IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7273747576 157>
Автор
Порака
bagzy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Декември.2010
Локација: Ireland
Статус: Офлајн
Поени: 35
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bagzy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2010 во 17:04
jas ne veruvam u horoskopi
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2010 во 22:32
Јарец

Староста на Јарците е како виното - колку постаро, толку подобро. Тие се личности кои сигурно ќе уживаат во залезот на животот, па дури и ќе се препуштат на задоволствата кои ги нуди животот, и тоа повеќе отколку во деновите на младоста.

-Јес! Нема да бидам стара, огорчена, фригидна баба.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2010 во 01:56
 
 
 

Овен
Планетите навестуваат среќа, љубов, брак, поднова… Со еден збор ве поддржуваат во настојувањата да уживате. Моментно ви се туѓи проблемите што до вчера ве нервираа. Сфаќате дека погрешно сте постапувале. Вљубениот човек е среќен, а со самото тоа и здрав. Уживајте.

Бик
Биковите се повљубени од вообичаено. Денес може да ја „изгубите главата“, кога најмалку се надевате. Евидентни се засилени емотивни реакции. Под услов да сте исполнети, тие ќе бидат сведени на минимум. Во спротивно, ќе има неволји. Настојувајте вниманието да го насочите на позитивни работи, а не на судири со околината.

Близнаци
Го менувате предметот на интерес, преокупирани со нови интересни содржини. Се обидувате нешто од наученото да примените во практика и тоа со цел за подобро да функционирате. Бидејќи не сакате да ви недостасуваат основни работи, потрудете се да ги подобрите животните услови. Неуморни сте.

Рак
Со Близнаците одлично соработувате, што не е честа појава. Вашите мисли се окупирани со нови содржини, па можеби сте малку површини. Ќе мине и таа состојба, но желбата за знаење нема. Ситуацијата бара преквалификација т.е. стручно усовршување. Планирате нови семејни средби. Не мирувате.

Лав
Лавовите се среќни и задоволни. Во ова расположение повеќе уживаат машките претставници на знакот, но ниту Лавиците нема да останат со куси ракави. Неочекуваните настани ви го враќаат оптимизмот, а една средба буди нови надежи. Со Водолиите ќе воспоставите другарски контакт, бидејќи тие имаат кренато раце од нешто посериозно.

Девица
Вложувате огромен напор за да ги извршите обврските, но не ви е тешко, зашто сте свесни за целта. Снаодливо ги решавате семејните прашања, не сакајќи никого да повредите со сопствените чувства. Тие се далеку од стереотипното размислување и „проза“. Тоа е ваша мала интима. Фантазирате за една средба.

Терезија
Бурни реакции, кавги и нервирања… Терезиите што се обезбедиле на емотивен план нема да ги имаат овие проблеми. Тие се мирни како бубачки. Оние другите, со помалку среќа, незадоволството ќе го префрлаат на околината, обвинувајќи ја за сопствените неуспеси. Се надеваме дека припаѓате на првата група и не ширите нервоза.

Скорпија
Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата.

Стрелец
Се’ ви оди од рака. Уметнички сте ориентирани, емотивно задоволни. Со партнерот остварувате хармонична и корисна врска, од која обајцата профитирате. Тој мора повеќе да работи, а вие сте задолжени за „маркетинг“. Така се однесуваат повеќето припадници на знакот. Денес излезете во друштво и забавувајте се.

Јарец
Пред вас има многу работа, а малку помош. Под услов животот да го делите со Стрелец, морате постојано да работите. Додека тој себично ужива, вие се грижите за прозаични работи, зашто сте припадник на практичен земјен знак. Доколку сте здружени со припадник на некој воден знак, ќе имате поинаква среќа.

Водолија
Прекрасните мигови со Лавовите се базираат на другарство. Сфаќате дека од нив сте очекувале невозможно и не ви е јасно како е можно да сте биле толку „глупави“. Ситуацијата е разбистрена, па кон партнерот сте потолерантни од инаку. Семејните настани влијаат на плимата на оптимизам и аспектите на надворешна среќа.

Риби
Евидентна е менталната, емотивна и физичка криза. Одговорот на многу прашања побарајте ги во недостатокот на виталност, па настојувајте да зајакнете. Ви годи самотијата, зашто никој не е во состојба да ве расположи. Помошта од страна е незначителна, а луѓето неадекватни. За среќа, целосното незадоволство е само субјективно и минливо.


Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2011 во 15:43
Sagittarius...комбинација со бик или рипче прашање е сега!!!


http://www.free-animations.co.uk/fish/mermaids/images/mermaid_1.gif    http://60sfurther.com/FrankFrazetta/TaiChiTaurus-th.jpg   http://www.zenskiprincip.com.mk/images/stories/horoskop/taurus.jpg http://astrologermo.files.wordpress.com/2010/04/taurus.jpg

Љубовта помеѓу СТРЕЛЕЦ и БИК  може да биде неверојатно страсна и „жешка“, но овие партнери ќе мораат да си дадат себеси време за да ја разберат посебната енергија која се создава во нивната врска. Двајцата партнери можат да научат многу од нивната врска. Додека стрелецот „цвета“ во оние периоди од животот кога постојано запознава нови луѓе, посетува нови места, пробува различен тип храна и слично, бикот може да биде прилично задоволен и со рутинско секојдневие, сè додека истото му дава чувство на стабилност и сигурност. На почетокот на нивната врска, бикот може да бара повеќе приврзување и дефиниран однос отколку што стрелецот е спремен да даде, но ако бикот научи да биде трпелив, стрелецот дефинитивно ќе почне да го цени комфорот и стабилноста која неговиот партнер му ја пружа. Овие два знака имаат различни погледи кон животот. Бикот е сталожен, сериозен и практичен, кои карактеристики го неутрализираат неуморното однесување на стрелецот. На стрелецот може да не му се допаѓа честото млитаво, безживотно однесување на бикот и ќе се обидува да му ја забрза крвта во вените, што е негов доста паметен начин да го предизвика бавниот и непроменлив бик да се активира. Бикот во суштина, има многу работи да му понуди на стрелецот во врската, кој можеби ќе има проблем да си ја признае себеси потребата за безбедна и стабилна љубов. Стрелецот за возврат, ќе внесе многу забава и авантуристички дух во секојдневието на бикот.

http://th01.deviantart.com/fs30/300W/i/2008/117/5/0/TAURUS_by_hypnotises.jpg         http://www.astrocenter.com/us/images/horoscopeModule/UnpersBigIm_Horoscope_Sagittarius.jpg      http://www.lightparty.com/Artainment/images/SagJohfra.jpeg  

Бикот е управуван од планетата Венера, која е симбол на љубовта, а стрелецот е предводен од планетата Јупитер која внесува среќа во стрелецот. Влијанието од Венера создава кај бикот љубов кон убавината, луксузот и сладострасни телесни задоволства. Јупитер пак создава оптимистички дух, филозофски начин на размислување и голема желба за патување кај стрелецот, кој е секогаш подготвен за учење нови работи со кои ќе го развие својот ум и интелигенција. Комбинацијата од убавина, развој, мажествена и женствена енергија е причината зошто овие два знака меѓусебно се обожаваат и почитуваат. На стрелецот му е потребен простор за да може да живее во својот полн сјај, а бикот од друга страна е во потрага по стабилност. Стрелецот се потпира на своите чувства и инстинкти, кои го водат низ животот, додека бикот е практичар кој е загрижен за ефикасноста на работите. Овие нивни различни погледи кон животот можат да одат или во прилог на нивната врска, или да претставуваат причина за стресни расправии, доколку двата знака не успеат меѓусебно да се разберат и прифатат онакви какви што се. Сè додека и двајцта партнери се обидуваат да го уверат својот љубовник дека нивната врска е специјална и важна (на бикот особено му е потребен тој доказ), работите помеѓу нив ќе бидат „мазни“. Бикот е тврдоглав. Кога тој еднаш ќе донесе некаква одлука или заклучок, потребен е многу голем напор за да го промените неговото мислење. Стрелецот има потреба од  разновидност во животот. Ако тој негов нагон за искусување нови работи, се претвори во желба за експериментирање со нови партнери, ќе мора да биде внимателен. Бикот не толерира неверство и доколку такво нешто се случи, тој ќе биде длабоко повреден и нивната врска најверојатно нема да успее. За да не се случи такво нешто, бикот пак од своја страна ќе мора да му ја даде неопходната слобода на стрелецот, да ужива во различните искуства и запознавањето нови луѓе, се разбира само на едно платонско ниво.

