IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - ГП Хофенхајм
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ГП Хофенхајм

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ГП Хофенхајм
    Испратена: 20.Јули.2008 во 16:56

ФОРМУЛА 1 - ВО НЕДЕЛА (14.00) НА ПРОГРАМАТА Е ГЕРМАНСКОТО ГП ВО ХОКЕНХАЈМ

Хамилтон фаворит пред фановите на Мерцедес

Извонредниот возач на Мекларен Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон ќе ја носи етикетата на прв фаворит за триумф на трката за Големата Награда на Германија, која утре во 14.00 часот ќе се вози на пистата Хокенхајм.

Феноменалниот перформанс на последната трка во Германија, му дава за право на тимот на Мекларен да верува дека нивната млада ѕвезда може да продолжи со истото темпо и во Хокенхајм и да избие сам на лидерската позиција во Ф1 шампионатот.

"Би било навистина неверојатно доколку се повтори трката од Силверстоун, но да се слави со предност од повеќе од една минута е вистински раритет и на сон не можам да помислам на репетиција. Во секој случај, сите во тимот сме фокусирани да го дадеме максимумот, а ако тоа се оствари и имаме малку среќа, победничкото шампањско во недела би можеле да го пиеме токму ние", изјавува Хамилтон во пресрет на ова Гран При.

На половина од извозената сезона, Хамилтон, кој вчера имаше најдобри времиња на обата тренинга, во моментов е еден од тројцата шофери кои го делат првото место во генералниот пласман, со по 48 бодови, заедно со возачите на Ферари, Кими Раиконен од Финска и Бразилецот Фелипе Маса, а зад нив со два бода дефицит се наоѓа Полјакот Роберт Кубица. Меѓу нив се очекува да биде решен новиот шампион, иако многумина предвидуваат и очекуваат директна борба меѓу британскиот и финскиот претставник.

Сепак, Хамилтон и Раиконен не се единствените адути на Мекларен и на земјата со најмногу езера на планетава, бидејќи во игра е и Хаики Ковалаинен, кој се надева дека пол-позицијата од Велика Британија овојпат ќе ја надгради со добро постигнување на самата трка, особено по многуте малери кои го следеа во првиот дел од годинашното Ф1 првенство.

Од своја страна, во Ферари очекуваат рапидно подобрување во однос на она што го презентираа на Островото пред две недели, каде фановите најмногу аплаудираа поради нивните излетувања од патеката одошто на квалитетот на возењето. Раиконен имаше две, а Маса дури пет извртувања во Силверстоун, по што на крајот мораа да се задоволат со скромните четврта и тринаесетта позиција.

Во недела симпатиите на публиката, покрај кон петте германски возачи, кои сепак немаат којзнае колку големи шанси за триумф, ќе ги земе тимот на Мекларен, поради неговиот партнер Мерцедес, со оглед на тоа што голем број на вработени од фабриката која се наоѓа во близината на Штутгарт ќе бидат присутни на посебна трибина. Што се однесува до германските пилоти, во центарот на вниманието ќе биде младиот 21-годишен Себастијан Фетел, од тимот на Торо Росо, кој деновиве се согласи од идната сезона да вози за Ред Бул, а кого домашните медиуми веќе го прогласија за наследник на неверојатниот Михаел Шумахер, кој во родната земја викендов ќе биде во улога на стручен консултант во тимот на Ферари.

Инаку, Хокенхајм повторно се враќа во Формула 1 календарот по едногодишна пауза, бидејќи лани ролјата на домаќин ја имаше пистата во Нирбургринг.

Глок: Ќе бидам светски шампион за неколку години

Возачот на Тојота, Германецот Тимо Глок, изјави дека има големи амбиции пред себе, па дури во неговите замисли е освојувањето на титулата светски првак.

