IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9091929394 157>
Автор
Порака
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 21:56
Близнаци

Машки воздушен знак којшто стои под влијание на Меркур. Уште во самото име на знакот и познатата неутралност на Меркур се крие целата сложена карактеристика на овој знак. Тоа е знак кој најтешко може да се дефинира, но сепак акцентот се става на големата моќ за прилагодување на секоја ситуација.
Родените под овој знак имаат дарба  за логично расудување. Ги сакаат сите промени и новитети, но сепак знаат да бидат многу упорни во остварувањето на своите идеали. Нивното разбирање за другите проблеми и грижи е просто неограничено. Во тоа многу им помага вечно младиот карактер со кој успеваат да ги пребродат сите несогласувања. Брзи, способни и љубопитни, лесно влегуваат во суштината на најтешките проблеми, и со разбирање на секого му го упатуваат правиот збор. Нивната вродена нервоза уште повеќе го зголемува лирскиот темперамент.
Личностите родени во овој хороскопски знак располагаат со интелегенција над просечната, но се почесто вредни работници отколку фантазери. Многу се со практичен дух и се надарени во дипломатска смисла. Реални се во проценката на ситуациите и секогаш знаат кога да го направат вистинскиот чекор. Пред се добро ќе размислат, па дури отпосле ќе го направат правиот избор. Тврдоглави се само тогаш кога ги бранат своите ставови и за кои им е особено важно. На сите сакаат да им помогнат и угодат, ретко на побараната помош  кажуваат - не, дури и ако молбата е неоправдана. Поради тоа доживуваат разни непријатности. Вешти се во секаков вид на комуникација, а особено писмената. 
Срамежливи се и лесно другите ги наговоруваат на добро или лошо. Ако се најдат во лошо друштво, и они се однесуваат лошо. Со еден збор знаат да се постават во секаква ситуација, вечно бараат промена и многу се непостојани. Но исто така ако е потребно, ништо неможе да ги спречи во остварувањето на нивните идеали и цели. Нивни квалитети се фантазирањето, подвижност и суптилност, а мани им се циничност, лукавство и нервоза. Многу лесно успеваат во сите области, потпирајќи и се особено на логиката.
Се разболуваат од вртоглавици, инфаркт и болести на градите. Они никогаш не треба да се нервираат за работата и иднината. Нивниот проблем ќе биде во тоа правилно да изберат една од многуте прилики кои им стојат на располагање. Пронаоѓаат најмалку неколку различни кариери во кои можат да постигнат некој значаен успех. Имаат талент за секоја од нив, а сакаат да се испробаат во секоја. Особина на нивниот карактер е тоа што тешко можат да се сконцентрираат  само на една работа, така што никогаш неможат да донесат конечна одлука туку цел живот преминуваат од една во друга работа. Така да ако се случи некој неуспех, тоа не е поради недостаток на способност, туку поради недостаток на желба да се занимаваат само со една работа. Доколку им тргне од рака да се навикнат само на една работа и да се дисциплинираат, можно е да постигнат брилијантна кариера. Новинарство, медицина, право и политика или некои духовни служби се некои од областите каде можат да се пронајдат.
Среќни броеви им се 5,6 и 8; поволни денови среда и петок, а бои плава и сива.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2012 во 16:43
Originally posted by laki_bu laki_bu напиша:

Еве еден интересен хороскоп напишан од мажи, а наменет за жени. Дали мажите навистина добро ги процениле карактеристиките на секој одделен хороскопски знак проценете сами.размислување


Бик

Дама која тешко се освојува, но кога еднаш ќе ја легнете на брашно изненадување прави чуда во креветот. Многу е сензуална, сака долга предигра и водење љубов со часовиизненадување. По сексот има навика уште долго да го допира својот партнер додека не издејствува уште некоја партија изненадување. Им се допаѓа кога мажот паѓа пред нивниот шарм, па можат да го контролираат по своја волја. изненадување



Бреее...размислување


Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2012 во 22:29
АНТИХОРОСКОП

ОВЕН

Лесно се лутат, мора секогаш да победуваат, мора цело време да бидат во право и постојано да имаат контрола.

Во суштина се самобендисани типови, секогаш мораат да бидат шефови и главни во сè. Причината, најверојатно, е нешто „мало“ на нивното тело. Тие се како бебиња - ако не е по нивно, чувајте се!

Истакнат претставник Адолф Хитлер

БИК

Посесивни, алчни, тврдоглави, мрзеливи, експлозивни и љубоморни.

