IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Олимписки игри-Пекинг 2008
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Олимписки игри-Пекинг 2008

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Олимписки игри-Пекинг 2008
    Испратена: 05.Август.2008 во 12:04
Почнува одбројувањето до почетокот на Олимписки игри



На четири дена до почетокот на 29-те летни Олимписки игри, Пекинг веќе ги собира спортистите што ќе влезат во борилиштата в сабота, ден по свеченото отворање.

Традиционално, порано почнуваат само фудбалските турнири, женскиот в среда, а машкиот в четврток.

Пекинг денеска го пречека Сеп Блатер, првиот човек во светскиот фудбал со очекување дека тој ќе придонесе најпопуларниот спорт полека да не стане најспорна олимписка дисциплина.

Откако ФИФА донесе решение клубовите да ги ослободат играчите помлади од 23 години за Олимписките игри, Барселона беше најгласна во реакциите. Каталонците поднеле жалба до арбитражниот спортски суд со објаснување дека Олимписките игри не се планирани во календарот на ФИФА и поради тоа тие не се обврзани да ги ослободат своите играчи, алудирајќи пред се на аргентинската ѕвезда Лијонел Меси.

На прес конференција во Пекинг, Блатер изрази уверување дека проблемот ќе биде решен.

„Не се работи само за солидарност, се работи за почитување на олимпискиот дух и давање можност на младите играчи за едно големо искуство“, изјави првиот човек на ФИФА.

Рафаел Надал беше второто славно име кое пладнето го дочека во Пекинг. Шпанецот го заврши 159 недели долгиот поход кон Роже Федерер на врвот од АТП листата и на 18-ти август епитетот светски рекет број еден ќе биде синоним за неговото име.

Тајмингот за тоа не можеше да биде подобар бидејќи најголемиот успех во кариерата Надал има можност да го круниса и со олимписко злато.

По олимпиското искуство во Атина во конк*ренција на двојки, годинава Шпанецот ќе го забележи првиот индивидуален настап на Олимпијадите.

Турбулентниот период за Рафа нема да заврши во Пекинг ако се знае дека само два дена по олимпискиот тениски турнир стартува Ју-Ес Опен.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2008 во 15:18
ОД ДЕНЕСКА

Македонското знаме во Олимпиското село

Денеска (11 ч), во Олимпиското село во Пекинг, ќе биде кренато знамето на Република Македонија. На чинот на кревањето на знамето ќе присуствуваат и градоначалникот на Олимпиското село како и амбасадорот на РМ во Народна Република Кина, Џеладин Демири. Според протоколот, како што се наведува на официјалниот сајт на Македонскиот олимписки комитет, во просториите на хотелот Хајат ќе биде организиран прием за дипломатскиот кор и претставниците на Македонската олимписка делегација.

Познато е дека веднаш по пристигнувањето во Пекинг, екипата на Македонскиот олимписки комитет е сместена во Олимпиското село, во зградата Б-6 со Олимпискиот комитет на Србија, а во непосредна близина се и националните олимписки комитети на Словенија, Хрватска, Белгија, Романија, Швајцарија, Шведска, Аргентина... Македонските спортисти се сместени во 12-те соби на осмиот кат кој е целосно на располагање на Македонскиот олимписки комитет.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 17:50
Во Пекинг рекорден број на спортисти и жени

На годинашниве игри ќе настапат спортисти од 205 земји, што е за 3 повеќе во однос на претходните ОИ во Атина, пред четири години


Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет Жак Рог, оцени дека Игрите во Пекинг ќе бидат големо олимписко движење бидејќи на нив ќе учествуваат повеќе земји и женски натпреварувачи од кога било.

- Пред нас се величествени Олимписки игри, рече Рог на состанокот на ИОК во Пекинг, пред стартот на најголемиот светски спортски самит.
Според податоците на Интернационалниот олимписки комитет на Игрите во Пекинг ќе настапат спортисти од 205 земји, додека на ОИ во Атина 2004 имаше натпреварувачи од 202 . Рог потсети дека на Игрите во Пекинг 45 отто од натпреварувачите ќе бидат жени, што е за речиси 5 отсто повеќе од ОИ во Атина, пред четири години.

