистински специјалитети, кои унгарската кујна ја вбројуваат меѓу најдобрите светски кујни.
Главна карактеристика на ,, огнената,,  унгарска кујна е обилното додавање на пиперката во многу јадења. Понатаму многу се користи маст (главно свинска), разни зачини, павлака или кајмак, а во последно време и печурки. Од унгарските јадења секоја домаќинка знае да подготви разни лути гулаши, паприкаши и чорби од риба, но се разбира дека изборот на вкусни јадења од оваа земја е многу поголем и поразновиден. Интересно е дека во Унгарија главно се служат разни топли чорби со додатоци на почетокот на оброкот, додека предјадењата се слабо застапени. Унгарците не робуваат исклучиво на своите лути јадења, туку  прифатиле и многу особини од кујните на другите  народи (најчесто од австриската и чешката кујна).
Најпознатото унгарски јадење гулаш, води потекло од унгарските пусти (тревнати степи, а  името го добило по тамошните чувари на стока), а преку Беч станало познато во целиот свет. Во многу земји под гулаш се подразбираат сите јадења зачинети со пиперка, но добрите познавачи на унгарската кујна разликуваат четири јадења во кои пиперката има важна улога. Тоа се: гулаш, перкелт, токањ и паприкаш, а има доста варијации од овие четири основни видови на јадење. Гулашот е густа, мрсна чорба со многу кромид и пиперки, со додаток од ситно сечкани компири и мали теста. Перкелт е јадење со многу кромид и со густ сос, а месото се динста. Токањ е јадење слично на претходното, но месото е поситно исечкано и има помалку кромид и пиперки ( кои може да се заменат и со црн пипер) ,а се додава павлака, печурки, грашок и друг зеленчук.
Паприкашот  наликува на перкелт, но му се додава повеќе павлака. За паприкаш се погодни разните светли меса ( пилешко, телешко, јагнешко, риба), додека темните меса  ( говедско, овчо, дивеч) и мрсното месо ( свинско, од гуска или патка) се погодни за перкелт или токањ. Гулашот најчесто се подготвува од говедско и пилешко месо, но може и од свинско и овчо месо. Познати се унгарските јадења од риба (особено паприкаш), кои се посебно вкусни ако се подготвени со смуѓ од езерото Балатон, или ако се стават неколку поквалитетни видови на слатководни риби. Од јадењата кои може да се чуваат подолго време би ги издвоиле тархоњ (ситно сушено тесто), и разните месни преработки. Колењето на свињите за  Унгарците  претставува вистинско доживување. Од десертите напознати се тортите, крофните, кремовите и палачинките.
Многу често може да слушнете дека Унгарците ја ставаат пиперката (свежа, кисела, мелена) во сите јадења освен во колачите, па да спонеме неколку податоци за овој зеленчук толку значаен за унгарската кујна. Пиперката во Унгаија е дојдена од Америка и се произведува во големи количини и со многу внимание.
Со специјалитетите на унгарската кујна одлично се вклопуваат познатите унгарски вина. Секоја покраина во Унгарија има вина со спечифичен вкус и мирис, а за најдобро се смета токајското вино ( од околината на градот Токај), кое навистина е нешто посебно. Ова вино наречено ,, вино на кралевите и крал на вината, може да биде суво или слатко, но нема да згрешите од било кое да се напиете. Многу познато е и црвеното вино егри бикавер од околината на градот Егер.
Повеќето унгарски вина се квалитетни и специфични, како и унгарските јадења  со кои одлично се вклопуваат и кои  вистинските гурмани задолжително треба да ги пробаат и да уживаат во нив.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:10
Турска Кујна

