IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 149150151152153 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2016 во 18:13

ОВИЕ 5 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НА ВРВОТ НА ЛИСТАТА СПОРЕД УБАВИНАТА, СЕКСАПИЛНОСТА И МАГНЕТСКАТА ПРИВЛЕЧНОСТ

12
Секоја жена е убава на свој начин, без разлика дали мами погледи со својата физичка убавина, со харзима или со позитивната енергија што ја носи во себе. 

Сепак според експертите во областа на астрологијата, припадничките на понежниот пол родени во некој од овие 5 хороскопски знаци дефинитивно се на врвот на листата според убавината, сексапилноста и магнетската привлечност која ја поседуваат.

Скорпија

Скорпиите имаат прилично добра градба. Добри нозе, широки рамена, впечатливо лице со сензуални усни и продорни очи неретко ги красат овие дами. Припадничките на овој знак најчесто имаат преубава кафена густа коса. Тие сакаат да се дотеруваат, но нивниот префинет вкус никогаш нема да дозволи да претераат. Кога Скорпијата ќе реши да ве освои, таа целиот „отров“ ќе ви го сервира така што вие слатко ќе го испиете. Нивната убавина е секогаш над просекот, а покрај мажите ги сакаат и децата. Среќен е човекот кого Скорпијата искрено ќе го засака.

Овен

Овие жени делуваат силно, имаат спортска градба и изразени црти на лицето кои тешко се забораваат. Многу често се бринети со светли очи и совршено тело. Нивниот изглед е во согласност со силната и енергична личност која ја носат во себе, а нивната свиленкаста кожа ќе направи секој допир на оваа убавица засекогаш да остане врежан во вашите сеќавања.

Лав

Силни, грациозни и често спортски градени. Тие се одликуваат со убаво извајани нозе, чии изглед и држење ќе ве остават без текст. Сакаат да се облекуваат модерно и на нив може да им се припишат многу таленти, но без лажна скромност, природната убавина и шармот никогаш не престануваат да им го одземаат здивот на мажите. Доколку мислевте дека кога станува збор за Лавиците се мисли на просечна убавина, се лажете. Нив лесно ќе ги препознаете помеѓу останатите, бидејќи покрај нивната убавина, нивниот стил на облекување и начинот на живот никогаш не се клише.

Стрелец

Жените родени во овој знак се најзгодни во целиот зодијак. Со просечна висина и добра градба, овие убавици како да имаат природен талент да дојдат до израз. Често имаат убаво и по малку долгнавесто лице, високо чело и изразени светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но кога треба да се претстават во полн сјај ќе го направат тоа на вистинскиот начин и со одмерена доза на луцидност. Секогаш се оригинални во настапот и лесно ќе ви го украдат вниманието. Кога се излезени во град, нема многу да ви треба за да ги забележите помеѓу група убави девојки, бидејќи нивната убавина и шарм доаѓаат до израз во секое друштво.

Водолија

Водолиите обично се со средна висина или пак се ниски. Имаат преубаво заоблено лице и светол тен. Обично имаат помали дланки и стапала, но убаво извајани нозе. Очите им се нежни, а погледот бистар и искрен. Водолиите имаат убави и меки крупни усни. Тие не му придаваат преголемо значење на облекувањето, тие знаат дека кога пред својот избраник ќе се најдат голи, никој нема да размислува за облеката. Водолиите се често природно благословени и со женски атрибути, па така го оставаат спротивниот пол без здив.



Изменето од Valerija - 02.Мај.2016 во 18:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2016 во 15:58

АСТРОЛОГИЈА: КОМПЛЕКСИТЕ ВО ЗОДИЈАКОТ

17

Зависно од карактеристиките на секоја личност комплексите може да се претпостават и според астролошкиот знак, бидејќи токму тој ги открива слабите точки во карактерот на секоја личност.

Токму оттука потекнуваат и сите несигурности и стравови.

Овен

Припадниците на овој знак на прв поглед се многу самостојни и самоуверени, но тој нивни став често е привиден. Всушност, нив им е страв да зависат од другите бидејќи така им го диктираат и расположението. Од блиските луѓе потребна им е поддршка и внимание, инаку стануваат несигурни или депресивни. Тогаш ги примаат особините на „негативната Вага“ – несигурност, неодлучност, пасивност, голем замор и фрустрираност.

Бик

Без разлика дали во љубовта, финансиите или во професионална смисла, најголемиот внатрешен страв на припадниците на овој знак е несигурност и чувството дека немаат контрола над ситуацијата. Така во врската ќе им треба долго време за да стекнат доверба во партнерот и да го изгубат чувството дека тие се оние кои повеќе сакаат во врската. Ако се чувствуваат лошо ги преземаат карактеристиките на „негативната Скорпија“ – посесивност, лутина, обвинување, освета.

Близнаци 

Колку и да се комуникативни и експресивни, Близнаците се свесни за променливото расположение и поприлично се комплицирани. Иако околу себе имаат голем број луѓе со кои се согласуваат да го прифатат она што се. Во кризни ситуации преземаат карактеристики на „негативните Стрелци“ – не сакаат да слушаат туѓи објаснувања, главата им е во облаци и стануваат саркастични.