Во суштина се самозадоволни молчаливи мочковци, здодевни како клуб на филателисти. Тие би јаделе и пиеле со денови. Притоа, нивната тврдоглавост, доколку не ги послушате, прераснува во агресија.

Истакнат претставник Садам Хусеин

БЛИЗНАЦИ

Не само што имаат „две лица“ туку повеќе се „подвоена личност“, непостојани, склони кон флерт, површни, лукави, лесно им станува досадно, немирни и напнати.

Во суштина се главни озборувачи и трачери, поткажувачи и превртливци со двојни мерила кои се менуваат секои 10-15 минути. Веројатно и Јуда бил близнак. Гледајте да ги немате во близина.

Истакнат претставник Џон Ф Кенеди

РАК

Наметливи, променливи, преемоциоанлни, лесно го менуваат расположението, живеат во минатото.

Во суштина се посесивни персони, се навредуваат ако не им посакате добро утро со правилна интонација. Го менуваат расположението како ќе им дојде на ум и се затвараат во соба - да си поплачат.

Истакнат претставник Џорџ Буш помладиот

ЛАВ

Арогантни, сакаат да шефуваат, нетолерантни, егоцентрични, премногу бараат од другите и имаат голем сексуален апетит.

Во суштина се полни со големи планови за сè што на крај им користи само ним (како да им е гајле за другите). Празни муабети и фалење - тоа им е смислата на животот.

Истакнат претставник Слободан Милошевиќ

ДЕВИЦА

Перфекционисти, се грижат премногу, конзервативни, строги, груби и  премногу критикуваат.

Во суштина се опсесивно-компулсивни невротици кои се ослободуваат од стрес со чистење на станот, сложувајќи ја облеката и порцеланот. Премногу бараат, здодевни се во барањата и ни премногу не им е доволно.

Истакнат претставник Мајкл Џексон

ВАГА

Лековерни и наивни, лесно потпаѓаат под влијание, склони кон флерт, срамежливи и плитки.


Во суштина се нарцисоидни шизофреници, огледалото им е најдобар пријател, им треба една недела да се одлучат сакаат ли да нарачаат „кока-кола“ или „пепси“. Толку се мрзливи што е вистинско чудо како воопшто стануваат од кревет.


Истакнат претставник Владимир Путин

СКОРПИЈА

Мрачни, љубоморни, опсесивни, таинствени, сакаат да контролираат и многу се лутат.

Во суштина се самосожалувачки автодеструктивци кои ни својата кожа не можат да си ја поднесат, па мораат да повлечат уште 100 луѓе со себе. Утре да е крај на светот, тие не би се грижеле, веројатно би учествувале во садо-мазо оргии.

Истакнат претставник Хилари Клинтон

СТРЕЛЕЦ

Брутално искрени, безгрижни, неодговорни, површни, немирни, преголеми оптимисти и склони кон флерт.

Во суштина се расипи-куќи и коцкари, уживаат да солат памет, а ентузијазмот им е толку голем што да оживат мртви за нив е сосема возможно. Се ужасуваат да признаат дека го познаваат чувството на тагата.

Истакнат претставник Сталин

ЈАРЕЦ

Пресериозни, престроги, опседнати со работата, алчни, песимисти и држат лутина.

Во суштина се вистински тирани и робови на работата, веруваат во судбина до последен збор, а „извини“ не постои во нивниот речник. Би го продале задникот за општествен статус, сакат да се фалат, нарцизоидни типови што мислат само на себе.

Истакнат претставник Ал Капоне

ВОДОЛИЈА

Далечни и одвоени, студени, преинтелектуални, помалку перверзни, непредвидли и осамени.

Во суштина се вулгарни и непристојни перверзници, вечно заинтересирани за приватниот живот на другите. Веројатно не изненадува фактот дека според статистичките податоци, најголем број од шпионите на ЦИА се токму водолии.

Истакнат претставник Карла Дел Понте

РИБИ

Премногу фантазираат, преголеми идеалисти, бегаат од реалноста, таинствени, премногу осетливи, лесно се навредуваат.

Во суштина се здодевно романтични и меланхолични, чекаат некој да дојде и да ги утеши, не можат ни во веце да одат без туѓа помош. Изгледаат како немтур, а во нив се случува вистинска бура од тага.

Истакнат претставник Бин Ладен

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2012 во 17:45

Како се вљубуваат хороскопските знаци?

