IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 125126127128129 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2015 во 16:52

Кои хороскопски знаци најлесно се вљубуваат?

Листата на петте најлесно заљубливи хороскопски знаци е следнава:

Број 1: Стрелец – Можеби се спонтани и индивидуалци, но ги сакаат долгите врски кои ги подигнуваат до небо. За момент, сакаат да побегнат од реалноста и да отпатуваат на некоја романтична дестинација. Вечно сонуваат по личност која ќе ги заведе и ќе ги заинтересира до крајот на животот.

Број 2: Бик – Обожава долги врски, но сака да влегува во кавги за работите во кои е цврсто уверен. Романтичен е и грижлив. Сè ќе даде само за да го задржи вниманието на саканата личност. Сака забава и авантури, но подготвен е да се „жртвува“ за љубовта на својот живот.

Број 3: Водолија – Можеби се ексцентрични, но се почувствителни отколку што сите мислат. Под креативниот оклоп се кријат личности кои сакаат да бидат сакани, чувани и разгалени. Колку и да звучи контрадикторно, Водолиите сакаат мирна врска.

Број 4: Рак – Зачудувачки, но Ракот не е првиот на оваа листа. Сепак, одлично се бакнува, добро изгледа и е една од најгрижливите личности во хороскопскиот знак. Сексот е нивно емотивно поврзување, а доколку стигнете до тој чекор со некој Рак – нема назад.

Број 5: Лав – Уште еден знак кој се очекуваше да биде на 12-то место, под сите, но и Лавовите знаат безусловно да сакаат. Страстен знак кој ужива во освојувањето, шармирањето и заљубувањето, само ретко кога признава. Ако не сте подготвени за врска, во никој случај не си поигрувајте со срцето на Лавот, затоа што тоа е покревко од што мислите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2015 во 15:23

СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ДАВА НЕСВЕСНИ ЗНАЦИ ДЕКА Е ВЉУБЕН

4

Секој хороскопски знак има едноставни, можеби несвесни показатели…
…со кои се обидува да ви даде до знаење дека сте во игра.

Па, погледнете кои се тие знаци…

Овен
Овните не сакаат многу да тактизираат, па ако им се допаѓате, веројатно отворено ќе ви кажат. Меѓутоа ако играат на картата таинственост, тогаш обрнете внимание на нервозните движења. Тоа не се показатели дека повеќе би сакале да бидат на друго место, туку дека сакаат да бидат со вас.

Бик
Биковите се главно традиционалисти, конвенционални типови, па ако им се допаѓате, тој или таа ќе ви се додворува на старомоден начин. Прашањата за омилена боја, храна или цвеќе – значат дека планираат да ве заведат и дека се обидуваат да смислат совршен состанок.

Близнаци
Близнаците се флертувачи чии умови се вечно будни и активни, а сакаат да разговараат со сите што ќе ги запознаат и тоа за најразлични теми. Затоа е малку потешко да препознаете дали во вас гледаат нешто повеќе од незадоложителен флерт. Најдобар знак за тоа е ако, покрај вообичаената конверзација, почнат да ви поставуваат лични прашања.

Рак
Раковите се главно ориентирани кон семејството, па ако кон вас почнат да се однесуваат емпатично, тоа е добар знак дека им се допаѓате. Ако се постават заштитнички, тоа е чекор понапред, а ако ве повикаат да го запознаете нивното семејство, тоа е сигурен знак дека ве гледаат како партнер.

Лав
Лавовите сакаат да „драмат“ па тешко е да се заклучи дали зад нивниот спектакуларен настап стојат искрени чувства или само позирање. Но, сигурно им се допаѓате ако се откажат од тоа да бидат во центар на внимание и ако ве пуштат вие самите да уживате во тоа.

Девица
Логични и практични, Девиците нема на сите ѕвона да ја покажат својата љубов со некој голем гест. Ако пронајдат време и ве прашаат за вашите чувства и се релаксираат во вашето друштво, тоа е добар знак дека постои нешто повеќе.

Вага
Животот на Вагите е балансиран и искрен и тие кон тоа имаат позитивен став. Па како тогаш да дознаете дали се само пристојни или навистина им се допаѓате? Најдобар показател е ако ве пуштат во нивниот свет и ако ве повикаат на романтично дружење.

Скорпија
Ќе знаете дека Скорпијата ве забележала ако таа упорно гледа во вас од другата страна на просторијата. Нивниот интензивен поглед ќе направи да се почувствувате како да сте сами во просторијата. Скорпијата може да ви се причини „студена“ на почетокот, но нема да троши време на безвезни разговори со некого за кого сериозно не се заинтересирани.

Стрелец
Стрелецот е друштвен и отворен, па неговото претерано пријателско однесување лесно ќе го замени за нешто повеќе. Времето кое го поминува во друштво му е многу драгоцено, па ако се најде со вас повеќе пати во неделата, тоа е добар знак дека сте го освоиле.

Јарец
Јарецот никогаш не ги отвора картите, но ако неговиот строг став се ублажи во ваше присуство и ако краде време, на пример од работата, за да ве стави во својот пренатрупан распоред, веројатно во вашата врска гледа романтичен потенцијал.

Водолија
Водолиите размислуваат надвор од вообичаените рамки, па со нафрлање на традиционални идеи можете единствено да бидете исфрлени низ прозорец. Ако и се допаѓате на една Водолија, таа во еден момент ќе ве провоцира и ќе се шегува со вас, а во следниот момент ќе започне интелектуален разговор. Нивното ексцентрично однесување значи дека ве одмеруваат и дека се обидуваат да сфатат дали можете да се вклопите во нивниот необичен свет.

