IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 157>
Автор
Порака Обратен редослед
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2016 во 15:08
ма батали до небо, глеј си автомобилот!

во секој случај, боље да си во оние што ги сакам!   

е ај, ќе го чекам трети аугуст..   
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2016 во 08:31

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗАОКРУЖЕТЕ ГИ СЛЕДНИВЕ ДАТУМИ: НАЈСРЕЌНИТЕ ДЕНОВИ ВО 2016 ГОДИНА ЗА СЕКОЈ ЗНАК

12

Земете го годишниот планер и ЗАДОЛЖИТЕЛНО заокружете ги следниве датуми:

ОВЕН

12 април – Голем ден за љубов (благодарение на Венера и Марс)
22 април – Неочекувана романтична средба
24 декември – Неочекувано хармонична промена и спој на старо и ново

БИК

10 мај – Хармонија во љубовта и душата (благодарение на Венера и Јупитер)
26 јуни – Плима на сила, регенерација и оптимизам
3 август – Олеснување и подобрување на односите

БЛИЗНАЦИ

10 септември – Пораст на оптимизмот и сè подобри можности за љубов (Јупитер е ’виновникот’)
10 ноември – Зајакнување на моќта, енергијата и силата во вас
25 декември – Мир и радост во душата и љубовта (благодарение на Венера)

РАК

9 март – Го преиспитувате вашиот став, доаѓате со решенија, но одлучувајте од утре (затемнување на Сонцето)
6 јули – Здрав пристап кон љубовта, среќа во истата
24 август – Ден за опуштање и релаксирање, ништо не форсирајте

ЛАВ

20 јули – Ден за стабилна и долготрајна врска, некои одлучуваат за формализација (влијание на Венера и Сатурн)
3 август – Енергијата повторно тече правилно, ви се враќа силата и мирот
14 август – Од денес знаете јасно каде води вашата врска

ДЕВИЦА

9 март – Бидете отворени за другите, тие го имаат главниот збор
27 август – Олеснување, среќа, хармонија по бури; мир, љубов, сè ќе биде во ред
1 септември – Подготвени сте да завршите една фаза и да отворите нова, но одлучувајте од утре (затемнување на Сонцето во соѕвездието Девица)

ВАГА

23 март – Одете таму каде што се чувствувате добро, свртете сè на шега и држете се до фактите
10 септември – Радувајте се, почнува вашата среќна година која ја чекате 12 години (Јупитер влегува во соѕвездието Вага)
25 декември – Хармонија, среќа, љубов и мир во душата

ШКОРПИЈА

4 јануари – Ќе ве заплисне бран енергија; тоа ќе потрае неколку месеци
27 јуни – Ден за нежна, искрена, возвишена и ветувачка љубов, како од филмовите (благодарение на планетата Венера)
3 август – Многу сте работеле и направиле, сте се бореле; сега доаѓа опуштање и и смиреност (Марс излегува од соѕвездието Шкорпија)

СТРЕЛЕЦ

14 август – После длабоките и зрелите преиспитувања, конечно знаете што треба да правите
24 август – Ден за храбрите. Може ридови да превртите, подготвени сте да одите на сè или ништо, но не правете ништо доколку сметате дека е на сила (конјукција на Марс и Сатурн во Стрелец – се случува еднаш во 30 години во истиот знак)
30 октомври – Ден за долготрајна љубов (заблагодарете ὺ се на Венера)

ЈАРЕЦ

3 февруари – Ден за длабока, фатална, судбоносна љубов или средба, на која ќе бидете особено привлечни
10 мај – Хармонија, мир, среќа и исполнетост во душата
28 септември – Се чувствувате како да имате енергија за двајца (Марс влегува во соѕвездието Јарец)

ВОДОЛИЈА

7 март – Плимата од емоции расте во вас, блескате (спој на Месечината и Венера)
2 декември – Полн погодок во реализација на вашите замисли и идеали во пракса
24 декември – Пресреќни сте меѓу луѓето, бидејки ги поврзувате старите и младите, новите и старите пријатели (благодарение на Уран и Сатурн)

РИБИ

9 март – Чувствувате дека некои работи одат кон својот неизбежен крај и дека следува нешто сосема ново; промената е тука, но одлучувајте од утре (затемнување на Сонцето во Риби)
20 март – Магичен ден за љубов којшто ќе ви остане во сеќавањата до крајот на животот
16 септември – Немојте да се испијаните; фантазирајте и уживајте, креирајте, но останете со еден дел на земјата (затемнување на Месечината во Риби)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2016 во 08:14

Која улога ја има вашиот хороскопски знак во хорор филмовите?


