IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 147148149150151 157>
Автор
Порака
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2016 во 11:38
kakov sektor 2, pak sega ..

ne me interesira shto veli sektorot!

vistinskata doba e tokmu onaa vo koja si SEGA!   
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 09:42

КОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК НАЈМНОГУ СТРАДА, КОЈ ИМА НАЈШИРОКА ДУША И КОЈ ЗА НИШТО НА СВЕТОТ НЕМА ДА ГО ПОКАЖЕ СВОЕТО СКРШЕНО СРЦЕ?

12

Овен
Ова е познат зодијачки палавко, кој не се помирува лесно со ударите на судбината, Ќе се инати и на најтешката болест, настојувајќи да докаже дека е посилен од неа и дека со ништо, освен со снагата и  супериорноста не се разликува од останатите луѓе. Ќе ги поднесува и најтешките животни  предизвици. Ќе го претрпи и најголемото предавство од пријателот, ќе се обиде да се привикне на  загубата на саканата личност и ќе настојува да се однесува како ништо да не се случило. Едно сепак  не може да поднесува, а тоа е да предизвикува сожалување. Тогаш станува раздразлив и агресивен и  со многу врева и бес ќе настојува да го скрие своето страдање.

Бик
По природа се наклонети кон меланхолично и тажно расположение и не се некакви херои кога се во  прашање ударите на животот. И банална незгода ќе им го обои лицето со тмурна сенка, а големите  загуби во животот ќе ги направат безчувствителни, намрштени и недруштвени. Наклонети се кон  препуштање кон животните текови, па и тогаш кога тие очигледно водат кон пропаст. За да се  оттргнат од апатијата, потребен им е поттик од надвор, пријателско охрабрување или пак  пресврт на околностите. Самите тешко тргнуваат.  Често играат на карта на милостивост.  Придобивајќи така чувство на сигурност, но и евентуална помош.

Близнаци
Лежерноста и површноста со кои летаат низ животот, можат да не доведат до потполно погрешен  заклучок, а тоа е дека Близнаците се малку чувствителни на ударите на судбината. Ситуацијата е  потполно спротивна. Нивните нерви се многу танки и лабилни, па затоа тешките животни околнсти  лесно ги исфрлаат од рамнотежа.  Тогаш лесно запира и нивната вродена снаодливост,  стануваат дезориентирани, па бараат за нив некој да се грижи како за мало дете. Често се толку изгубени што нема да им биде на одмет вистинаска стручна помош на психијатар.

Рак
Раковите по својата осетливост се навистина специјална зодијачка категорија. Нив ќе ги расплаче и растажи и само еден поглед на туѓа несреќа, а ако се случи трагедија во нивната најблиска околина со месеци, па дури и со години нема да излегуваат од депресија, со очи вечно надуени од солзи, одбивајќи помош и совети. Има нешто мазохистичко во нивното препуштање на страдањето, склони се потполно да се занемарат, заборавајќи дека со таков однос према себеси предизвикуаат многу тага и болка кај своите блиски.

Лав
Лавот упорно ќе се труди да докаже себеси и на другите како се може достоинствено и храбро да се  соочи со сите животни тешкотии. Скоро никогаш нема да дозволи да го видете раплакан, но затоа  на своите чувства ќе им дозволи да излезат во патетичните филозофирања за тежината на животот,  за неправедноста на судбината или малерот кој го следи. Не сака сведоци на своите моменти на  слабост. На вашиот обид да го тешите ќе во возврати со поглед пол со презир, а на добронамрниот  совет учтиво ќе се заблагодари но ќе ви објасни дека мора сам да се соочи со тешкотиите на  судбината.

Девица
Колку и да делуваат осетливо и лабилно, Девиците и во најкритичните ситуации не ги напушта нивниот главен адут: практичноста и здравиот разум. И додека ја распаруваат најболнни чувства, таа се оддава на работа, се препушта на грижа за другите. Овде може да се каже дека тешките животни ситуации ја инспирираат на големи дела, во кои се надминува самата себеси, настојувајќи да ја задоволи својата основна животна парола да се биде корисен. Многу тешко ги поднесува пореметувањата во секојдневните активности и најтрагично ги доживува болеста и отпуштањето од работа.

Вага
Иако оставаат впечаток на суптилност и осетливост, не смееме да заборавиме дека токму нивниот знак е место на Сатурновото восхитување, што им дава посебна цврстина или како што некој поетски рекол: тоа се челични раце во сомотски ракавици. На она што го нарекуваме удар на судбината ќе одговорат со повеќе прибраност од било кој друг зодијачки знак. Многу тешко поднесуваат кавги, одделување од блиски личности, но брзо доаѓаат при себе и го реорганизираат животот во согласност со новите околности.

Скорпија
Ова се личности кои без разлика на својата снага тешко се помируваат со ударите на судбиата. Скорпиите тешко го поднесуваат чувството на немоќ и нема ништо полошо за нив да бидат сведоци на нечие страдање или настан на кој неможат да влијаат. Тоа во нив разбудува силни деструктивни и автодеструктивни нагони, па често со своите бурни реакции само ја влошуват ситуацијата. Кога ќе додадеме дека она што го покажува не е ни десеттина од она што во неа врие,не ни останува ништо друго туку да и советуваме конструктивно да ја насочува својата голема енергија и да ги зараснува наместо да ги продлабочува отворените рани.

Стрелец
Доколку проживувате тешки моменти и потребен ви е некој мудар, а истовремено ведар и оптимистички расположен, ви препорачуваме Стрелец кој со уверливи аргументи и примери од сопствено искуство ќе ви објасни дека не е секое зло лошо и дека има среќа и во несреќа. Најбљудувајте ги во тешките моменти, па ќе научите што значи силата на верата, моќта на позитивното мислење, односно филозофија во практична примена.

Јарец
Сатурновската природа им обезбедила доволна доза на озбилност и издржливост, така што Јарците ладно ги поднесуваат маките кои им ги носи животот, навикнати на честопати горчливот вкус на секојдневието и спремни на изненадните удари на превртливата судбина. Наклонети се кон препуштање на долготрајни периоди на депресија кои не ги намалуваат нивните работни способности, но многу негативно делуваат на околината. Затоа им препорачуваме да ги послушаат советите: да се обидат да се разведрат и да погледнат на она убавото што го носи животот.

Водолија
Осетливата и хумана природа на Водолијата многу е лесно да се потресе: тие не поднесуваат страдање нити на својата нити на туѓа кожа. Секогаш се спремни да помогнат, иако нивната Урановска непрактичност, најчесто повеќе прави штета отколку корист. Границите на чувствата со кои реагираат на ударите на судбината се движат до безволност и пасивност до луди и бурни реакции. Материјалните тешкотии нема претерано да ја загрижуваат Водолијата. За неа е покарактеристично духовното страдање: разочарување во пријателите, неостварените соништа и срушените идеали.