Риби
Добра вест е тоа што Рибите не е тешко да се прочитаат, а уште подобра е дека кога еднаш ќе им се допаднете на Рибите, ќе ви возвратат со внимание и нежности. Сосема е можно да добиете рачно напишана песна или портрет, што доволно ќе ви каже за нејзините чувства.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2015 во 15:53

НА КОЛКУ ГОДИНИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ТВОЈАТА ВИСТИНСКА СРЕЌА СПОРЕД 

Се смета дека во животот на секој човек има период во кој се му врви по вода – работа, учење, љубов, пари… Што не значи дека и во останатото време нема да е среќен, но особено во оваа фаза тревогите и негативните емоции се сведени на минимум. Да си замислиме дека животот е еден круг поделен на четири временски сектори – детство, созревање, зрела возраст и старост. Во секој сектор има по три зодијачки знаци. И тие зодијачки знаци се чувствуваат најсреќни во периодот кој нивниот сектор го опфаќа.

Abstract Digital World Background

Сектор 1: 0-21 година

Хороскопски знааци: Овен, Близнаци, Бик

Тие се енергични, импулсивни, често егоистични, љубопитни и нивната движечка сила е секогаш личен интерес. Исто како децата. Во периодот од 21-вата година тие треба да ја искористат максимално секоја можност. Да не се плашат да бидат себе, колку и критики да добиваат. Се што решат, можат да го постигнат со леснотија. И нека овие цели не бидат ситни, туку такви кои долго време ќе им носат дивиденди.

Сектор 2: 22-40 години

Хороскопски знаци: Рак, Лав, Девица

Комуникативни, суетни, држат до своето и се разбираат од се. Токму како еден млад човек, кој скоро ја добил својата самостојност и веќе се чувствува “голем човек”. Тие имаат 2 двигатели – желба да се потисне другиот и интересите на семејството и пријателите. Во периодот од 21-40 години, овие знаци ќе се чувствуваат вистински почитувани и сакани. Од нив зависи колку ќе имаат корист од тоа. Во принцип не се фанови на големите цели, но вистина е дека дури ни тие нема да и се спротивстават на “среќната фаза”.

Сектор 3: 41-53

Хороскопски знаци: Вага, Шкорпија, Стрелец

Фер, може да им се верува, гледаат на поинаков начин на животот. Но исто така се и малку арогантни со постојана желба да те водат и да те учат лекции за животот. Исто како еден веќе зрел човек, кој видел и научил многу. Нивната движечка сила е реализација на амбициите. Во периодот од 41-вата до 53-тата година тие ќе чувствуваат хармонија со себе. Тоа е фаза на блаженство, нови хоризонти и исполнување на емоции.

Сектор 4: 54 години – длабока старост

Хороскопски знаци: Јарец, Водолија, Риби

Мудри, често вознемиени за нешто, понекогаш сочувствителни, понекогаш апсолутно груби. Исто како возрасен човек кој видел се, испитал се и знае како да се однесува во дадена ситуација. Движечката сила на овие знаци е спроведување на колективните цели. Ставете ги во тим, дајте им задача и само за неколку часови тие ќе се полни со таленти и идеи. По навршувањето на 54 години, ги чекаат многу успеси, многу задоволство и доволно слободно време, кое ќе го посветат на себе и своите најблиски. Ако воопшто постои нешто како “блажена старост”, тогаш таа е резервирана токму за овие 3 хороскопски знаци.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2015 во 15:26

Проверете што сте во индијански хороскоп!


Во хороскопот на американските домородци, знаците се поврзани со животните, чии карактеристики и начин на живот се рефлектираат во карактерните црти на луѓето кои се родени во соодветниот период.

Дознјате кој знак сте вие во индијанскиот хороскоп!

Сокол (21 март – 19 април)

Карактеристика: динамичност



Со оглед на тоа што соколот е симбол на слобода и независност, него е тешко да го скротите. Луѓето родени во овој знак секогаш се подготвени за акција и постојано мечтаат за авантури. Често се иницијатори и сакаат да ги водат другите, но од време на време знаат да бидат и премногу импулсивни. Тежнеат во групата да го задржат својот изразен идентитет.

Дабар (20 април – 20 мај)

Карактеристика: доследност

Заради својата потреба за сигурност, дабарот ги симболизира зависноста и комфорот. Сака да поседува вредни работи, тоа го смирува. Исто така, дабарите се одликуваат со упорност, стабилност и издржливост. Познати се и по неограничената трпеливост.

Елен (21 мај – 20 јуни)

Карактеристика: сила

Елените се немирни и неуморни креативци, заради што луѓето родени во овој знак оддаваат впечаток на висока интелигенција и секогаш се надеваат дека можат да ги променат работите со сопствените дела. Имаат силна волја и прилично се великодушни. Нивната интуиција е силно развиена.

Клукајдрвец (21 јуни – 21 јули)

Карактеристика: чувствителност


Луѓето родени во знакот на клукајдрвецот постојано бараат сигурност и заштита и често се загрижени заради нивната изразена чувствителност. Тие го сакаат својот дом и се многу чувствителни. Имаат силна фантазија и патат од нагли промени на расположението. Животната цел им е да живеат во хармонија со околината.

Лосос (22 јули – 21 август)

Карактеристика: самодоверба



Внатрешната сила и страст на лососот им дава на луѓето родени во овој знак моќ со достоинство да ги пребродуваат сите потешкотии на кои наидуваат. Горделиви се, спонтани и одлучни. Се одликуваат со голема храброст, амбициозност и желба за успех, што ги прави одлични лидери. Во животот бараат цел и сакаат да доминираат бидејќи се најдобри во тоа.

Мечка (22 август – 21 септември)

Карактеристика: практичност



Кафеавата мечка е срамежливо и нежно животно. Луѓето родени во овој знак најдобро се чувствуваат во организирана животна средина, која е предвидлива и која можат да ја држат под контрола. Тие се дискретни, имаат смисла за детали и се перфекционисти. Толеранцијата и оптимизмот не им се силни страни, па на тоа поле мораат посебно да поработат.

Гавран (22 септември – 11 октомври)

Карактеристика: дипломатија

Луѓето родени во знакот на гавранот поседуваат голема сила, која им овозможува да се справат со сè што им носи животот. Прилично се социјализирани, шармантни се и пријателски настроени, заради што ретко се сами. Гавраните се интелигентни и мистични. Тие се идеалисти на хармонија во заедницата, а слаба точка им е тоа што знаат да бидат несигурни и недоследни.