Секој хорор филм има една личност која прва бега од вратата, личност која секогаш преферира да трча по скали, личност која веднаш сфаќа кој е убиецот и онаа единствена личност која преживува до самиот крај.

koja-uloga-ja-ima-vashiot-horoskopski-znak-vo-sekoj-horor-film-01.jpg

Во која улога би се нашол вашиот хороскопски знак?

Овенот прв умира, бидејќи е доволно храбар за да провери кој се шета околу куќата.

Бикот е оној кој се враќа на крајот од филмот во куќата и ги наоѓа сите оние кои починале.

Близнаците во главно го надмудруваат убиецот и поставуваат замка.

Ракот ќе го препознаете по тоа што во секој филм трча по скалите наместо кон излезната врата.

Лавот е оној кој се обидува да го возврати ударот и на крајот завршува мртов.

Девицата обично во секој хорор филм се жртвува за останатите да преживеат.

Вагата зборува за сите да се смират, додека и самата доживува напад на паника.

Скорпијата веднаш сфаќа кој е убиецот.

Стрелецот е оној кој тајно помага на убиецот.

Јарецот е оној смирен лик кој доживеал нервен слом, па почнал да убива.

Водолијата е единствениот човек кој преживува до самиот крај.

Рибите се обично згодната русокоса која вреска на секој шум.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2016 во 15:22

НАЈОСВЕТОЉУБИВИТЕ ЖЕНИ ВО ЗОДИЈАКОТ: ЌЕ ВЕ САКААТ ДО НЕБО, НО НИТУ СЛУЧАЈНО НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ПОВРЕДИТЕ!

13

Лавицата е жена на крајности – ако ве љуби, ќе ве обожава, но ако не, ќе ве мрази од дното на душата. Иако за јавноста е силна, речиси недопирлива и авторитатувна, во прегратката на својот избраник се претвора во мило маченце. Во љубовната врска ù се важни два елемента – да биде поголем авторитет за партнерот отколку тој нејзе и фантастично да си одговараат в кревет. Доколку овие услови се исполнети, не постои пречка за нејзината среќа и емотивна исполнетост. Секако, нејзиниот маж мора секојдневно да ù се восхитува и колку што е можно почесто да ù вели дека таа е една, единствена и неповторлива, вистинско ремек-дело. Освен тоа, пожелно е таа да е и интелектуално посупериорна. Меѓутоа, бајката почнува да се распаѓа оној момент кога тој, поради премор, ќе одбие за прв пат да води љубов со неа. Следното утро ќе види дека автомобилот му е изгребан со клуч, бидејќи тоа за Лавицата не е никаков проблем и ќе го стори тоа без ронка грижа на совеста само со цел нејзиното его да се врати во нормала. Ако случајно тој погледне помлада и поубава од неа, треба да се подготви за долгочасовен монолог.

Лавовите имаат моќ секого да убедат дека црното е бело, па така таа ќе ја искористи и оваа ситуација да го убеди партнерот дека тој веќе не ја сака, дека нивната врска губи секаква смисла и така натаму, иако тоа нему не му е на крај на умот. Ако случајно тој ù каже дека му се чини оти колковите ù се малку пошироки од минатата година, воопшто не треба да се изненади кога таа ќе се појави од никаде, ќе се качи на хаубата од автомобилот и од својата баеги скапа чанта ќе го извади чеканот. Најстрашно е што ќе ги крши сите стакла додека тој е внатре во автомобилот.

Шкорпија
Таа е фатална жена во самата смисла на зборот; суштество со неверојатна имагинација и уште поотровен јазик. Не ја интересираат слабаци, ниту просек во било каква форма. Таа сака да го земе од животот само она најдоброто. Прво по што ќе ја забележите и засекогаш запаметите се нејзините очи. Поточно, погледот којшто хипнотизира и со кој ја мами жртвата веднаш да посака да стане нејзин плен. Но, не може тоа само туку така, бидејќи таа го избира човекот кој ù парира во сè или, можеби, оној кој е дури и посилен од неа, ако е можно. Маж кој е самосвесен, со кого ќе може да ужива и во интелектуални разговори и во необична љубовна игра в кревет, е она што го храни нејзиното срце и душа. Меѓутоа, ако тој случајно се обиде да надвладее, ќе биде санкциониран. Можеби не веднаш, ама жената Шкорпија има исклучително памтење и знае дека одмаздата е најдобра кога се служи ладна.