Рак

Припадниците на овој знак поприлично се чувствителни на тоа колку често другите ги сметаат за важни во нивните животи. Нивната несигурност излегува на виделина во ситуации во кои се чувствуваат запоставено, несакано или ако ги прозиваат дека нешто не направиле како што треба. Тогаш ги попримаат карактеристиките на „негативниот Јарец“и стануваат песимистични, се повлекуваат во себе и се сожалуваат.

Лав

Губењето на положбата и јавното понижување се ситуации во кои припадниците на овој знак покажуваат слабост. Ако случајно некој ги игнорира нивните потреби и желби, на виделина излегува нивната внатрешна несигурност дека на блиските не им значат онолку колку што самите сметаат дека би требало. Тогаш ги примаат карактеристиките на „негативната Водолија“ и стануваат саркастични, повлечени во себе и бегаат од оние кои ги повредиле.

Девица

Припадниците на овој знак се навикнати да имаат ладнокрвна маска која ретко кој може да ја скрши, а таа всушност им служи за криење на внатрешната несигурност. Нивниот примарен комплекс е дека не се толку добри, вредни, способни или шармантни  како што оставаат впечаток, па чувствуваат постојан притисок дали ќе го одржат доброто мислење. Во стресни ситуации ги примаат карактеристиките на „негативните Риби“ – се плашат, емотивни се, деструктивни и хистерични.

Вага

Припадниците на овој знак нивниот социјален углед им е многу важен, а најголема несигурност претставува идеја дека другите за нив зборуваат нешто лошо, ги забележуваат нивните маани или погрешно ги сфаќаат нивните постапки. Стравуваат дека поради тоа другите ќе ги отфрлат и ќе имаат помала доверба за тоа колку им значат. Во стресни ситуации примаат карактеристики на „негативниот Овен“ – стануваат агресивни, викаат и често се караат.

Скорпија

Скорпиите немаат многу комплекси, но една несигурност постојано ги следи – потребата да се доживуваат како паметни или способни. Ако се почувствуваат дека се изложени или ранливи, мислат на тоа како другите би можеле да ги искористат и да стекнат предност пред нив. Во таквите ситуации ги примаат карактеристиките на „негативниот Бик“ и стануваат пасивни или зајадливи.

Стрелец

Иако делуваат неамбициозно, филозофски се настроени и имаат потреба да им се допаѓаат на луѓето. Важно им е сите да ги памтат по добро, а сите критики на нивна сметка ги сфаќаат многу лично. Ако не добиваат пофалба за нивната работа или однесувањето им се јавува комплекс на пониска вредност. Тогаш ги примаат карактеристиките на „негативните Близнаци“ и стануваат површни, зборуваат неповрзано, вознемирени се и многу незгодни во комуникацијата.

Јарец

Припадниците на овој знак се многу несигурни и недоверливи по прашање на емотивните односи. Сметаат дека не им се дораснати на туѓите игри и се плашат некому да се предадат со целосна доверба и емоции за да не останат повредени. Токму поради тоа глумат ладнокрвност, но во стресните ситуации таа ранливост доаѓа до израз. Тогаш ги добиваат карактеристиките на „негативниот Рак“ чудни се, посесивни, љубоморни и многу емотивни.

Водолија

Иако делуваат како мислењето на околината да не им е важно, Водолиите често го кријат недостатокот на самодоверба. Сепак, , со оглед на тоа што не сакаат да се стопат во масата , туку тежнеат кон тоа да останат индивидуални, одлучуваат да глумат дека другите не ги интересираат. Истовремено стравуваат дека луѓето кои им се важни, лесно ќе ги заменат. Во стресни ситуации примаат карактеристики на негативниот „Лав“, не сакаат да слушаат, бегаат од расправии и гледаат „од високо“.

Риби

Рибите по правило не се несигурни, само премногу размислуваат за човечките односи. Еден од вечните стравови им е дека другите ќе ги сфатат „здраво за готово“. Исцрпени од грижи за другите, уморни и разочарани, Рибите во стресни ситуации ќе ги примат карактеристиките на „негативните Ваги“ и ќе станат критични, ладни, исклучително перфекционистички настроени и воопшто нема да бираат зборови со кои ќе ги повредат другите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2016 во 08:11

ЖЕНСКИ ХОРОСКОП ЗА ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2016 ГОДИНА!

12

Што ти подготвиле ѕвездите за престојната топла сезона? Дали ќе се издигнете во професијата или пак ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот? Проверете си:

Овен
Љубов, нов партнер и зголемување

До 11 август Јупитер ќе биде во Лав – петтиот твој дом кој е задолжен за романтиката, страста, креативноста и самоизразувањето. Имаш уште неколку месеци, во кои можеш да разбиеш барем неколку срца. Ако сакаш да свртиш нова страница, ќе имаш врати, на кои можеш да затропаш. Прашањето е дали си подготвена за промена, бидејќи петтиот дом  не само што носи романтика, но и плодност. За овни, кои копнеат за деца, ова е добра вест. Останатите треба да бидат внимателни и да користат заштитни средства. Освен во љубовта среќата ќе те придружува и во работата.

Бик
Бебе или миленичиња
Поволните промени со кои ти започна годината, во почетокот те исполни со ентузијазам. Тој малку по малку згаснува, па на преден план испливува заморот од дополнителните ангажмани. Во мај Ти претстои важна средба. Емоционалната интелигенција треба да ти е на втор план, за да не се повторуваат грешките од минатото. Јупитер е во четвртиот дом до 11 август, што отвора можност да купиш или да продадеш имот, да го зголемиш семејство (ова вклучува и евентуална бременост или нов миленик) или сериозна промена во начинот на живот.