Змија (23 октомври – 22 ноември)

Карактеристика: преживување



Во многу култури на змијата се гледа со почит бидејќи се смета за заштитничка на животните мистерии. Луѓето родени во овој знак имаат добра способност за расудување и интуиција, што ги прави експерти за човечката душа. Змиите се реалистични и склони кон самоконтрола.

Був (23 ноември – 21 декември)

Карактеристика: мудрост



Во старите култури бувот е симбол на мудрост и знаење. Личностите родени во овој знак се спонтани ентузијасти и идеалисти. Тие секогаш се чекор напред, гледаат во далечина, имаат широк и длабок поглед на работите. Љубопитни се, дарежливи и доверливи.

Гуска (22 декември – 19 јануари)

Карактеристика: упорност



Луѓето родени во знакот на гуската имаат изразено чувство за натпреварување и упорност. Обично имаат големи планови и полека, но сигурно стигнуваат далеку. Нивното мото е „тивка вода брег рони“. Тие се внимателни, независни и добро се прилагодуваат на нови ситуации. Што се однесува до лицата кои им значат, гуските се поставуваат многу заштитнички,

Видра (20 јануари – 18 февруари)

Карактеристика: креативност



Видрите се весели животни, па лицата родени во овој знак се карактеризираат со интелектуална стимулација, слободен дух и креативност. Имаат изразени вербални вештини. Заради нивните високи идеали, од другите бараат повеќе отколку што можат да им пружат. Без оглед на сè, видрите секогаш ја бараат вистината.

Волк (19 февруари – 20 март)

Карактеристика: лојалност



Иако се чини дека волкот е многу моќен, тој исто така е и доста плашлив и внимателен. Луѓето родени во знакот на волк се емпатични кон другите и се многу одани. Нивната главна цел во животот е да пронајдат љубов и да ја задржат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2015 во 07:13

ЗА БЛИЗНАКОТ ЉУБОВТА Е САМО ИГРА, РАКОТ ЌЕ ЖРТВУВА СЕ ЗА ЉУБОВТА, ЛАВОТ СО ДОСТОИНСТВО ЌЕ ТИ КАЖЕ “ЗБОГУМ“...

27

Секој хороскопски знак на свој начин ја доживува љубовта, секој од нив ја изразува само на себе својствен начин. Емоциите кај едните се подлабоки, кај другите површни. Едните ќе ви дадат втора шанса, другите без компромис ќе ви кажат Збогум и ќе ви го скршат срцето…

Овен

Овните се немирни и љубопитни, имаат постојана потреба за освојување и игри. Брзо го губат интересот за оние кои до крај им се отворат, па затоа често го подаруваат своето внимание на таинствените,понекогаш и неискрени личности. По мила им е слободата отколку компромисот, посебно во младоста, не се флексибилни и за раскинување на врската одлучуваат наеднаш, често без зборови. Доколку сакате да го задржите, заборавете на надмудрувањето и контролирањето на неговите постапки или пак на монотоното, речиси досадно однесување.

Бик

Бикот е стабилен и цврст, обожава сигурност, блискост и доверба. Доста се издржливи, но доколку ја преминете одредената граница, реагира како вулкан, што ни сам не го очекува. Бикот сака сериозна и јасно дефинирана врска. Верни се и очекуваат верност од партнерот. Овој знак се задоволува со едноставни работи во врската. Многу тешко се отвара пред други луѓе, но ако еднаш го натерате да прозбори, тогаш на муабетот му нема крај. Не ја сакаат несигурноста, неизвесноста, па дури и најмал сомнеж дека можат да бидат оставени. Заминуваат тивко, со жалење,после долго размислување. Кога еднаш одлучат, не постои начин, а ни личност поради кои ќе се предомислат.

Близнаци

Близнаците се ведри и насмеани. За нив љубовта е предизвик, игра, ама ретко трајна, бидејќи слободата им е помила од се. Раскинуваат поради досада, љубопитност, за да видат што ќе се случи, поради потребата за слобода или ако се заинтересираат за некој друг. Ама секогаш убедливо, толку многу да и самите поверуваат во тоа. Шармот ги спасува од бесот на оставениот партнер, кој најчесто се сеќава со одредени симпатии на него. Ако одлучат да останат во врска, партнерот е вистински среќник, па може да им прави што ќе посака.

Рак

Раковите се емотивни и чувствителни, спремни се на најголема жртва како би ја задржале саканата личност покрај нив, дури и кога е лоша и исцрпувачка. Раскинуваат со солзи и спремни на компромис. Единствено може да ги натера засекогаш да си заминат е лошиот однос на партнерот кон неговото семејство или одбивањето на заеднички живот. Кога дојде до крајот, и покрај болката и лутењето, во сеќавање им остануваат само добри спомени. Ретко се случува да зборуваат за својата врска, а ако нешто кажат, тоа ќе биде само најдоброто.

Лав

Лавовите се достоинствени и горделиви и не дозволуваат никој да им се спротистави. Раскинуваат кога им е повредено егото, не дозволуваат никој да ги остави бидејќи за нив тоа значи понижување и отфрленост. Први се во се, па така и во проценувањето и конечниот потег кога треба да остават некој. Обожаваат да бидат во центарот на вниманието, тие се центарот на Универзумот и не дозволуваат конечното “збогум” да помине незабележливо. Кај нив се е драматично, па така и самото раскинување, кое ги наведува на непочитување на правилата и неодобрување на постапки.

Девица

Најчесто Девиците се тие кои се оставени. Но кога се одлучат на тој пресуден чекор, тоа е поради чувството на инфериорност. Ако не се случи некоја траума, преферираат мирно и разумно раскинување отколку правење сцени пред другите. Помеѓу љубовта и обврските секогаш ги избираат обврските, бидејќи материјалната состојба им е важна. Во љубовта се искрени, па настојуваат да бидат такви и при раскинувањето. Ќе се повлечат без многу зборување, на што ги наведува неорганизираниот начин на живот на партнерот, неговата склоност кон драми и потенцијални проблеми.