Риби
Типичните Риби голем дел од животот го поминуваат во длабока депресија заради разноразни животни неволји. Тие се во постојано страдање и болка заради некој или нешто, а трагичните животни ситуации лесно и најчесто трајно го пореметуваат нестабилниот свет на Рибите. Алкохолот и дрогата тогаш стануваат единствен излез, па многу Риби паѓаат на овој испит на зрелоста, ја поливаат својата тага, повлекувајќи се од светот. Соочување со реалноста е нивна голема животна лекција. Она од што најмногу бегаат, животот постојано им го подметнува.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 09:45

ОДРЕДЕТЕ ГО ВАШИОТ ВИСТИНСКИ ЗНАК СПОРЕД НАЈТОЧНИОТ ХОРОСКОП НА СВЕТОТ

8

Структурен, комбиниран, виртуелен, наречете го како сакате, но хороскопот со кој ќе ве запознаеме е можеби најверодостојниот во светот! Тој претставува комбинација од вашиот хороскопски знак одреден според денот и месецот на раѓање и од кинескиот хороскоп според годината на раѓање. Овде знаците се само 7. Тој не ја одрекува индивидуалноста на секој човек но го одредува темпераментот, карактерот во длабочина, како и патот по кој конкретната личност треба да чекори. Всушност мисија и енергија во едно!

За да откриете кој е вашиот вистински знак, погледнете го бројот во квадратчето каде се пресекуваат вашите два знаци и на кој знак од структурниот хороскоп одговара. А ако не знаете што сте во кинески хороскоп, можете да дознаете од таблицата подолу.

zzz

  1. Крал
  2. Лидер
  3. Рицар
  4. Аристократ
  5. Професор
  6. Шут
  7. Вектор

Крал

Овие луѓе живеат под мотото “Се или ништо“. И најдоброто што можат да го направат за себе си е да ја покажуват при секоја дадена шанса својата големина и убавина. Да бараат респект, да бараат да бидат ценети, дури и ако понекогаш тоа изгледа како горделивост. Кралот не треба да страда од комплекс на пониска вредност. Иначе по карактер се дарежливи, помагаат на сите, не страдаат од недостаток на внимание од страна на спротивниот пол. Да не кажеме дека додворувачи имаат во изобилие. Знаат како да комуницираат но и да манипулираат. Не трпат контрола. Ова добро запомнете го, ако вашиот интимен партнер е Крал. Кога се во добро расположение имате чувство дека собата е полна со светлина. Но кога не се расположени, имате чувство дека наближува ураган. Проблемите не ги плашат многу. Кога ќе се појави проблем тоа за нив значи дека мора да се најде решение. Тие наместо да паничат и да се притресуваат, размислуваат трезвено. Овие луѓе не треба да се задоволат со нешто обично. Тоа не е нивна судбина. Предодредени се за големи работи и треба да се на врвот.

Лидер

Луѓе исполнети со многу енергија. Не можат да стојат на едно место, а и не сакаат. Многу брзо се палат, многу брзо им поминува. Знаат да убедуваат и да заразат со инспирација, а можат и само со зборови да ве натераат да се чувствувате мизерно, ако сте им згрешиле. Тешко го прифаќаат туѓото мислење. Но не поради гордост. Едноставно нивниот ум е многу аналитичен. Тие умеат да предвидуваат и прават грешка исклучиво кога емоцијата ќе ги залаже. Затоа не сакаат никој да им соли памет – тие знаат подобро од вас што треба да се направи. Никогаш нема да имаат среќа во животот ако се помират со реалноста и ако стојат како глушец во ќош. Тие треба да бидат активни , да иницираат и да ги водат останатите. Во интимниот живот имаат потреба од партнер кој пред се ќе ги разбира и нема да ги ограничува. Ќе е добро да не им дава повод за љубомора бидејќи како што кажавме, не се од најмирните луѓе.

Рицар

Ова се луѓето на честа. Нивното мото е дека треба да постапат правилно, без разлика какви ќе бидат последиците понатаму. Тие не чекаат аплаузи за своите добри дела, но во никој случај не трпат луѓе кои не ги ценат и не ги респектираат. Всушност тие не сакаат многу – едноставно нормален разговор, нормални односи и добра намера. Не се конфликтни, дури им е многу непријатно кога некој друг ќе повиши тон. Ако Рицарот си дозволи нечесните игри да го залажат, или пак дозволи алчноста да го обземе, несреќите ќе доаѓаат една после друга. И ништо чудно редовно да биде болен. Но ако ја осознае и прифати својата благородна улога на чист човек, тогаш неговиот живот ќе биде исполнет со убави моменти. Во однос на љубовта, има потреба од партнер кој не е агресивен и премногу доминантен. Но пред се треба да знае да почитува и да изразува благодарност.

Аристократ

Вашата основна цел е да ја носите убавината на светот. Да бидете префинети, безпрекорни и да раздавате љубов. Како темперамент вие сте пасивни, сакате да мрзелувате и да си угодувате. Како типични арисотократи вие треба редовно да посетувате општествени настани, како и да работите во група, каде набрзо ќе дојде до израз вашата личност. Вашиот интелект е многу интересен. Тоа е комбинација од мудроста на минатото со перспективата на иднината. Вие умеете најдобро да ги реализирате иновативните идеи. Многу од вас ќе станат познати и ќе ужуваат во слава и почести. Во љубовта имате потреба од големо внимание. Не се обидувате да наметнувате мислење. Очекувате партнерот сам да биде свесен и да се однесува како што доликува. Затоа ќе дадеме многу важен совет за вашиот партнер – нека ве набљудува и нека ве запознае многу добро. До најситниот детаљ.

Професор

Овој знак е комбинација од здрав разум, практичност, стабилност и одговорност. Вие сте умни луѓе со природен интелект. Од баналност и простотија ви доаѓа нагон за повраќање. Многу луѓе ви завидуваат но подобро навикнете се. Често ќе бидете обвинувани дека сте горди и студени. Но тоа се небитни работи, затоа што вие имате повисоки цели. Вие треба да ги учите останатите. Што не значи дека треба да станете учители или професори. Бидете такви какви што сте – ладнокрвни, стабилни и интелигентни. Споделте го своето знаење бидејќи другите имаат потреба од тоа. А и вие така ќе се чувствувате исполнето. Во интимен план до вас треба да стои подеднакво паметен партнер на кого ќе му биде пријатно да води долги разговори за животот. Ако се задоволите со некој под ваше ниво, во еден момент многу ќе почне да ве дразни неговата просечност и ограниченост, а тој пак ќе започне да ве смета за горделив дрвен филозоф.