Близнаци
Нови идеи, нова среќа
Пролет процвета и дојде време да излезеш од зимскиот сон. Насочи ја неисцрпната енергија во проекти за самообразование и најди начин да ги споделиш новите идеи со луѓе кои ќе ги ценат. Ова ќе се покаже плодност. Оваа година Сатурн поминува низ Стрелец – седмиот дом, одговорен за обврските и врските. Тоа значи дека главен акцент ќе има односот со другите. Како Близнак сакаш да избегаш од обврските, но во 2016 година ќе мораш да земеш некои важни одлуки како во личниот, така и во професионалниот живот.

Рак
Каде е богатство?
Излези од дупката, бидејќи околу тебе се вртат многу пари. Можно е оваа година да имате најголеми примања во вашиот живот. Клучот за успехот можеби се наоѓа во случајното решение кое ќе се случи во јуни. Сакаш спокојството на домот и животот без стрес и промена, но сега имаш ретка можност. Не ја испуштајте шансата поради стравот од нешто ново и непредвидливо. Грижете се за вашето здравје. Јадеш премногу нездрава храна, а твоето тело има потреба од прочистување. Започнете здрав режим на исхрана со повеќе салати и овошје.

Лав
Направи ново CV, ве очекуваат промени
Секој Лав сака да слушне: “Ова е ВАШАТА година!”. Па, добро, кога, ако не сега, ќе го слушнеш со добра причина: Лавови, ова е вашата година. Во животот секој има моменти во кои се отвараат не една, туку истовремено сите дупки кон идните успеси. Во наредните месеци можеби ќе ја почувствуваш среќата на промени. Време е сериозно да се зафатите со она што го правите најдобро. Побарај ново работно место и направи ново професионално CV – токму сега не е соодветно да се однесуваш со презир кон својот талент и да ги испуштиш сите  важни можности.

Девица
Крај! Стануваш забавна
Оваа година ќе се одморам. Ова е спротивно на амбициозната кон која се склонат твоите прецизни планови , но Јупитер е во Лав – 12-от твој дом, а тоа значи да не избрзуваш  со ништо. Единствениот правилен начин да ги контролираш нештата, е како се откажеш од контролата. Насочи го вниманието кон проштевање и помирување  со луѓете со кои сте раздвоени. Во 2016 година ќе заминеш на патување во твојата омилена дестинација – каде ќе имаш малку одмор за левата хемисфера на твјот мозок. Извади ја прашината од гитарата во плакарот, или велосипедот од гаража или земете ги четките и боите и дејствувај!

Вага
Нови пријатели
Колку и да е чудно за комуникативна  жена како тебе, сега е времето да ги зголемиш твоите пријателски кругови. Заедно со старите верни другари ќе запознаеш нови познанства кои ќе прераснат во прекрасни пријателства. Јупитер (планетата на патник) е во 11-от дом кај тебе – домот, кој е поврзан со социјалните врски и новите технологии. Почни да водиш нов блог или веб-сајт. 2016-та е годината на добротворноста. Секоја акција во таа насока ќе ти се исплати десеткратно – макар и во нематеријални аспект.

Шкорпија
Ќе блеснеш…
Во споредба со она што беше минатата година, 2016 година ќе биде среќна за тебе. Веќе поминаа неколку месеци, во кои да забележиш дека ѕвездите се малку благонаклонети. И тоа не е ништо! Од средината на мај допрва почнува да ти оди се од рака. Има само еден услов: да не дозволуваш ниската самодоверба да ти попречи да го направиш првиот чекор кон успехот. Не се стеснувај – овозможи да блеснеш. Овој совет се однесува не само за кариерата, туку и за твојот личен  живот. Што се однесува до љубовта, 2016-а за тебе ќе заврши триумфално со огномет.

Стрелец
Пролет е твоето задоволство
Сенката на Јупитер ќе расфрли по патот на твоите страдања, болки, грижи и горчина, но сето тоа ќе биде привремено. Оние потфати за кои мислиш дека се ризични има шанса да излезат успешни.  Хаотичните флертови исто така може да доведед до нешто добро. Доаѓа пролет, твоето задоволство, искористете ја. Топлите денови ќе бидат исполнети со авантури и немири. Авантурите  нма да се само пријатни, ќе бидат и корисни за иднината. Колку и да е чудно, влегувате во речиси благоразумна фаза.

Јарец
Летни авантури
Нема да го познаеш Јарецот во тебе ова лето. Уште отсега си се упатиле кон борба, духовноста и мистиката те повикуваат  на издржливост. Затоа, не треба многу да се изненадите на среќата. Во тебе се буди и уметничкиот почеток.  Со расцветувањето на овошните дрвца , ќе процвета и творечката природа на твојот хороскопски знак. Слободните ќе бидат активни и иако важат за ладни личности тие отворено ќе приоѓаат на спротивниот пол. Кој не ризикува – не може да профитира. Со оваа филозофија слободните Јарци ќе имаат успешни летни авантури.