Многу е посесивна и љубоморна, така што нејзиниот маж не треба ни да помиси да погледне друга жена, а камоли да размислува за нешто друго, бидејќи таа смета дека треба да биде апсолутен господар на неговото срце.

Стрелец
На жената- Стрелец воопшто не ù е тешко да заведе било кој маж, ама таа не игра на картата на својот добар изглед, туку ги намамува со својот ум. Авантуристка, секогаш расположена да испроба нешто невообичаено, со неверојатен темперамент таа е сон за секој маж. За да го пронајде оној вистинскиот, таа може да влезе во безаброј врски, кои најчесто завршуваат бурно, токму поради нејзиниот наглсен темперамент и способноста секому да најде слаба точка. Меѓутоа, кога ќе го најде она што го сакаа, подготвена е максимално да му се посвети и да му биде верна до крајот на животот. За среќникот жената-Стрелец може да биде совршен и убаво спакуван подарок од Бога, ама тој мора да води сметка за своето однесување, бидејќи, во спротивно, сето тоа може да заврши лошо по него. Крајно е нетрпелива, па доколку нејзиниот сакан одолговлекува нешто (а таа сака сега и веднаш), врз него ќе излее цел порој лути и, за една дама, несоодветни зборови. И покрај тоа што можеби не се работи за некоја крупна грешка, кога ќе ја обземе бес таа ја губи контролата врз себе и ја навредува другата страна до изнемоштеност. Од најмали ситници ќе направи драма само ако си помисли дека со нешто е загрозена.

Ќе ги искрши сите чинии што ви ги подарила вашата баба пред затекнатите роднини само затоа што не сте го пофалиле нејзиното предјадење (полоша варијанта е вашиот лаптоп или мобилен, нели!). Го прави ова бидејќи за неа љубовниот живот е главна сфера и ако тука киксне, знае дека наскоро не ќе може да се опорави. Затоа ги бира и не баш најдобрите начини да го задржи саканиот, бидејќи смета дека ваквите ситни пакости (барем таа ги смета за такви) се оној скапоцен зачин што на вашата врска ù дава вистински вкус. –
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2016 во 08:09

ТАА Е УБЕДЛИВО НАЈГОЛЕМАТА ЗАВОДНИЧКА, НА ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ПАЃААТ СИТЕ МАЖИ

19

Таа е забавна, друштвена, магична и провокативна. Сака да запознава нови луѓе и не е вообразена, но нема многу интерес за долги љубовни врски.

Жена Близнаци

Непредвидлива е и својата друштвена и љубовна маска многу брзо може да ја замени со дистанцирање и ароганција. Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност за да биде заинтересирана, бидејќи оваа дама не дозволула игра со нејзиното тело, со некој кој не е способен да ја предизивика интелектуално.

Подготвена е да го употреби целото женско оружје, а својот шарм и привлечност за да го добие тоа што го сака. Оваа жена лесно се заљубува и затоа тежнее кон тоа да има повеќе од еден љубовник во исто време, се додека не го пронајде вистинскиот. Тогаш таа се смирува и се посветува на семејството, партнерот и бракот. Но дури и тогаш е спремна да каже “крај“, доколку партнерот ја изигра нејзината доверба или открие дека и е неверен.

 



Изменето од Valerija - 18.Април.2016 во 08:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2016 во 08:08

ИМААТ ЗЛАТНО СРЦЕ: ЕДИНСТВЕНИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК КОЈ МОЖЕ ДА ПРОСТИ СЕ

20

Речиси невозможно е човек да простува сè, затоа што секој има одредени принципи, до кои се држи. Да простуваш е човечко, но никој не рекол дека е лесно. Се учиш цел живот да не реагираш остро, да ги разбираш другите гледни точки и дека и ти не си безгрешен. Но има еден знак во хороскопот кој умее да простува речиси сè:

Лав

Лавовите се великодушен и разумни. Тие поседуваат нетипични за сите останати хороскопски знакови внатрешна сила и спокојство, кои им даваат посебен сјај во очите. Тие ги избираат внимателно луѓето до кои се држат и тоа е клучот за нивната склоност да простуваат. Лавовите не дозволуваат случајни луѓе во својот живот и многу внимателно го доживуваат секој од блиските со време и дејства. Кога еден човек влезе во нивниот живот, тоа значи дека тој е сигурен и може да му се има верба, речиси без никакви условности.