Шут

Ако сте си направиле асоцијација со палјачо на кого луѓето треба да му се потсмеваат, грешка сте. Луѓето со знак Шут се едни од најважните. Вашата цел е да…си го живеете животот и да ширите радост! Да се занимавате со она што ви се допаѓа. Да не бидете робови на предрасудите и правилата. Да зрачите со позитивна енергија, да заразувате со насмевки. Да бидете среќни. Сигурно веќе сте почувствувале како секојдневните обврски како миење чинии на пример ве дразнат ужасно многу. Многу нормално. Не велиме дека треба да бидете неодговорни и мрзливи, но навистина би било добро да ги избегнувате досадните работи во животот. Бидејќи тоа ви влијае лошо на енергијата и психата. Како карактер сте многу чувствителни и жалостиви луѓе. Ве боли од туѓата несреќа и точно тоа ја оправдува вашата цел – да ги направите среќни. Во врската ако ви се случи да западнете во период кога ќе се чувствувате несреќни и тажни, тогаш веднаш оставете го партнерот. Имате потреба од човек кој постајано ќе ви изјавува љубов и ќе прави романтични изненадувања. Тоа ве исполнува со енергија.

Вектор

Вие сте авантурист по природа и се одликувате со страшно силен сексапил. Сакате да флертувате, сакате нови работи, сакате да бидете во центар на внимание. А она што го мразите е некој да ви плаче и да кука. Вашата мисија е да создавате. Да го правите животот лесен и полноценет. Не ретко оставате впечаток дека сте ѓаволски човек. Мистичен и донекаде страшен, со кој не бива човек да се шегува. Но од внатре ѕирка добар човек кој само смета дека не секој заслужува да му го види вистинското лице. Ќе простите лоши зборови, но лоши дела никогаш. Во интимен план сте претенциозни. Не му е лесно на човек вистински да ве задоволи. Но од друга страна вие сте во право – знаете колку можете да дадете и не сакате да давате на човек кој не заслужил доволно.

Тука можете да видите што сте во кинески хороскоп:

002

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 09:56

Месец април ќе им ја врати старата љубов на три хороскопски знаци


mesec april ke im ja vrati starata ljubov na tri horoskopski znaci naslovna
Дама.мк
Напишано од Дама.мк

Откријте дали сте баш вие меѓу припадниците на зодијакот кои во текот на овој месец имаат шанса за своја љубовна реприза…

Рак

Голема љубовна шанса ве чека на работното место доколку сте сами и не излегувате често. Може да се вљубите во Овен или Стрелец кои се во вашето работно опкружување.

Во вашиот живот може да се врати некој од вашето минато бидејќи Сатурн дава таква можност. Не е лоша кај вас емотивната приказна веќе некое време, па искористете ја бидејќи можете да се вљубите „до уши“.

Во основа ќе бирате исполнети партнери кои се многу успешни во она што го работат.

Девица

Кога е во прашање емотивната страна не мора да драмите ако сте сами бидејќи некој од вашето семејство може да ви биде одличен советник кога станува збор за одредена личност.

Можете да влезете во врска со паранешниот, бидејќи се уште сте под влијание на ретроградноста, која не дозволува нешто ново да ви се случи.

Јарец

Често размислувате на личност која емотивно ве повредила. Можете да ја повикате кога е вашиот љубовен сегмент во прашање, бидејќи морате да ја исполните кармата која ја носите.

Тестот кој ви се нуди е нешто неминовно и некој вид на патење со кој вие добивате повеќе на значење и себе се запознавате со некој вид на откажување и пост.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 10:21
ne sakam reprizi, zatoa i me nema..
едно е - не се две
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 10:30
Не го ни читам јас ова со репризиве.
Си се држам на она погоре...Аристократијава некако ми годи.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 15:41

ХОРОСКОП ПОСВЕТЕН СПЕЦИЈАЛНО НА ДАМИТЕ

10

Жена овен

Таа има одличен карактер и сака сѐ што е чисто, јасно и прецизно. Брзо и активно реагира на сѐ што се случува околу неа. Вообичаено повеќе значење ѝ придава на акцијата, отколку на размислувањето. Грижите ја обземаат само моментално и не оставаат некои длабоки траги во неа. Не се обесхрабрува лесно, ниту ја обзема песимизам, има самодоверба, храбра е и е во состојба да оди чекор по чекор за да ги оствари своите животни цели. Презема и одредени ризици за да не залута во лавиринтот на неодлучност. Нејзиниот ентузијазам и динамичност се доволен двигател да ги преброди сите тешкотии во животот. Честопати презема иницијатива и кога ќе се најде во дилема, сепак бргу донесува одлука.
Жената која е во хороскоп овен не поднесува компликувани ситуации и не ги сака луѓето што наоѓаат задоволство во конфузни приказни и случки. Се однесува ноншалантно и директно, а со своите импулсивни реакции, понекогаш се случува некого грубо да повреди, иако немала таква намера. Нејзиниот карактер има големо влијание и во однесувањето во љубовта. Таа никако не може да се вброи во типот на жена–робинка, бидејќи е премногу независна за да може да поднесе некој да ја стави во „кафез“, па макар тој бил и златен. Очекува и бара взаемна доверба со нејзиниот партнер, за да обезбеди заеднички живот без сцени и сомнежи.
Љубоморна е и тоа го покажува и бара јасни одговори на прашањата. На нејзиниот партнер нема да му биде лесно ако почне да ја избегнува и запоставува. Ако партнерот ја изневери, нејзината гордост и самопочит ќе бидат повредени и таа сигурно нема лесно да помине преку тоа. Во сѐ сака да има своја улога и во секоја прилика сака да се слушне и нејзиниот збор. Ако наиде на личност која е послаба од нејзе, постои опасност да ја потчини, но таквата ситуација нема да ѝ се допадне, бидејќи во длабочината на својата душа таа не сака таква врска. Идеален маж за неа, е оној кој има јак карактер. Нејзината смелост, спонтаност и ентузијазам ќе играат голема улога во нејзините емотивни врски. Кон партнерот може јавно да покажува нежност, но и од него ќе бара да ги покаже своите чувства кон неа. Во љубовта како и во животот, таа бара полна ангажираност. Таа дава сѐ или ништо – понекогаш е бескрајно дарежлива, а понекогаш покажува знаци на егоизам. Не ги сака лагите и измамите.

Жена бик

Таа стои цврсто на земја и сака сѐ што е постојано и опипливо. За неа мечтаењето претставува само душевен мир, но никогаш не се задоволува со лажни ветувања и слатки илузии.
Кон пријателите покажува лојалност и посветеност, но истото го бара и од спротивната страна. Ако некој ја изневери таа нема бурно да реагира, бидејќи нејзините реакции се бавни и не толку видливи, но затоа бескрајно длабоки и обично трајни. Доколку се увери дека некој лошо постапил со неа или ја повредил нејзината добронамерност, тоа никогаш нема да му го прости. Не ги сака промените и пресвртите и сѐ она што може да го промени нејзиниот вообичаен тек на живот. Ги почитува принципите и концизните идеи. И покрај тоа што има јак карактер, во него има и некои слабости. Во нејзиниот живот понекогаш се јавува мрзеливост и пасивност, бега од грижи и проблеми и не сака компликации.
Љубовта игра голема улога во нејзиниот живот. Таа не е синоним за страст, бурни емоции и романтика, туку за нежност и уживање. Кај мажите ја привлекува нивниот физички изглед, а што се крие зад нивната надворешност, на почетокот не ја интересира многу. Кога ќе запознае личност што ѝ се допаѓа, сака на секој начин да го привлече неговото внимание, но пред да се реши за трајна врска сака да биде сигурна дека тој е оној вистинскиот. Жената бик не се врзува лесно, бидејќи љубовта во нејзиното срце бавно созрева и чувствата постепено се развиваат. Не поднесува присуство на друга жена, па дури ни колешката на нејзиниот партнер и ќе направи сѐ за да го задржи само за себе. Ако открие неверство, спремна е да врати со иста мерка.