Водолија
Сè што е љубов
Се што не е поврзано со љубовта, би било празни епови, кога го опишуваат она што доаѓа од Водолија. Како типична Водолија, ти си во фаза, поволна за романтичните и партнерските односи. Од 12 август за тебе започнува 13-месечен период (до септември 2016 година), во кој Јупитер влегува во Девица – во осмиот дом, кој е одговорен за интимните врски и за спојувањето. Значи на претставниците на овој знак им претстои едно убаво лето, што може да заврши со врзување. Од јули ќе имаш голема среќа со парите, но мора да внимаваш да не се плеткаш со нечесни луѓе.

Риби
Што и да допреш, станува злато
Никогаш толку несебични и посветени на спасувањето на сите твои потреби, во наредните месеци на Рибите им е дојден моментот да запловат гордо во своите води. Како типичен претставник на овој знак себечноста ќе биде забележана, а за креативните напори ќе бидеш наградена. Помошта секогаш треба да биде неповратна а ти ќе го разбереш тоа на најдобар пријатен начин – ќе добиеш финансиска награда. Од средината на оваа година започнува тригодишен период на твојот успех во твојата кариера. Единствениот услов е да се стегнеш и да земеш работите во свои раце.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2016 во 15:40

3 хороскопски знаци кои се родени победници


Сите сакаме да бидеме успешни. Во моментот кога ја добиваме таа желба на небото се појавува планета која ни испраќа посебен знак.

3-horoskopski-znaci-koi-se-rodeni-pobednici-1.jpg

За една личност да биде моќна, славна, силна и успешна мора да има барем три планети кои ја красат и ѝ ја даваат таа моќ. Но, сепак планетата која најмногу со поврзува со успехот е Јупитер.

Покрај Јупитер мора да го имаме енергичниот Марс кој ги активира сите сфери, давајќи волја и, секако, Сатурн без кого не може да се постигне ништо, бидејќи без дисциплина и стратегија сите планови пропаѓаат во вода.

Овен – предодреден за лидер

Овенот пред сè е храбар знак. Ентузијазмот и одлучноста се главните особини на овој знак. Ако сакате нешто да биде завршено, дајте му го нему.

Неговата продорност и проникливост го прават одличен шеф, директор кој секогаш е во некакво движење, а токму таа енергија им ја пренесува на сите во фирмата.

Доследно ги исполнува ветувањата, но истото го очекува и од останатите.

Најмногу мрази лаги, озборувања и предавство. Тој би бил одличен хирург, градежен инженер, војник, офицер, актер или најдобар комичар како што некогаш бил Чарли Чаплин. Тој е љубовник како познатиот Казанова или одличен политичар кој ќе успее во секоја своја замисла.

Затоа, ако се најдете во близина на овој знак знајте дека нема бегање.

Подгответе се за работа и дајте го и последниот атом сила кој го имате, бидејќи само така ќе успеете да победите, но и да освоите поени кај овој знак.

Стрелец – оптимист, аристократ

Владетел на овој знак е планетата Јупитер. Онаму каде се наоѓа оваа планета во нашата натална карта, таму лежи и нашата среќа. Овој знак токму како и неговата планета владетел претставува моќ, успех, уживање...

Стрелците се препознатливи по нивниот млад дух, надворешната убавина, атлетската градба, но и постојаната насмевка на лицето, желбата за патување и добра храна.

Стрелецот е отмен аристократ, кој понекогаш се претвора во нескротлив бунтовник, кој ги почитуваа традициите, но сепак го следи својот пат.

Сепак, соработката со Стрелецот не е баш лесна, бидејќи понекогаш знае да биде многу арогантен и строг.

Животните желби на овој знак се големи, но тој секогаш наоѓа начин да ги оствари. За овој хедонист не постои поголема казна од живот без задоволства и пари. 

Јарец – деспот, авторитет

Без оглед колку лоши работи се поврзувале, уште од најстари времиња, со планетата владетел на овој знак, сепак тоа е планетата од која започнал светот.

Јарецот се смета за еден од највлијателните знаци на зодијакот.

Јарецот своите успеси ги должи на својата дисциплина, работа и стратегија, нешта кои ги користи при секоја работа.

Тој е знак кој не се плаши од стресот или загубата на работното место, бидејќи знае дека тоа е местото кое природно му припаѓа. Неговиот авторитет е нешто со кое се раѓа и кое останува засекогаш главна црта во неговиот карактер.

Јарецот е успешен доктор, хемичар, биолог, политичар, банкар, адвокат, композитор, пејач...

Совршен пример за тоа е Елвис Присли роден токму во овој знак.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2016 во 15:42

МАЖИТЕ БИ ДАЛЕ СЕ ЗА ЖЕНИТЕ ВО ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК...

25

На овие жени никогаш не им е доста од љубовта, а за тоа сведочи и податокот дека во однос на другите знаци, тие многу почесто стапуваат во брак. Станува збор за жените Близнаци кои се навистина фантастични. Тие се забавни, социјални, магични и провокативни. Постојано сакаат да запознаваат нови луѓе, не се вообразени, но немаат интерес за долги љубовни врски.

Близнаците се непредвидливи и својата љубезна маска многу брзо можат да ја заменат со оддалеченост и арогантност. Од потенцијалните партнери бараат ментална компатибилност со цел да бидат заинтересирани, бидејќи овие дами никогаш не дозволуваат да се развие физичка интимност со некој кој не е способен да ги предизвика интелектуално.

