IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Олимписки игри-Пекинг 2008
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Олимписки игри-Пекинг 2008

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака Обратен редослед
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Олимписки игри-Пекинг 2008
    Испратена: 26.Август.2008 во 22:02
eve nekoj sliki za kraj....



































































Изменето од Vardar1947 - 26.Август.2008 во 22:03

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 21:27

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2008 во 17:49
Заврши Олимпијадата во Пекинг

Олимписките игри во Пекинг 29-ти по ред, денеска свечено беа затворени со спектакуларното гасење на олимпискиот оган.

Игрите официјално ги затвори претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог, кој ја нарече овогодишната Олимпијада, „навистина спектакуларна“.

„Ни ја покажавте вистинската сила на спортот. Олимпискиот дух живее во топлата прегратка на ривалите. Задржете го тој дух и кога ќе се вратите во своите земји“, вели Рог.

Жак Рог исто така ја повика целата младина во светот да се приклучи на наредната Олимпијада во Лондон.



     

Дома > Спорт
     
Заврши Олимпијадата во Пекинг
24.08.2008



Олимписките игри во Пекинг 29-ти по ред, денеска свечено беа затворени со спектакуларното гасење на олимпискиот оган.

Игрите официјално ги затвори претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог, кој ја нарече овогодишната Олимпијада, „навистина спектакуларна“.

„Ни ја покажавте вистинската сила на спортот. Олимпискиот дух живее во топлата прегратка на ривалите. Задржете го тој дух и кога ќе се вратите во своите земји“, вели Рог.

Жак Рог исто така ја повика целата младина во светот да се приклучи на наредната Олимпијада во Лондон.

Репрезентативците од Кина ја завршија Олимпијадата со најмногу златни медали. Кинезите во 25 спортови освоија 51 златен медал, што е најмногу од 1988 година, кога СССР освои 55 злата.

Натпреварувачите од САД се најдоа на второто место по освоени златни медали со вкупно 36-ет и со тоа за прв пат после 1992-ра не се најуспешна репрезентација на ОИ.

Третото место по освоени медали и припадна на селекцијата на Русија, која освои 23 златни, а вкупно 72 медали.

Затворањето на Олимписките игри (ОИ) годинава свечено се одбележи и во Македонија, преку палење на факели на планинарските врвови во земјата.

Акцијата е дел од настанот “Светлина за мир” во која се вклучува и Македонија преку носителот на настанот, Младинските комисии на Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија - ФПСМ, која е членка на Унијата на Интернационални Планинарски Федерации - UIAA, организатор на настанот.

„Со запалување на факелот и на овој планински врв симболично ќе продолжат да живеат Олимписките вредности. Овој симболичен гест е по повод денешното затворање на 29. Олимписки игри во Кина. По тој повод млади од целиот свет запалија факели на највисоките планински врвови во многу земји“, велат од друштвото „Солунска Глава“.

„Македонија е дел од глобалната акција на палење факели на планински врвови во земјите учеснички на Олимписките игри. Во Македонија во палењето на факели или батериски ламби на врвовите учествуваа десет тима со по неколку искусни и млади планинари“, истакнуваат од планинарското друштво „Солунска Глава“.

Акцијата, која се случи денеска на денот на гаснење на олимпискиот оган во Пекинг, вклучува палење на факели или планинарски челни лампи на највисоките планински врвови во земјите учеснички на настанот.

Во Македонија, на настанот учествуваа десет тима со по пет искусни и млади планинари, кои ги запалија факелите на десет планински врвови.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2008 во 22:08
Finale vo Fudbal:

Argentina - Nigerija 1-0

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:11
Европскиот првак го елиминира светскиот!



Европскиот првак го елиминира светскиот!

Најпривлечната четврт-финална средба на машкиот ватерполо турнир во Пекинг, го донесе и најинтересниот меч во кој актуелниот европски првак селекцијата на Црна Гора по тешка и неизвесна битка со 7:6 го совлада актуелниот светски првак тимот на Хрватска.