На претстојните игри во Пекинг ќе настапат повеќе од 10.000 натпреварувачи од целиот свет. Рог оцени дека организацијата на Олимписките игри ќе остави позитивно наследство во Кина, која ќе има шанса на светот да му прикаже огромен потенцијал, со кој располага државата.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2008 во 13:29
Старт на фудбалските возбудувања во Пекинг

Во Пекинг фудбалската топка веќе тргна од центарот.

По традиција стартуваше женскиот дел од турнирот со првите натпревари по групи. Во супер дербито на воведот Бразил и Германија одиграа без голови, додека во вториот меч од „Ф“ групата Кореја ја совлада Нигерија со 1:0.

Во групата „Е“ победи од 2:1 забележаа Канада против Аргентина и Кина во дуелот со Шведска.

Најголемото изненадување го приредија фудбалерките на Норвешка победувајќи го бранителот САД со 2:0, Јапонија и Нов Зеланд го затворија првото коло од групата „Г“ играјќи 2:2.

Мажите почнуваат утре, а најинтересен се очекува да биде воведниот дуел од „А“ групата меѓу актуелниот олимписки првак, Аргентина и Брегот на Слоновата Коска.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2008 во 13:30
Olympics 2008 - Group A

19:29     August 7
FT     Australia     1 - 1     Serbia
19:45     Ivory Coast U21     1 - 2     Argentina

Olympics 2008 - Group B

19:29     August 7
FT     Japan     0 - 1     USA U21
19:45     Holland     0 - 0     Nigeria U21

Olympics 2008 - Group C

19:29     August 7
FT     Brazil U21     1 - 0     Belgium
19:45     China U21     1 - 1     New Zealand U21

Olympics 2008 - Group D

19:29     August 7
FT     Honduras U21     0 - 3     Italy
19:45     Korea Republic     1 - 1     Cameroon U21

Изменето од Vardar1947 - 07.Август.2008 во 16:11

Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 10:25
vo kolku e otvaranjeto na igrite denes i na koja programa ima prenos?
Кон врв
KUKOC7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Барон Минхаузен

Регистриран: 26.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1852
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KUKOC7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 10:26
14,00
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 10:28
fala
Кон врв
KUKOC7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Барон Минхаузен

Регистриран: 26.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1852
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KUKOC7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 10:30
а програма најверојатн на мтв 1 голема%20насмевка и мтв 2 за браќата
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 12:21
Големи допинг контроли во Пекинг

Покрај останатите главоболки кинезите сė повеќе вниманието го свртуваат кон допинг тестовите и потенцијалните скандали.

Дека сериозно си ја сфатиле работата говори и фактот дека во Пекинг ќе има 25 проценти повеќе тестови отколку во Атина или во бројки околу 4500 испитувања.

„Во техничка смисла сме посилни од кога било, така што верувам дека на крај ќе ја добиеме битката со допингот“, уверува Џон Фахеј, претседателот на светската анти допинг агенција.

Според новите прописи на МОК секој спортист кој во Пекинг ќе биде допинг позитивен, нема да има право на настап во Лондон 2012-та.

Кинезите не сакаат да им се повтори грчката судбина од пред четири години кога неколку дена пред почетокот на игрите одекна голем допинг скандал во кој беа вклучени домашните атлетичари Костас Кедерис и Екатерина Тану.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 12:21
Олимпиското злато приоритет за Федерер

Во сезона во која најчесто терените ги напушташе со наведната глава Роже Федерер конечно ќе привлече позитивно внимание.

Носителот на 12 грен слем титули утре, на неговиот 27 роденден ќе продефилира на третата Олимпијада, а втор пат, по Атина 2004-та ќе биде знаменосец на својата земја.

Федерер има две шанси да стави мелем на болната година, олимпискиот турнир и Ју-Ес опен два дена подоцна.

„Загубив мечеви кои не смеев да ги загубам. Поразите болат, но барем играв добро и кога губев. Во овој момент најважно ми е Олимпиското злато и Ју-Ес опен. целосно сум фокусиран на нив“, споделува Федерер.

Швајцарецот во Сиднеј стигна до полуфиналето, а четири години подоцна како прв фаворит беше елиминиран уште во второто коло.


Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:10

ОЛИМПИЗАМ - ДЕНЕСКА (14:08 ЧАСОТ) СПЕКАКУЛАРНО ЌЕ ПОЧНАТ 19. ОЛИМПИСКИ ИГРИ

Пекинг порачува: "Еден свет, еден сон"

Долгочекуваната Олимпијада во Пекинг, конечно, се отвора денеска, со најавеното спектакуларно Свечено отворање и палење на олимпискиот оган, иако Олимпијадата неформално почна со натпреварите во фудбал.

Контроверзите ја следат Кина откако комунистичката нација беше избрана од Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) да биде домаќин на Игрите пред седум години. Политичките притисоци, слободата на медиумите и загадувањето ги следеа Игрите во месеците пред 8 август. Но, Кина се надева дека критиките ќе останат во сенка на возбудата и спектаклот на најголемото светско натпреварување на светот.

Темата е "Еден свет, еден сон" кој повикува на светот да се обедини во олимпискиот дух. Дури и американската фудбалска ветеранка Кејти Маркграф признава дека спортистите се фокусирани на тоа.

"Ако има нешто што не смее да падне во сенка, тоа е олимпискиот дух. Големите приказни доаѓаат на Олимпијадата", вели Маркграф.

Околу 10.500 спортисти ќе се натпреваруваат во 302 дисциплини во 28 спорта, само една дисциплина повеќе од тоа што беше на програмата пред четири години во Атина. Мажите ќе настапат во 165 дисциплини, жените имаат 127 дисциплини, а 10 се мешани.

Кина освои 32 злата во 2004 година, само четири помалку од Американците. За да се поминат САД на првото место, државните училишта во Кина целеа на помалку популарните спортови како стрелаштвото, кревањето товар, веслањето, боксот и велосипедизмот.

Маскотите во Пекинг се петте Фува, или кукли за добра среќа. Рибата, големата панда, оганот, тибетанската антилопа и птицата се споредуваат со петте елементи на кинеската филозофија и во исто време ги носат боите на петте олимписки кругови.

Олимпијадата ќе се одржува на 37 објекти, од кои 12 се сосема нови, 11 се реновирани, а 8 се привремени објекти. Околу 25.000 новинари од целиот свет ќе ги покриваат Игрите.

Олимпијадата официјално ќе стартува во 8:08 часот навечер (по локално време) на 8 август (8) 2008, со што Кинезите сакаат да ја "искористат" својата среќна бројка 8.

Буш пристигна во Пекинг, Кинезите лути

Американскиот претседател Џорџ Буш го чека стартот на Олимпијадата, со што ќе влезе во историјата како првиот претседател на САД кој гледал ОИ во друга земја. Но, неговото пристигнување во Пекинг во четвртокот навечер беше пречекано во атмосфера на тензија со кинеските лидери, по неговиот говор на посетата во Тајланд во кој посочи дека најнаселената земја на светот мора да даде повеќе слободи на своите жители.

Буш заедно со сопругата Лора и ќерката Барбара беше пречекан од кинескиот министер за надворешни работи, Јанг Џеичи. Буш е познат како спортски фан и изјави дека сака да ужива во натпреварувањата, иако додаде дека ќе разговара со претседателот на Кина, Ху Џинтао, за човековите права. Од Кина веднаш одговорија.

"Кинеската влада ги става луѓето на прво место, и е посветена на еднаквите основни права и слободи на секој граѓанин. Кинеските граѓани имаат право на религија, и нашиот поглед секогаш бил тој на заедничко разбирање и почитување. Не треба да има мешање во нашите внатрешни работи, користејќи ги човековите права како изговор", вели портпаролот на Министерството за надворешни работи, Кин Ганг.

Пацифичките нации со несигурна олимписка иднина

За неколкуте спортисти од јужниот Пацифик ова е можеби последна шанса да се натпреваруваат на Олимпијадата бидејќи поради растот на нивото на водите во светот нивните мали островски земји се пред уништување.

Тувалу праќа 3 спортисти во Пекинг, првата Олимпијада откако беа примени во ИОЦ во 2007. Тувалу е држава составена од девет полинезиски острови со површина од само 25.9 квадратни метри. Поради ова нивните атлетичари Асенате Маноа и Окинили Тинилау и кревачот на товар Логона Есау мораа да тренираат на поголемите острови Фиџи или Нова Каледонија.

Експертите за климатски промени предупредуваат дека Тувалу може да исчезне во следните 50 години, а зголемувањето на нивото на морето веќе предизвикува проблеми во островот и емиграцијата е зголемена.

