IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Олимписки игри-Пекинг 2008
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Олимписки игри-Пекинг 2008

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:11
Европскиот првак го елиминира светскиот!



Европскиот првак го елиминира светскиот!

Најпривлечната четврт-финална средба на машкиот ватерполо турнир во Пекинг, го донесе и најинтересниот меч во кој актуелниот европски првак селекцијата на Црна Гора по тешка и неизвесна битка со 7:6 го совлада актуелниот светски првак тимот на Хрватска.

На овој начин, Хрватите останаа без можност да се борат за медал на ватерполо турнирот. „Делфините“ на Црна Гора во петок во рамките на полуфиналето ќе вкрстуваа со бранителот на титулата од Атина селекцијата на Унгарија. По освојувањето на европскиот трон црногорските ватерполисти направија уште еден подвиг овојпат во Пекинг. Во пресрет на почетокот на Игрите, во ватерполо круговите никој не му даваше поголеми шанси на овој тим, бидејќи сите сметаа дека Црногорците се истрошија на ЕП во Малага. Сепак, Гојковиќ и другарите на најдобар можен начин ги демантираа шпекулациите и лошите прогнози.

Овој тим го започна мечот брилијантно. Црногорците поведоа со 3:0, а Хрватите успеаја да го постигнат првиот гол дури во осмата минута. Во вториот дел најмногу благодарение на центарот Игор Хиниќ (постигна два гола), селекцијата на „коцкестите“ успеа да остане во игра и на полувреме замина со негатива од еден гол разлика 5:4. Најжестоко се играше во третиот период кога Црногорците славеа со скромни 1:0, а нивниот голман Милош Шчепановиќ постави вистински бедем за ударите на хрватските ватерполисти, кои не успеаја да ја затресат неговата мрежа во овој дел од мечот. Во последниот период се играше многу рамноправно, Хрватите славеа со 2:1, меѓутоа не успеаја да направат комплетен резултатски пресврт, па така мораа да се помират со минимален пораз и елиминација на турнирот.

Во втората четврт-финална пресметка, ватерполистите на Србија беа поуспешни од тимот на Шпанија и славеа со убедливи 9:5. Клучна во нивната победа, и пласманот во полуфиналето, беше втората четвртина која им припадна на Србите со 5:1. До крајот на мечот Пјетловиќ, Вујасиновиќ и Ќириќ знаеја како да ја сочуваат предноста и да се изборат за полуфиналето во кое во петок ќе се сретнат со тимот на САД.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2008 во 22:08
Finale vo Fudbal:

Argentina - Nigerija 1-0

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2008 во 17:49
Заврши Олимпијадата во Пекинг

Олимписките игри во Пекинг 29-ти по ред, денеска свечено беа затворени со спектакуларното гасење на олимпискиот оган.

Игрите официјално ги затвори претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог, кој ја нарече овогодишната Олимпијада, „навистина спектакуларна“.

„Ни ја покажавте вистинската сила на спортот. Олимпискиот дух живее во топлата прегратка на ривалите. Задржете го тој дух и кога ќе се вратите во своите земји“, вели Рог.

Жак Рог исто така ја повика целата младина во светот да се приклучи на наредната Олимпијада во Лондон.



     

Дома > Спорт
     
Заврши Олимпијадата во Пекинг
24.08.2008



Олимписките игри во Пекинг 29-ти по ред, денеска свечено беа затворени со спектакуларното гасење на олимпискиот оган.

Игрите официјално ги затвори претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог, кој ја нарече овогодишната Олимпијада, „навистина спектакуларна“.

„Ни ја покажавте вистинската сила на спортот. Олимпискиот дух живее во топлата прегратка на ривалите. Задржете го тој дух и кога ќе се вратите во своите земји“, вели Рог.

Жак Рог исто така ја повика целата младина во светот да се приклучи на наредната Олимпијада во Лондон.

Репрезентативците од Кина ја завршија Олимпијадата со најмногу златни медали. Кинезите во 25 спортови освоија 51 златен медал, што е најмногу од 1988 година, кога СССР освои 55 злата.

Натпреварувачите од САД се најдоа на второто место по освоени златни медали со вкупно 36-ет и со тоа за прв пат после 1992-ра не се најуспешна репрезентација на ОИ.

Третото место по освоени медали и припадна на селекцијата на Русија, која освои 23 златни, а вкупно 72 медали.

Затворањето на Олимписките игри (ОИ) годинава свечено се одбележи и во Македонија, преку палење на факели на планинарските врвови во земјата.

Акцијата е дел од настанот “Светлина за мир” во која се вклучува и Македонија преку носителот на настанот, Младинските комисии на Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија - ФПСМ, која е членка на Унијата на Интернационални Планинарски Федерации - UIAA, организатор на настанот.

„Со запалување на факелот и на овој планински врв симболично ќе продолжат да живеат Олимписките вредности. Овој симболичен гест е по повод денешното затворање на 29. Олимписки игри во Кина. По тој повод млади од целиот свет запалија факели на највисоките планински врвови во многу земји“, велат од друштвото „Солунска Глава“.

„Македонија е дел од глобалната акција на палење факели на планински врвови во земјите учеснички на Олимписките игри. Во Македонија во палењето на факели или батериски ламби на врвовите учествуваа десет тима со по неколку искусни и млади планинари“, истакнуваат од планинарското друштво „Солунска Глава“.

Акцијата, која се случи денеска на денот на гаснење на олимпискиот оган во Пекинг, вклучува палење на факели или планинарски челни лампи на највисоките планински врвови во земјите учеснички на настанот.

Во Македонија, на настанот учествуваа десет тима со по пет искусни и млади планинари, кои ги запалија факелите на десет планински врвови.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 21:27

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 22:02
eve nekoj sliki za kraj....



































































Изменето од Vardar1947 - 26.Август.2008 во 22:03

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,063 секунди.