 Овен
Овновите се заљубуваат брзо и страсно. Секој пат имаат чувство дека конечно го нашле вистинскиот човек. Тие се искрени, кажуваат што им се допаѓа а што - не. Во креветот се подготвени да пробаат секакви техники.

Бик
Биковите се нежни и разумни. Кога се заљубени, претставниците на овој знак не изневеруваат. Во кревет сакаат да експериментираат и не се егоисти.

Близнаци
Близнаците се луѓе со многу богата имагинација. Сакаат силни чувства и се пријатни партнери. Лошото е дека се непостојани и неверодостојни.

Рак
Раковите не се заљубуваат лесно. Збунети се и страдаат од повеќе комплекси. Во кревет не сакаат да пробуваат нови нешта. Го пленат објектот со своите желби и со супер смисла за хумор.

Лав
На почетокот на секоја врска Лавовите им угодуваат на своите партнери на секакви начини. Но, потоа паѓаат во плен на нарцисизмот. Доаѓа момент во кој претставниците на овој знак почнуваат да се натпреваруваат со партнерот.

Девица
Тие веруваат дека порано или подоцна ќе го најдат идеалниот човек. Но, дури и кога се многу вљубени, тие секогаш оставаат малку простор за себе. Трезвено ја проценуваат секоја ситуација. Ако претставник на овој знак ви покаже љубов, а потоа одеднаш исчезне, не патете - наскоро ќе се врати за да ве опкружи со нежност и топлина.

Вага
Вагите со леснотија ги покоруваат срцата на сите. Тешко се заљубуваат и се критични. Но кога се заљубуваат, веројатноста да ве напуштат е мала. Тие се премногу добри за да го сторат тоа.

Скорпија
Скорпиите се љубители на силните чувства. Обожаваат да експериментираат во сексот. Не ве напуштаат кога ви е најтешко и ги исполнуваат желбите на партнерот какви и да се.

Стрелец
Стрелците не престануваат да се заљубуваат во целиот свој живот. Влегуваат во романтични и забранети врски. Сакаат да изневеруваат. Ако сте вљубени во претставник на овој знак, треба да бидете многу трпеливи или непропустливи.

Јарец
Јарците сакаат да се изедначуваат со партнерите, иако често успеваат со повеќе парнери да се во врска. Немаат добро мислење за бракот. Во креветот имаат проблеми, бидејќи често не знаат да го побараат она што би им претставувало задоволство.

Водолија
Тие се платонски љубовџии и понекогаш се дури и досадни. Во исто време се зафатени со илјадници нешта и е многу веројатно да не ви обрнат внимание. Со проблемите во врската се соочуваат многу тешко.

Риби
Рибите секогаш имаат долга листа на обожаватели. Тие постојано го бараат идеалниот човек и вистински се радуваат на романтичните состаноци. Во креветот се креативни и горат од желба да пробуваат различни нешта.
 
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2012 во 00:25

РАБОТИ КОИ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ПОДНЕСАТ


Овен
- невозвратени телефонски повици
- мобилни кои не функционираат
- животни во кафез
- луѓе кои твитаат он лајн чатови
- луѓе кои многу брзо или веднаш не преминуваат на поентата
- лоши и неталентирани денсери
- каснење на авиони, возови и автобуси
- луѓе кои се облекуваат премногу обично
- народна музика

Бик
- луѓе кои претерано се фалат
- неред и неорганизираност
- облека која има дупки
- лоши готвачи
- кога некој ги игнорира во јавност
- јавни говори
- луѓе кои не користат дезодоранс
- кога се предмет на шала
- кога нема да испаднат доволно паметни
- брза храна

Близнаци
- луѓе без смисла за хумор
- кога не се постојано во центарот на вниманието
- расипани часовници
- Лошо вино
- чевли во ки не можат да танцуваат
- луѓе кои зборуваат полека
- луѓе кои пешачат преспоро
- песимисти
- зависници

Рак
- преголема топлина
- ако мораат да спијат на каучот
- луѓе кои прерано доаѓаат на состаноци
- луѓе кои не знаат да се облечат
- кога луѓето ги критикуваат
- насилни филмови
- неблагодарни деца
- губењето на очилата за сонце
- луѓе кои наместо нив се во центарот на вниманието

Лав
- луѓе кои се облекуваат подобро од нив
- луѓе кои имаат подобри автомобили од нив
- кога околината ги игнорира
- кога некој намерно ги провоцира да бидат љубоморни
- кога е преладно
- кога ќе покиснат
- кога ги тераат да одат во црква