Жена близнаци

Динамичноста е нејзина најважна карактерна особина. Бескрајно ја цени слободата и независноста и не му дозволува никому да господари со неа или да ѝ ја наметнува својата волја. Многу е интелигентна, но не и прониклива. Погрешно суди за луѓето што ѝ мислат добро, па е во состојба и да ги навреди. Исто така погрешно ги проценува намерите на оние кои не ѝ мислат добро, па тоа ѝ се удира од глава, иако не е свесна за тоа. Амбициозна е, но не премногу и во работата може да го пронајде најдобриот начин кон успехот. Кога работи сака луѓето да го ценат тоа, но очекува и материјален ефект за својот напредок и никогаш нема да прифати работа која нема да ѝ донесе и материјална корист. Парите лесно ги троши.
Исто како и во животот, така и во љубовта важна ѝ е слободата, па и кога ќе засака некого се плаши да не се врзе премногу за него. Во љубовта и во бракот е верна, а доколку се случи да се разведе, никогаш нема да го заборави тој човек. Не е љубоморна и е приврзаник на современите обичаи и навики. Неверството може да го прости, но може да биде и сосема категорична. Во љубовта е особено динамична, а чувствата не ги покажува јавно.
Сака да се дружи, но притоа и да се покаже како комуникативна личност која има широк круг на пријатели, па затоа никако не може да се сложи со партнер кој не е динамичен. Во потрагата по нови познанства нема секогаш да успее, па се случува да е повеќе сама дури и кога е опкружена со друштво. Можеби никогаш нема докрај да разбере, дека понекогаш е подобро да имаш малку, но одбрани и верни пријатели, отколку многу неискрени кои умеат добро да глумат.

Жена рак

Многу е чувствителна, сензибилна и емотивна личност, но за да се заштити себеси се труди да ги скрие своите чувства. За да се чувствува среќна, се сокрива во својот свет заграден со високи ѕидови, во кој е тешко да се влезе. Во детството се чувствувала безбедно во родителскиот дом, а подоцна се обидува да создаде свој свет во кој ќе владее спокојство, мир и сигурност.
Жената рак не е премногу ни борбена, ни реална, ни активна, бидејќи стравот од непознатото ја попречува да оди напред и да ги совладува препреките. Таа е задоволна онаква каква што е, и не сака многу да се менува. Тоа бегање од непознатото е потполно разбирливо бидејќи често се судира со непријатности, грижи и неизвесност. Нејзината чувствителна природа брзо реагира на секаков вид агресивно однесување. Кога ќе се соочи со некој сериозен проблем умее да се претвори во „жена змеј“ која ќе се жртвува до крај.
Умее да „сонува“, но сака и логично да размислува, но на неа многу лесно може да се влијае, па ако тоа не можат да го постигнат оние кои не ѝ се многу блиски, тоа многу лесно ќе им успее на сите оние кои таа ги сака. Љубовта во животот ѝ значи сѐ и таа ѝ е најважна во животот. Таа бара човек кој ќе ѝ овозможи сигурност и поддршка, но и бескрајна нежност. Таа е многу чувствителна и романтична личност и сонува за бескрајно романтична љубов и страст на две сродни души. Нејзината глад за идеална љубов е тешко да се задоволи, бидејќи постои разлика помеѓу реалноста и убавите соништа, а токму тоа и најмногу ја плаши.

Жена лав

Таа е јака жена која не се препушта лесно да ја понесат брановите на судбината. Нејзината виталност, волја и авторитет ѝ овозможуваат да биде доминантна жена. Тешко ѝ е да остане на едно место, да мечтае и ништо да не работи, бидејќи сака акција и движење, а не поднесува мрзеливост. Гордоста, а понекогаш и суетата, играат голема улога во постигнувањето успех скоро по секоја цена. Претпазлива е и скоро ништо не препушта на случајноста.
Таа има премногу високо мислење за себе за да може да се задоволи со моменталната состојба. Млаки и недефинирани чувства ја доведуваат до очај, а нејзиниот карактер е таков што тешко се прилагодува кон луѓе кои се воздржани. Искрена е, а понекогаш сака и да се шегува. Нејзините ситни грижи умее да ги прикаже како големи за да го привлече вниманието на другите. Кај неа постои една контрадикторност. Среќна е и великодушна кога може на другите да им причини радост, меѓутоа понекогаш е премногу егоцентрична, па пред да помисли на друг, таа прво помислува на себе.
Нејзина најголема доблест е верноста. Има цврст карактер и затоа не поднесува туѓи влијанија. Кај другите луѓе не трпи каприци и извештаченост. Ако ѝ се допадне некој маж, таа тоа отворено ќе му го даде до знаење. Кога сака некого, потполно им се препушта на чувствата и во љубовта не поднесува да остане ништо нејасно и недокажано.

Жена девица

Сѐ што се случува околу неа, таа го прима со аналитички поглед и има отпор кон сето она што е диктирано од инстинкт. Кон луѓето не покажува спонтаност, премногу воодушевување и силна желба за пријателство, бидејќи по природа е резервирана и срамежлива.
Кога ќе сретне маж кој ѝ се допаѓа, а и таа му се допаѓа нему, тешко е веројатно дека ќе му се фрли во прегратка, пред сѐ затоа што и самата не е сигурна во своите чувства. Секогаш ќе се прашува дали е тоа вистинска љубов или тоа се само минливи чувства. За да ја разјасни оваа дилема, најпрво себеси ќе се преиспита, а потоа и личноста која ѝ се допаѓа. Причината поради која се двоуми потполно да им се предаде на чувствата, е нејзиниот паничен страв да не направи грешка.
Таа е приврзана кон своите навики и верува дека живее во удобно гнездо кое сама го создала, па се прашува дали личноста која влегла во нејзиниот живот може да го смени и расипе тоа. Еден ден кога ќе го победи својот страв, сигурно е дека на мажот што ќе го одбере ќе му биде посветена до крајност. Жената девица е многу верна и лојална личност, која е дискретна и внимателна во сѐ што прави. За да можете вистински да ја запознаете, треба да имате на ум дека за нејзиниот карактер многу поголемо значење има тоа што е скриено во неа, отколку она што е очигледно.