На овој начин, Хрватите останаа без можност да се борат за медал на ватерполо турнирот. „Делфините“ на Црна Гора во петок во рамките на полуфиналето ќе вкрстуваа со бранителот на титулата од Атина селекцијата на Унгарија. По освојувањето на европскиот трон црногорските ватерполисти направија уште еден подвиг овојпат во Пекинг. Во пресрет на почетокот на Игрите, во ватерполо круговите никој не му даваше поголеми шанси на овој тим, бидејќи сите сметаа дека Црногорците се истрошија на ЕП во Малага. Сепак, Гојковиќ и другарите на најдобар можен начин ги демантираа шпекулациите и лошите прогнози.

Овој тим го започна мечот брилијантно. Црногорците поведоа со 3:0, а Хрватите успеаја да го постигнат првиот гол дури во осмата минута. Во вториот дел најмногу благодарение на центарот Игор Хиниќ (постигна два гола), селекцијата на „коцкестите“ успеа да остане во игра и на полувреме замина со негатива од еден гол разлика 5:4. Најжестоко се играше во третиот период кога Црногорците славеа со скромни 1:0, а нивниот голман Милош Шчепановиќ постави вистински бедем за ударите на хрватските ватерполисти, кои не успеаја да ја затресат неговата мрежа во овој дел од мечот. Во последниот период се играше многу рамноправно, Хрватите славеа со 2:1, меѓутоа не успеаја да направат комплетен резултатски пресврт, па така мораа да се помират со минимален пораз и елиминација на турнирот.

Во втората четврт-финална пресметка, ватерполистите на Србија беа поуспешни од тимот на Шпанија и славеа со убедливи 9:5. Клучна во нивната победа, и пласманот во полуфиналето, беше втората четвртина која им припадна на Србите со 5:1. До крајот на мечот Пјетловиќ, Вујасиновиќ и Ќириќ знаеја како да ја сочуваат предноста и да се изборат за полуфиналето во кое во петок ќе се сретнат со тимот на САД.

Кон врв
alan ford Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Techno thief

Регистриран: 02.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10782
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alan ford Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2008 во 18:26
Lele se prepotiv gledajki odbojka USA-SRBIJA....mamata toa na jenkite....uh sto sum sega nervozen...a pred toa sto fino se izraduvav ARGENTINA sto ja skina GRCIJA u basket Ej neka zavrsat veke ednas ...zatoa sto se budam sekoj den vo 2.30 da gledam nekoj prenos....epten atomski sport...Vcera se naeziv koga ja gledav ceremonijata na dodeluvanje na medalite za skok so stap..ubavata Isimbaeva kako placese koga svirese himnata na RUSIJA...iskreno i jas se naeziv (i dodeka pisuvam se ezam koga ke se setam)....USEIN BOLT....care moj...ti si legenda...JAMAICA FOREVER !! AH...OVA SE NAJDOBRITE IGRI DO SEGA...tesko deka u LONDON 2012 ke bide podobro

Изменето од Makijaveli - 20.Август.2008 во 18:28
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
Кон врв
Eli Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eli Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2008 во 18:24
Usein Bold..nesto izvonredno..na olimpiskive..mislam deka olimpiskive igri se neso najbolje do sea i od tehnicka smisla i vo osvojuvanje na medali i soboruvanje na svetski rekordi..
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2008 во 15:57

МАЛКУ НЕДОСТАСУВАШЕ МАКЕДОНИЈА ДА ГО ОСВОИ ПОБЕДНИЧКИОТ ТРОФЕЈ

Мејси е нашиот МВП

Со она што го прикажа на сите три натпревари, новиот член на "Кралскиот клуб" покажа дека сме добиле нова сила на патот до Полска.

Две победи и второ место. Една над големата Турција, еден тесна загуба против силата која доаѓа во Европа а се вика Црна Гора, тоа е ефектот на нашиот национален тим во првата посериозна проверка направена, за првпат, во еден комплетен состав.

Бевме вистински домаќини на "Трофејот". На крајот им го дадовме на Црногорците, иако можеше да биде и поинаку во оние финални секунди во кои заостанавме за три поени, колку да бидеме само втори.

Сепак, сета оваа "акција" на крајот на краиштата е само една добра проверка, да се види до каде сме дошле во оној период на подготовки преку кои би сакале да дојдеме до Полска и да заиграме на Евробаскетот следната година, па и онаа плакета која следува за второпласираната селекција во вакво друштво доаѓа во втор план.