"Мојата цел е јасна, во 2010 година, сакам да бидам светски првак со Тојота. Знам дека многу луѓе ќе се насмеат на оваа моја изјава, но јас сакам да си поставам цели и притисок пред себе, за да работам уште понапорно, а ќе видиме како сето тоа ќе се одвива дотогаш" вели Глок, чиј најдобар резултат досега е четвртото место на непредвидливата трка во Канада, а неговиот клупски партнер Јарно Трули има четирипати повеќе бодови сезонава, односно сооднос 20:5.

Хамилтон најбрз на вчерашните тестирања

Британскиот пилот од Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон оствари убедливо најдобри времиња на обата вчерашни тренинга во пресрет на денешните квалификации за пол-позицијата за Големата Награда на Германија, која се вози на пистата Хокенхајм.

Хамилтон беше убедливо најбрз, при што еднаш зад него се најде тимскиот колега од Мекларен, Финецот Хаики Ковалаинен, додека на вториот тренинг, зад него се најде Бразилецот Фелипе Маса. Второто Ферари, она на светскиот шампион, Кими Раиконен, забележа трето комбинирано време.

Првата десетка во текот на вчерашниот ден ја заокружија Марк Вебер, Фернандо Алонсо, Нико Розберг, Роберт Кубица, Ник Хајдфелд и Шкотланѓанецот Дејвид Култхард, кому ова му е последна трка за Големата награда на Германија во неговата кариера.

Кубица излета на првиот тренинг

Поради дождливата патека, полскиот возач Роберт Кубица излета за време на вчерашниот утрински тренинг во Хокенхајм, но се беше во најдобар ред со него и на вториот тренинг кога патеката беше целосно исушена, беше целосноподготвен за настап.

Тој го освои осмото место на попладневното тестирање, а неговиот тимски колега Хајдфелд беше деветти.

"Изгубив контрола врз болидот и удрив во бариерите. На сува патека, нашиот болид беше доста добар и не изгубивме многу време во однос на подобропласираните", вели Кубица.

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ


1.Луис Хамилтон (Мекларен) 48

2.Фелипе Маса (Ферари) 48

3.Кими Раиконен (Ферари) 48

4.Роберт Кубица (БМВ) 46

5.Ник Хајдфелд (БМВ) 36

6.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 24

7.Јарно Трули (Тојота) 20

8.Марк Вебер (Ред Бул) 18

9.Фернандо Алонсо (Рено) 13

10.Рубенс Баричело (Хонда) 11

11.Нико Розберг (Вилијамс) 8

12.Казуки Накаџима (Вилијамс) 8

13.Дејвид Култхард (Ред Бул) 6

14.Тимо Глок (Тојота) 5

15.Себастијан Фетел (Торо Росо) 5

16.Џенсон Батон (Хонда) 3

17.Нелсон Пике Јуниор (Рено) 2

18.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Скудерија Ферари 96

2.БМВ Заубер 82

3.Мекларен Мерцедес 72

4.Тојота Панасоник 25

5.Ред Бул Рејсинг Рено 24

6.Вилијамс Тојота 16

7.Рено Ф1 15

8.Хонда Ф1 14

9.Скудерија Торо Росо Ферари 7

-.Форс Индија Ферари 0

Ф1 ФЛЕШ

Последниот германски возач кој победил на домашното Гран При, беше седумкратниот светски првак и најуспешна индивидуа во антологијата на овој спорт, Михаел Шумахер, на Ферари, во 2006 година, токму во Хокенхајм.

Оваа година има пет германски возачи кои ќе се натпреваруваат. Тоа се Ник Хајдфелд од БМВ Заубер, Нико Розберг од Вилијамс, Тимо Глок на Тојота, Себастијан Фетел на Торо Росо и Адријан Сутил од екипата на Форс Индија. Интересно е тоа што тие ќе сочинуваат една четвртина од болидите на патеката, а ниту еден од нив се уште нема победа во Ф1 кариерата.