Девица
- луѓе кои се неуредни и ноерганизирани
- луѓе кои не се јавуваат кога им ѕвоните
- луѓе кои не носат часовници
- луѓе кои не плаќаат данок
- луѓе кои не одговараат на деловни мејлови
- губење време на Facebook
- луѓе кои грешат во граматика 

Вага
- луѓе кои им велат да ја намалат музиката
- луѓе кои ја омаловажуваат брзата храна
- ѓубре по улиците и парковите
- луѓе кои се груби кон животните
- луѓе кои не одговараат на повиците
- љубовна авантура за една ноќ
- лоши фризури
- луѓе кои се дрогираат
- луѓе кои се престроги спрема децата

Шкорпија
- луѓе кои земаат нешто на заем и никогаш не го враќаат
- љубовници кои не доживуваат оргазам
- кога партнерот ги прави љубоморен
- кога е некој подобар од нив во работата
- кога луѓето јадат без манири
- трачарење
- кога ги обвинуваат дека се неверни
- луѓе кои премногу ја следат модата
- луѓе кои тврдат дека имаат надчовечки моќи
- фактот дека не можат да паркираат на местото за инвалиди

Стрелец
- Доцнење на возови, авинои и автобуси
- ако не летаа со прва класа
- сопатници на кои им е лошо на патувањата
- луѓе кои премногу се жалат
- луѓе кои се плашат да ризикуваат
- кога ги обвинуваат дека не знаат со пари
- кога луѓето од нив очекуваат да дојдат на време
- насилство над животните

Јарец
- луѓе кои лудо тршат пари
- луѓе кои бараат заеми
- луѓе кои не враќаат заеми
- луѓе кои не се доволно строги спрема децата
- предузимачи кои не ги исполнуваат ветувањата
- луѓе кои оставаат отворен апаста за заби
- читање поезија
- кога бараат од нив да бидат возачи
- кога мораат да ги остават децата во куќата
- лоши фризури

Водолија
- кога луѓето досадно се облекуваат
- брза храна
- да говорат за своето минато
- психијатри
- трачеви
- личности кои не се практични
- луѓе кои не го собираат нередот на своите миленичиња
- недостаток на лојалност
- Држење “свеќа” на некој пар

Риби
- претопли места
- губење на очилата
- загадена вода.
- луѓе кои се прегласни
- луѓе кои не обнуваат внимание на аргументи
- алкохоличари
- кога не им дозволуваат редовно да ги гледаат внуците
- кога мораат да носат очила за вид
- автомобили кои трошат многу гориво
- бавни возачи 

 ии не се нормалниизненадување

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2012 во 22:24
За што фантазираат хороскопските знаци?

Сите хороскопски знаци поседуваат одредени интереси и афинитети во релација со своите општи карактеристики, а според тоа посакуваат и фантазираат за различни работи.

Хороскопските знаци може од поблиску да ве одредат како личност и да претпостават кои се вашите скриени желби.

Овен
Овенот фантазира за патување на најодалеченото и сè уште неоткриено место на планетата на кое уште никој не стапнал. Ако некој прв стапне на такво место, тоа ќе биде Овенот, дури и ако поради тоа сто пати ја прави истата грешка и со главата удира во ѕид. Тврдоглавиот Овен сака во сè да биде прв и најдобар и главно на тоа се сведуваат неговите фантазии.

Бик
Овој хороскопски знак секогаш фантазира за пари, бидејќи на Бикот никогаш не му се доста. Тој сонува за голема семејна куќа со убав двор по која трчкаат неговите деца и кучето. Во оваа фантазија се подразбира дека Бикот ќе седи во удобен стол и ќе ги набљудува додека се мези и пие пиво. Бидејќи е флегма, ни бомба не би успеала да ја прекине оваа фантазија.

Близнаци
Близнаците фантазираат дека се наоѓаат на сто места во исто време и дека можат да изградат цела куќа за два дена. Близнакот фантазира и за удобен тросед од кој го гледа својот омилен филм, телефонира, завршува важна работа преку лап топ кој му е во скутот и пие егзотичен коктел кој го подготвил за само три минути.

Рак
Овој хороскопски знак фантазира за возбудлив и интересен живот. Како многу практични и домашни типови, Раковите во својата мечта се препуштаат на возење со брз автомобил, патување во прекуокеански земји и авантури за една ноќ. Сè за што здодевниот Рак не би се осмелил да го направи во реалниот живот, го прави во својата бујна фантазија.