http://i48.tinypic.com/3150fa8.jpg    sagittarius           Sagittarius_by_ming85.jpg%20Sagittarius%20by%20ming85%20on%20deviantart.com    http://thelittlechimpsociety.com/wp-content/uploads/2010/12/Sagittarius_LCS3.jpg  

Бикот може да му ја покаже на стрелецот убавината во удобната и стабилна љубов, а стрелецот може да го научи бикот дека флексибилноста понекогаш е подобар избор отколку следењето крут, однапред определен правец на однесување. Најдобриот аспект од љубовната комбинација стрелец – бик, е можноста на партнерите за откривање нови начини на доживување на светот околу нив, како резултат на нивните сосема различни карактери. Тие ќе имаат среќна и стабилна љубовна врска, ако научат да го прифатат својот партнер онаков каков што природата го создала. Кога СТРЕЛЕЦ и РИБА  стапуваат во врска, нивните љубовни соништа постануваат реалност. Стрелецот во оваа врска е оној кој постојано нешто размислува, филозофира и без тешкотија преминува од една на друга работа, со ист интензитет на енергија. Рибата е позатворена и духовна личност, која преминува од една на друга работа во нејзиниот мозок. Во некои сегменти тие се многу различни и на луѓето кои не ги познаваат би им било чудно како тие воопшто се „споиле“. Но нивната љубов, со тек на време може сè повеќе да расте и стрелецот и рибите ќе умеат сè подобро да ги остваруваат желбите и мечтите на својот партнер. Стрелецот е дружељубив, снаодлив и енергичен, а кога е во врска со риби, тој се јавува во улога на заштитник на неговиот понежен партнер. Рибата за возврат му дава тотална поддршка и разбирање и умее на еден суптилен начин да го релаксира незапирливиот стрелец. Таа е лесно прилагодлива личност и нејзината енергија во врската ја насочува кон разбирање, поддршка и сочувствување со нејзиниот стрелец. Рибата е всушност хороскопски знак кој е најтрпелив во однос на резервираноста и дистанцираноста на стрелецот во љубовните врски.


http://www.free-animations.co.uk/fish/sharks/images/shark_3.gif http://www.animationbuddy.com/Animation/Animals/Fish/Drunk_fish.gifhttp://www.eclectech.co.uk/b3ta/fishumbrella.gifhttp://www.capthooksportfishing.com/images/Fish_animated.gif http://gorillaartfare.com/wp-content/uploads/2008/05/fish_pipe.gif

Стрелецот и рибите се предводени од иста планета – Јупитер, а рибата и од Нептун. Јупитер симболизира истражувачка работа, која е на различен начин манифестирана кај двата знака. Влијанието на Јупитер во рибите се јавува на еден апстрактен начин; тие честопати имаат желба да го спасат светот (најчесто во форма на заштита од загадување, преку рециклирање и екологија). Стрелецот од друга страна преферира да ги прошири своите хоризонти преку академско образование. Нептун во рибата внесува илузија, способност за смислување добри идеи, како и гледање на работите од поширок аспект, но во одредени ситуации и разочарување и живеење во фантазии. Стрелецот може да и помогне на рибата да застане цврсто на земја. Јупитер преку своето влијание врз рибата може да воведе нежност во повремените тврдоглави и непромислени испади на стрелецот. Стрелецот е огнен знак, а рибата воден. Овие два елемента можат да создадат одличен љубовен пар, доколку вложат малку од себе во врската. Тие умеат на еден природен начин да ги доживуваат ситуациите и постапките на луѓето, што пак им го олеснува решавањето на проблемите. Рибите на стрелците можат да им дадат насоки и да ги научат како да бидат понежни, додека стрелците можат да им возвратат учејќи ги како да бидат авантуристи и да го истражуваат светот. Оваа двојка ќе ужива патувајќи заедно.Понекогаш рибите можат емоционално да го гушат стрелецот, а премногу „вода“ е лошо за неговиот огнен дух. Спротивно на тоа и премногу „оган“ може да ја загрее водата, па рибата да почне да „зоврива“. Стрелците и рибите мораат да ги употребуваат нивните перспективни вештини за да ја подобрат врската, посветувајќи се секогаш на тоа што му е потребно на партнерот. Ниеден од партнерите не сака да доминира во врската. Тие уживаат еднакво и сакаат нивните идеи да се остваруваат. Рибите се многу среќни кога им помагаат на стрелците. Никој од нив не се преокупира со конечните резултати од направеното, за нив важна е забавата. Бидејќи стрелецот и рибите немаат проблем околу тоа кој која улога ја зазема во врската, тие можат без проблем заеднички да работат кон остварување на нивните цели и да постигнат големи успеси.

