IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Олимписки игри-Пекинг 2008
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Олимписки игри-Пекинг 2008

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака Обратен редослед
misterX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај misterX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 09:39
Дечки дали знае некој како може да се следат олимписките игри во живо преку интернет. Се разбира тоа да биде бесплатно!!!
ПОздрв
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 01:07
Roger Federer i Stanislas Wawrinka(Svajcarija) Prvo mesto vo peking. ja sovladaa svedska vo finale 3-1 (6:3, 6:4, 6:7 6:3. )


Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 16:08

ВАТЕРПОЛО - ГЛАВНИТЕ ФАВОРИТИ СПОРЕД ПЛАНОТ

Само хрватските "мустаќи" совршени по три кола

Светскиот тим број 1, Хрватска, доминираше во првите три меча од олимпискиот турнир во ватерполо во Јингдонг Нататориумот и се промовираа во први фаворити за титулата. Тие почнаа со 11:7 победа над Италија, а потоа со 11:8 ги совладаа Србите, за во четврток полесно од очекувањата со 13:5 да ги совладаат Германците. Дамир Буриќ имаше три гола, а четири ватерполисти имаа по два гола. Хрватска имаше 50% удари на гол, постигна гол во секоја позиција со играч повеќе и завршија со 8 украдени топки, 6 асистенции и 3 блока.

"Хрватска во моментов дефинитивно е фаворит за финалето", призна германскиот тренер Хаген Штам.

Хрватите, сепак, најголемо внимание привлекоа поради тоа што цел тим има пуштено помалку смешни мустаќи за натпреварувањето.

"Беше смешно кога првпат ги видов, но тие навистина уживаат. Причината не сум јас како што се мисли, туку тоа што решија дека ќе се гледаат два месеци и мораат да направат нешто поинаку", вели тренерот Ратко Рудиќ.

Во другите мечеви во чевртокот, Италија имаше лесна прошетка против домаќините Кина со 19:7, Црна Гора ги остави Грците без победа со 10:6 триумф, а Австралија со 8:5 ја совлада Канада, во натпревар во кој канадскиот тренер Драган Јовановиќ доби исклучување и автоматска суспензија од еден натпревар.

Освојувачите на златото од последните две Олимпијади, Унгарците, останаа непоразени со 8:5 победа над Шпанија, додека Србија со 4:2 ги совлада Американците, кои претходно имаа две победи. Американците имаа доста шанси за изненадување, но имаа 2 гола од 27 обиди, и не можеа да постигнат гол трипати во петте шанси со играч повеќе, и тоа против вториот голман на Србите, Слободан Соро.

Американците ќе се обидат да се вратат со победа в сабота против Хрватите. Овој меч ќе го обедини сегашниот хрватски тренер Ратко Рудиќ против тимот кој го тренираше од 2001 до 2004.

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

Унгарија - Шпанија 8:5 (2:3/4:2/0:0/2:0)

Црна Гора - Грција 10:6 (3:1/2:1/5:2/0:2)

Австралија - Канада 8:5 (2:3/2:1/3:1/1:0)

ГРУПА Б

Хрватска - Германија 13:5 (4:1/3:2/2:1/4:1)

САД - Србија 2:4 (0:0/1:2/0:2/1:0)

Кина - Италија 7:19 (2:5/2:5/1:4/2:5)

ТАБЕЛИ

ГРУПА А

1.Црна Гора 2 1 0 32:16 5

2.Унгарија 2 1 0 35:21 5

3.Шпанија 2 0 1 30:22 4

4.Австралија 2 0 1 28:22 4

5.Грција 0 0 3 20:39 0

6.Канада 0 0 3 11:36 0

ГРУПА Б

1.Хрватска 3 0 0 35:20 6

2.Србија 2 0 1 23:20 4

3.САД 2 0 1 22:19 4

4.Италија 1 0 2 37:30 2

5.Германија 1 0 2 18:29 2

6.Кина 0 0 3 16:33 0

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 16:07

ОЛИМПИЗАМ - АМЕРИКАНСКИОТ ФЕНОМЕН, ПРВА ЅВЕЗДА ВО ПЕКИНГ

Дали Фелпс е навистина најдобриот на сите времиња?