Турската кујна спаѓа меѓу 10 најатрактивни светски кујни. Дамнешниот номадски живот, просторот со различната флора и фауна, кои минува низ седум географски зони, и наследството на богатата царска кујна се трите темелни елементи кои влијаат врз гастрономската умешност.
Основа на турската кујна се смета тестото од пченично брашно за неизбежниот бел леб (екмек), пиде (лепињи), симит, манти (тесто) и јуфка (лиснато тесто).
Покрај лебот значајно место во турската кујна зазема пилавот од ориз. Се подготвува во многу варијанти, се служи топол или ладен, а може да биде и додаток на месото, а и главно јадење.
Месото по правило се користи во помали количини. Со името кебап се нарекуваат сите   јадења од месо, а за Турција е карактеристичен како и бурекот. Меѓу попознатите се шиш кебапот и донер кебапот. Карактери-стичниот вкус потекнува од квалитетното јагнешко и телешко месо и природните услови во кои се одгледуваат.
Зеленчукот се подготвува на тој начин што на тивок оган се вари во сопствениот сок, при што му се додаваат домати и лук и растително масло за јадење или путер. Најразлични  зеленчуци се печат на маслиново масло и се служат како додаток на главното јадење. Кога станува збор за зеленчукот модриот патлиџан има водечка улога во турската кујна. Долма е заедничко име за полнетиот зеленчук. Главно се подготвуваат две врсти на долми. Долмите полнети со ориз се приготвуваат со маслиново масло и се јадат ладни, а долмите полнети со месо се главно јадење и се јадат најчесто со јогурт. Сите видови на зеленчук кои може да се полнат, или да се виткаат во листови се користат за подготовка на долми. Пиперката полнета со ориз се смета за кралица на долмите.
Турција е земја со 4 мориња, а луѓето кои живеат таму мајстор-ски знаат да ја подготвуваат ри-бата и морските плодови. Најпозната турска риба е црноморската         сардела хамси. Рибата се служи со сезонски зеленчук и салати.
Турската кујна претставува вистинско богатство од десерти. Најпознати се локумот и баклавата. Мухалебите исто така спаѓаат во омилените тур-ски десерти. Тоа се разни пудинзи од скробно брашно или ориз ароматизирани со лимон или портокал. Секако не смееме да ја заборавиме ниту алвата. Слатките со тенки кори кои спаѓаат во редот на баклавите се посебно обележје на турската кујна. Сепак најомилен турски десерт е свежото овошје. Земјата која во текот на годината има 300 сончеви денови изобилова со најразлични видови на овошје и обично има две до три берби.
Можеби за многумина ќе биде разочарување но турското кафе не е јако туку густо и се пие во мали голтки, а најчесто  се користи како повод за муабет. Традиционален турски пијалок е црниот  чај, кој се пие во секое време и со кој му се искажува добредојде  на гостинот. Во текот на жешките летни денови Турците уживаат во ајранот, вид на посолен јогурт разреден со вода, кој делува освежувачки и го регулира крвниот притисок.
Од алкохолните пијалоци Турците се посебно горди на својата.
,, Јени раки,, која ја нарекуваат млеко од лав, бидејќи како и кај нашата мастика со додавањето на вода добива бела боја.
Зачините во турската кујна се користат во многу мали количини, бидејќи се смета дека тие не треба да го ,,убијат,, мирисот на главното јадење. Најчесто се користат копарот, магдоносот, кимот и лукот. За десертите не се користи никаков зачин за да дојде до полн израз аромата на природното овошје.
Конзумирањето храна во Турција, како и многу други работи  претставува уживање. Се смета дека три пати во денот треба да се јаде и тоа седејќи никако набрзина или од нога и никако сам. Менито се состои од три или повеќе јадења кои се служат во низа. Добро е да се знае дека поговорката ,, не е важно што, важно е да може да се јаде нема место во турската кујна,,. Покрај податоците за турската кујна добро е да знаете дека ценкањето во Турција претставува национален спорт, а русокосите жени слабост. Комплиментот ќе биде упатен до мажот бидејќи според Турците  тој е среќен човек.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:12
Француска Кујна

Вистинскиот развој на француската кујна започнува со Катерина де Медичи. Кога во 1533 -тата година таа заминала за Франција за да се омажи за кралот Хенри Втори, таа покрај личните работи, на пат ги повела  готвачите, келнерите и слаткарите. Катерина со право била сомнителна кон гастрономската култура на францускиот двор, затоа што на почетокот на 16 век, таа била катастрофална.
Особено популарни биле егзотичните, скапи производи, додека свежите локални производи се сметале за помалку вредни. Катерина успева тешките бокали да бидат  заменети со елегантни чаши од венецијанско стакло, се започнува со употреба на емајлирани садови и вилушки, што за Французите дотогаш била непознаница.  Голема популарност добиваат тестенините, зеленчукот и ароматичните растенија.