Кога сепак се случи некој да го предаде Лавот, во почетокот тој реагира како статуа и не изразува никакви емоции. Тоа е и нивно казнување – долгото молчење. Ако предавството, што и да е тоа, се случи во семејството, на Лавовите треба многу повеќе време за да простат. Но тие се подготвени на се за семејството и знаат дека треба да направат компромис за да им продолжи среќата дома.

Кога претставниците на овој знак се предадени од близок пријател, тие простуваат, но никогаш немаат верба повторно како што имале порано. Ги вадат своите заклучоци, но не покажуваат посебна промена во однесувањето, ама секогаш си имаат едно ум и никогаш не прифаќаат човекот повторно како нивен најблизок пријател.

Лавовите се хороскопскиот знак кој може да им прости сè на вистинските луѓе. Тие имаат златни срца и доволно храброст за да му верувате повторно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2016 во 15:28

ОВОЈ ЗНАК Е КАКО СЛОН, СÈ ПАМЕТИ, А ОСОБЕНО ТУЃИТЕ МААНИ, ПА НЕ Е НИ ЧУДНО ШТО Е ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈНАПОРНИОТ 6

Девиците се знакот чие ситничарење и ставање сè на „свое место“, обично кај луѓето кои ги опкружуваат, предизвикуваат желба да избегаат на друг крај на светот и никогаш да не се вратат во нивна близина.

Девиците се како слонови, никогаш не забораваат и не им е ни малку непријатно постојно одново да ве потсетуваат на моментот кога сте им направиле нешто лошо, иако можеби тоа се случило многу одамна.

Тие тежнеат кон совршенство на светско ниво, но никако не можат да сфатат дека прво мораат да поработат на себе.

Знаат да цепидлачат се кога во прашање постапките на други луѓе, но своите маани како да не ги гледаат.

Од друга страна, уживаат во сексот и тоа им е некој вид на издувен вентил, иако тоа никогаш нема да го признаат, дури ни себеси.

За среќа, не треба да се заборави дека не сите Девици се исти.



Изменето од Valerija - 15.Април.2016 во 15:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2016 во 08:12

Проверете кој е ваш тип на маж според хороскопот

Како да го изберете правиот маж отсекогаш било прашање. Можеби на вас ѕвездите ќе ви помогнат околу тоа. Нека ви помогнат ѕвездите во одбирањето на правиот господин.


maz

1. Ништо не е повеќе секси од маж:

  1. Кој е атлет во кревет и надвор него
  2. Кој има голема банкарска картица и носи добро скроени одела
  3. Кој страствено расправува за глобалната политика и амбивиозни идеи
  4. Кој пее серенада која ја напишал за вас.

2. Совршена предигра е :

  1. Чаша фино вино, свеќи и пенлива купка која ја приредил за вас. Ах да, и масажа на стапалата
  2. Слушање класична музика додека со саати се љубите и нежно се мазите
  3. Гласна но стимулативна расправа која ги распламтува вашите страствени интелектуални апетити
  4. Малку борење на постелнината е сосема доволно да се распламти страста

3. Ваш идеален прв состанок е :

  1. Планинарење или сурфање. Сакате да ја опипате неговата храброст и граница
  2. Романтична прошетка во паркот или излет во природа на кој можете долго да разговарате и да се запознаете подобро
  3. Одење во театар или отварање на изложба на слики на која можете по тоа да одите на некој коктел
  4. Вечера во ресторан надвор од градот на кој послужуваат јадења само од еколошки намирници на тоа поднебје

4. На забава избива тепачка меѓу двајца мажи. Како очекувате да постапи вашиот дечко?