Жена вага

Жената вага не е ниту енергична, ниту одлучна личност и во донесувањето одлуки никако не може да го пронајде вистинско решение. Не е особено амбициозна и секогаш ѝ е потребен некој на кој со задоволство ќе му препушти дел од обврските. Во сѐ што прави сака целосно да се внесе и посвети, но тоа не ѝ поаѓа секогаш од рака, па тогаш кога ѝ се чини дека не може да ги совлада препреките, се повлекува и се помирува со судбината.
Сака да им се допадне на другите, друштвена е и сака да излегува. Во неа постојат две личности. Едната е таа што им ја покажува на другите, а другата е онаа која никогаш не ја покажува и која ретко кој може да ја открие, бидејќи љубоморно ја чува. Тоа што го покажува понекогаш е мирна и кротка личност, а понекогаш избувлива и експлозивна. Поради стравот да не биде откриена таа се прикажува поинаква, честопати ставајќи на себе маска на љубезност и насмевка. Таа е одличен актер, дури и кон најблиските.
Не сака бурни сцени и караници, но сепак често ѝ се случуваат, а при тоа дури не е ни свесна дека всушност сама ги предизвикала со своето провокативно однесување. Поседува исклучителен шарм, страсна е и чувствителна. Луѓето во неа гледаат нешто симпатично, пријатно и таинствено. Жените ваги се исклучително интелигентни. Многу ваги можат да погрешат во изборот на партнерот. Тие сметаат дека партнерот треба да им биде главна потпора во животот но, се случува да се врзат за некој кој станува вистински тиранин штом ја почувствува нивната слабост. Нив најмногу им одговара маж кој ќе знае да ги цени нивните квалитети и нема постојано да ги критикува поради недостатокот на енергија да ги издржат тешкотиите. На жената вага ѝ е потребен партнер со јак карактер, но воедно да биде и исклучително нежен и внимателен. Таа не е склона кон промени во љубовта.

Жена скорпија

Жената скорпија не е мирна, пасивна и кротка жена. Таа има импулсивна, избувлива и страсна природа. Во животот ништо не прави половично и не сака неодлучност. Неуспехот и разочарувањето длабоко ја погодуваат. Во сите сегменти од нејзиниот живот доминира инстинктот, па затоа и најдобрите одлуки се диктирани токму од нејзината интуиција, а првиот впечаток за луѓето и нештата најчесто се точни и прецизни. Таа не прави тактички и психолошки грешки.
Некои жени бараат мир, но тоа не е случај со скорпиите, бидејќи нејзините чувства се како зовриен вулкан. Дали некој ѝ е симпатичен или не веднаш се забележува. Жената скорпија не спаѓа во категоријата на студени жени, а нејзините реакции во љубовта се непосредни. Физичката љубов за неа има големо значење, а нејзината страст и енергичност ја вбројуваат во категоријата жени кои имаат моќ на заведување.
Многу жени родени во овој знак и покрај тоа што не се видни убавици, фасцинантно и магично делуваат на мажите. Би можело да се помисли дека за неа љубовта е само игра, но тоа не е вистина. Таа е многу сензибилна и е спремна да се предаде до крај, а нејзиниот партнер станува центар на нејзиното живеење.
И тогаш кога ќе се омажи, таа не запловила во мирни води, бидејќи сака акција, движење и обновување. Љубовта за неа не претставува само страст, туку и вечна борба со животните предизвици. Жената скорпија потсвесно сака да доминира над луѓето и случувањата, па ни нејзиниот партнер не може тоа да го избегне тоа, бидејќи секогаш ќе сака на некој начин да му ја наметне својата волја.

Жена стрелец

Нејзиниот карактер ја води оваа жена кон два спротивставени животни правци. Првиот ја води кон мирен живот, а другата страна на нејзиниот карактер е сосема поинаква. Таа е храбра, независна, сака да ги прескокнува вообичаените бариери и да се впушта во ризици. Многу е амбициозна и не пропушта ништо што би можело да го зголеми нејзиниот углед. Има истенчено чувство за сите животни вредности, и не сака збрка и анархија. Нејзиниот карактер е брз, експанзивен, нескротлив и тој секогаш ја турка напред, а нејзината виталност која е несфатлива за околината мора секогаш да се искаже.
И покрај тоа што понекогаш ѝ се јавува желба да биде сама, таа сепак е личност која сака да биде во друштво. Омразата не може да ја поднесе, а нејзината природна веселост и смисла за хумор играат огромна улога во односите со луѓето. Таа е отворена и лојална личност. Во љубовта основна желба ѝ е да сретне маж кој ќе ѝ се восхитува и кој без ни малку колебање ќе може да им го претстави на своите пријатели. Таа нема да се задоволи со било кој маж, бидејќи ги презира просечните вредности. За неа љубовта значи восхитување, па затоа нејзиниот партнер мора да биде човек со јак карактер. Оваа жена не ги сака луѓето кои срамежливо ги покажуваат своите чувства и затоа човекот на нејзиниот живот мора отворено да ја искажува својата љубов и на секој начин да ја докажува. Жената стрелец не е премногу љубоморна, но неверството никогаш нема да го прости.

Жена јарец

Жената јарец има реален однос кон животот и ја сака постојаноста. Ги цени само оние луѓе кои имаат одредени вредности што се во склад со нејзините сфаќања. Во животот не сака да губи време на несериозни или невредни ситуации и ги презира лежерните и неконструктивни разговори. Оваа жена умее точно да го процени редоследот на одредени случувања и е одличен организатор.
Во работата, исто како и во животот не сака на секој начин да го привлече вниманието на другите. Таа работи дискретно и вредно како мравка, а понекогаш сака да биде сама, бидејќи тишината е нејзино прибежиште. За оваа жена не би можело да се каже дека е голем оптимист. За нејзе животот е нешто многу сериозно, но од него не очекува многу радост, ниту верува во какви било чуда.
Кога ќе добие некаква сатисфакција, ја доживува како вистински дар од Бога. Жената јарец не е лесно да се освои, а љубовта кај неа не може да дојде како гром од ведро небо. Женските претставници на овој знак ретко доживуваат голема љубов, но кога сакаат или поточно кога ќе решат тоа да си го признаат, обично тоа се случува после долго познанство со некој маж.
Кај нив љубовта бавно се раѓа, но кога ќе се врзат за некого, тоа е за цел живот, па ни времето што поминува, ниту долгите разделби не можат да ја нарушат нејзината љубов. Нејзиниот партнер треба да биде исклучително трпелив. Многу припаднички на овој знак остануваат немажени до крајот на животот, а некои пак се мажат кога се веќе во зрели години и тоа повеќе според налог на разумот, отколку по занес на срцето.