Француската кујна денес
Смислата за подготвување на добра храна кај Французите е природна. Едноставни луѓе кои за храната зборуваат со посебен жар и при тоа изненадувачки е знаењето кое го покажуваат. Со таквиот  начин на вреднување Французите развиле рафиниран вкус за подготвување извонредни специјалитети. Јадењето кај Французите не претставува само  конзумирање на храна, туку и време за дружење и релаксација. Ручекот најчесто се состои од три, а неретко и четири јадења: предјадење, главно јадење, сирење и десерт.Реномето на француската кујна е засновано на големиот број сирења, преработки од месо, шампањ, коњак, вино и др.  За време на јадењето се пие вино, кое има статус на прехрамбен производ. Денес не постои француски винар кој ќе ви предложи одредено вино, а да не ве посоветува со кое јадење највеќе одговара.

СУПИ
Секое традиционално мени започнува со супа. Супата е за јадењето, тоа што е убавиот двор за куќата. Најпознати француски супи се супа од лук, супа од грав, кремаста супа од тиква и познатата авињонска супа.

СИРЕЊЕ
Франција е земја во која се произведуваат повеќе од 370 видови на сирење. Секој вид на сирење говори за регионот во кој е произведен и  е резултат на посебната клима, вегетација, фауната и традиционалниот начин на подготовка.
Се разбира дека за време на  оброкот сирењето не смее да недостасува.

КРОАСАН
Кроасан, што во превод значи полимесец е омилено печиво кај Французите, а потекнува од Унгарија.

СЕНФ
Уште од времето на Карло Велики, селаните знаеле да подготвуваат сенф, што набрзо се проширило низ цела Франција. Во тоа време во 1300- та година во Париз имало 10 производители на сенф, а во 1650- та година 600.
Сенфот се смета за универзален зачин. Тој го засилува вкусот, а посебно е добар за преливите за салата, месо и риба.

ВИНО
Во француските вина се соединуваат многу карактеристики на регионот од кој потекнува: структурата на земјата и нејзиниот состав, положбата и косината на земјиштето, бројот на сончеви денови, количеството на врнежи, мразот и ветрот.
Виното говори за човекот кој го произведува. Тоа го отсликува неговиот карактер, неговото културно и историско наследство, неговата филозофија и етика. Најпознати региони на вино во Франција се Бордо,  Божоле, Кот ди Рон и Прованса.

ШАМПАЊ
Шампањот  е заштитно име на природното пенливо вино, кое се произведува од грозје и вино по посебна постапка.  Секоја прослава е незамислива без Шампањ. Отворањето на ова шише претставува прослава само по себе. Постојат многу причини кои влијаат на вкусот на шампањот. Вкусот може да биде лесен, овошен, цветен, свеж, зрел, едноставен или комплексен. Шампањот може да се служи како аперитив, со главното јадење или со десертот. Одговара за сите пригоди само треба да биде избран оној вистинскиот.