Мајкл Фелпс има 11 олимписки златни медали во кариерата, повеќе од кој било во историјата. Но, дали тоа навистина го прави најдобриот олимпиец во историјата, или само најголемиот пливач во историјата?

Во Пекинг тоа е една од главните теми. Дали успехот на Фелпс е поимпресивен од 9 златни медали на Карл Луис и Паво Нурми во атлетиката? Или поголем од петте победи од 500 до 10.000 метри на Ерик Хајден во брзото лизгање на ЗОИ во 1980 во Лејк Плесид. Дали Џеси Овенс со четирите злата пред Хитлер во 1936 година му даваат поголемо значење од тоа на Фелпс?

Самиот Американец не сака да влегува во вакви расправи.

"Јас само пливам и не размислувам за тоа", вели Фелпс.

Дејвид Валечински, потпретседателот на Интернационалното друштво на олимписки историчари, вели дека најголемите Олимпијци се Луис и Нурми бидејќи е полесно да се освојат повеќе медали во спортовите како пливање и гимнастика, за разлика од атлетиката, бидејќи едноставно постојат повеќе индивидуални дисциплини и во исто време помалку држави имаат елитни пливачи.

Луис победи во скокот во далечина на 4 Олимпијади, а освои и пет злата на 100 и 200 метри и на 4х100 метри, во долгата кариера. Пливачите заздравуваат далеку побргу од атлетичарите бидејќи напорот на телото е помал. Нурми, големиот "летечки Финец", освои 9 злата и 3 сребра во 20-тите. Тој освои пет злата во различни далечини во 1924 во Париз, вклучувајќи ги трките на 1.500 и 5.000 метри кои се оддржаа за само 90 минути.

Фил Херш од Чикаго Трибјун, кој покривал 14 Олимпијади, вели дека Фелпс е само шести најдобар на светот. Топ 5 се Луис, Нурми, гимнастичарката Лариса Латинина, која имаше 18 олимписки медали (9 злата), германската кануистка Биргит Фишер-Шмид, која освои 12 медали (8 злата) од 1980 до 2004 и веслачот Стивен Редгрејв од Британија, кој освои злато во пет едноподруго Олимпијади од 1984 до 2000.

"Луис немаше толку штафети како Фелпс, додека на Нурми му беше забрането да се натпреварува бидејќи беше професионалец. За Латинина немаме што да зборуваме, додека Фишер-Шмид се натпреваруваше 24 години во кану!", вели Херш.

Дик Паунд, член на ИОЦ, кој настапуваше во пливањето за Канада на ЛОИ во 1960 во Рим вели дека да се споредуват олимписките шампиони е како "да се споредуваат цртежи", но вели дека Овенс е најголемиот.

"Овенс е најдобар поради толку многу работи. Но, за перформансите, Фелпс е доста доминантен за доста конк*рентен спорт", вели Паунд.

Џон Пауерс од Бостон Глоуб, кој покривал 16 Олимпијади, пак, верува во Фелпс.

"Никој немал притисок на себе како Мајкл Фелпс. Тој ќе има 17 трки во Пекинг, а спортот станува поглобален. Најголемата конк*ренција на Шпиц во 1972 беа неговите Американци", вели Пауерс.

Со само 23 години Фелпс има шанси да биде уште подобар, вели Валечински од асоцијацијата на историчари.

"Ако се врати во Лондон за четири години и освои уште неколку злата, тогаш ќе добие многу поени", вели Валечински.

Колку вреди Мајкл Фелпс

Маркетинг експертите велат дека 23-годишниот Американец ќе стане најбогатиот професионален пливач во историјата заработувајќи далеку повеќе пари од поранешниот најдобар американски пливач Марк Шпиц.

"Тој е човек од милијарда долари. Нема да треба да најде работа никогаш во животот и ќе живее од ова како цар 50 години", вели Макс Марксон, познатиот агент на славни лица од Австралија.

Олимписките спортови носат големи пари за ИОЦ и ТВ мрежите, но ниту еден од спортистите не прави пари како харизматичните ѕвезди како Тајгер Вудс, Дејвид Бекам или Мајкл Џордан. Според извештаите Фелпс заработува околу 5 милиони $ годишно од рекламирањето, но прогнозите велат дека по славата која ја доби во Пекинг може да добие до 30 милиони $ за оваа година.