Вага

Вагите се хармонични, убави и друштвени, тие не прифаќаат услови, ограничувања, нетолерантност, па често освен губењето на емоции и блискост, да стават крај ги наведува и несогласувањето со вашите постапки. Пред да ви каже збогум, ќе ви даде уште една шанса и ќе проба да ги среди односите, најчесто партнерот да свати дека врската нема перспектива, па Вагите да се ослободат од непријатната одговорност за објаснување. Раскинуваат културно и тактично, како што и доликува на нивниот знак,со ризик дека тоа другиот нема да го доживее како искреност туку како извлекување.

Шкорпија

Шкорипиите се таинствени, мистични и деструктивни, не оставаат, тие просто уништуваат се пред себе. Дури и кога тоа не е потребно. Нивната сила често е нивниот најголем непријател. Стравовите, сомнежите, посесивноста и љубомората неизбежно ги доведува до точка кога љубовта престанува. Очекуваат бескрајна посветеност и верност, па доколку ги изневерите спремни се да се осветат. Доколку причината за крај е недостатокот на сексуалност,привлечност или премалку предизвици, тие едноставно исчезнуваат, бидејќи не доликува на нивниот карактер пристојно и трезвено да се разјасни целата ситуација и да се разделат во мир.

Стрелец

Стрелците се жешки, променливи и желни за авантура и предизвици. Многу тешко се врзуваат само за една личност на подолго врее, посебно во младоста. Себеси се сметаат за космополит и прават се за да бидат над се што припаѓа на секојдневието. Ако партнерот повеќе не го стимулира на нови предизвици,многу лесно продолжуваат понатаму. Реагираат доста импулсивно и заминуваат без многу објаснувања. Кога ќе се смират работите, се враќаа на “местото на злосторството”, спремни да разговараат разумно и сталожено.

Јарец

Овој знак тешко донесува одлуки како за крај, така и за почеток на врската. Кога еднаш се најдат во озбилна љубовна врска, со цела своја сила,трпение и чувства вложуваат во неа. Но спремни се и да се откажат кога почувствуваат потреба да бидат сами или пак кога мора да се одлучат помеѓу љубовта и кариерата, која им е најважна. Бидејќи по темперамент не се склони кон отворање на срцето и признавање на најдлабоките чувства, повеќе заминуваат тивко и без објаснувања. Тоа не значи дека ќе исчезнат, туку дека своите намери ги покажуваат индиректно преку одсутноста и нервозата.

Водолија

Модерна,бунтовна и револуционерна, Водолијата го живее секој миг различно од другите околу себе. За крај е доволно да се разбудат едно утро и да заклучат дека врската во која се наоѓаат повеќе нема смисла. Но на тоа се одлучуваат кога ќе осетат притисок и обврски на кои не се спремни. Раскинуваат директно или прифаќаат работни понуди поради кои ќе мораат да се иселат. Дури и кога ќе паднат тешки зборови, ќе пробаат разумно да ги објаснат своите причини со намера да останат во пријателски контакт. Идеален крај за нив е разговор во кој ништо нема да остане нерешено.

Риби

Вечните сонувачи, идеалисти и емотивци. Живеат за други, да сакаат и да патат. Се впуштаат во се со срцето, па воопшто не изненадува што раскинувањето го доживуваат многу емотивно, дури и трагично и тогаш кога не би требало. За нив раскинувањето е лични пораз, драма во која ја губат сигурноста која толку многу ја сакаат и со цело срце ја градат. Фантазиите и соновите ги доведуваат до разочарување и до горката вистина дека нивниот партнер не е идеален. За раскинување ги наведува нетолеранцијата спрема нивната склоност кон фантазирањето и барањата да се спуштат на земја, како и ставање на чувствата во втор план, кои за нив се најважни на светот.



Изменето од Valerija - 09.Февруари.2015 во 07:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2015 во 09:07

КОГА РАЗЛИЧНИТЕ ЗОДИЈАЧКИ ЗНАЦИ ГИ НАПУШТААТ СВОИТЕ ПАРТНЕРИ

16

Постојат работи кои одредени знаци едноставно не можат да ги проголтаат. Има и такви кон кои не можат да се придржуваат. И тие стануваат главна причина за разделба. Прочитајте кога зодиите го оставаат својот интимен партнер.

Овен: Кога е принуден да се покорува!

Бик: Кога ќе биде понижен јавно (пред пријатели).

Близнаци: Кога ќе им стане досадно.

Рак: Никогаш!

Лав: Кога ќе престанеш да се однесуваш со него како кон “господар”.

Девица: Кога често и се даваат поводи за љубомора.

Вага: Кога ќе се вљубат во друг/а.

Шкорпија: Кога сексот ќе престане да биде возбудлив.

Стрелец: Кога ќе почне да биде болно љубоморен.

Јарец: Кога партнерот ќе почне да се однесува немарно кон врската.

Водолија: Да те остави ли? Па тој никогаш не бил твој!

Риби: Кога ќе престане да се чувствува сакана и значајна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2015 во 14:20

Перверзен хороскоп: Водолиите сакаат групен секс, Девиците врзување


Во секој од нас се крие по некоја дива страст која порано или подоцна испливува на површина.

perverzen-horoskop-vodoliite-sakaat-grupen-seks-devicite-vrzuvanje-01.jpg

Пред да се изненадите од самите себе, пријателите или партнерот, откријте ги на време сите фетиши и скриени желби на хороскопските знаци.

Овен

Страствен знак кој е зависник од адреналин, па во сексот сака садо-мазо игри кои го поттикнуваат лачењето на адреналин. Нив ги пали секоја акција која покрај секс вклучува и опасност, па сакаат секс на чудни локации и места на кои нема никаква интимност. Сакаат да се борат во креветот, да влечат за коса, да удираат по задник, да гризат...