Тие на изглед делуваат најмладолико од сите жени во Зодијакот. Интелектуално се љубопитни, но исто така се и многу комуникативни, духовити и брилијантни – тие се вистински модерни жени. Не постои отворање на изложба, театарска премиера или значаен собир кој тие би го пропуштиле. Исто така, нивната работа е најчесто поврзана со средства за масовна комуникација.

Непрестаната желба за новини кај Близнаците води кон разорен ефект врз буџетот (нејзиниот или на сопругот) и често се склони кон ексцентричен изглед. Тие константно ги прилагодуваат нивните сопствени потреби, а истото се обидуваат да го направат и со партнерот. Промените се многу важни за нивниот живот, како и за психичкиот личен развој.

Тие се подготвени да ги употребат сите „женски оружја“, како и шармот и својата привлечност со цел да го добијат тоа што го сакаат. Близнаците исто така и премногу размислуваат, па тоа им дозволува на нивните партнери да се препуштат со доверба и да откријат сосема нови светови покрај нив. Со Близнаците секој нов ден е како нов живот.

Станува збор за жени кај кои не постои баналност бидејќи тие за сè знаат да најдат смисла. И да, тие се преполни со изненадувања. Кога сте најмрзливи, тие имаат способност да ве изненадат со карта за најбараниот концерт или за врвен спортски настан. Сè што бараат за возврат од својот партнер е одвреме-навреме и тој да ги изненади.

Внимание: Овие дами лесно се заљубуваат, па затоа и може да имаат повеќе од еден љубовник (истовремено!). Тие се многу комуникативни, малку итри и се во состојба со својот шарм да го маѓепсаат секој кој ќе почне разговор со нив.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2016 во 15:43

ДОСЕГА НЕПОЗНАТ ХОРОСКОП-ПЕТ ТАЈНИ КОИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

11

Постојат неколку „чудни работи“ во врска со секој хороскопски знак.

Овен

*Кога ќе повредите Овен, тој нема повторно да зборува со вас или веднаш ќе ве остави

*Овен обожува хумор и сака да раскажува вицови во друштво

*На Овенот се брзо му досадува и сака постојани изненадувања

*Типичен престсавник на Овен е мешавина од професор и порноѕвезда

*Овенот е секогаш во право!

Бик

*Бикот креира свој мал свет далеку од сите. Чести чувствува дека никој не го разбира

*Кога Бикот ќе се налути тогаш најдобро е да оставите на мира извесен период

*Биковите не сакаат патетика и драматизирање

*Иако Бикот е опишан како „див“ знак, тој не се обидува со сила да ги решава судирите

*Бикот понекогаш ќе ви каже дека не сте му важни, но длабоко во него не е така

Близнаци

*Близнаците никогаш не доцнат, најчесто другите доаѓаат пред време

*Ако мислите дека Близнаците зборуваат многу, реалноста е дека вие сте срамежливи

*Близнаците може да бидат верни во врските и пријателставата, но кога ќе ги навредите не ви даваат друга шанса

*Близнаците сакаат хумор, а некогап се толку духовите што стануваат и досадни

*Близнаците лесно се вознемируваат

Рак

*Ракот е еден од најверните знаци во зодијакот

*Раковите не се отвораат лесно, а кога ќе се отворат засекогаш ќе бидете врежани во нивното срце

*Раковите исто така ја сакаат својата мајка најмногу од се

*Раковите им се лојани на семејството и пријателите

Лав

*Лавот во еден момент можат да бидат вљубени, а веќе во следниот да ви го срушат небото врз глава

*Лавот обично го прави тоа што го сака кога тој сака

*Лавот ќе стори се за да бидете сречни

*Не се обидувајте да се расправате со Лавот. Нема да победите

*Лавот се сака себе си. Не очекувајте вас да ве сака повеќе

Девица

*Девицата премногу ги анализира работите

*Девиците никогаш не мируваат, дури и кога спијат тие го планираат следниот ден

*Девиците сакаат секогаш да бидат вљубени, но од друга страна постојано живеат во страв дека нема да најдат некој кој навистина кче го сакаат

*Акое лута на вас Девицата тоа че ви го каже

*Ова е најверниот знак во зодијакот

Вага

*Вага секогаш оди на сè или ништо

*Вагите можат да ја добијат борбата без расправање

*Понекогаш Вага сака да биде потполно сама, апонекогаш има потреба да се најде во што побројно друштво

*Ќе ви одржи цело предавање само за да ве убеди дека не треба да мие садови

Скорпија

*Кога ќе успеете да ја освоите Скорпијата таа љубов ќе биде нешто волшебно

*Морате да бидете и тоа среќник да успеете да имате љубовна врска со Шкорпија

*Скорпиите се чувствителни и се сурови кога чувствуваат дека емоциите не им се возвратени

*Скорпиите мразат премногу прашања

*Скорпиите се срамежли со непознати луѓе

Стрелец

*Стрелецот знае кога да се забавува, а кога да стави граници

*Стрелецот може да ги смени плановите во последен момент

*Стрелчецот е вечно дете, но станува сериозен кога се работи за тешки прашања

*Стрелецот е речиси секогаш добро расположен и знае да простува

*Вие никогаш нема да знаете што мисли Стрелецот, освен ако тој не посака тоа да ви го открие