  1. Да се уфрли во центарот на тепачката и да проба да ги смири тие што се тепаат
  2. Да пронајде кутија со прва помош да види дали на некој му треба фластер кога се ќе се заврши
  3. Застане пред вас како би ве заштитил
  4. Дипломатски пробува да ги увери раскараните страни како би престанале што е можно побрзо

5. Денот на заљубените од вашите сништа мора да вклучуваат :

  1. Шампањ и накит
  2. Куче кое го посакувате со години
  3. Топла, страствена ноќ во која ќе ги остварите сите сексуални фантазии
  4. Доручек во кревет, фото-албум со сите ваши заеднички фотографии и плејлиста снимена баш по ваш вкус

Поени: 1. А-4, В-1, С-3, D-2. 2.  А-1, В-2, С-3, D-4  3. А-4, В-2, С-3, D-1 4.А-4, В-1, С-2, D-3  5. А-1, В-2, С-4, D-3

Земјени знакови од 5 до 7 поени (Бик, Девица, Јарец)

За : Постоен и вистински страствен

Против: Избирлив и потребен

Мажите коио спаѓаат во земјените знакови имаат меѓавина на груб и софистициран вкус, но и сирова страственост која ќе ве собори од нога. Овие се фраери кои лесно постигнуваат успех во кариерата и сакаат лабав живот, но сепак со другата нога цвртсо стојат на земјата. Често разговарајте со нив и не допуштајте да неговите потреби ги засенат вашите. И само да знаете, тие се експерти за испробување на сексуални пози па немојте да бидете срамежливи во кревет.

Водени знакови од 8 до 11 поени (Рак, Шкорпија, Риби)

За: Заведливи и грижливи

Против:Тешко да го прочитате и срамежлив е

Ако барате чувствителност и романтика, тие ќе ви ја дадат. Овиое момци како да имаат шесто сетило и секогаш знаат жто сакаат жените па се трудат и тоа да ви го пружат. Секогаш се сочувствуваат, но често не знаат добро да ги изразат своите прави емоции па во почетокот на врската треба во тоа да му помогнете. Тие сакаат семејно окружување затоа планирајте излегување во локално кафичи и пицерии или едноставно уживајте во мирна вечера дома

Воздушни знакови од 12 до 15 поени (Близнаци, Вага, Водолија)

За: Духовит и мудар

Против: Збунет и темпераментен

Вие уживате во разговарање. Овие мажи се фантастични во разговорите кои цела ноќ ќе ве држат будни. Среќа, одлични се и во валканите разговори. Уживаат во културни доживувања, пијачка по работа со пријателите на кои разменуваат ставови и мислења. Посебно се слаби на жените кои ги подржуваат. На нив главен адут им е комуникацијата, затоа секогаш со себе имајте мобилен и уживајте во СМС – сите и заводничките меилови.

Огнени знакови од 16 до 20 поени (Овен, Лав, Стрелец)

За: Привлечен и забавен

Против: Непредвидлив и немирен

Ве возбудува неговиот магнетен авантуристички дух, но внимавајте, овие момци сакаат да втрчаат во врска. Затоа врзете го сигурносниот појас и тргнете на диво возење. Планирајте активни состаноци на кои ќе ја потрошите неговата неисцрпна енергија. Совет: мажите родени во огнени знакови сакаат возбудување на парите па немојте да се срамите да покажете дека прилично барате и дека ни малку не сте лесен плен.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2016 во 08:11

Букет според хороскопскиот знак: Јасмин за ракот, гладиоли за лавот и рози за вагите

Букет со свежи цвеќиња е совршен подарок, било за роденден, годишнина, дипломирање или едноставно изјавување на љубов. Но, има огромен избор на прекрасни цвеќиња, па понекогаш е тешко да се избере правото.


buket cveke

Затоа, одберете го вистинскиот цвет според хороскопските знаци.

Овните се импулсивни, полни со енергија и амбиции. Сакаат предизвици. Нивни бои се портокалова, црвена и жолта. Цвеќе кое го сакаат е орхидеjа, љубичици, јоргован. Тоа се диви, дрски, огнени, а истовремено нежни цветови. Цвет кој ја одржува енергијата кај овните е полскиот афион. Ги сакаат цикламите и шафранот, бидејќи се пробиваат низ сите пречки за да ја навестат пролетта. Овните ќе бидат задоволни ако им подарите лилјан или лалиња, симболи на убавина и силни емоции.