Бик

Бикот е најголемиот хедонист во Зодијакот, па сака сексот да го меша со храна. Пред самиот чин сака да консумира афродизијаци како што се чоколадото, виното, бадемите, лешниците... ги обожаваат долгите бакнежи и секако, орален секс во сите облици. Исто така сакаат да се мачкаат со шлаг и да ги стимулираат чувствителните делови од телото со мраз.

perverzen-horoskop-vodoliite-sakaat-grupen-seks-devicite-vrzuvanje-02.jpg

Близнаци

Близнаците се палат на нови идеи и експериментирање. Не ги држи едно место, ниту еден партнер. Сакаат да ги испробаат сите можни пози и локации, а не се срамат и да вклучат по некој вибратор или пар лисици. Ги возбудува самата помисла на тројка или секој вид на групен секс.


Рак

Кај раковите сексот е тесно поврзан со емоциите, па уживаат во долгата предигра, бакнежите и допирите, но далеку од тоа дека не сакаат жешка акција. Од сексуалните фантазии би ја пробале играта на улоги и постојаното менување на секси долна облека. Ако најдат компатибилен партнер, подготвени се да се жртвуваат и да ги исполнат неговите желби, без разлика дали се поклопуваат со личните.

perverzen-horoskop-vodoliite-sakaat-grupen-seks-devicite-vrzuvanje-03.jpg

Лав

Лавовите се горделиви во сè, па така и во сексот сакаат да се покажат пред другите. Затоа ги возбудуваат идеите за секс на отворено, како на пример парк или плажа. Егзибиционисти се, уживаат во стриптизот и во активностите каде телото на спротивниот пол е целосно откриено. Сепак, целото тоа сексуално покажување сакаат да го зачинат со емоции.


Девица

Девиците се тешки за да им се вовлечеш во креветот. До нивната спална соба се доаѓа преку милион тестови, само кога ќе стекне целосна доверба. Но, еднаш кога ќе влезете во нејзиниот интимен свет, Девицата ќе ви ги покаже сите перверзии. Во главно, тие се вртат околу врзување и ослободување. Сакаат да доминираат, па често користат лисици и марами за врзување на партнерот.

Вага

perverzen-horoskop-vodoliite-sakaat-grupen-seks-devicite-vrzuvanje-06.jpg

Вагите се разиграни, сензуални и се палат на работите кои изгледаат убаво. Идјата за убавина ги возбудува до таа мера што се подготвени да ја изневерат саканата личност. Сакаат валкани разговори, но само ако се креативни. Обожаваат играње на улоги, а дел од телото кој најмногу ги возбудува е задникот. Често пати сензуалноста ја заменуваат со грубост, удирање и гризење.


Скорпија

Припадниците на овој знак имаат силна желба за секс, па често пати се навлекуваат на оваа активност и не сакаат да си го замислат животот без неа. Скорпиите се способни за секакви трансформации и се подготвени да пробаат буквално сè. Сакаат доминација во сите облици. Не сакаат многу да зборуваат за својот сексуален живот во јавноста, но затоа кога се сами со партнерот можат лесно да му ги превртат очите.


Стрелец

Стрелецот е најенергичниот знак во Зодијакот и е вистински авантурист. Нема одредени фантазии кои посебно го палат, туку го возбудува секое сексуално изненадување. Со задоволство ќе проба секс на отворено, на некој пат или плажа, но тоа не смее да биде само физички контакт, туку целосна авантура. Сакаат валкани разговори, обожаваат да истражуваат, но не и да чекаат. Тогаш може да станат драматични.

perverzen-horoskop-vodoliite-sakaat-grupen-seks-devicite-vrzuvanje-07.jpg

Јарец

Јарците на прв поглед делуваат ладно, но во креветот знаат да бидат жешки. Сакаат да истражуваат, но не за да пробаат сè, туку за да го најдат она што најмногу им одговара. Имаат само една омилена поза, играчка, перверзија и улога која им носи посебно задоволство, другите се само за забава. Сакаат доминација, но сакаат исклучиво тие да доминираат.


Водолија

Ова е најпрогресивниот знак во Зодијакот. Сакаат да ги пробаат сите новитети, па без проблем ќе се согласат на сајбер секс или секс преку пораки. Склони се кон сите видови на перверзии, па другите знаци често пати ги сметаат за промискуитетни. Слободни се и во сексот не се претерано емотивни. Нивна најголема фантазија е да ја испробаат цела камасутра и тоа неколку пати.


Риби

Емотивни се, но лесно потпаѓаат под туѓо влијание, па лесно се согласуваат на сите идеи на партнерот. Со задоволство ги прифаќаат туѓите фетиши, па затоа Рибите се совршен партнер за оние кои сакаат да експериментираат. Стапалата се нивната главна ерогена зона, па ги палат сите фетиши поврзани со нозете. Често фантазираат, сакаат да се снимаат и да гледаат секс, понекогаш дури и во живо.

perverzen-horoskop-vodoliite-sakaat-grupen-seks-devicite-vrzuvanje-04.jpg



Изменето од Valerija - 11.Февруари.2015 во 14:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2015 во 13:19

ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ СПОРЕД ХОРОСКОП: РИБИТЕ ОДВАЈ ГО ЧЕКААТ, НА ЛАВОТ НЕ МУ ЗНАЧИ НИШТО

10

На романтиката на Денот на вљубените најмногу им се радуваат водените знаци, додека земјените повеќе сакаат подарок или вечера.

Еве кој хороскопски знак како гледа на Свети Валентин.

Овен – посакува повеќе внимание

Темпераментните припадници на овој знак сакаат големи и екстравагантни докази за љубовта, па Валентин им е идеална прилика за тоа. Со оглед на тоа што и самите ќе се потрудат, истото го очекуваат и од партнерот, кој ќе се најде во проблеми, доколку не создаде идилична љубовна атмосфера.

Бик – прилика за уживање

Со оглед на тоа што денот на вљубените за многумина подразбира вкусна вечера, припадниците на овој знак токму поради тоа уживаат во овој ден. Не страдаат од големи демонстраци во љубовта или филмски сценарија, туку Валентин го гледаат како прилика за хедонистичко уживање со партнерот.