http://download.wapday.com/animation/connteent/15370-t/cartoon_beta_swimming.gif http://www.mwise.com/cdp-cms-ui/uploads/GIF/A/Animation_Animals_Golden_Fish_cV100_aquarium1.gif http://download.wapday.com/animation/connteent/15418-t/school_of_scuba_fish.gif http://www.free-animations.co.uk/fish/dolphins/images/dolphin_19.gif http://www.free-animations.co.uk/fish/mermaids/images/mermaid_6.gif

Најдобриот аспект од комбинацијата стрелец и риби, е тоа што тие можат да извлечат корист од нивната мудрост и истовремено да се сложуваат совршено. Рибите им покажуваат на стрелците како да се соживуваат и да се грижат, а тие ќе ги научат како да ја претворат фантазијата во реалност. Способноста овие два знака да си ги надополнуваат недостатоците ја прави оваа врска исклучителна.



Изменето од bijonse1 - 28.Февруари.2011 во 18:32
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2011 во 20:36
Овен: Пазете се од првиот знак во зодијакот. Овните се оргазмични и во тоа лесно ќе се уверите доколку се најдете во нивно друштво. Енергијата на овенот сугерира да преземете одговорност за да доживеете сопствено задоволство.

Бик: Воведете некое јадење во сексуалниот чин. Може да биде шлаг-пена, јагоди, чоколадо, мед или што било друго. Употребете ја вашата имагинација. Биковите управуваат со апетитот, па нивната космичка енергија вели: „Зошто да не се наполни стомакот и воедно да се задоволат и подолните предели?“

Близнаци: Овој знак сака муабетење, па нему ќе му се допадне доколку му зборувате валкано. Нема да згрешите ако на близнаците им кажувате реченици од типот: „Сакам (придавка) да ти го (глагол) на твоето (некој дел од телото)“.

Рак: Обидете се со нежност, нежни бакнежи, слатки шепотења, бескрајни допири… Енергијата на ракот е сензуална. Овој знак владее со стомакот и градите, па може да почнете од таму.

Лав: Направете претстава. Лавот е знакот на шоу-бизнисот, а сите знаеме дека не може да има шоу без публика. Енергијата на лавот сугерира да се започне уште во диско-клубот. Фатете се за шипката или качете се на бината и почнете да работите на случајот.

Девица: Дајте им масажа, по можност со среќен крај . Истражете на интернет кои мускули треба да ги допирате и на кој начин. Нивната енергија се асоцира со здравјето и благосостојбата, и тоа во физичка смисла. Доколку научите повеќе за физиологијата, ќе бидете посамоуверени со девицата и ќе можете и самите да доживеете поголемо задоволство.

Вага: Вагата е знак на елеганцијата. Ќе ја возбудите со чипкана долна облека и/или чаршафи со специфични плетки. Секогаш мислете на извонредните додатоци кои ќе ја освојат вашата вага.

Скорпија: Срушете ги границите на перверзиите. Енергијата на скорпиите може да биде дива и животинска. За секого е различно. Запрашајте се која е вашата граница и границата на вашиот партнер, а потоа пречекорете ја.

Стрелец: Локацијата е сè за стрелецот. Извадете го надвор од креветот и однесете го во кујната, во вашиот автомобил, во лифтот, во просторијата за палта во дискотеката… секое место што ќе ви падне на памет, а притоа не би ве уапсиле.

Јарец: Неговата енергија е во знакот на моќта и авторитетот. Во играта со господарот и слугата, јарецот дефинитивно е господарот. Во овој дух, преземете иницијатива и направете нешто надвор од вообичаеното. Опционално можете да вклучите црна кожа во играта.

Водолија: Појдете во некоја продавница за „играчки“ и купете некои од најинтересните. Чисто за појаснување, ова се такви играчки кои не би ги отпакувале заедно со своите родители во собата. Има голем избор. Па, забавувајте се.

Риби: Го знаете симболот на хороскопскиот знак риби? Размислете. Доволно е кажано.