Во оној првиот секако беше можноста селекторот Јовица Арсиќ да ги провери оние (најголем дел од нив) на кои ќе смета за шесте квалификациски дуели почнувајќи од 3 септември во Рига.

А на тоа поле во преден план, во секој случај, Џеремаја Мејси.

Новиот Македонец одигра како да е "сто години" заедно со оваа екипа, и ако официјално Никола Пековиќ го доби најголемото индивидуално признание на турнирот, за нас, без никакви дилеми, и потценување на трудот на Црногорецот, Мејси е оној вистински МВП.

Силно мотивиран да & се претстави на скопската публика, новиот член на "кралската кошаркарска фамилија" од Мадрид покажа дека сме добиле нова сила на патот до Полска.

Не само против Црна Гора, Мејси беше силен и против Турција, секако и Романија, што и н$ тера на заклучок дека Арсиќ не треба да се грижи за тоа место во екипата, особерно ако се знае дека зад себе има десетина денови помалку работа од останатите.

Многу поголеми проблеми кои беа видливи и со "голо око" се секако на позицијата број "3". И овој турнир го докажа тоа. Пробуваше Арсиќ и со Тасовски и со Блажевски, па и Ристе Стефанов. Но тоа беше далеку од добро, особено во финалето.

Ќе треба да "почекаме" уште извесно време и на Гечевски, кој со Самарџиски и секако Перо Антиќ, треба да биде столб на одбраната во многу поважните дуели со Летонија, Португалија и Естонија.

За бековската линија не би требало да има проблеми, но можеби ќе треба уште еден кој ќе им биде "прва помош" на Стефанов и на Илиевски, кој и во Скопје потврди дека е блиску до натпреварувачката форма.

Б. Радуловиќ

Врбица Стефанов: Не е ништо опасно

Иако со повреда, во финишот капитенот проба да го доигра најважниот дуел на турнирот. Во еден обид за шут на противничкиот кош Врбица Стефанов го повреди скочниот зглоб.

За среќа, не се работи за некоја сериозна повреда.

"Ден-два одмор и мислам дека с$ ќе биде во најдобар ред со зглобот. Се надевам дека ќе бидеам о.к. за следниот турнир во Романија"- вели Стефанов."Задоволен сум од тоа како одигравме. Штета е што на крајот останавме без сили и за комплетен резултатски пресврт. Во секој случај, сметам дека сме на добар пат кон посакуваната форма за квалификациите" - кажа Стефанов по финалето.

Кратко отсуство на Илиевски

По одморот од еден ден нашиот најдобар состав, денеска продолжува со исто темпо. Во стројот на Арсиќ во наредните неколку дена нема да биде Владо Илиевски. Имено искусниот бек поради приватни поточно семејни обврски морал на кратко да замине во Словенија. Се очекува Илиевски за неколку дена да се врати назад на репрезентативните обврски.

Никола Пековиќ: Имате навистина одлична селекција

Никола Пековиќ расположен за давање изјави откако Црна Гора во финалето беше подобра од нашата селекција.

"Задоволен сум, ако и не би бил кога победивме една одлична селекција со неколку извонредни кошаркари. За нас ова беше прв посериозен испит, и тоа турнирски во три дена три натпревари. Не беше воопшто лесно против Македонија. Знам добар дел од вашите играчи, почнувајќи од Гечевски, Самарџиски, па Врбица Стефанов, не ме изненади ниту играта на Мејси. Се работи за извонреден играч, еден од најдобрите лани во Евролигата. Тоа му дава дополнителна тежина на нашиот триумф во Скопје"- искоментира официјално најдобриот играч на "Трофејот".

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
alan ford Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Techno thief

Регистриран: 02.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10782
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alan ford Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2008 во 04:30
me trogna vcera i mene Isinbaeva....a kolku e samo zgodna

Изменето од Makijaveli - 20.Август.2008 во 04:31
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
Кон врв
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 18:35

Argentina - Brazil

 
3:0 Aguero2
Rikelme 1(pen)
Кон врв
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 18:32

Michel Phelps

E kral
8 zlatni medali 8 novi rekorda
 
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2008 во 19:50
Роналдињо против Меси во полуфинале

За да успеат да стигнат во борбата за медалите на Роналдињо и Меси им требаа продолженија. Селекциите на Бразил и Аргентина победија против Камерун, односно Холандија, но одиграа по 120 минути, а веќе во вторник овие два состави ќе играат меѓусебе во финалето пред финалето на Олимписките игри.