 Жена водолија

Жената водолија понекогаш зазема ироничен став, но тој е резултат на нејзината несигурност и недоволно самодоверба. Таа живее во својот свет на соништата и нема храброст да се соочи со целосната вистина, а нејзините сфаќања за светот се идеалистички. На оваа жена лесно може да се влијае и таа е свесна за тоа, па се обидува да се брани ставајќи на себе маска на ироничност, а понекогаш и цинизам.
Секој човек детално го анализира и се труди добро да го разбере, но тоа не го прави од љубопитност, туку поради желбата да им се приближи на луѓето. Не е човек од акција, но во работата лесно напредува. Многу е чувствителна и поседува ширина на духот. Сака патувања и промени, но поради неодлучност ретко ја остварува оваа желба.
Оваа жена е многу заводлива и го привлекува вниманието на мажите. Долго време го одбира својот партнер, но кога еднаш ќе се вљуби, тоа е за цел живот. Во љубовта е великодушна и на саканата личност ќе ѝ ги поклони сите свои чувства. Таа не сака лаги и извештачени луѓе, а маж-тиранин не може да поднесе. На жената од овој знак ѝ е потребен партнер со јак карактер, а кој воедно ќе биде и поголем реалист од неа.

Жена риби

Нејзиниот карактер е полн со спротивставености и можеби не е доволно свесна за тоа, но за повеќето луѓе таа е чудна и несфатлива. Честопати го менува своето расположение и наоѓа задоволство во тоа да биде завиена со некој вид магла на која не ѝ дозволува во потполност да се растргне. Нејзината склоност кон мечтаење и недефинирани ситуации, наведува на тоа дека е преголем фантазер и дека нема чувство за реалност.
Грубите зборови, критиката и злобата можат многу да ја повредат и да ѝ предизвикаат голема емотивна болка. Таа нема енергија да се бори, ниту да ги надминува препреките на животниот пат и дозволува другите да ја водат. Сепак не е сосема без иницијатива и доколку наиде на искрена поддршка, таа храбро ќе оди напред. Оваа жена е непоправлив идеалист и фантазер. Многу е интуитивна и комплексна личност, а спрема другите луѓе е толерантна до крајност.
Љубовта ја збунува уште од првиот момент и ако почувствува наклоност кон некого таа не е сигурна во себеси, па затоа и не ја открива. Се плаши дека ќе биде изневерена, отфрлена и напуштена, а страдањето е нешто што мисли дека не може да го поднесе. Таа секогаш балансира помеѓу желбата и воздржаноста и таа рамнотежа ја смирува.
Во љубовта бара нежност, такт и таинственост, а нејзиниот партнер мора да ги одбира зборовите за да не ја повреди. Мечтаењето ѝ е неопходно на оваа личност, но тоа воопшто нема да му пречи на нејзиниот реален живот со нејзиниот партнер. Сепак љубовта која неа ќе ја врзе за еден човек, нема да биде воопшто едноставна, бидејќи нејзините чувства секогаш ќе бидат полни со вртлози.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2016 во 07:51

ХОРОСКОП: ШТО ВИ Е НАЈВАЖНО ВО ЖИВОТОТ?

5
Дали некогаш сте размислувале што навистина ви значи во животот? Според хороскопот, ова ви е најважно!

Овен – Сакаат да бидат она што се, мразат преправање

Овенот ја цени индивидуалноста, независноста и потребата да биде она што е. Ниту шефот, ниту партнерот или кој било друг никогаш не смеат да му кажат што да прави или како да се однесува во одредена ситуација. Тие се најнезадоволни ако се присилени да се вклопат во некои норми. Сакаат луѓето да ги сакат онакви какви што се и не прифаќаат компромиси. Нивното мото е: Да се биде!

Бик – Најважно за нив е да го задржат она што им припаѓа

Биковите напорно работат на која било работа што ќе ја започнат. Кога нешто ќе остварат и постигнат, тоа не сакаат со никого да го делат. Практични се, па затоа се одлични работници. Не се алчни, но се борат за своето право, за правото на своите колеги, но кога ќе стекнат нешто во материјална смисла сметаат дека имаат потполно право над тоа. Никогаш не се откажуваат од своите работи… дури ниту поради љубовта. Нивното мото е: Да се има!

Близнаци – Најважна за нив е слободата на мислење

Нивниот брилијантен ум им е пасош кон светот. Во своите мисли може да заминат каде што ќе посакаат. Идеите им се волшебни. Ако некој им каже дека премногу размислуваат и дека треба да бидат попрактични, смртно ќе се навредат. Нивното мото е: Да се мисли!

Рак – Најважни им се чувствата

Раковите се забавни и игриви однадвор, но нежни однатре. Најмногу сакаат да уживаат во своите чувства. Нивното мото е: Да се чувствува!

Лав – Најважно им е да се покажат во вистинско светло

Лавовите се најубави, најхрабри и најсилни суштества на земјата. Но, мора да имаат можност тоа да им го покажат и на другите. Важно им е никој да не им го одземе нивниот луксуз. Секогаш мора да бидат во центарот на вниманието. Нивното мото е: Да се посакува!

Девица – Најважно за нив е да можат да донесуваат одлуки

Девиците се аналитичари. Способни се да ги забележат најситните детали, па затоа им е многу важно на нив да им се додели правото за да ја донесат конечната одлука. Се борат за слободата на мислење, но најважно им е да соберат многу податоци, по можност од различни извори. Нивното мото е: Да се анализира!

Вага – Најважно за нив е да ги задоволат другите, но и себе

Рамнотежата на идеите за Вагите е идеална состојба. На нив им е нужно тие да одлучат што е најдобро. Но, никогаш не претеруваат. Колку се борат за себе, толку се борат и за другите. Секое поле од животот им е важно: работата, кариерата, семејството… Нивното мото е: Да се постигне рамнотежа!

Скорпија – Најважно за нив е да го добијат она што го сакаат и кога го сакаат

Скорпиите се најиздржливиот знак во хороскопот. Тие точно знаат што сакаат и можат да издржат многу работи за да го добијат. Мислат дека потполно го заслужуваат тоа и ако не го добијат не можат да бидат среќни. Нивното мото е: Да се заслужи!

Стрелец – Најважно им е да истражуваат и да ја видат целата слика

Стрелците најчесто се спонтани и го прават она што го сакаат. На нив многу им е важно да се забавуваат. Не сакаат сериозни теми, па во секоја ситуација внесуваат хумор. Нивното мото е: Да се види!

Јарец – Најважно за нив е од лимонот да направат лимонада

Тие имаат моќ да искористат и да најдат намена за сè околу нив. Важно е да можат да го изберат она што мислат дека може да го изберат. Не им е секогаш лесно, но не се предаваат. Нивното мото е: Да се поправи!

Водолија – Најважна им е слободата, за сè!

Тие се оригинални и прагматични. Често знаат да шокираат, но и да расветлат, научат, објаснат и разберат. Се борат за сите видови слобода и никого не осудуваат. Нивното мото е: Да се знае!

Риби – За нив најважно е следењето на своите соништа

Рибите ја ценат и барат слободата на мислите и говорот. Визионери се и многу им е важно да го следат она во кое веруваат. Одземете им ја вербата и тоа е исто како да оставите риба на суво. Рибите сакаат да веруваат дека сите се на иста страна. Нивното мото е: Да се верува!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2016 во 08:42

Крими хороскоп: Како би изгледало, ако сите 12 знаци ограбуваат банка?