_______________________

Interesno u sekoj sluchaj xD
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
zverka_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zverka_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2011 во 17:17
Близнаци: ........... па нему ќе му се допадне доколку му зборувате валкано.  iiiiiiiiiiii ne sum znaelaизненадување
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
Кон врв
heptagram Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај heptagram Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 19:40
Еве еден од лесните начини да определите кој подзнак сте. Во есејот нема што значат знаците, ниту пак подзнакот, ниту планетите и нивното влијание во зависност од тоа во која куќа, или пак меѓусебениот нивни сооднос.
Повелете, како да го определите својот астролошки подзнак!

Изменето од heptagram - 13.Јануари.2011 во 19:41
Нека Оној кој има Разбирање го пресмета Бројот на Нашата Дама; бидејќи е Бројот на Жена; и Нејзиниот Број е Сто и Педесет и Шест.
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2011 во 14:19
Uste da veruvav vo ogranicuvanja .....
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 15:34
Секоја жена реагира различно кога е во прашање изневерувањето.


Овен:
Никаде нема да оди. Нема да има сили да превземе ништо како одговор. Ќе го прифати "машки", можно е дури и да не обрне внимание – всепак партнерот и носи доволно пари дома- ќе стигнат за сите. Но, исто како хамстер, од тука натаму ќе започне да купува кожни палта, накит и акции.


Бик:
Ќе прости, но ќе запомни. Развод нема да ти даде никогаш. Но ова не е повод да си помислиш дека се поминало. Како одговор ќе ти стави такви рогови, за кои не си ни помислувал. Во оваа цел активно учество ќе земат и твоите пријатели, колеги и началникот.


Близнаци:
Зависи од расположението. Може да тргне по трупови (началник, родители, пријатели), за да ја носиш својата казна. Но може и да те зачуди со идејата дека и таа има љубовник, и дека нема ништо против, дури може да направите тројка (бидејќи, гледаш, и ти не ја задоволуваш нешто посебно ).


Рак:
Експлозијата од гнев може да избувне ненадејно. Но, наскоро таа ќе дојде до заклучокот дека ти не си човекот кој и е потребен. Таа не трпи изневерувања, припреми се за развод.


Лав:
Таа као резерва има премногу кавалери, така што нема многу да страда-оди си бидејќи и ти ми си здосаден. Скоро сите славни модели се родени под овој знак. Дали си сигурен дека пронајде жена подобра од твојата?


Девица:
Внимај горчивите реки од солзи да не потчет кон соседите. Ден и ноќ ќе плаче. Од солзте дури и тебе ќе ти се приплаче.


Вага:
За неа секогаш може да се реши важен проблем: да го сака овој или другиот, или двајцата во исто време. Таа секогаш има резервна варијанта. Оваа жена едноставно не може да живее сама. Ако размислиш и се вратиш кај неа, знај дека семејството ќе ти биде зафатено.


Шкорпија:
Многу е љубоморна, а со тоа и гази се пред себеси. Но, нема да се обидува да те задржи, веќе си мината етапа. Веќе не постоиш за неа. Но, и покрај се ќе ти се одмазди, и тоа капитално. Или ќе останеш гол како пушка, или веќе нема смисла да бараш друштво од жени.


Стрелец:
Ќе си дозволи понижувачки реплики, што често води до разделување. Ако тоа се случи, долго време ќе остане сама.


Јарец:
Способна е да те шутне само при помислата, дека си имал возможност за погледнување на страна. Ќе си тргне од секоја забава, само ако забележи дека погледнуваш друга. Ќе ти залепи шамар пред сите, без да се срами. Никогаш нема да те сожалува. Ако те остави пред вратата со куферите, а ти се обидеш да влезеш преку прозорецот, тој ќе биде закован. Освен тоа способна е да се одмаздува, и ќе смисли многу варијанти за да ти напакости.


Водолија:
Ќе смисли крвна одмазда.. Ќе плете интриги, ќе донесува планови и стратегии. Ќе подаде молба за развод, кога целиот имот, сите акции се на нејзино име.


Риби:
Ќе си отиде, ќе ти посака среќа со другата. Нема да се бори за љубовта. Нема ни да заплаче. Таа е машко девојче.