Фелпс стана професионалец на 16 години, а милионер на 18, а сега има спонзори, агенти, адвокати, сметководители, добротворни фондации, сопствен веб-сајт на англиски и кинески, и дури сопствено лого. Негови спонзори се Виза, Спидо, Омега, АТ&Т, Келогс, Розета Стоун и ПјурСпорт.

Колку јаде Мајкл Фелпс

Откако ќе се пензионира од пливањето, Мајкл Фелпс може да се обиде во натпреварите за јадење. Фелпс неодамна призна дека конзумира 12.000 калории дневно, или 9.500 повеќе од препорачаното за возрасен маж. Фелпс мора да го прави тоа за да ги надополни калориите кои ги губи од 30 часа неделно кои ги троши на тренинг.

Според него едно мени изгледа вака. Појадок: 3 сендвичи со пржени јајца, 2 шолји кафе, омлет од 5 јајца, една порција корнфлекс, 3 парчиња француски тост и 3 палачинки со чоколадо. Ручек: половина килограм паста, 2 сендвичи со шунка и кашкавал и енергетски пијалок. Вечера: половина килограм паста, 1 голема пица и енергетски пијалок.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 16:06

САД СО КАМАТА ИМ ВРАТИ НА ГРЦИТЕ ЗА ПОРАЗОТ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ НА СП

Кој чека ќе дочека

Пред две години на СП во Јапонија, Грција можеби го достигна најголемиот триумф, но затоа пак САД го дочека својот ден за одмазда.

Американците не секогаш ги исполнуваат резултатските очекувања на љубителите на кошаркарката, но овој пат на дуелот со Грција покажаа далеку поатрактивна и физички доминантна игра.

С$ уште актуелниот светски вицешампион не се покажа во слабо издание, особено во првата четвртина кога колку толку ја држеше резултатската неизвеснот.

Ова и беа единствените минути кога Грција имаше шанса рамноправно да се спротистави, веќе во наредниот период на теренот можеше да се види само "шоуто" на НБА ѕвездите, кои на крајот дојдоа до убедлива победа од 92:69.

Во втората четвртина застанаа грците, а американците започнаа да ги казнуваат и тоа не било како туку секој нивни втор напад завршуваше со забивање, за ова најмногу се погрижија Двен Вејд и Коби Брајант, на полувремето селекцијата на САД веќе имаше плус 19 (51:32).

Ниту во третата четвртина не можеше да се забележи промена во играта на обете страни, дури во одреден дел од играта Брајант, Леборн Џејмс и Крис Бош внесоа доза на страв кај грците да поентираат внатре во рекетот.

На неколку пат Димитрис Дијамантидис влезе во рекотот, но кога го забележа дека Бош е на два метри од него одлучи да ја извади топката надвор. Сето ова доволно збореше за доминацијата која ја имаа американците на оваа средба.

Одлична партија пружи Двен Вејд (17 поени и шест украдени топки), кој на моменти беше едноставно нерешлива енигма за противникот и тоа не само во нападот туку и во одбраната.

Веднаш зад него одлично го пратеа Брајант и Бош, двајцата постигнаа по 18 поени. На другата страна Папалоукас со 15 и Спанулис со 14 поени успеаја да покажат поголема храброст и далеку подобар квалитет од своите колеги.

Веќе утре САД ќе ги одмери силите со најголемиот ривал во својата група селекцијата на Шпанија, а додека Грција ќе се рехабилитира на сметка на Ангола.

Литванска казна за Русите

Продолжува доминацијата на Литванија, нивната добра кошаркарска претстава можеше да се види и во третото коло каде нивна нова жртва беше селекцијата на Русија која беше поразена со 86:79.

И покрај тоа што русите на неколку наврати успеаваа да се вратат во игра по големата негатива, сепак безбројните грешки кои ги правеа особено во последната минута им го донесе на Литванија првото место во групата "А".

Во текот на првиот дел натпреварот беше релативно изедначен. Литванија прво имаше водство од 21:16, по што Русија успеа да фати приклучок и на полувремето да замине само со негатива од 44:41.

По паузата Литванците брзо се вратија во игра па веќе во 23 минута се изборија за првата двоцифрена предност од 52:42, но кога сите помислија дека тука е крајот на средбата "зборнајата" се разбуди и најави нова неизвесност и за само четири минути изедначија на 59:59.