6193804054eb26a12d1573334226718_orig

Близнаци – не сакаат типичен Св. Валентин

Припадниците на овој воздушен знак не се поборници за романтика, а Свети Валентин не им претставува нешто големо. Едно поинакво излегување кај нив е секогаш добредојден план, па така и овој ден. Но, не сакаат типично сценарио со рози и свеќи. Нема премногу да драматизираат ниту ако не добијат подарок.

Рак – го обожава овој ден

Припадниците на овој знак одвај го чекаат Св. Валентин, под услов да се вљубени и да имаат со кого да го прослават. Ракот од партнерот очекува да ужива со него, и да се препушти на романтиката. Нивната идеална романтична вечер почнува со вечера и завршува како во филм, со водење љубов и нежни зборови.

slike-dan-zaljubljenih

Лав – не му значи ништо

Припадниците на овој знак не се имуни на романтика, но сакаат таа да живее секој ден, а не само поради комерцијализација. Со оглед на тоа што Лавот сака убави подароци, нема да се буни доколку му подарите нешто, но нема да очекува. За Лавот идеално да си помине, е да гледате заедно некој филм и да се галите на каучот.

Девица – очекува романтика колку да си помине на редот

Припадниците на овој приземјен и аналитички знак не се многу романтични, и повеќе сакаат конкретни убави дела, отколку подароци и зборови. Но сепак, ако не им го честитате празникот ќе се чувствуваат повредени.

1266155471_sretan-dan-zaljubljenih

Вага – сака посебни пригоди

Припадниците на овој знак ја сакаат секоја прилика во која можат убаво да се облечат, да посетат отмен ресторан и да уживаат во одлично вино. Тие не очекуваат толку романтика, но очекуваат уживање. Ако не организирате ништо, ќе ја разочарате Вагата која ќе смета дека не сте доволно емотивни, иако ниту самата не е ништо подобра, ниту романтична.

Скорпија – Валентин е прилика за жесток секс

За припадниците на овој знак, прославата на Свети Валентин е и асоцијација за жесток секс. Секси долна облека, магично сценарио и ноќ посветена на партнерот, за Скорпијата е врв на романтиката. Не очекуваат скапи подароци, затоа што најубав подарок за нив е еротична масажа.

kako-iznenaditi-decka-za-dan-zaljubljenih

Стрелец – го обожава овој ден

Иако не гледаат на овој празник како на симбол за љубов, Стрелците со задоволство би се препуштиле на романтиката. Изненадувањата навистина ќе ги израдуваат, особено ако станува збор за нови работи кои ги немале до тогаш. Немојте да се чудите ако со денови претходно зборуваат дека не сакаат ништо за Валентин – тие само сакаат да остават впечаток на разумност.

Јарец – сака допири, а не зборови

Како и Девицата, така и Јарецот само формално го прославува овој ден. Но, ако партнерот заборави на овој ден, сигурно ќе се налути. Јарецот не сака да дава ниту да добива скапи подароци, туку повеќе сака да ја помине вечерта во разговор и гушкање, а потоа и во жесток секс. Допирите им значат повеќе од комплиментите, а и се нивен начин на покажување емоции.

sexy-donji-ves-dan-zaljubljenih-(14)-19192378015-2_675x0

Водолија – Валентин е глупост за овој знак

Припадниците на овој знак дефинитивно се најголеми противници на комерцијализација на Денот на вљубените. Тие не сакаат од нив нешто да се очекува за подарок, ниту пак очекуваат од партнерот каков било подарок. Сепак, ако се тазе вљубени ќе посакаат да го прослават денот, иако ниту самите не знаат како.

Риби – сакаат филмско сценарио

Валентин е ден за остварување на сите љубовни соништа на романтичните Риби. Со оглед на тоа што вложуваат многу во емотивните односи, и нивните очекувања се големи. Мечтаат за патувања, романтична вечера и танц на залезот на сонцето. Ако нивниот партнер не го посакува истото, ќе бидат разочарани и тажни.

251



Изменето од Valerija - 13.Февруари.2015 во 13:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2015 во 17:20
добро бе, колку е генеричен хороскопов... според него сум сексуален манијак.. не дека не сум, ама не ми е нешто на прв план у животов
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2015 во 17:33
Мојов (од последниот пост, не претпоследниот) е дефинитивно неточен, со оглед на тоа што си го славам православниот празникхи, хи...

Изменето од evangeline - 13.Февруари.2015 во 17:34
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2015 во 09:35

НАЈГОЛЕМИОТ ЉУБОВНИК ВО ЗОДИЈАКОТ Е...

12

Тврдоглави, упорни, енергични, реални. Ова се најважните особини на Биковите. Иако тврдоглавоста се смета за нивна најголема особина и мана, љубовта е место каде што Биковите апсолутно се докажуваат. Се сметаат за најголемите љубовници во Зодијакот, сакаат да ги привлекуваат луѓето, но никогаш не преземаат иницијатива.
Бикот е личност која поседува сила која раздвижува планини, со својата упорност и неоткриената тајна на љубовните вртлози. Биковите се познати по својата практичност и реалност. Нивната конкретна смисла за реалност ги восхитува луѓето околу нив кои таквите квалитети не ги познаваат. Можете заради тоа да ги обвините дека воопшто не знаат да фантазираат или дека романтичноста низ нивната призма делува толку сиромашно. Ќе ве држат за рака, ќе се шетаат под полна месечина или во прекрасна природа, а притоа радосно ќе раскажуваат како денес го зготвиле гулашот.

Што се однесува до љубовта и љубовните интриги, овие луѓе најчесто имаат среќа. Венера, планетата на благосостојба и љубов, се наоѓа во центарот и управува со нивниот знак, но не со оној откачен стил како кај Вагата, туку на еден практичен и допирлив начин. Донесува врзаност за реалноста, здрава смисла и желба за поседување.