_____________

Интересно.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2011 во 23:17

ДНЕВЕН ХОРОСКОП 25.01.2011. вторник




ОВЕН
Дефинитивно нема да ви оди на статусен план, и не дека тоа е нешто ново за вас, бидејќи ова се случува со месеци наназад, едноставно во тесно сте од тешки планети со тешки аспекти кои траат, а богами и ќе траат. Немате среќа а ни трпение со партнерот денес, нешто и тој дезориентиран, крут, непристапен, а колку до вчера се беше во ред и со него и со вас. Малку ми сонувате повеќе на јаве од што е природно за вас, а бидејќи не сте навикнати, да не помислите дека сонот е јаве. Посебно во новите врски. Алооо, полека, тукушто се запознавте.

БИК
Денес имате солиден ден иако рака на срце не сте го заслужиле со ништо. Некој наоѓате постојано да ви помага и да ве вади, на деловен план колешка и тоа таква што се грижи за вас, без оглед на полот на којшто му припаѓате, колку да не ви паднат некакви грешни мисли на ум. Значи добивате помош, услуга, информација, тековните обврски ви се средуваат, односно некој ви ги средува. Нешто зајакнато либидо денес, мислите нешто повеќе на секс од вообичаено, но внимавајте што правите по грмушките, ако сте по таа чест, може некој да ве види и да си ја упропастите брачната кариера.

БЛИЗНАЦИ
Ептен сте ми опоравени од стресната состојба пред и нешто по Новата година кога бевте со еден збор за жалење. Сега богами веќе се наоѓате во ситуација и состојба да ги жалам оние од вашата околина, бидејќи на моменти сте неподносливи со својата брзина, и во говорот и во гестикулациите, што на човек едноставно може по малку и да му се врти во главата. Освен тоа одлично ви оди на партнерски план, на планот на јавноста, во сериозните нови врски што сакате да траат, а оние што нејќете, самите ги буткате во пропаст.

РАК
Знаете, сите се нешто сентиментални кон вас, демек сироти Ракчиња, чувствителни, повредливи, поглед ги повредува и ничкосува. Ама не е така, барем јас ве познавам. Денес малку подотворени оклопчињата токму колку што треба да излезе нешто повеќе од амбициозноста, иако за јавност и јавно презентирање пред поголема толпа луѓе не сте. Имате доста страсти во себе, госпоѓите нешто малку повеќе од господата, па затоа и прават работи за кои колку до вчера се колнеле дека во живот нема шанси да ги направат. Први дигаат телефон да се јават.

ЛАВ
Дааа, на вас пак промоцијата на јавен план ви е "добро утро" и си ја практикувате кога и да можете, па макар имале и пола од полушанса што секако е доблест оти секој тоа не го може, мислам нема таков капацитет за себепрезентација. Отаму и со партнерот како дел од вашата "јавност"
ќе ви оди прекрасно, во новите љубовни врски и понуди уште повеќе. Приказна од темната страна се дневните обврски со кои тешко се справувате, а сте си зеле малку повеќе на грб, па сега и ќе подлажнувате за причините поради кои не се завршени. И приватни и професионални.

ДЕВИЦА
Вие сте на лер како да речам, малку горе малку долу, со раположението, нешто може да ви се случува на статусен план, со партнерите поуспешни машките од овој знак, женските многу понервозни. Некакви проблеми и со деца, на релација баба-дете, учителка-дете или пак трошоци во врска со истото, иако имате дарба денес и не само денес за правење пари. Но и во понекоја нова љубовна врска мајката на партнерот, читај партнерката, претерува со својот интерес каде, што, до колку, тамам колку да се почувствувате како под специјален надзор да сте.

ВАГА
И вие сте денес доста променливи, иако многу помалку од другите такви. Може да бидете час еуфорични час патосирани, но во секој случај владеат големи вибрации, во среде голем воздушен тригон сте што ги забрзува сите ваши интелектауални зафати, потфати, акции, ама од друга страна во сред сте и на вибрациите на големиот кардинален квадрат, значи голема планетарна констелација која дава се саде "борбени" и антагонистички вибрации, посебно на емотивен план, на планот на етаблираните врски и домот, родителот. За невидено чудо, во новите реалции, пасторала.