Јарец

*Јарец повеќе сака да има мал број на искрени пријатели од  многубројни лажни пријателства

*Јарецот тешко или воопшто не простува

*Јарецот не се откажува лесно. Тој има моќ да ви помогне во се

*Јарец е подготвен да жртвува се само поради работата

*Јарецот кога ќе формира семејство е еден од најпожртвуваните родители во зодијакот

Водолија

*Водолиите може да ви помогнат во вашите проблеми

*Водолитите лесно влегуваат во врска

*Кога Водолијата се вљубува таа има 15 000 емоции во минута

*Водолијата е доста динамичен знак

*Водолиите не ги сакаат несигурните луѓе

Риби

*Рибите лесно создаваат пријателства, но секогаш покрај нив има многу малку луѓе

*Доколку ја повредите Рибата, веднаш ќе ви ги покаже „забите“

*Рибите добро ги чуваат тајните од другите луѓе

*Кога Рибите чувствуваат дека нешто не оди како, тие со сите силе ќе трудат да ја сменат ситуацијата во нивна полза

*Рибите даваат се од себе без да очекуваат нешто за возврат

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2016 во 21:52

Хороскопски знак кој има најголема самодоверба


Дама.мк
Напишано од Дама.мк

Таа е вистински магнет за мажите…можете ли да претпоставите за која хороскопски знак станува збор?

Силни коски, високо чело, изразена вилица и поглед кој привлекува како магнет е вистинскиот опис за заводливата Шкорпија.

Иако дамите во овој хороскопски знак се доверливи и лојални, се плашат од блискоста и интимноста и тешко се отвараат пред другите.

Оддаваат силна самодоверба, а во животните предизвици се нестрашливи и оптимистични.

Како мана може да се издвои тоа што сакаат да ги контролираат другите па дури и покажуваат љубомора, но тоа го прават кога ја изразуваат љубовта.

Инаку дамата Шкорпија е мистериозна, па затоа не треба да се трудите да одгатнете што мисли

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2016 во 08:02

Зошто ги сакаме: 7 работи кои го прават секој хороскопски знак посебен


Секој од 12-те знаци во Зодијакот си има свои карактеристики кои го разликуваат од останатите.

zosto-gi-sakame-7-raboti-koi-go-pravat-sekoj-horoskopski-znak-poseben-1.jpg

Така некои знаци ги сакаме заради љубезноста и емпатијата, додека другите се физички привлечни и зрачат со сексуална тензија, па невозможно е да ги игнорирате.

Кои се вашите 7 обележја кои ве одвојуваат од сите останати знаци?

Овен

  • Го прават животот позабавен.
  • Секој момент од нивниот живот е важен, а тој став го пренесуваат и на другите.
  • Ако ви треба партнер за луди авантури, Овенот е прв за тоа.
  • Не е злопамтило, може да се скарате, па за 5 минути да е како ништо да не било.
  • За нив секогаш ќе сакате да правите нешто добро, затоа што кога се среќни не се плашат да ги покажат емоциите и да се заблагодарат.
  • Ако некој друг ве налути или навреди, Овенот прв ќе застане во ваша одбрана.
  • Брзо и жестоко се заљубува, па нивните партнери имаат незаборавни искуства.

Бик

  • Колку и да не делуваат така, Биковите се големи мази.
  • Верни се и лојални и затоа се одлични пријатели.
  • Искрени, никогаш не се преправаат за да постигнат нешто.
  • Ако се чувствувате виновни затоа што сте изеле ред чоколадо а сте на диета, Бикот ќе ве потсети дека го заслужувате тоа и ќе ви донесе уште чаша млеко.
  • Во домот и срцето на Бикот сте секогаш добредојдени.
  • Од голема помош се кога треба да се реализираат плановите на блиските.
  • Како што самите сакаат да уживаат во сè што е добро, така уживаат и луѓето околу нив.

Близнаци

  • За анализирање и дискусии, Близнаците се совршени соговорници.
  • Обожаваат нови луѓе и ситуации, па со нив ќе ги проширите хоризонтите.
  • Ако има нешто што не ви се допаѓа кај нив, без грижи - уште утре ќе се променат.
  • Паметни се и начитани, па одлични се кога треба да си го предизвикате мозокот.
  • Заради нивната отвореност нема да ви треба многу време искрено да ги запознаете.
  • Позитивни се и така делуваат на сите.
  • Одлично друштво се за забави и журки.

Рак

  • Зрачи со нежност и грижа за другите луѓе.
  • Ракот секогаш се труди да ви ги задоволи желбите.
  • Има неверојатен инстинкт и веднаш познава дали сте среќни, тажни или лути.
  • Ако Ракот ве праша како сте, веќе знае, само сака да ви ја провери искреноста.
  • Имаат посебна смисла за хумор.
  • Поседува внатрешна сила и затоа покрај него се чувствувате сигурно.
  • Не се плаши од емоции, па затоа отворено ќе ви покаже колку му значите.