Ако добро се анализира целата игра на Русија едно е сигурно, на Кириленко и неговите соиграчи многу поедноставно им беше да го "бркаат" резултатот, отколку да го задржат водството.

Потврда за тоа е новата серија на Литванците од 10-1 со која повторно дојдоа до предност од 69:60, но и последните пет минути од средбата кога русите поведоа со 75:73, но не успеаја да целосно да го свртат резултатот во своја корист.

Тројката на Мачиулис на три минути до крајот беше одлучувачка за победата на Литванија, иако да не се заборави дека русите имаа шанса да се изборат барем за продолжение.

"Ова е важна победа за нас, но во никој случај не се сомневав дека нема да ја оствариме. Третиот триумф не стави во позиција за да можеме да бориме за првото место во нашата група. Мислам дека треба да го заборавиме овој натпревар и да мислиме на Хрватска која е нашиот нареден противник. Нашата цел на оваа турнеја е да одиме од средба на средба да не се навраќаме на ништо", изјавил по средбата Сараунас Јасикевичиус, кој средбата ја заврши со 12 поени.

Инаку како што засега се одвиваат работите се поизвесно станува дека Русија и Австралија ќе се борат за четвртата позиција која води во 1/4 финалето.

ДОМАЌИНОТ ЈА ЗАБЕЛЕЖА ПРВАТА ПОБЕДА

Минг ја растури Ангола

Репрезентацијата на Кина на сметка на Ангола ја забележа првата и тоа убедлива победа во Пекинг (85:68).

По двата порази од САД и Шпанија, домаќинот конечно најде противник по мерка како и надеж за влез во четвртфиналето каде за да стигне ќе треба да ги победи "панцирите".

Што се однесува до селекцијата на Ангола, шансите за влез во наредната рунда се речиси непостоечки особено ако се земе во предвид дека во наредните кола ќе треба да одигра против Грција и Шпанија.

Играчот број еден беше Јао Минг. Откако во првите две средби одигра под очекувањата, миленикот во Пекинг конечно на публиката и пружи онаква партија како што се очекуваше од него.

Доминираше на двете страни од теренот, па за Ангола слободно може да се каже дека беше нерешлива енигма, на крајот Минг заврши со 30 поени и со одлични 10/11 од поле.

"Чуството е одлично кога конечно ќе победиш на Олимписките игри, поготово пред своја публика. Игравме еден за друг, покажавме вистинска машка игра што на крајот беше доволно за победа. Имавме одличен старт, иако на еден момент има мал пад во играта, сепак знаевме да се вратиме бидејќи се подготвувавме за овој меч", изјавил Јао Минг, кој се погрижи неговата селекција уште во првиот дел да има предност од плус 16.

Заедно со Минг добри се вклопуваше и втората НБА ѕвезда во редовите на домашната репрезентација, Ји Јианлиан, кој дојде до дабл-дабл, постигна 10 поени и фати 11 скока.

ШПАНИЈА И ПОНАТАМУ СО 100% ЕФЕКТ

"Фуријата" брзо ги проби "панцирите"

Само неколку минути одлична кошарка беше доволна за да Шпанците дојдат до третата победа, поточно со убедливи 72:59 да ја поразат селекцијата на Германија.

Тие неколку поточно две минути се случија во второто полувреме во кое с$ уште актуелниот светски шампион од егал резултат се избори за водство од плус 16.

Тандемот Рубио-Гарбахоса беше клучен за триумфот на "фуријата". Рики својата улога ја имаше во првите 53 секунди од третата четвртина кога со пет поени по ред и неколку украдени топки и ја донесе првата двоцифрена предност на Шпанија (47:36), а потоа во наредните двеипол минути "шоуто" го продолжи Гарбахоса кој двојно ја зголеми позитивата (55:39).

Во последните 20 минути, "панцирите" ниту еднаш не успеаја посериозно да им се заканат на Шпанците.

Иако се чинеше дека Крис Кејмен на стартот ќе биде доволен за да се стопира Гасол, сепак тоа беше само на кратко.