КОЊАК
Коњакот е алкохолен пијалок кој се добива со двојна дестилација на виното произведено во истоимената област во Франција. Производството на коњак започнало во 17 век, а самото име се појавува во 1783-тата година. Карактеристичната арома на коњакот се постигнува со чување во дабови буриња. Коњакот стар до 5 години е светло жолт со вкус на ванила, коњакот стар помеѓу 5 и 10 години има потемна боја и поизразен вкус. Дури по 30 години доаѓа до мало намалување на процентот на алкохол, а по 50 години коњакот има 40% алкохол и може да се користи како пијалок. Но концентрацијата на алкохол може да се корегира и со дестилирана вода.
Сепак и покрај се што прочитавте, француската кујна најдобро ќе ја запознаете, доколку  ја дегустирате.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:13
Австриска Кујна

Покрај бројните сличности со германската кујна, австриската содржи и влијанија од различните етнички групи, кои во долгото владеење на Австро-Унгарската монархија, за време на кое границите се менувале, го менувале и начинот на подготвување на храната.
Така во австриската кујна може да се препознаат влијанија од германската, швајцарската, унгарската, турската, словенечката, хрватската, француската, шпанската, италијанската, хрватската и еврејската кујна.
Типичните австриски специјалитети се разликуваат во зависност од покраината и историското влијание, како и од производите кои во тој регион доминираат.
На пример, во кујната на Градишка забележливо е влијанието на традиционалната кујна на градишките Хрвати, како и на унгарската кујна. Изобилството на свежо овошје и зеленчук и одгледувањето на живина ги поттикнало жителите на овој регион да подготвуваат јадења како Гускин црн дроб со кромид или десерти со јагоди.
Во покраините Карнтен и Штаермарк присутна е медите-ранската кујна, со силно влијание на италијанската и унгарската кујна, како и на кујните од државите на поранешна Југославија. Во овие подрачја омилена е шунката и овошјето и зеленчукот, кои успеваат во поблага клима. Специјалитет на овој регион е Пиле полнето со зачински растенија.
Во регионот на Долна Австрија се забележува долгогодишната историска поврзаност со Средниот исток. Во оваа кујна базирана на ориентот, ќе ви ги понудат специјалитетите како Варени топчиња прелиени со сос од рен или ролат од јаболки.
Во Горна Австрија и во подрачјето покрај границата со Германија и Чешка доминира гастрономската класика, како Линцер торта или Целувки со ванилин шеќер.
Во специјалитетите на Тирол (студена и покраина богата со шума) се вбројуваат производи карактеристични за тоа подрачје, кои вклучуваат и традиционален увоз на производи од Италија и Швајцарија. Најпознати јадења во овој регион се Говедски црн дроб со кромид, капари, бело вино и лимонов сок сервирани со палента и Тестенини полнети со спанаќ и прелиени со растопен путер и пармезан.
Благодарејќи на богатата и динамична историја, виенската кујна е приказна за себе. Долгогодишните владетели, Хабсбурговците, го ширеле своето царство во државите со различни култури, но од таму прифаќале разновидни производи и начини на подготвување на јадењата. Виенската кујна е најпозната по Виенската шницла.
Најславното австриско јадење впрочем е многу нетипично за австриската кујна: во Италија ваквата похувана шницла се нарекува Цотолетта алла Миланесе. Но како и да е, оваа сочна шницла е прифатена во целиот свет, а освен на традиционалниот начин со печени компири, може да се сервира и со компир-салата.  Од останатите познати јадење на Виенската кујна ќе ги споменеме Супата со кнедли од пармезан, Гулашот многу сличен на унгарскиот и секако прочуената Сахер тортата.
Типичниот австриски оброк подразбира од 2 до 7 следувања, во зависност од поводот. Најчесто се започнува со предјадење, потоа следува супа, па главното јадење со неколку прилози, а се завршува со десерт- колач или торта.
Со доброто јадење Австријците претпочитаат да се напијат пиво или вино.
Традицијата на конзумирање кафе во Австрија е многу долга, па уште во 1730-тата година тогашниот Беч имал триесетина кафеани. Во кафето Австријците најчесто додаваат млеко, шлаг, шеќер, чоколада или разни видови на алкохол.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:15
Канадска Кујна


Староседелците, Индија­н­ците и Ескимите ги создавале основите на канадската кујна: пеммицан (мешавина од суво месо), месото од бивол, дивата репка и дивиот ориз сеуште не се заборавени. Денешната кујна се развила под влијание на народите кои живеат во Канада, а денес тоа се етноси од речиси сите делови на светот.