Лав

  • Ќе внесе посебен адреналин во секој сегмент од вашиот живот.
  • Лавот го сака животот и луѓето, а тој негов ентузијазам е заразен.
  • Романтичар е и ќе ве научи да ги цените ситните знаци на внимание.
  • Лавот е заштитнички настроен кон луѓето кои ги сака.
  • Шармот му помага да се извлече од речиси секоја незгодна ситуација.
  • Ако Лавот се заљуби во вас, ќе се чувствувате како најпосакуваното суштество во светот.
  • Сепак, на луѓето кои не го знаат, може да им делува чудно и грубо.

Девица

  • Припадниците на овој знак се емотивни и промислени луѓе.
  • Кога имате потреба од поддршка, Девицата прва ќе се појави на вашата врата без да и се јавите.
  • Девицата ќе ви го среди гардероберот, ќе ви ја среди кујната и тоа ќе и биде забавно.
  • Нема да треба никогаш да ја чекате, таа секогаш доаѓа 5 минути порано.
  • Девиците сакаат да бидат известени за секој детаљ на време, или во спротивно целосно се повлекува во себе.
  • Секогаш се беспрекорно организирани и ќе научите многу на оваа тема.
  • Секогаш имаат план кој драстично се разликува од останатите и тоа ги прави посебни.

Вага

  • Вагите непрестанато шират позитивна енергија.
  • Најсреќни се кога другите се среќни.
  • Речиси е невозможно да не ја сакате Вагата, затоа што има вроден детски шарм.
  • Добри медијатори се во секоја кавга и имаат моќ да ја решат секоја расправија.
  • Ја ценат убавината и стилот и затоа сакаат да ги внесуваат во туѓите животи.
  • Редовно ги потсетуваат саканите колку вредат.
  • Друштвени се и сакаат да уживаат во активности кои ги опуштаат нив и нивните пријатели.

Скорпија

  • Најлојалните пријатели кои можете да ги сретнете во животот.
  • Најдобри се кога треба да им се доверите за проблемите и тајните.
  • Со нив секогаш е забавно да смислувате бељи и да запаѓате во истите.
  • Скорпиите забележуваат буквално сè, од новите обетки до скратената коса.
  • Ја ценат секоја работа која сте ја направиле за нив.
  • Со нив можете да зборувате на тема секс со часови без да ви биде непријатно.
  • Имаат многу енергија и ако ја насочат во добар правец, можат да го променат светот.

Стрелец

  • Животот со нив е авантура сам по себе.
  • Дарежливи се и подготвени да дадат, без да очекуваат нешто за возврат.
  • Весели се, друштвени и на сите им се допаѓаат.
  • Имаат цврсти ставови и се борат за своите уверувања.
  • Одлични се кога ви треба рамо за плачење.
  • Со нив секогаш ќе знаете на што сте и што мислат за вас.
  • Обожаваат да ги споделуваат своите искуства и знаење со другите.

Јарец

  • Тие се предодредени за успех во животот и истиот го носат во животот на блиските.
  • Добри се и внимателни домаќини.
  • Силни се и доследни и сакаат да ги поддржуваат блиските во она што го наумиле.
  • Ако сте им вистински пријатели, нема нешто што не би направиле за вас.
  • Нивната љубов обично се врзува за скапи и многубројни подароци.
  • Амбициозни се, насочени на целите во животот и ќе ве поттикнат и вие да бидете такви.
  • Секогаш се тука да ве спуштат на земја и да ви ја кажат реалната слика за работите.

Водолија

  • Оригинални и досетливи.
  • Објективни и затоа се добри во давање совети.
  • Благодарение на својот интелект, можат да најдат заеднички јазик со речиси сите луѓе.
  • Одлично е да бидете дел од нивниот круг на пријатели, затоа што тие ја поттикнуваат забавата.
  • Не ги следат другите, туку имаат сопствен правец и ги мотивираат другите да го направат истото.
  • Големи борци се за правдата и рамноправноста.
  • Ако се грижат за вас, буквално ќе гризат и ‘ржат за да ве усреќат.

Риби

  • Достоинствени и енергични, како да доаѓаат од некој далечен свет.
  • Лесно се согласуваат на компромиси.
  • Имаат одлична интуиција и даваат корисни совети за љубовта и финансиите.
  • Не се површни и никогаш не ги гледаат работите на тој начин.
  • Имаат доволно разбирање за сите околу нив.
  • Нивната смиреност и спокој се преносливи кога ви се најпотребни.
  • Спонтани се.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2016 во 09:15
Повеќе од првото не читам.
Поубав опис и нема за тоа каде сме ко држава на светската мапа.
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2016 во 09:33
требит до крај да се чита.. ама вие рибите доаѓате од далечен свет и го читате само првиот ред !

Изменето од outlook123 - 12.Мај.2016 во 09:34
едно е - не се две
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2016 во 10:40
Тоа заради првиот дел од точка три.
Но да останам доследен на втората
точка,ќе се согласам околу читањето.
Но компромисно заради разбирањето на далечината
од која доаѓам.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2016 во 15:43

Кој хороскопски знак е претерано љубоморен и посесивен?


Стојат цврсто на земја, го сакаат она што е постојано и опипливо, фантазирањето не е за нив, затоа што ја сакаат практичноста. Никогаш не веруваат во слатките зборови, илузиите и фантазиите.

koj-horoskopski-znak-e-preterano-ljubomoren-i-posesiven-002.jpg

Зборуваме за Биковите.

Добри се и верни пријатели и партнери, но истата лојалност ја бараат и од спротивната страна.