Во 13 минута "панцирите" имаа предност од 22:14, а потоа благодарение на Гасол, Рубио и Гарбахоса по паузата "фуријата" со серија од 16-3 на контото имаше плус 16.

Хозе Калдерон со 15 поени беше прво име кај Шпанија, а на него одлично се надоврзаа Мумбру и Гасол двајцата заедно искомбинираа 27 поени.

На другата страна Хаман со 15 поени ги предводеше "панцирите", а додека Новицки застана на само 11 поени и очајни 1/6 за три поени.

"Гаучосите" ја прекинаа серијата на Хрватска

Аргентина сосема очекувано стави крај на серијата од две победи по ред на Хрватска. "Гаучосите" не само што на крајот славеа со убедливи 77:53, туку и се искачија на втората позиција од табелата каде до вчера беа токму "коцкастите".

Уште во првите минути Аргентина најави дека Хрватите нема што да бараат на овој меч, она што практично го најавија пред мечот "гаучосите" го спроведоа на дело, па избраниците на Јасмин Репеша во ниту еден момент не можеа да помислат на пресврт.

Крлос Делфино со 15 и Ману Џинобили со 14 поени беа лидерите кај Аргентина, кај "коцкастите" никој не успеа зад своето име да запише двоцифрен број на поени.

ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Австралија - Иран 106:68

Литванија - Русија 86:79

Аргентина - Хрватска 77:53

ТАБЕЛА

1. Литванија 3 3 0 264:221 6

2. Аргентина 3 2 1 237:200 5

3. Хрватска 3 2 1 235:237 5

4. Русија 3 1 2 228:220 4

5. Австралија 3 1 2 256:250 4

6. Иран 3 0 3 184:276 3

ИДНО 4. КОЛО (16.08)

05.15: Русија - Австралија

08.30: Хрватска - Литванија

10.45: Иран - Аргентина

ГРУПА Б

Германија - Шпанија 59:72

Ангола - Кина 68:85

САД - Грција 92:69

ТАБЕЛА

1. САД 3 3 0 290:215 6

2. Шпанија 3 3 0 238:200 6

3. Германија 3 1 2 218:225 4

4. Грција 3 1 2 222:237 4

5. Кина 3 1 2 230:254 4

6. Ангола 3 0 3 210:277 3

ИДНО 4. КОЛО (16.08)

03.00: Грција - Ангола

14.00: Кина - Германија

16.15: Шпанија - САД

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 18:06
Federe go napusti Peking.....izgubi denes od James Blake....

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 17:10
Рекорден триумф за Аргентина

Со победата над Србија од 2:0 репрезентативците на Аргентина обезбедија пласман во четвртфиналето со максимален број бодови, но дојдоа и до рекордна победа бидејќи на шесте од претходната олимпијада додоа уште три и сега имаат девет победи во серија.

Аргентинците се запишаа во историјата, а имаат можност бројката уште повеќе да ја зголемат доколку победат и на уште некој од следните средби на патот кон новото злато. Оваа селекција е фаворит за златото и доколку с$ оди според планот за очекување е дека ќе успее во тоа да има уште три победи до крајот.

На вчерашниот последен дуел од разигрувањето немаше никаков проблем против селекцијата на Србија бидејќи многу рано беше отворена средбата. Аргентина поведе уште во 13. минута и тоа со пенал, па потоа се играше сосема мирно. Селекторот на Аргентинците одлучи да го зачува Леонел Меси за следниот дуел, но и без него другите успеаја да ја заверат победата во финишот. Откако прво промашија пенал, Буенаноте во 84. минута со прекрасно изведен слободен удар донесе победа од 2:0, што значеше прво место во групата. Вториот дуел од "А" групата заврши со победа за Брегот на Слоновата Коска од 1:0 и тоа со погодок во финишот.

Репрезентативците на САД беа најмалерозни во последното коло бидејќи пред одигрувањето беа сигурни на првата позиција. Загубија од Нигерија со 2:1, а поради тоа што и Холандија победи Американците останаа покуси за бод и мораа да се простат од шансата за злато на игрите.

Бразил и Белгија ги добија своите натпревари во групата "Ц" така што немаше проблеми за нив да си го потврдат пласманот во следната рунда. Бразил одигра мирен меч со Кина и го доби со 3:0, што е само најава за одлично продолжение на Олимписките игри.