Тувалу не е единствена држава од Пацификот со слична иднина. Кирибати, кои ќе пратат три спортисти на нивната втора Олимпијада, се под закана. Вкупно 70 спортисти од 15 нации ќе се натпреваруваат во Пекинг.

Науру, еднаш богата земја поради рудниците за фосфати, ќе прати еден спортист, Папуа Нова Гвинеја ќе го има најголемиот контингент од 7 спортисти, по што ќе следуваат Фиџи и Самоа со по шест. Маршалските Острови, кои дебитираат на ИОЦ, ќе пратат пет спортисти, како и Тонга, последното кралство во Полинезија.

Квалитетот на воздухот е подобрен!

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Жак Рог, ги пофали организаторите во Пекинг поради "неверојатните" напори да се намали загадувањето пред Игрите. Тој тврди дека нема да има опасност по здравјето на спортистите, и покрај маглата која секојдневно се гледа во кинеската престолнина.

"Тие направија с$ што е човечки можно да се реши овој проблем. Нема да има апсолутно никаква опасност по здравјето на спортиситите. Маглата која се гледа е резултат на влажноста и жештината. Маглата не значи загадување", вели Рог.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:22
ВИКЕНДОВ НА ОЛИМПИСКИТЕ ТЕРЕНИ

ДЕНЕСКА:
ПЛИВАЊЕ: 400 м. мешано (мажи и жени)), 100 м. пеперутка (жени), 400м. слободно (мажи), 100 м. градно (мажи), 4х100 слободно (жени)
СТРЕЛАШТВО: воздушна пушка 10 м. (жени), воздушен пиштол 10 м. (мажи), подвижни мети (мажи).
ЏУДО: до 48 кг. (жени), до 60 кг. (мажи).
КРЕВАЊЕ ТЕГОВИ: до 48 кг. (жени).
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ: друмска трка (мажи)
МЕЧУВАЊЕ: сабр поединечно (жени).

УТРЕ:
ПЛИВАЊЕ: 100 м. градно (жени), 100 м. грбно (мажи и жени), 200 м. слободно (мажи), 400 м. слободно (жени), 4х100 м. слободно (мажи).
СТРЕЛАШТВО: воздушен пиштол 10 м. (жени), подвижни мети (мажи).
ЏУДО: до 52 кг. (жени), до 66 кг. (мажи).
КРЕВАЊЕ ТЕГОВИ: до 53 кг. (жени), до 56 кг. (мажи).
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ: друмска трка (жени).
МЕЧУВАЊЕ: епе поединечно (мажи).

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
samir_sneijder Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мадридиста

Регистриран: 24.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај samir_sneijder Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2008 во 11:31
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

   <font face="Arial, Helvetica, sans-serif" size="3">ВИКЕНДОВ НА ОЛИМПИСКИТЕ ТЕРЕНИ
             
          
       
       
           
            
              
                  
                  <p align="justify"> <font face="Arial, Helvetica, sans-serif" size="3">
                         ДЕНЕСКА:

ПЛИВАЊЕ: 400 м. мешано (мажи и жени)), 100 м. пеперутка (жени), 400м.
слободно (мажи), 100 м. градно (мажи), 4х100 слободно (жени)
СТРЕЛАШТВО: воздушна пушка 10 м. (жени), воздушен пиштол 10 м. (мажи), подвижни мети (мажи).
ЏУДО: до 48 кг. (жени), до 60 кг. (мажи).
КРЕВАЊЕ ТЕГОВИ: до 48 кг. (жени).
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ: друмска трка (мажи)
МЕЧУВАЊЕ: сабр поединечно (жени).

УТРЕ:

ПЛИВАЊЕ: 100 м. градно (жени), 100 м. грбно (мажи и жени), 200 м.
слободно (мажи), 400 м. слободно (жени), 4х100 м. слободно (мажи).
СТРЕЛАШТВО: воздушен пиштол 10 м. (жени), подвижни мети (мажи).
ЏУДО: до 52 кг. (жени), до 66 кг. (мажи).
КРЕВАЊЕ ТЕГОВИ: до 53 кг. (жени), до 56 кг. (мажи).
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ: друмска трка (жени).
МЕЧУВАЊЕ: епе поединечно (мажи).
                    




а може да кажеш термин на игриве..кои кога?
или дај линк ако не ти е тешко

OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.