Лав
Лавот секогаш фантазира за својот, уште поголем успех. Лавот најмногу се сака себеси, па се разбира тој е и главниот лик во своите фантазии. Но, покрај тоа што себеси се замислува како добростоечки мултимилијардер, Лавот фантазира и да го усогласи своето слободно време и да помине квалитетно време со своето семејство и малите лавовски наследници.

Девица
Овој хороскопски знак фантазира за дополнително време за завршување на работите од „суштинска важност“. Опсесивно компулсивната Девица сака за време на одморот да ја исчисти целата куќа, ако претходно и се случило да пропушти некоја дамка. Фантазира дека пополека ќе ги сортира теглите со џем, ајвар и туршија и тоа по азбучен ред.

Вага
Овој хороскопски знак фантазира за љубовта и за убавите моменти. Најчестите нивни фантазии изгледаат вака: будење со појадок во кревет кој го подготвил партнерот. Потоа следи одење во град и уште едно кафе, па ручек во ексклузивен ресторан. По завршувањето на ручекот, Вагата би сакала да прошета и да оди во шопинг, а вечерта е резервирана за тетарска престава и клуб со ВИП личности.

Скорпија
Скорпијата фантазира за страстни авантури. На Скорпијата никогаш не и е доста од перверзии, таа фантазира за тајна сексуална врска со личност од своето опкружување, од работа, или од соседството. Овие фантазии ги разработува до последен детал и обрнува внимание на целокупната атмосфера во која се одвива оваа возбудлива случка.

Стрелец
Овој хороскопски знак фантазира за патувања. Стрелецот често патува, но во фантазиите задолжително е вклучен и автомобил чија цена достигнува милионски цифри. Го замислува патувањето во егзотични далечни земји каде што запознава маж, или жена од својот живот кој/а толку ќе ги заинтересира што ќе му го задржи вниманието до крајот на животот.

Јарец
Овој хороскопски знак фантазира за непристапни предели во кои себеси се гледаат како истражувачи, или водачи на планински клуб. Организираниот и практичен Јарец ваквите работи ги доживува како сензација, бидејќи тој најмногу од сè сака да биде водач. Поради неговата строга дисциплина и работа, себеси се гледа и како генерал и војсководач на кралска чета.

Водолија
Водолиите фантазираат за купување на најнов модел на мобилен телефон од "X Y" – генерација кој е виден само во холивудските филмови. Водолијата сака да одвои цел ден за поправка на својот стар автомобил, а потоа да отиде со приајтелите на пијалак, па во ноќен провод. Бидејќи смета дека е најпаметна и дека е истражувач на векот, таа фантазира да стане новиот Кристофер Колумбо.

Риби
Овој хороскопски знак фантазира да се излежува и да има многу слободно време. Рибата замислува да се сонча и излежува на Азурниот брег додека згоден бармен, или келнерка им носат коктели. Бидејќи е најголемиот мрзливец во Зодијакот, најголема мечта им е до крајот на животот да не работат ништо, а парите да им паѓаат од небо.


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2012 во 09:34
Имам едно прашање... Дали си одговараат Скорпија и Овен? збунетост
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2012 во 09:43
Vo globala NE,no se zavisi od podznak i mesecinaнамигнувањеголемо гушкање
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2012 во 09:48
Значи како ги бирам секогаш..... јао је*оте смеењесмеење
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2012 во 14:15
ccccccccccccccccc e ova lavovite znachi gi utepaa so nivnata egocentichnost....breeeeeee kako drugite da ne se ich....голема насмевка
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Martin87 Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 05.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 68
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Martin87 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2012 во 12:20
Ekszi88 bas mi e milo sto si najde nekoj. Se nadevam kolku tolku deka ke ti se namali depresijata. Koga si sakan od nekogo depresijata ja gubi mokta.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2012 во 12:52
Хороскоп: 12 знаци 12 секс фантазии

Овен

Овен жена: како кардинален знак жената овен е далеку од срамежлива дама. Таа е во центарот на секоја ситуација и има тенденција да доминира. Ова е жена која секогаш знае што сака и мрази изговори од типот на „чекај да се префрлиме на задното седиште“ или пак „потивко моите се во другата соба“. Овенот сака сега и тука!