Сите средби од четвртфиналето донесоа многу интересен фудбал. Предизвикаа големо внимание и потврдија дека фаворитите не победуваат секогаш така лесно како што може да се очекува.

Бразил не можеше цели 90 минути да го пронајде патот до голот на Камерун. Имаше многу обиди, но Камерунците се преориентираа на одбраната и успеаја да се одбранат во регуларниот дел. Сепак, не издржаа во продолженијата, па попуштија по само 11 минути. Го примија првиот гол, а четири минути подоцна и вториот, па до крајот с$ беше само формалност.

На тој начин Бразил се најде во полуфиналето и е единствената селекција која нема никогаш победено на Игрите, а се најде меѓу најдобрите четири на оваа Олимпијада.

Слично беше и на дуелот меѓу Аргентина и Холандија, само таму имаше голови во регуларниот дел. Поведоа Аргентинците, и тоа доста рано, со голот на најдобриот фудбалер во составот, Леонел Меси. Тој го постигна голот во 14. минута, но тоа водство не траеше долго. Веќе во 36. минута Бакал се погрижи да донесе неизвесност која продолжи дури до 15 минута од продолженијата кога Мариа го реши победникот.

Инаку, Аргентина и Бразил играат меѓусебе во второто полуфинале во вторник.

Еден од главните фаворити за златото, Италија го заврши својот пат кон финалето на двобојот со Белгија. Иако од 18. минута имаа играч повеќе, Италијанците не издржаа и потфрлија целосно, а двата гола ги постигнаа од белата точка. Сепак, Белгијците имаа повеќе од играта и заслужено се најдоа во следната рунда, па тие се единствените кои не беа на првото место во групата, а се најдоа во полуфиналето.

Победниците од 1996 година, од Атланта, Нигерија се противниците на Белгија во полуфиналето. Нигеријците ја имаа можеби најлесната задача од сите бидејќи единствено тие имаа победа од два разлика и немаа толку проблеми во четвртфиналната средба. Противникот, Брегот на Слоновата Коска, како да немаше сили на овој дуел, па Нигерија дојде до победа од 2:0. Првиот гол падна во финишот на првото полувреме, а вториот дури на девет минути пред крај кога веќе стана јасно дека Нигерија оди во борба за медалите.

Пак многу црвени картони

Репрезентацијата на Белгија како да не може да одигра натпревар без да добие црвен картон. По само 18 минути на дуелот со Италија играта мораше да ја напушти Вермален. Сепак, и покрај тоа оваа селекција одигра одлично, а последните девет минути од средбата се играа со израмнети сили бидејќи играта ја напушти и Вивиано кај Италијанците.

Црвен картон имаше и за Камерун на дуелот со Бразил. Во 51, минута на трибините се пресели Банинг.

ОД СЕЛЕКЦИИТЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

Само Бразил без титула

Од четирите репрезентации кои се најдоа во полуфиналето, само селекцијата на Бразил нема златен медал на Олимписките игри. Аргентина ја брани титулата освоена во Атина, но серијата од девет победи беше прекината со ремито во регуларниот дел со Холандија. Нигерија победи во 1996 година, додека Белгија има злато од далечната 1920 година.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ - МАЖИ

БРАЗИЛ - КАМЕРУН 2:0

Собис 101', Марсело 105'

ИТАЛИЈА - БЕЛГИЈА 2:3

Роси 18' (п), 74' (п) - Дембеле 24', 79', Миралас 45'

АРГЕНТИНА - ХОЛАНДИЈА 2:1

Меси 14', Мариа 105' - Бакал 36'

НИГЕРИЈА - Б. С. КОСКА 2:0

Одемвинге 44', Обина 81' (п)

ПОЛУФИНАЛЕ

ВТОРНИК, 19 АВГУСТ

12:00 Нигерија - Белгија

15:00 Аргентина - Бразил

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 14:18
за Рафа.... ..... Only One can be Number One
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 14:16
Nadal zema Zlato vo Peking...

Rafael Nadal - Fernando Gonzalez 6-3 7-6 6-3

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.