СКОРПИЈА
Вторникот благото кострешење на темето ќе ви е знак дека нешто некој ви работи зад грб, има конспиративни намери кон вас, некаков заговор, озборување, најчесто сето ова на работа, на деловен план, но и на сите кај што остварувате труд, амбиции, поретко на чувствен и љубовен план, ама Скорпија си е Скорпија, ако нема нешто тајно, не сите ама добар дел од знакот, ќе си направи како да има само поради имиџот. Добро, шегата на страна, но внимавајте на конспиративниот план на вашиот љубовен живот, посебно ако сте од машките од овој знак.

СТРЕЛЕЦ
Денес сте со чувство на среќа, саканост, можеби заљубеност ако сте по таа чест, во секој случај на некого ако не им се стемни вам како да не ви осамнува. Во домот ви е насочено вниманието, или пардон, некакво случување, гланц ново, на интимен план, припадниците на овој знак кои не биле одамна со некого ете прилика во ни таму-ни ваму ден од седмицата да сторат нешто со својата љубовно-сентиментална перспектива. Пријателите се насочени кон вас, ги привлекува вашиот енергетски биланс кој вели имам енергија и за извоз.

ЈАРЕЦ
Денес непотребно може да влезете во расправии со помлади машки лица, велам сосема непотребно бидејќи сте вие малку повеќе нервозни денес, вашиот владетел Сатурн кочи со сите сили, за утре да тргне во рикверц па оттаму малку поголема вибрација на нервоза, чувство на притисок, очекување или мислење дека вие треба да понесете одговорност за сенешто. Значи едноставно, внимавајте на комуникацијата на вербален план, но комуникацијата преку сметки и електроника одлично ви оди. Со истите и се заработува, а тоа денес ептен ќе ви оди.

ВОДОЛИЈА
Мразите да лажете нели, ама денов ви е за проверување на истото. Значи ќе бидете ставени во позиција сакале-нејќеле да морате, ако не да излажете, тогаш барем да ја премолчите вистината. И вам Сатурн ви ги мати работите, пораки од авторитетни роднини преку помладите за некакви документи околу имот, денационализација, делба што ли, судски допис, опис, попис, нешто со суд, институции, на тој пат доста опструкции на помлади вработени, демек на шалтерите ќе има агилност, младост и знаење, ама од наведеното изгледа ги има само првите букви.

РИБИ
Денес не сте добри, ама не сте ни лоши. Госпоѓите и госпоѓиците од овој знак имаат потежок ден на чувствен план, посебно ако имаат некаква конспирација зад себе или преболуваат некаква таква работа. Во секој случај замешателства на релација чувства, страсти, па рацио, па пак чувства, па ќе се јавувам, па не се јавувам, нека се јави тој и така господата од машкиот пол поконкретни и поегзекутивни. Денес не работете со пари, демек прогласите мораториум за парите денес, а не ќе е лошо и утре, нема да ви оди и нема да ве лажат.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2011 во 09:13
Риби: Го знаете симболот на хороскопскиот знак риби? Размислете. Доволно е кажано.
Риби:
Ќе си отиде, ќе ти посака среќа со другата. Нема да се бори за љубовта. Нема ни да заплаче. Таа е машко девојче.
РИБИ
Денес не сте добри, ама не сте ни лоши......
moze da si promenam znakovзбунетостизненадување
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2011 во 11:25
Јарец:
Способна е да те шутне само при помислата, дека си имал возможност за погледнување на страна. Ќе си тргне од секоја забава, само ако забележи дека погледнуваш друга. Ќе ти залепи шамар пред сите, без да се срами. Никогаш нема да те сожалува. Ако те остави пред вратата со куферите, а ти се обидеш да влезеш преку прозорецот, тој ќе биде закован. Освен тоа способна е да се одмаздува, и ќе смисли многу варијанти за да ти напакости.

What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 15:35
Originally posted by zverka_ zverka_ напиша:

Близнаци: ........... па нему ќе му се допадне доколку му зборувате валкано.  iiiiiiiiiiii ne sum znaelaизненадување


Па јас сум близнак и некој да ми збори такаизненадувањеизненадување
не сакам...........

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
mariija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2459
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mariija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 15:47
Водолија:
Ќе смисли крвна одмазда.. Ќе плете интриги, ќе донесува планови и стратегии. Ќе подаде молба за развод, кога целиот имот, сите акции се на нејзино име.

tocno taka
"If you talk to God you're religious. If God talks to you, you're psychotic."
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7273747576 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.