Сакаат да бидат опкружени со убави нешта, убави мажи или жени, луксузни предмети, уметнички слики. Убавината во нивниот живот е многу застапена и изразена. Околу себе создаваат чувство на пријатност и опуштеност, па дури и во канцелариите внесуваат ситници кои ја отсликуваат нивната душа. Иако се крајно практични, имаат смисла да го одберат партнерот. И тоа обично е партнер кој е романтичен и со богата фантазија, нежен дух, поетични. Навидум чиста спротивност од нив.

Понекогаш Биковите изгледаат затворени и неприступачни, но едноставно не допуштаат на било кој да им го троши нивното време и стрпливост. Знаат секому да му речат: Стоп!

Припадниците на овој знак се познати по оптимистичката филозофија и практичното усмерување. Сакаат да им помагаат на другите и ја сакаат уметноста. Уживаат во добри книги или претстави, и најмногу во гурмански подготвени јадења. Нивната одмереност, постојаност и реалниот пристап на животот се легендарни во Зодијакот.

Најголема мана на овој зодијачки знак е тврдоглавоста и тоа до тој степен што околината често ги смета за дрски и непристоји. На второ место се посесивноста и љубомората. Кога ќе го одберат партнерот, не го испуштаат од вид, сакаат да имаат целосна контрола на она што го прави. Често претеруваат во јадење и пиење или избегнување на спортски активности заради што имаат и здравствени тешкотии.

Динамични се, упорни и енергични, но кога ќе завршат со некоја работа, истиот миг стануваат пасивни и троми. На работен план никогаш не постапуваат импулсивно и непромислено. Многу се внимателни, и не им дозволуваат на другите да им пречат во нивните планови. Газат се друго за да ги остварат своите цели.

Големи се ентузијасти дури и во најтешките животни ситуации. Изгледаат како нескршливи и полни со сила. Меѓутоа нивната тврдоглавост е особина која често ги кочи во животот, а сепак тие од неа не отстапуваат. Бидејќи животната филозофија им е насочена кон практични нешта, не си дозволуваат некои нереални соништа или цели. Но потребата секогаш тие да се во право ги тера да се спротивставуваат на авторитети или на сите оние кои сакаат да го сменат нивното мислење. Во тие мигови доаѓа до израз нивниот недостаток на такт, нееластичност на духот, како и недостаток на дипломатија.

Но, благодарејќи на својата упорност, сепак постигнуваат големи успеси. Прилично се чувствителни на околината и на туѓите мислења и секогаш одат во крајност – ако не се согласувате со мене, значи сте против мене. Навистина, би требало малку да се потактични во животот.

Интелектот им е приземен, со реални цели и амбиции. Љубовта пак им е храна. Без неа едноставно тешко живеат и многу патат. Мораат да сакаат, да поседуваат некого, дури и да е тоа погрешна личност. Ако се обидете да им го поместите нивниот дневен распоред и планови, бидете сигурни дека одеднаш ќе се соочите со бесен Бик подготвен да ве набоди со роговите и тоа без да извадите црвено платно. Сами сте виновни!

Биковите и парите секогаш одат заедно. Се разбира, не се сите Бикови богати, но бидете сигурни дека не се ни сиромашни и секогаш имаат црн фонд. Својот дом и кралство тие го градат секогаш споро, но цврсто и сигурно. Во секоја секунда знаат колку пари имаат до ситници, дури и во малите касички, ги знаат цените на сите производи и заколнати непријатели се на расфрлање пари. Својот имот го чуваат и шират многу внимателно!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2015 во 09:20

Колку траат врските на секој хороскопски знак: Овенот си оди штом страста исчезне, Стрелецот тешко останува со еден партнер

Ако се прашувате колку долго ќе трае вашата врска или зошто со години не можете да се врзете за еден човек, хороскопот ќе ви даде точен и прецизен одговор.

kolku-traat-vrskite-na-sekoj-horoskopski-znak-ovenot-si-odi-stom-strasta-iscezne-strelecot-tesko-ostanuva-so-eden-partner-01.jpg

Овен - Си оди штом страста исчезне

Припадниците на овој знак се заљубуваат брзо и со цело срце. Врската со нив е динамична, а нивните чувства се длабоки. Често пати се непромислени, расправиите им се секојдневие, па магичниот круг на кавги и смирувања може да трае прилично долго, односно, додека не исчезне страста. Штом тоа се случи, Овните раскинуваат.


Бик - Не сака да остава

За овој знак може да се каже дека е најлојалниот помеѓу сите. Не се врзува за секој, а оној човек кој ќе го пуштат блиску до себе, го чуваат до крајот на животот. Сепак, многу важно им е каков секс имаат.


Близнаци - Не остава, но дава причина за другиот да прекине

Во суштина се лојални и не сакаат раскинувања, но својот партнер знаат да го тестираат до крајните граници на љубомора. Понекогаш ги мачи флертувањето со другите, па така на партнерот му даваат причина за да ги остави. Единствено ќе ги смирите ако им најдете долгорочна занимација.

kolku-traat-vrskite-na-sekoj-horoskopski-znak-ovenot-si-odi-stom-strasta-iscezne-strelecot-tesko-ostanuva-so-eden-partner-02.jpg

Рак - Најсреќен е ако има еден партнер за цел живот

Не ги сакаат сомнежите, несигурноста и неизвесноста во љубовта. Склони се кон долги врски, а неретко остануваат и со првата љубов. Сепак, знаат да бидат прилично љубоморни и несигурни, заради што го одбиваат партнерот. Во бракот се верни до крај.


Лав - Врските им траат од 1 до 2 години

Припадниците на овој знак внимаваат со кого започнуваат врска и не се заљубуваат веднаш. Но, откако ќе се предадат се страствени. Во природата им е работите брзо да им досадуваат, па нивните врски обично траат од 1 до 2 години.