Последната група не донесе ништо ново бидејќи во водечките Италија и Камерун ремизираа. Одиграа натпревар без бозбудувања и со 0:0 обезбедија место понатаму, така што Јужна Кореја залудно дојде до победа бидејќи не се најде меѓу најдобрите осум.

Натпреварите во фудбал кај мажите продолжуваат по два дена. Следува кус одмор за репрезентациите пред за влезат во завршницата, а веќе се знае и кој против кого ќе разигрува до крајот.

Две селекции максимално

Покрај Аргентина и репрезентацијата на Бразил успеа првиот круг на игрите да го заврши со максимален број на бодови. Бразилците без проблеми ги добија сите средби, а првата фаза ја завршија со девет постигнати и ниту еден примен гол.

За разлика од Бразил, Аргентина имаше еден примен гол на трите средби.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 17:10
Федерер му се одмазди на Бердих

Можеби Рожер Федерер, сепак, не е толку долу. Покажувајќи крај на неговата лоша серија, Федерер се одмазди за олимпискиот пораз од пред четири години совладувајќи го Чехот Томаш Бердих со 6:3/7:6(7:4) за пласман во 1/4 финалето. Ова е најголема победа на Федерер откако загуби во епското финале на Вимблдон минатиот месец.

Федерер плачеше откако загуби од Бердих во второто коло во Атина во 2004 година, така што овој пат беше пресреќен откако со ас го совлада Чехот. Откако загуби од него во 2004, Федерер има седум победи по ред против Чехот и само еден загубен сет.

"Тој е секогаш опасен. Се обидов да играм остро и компактно и да не му дадам многу простор", вели Федерер.

Рафаел Надал исто така е во 1/4 финалето откако со 6:4/6:2 го совлада Русинот Игор Андреев, додека сестрите Венус и Серена Вилијамс имаа лесни победи за да се на добар пат до пресметка во финалето во саботата.

Надал и Федерер можат да се сретнат во дуелот за златен медал в недела. Без разлика на овој турнир, Надал ќе го замени Федерер на првото место на АТП листата следниот понеделник завршувајќи го 4 и пол годишното владеење на Швајцарецот.

Федерер сега ќе игра со 8. носител, Џејмс Блејк, кој со 6:4/6:2 го совлада 10. носител, Французинот Жил Симон. Блејк, единствениот американски претставник кај мажите има 0-8 скор против Федерер и само еден освоен сет во 22 одиграни.

"Ако е предобар за мене, тогаш е предобар за мене. На почетокот на секој меч против него, искрено мислев дека можам да го победам", вели Блејк.

Третиот носител, Новак Ѓоковиќ, кој може да игра со Надал во полуфиналето, го совлада 13. носител, Русинот Михаил Јужни со 7:6(7:3)/6:3.

Светската тенисерка број 4, Серена Вилијамс искрши еден рекет во слабиот прв сет, но потоа се врати посилна и со 3:6/6:3/6:4 ја совлада 18-годишната Ализе Корне. Инцидентот на Вилијамс дојде кога губеше со 5:1 во првиот сет, но откако направи брејк во првиот гем од вториот сет беше подобра и направи серија од пет гема по ред да ја освои победата. Нејзината постара сестра, Венус, која игра првпат откако ја освои титулата на Вимблдон по петти пат, имаше далеку полесна работа и со 6:3/6:2 ја совлада Викторија Азаренка од Белорусија.

Јелена Јанковиќ од Србија, која оваа недела стана светска тенисерка број 1 првпат во кариерата, со 7:5/6:1 ја совлада незгодната Словачка Доминика Цибулкова со 7:5/6:1. Следна противничка за Јанковиќ е шестата носителка, Русинката Динара Сафина, која е во серија од 13 победи по ред, и го издржа притисокот на публиката за со 6:4/6:3 да ја совлада Кинеската Женг Жи.


Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:42
ни го банираха целиот одбор по дигане тежести поради допинглутина - ова беха 5-6 медала
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:35
pa dobro e sto i tolku imate nie bez ic ke ostaneme

Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:27
имаме веке 1 медал
много слабо годинаватага
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:22
Поповска претпоследна во Пекинг на 100м слободно

Македонската пливачка Елена Поповска го освои претпоследното место денешните квалификации на 100 метри слободно на Олимписките игри во Пекинг.