Германските возачи имаат победено на 103 Гран При трки откако првенството стартуваше во 1950 година. Од таа бројка, дури 97 им припаѓаат на браќата Михаел и Ралф Шумахер, три има забележано Хајнц-Харалд Френцен, две има Волфганг Фон Трипс, а една прокнижил Јохан Мас.

Од последните 10 трки на Хокенхајм, победникот стартувал на пол-позицијата само во пет наврати.

Актуелниот светски првак, Финецот Кими Раиконен со своето Ферари се надева дека сега Хокенхајм ќе има повеќе среќа одошто во 2005 и 2006 година, кога во двата наврати стартуваше од пол-позицијата, но не успеваше да победи.

Мекларен нема триумф на оваа писта од 1998 година, кога славеше Мика Хакинен, кој таа и наредната година ја освојуваше титулата светски првак. Инаку, Ферари има славено на пет од последните 10 трки на германско тло.

Првата трка за Големата награда на Германија била возена во 1970 година во Хокенхајм. Од 1977 година, до 2006 година, секоја трка за ГН на Германија се возеше на оваа патека, со исклучок на 1985 година, кога беше возена во Нирбургринг. Со ланскиот договор меѓу двете главни германски писти, беше утврдено дека домаќинот на ова Гран При ќе се менува секоја година, најмалку до 2011 година, а Хокенхајм повторно ќе биде домаќин во 2010 година.

Во 2006 година, просечната брзина во еден круг изнесуваше 222 километри на час, а 69проценти од патеката се возат под полна гас. За време на еден круг, дури во пет наврати се постигнуваат брзини кои надминуваат 280 километри на час.

ПОСЛЕДН ПЕТ ПОБЕДНИЦИ:

2006 Михаел Шумахер (Ферари)

2005 Фернандо Алонсо (Рено)

2004 Михаел Шумахер (Ферари)

2003 Хуан Пабло Монтоја (Вилијамс)

2002 Михаел Шумахер (Ферари)

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 13:37

sabota trening:

 

FORMULA 1 GROSSER PREIS SANTANDER VON DEUTSCHLAND 2009

Pos No Driver Team Time/Retired Gap Laps
1 1 Lewis Hamilton McLaren-Mercedes 1:31.121 16
2 7 Fernando Alonso Renault 1:31.340 0.219 18
3 3 Felipe Massa Ferrari 1:31.351 0.230 20
4 15 Sebastian Vettel RBR-Renault 1:31.542 0.421 17
5 14 Mark Webber RBR-Renault 1:31.610 0.489 16
6 4 Kimi Räikkönen Ferrari 1:31.615 0.494 19
7 9 Jarno Trulli Toyota 1:31.620 0.499 23
8 16 Nico Rosberg Williams-Toyota 1:31.690 0.569 20
9 17 Kazuki Nakajima Williams-Toyota 1:31.731 0.610 20
10 6 Nick Heidfeld BMW Sauber 1:31.928 0.807 21
11 22 Jenson Button Brawn-Mercedes 1:32.009 0.888 22
12 10 Timo Glock Toyota 1:32.022 0.901 20
13 20 Adrian Sutil Force India-Mercedes 1:32.104 0.983 20
14 23 Rubens Barrichello Brawn-Mercedes 1:32.124 1.003 13
15 21 Giancarlo Fisichella Force India-Mercedes 1:32.135 1.014 21
16 8 Nelsinho Piquet Renault 1:32.223 1.102 15
17 12 Sebastien Buemi STR-Ferrari 1:32.239 1.118 23
18 5 Robert Kubica BMW Sauber 1:32.269 1.148 20
19 2 Heikki Kovalainen McLaren-Mercedes 1:32.742 1.621 18
20 11 Sebastien Bourdais STR-Ferrari 1:32.883 1.762 21
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 13:38
kvalifikacii denes vo 14.00 h
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 15:38
raspored za utre:
 
 