Бикот знае да го извлече најдоброто од секое ново искуство. Слободен е и стабилен. Сака зелена, розова и светло сина боја. Цвеќе кое најмногу го сака е афион, див лилјан и јоргован Романтичната природа на овој знак и неговата префинетост за убавото, подеднакво добро може да се изрази и со букет ружи. Одберете розови ружи, бидејќи таа боја ја ублажува биковата тврдоглавост. Бидејќи многу ја сакаат природата, биковите обожаваат и полско цвеќе, божур и ѓурѓовденче. Биковите сакаат големи, тркалезни цветови како герберот.

Близнаците добро се адаптираат кон се што е ново. Спектар на омилени бои им се: жолта, бела и сина. Маргаритките одговараат на нивниот темперамент. Веселиот нарав на близнаците одлично се сложува со ливадските цвеќиња. Совршен подарок е мало букетче од камилица. Бидејќи ја обожаваат жолтата боја, ги сакаат и нарцисите. Близнаците не се многу вешти во одржување градина, но сепак знаат да одгледаат по некој корен перуника, бидејќи тоа е цвет кој носи добри вести, а близнаците секогаш се полни знаење и информации.

Ракот е лојален и топол знак. Заради својата природна дипломатија и емотивност го прави животот на оние околу себе пријатен. Сака бела, сребрена и зелена боја. Омилено цвеќе му се ружите, јасмин и гарденија. Цвеќето не ракот му причинува среќа. Подарете му бели ружи, кои симболизираат чистина и го смируваат лабилното расположение на ракот. Особено ги сака дивите ружи со ситни цветови. Прозорците на раковите се украсени со љубичици како симбол на скромност и тајна љубов. Во своите градини сакаат да одгледуваат стебла со јаболки, крушки и сливи или сите други овошки кои имаат бели цветови.

И покрај желбата да доминира, лавот е романтичен и нежен. Боите кои ги сака се жолта, портокалова и црвена. Купете му цвет од сончоглед за да го израдувате, гладиоли или лупинес. Добар избор се и гардениите и цикламите, ако се луксузно спакувани. На оваа листа можат да се најдат и орхидеите, невенот и хортензијата. Од дрвја сака палми, орев и маслиново дрво.

Овој навидум смирен знак сака секогаш да знае на што е и да држи контрола над ситуацијата. На нивниот хипер – осетлив нервен систем одлично одговараат убави цветни аранжмани. Најдобрите градинари на светот се родени во  знакот на девица и ти е сакаат косено сено, камелии, нарциси, бадемов цвет и цвет од вишна. На своите тераси имаат фикуси и сардели, а го сакаат мирисот на јоргованите.

Вагите се познати по нивната пребирливост, големи естети се, имаат истенчен вкус и големи барања. Уживаат во нијансите на сината, зелената, сивата и розова боја, како и во силните тонови на жолта и црвена боја. Нивно цвеќе се бледо розовите рози, хризантеми, ириси и бледи гербери. Кога се заљубени овие знаци сакаат силни мириси. Овој знак ќе го израдувате со букет бамбуси или лалиња.

Скорпиите се познати по своите моќи и нагласени страсти. Ако поклонувате цвеќе на скорпии,нека биде тоа гербери, божур, црвени ружи, кактус, гардении, огромни букети хризантеми и диви каранфили. Скорпијата може да ја препознаете и по нејзината градина во која има хибискус, орев и зимзелени дрвца.

Стрелците се дарежливи, со отворено срце и големи индивидуалци. Ако одбирате цвеќе за нив, нека биде тоа нешто префинето, бидејќи тие тежнеат кон совршенство. Полн погодок за огнените стрелци се големи цветни аранжмани како филадендрон или бонсаи дрвце. Ги сакаат билките кои носат среќа во домот. Од мирисите, најмногу сакаат мирис на праска, црешов цвет и цикорија. Љубители се и на полско цвеќе и љубичици.

Интровертните јарци сакаат класични, елегантни, децентни мириси кои им одговараат на нивната рафинирана и елегантна природа. На ист начин одбираат и бои и сакаат дискретни тонови на кафена, сина, зелена и жолта боја. Омилени цветови му се бршлен, дрво на животот, камелии, магнолија, јоргован, јасмин и ружи. Нивното внимание ќе го добиете ако им подарите голем, раскошен букет.