Со време од 59 секунди и 93 стотинки, Поповска трката на 100 метри слободно ја заврши на 47 место од 48 натпреварувачки. Послабо постигнување од неа имаше само Олга Хачатурјан од Казахстан.

Поповска е четвртиот спортист од седумчлениот македонски тим кој излезе на олимписките борилишта.

Претходните тројца - пливачот Михајло Ристовски на 200 метри слободно, стрелецот Сашо Несторов во стрелање со воздушна пушка од 10 метри и Атанас Николовски во кајак - слалом на диви води постигнаа симболични резултати и не ги минаа квалификациите.

На 16-ти август атлетичарката Ивана Рожман ќе трча во спринтот на 100 метри, а Реџеп Селман на 18-ти ќе се појави во преднатпреварите во трискок.

Последен ќе настапи борачот во слободен стил Мурад Рамазанов, на 19 август, во категоријата до 60 килограми.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:14

ОЛИМПИЗАМ - ОРГАНИЗАТОРИТЕ ИСКРЕНО ГИ ПРЕНЕСОА СВОИТЕ НАДЕЖИ

Олимпијадата е голем хит во цела Кина

Олимписките Игри во Пекинг не се работат само за Пекинг. И надвор од кинеската престолнина, Олимпијадата се одвива, а фановите и спортистите велат дека се забавуваат добро и покрај тоа што се со километри надвор од срцето на Игрите. Да, тие не го имаат задоволството да се прошетаат на Гнездото или во Водената Коцка, но олимпиското искуство е тука.

Коњичките спортови, едрењето, веслањето, и натпреварите во фудбал ја пренесоа Олимпијадата на седум други места: Хонг Конг, Кингдао, Беиксиаојинг, Шенјанг, Тианџин, Шангај и Кинхуангдао. Коњичките спортови се пренесени во Кина поради рестрикциите за карантин во Пекинг, додека фудбалските мечеви се распределени низ земјата за да се ослободат доволно стадиони, а натпреварувањата во едрење и веслање едноставно бараа специјални услови.

"Олимпискиот дух е ист и тука. Не сме во Пекинг, но можеме да забележиме дека сите се внесени во Олимпијадата. Имаше повеќе од 90.000 фанови на фудбал за само два дена и тоа покажува колку има интерес", вели тренерот на бразилскиот фудбалски тим Дунга, зборувајќи за Шенјанг, еден од четирите реновирани стадиони за турнирот.

Само фудбалот привлече скоро 500.000 гледачи во првите четири дена натпреварување, кога 28 натпревари се одиграа на 4 стадиони. Во Кинхуангдао, на 300 километри североисточно од Пекинг, членовите на американскиот фудбалски тим исто така не се жалеа.

"Мислам дека има доволно добра атмосфера и луѓето се навистина гостопримливи,а на стадионите има многу луѓе", вели одбранбената фудбалерка, Хедер Митс.

Веслачите во Беиксиаојинг, на 30 километри од Пекинг, како да не приметиле дека се надвор од Пекинг.

"Кога дојдов тука и од горе погледнав колку има фанови и луѓе околу трибините, нормално дека се чувствувам дека сум на Олимпијада, исто така како тие што се натпреваруваат во центарот на Пекинг", вели 19-годишниот Американец Бен Фрејкер, кој првите две недели ги помина во олимпиското село.

ПОСЕБНИ ОТВОРАЊА, ИСТИ ФАНОВИ

За да се обидат да им помогнат на спортистите кои се чувствуваат како аутсајдери, дел од спортските објекти имаа локални церемонии на Свечено отворање за тие кои не можеа да стигнат во Пекинг за големото отворање во петокот.

Церемонијата во Кингдао, пристаништето на 480 километри од Пекинг, каде што се оддржуваат натпреварите во едрење, привлече илјадници гледачи, вклучувајќи спортисти од 62-те нации кои се натпреваруваат таму.

Во Хонг Конг, на скоро 2.000 километри од Пекинг, во прославата имаше вклучено парада на нациите и дури палење на огнот истовремено со тој во Пекинг. Повеќето од спортистите надвор од Пекинг не можеа да одат на отварањето, поради далечинаста на патот.