Девица - Ја цени сигурноста

Во љубовните односи најмногу ужива додека освојува. Способни се да бидат верни, затоа што не се премногу фокусирани на сексот. Се смируваат кога од еден партнер ќе добијат емотивна и материјална сигурност.

kolku-traat-vrskite-na-sekoj-horoskopski-znak-ovenot-si-odi-stom-strasta-iscezne-strelecot-tesko-ostanuva-so-eden-partner-06.jpg

Вага - Долгите врски им започнуваат преку пријателство

Еден од најискрените знаци чии љубовни врски обично се темелат врз долги пријателства. Се смируваат со еден партнер само ако тој ги задоволува во сексот, но и ако тој се помири со нивната слобода за дружење и запознавање нови луѓе.


Скорпија - Еден од најлојалните знаци

И покрај тоа што ги води еротска енергија, Скорпиите се лојални. Харизматични се и привлечни, па затоа нивните партнери се соочуваат многу љубовни предизвици и љубомора. Скорпиите стапуваат во врска само со луѓе во кои имаат целосна доверба.


Стрелец - Долго размислува пред да се врзе

Неодлучни се кога се работи за емоции, па често пати ни самите не се сигурни во своите љубовни избори. Тешко се врзуваат и постојано имаат нови желби. Се смируваат само покрај партнер кој им ја дава неопходната слобода. Склони се кон изневерување, но знаат добро да се сокријат.

kolku-traat-vrskite-na-sekoj-horoskopski-znak-ovenot-si-odi-stom-strasta-iscezne-strelecot-tesko-ostanuva-so-eden-partner-03.jpg

Јарец - Апсолутна верност

Припадниците на овој знак се традиционални и тешко се врзуваат за некој, но ако го направат тоа, веруваат дека ќе трае до крајот на животот. Од својот партнер очекуваат бескрајна верност и добар секс. Децата се лепакот кој го држат Јарецот во брак.


Водолија - Потребни и се предизвици за да остане

Тешко остануваат со луѓе кои не им се доволно интересни. Различноста за нив е рецептот за среќен живот, но сепак се случува да се заљубат и предадат. Остануваат со еден човек под услов да не се прилагодуваат премногу.


Риби - Најверни помеѓу хороскопските знаци

Олицетворение на моногамијата и верноста, Рибите би сакале кога цел живот би го поминале со само еден партнер. Во љубовта се упорни, романтични, а од врската може да си заминат само кога ќе се соберат премногу фрустрации за кои нема решение.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2015 во 09:22

Кои се 3-те најбаксузни хороскопски знаци?


Во некои периоди од животот на сите ни се чини дека сме родени баксузи. А, колку има вистина во тоа, открива хороскопот.

3te-najbaksuzni-horoskopski-znaci-dali-ste-na-spisokot-01.jpg

Ова се 3-те хороскопски знаци кои најчесто се прашуваат што згрешиле во животот за да ги следи толкав баксуз:

Девица

Девиците се вешти во решавањето на туѓи проблеми  и делење совети, но самите на себе не знаат да си помогнат. Кога се нервозни, чистат и полираат, па животниот простор им е толку беспрекорен, што на гости се чувствуваат малку непријатно, напнато и неудобно. Нивниот живот постојано ги изненадува. Таман сè средиле, а на тепихот се истура чаша црвено вино. Кога таман ќе се заглават во нечиј емотивен компас, се случува нешто неочекувано, заради што повторно мораат да ги испитуваат и менуваат работите. Цел живот исправаат некои грешки и често се прашуваат со што ја заслужиле таа казна.


Вага

Она што Вагите ги вади од кожа е неправдата. За жал, ја воочуваат насекаде околу себе и често пати таа е причината која им го ремети мирот и среќата. Спаѓаат во оние луѓе кои прво зборуваат, па потоа со денови размислуваат што попаметно можеле да кажат. Сакаат да изигруваат детективи, да откриваат изневерувања и лажговци, само проблемот е во тоа што се сфаќаат лично. Дури и кога ги решаваат туѓите проблеми, тие ги сфаќаат како свои. Најголемиот баксуз за Вагите е стареењето, затоа што им пријаат убави луѓе и луксузни предмети.


Риби

Рибите сами по себе се проклетство. Слабо стојат со реалноста, па постојано запаѓаат во незгодни ситуации. На негативните животни околности реагираат бурно и непромислено. Во нивната глава си имаат зацртано како треба да им изгледа животот и колку совршено треба светот да функционира. Затоа што реалноста излегува многу поразлична, често се опиваат од мака. Кога ќе се најдат пред проблем кој тешко се решава, обично се затвораат во својот свет.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2015 во 17:31

Кои 3 хороскопски знаци го оставаат спротивниот пол без здив?


Некои хороскопски знаци едноставно имаат магнетска привлечност и го освојуваат спротивниот пол без да кажат ниту еден збор. Мислите дека и вие спаѓате во оваа група? Проверете.

koi-3-horoskopski-znaci-go-ostavaat-sprotivniot-pol-bez-zdiv-01.jpg

Еве кои 3 знаци имаат невиден талент за флерт и сè им оди од рака во љубовта:

Бик

Бикот спаѓа во врвните заводници, иако често пати е несвесен за својата сензуалност. Клучен адут му е спонтаноста, а во креветот ја знае целата Камасутра иако никогаш не ја прочитал. Знае како да го натера партнерот да се чувствува посебно. Биковите имаат природна топлина и понекогаш несвесно привлекуваат луѓе кои не ни ги гледаат како партнери. Нивните усни просто ги мамат сите погледи.


Близнаци

Близнаците се кралеви на шармот. На нив не може да им се одолее. Уживаат во играта на заведување и комуницирање. Обично се надарени со добар изглед, а нивниот адут е немирниот дух. Освојуваат со интелект и комуникација. Позитивниот став кон животот привлекува позитивни луѓе и со нив времето е секогаш пријатно исполнето. Сите ги сакаат за до крајот на животот.


Скорпија

Скорпиите се тешки за игнорирање. Нивниот заводнички поглед и манирите едноставно ве повикуваат. Ова е знак со силна интуиција и во секој момент ги знае вашите потреби. Со оглед на тоа што Скорпиите емотивно целосно се предаваат, подготвени се да ве задоволат до максимум. Водењето љубов со нив е незаборавно и делува како вид на зависност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 125126127128129 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,859 секунди.