Водолиите се уникатни во се, боеми, бунтовници, креативци со бројни интереси. Ретко се случува да купат ружи или да ги одгледуваат дома. Сакаат гладиоли, лалиња, орхидеи, папрат, ирис и кали. Бидејќи сакаат да експериментираат во животот, истото го прават и при избор на цвеќе. Ако сакате да ги изненадите најдете некој цвет добиен со вкрстување на две сорти. Добар избор за водолиите се бамбус, кактус и нарцис.

Шармот на таинствените риби, никого не остава рамнодушен. Му одговараат заводливи, мирисни ноти, длабоки како и нивниот внатрешен живот. Омилено цвеќе им е калина, љубичица, ирис, багрем, липов цвет и орхидеи. Овие знаци обожаваат цвеќе и сакаат да одгледуваат собни сорти во својот дом. Обожаваат црвени и розови ружи, а мириси кои ги опуштаат се мирис на бергам, јасмин, љубичици, темјан и босилек. Добар избор за рибите се и големите папрати со зелено лисје или букет од полско цвеќе во кој преовладува сина боја

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2016 во 08:09

Досега непознат хороскоп-Пет тајни кои не сте ги знаеле за секој хороскопски знак

Постојат неколку „чудни работи“ во врска со секој хороскопски знак.


hor

Овен

*Кога ќе повредите Овен, тој нема повторно да зборува со вас или веднаш ќе ве остави

*Овен обожува хумор и сака да раскажува вицови во друштво

*На Овенот се брзо му досадува и сака постојани изненадувања

*Типичен престсавник на Овен е мешавина од професор и порноѕвезда

*Овенот е секогаш во право!

Бик

*Бикот креира свој мал свет далеку од сите. Чести чувствува дека никој не го разбира

*Кога Бикот ќе се налути тогаш најдобро е да оставите на мира извесен период

*Биковите не сакаат патетика и драматизирање

*Иако Бикот е опишан како „див“ знак, тој не се обидува со сила да ги решава судирите

*Бикот понекогаш ќе ви каже дека не сте му важни, но длабоко во него не е така

Близнаци

*Близнаците никогаш не доцнат, најчесто другите доаѓаат пред време

*Ако мислите дека Близнаците зборуваат многу, реалноста е дека вие сте срамежливи

*Близнаците може да бидат верни во врските и пријателставата, но кога ќе ги навредите не ви даваат друга шанса

*Близнаците сакаат хумор, а некогап се толку духовите што стануваат и досадни

*Близнаците леснос е вознемируваат

Рак

*Ракот е еден од најверните знаци во зодијакот

*Раковите не се отвораат лесно, а кога ќе се отворат засекогаш ќе бидете врежани во нивното срце

*Раковите исто така ја сакаат својата мајка најмногу од се

*Раковите им се лојани на семејството и пријателите

Лав

*Лавот во еден момент можат да бидат вљубени, а веќе во следниот да ви го срушат небото врз глава

*Лавот обично го прави тоа што го сака кога тој сака

*Лавот ќе стори се за да бидете сречни

*Не се обидувајте да се расправате со Лавот. Нема да победите

*Лавот се сака себе си. Не очекувајте вас да ве сака повеќе

Девица

*Девицата премногу ги анализира работите

*Девиците никогаш не мируваат, дури и кога спијат тие го планираат следниот ден

*Девиците сакаат секогаш да бидат вљубени, но од друга страна постојано живеат во страв дека нема да најдат некој кој навистина кче го сакаат

*Акое лута на вас Девицата тоа че ви го каже

*Ова е најверниот знак во зодијакот

Вага

*Вага секогаш оди на сè или ништо

*Вагите можат да ја добијат борбата без расправање

*Понекогаш Вага сака да биде потполно сама, апонекогаш има потреба да се најде во што побројно друштво

*Ќе ви одржи цело предавање само за да ве убеди дека не треба да мие садови

Скорпија

*Кога ќе успеете да ја освоите Скорпијата таа љубов ќе биде нешто волшебно

*Морате да бидете и тоа среќник да успеете да имате љубовна врска со Шкорпија

*Скорпиите се чувствителни и се суриви  кога чувствуваат дека емоциите не им се возвратени

*Скорпиите мразат премногу прашања

*Скорпиите се срамежли со непознати луѓе

Стрелец

*Стрелецот знае кога да се забавува, а кога да стави граници

*Стрелецот може да ги смени плановите во последен момент

*Стрелчецот е вечно дете, но станува сериозен кога се работи за тешки прашања

*Стрелецот е речиси секогаш добро расположен и знае да простува

*Вие никогаш нема да знаете што мисли Стрелецот, освен ако тој не посака тоа да ви го открие