Во Шенјанг, олимписката атмосфера е толку слична со таа во Пекинг, што дури и загадувањето е тука. Индустрискиот град на 800 километри на свер од Пекинг има слични проблеми со квалитето на воздухот. Исто така има и протести во Хонг Конг, слично како во Пекинг.

Без разлика на се, фановите се задоволни што Олимпијадата се "рашири" низ цела Кина.

"Знаете превозот не е толку едноставен тука. Не сите имаат време или пари да одат до Пекинг. Затоа со тоа што ни донесоа некои спортисти поблиску, можеме и ние да учествуваме во забавата. Сега цела Кина е дел од Олимпијадата во Пекинг, вели 59-годишниот Бразилец Сиксто Бареиро, кој подолго време живее во Кина.

Може да се навива и од надвор

Автомеханичарот Лиу Чун се обиде да купи билети за Свеченото Отворање на интернет и не успеа. 35-годишниот Лиу ќе беше задоволен и со билети за одбојка, пинг-понг, кошарка и скокови во вода, но и тие се распродадени. Сепак, тој е задоволен и го понесе своето семејство до оградата која го опкружува олимпискиот парк за да се воодушевува на фантастичните објекти.

"Пекинг е повозбудлив и поубав од обично. Како да е невеста", вели Лиу.

Сите 6.8 милиони билети беа бргу продадени од обичните фанови, а обезбедувањето е толку големо што поминувањето во олимписките зони е вистински предизвик. Но, повеќето од граѓаните на Пекинг се задоволни да навиваат за Олимпијадата и од надвор.

"Тука сме да уживаме во атмосферата. Убаво е да се биде дел од ова", вели 30-годишниот Ванг Хонгјанг, кој дојде од северниот град Чангчун за да биде на Олимпјадата.

Но, и покрај сите распродадени билети, на некои натпреварувања има празни седишта, но тоа не е вина на Кинезите. Корпоративните спознори како Џенерал Електрик, Адидас и Самсунг (кои плаќаат на ИОЦ по десетици милиони долари) се пожалија дека нивните павиљони на 1.150 хектари големиот олимписки парк се празни, по што ИОЦ мораше да реагира кај организаторите да побара повеќе луѓе да бидат пуштени во паркот.

Организаторите ветија дека со поминувањето на дождот, се ќе биде во ред во следните денови.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:13

ТАБЕЛА НА МЕДАЛИ

ЗЛАТО СРЕБРО БРОНЗА ВКУПНО

1.Кина 13 3 4 20

2.САД 7 7 8 22

3.Јужна Кореја 5 6 1 12

4.Германија 4 1 1 6

5.Италија 3 4 2 9

6.Австралија 3 2 5 10

7.Јапонија 3 1 2 6

8.Русија 2 4 3 9

9.Велика Британија 2 1 3 6

10.Чешка Република 2 0 0 2

11.Северна Кореја 1 2 4 7

12.Азербејџан 1 2 0 3

13.Холандија 1 1 2 4

14.Словачка 1 1 0 2

15.Финска 1 0 1 2

16.Романија 1 0 1 2

17.Шпанија 1 0 1 2

18.Индија 1 0 0 1

19.Тајланд 1 0 0 1

20.Франција 0 7 2 9

21.Зимбабве 0 2 0 2

22.Австрија 0 1 1 2

23.Куба 0 1 1 2

24.Казахстан 0 1 1 2

25.Колумбија 0 1 0 1

26.Унгарија 0 1 0 1

27.Норвешка 0 1 0 1

28.Шведска 0 1 0 1

29.Турција 0 1 0 1

30.Виетнам 0 1 0 1

31.Бразил 0 0 3 3

32.Ерменија 0 0 2 2

33.Кинески Тајпеј 0 0 2 2

34.Индонезија 0 0 2 2

35.Алжир 0 0 1 1

36.Аргентина 0 0 1 1

37.Белорусија 0 0 1 1

38.Хрватска 0 0 1 1

39.Грузија 0 0 1 1

40.Киргистан 0 0 1 1

41.Мексико 0 0 1 1

42.Швајцарија 0 0 1 1

43.Таџикистан 0 0 1 1

44.Того 0 0 1 1

45.Украина 0 0 1 1

46.Узбекистан 0 0 1 1
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.