А, ако некој ги изневери? Тогаш бурно реагираат. Ако се уверени дека некој намерно ги повредил и ја злоупотребил нивната добра намера, тоа никогаш нема да му го простат затоа што се злопамтила.

Љубовта игра голема улога во нивниот живот. За нив љубовта е синоним за страсти, бури и романтики, вечност и уживање.

Бидејќи Биковите се материјалисти, претежно ги привлекува добриот изглед. Она што се крие во внатрешноста, го откриваат подоцна.

Иако не сакаат да покажуваат емоции во јавност, претерано се љубоморни и посесивни. Не поднесуваат присутност на друга жена или маж, па дури и тоа да е некој пријател/ка од детството.

Во таа борба со љубомората се вешти и плетат мрежа околу саканата личност со која ги одбиваат сите потенцијални опасности.

А, ако партнерот сепак се реши за изневерување? Враќаат жестоко, пред неговите очи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2016 во 16:55

ОВИЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СИГУРНО ЌЕ ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН БРАК

7

Никој не сака односот во кој вложл многу емоции, време и труд да резултира со неуспех, меѓутоа ѕвездите се наклонети кон некои хороскопски знаци кога во прашање е бракот. Откријте во која група на зодијачки знаци се наоѓате вие.

Бик

Секогаш во петта брзина, Биковите целиот свој живот имаат можност да запознаваат интересни личности на најразлични места. Весели и помалку бучни, припадниците на оовј земски знак лесно привлекуваат внимание кај спротивниот пол, и пред бракот имаат многу врски и авантури. Така што успеваат да искристализираат во главата покрај каква личност сакаат да го поминат животот.

За брачен партнер најчесто бираат лица со кои не се предолго во врска, и на тој потег се одлучуваат повеќе наслонувајќи се на интуиција, отколку на рационално размислување. Биковите се добродушни и широкогради, тка што за саканата личност би направиле се’ на светот. Но, Бикот има проблем со љубоморни испади и не сака за неговиот партнер друг да се интресира.

Дури и кога е во брак, Бикот сака да се движи на многу места и често ќе го запоставува домот и семејниот живот. Но, кога ќе види дека бракот му е на стаклени нозе, ќе направи се’ за да ги поправи работите. Сепак, крајот на бракот го доживува како голем животен пораз и ќе сака да самува подолг временски период, а кога следниот пат ќе запознае личност која вреди за внимание, на сосема поинаков начин ќе вреднува дали е тоа материјал за брак.

Девица

Припадниците на овој знак несомнено сакаат да се во центарот на внимание, а тоа лесно им поаѓа од рака бидејќи се исклучително интелегентни, шармантни и духовити. Лицата од спротивниот пол често ги доживуваат како пријателски фигури, а не како материјал за врска, што најчесто е причина зошто немале повеќе врски пред бракот. Секако, има и такви Девици кои заведуваат каде и да се појават, но тоа се повеќе авантури отколку сериозни врски.
Кога ќе запознаат личност за која сакаат да се врзат, ќе се преправаат дека не ги гледаат мааните на другиот и се надеваат дека со текот на времето ќе успеат да го преобликуваат партнерот по своја желба.
Девиците над се’ сакаат заедништво, самотијата ги плаши, па тоа им најчесто главен мотив за брак.
Ќе се занимава со анализа на секоја постапка на брачниот партнер, бидејќи Девиците по природа се склони да ги расчленуваат сите појави во својот живот до најситни детали. Ако брачниот партнер не сака да го премолчи таквото однесување, ете причина за емотивно несогласување, бидејќи
Девицата смета дека секогаш е во право и дека таа знае најдобро.  Кога во брачните односи не оди баш се’ најдобро, често е склона на вонбрачни афери. Кога ќе стане слободна, Девицата не губи време и повторно наоѓа партнер, бидејќи таа не сака да функционира сама.

Вага

Главни адути на овој воздушен знак се тоа што е во состојба секого да маѓепса со својта приказна, со хумор, и што оддаваат впечаток на исклучително смирени и рационални личности, па не им е тешко да го заведат оној кој го посакуваат. Иако физичкиот изглед понекогаш не им е силна страна, тоа го компензираат со својата колоритности многу забавна личност, што ги прави неодоливи.
Не се имуни на кратки врски, но сепак преферираат долги врски и најчесто за брачен партнер го избираат оној со кој поминале долго време.  Но, понекогаш се испоставува дека тој долг период поминат со една личност не е грант за долг брак . Вагите често се некаде помеѓу земјата и небото, помеѓу сопствените желби и можности, па иако се свесни дека можат многу подобро, тие во брак влегуваат со личност која по интелект и по други способности недоволно им одговара.
Во нивна природа е да се неодлучни и константно разислуваат дали нешто можеле подоро да го направат.
Од брак воглавно излегуваат со договор со партнерот, кој е свесен дека емоциите исчезнале и дека е најдобро секој да го фати својот пат. На Вагата и треба време да преболи, но таа никогаш не престанува да верува во вистинска љубов и во состојба е да биде во врска со колку лица и да е потребно за да на крајот ја најде вистинската љубов и со неа да остане до крајот на животот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
eonbre Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Мај.2016
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eonbre Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2016 во 21:05
ima li nesto novo za strelec
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 149150151152153 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.