Јарец

*Јарец повеќе сака да има мал број на искрени пријатели од  многубројни лажни пријателства

*Јарецот тешко или воопшто не простува

*Јарецот не се откажува лесно. Тој има моќ да ви помогне во се

*Јарец е подготвен да жртвува се само поради работата

*Јарецот кога ќе формира семејство е еден од најпожртвуваните родители во зодијакот

Водолија

*Водолиите може да ви помогнат во вашите проблеми

*Водолитите лесно влегуваат во врска

*Кога Водолијата се вљубува таа има 15 000 емоции во минута

*Водолијата е доста динамичен знак

*Водолиите не ги сакаат несигурните луѓе

Риби

*Рибите лесно создаваат пријателства, но секогаш покрај нив има многу малку луѓе

*Доколку ја повредите Рибата, веднаш ќе ви ги покаже „забите“

*Рибите добро ги чуваат тајните од другите луѓе

*Кога Рибите чувствуваат дека нешто не оди како, тие со сите силе ќе трудат да ја сменат ситуацијата во нивна полза

*Рибите даваат се од себе без да очекуваат нешто за возврат

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2016 во 13:25
Планот ми е комплетено разработен.
Имајќи ја во предвид местоположбата
на снајперот,маркирав "црни точки"
за да се извлечам од нишанот.
Ме плаши само близнаков и у овој бизнис
ми се лепи како судбина.
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2016 во 13:11
top ti e planot, da!

nemoj samo mene da me zaboravish , oti na krovot sum so snajper i pratam sekoe dvizhenje..   
едно е - не се две
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2016 во 09:32
Има ли кандидати
Планот ми е топ
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2016 во 08:42

Крими хороскоп: Како би изгледало, ако сите 12 знаци ограбуваат банка?


12 пријатели решиле да ограбат банка - што мислите како поминале? Успешно завршило ограбувањето?

organiziran-kriminal-kako-horoskopksite-znaci-ograbuvaat-banka-01.jpg

Јарецот бил поставен на чело на една реномирана банка. Како директор, решил да дојде до поголема сума на пари.

Се јавил кај неговиот пријател Бикот кој еднакво ги цени материјалните добра и договорил состанок со него, а планот го пратиле кај Девицата за да направи детална стратегија.

Организацијата „Астро пантери“, која брои 12 членови, го спровела планот во дело.

Штотуку пуштен од затвор, Близнакот заедно со Вагата исценирал расправија со портирот на банката.

Во тој момент, Овенот пристигнал одзади и го насочил оружјето кон сите присутни, додека кутриотРак, како заложник, го „спакувале“ во багажникот на автомобилот.

Во автомобилот зад воланот чекал специјалистот за брзини - вештиот Стрелец. Рибите веќе се нашле пред трезорот, не се знае како и кога.

Пристигнала Водолијата со своите технолошки трикови да ја открие шифрата на трезорот.

Лавот за тоа време, ја следи целата акција од кровот на соседната зграда со снајпер во рацете.

Овенот и Скорпијата ги пакуваат парите, а Рибите ја користат ситуацијата, го земаат својот дел и бегаат заедно со Близнаците во непознат правец.

Девицата прецизно пресметала колкав процент од парите припаѓа на секој член од организацијата.

organiziran-kriminal-kako-horoskopksite-znaci-ograbuvaat-banka-1.jpg

Шест месеци подоцна:

Јарецот основал сопствена компанија. Бикот ужива на лежалка на плажа додека тиркизното море ги лади неговите стапала, а Лавот ми се придружува.

Стрелецот е сред море во својата нова јахта. Рибите и Скорпијата се договараат за нови „проекти“ во Лас Вегас.

Овенот го освојува Монт Еверест со својата експедиција. Ракот си купил дрвена колиба во подножјето на планина и ужива покрај каминот.

Нервозните Близнаци веќе се пред банкрот. Девицата и понатаму ги брои парите. Вагата ексклузивно промовира новa колекција на костими за капење на Armani.

Водолијата сите свои пари ги вложила во експерименти за потребите на науката и ги посетува пријателите со својот нов авион.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.