Квебек
Вината, одгледувањето на јаболка, крушки и сливи, одгледувањето на шатки, јагнешкото месо, јаболковиот сок, печурките се само некои од производите кои се конзумираат во Квебек. Тука навистина добро се јаде. Жителите се мајстори во подготвување на морски плодови, риби и школки. Некои од класичните рецепти се вброени во оваа кујна, а заштитен знак е питата со морски плодови.
Онтарио
Специфичноста на микроклимата, посебно во деловите покрај езерата, влијае врз богатството и разновидноста на пло­довите од земјата и езерата. Најголем род даваат јаболката, а во јужниот дел на Онтарио се одгледуваат и праски, сливи и грозје.
Во овој регион се произведува и познатото слатко “ледено виноАриал (ице њине). Грозјето се собира замрзнато, на темпе-ратура од околу -10 степени, најчесто за време на ладните ноќи во февруари, кога на знак на сирената се будат винарите кои заминуваат на берба. Британска  Колумбија
Најпознатиот кана­дски регион, кој граничи со Пацификот, познат е и како предел богат со лососи. Ле­т­ниот улов се суши, замрзнува, чади или конзервира и се јаде во текот на целата година.
Градот Ванкувер, стар само стотина години, нема долга кулинарска традиција и е подложен на многу влијанија: лесните вкусови од западното крајбрежје се мешаат со азиската гастрономска култура на бројните заедници на доселеници. Благата клима создала идеални услови за природен начин на  одгледување на зеленчукот и овошјето, така да староседелците немале потреба да се занимаваат со агрокултура.
Лососот и морските плодови најчесто завршуваат како јадења на скара.Њуфаундланд и Лабрадор
Најисточниот регион први го откриле Викинзите пред 1000 години, а подоцна и француските и португалските рибари во потрага по бакалар. Исхраната се темели на риби и школки: варени, печени, или на скара, а десертите се подготвуваат од вкусните диви бобинки.
Летото е време на фестивали, кога се слават и сите локални производи: октопод, јагоди, боровинки, а ниту една свеченост не поминува без силниот рум, по кој овој регион е познат.

Нова Скотија
Топлиот јастог со растопен путер, топлата пита со боровинки, густата крем-супа со морски плодови се дел од гастрономските изненадувања во Нова Скотија каде се забележливи влијанијата на француската, англиската, германската и шкотската кујна.
Школките, рибите сабјарки, скушите, лососот, раковите и бакаларот од Нова Скотија се познати во целиот свет.
Во традиционалните јадења спаѓаат питата со пилешко и рендано сирење, јадењата пржени на тава, паштетата од зајак, колбасите. Десертите се подготвуваат од бобинки, шумско овошје и јаболки.

Алберта
Алберта е синоним за одгледување на добиток, посебно на говеда и бизони. Печениот грав, јадењата на скара, дивиот ориз и јачмен се дел од гастрономската традиција на овој регион.
Праирие Оѕстер (коктел од свежи јајца, Њорцестерсхире сос, посолен и попарен) исто така е еден од симболите на овој регион, а тој се користи и како лек против мамурлукот.

Манитоба
Традиционалната исхрана, која вклучува бизони, дивеч, риба, диво овошје и житарки, сеуште е присутна на менито. Трговците со крзна го донеле сплесканиот леб печен над оган, на кој понекогаш му се додава суво овошје или бобинки, а се одржала и традицијата на чадена риба и месо.
Со текот на времето во Манитоба се населиле доселеници од целиот свет и нормално со себе ги донеле и дел од своите гастрономски обичаи.
Винипег е денес мултикултурен град во кој е подедакво лесно да се најде јапонско суши како и италијански “џелато”.
Во францускиот дел на градот може да се пробаат хранливи француско-канадски јадења како супа од грашок и слатки пити, див ориз, или десерти со боровинки.
Доколку претстојувате во овој регион секако треба да ги пробате топчињата полнети со компир и сирење, кои се служат со кисела павлака, густите чорби, тестенините и колбасите.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:16
Чешка Кујна