FORMULA 1 GROSSER PREIS SANTANDER VON DEUTSCHLAND 2009

Pos No Driver Team Q1 Q2 Q3 Laps
1 14 Mark Webber RBR-Renault 1:31.257 1:38.038 1:32.230 22
2 23 Rubens Barrichello Brawn-Mercedes 1:31.482 1:34.455 1:32.357 22
3 22 Jenson Button Brawn-Mercedes 1:31.568 1:39.032 1:32.473 23
4 15 Sebastian Vettel RBR-Renault 1:31.430 1:39.504 1:32.480 20
5 1 Lewis Hamilton McLaren-Mercedes 1:31.473 1:39.149 1:32.616 19
6 2 Heikki Kovalainen McLaren-Mercedes 1:31.881 1:40.826 1:33.859 21
7 20 Adrian Sutil Force India-Mercedes 1:32.015 1:36.740 1:34.316 20
8 3 Felipe Massa Ferrari 1:31.600 1:41.708 1:34.574 22
9 4 Kimi Räikkönen Ferrari 1:31.869 1:41.730 1:34.710 23
10 8 Nelsinho Piquet Renault 1:32.128 1:35.737 1:34.803 24
11 6 Nick Heidfeld BMW Sauber 1:31.771 1:42.310 14
12 7 Fernando Alonso Renault 1:31.302 1:42.318 15
13 17 Kazuki Nakajima Williams-Toyota 1:31.884 1:42.500 17
14 9 Jarno Trulli Toyota 1:31.760 1:42.771 17
15 16 Nico Rosberg Williams-Toyota 1:31.598 1:42.859 14
16 5 Robert Kubica BMW Sauber 1:32.190 10
17 12 Sebastien Buemi STR-Ferrari 1:32.251 11
18 21 Giancarlo Fisichella Force India-Mercedes 1:32.402 11
19 10 Timo Glock Toyota 1:32.423 11
20 11 Sebastien Bourdais STR-Ferrari 1:33.559 11
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 15:39
Trkata utre vo 14.00
 
Deneska kvalifikaciite bez isklucitelno interesni poradi promenlivoto vreme..izgleda ke gledame ubava trka utre. Mark Veber posle 130 trki za prv pat ima pol pozicijaсреќа
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 20:31
Вебер за прв пат во кариерата од пол позиција
 

Австралијанецот Марк Вебер ја освои својата прва пол позиција во својата кариера.

Возачот на Ред Бул во последните моменти од квалификациите се избори за најдоброто стартно место утре на патеката Нирбургринг во Германија. Тој најдобро се снајде на променливото време. На едниот дел од патеката беше суво, дедека на другиот имаше ситен дожд.

Веднаш до него од првиот ред ќе стартува вториот возач на Brown GP Рубенс Баричело. Водечкиот во генералниот пласман Британецот Џенсон Батон ќе стартува од вториот ред како третопласиран. Веднаш до него ќе стартува првиот возач на Ред Бул и единствениот кој што има победено освен Батон, Себастијан Фетел.

Минатогодишниот шампион Луис Хамилтон го имаше најдобриот пласман во едни квалификации и го освои 5-то место. Вториот возач на МекЛарен Хајки Ковалаинен ќе стартува веднаш до својот тимски колега од 6-то место.

Возачите од Ферари, Маса и Раиконен ќе стартуваат од осмата и деветата позиција.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2009 во 17:56
КОНЕЧНО ВЕБЕР ЗА ТРЕТА 1-2 ЗА РЕД БУЛ



Во интересна трка за ГН Германија, победата за прв пат во кариерата ја однесе Марк Вебер од тимот на Ред Бул. Радост за Австралијанецот, кој по 131 трка успеа да се искачи на највисокото скалило на пиадесталот. Со победата, Вебер е прв возач од Австралија кој победил на ГП трка во последните 27 години, по Алан Џонс кој последен пат победил на 17 октомври 1981 година, на ГН Лас Вегас. Покрај индивидуалната радост на Вебер, кој сега реално се вмешува во борба за титулата и полека се наметнува како конк*рент за победи на трките, тимот на Ред Бул покажува дека позицијата на Браун е сериозно разнишана. Со тоа Британскиот тим со седиште во Милтон Кејнс најавува борба за двете титули и мртва трка крајот на сезоната.