12 пријатели решиле да ограбат банка - што мислите како поминале? Успешно завршило ограбувањето?

organiziran-kriminal-kako-horoskopksite-znaci-ograbuvaat-banka-01.jpg

Јарецот бил поставен на чело на една реномирана банка. Како директор, решил да дојде до поголема сума на пари.

Се јавил кај неговиот пријател Бикот кој еднакво ги цени материјалните добра и договорил состанок со него, а планот го пратиле кај Девицата за да направи детална стратегија.

Организацијата „Астро пантери“, која брои 12 членови, го спровела планот во дело.

Штотуку пуштен од затвор, Близнакот заедно со Вагата исценирал расправија со портирот на банката.

Во тој момент, Овенот пристигнал одзади и го насочил оружјето кон сите присутни, додека кутриотРак, како заложник, го „спакувале“ во багажникот на автомобилот.

Во автомобилот зад воланот чекал специјалистот за брзини - вештиот Стрелец. Рибите веќе се нашле пред трезорот, не се знае како и кога.

Пристигнала Водолијата со своите технолошки трикови да ја открие шифрата на трезорот.

Лавот за тоа време, ја следи целата акција од кровот на соседната зграда со снајпер во рацете.

Овенот и Скорпијата ги пакуваат парите, а Рибите ја користат ситуацијата, го земаат својот дел и бегаат заедно со Близнаците во непознат правец.

Девицата прецизно пресметала колкав процент од парите припаѓа на секој член од организацијата.

organiziran-kriminal-kako-horoskopksite-znaci-ograbuvaat-banka-1.jpg

Шест месеци подоцна:

Јарецот основал сопствена компанија. Бикот ужива на лежалка на плажа додека тиркизното море ги лади неговите стапала, а Лавот ми се придружува.

Стрелецот е сред море во својата нова јахта. Рибите и Скорпијата се договараат за нови „проекти“ во Лас Вегас.

Овенот го освојува Монт Еверест со својата експедиција. Ракот си купил дрвена колиба во подножјето на планина и ужива покрај каминот.

Нервозните Близнаци веќе се пред банкрот. Девицата и понатаму ги брои парите. Вагата ексклузивно промовира новa колекција на костими за капење на Armani.

Водолијата сите свои пари ги вложила во експерименти за потребите на науката и ги посетува пријателите со својот нов авион.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2016 во 09:32
Има ли кандидати
Планот ми е топ
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2016 во 13:11
top ti e planot, da!

nemoj samo mene da me zaboravish , oti na krovot sum so snajper i pratam sekoe dvizhenje..   
едно е - не се две
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2016 во 13:25
Планот ми е комплетено разработен.
Имајќи ја во предвид местоположбата
на снајперот,маркирав "црни точки"
за да се извлечам од нишанот.
Ме плаши само близнаков и у овој бизнис
ми се лепи како судбина.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2016 во 08:09

Досега непознат хороскоп-Пет тајни кои не сте ги знаеле за секој хороскопски знак

Постојат неколку „чудни работи“ во врска со секој хороскопски знак.


hor

Овен

*Кога ќе повредите Овен, тој нема повторно да зборува со вас или веднаш ќе ве остави

*Овен обожува хумор и сака да раскажува вицови во друштво

*На Овенот се брзо му досадува и сака постојани изненадувања

*Типичен престсавник на Овен е мешавина од професор и порноѕвезда

*Овенот е секогаш во право!

Бик

*Бикот креира свој мал свет далеку од сите. Чести чувствува дека никој не го разбира

*Кога Бикот ќе се налути тогаш најдобро е да оставите на мира извесен период

*Биковите не сакаат патетика и драматизирање

*Иако Бикот е опишан како „див“ знак, тој не се обидува со сила да ги решава судирите

*Бикот понекогаш ќе ви каже дека не сте му важни, но длабоко во него не е така

Близнаци

*Близнаците никогаш не доцнат, најчесто другите доаѓаат пред време

*Ако мислите дека Близнаците зборуваат многу, реалноста е дека вие сте срамежливи

*Близнаците може да бидат верни во врските и пријателставата, но кога ќе ги навредите не ви даваат друга шанса

*Близнаците сакаат хумор, а некогап се толку духовите што стануваат и досадни

*Близнаците леснос е вознемируваат

Рак

*Ракот е еден од најверните знаци во зодијакот

*Раковите не се отвораат лесно, а кога ќе се отворат засекогаш ќе бидете врежани во нивното срце

*Раковите исто така ја сакаат својата мајка најмногу од се

*Раковите им се лојани на семејството и пријателите

Лав

*Лавот во еден момент можат да бидат вљубени, а веќе во следниот да ви го срушат небото врз глава

*Лавот обично го прави тоа што го сака кога тој сака

*Лавот ќе стори се за да бидете сречни

*Не се обидувајте да се расправате со Лавот. Нема да победите

*Лавот се сака себе си. Не очекувајте вас да ве сака повеќе

Девица

*Девицата премногу ги анализира работите

*Девиците никогаш не мируваат, дури и кога спијат тие го планираат следниот ден

*Девиците сакаат секогаш да бидат вљубени, но од друга страна постојано живеат во страв дека нема да најдат некој кој навистина кче го сакаат

*Акое лута на вас Девицата тоа че ви го каже

*Ова е најверниот знак во зодијакот

Вага

*Вага секогаш оди на сè или ништо

*Вагите можат да ја добијат борбата без расправање

*Понекогаш Вага сака да биде потполно сама, апонекогаш има потреба да се најде во што побројно друштво

*Ќе ви одржи цело предавање само за да ве убеди дека не треба да мие садови

Скорпија

*Кога ќе успеете да ја освоите Скорпијата таа љубов ќе биде нешто волшебно

*Морате да бидете и тоа среќник да успеете да имате љубовна врска со Шкорпија

*Скорпиите се чувствителни и се суриви  кога чувствуваат дека емоциите не им се возвратени

*Скорпиите мразат премногу прашања

*Скорпиите се срамежли со непознати луѓе

Стрелец

*Стрелецот знае кога да се забавува, а кога да стави граници

*Стрелецот може да ги смени плановите во последен момент

*Стрелчецот е вечно дете, но станува сериозен кога се работи за тешки прашања

*Стрелецот е речиси секогаш добро расположен и знае да простува

*Вие никогаш нема да знаете што мисли Стрелецот, освен ако тој не посака тоа да ви го открие

Јарец

*Јарец повеќе сака да има мал број на искрени пријатели од  многубројни лажни пријателства

*Јарецот тешко или воопшто не простува

*Јарецот не се откажува лесно. Тој има моќ да ви помогне во се

*Јарец е подготвен да жртвува се само поради работата

*Јарецот кога ќе формира семејство е еден од најпожртвуваните родители во зодијакот

Водолија

*Водолиите може да ви помогнат во вашите проблеми

*Водолитите лесно влегуваат во врска

*Кога Водолијата се вљубува таа има 15 000 емоции во минута

*Водолијата е доста динамичен знак

*Водолиите не ги сакаат несигурните луѓе

Риби

*Рибите лесно создаваат пријателства, но секогаш покрај нив има многу малку луѓе

*Доколку ја повредите Рибата, веднаш ќе ви ги покаже „забите“

*Рибите добро ги чуваат тајните од другите луѓе

*Кога Рибите чувствуваат дека нешто не оди како, тие со сите силе ќе трудат да ја сменат ситуацијата во нивна полза

*Рибите даваат се од себе без да очекуваат нешто за возврат

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2016 во 08:11

Букет според хороскопскиот знак: Јасмин за ракот, гладиоли за лавот и рози за вагите

Букет со свежи цвеќиња е совршен подарок, било за роденден, годишнина, дипломирање или едноставно изјавување на љубов. Но, има огромен избор на прекрасни цвеќиња, па понекогаш е тешко да се избере правото.


buket cveke

Затоа, одберете го вистинскиот цвет според хороскопските знаци.