Територијата на денешна Чешка ја населиле Словените во шестиот век. И покрај тоа што одгледувале житарици, во нивната исхрана доминирало месото, а особено рибата и дивечот (срни, диви свињи, фазани...).
Подоцна Големоморавската држава ја завзеле  Унгарците и ги донеле своите традиционални јадења, меѓу кои и  гулашот. Гулашот во Чешка се подготвува од говедско месо, без зеленчук и не е така многу зачинет како унгарскиот гулаш. Гулашот во Чешка се подготвува и од дивеч и од пилешко месо.
Еден од најстарите производи кои Чесите често го  користат во исхраната е леќата, но и просото, кои заедно со циметот и  ѓумбирот во Европа ги донеле арапските трговци. Ѓумбирот на јадењата им дава луткаст вкус и има прочистувачко и стимулирачко дејство, додека кимот се користи во многу јадења, особено со свинското месо.
За времето на владеењето на Хабсурговците, кои се Чешка владееле скоро четири века - од 1526- та  до 1918 - та година, доаѓа до поврзување на чешката и австриската кујна.

КАРАКТЕРИСТИЧНИ ЧЕШКИ ЈАДЕЊА
Халушки се вкусни мали парчиња тесто, кои во чешката кујна се навлезени од Словачка, со која Чешка делела голем дел од својата историја.  Се јадат во комбинација со кисело зеље или со кремасто овчо сирење. Дали благодарејќи на Германците или Австријците, што и не е многу важно во Чешка е обичај да се додава шеќер во јадењата, а особено во салатите.
Чешка изобилува со реки и езера па и застапеноста на рибата во чешката кујна е голема. По крапот, втора по застапеност риба е пастрмката. Рибата се подготвува на повеќе начини: варена, печена, пржена.
Задолжителен дел од чешката кујна е лебот во облик на банана, кој се служи со главните јадења. Чесите го конзумираат со меко сирење или со сосови, го мачкаат со паштета или го јадат во хот-дог варијанта.
Меките кнедли се главен додаток во многуте јадења со сос. Се подготвуваат на разни начини, со леб, компир или сланина, а се полнат и со овошје најчесто со сливи.
Чесите често за ужина или како лесен ручек со пиво, леб и лук јадат мали парчиња сирење карактеристични по силната арома.
Свечената  трпеза  е незамислива без свински котлети, кнедли и кисело зеље. Благото похувано сирење во многу потсетува на пржените стапчиња моцарела. Се служи со помфрит и тартар сос.
Кога доаѓате во Чешка не заборавајте да го пробате доброто чешко пиво и киселкастите сушени кобасици, кои се служат со лук.
Голем минус ќе ви биде доколку не го пробате пивското сирење, кое се потопува во пиво додека не омекне. Вкусот најдобро ќе му го почуствувате во комбинација со црн леб и со ситно сечкан лук.
Во чешките месарници покрај познатата прашка шунка  и кобасици, се продаваат и прекрасни  салати со печурки, риба,...
Чесите никогаш нема да ви простат доколку не ја посетите легендарната староградска пивница ,, Златен тигар, во која времето го минувал и писателот Бохумил Храбал, кој тука ги запишувал приказните што ги слушал. Постојаните гости на оваа пивница ни малку не се збуниле која Вацлав Хавел тука го донел Бил Клинтон на кригла од најдобриот ,, Пилснер Урљуел.
Нема да погрешите доколку во било која пивница или вински подрум ја пробата одличната чешка кујна во која не недостигаат месо, компири и кнедли. Сепак најточниот коментар за оваа кујна  ќе ви го дадат самите Чеси во стилот на добриот војник Швејк: ,, Тешка е, напорна е, но е толку фина. 


Изменето од blueprayer - 21.Август.2008 во 17:16
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.