Овен маж: маж кој влегува во клубот и веднаш завршувате со него. Зборува брзо и дејствува брзо. Овните се вистински ловци, но почнуваат да паничат кога жената од жртва ќе се претвори во ловец. Тогаш го губат интересот и веднаш се повлекуваат. Не сакаат кога жената им врши било каков притисок.

Ерогена зона: лицето и главата

Омилена секс фантазија: случајно да се сретнат со некого и да завршат заедно во кревет.

Бик

Бик жена: иако е припадничка на понежниот пол таа сепак е под дејство на бикот кој е познат по својата способност за парење и моќната сексуална енергија. Таа е сензуална, полна со страст и умее да слуша. Сака кога нејзиниот маж испушта звуци за време на сексот, но ако случајно изговорите име на друга жена додека водите љубов со неа, тешко вас.

Бик маж: ако ви се допаѓа овој маж она што треба да го направите е да го допирате по телото. Дозволете му и тој да ве допира вас. Знајте дека бикот сака средени жени, па погрижете се вашата кожа да биде нежна на допир.

Ерогена зона: вратот и брадавиците

Омилена секс фантазија: цицање и грицкање на кожата

Близнаци

Близнаци жена: сака маж кој знае да флертува. Има мошне развиен нервен систем и забележува буквално сè. Ужива кога нештата се по нејзино и преферира брз секс.

Близнаци маж: изгледа како да не старее па затоа бара млади девојки. Обожава да флертува и се возбудува на слики и убав изглед. Јадат со очи, ја користат устата, но и рацете, па обичниот секс ретко ги задоволува.

Ерогена зона: раце и рамена

Омилена секс фантазија: движете ги своите раце по неговото тело или пак земете ги неговите и движете ги по своето тело.

Рак

Рак жена: како ракот така и припадничките на овој знак никогаш не му приоѓаат на мажот директно. Изгледаат срамежливо и ранливо, но откако ќе се опуштат дозволуваат емоцијата целосно да ги поведе. Сакаат интимни пози во кои може да се милуваат со партнерот.

Рак маж: машките ракови имаат потреба од многу внимание и нежност пред да преминат на сексот. Емоционално се темпераментни, па неопходно е да се чувствуваат комфорно и сигурно онаму каде што ќе водат љубов.

Ерогена зона: граден кош и стомак

Омилена секс фантазија: откачен секс во кујна

Лав

Лав жена:
лавот е знак кај кој жените се исто толку храбри како и мажите. Тие се гласни и многу самоуверени во спалната соба. Сакаат целото внимание да е свртено кон нив, уживаат во секс игри и невообичаени пози.

Лав маж: мажите од овој знак често се мрзеливи во креветот. Затоа бараат специфичен тип на жени кои ќе бидат поактивни од нив. Во најголем број случаи станува збор за згодни и силни љубовници кои заспиваат после сексот.

Ерогена зона: областа околу срцето

Омилена секс фантазија: кучешка поза во која ве влече за коса или секс пред огледало

Девица

Девица жена: таинствена жена за која никогаш не знаете онолку колку што би сакале да знаете. Сака чистотија и се фокусира на детали. Оди од крајност во крајност, од пристојност до најразлични лудости во креветот.

Девица маж: обично бара две сосема поинакви жени. Едната е мила и фина, а другата е вистинска дама на ноќта. Ако сте подготвени преку ден да бидете пристојна сопруга, а навечер жешка љубовница, ова е мажот за вас.

Ерогена зона: задникот

Омилена секс фантазија: секс под туш

Вага

Вага жена: нека не ве излаже нежниот изглед на лицето бидејќи оваа жена сака да доминира во спалната и да ви покаже што знае. Посакува маж кој добро котира во социјалните кругови и кој може да и ги исполни сите барања.

Вага маж: ужива да игра најразлични улоги во креветот. Се облекува убаво и се грижи за својата хигиена, па секогаш имате маж кој е среден од глава до пети. Понекогаш има чудни барања, но со текот на времето ќе се навикнете на нив.

Ерогена зона: долниот дел од грбот

Омилена секс фантазија: жените да наредуваат, а мажите да им биде наредувано во кревет.
Скорпија

Скорпија жена: лови специфично така што бара партнер кој ќе ги задоволи нејзините сексуални желби и не го троши времето на бесполезни врски. Оваа мистична жена е мошне сензитивна, па доколку ги повредите нејзините чувства ќе треба да се соочите со нејзиниот гнев.