Овните се импулсивни, полни со енергија и амбиции. Сакаат предизвици. Нивни бои се портокалова, црвена и жолта. Цвеќе кое го сакаат е орхидеjа, љубичици, јоргован. Тоа се диви, дрски, огнени, а истовремено нежни цветови. Цвет кој ја одржува енергијата кај овните е полскиот афион. Ги сакаат цикламите и шафранот, бидејќи се пробиваат низ сите пречки за да ја навестат пролетта. Овните ќе бидат задоволни ако им подарите лилјан или лалиња, симболи на убавина и силни емоции.

Бикот знае да го извлече најдоброто од секое ново искуство. Слободен е и стабилен. Сака зелена, розова и светло сина боја. Цвеќе кое најмногу го сака е афион, див лилјан и јоргован Романтичната природа на овој знак и неговата префинетост за убавото, подеднакво добро може да се изрази и со букет ружи. Одберете розови ружи, бидејќи таа боја ја ублажува биковата тврдоглавост. Бидејќи многу ја сакаат природата, биковите обожаваат и полско цвеќе, божур и ѓурѓовденче. Биковите сакаат големи, тркалезни цветови како герберот.

Близнаците добро се адаптираат кон се што е ново. Спектар на омилени бои им се: жолта, бела и сина. Маргаритките одговараат на нивниот темперамент. Веселиот нарав на близнаците одлично се сложува со ливадските цвеќиња. Совршен подарок е мало букетче од камилица. Бидејќи ја обожаваат жолтата боја, ги сакаат и нарцисите. Близнаците не се многу вешти во одржување градина, но сепак знаат да одгледаат по некој корен перуника, бидејќи тоа е цвет кој носи добри вести, а близнаците секогаш се полни знаење и информации.

Ракот е лојален и топол знак. Заради својата природна дипломатија и емотивност го прави животот на оние околу себе пријатен. Сака бела, сребрена и зелена боја. Омилено цвеќе му се ружите, јасмин и гарденија. Цвеќето не ракот му причинува среќа. Подарете му бели ружи, кои симболизираат чистина и го смируваат лабилното расположение на ракот. Особено ги сака дивите ружи со ситни цветови. Прозорците на раковите се украсени со љубичици како симбол на скромност и тајна љубов. Во своите градини сакаат да одгледуваат стебла со јаболки, крушки и сливи или сите други овошки кои имаат бели цветови.

И покрај желбата да доминира, лавот е романтичен и нежен. Боите кои ги сака се жолта, портокалова и црвена. Купете му цвет од сончоглед за да го израдувате, гладиоли или лупинес. Добар избор се и гардениите и цикламите, ако се луксузно спакувани. На оваа листа можат да се најдат и орхидеите, невенот и хортензијата. Од дрвја сака палми, орев и маслиново дрво.

Овој навидум смирен знак сака секогаш да знае на што е и да држи контрола над ситуацијата. На нивниот хипер – осетлив нервен систем одлично одговараат убави цветни аранжмани. Најдобрите градинари на светот се родени во  знакот на девица и ти е сакаат косено сено, камелии, нарциси, бадемов цвет и цвет од вишна. На своите тераси имаат фикуси и сардели, а го сакаат мирисот на јоргованите.

Вагите се познати по нивната пребирливост, големи естети се, имаат истенчен вкус и големи барања. Уживаат во нијансите на сината, зелената, сивата и розова боја, како и во силните тонови на жолта и црвена боја. Нивно цвеќе се бледо розовите рози, хризантеми, ириси и бледи гербери. Кога се заљубени овие знаци сакаат силни мириси. Овој знак ќе го израдувате со букет бамбуси или лалиња.

Скорпиите се познати по своите моќи и нагласени страсти. Ако поклонувате цвеќе на скорпии,нека биде тоа гербери, божур, црвени ружи, кактус, гардении, огромни букети хризантеми и диви каранфили. Скорпијата може да ја препознаете и по нејзината градина во која има хибискус, орев и зимзелени дрвца.

Стрелците се дарежливи, со отворено срце и големи индивидуалци. Ако одбирате цвеќе за нив, нека биде тоа нешто префинето, бидејќи тие тежнеат кон совршенство. Полн погодок за огнените стрелци се големи цветни аранжмани како филадендрон или бонсаи дрвце. Ги сакаат билките кои носат среќа во домот. Од мирисите, најмногу сакаат мирис на праска, црешов цвет и цикорија. Љубители се и на полско цвеќе и љубичици.

Интровертните јарци сакаат класични, елегантни, децентни мириси кои им одговараат на нивната рафинирана и елегантна природа. На ист начин одбираат и бои и сакаат дискретни тонови на кафена, сина, зелена и жолта боја. Омилени цветови му се бршлен, дрво на животот, камелии, магнолија, јоргован, јасмин и ружи. Нивното внимание ќе го добиете ако им подарите голем, раскошен букет.

Водолиите се уникатни во се, боеми, бунтовници, креативци со бројни интереси. Ретко се случува да купат ружи или да ги одгледуваат дома. Сакаат гладиоли, лалиња, орхидеи, папрат, ирис и кали. Бидејќи сакаат да експериментираат во животот, истото го прават и при избор на цвеќе. Ако сакате да ги изненадите најдете некој цвет добиен со вкрстување на две сорти. Добар избор за водолиите се бамбус, кактус и нарцис.

Шармот на таинствените риби, никого не остава рамнодушен. Му одговараат заводливи, мирисни ноти, длабоки како и нивниот внатрешен живот. Омилено цвеќе им е калина, љубичица, ирис, багрем, липов цвет и орхидеи. Овие знаци обожаваат цвеќе и сакаат да одгледуваат собни сорти во својот дом. Обожаваат црвени и розови ружи, а мириси кои ги опуштаат се мирис на бергам, јасмин, љубичици, темјан и босилек. Добар избор за рибите се и големите папрати со зелено лисје или букет од полско цвеќе во кој преовладува сина боја

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 147148149150151 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.