Трката започна динамично од самиот старт. Марк Вебер и Рубенс Баричело имаа мал контакт, при што возачот на Ред Бул не успеа да ја искористи предноста од пол-позицијата. Стјуардите одлучија да му доделат возење низ боксот на Австралијанецот за овој мал инцидент, поради предизвикување колизија на стартот. На влезот во првиот свијок, Луис Хамилтон на Мекларен, поткрепен со КЕРС имаше тенденција да го превземе првото место, но сопре предоцна и излета од патеката. Излетувањето го чинеше дупната гума и крај на шансите за добар пласман.

На стартот, Баричело и Вебер се одвоија, но лошата вест за казната на возачот на Ред Бул се покажа недоволна за Бразилецот, кој постојано се бореше со гумите, слично како Силверстоун и не успеа да ја искористи предноста стекната на стартот. Бркотницата на патеката која ја створија пред сè Хеики Ковалаинен и Фелипе Маса, ја искористија возачите на Ред Бул, кои надополнети со фантастичната форма на нивниот Ред Бул, успеаа да изборат двојна победа за тимот.

Одлична трка имаше Фелипе Маса на Ферари, успевајќи во првата третина да одолее на нападите на Себастијан Фетел и Рубенс Баричечо. Бразилецот успеа да дојде до својот прв подиум оваа сезона, по осум трки пост. Слично како Маса, солидни перформанси покажа и Нико Розберг од Вилијамс, кој на крајот финишираше на четвртата позиција.

Проблемите од Силверстоун, кои Браун најавуваа дека се решени останаа, недозволувајќи им на нивните возачи да се борат за највисок пласман. Се чини дека на крајот, тимската стратегија во Браун резултираше со исфрлање на Џенсон Батон напред, на сметка на Рубенс Баричело, по третата посета на боксот. Бразилецот беше пред клупскиот колега во текот на поголемиот дел од трката, но поради проблемите со долевањето на гориво, промената на стратегијата од три на две влегувања не беше реализирана. Болидите на Браун успеаа да ги задржат петтата и шестата позиција во однос на Фернандо Алонсо од Рено, кој вршеше притисок во последните кругови од трката и мораше да се задоволи само со седмата позиција, иако го имаше најбрзиот круг на трката. Последниот бод, како осмопласиран го освои Хеики Ковалаинен на Мекларен.

Кими Раиконен и Адријан Зутил по вторпат успеаа да си ги уништат шансите за бодови, откако се судрија на првиот свиок, по излегувањето на Зутил од боксот. Иако Германецот продолжи, претходно посетувајќи ги механичарите за дополнителна промена на предното крило, Раиконен не ја заврши трката, веројатно поради проблеми со моторот. Сепак, Зутил пропушти уште една извонредна шанса да му ги донесе првите бодови на Форс Индија, по фантастичните квалификации.

Состојбата во поредокот кај возачите сега е драматично променета. Џенсон Батон има 68 бодови, но сега Себастијан Фетел го следи со 47. Победникот Марк Вебер има 45,5, а кругот на фаворити го затвара Рубенс Баричело со 44 бодови. Во конк*ренција на конструктори Браун сеуште е најуспешен тим со 112 бодови, а Ред Бул се приближи на минус десет, попрецизно 92,5 бодови.

Следната трка, по двонеделна пауза се вози за ГН Унгарија на патеката Хунгароринг.

BRAVO WEBBER      BRAVO RED BULL


f1almanah.com
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.