Скорпија маж: неговата харизма ги привлекува жените како магнет. Овие мажи паѓаат на добар парфем. Сакаат да користат секс играчки и мошне сериозно му пристапуваат на сексот. За нив тоа е сериозна работа, а не само обично задоволување страсти.

Ерогена зона: пенисот и вагината

Омилена секс фантазија: употреба на секс играчки, камшици и лубриканти.

Стрелец

Стрелец жена: заборавете дека ќе имате класичен секс. Со стрелецот ќе бидат испробани различни пози и водењето љубов ќе трае со часови. Таа има огромен сексуален апетит кој треба да биде задоволен, па затоа најчесто бара партнер кој е вистински спортист во креветот.

Стрелец маж: неговиот немирен поглед ја забележува секоја жена која му е во близина. Преферира повеќе отколку помалку, па тешко му е постојано да биде со една жена. Секогаш мисли на секс и ретко се задоволува.

Ерогена зона: бутините и задникот

Омилена секс фантазија: играње перверзна верзија на Вистина или предизвик.

Јарец

Јарец жена:
на изглед конзервативна, а под чаршафите вистински жар. Овие жени оставаат впечаток дека се недопирливи, но тоа го прават со цел да им се доближат оние мажи кои навистина имаат храброст да го направат тоа.

Јарец маж: моќен, богат, самоуверен, но не толку одличен во креветот, сè додека не го натерате убаво да се опушти. Тогаш станува страсен љубовник кој ќе ви ги исполни фантазиите.

Ерогена зона: колената

Омилена секс фантазија: да води љубов додека му седите во скут

Водолија

Водолија жена
: овие жени  имаат помалку чудни партнери. Сакаат невообичаени нешта, кои се спонтани и не ретко непромислени. Подготвени се за авантура во секое време. Нема да размислат два пати ако треба да изневерат.

Водолија маж: егзибиционист кој со задоволство би се впуштил во секс во тројка или пак нешто пооткачено. Сака да се забавува, лесно менува партнерки, љубител на жени и луди секс игри.

Ерогена зона: бутини и глуждови

Омилена секс фантазија: луд секс на некое откачено место каде што ќе биде фатен на дело.

Риби

Риби жена:
ако имате дарба за убедување лесно може да ја намамите оваа риба на секс. Лесно потпаѓаат под влијание и се воодушевуваат на романтични гестови. Но, внимавајте! Со нив никогаш не постапувајте грубо.

Риба маж: шармери кои знаат како да се постават во секоја ситуација. Откако ќе го добијат тоа што го сакаат имаат навика да исчезнат. Или ги сакате или ги мразите, но кога сте со нив не можете да одолеете.

Ерогена зона: стапала

Омилена секс фантазија: секс на отворено, по можност некаде на плажа

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2012 во 22:13

Најголемите плачковци според хороскопот


Колку често плачете? Дали сте од оние луѓе кои лесно знаат да се налутат и веднаш ќе почнат да ронат солзи? Нормално дека сите сме различни, не секој сака да покаже слабост пред другите луѓе и веднаш да почне да плаче, некои од нас во себе ја чуваат својата тага, нервоза, но и солзите. Солзите не се знак на слабост кај еден човек, туку дека тој можеби и премногу долго бил силен во себе.

Најдобар начин да се ослободиме од стресот и напнатоста, можеби е понекогаш да пуштиме по некоја солза, велат тоа е здраво за нас. Кои знаци од хороскопот најмногу плачат? Кои се највисоко на листата на плачковци?

1.Рак - важат за многу емотивни знаци, нив може да ги расплаче и најмала ситница. Постојано можете да ги видите дека плачат, тие не ги кријат солзите од другите. За нив најдобар начин да се ослободат од стресот е да пуштат по некоја солза.

2. Лав - иако можеби ова не е верно за вас, лавовите и премногу често плачат. Можеби тие и долго време се прават силни пред другите, но факт е дека целиот стрес и болка, ги исфрлаат преку солзите. За нив солзите не се знак на слабост пред другите.

3. Близнаци - тие се многу емотивни знаци, се нешто знае да ги расплаче. Плачат и на филм дури, плачат кога ќе видат несреќни луѓе, мали деца и сл.

4. Водолија - премногу осетлив знак, емоција во секој чекор. Незнаат како да се помират со одредени нешта во животот, па најлесно им е да плачат, но не пред другите, тие плачат сами со себе, за нив солзите се знак на слабост.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2012 во 20:54
ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2013

Овен
Вашиот хороскоп за 2013 година е навистина возбудлив.Многу важна година за напредок во кариерата, кога станува збор за приходите но и позитивната внатрешна мотивација.
Работа и пари: Заслужаната работа оваа година ќе ви се исплати.Најголем дел од вашите претходни идеи,проекти и работни иницијативи оваа година ќе вродат со плод.Хороскопот вели дека во првата половина од годината ќе достигнете успех, па затоа од почетокот на годината ќе целите високо.
Љубов, семеен и друштвен живот: Вашите семејни и интимни односи ќе бидат малку комплицирани во првиот дел од годината. Водете сметка да не ја изгубите контролата.Потрудете се да ги пребродите сите несогласувања со партнерот или семејството.Доколку сакате стабилна година, морате да разговарате за своите проблеми отворено, без одолговлекување.

Здравје: Ова поле ќе биде сјајно.Ќе имате одлично здравје.Ќе се потрудите што повеќе да ги вежбате вашето тело, ум и срце. Обидете се да се храните доволно и да си обезбедите повеќе сон од претходно. Ова е идеална година за да започнете да се занимавате со одреден спорт за кој размислувате веќе подолго време. Насочете ја својата енергија на својата добра линија и здравјето. Грижете се за своето тело за да обезбедите подобар живот.

Бик
Карактеристиките кои го красат овој хороскопски знак се трпеливоста и тврдоглавоста.Таквите особини му помагаат да ги протурка сите тешки периоди во животот. Годишниот хороскоп несомнено укажува на падови и успеси кои вие ќе ги издржите благодарение на ваквите особини. Во текот на првиот дел од годината морате да покажете борбеност , кога се во прашање работата и парите, но и кога се во прашање здравствените проблеми во одредени делови од годината.
Работа и пари: Претераната грижа за парите нема да ве однесе никаде.Потребно е да се сосредоточите на вашите квалитети и повеќе да верувате во себе за да би можеле да го постигнете својот максимум, но и подобро да ја работите својата работа. Доколку чувствувате недостаток на одредени вештини, 2013 година е совршена за личен развој.
Љубов, семејство и друштвен живот: Извесно е дека оваа година ќе добивате целосна поддршка од вашето семејство, пријатели и блиските.Ова е една од најдобрите години, кога станува збор за љубовта. Вашите односи со партнерот ќе бидат совршени благодарение на добрата комуникација, доверба и отвореност.
Здравје: Кога станува збор за бикот ретко се јавуваат проблеми кои немаат решенија. Биковите се познати по својата истрајност и тврдоглавост.

Близнаци
Близнаците се карактеризираат со честа промена на нивните ставови, што оваа година нема да биде проблем бидејќи нема да се соочуваат со поголеми животни промени. Освен малкуте тешкотии на полето на работата, ништо значајно нема да влијае на вашата финансиска ситуација. Кога станува збор за љубовта, работите ќе бидат на задоволително ниво и нема да има значајни потреби за промени.
Работа и пари: Почетокот на годината ќе донесе напади на вашата работна позиција.Подгответе се на тоа, бидејќи одредени поединци од вашето окружување ќе се обидат да ја заземат вашата позиција и ќе дадат сé од себе за да го постигнат тоа. Не се колебајте, останете силни , главата горе и работете ја работата најдобро што умеете.
Љубов, семејство и друштвен живот: Вашата неодлучност највеќе се забележува на полето на љубовта.Ова не е година за донесување големи одлуки, но вие ќе продолжите да ги анализирате мааните и предностите на вашата врска. Постојат големи шанси да се обидете да внесете промени во својот живот од јануари до јуни, но тоа премислување ќе ви донесе дополнителен стрес.
Здравје: Не ги одложувајте редовните контроли и посети на лекар. Со нив можете лесно да ги решите дури и најмалите здравствени проблеми.За среќа, имате голема поддршка од луѓето во вашето окружување и на нив ќе можете и понатаму да се потпрете, но немојте да размислувате кога станува збор за помошта која треба да ја побарате.

Рак
Ви престои возбудлива година. Хороскопот за оваа година покажува дека оваа година за вас ќе биде исполнета со мистерија и интриги. Но, обидете се да не бидете пречувствителни на нив, како и претходно. Работите ќе се одвиваат бавно, но оваа година ќе ви го зголеми интересот за учење, изразување на креативноста и прифаќање нови предизвици.
Работа и пари: Првиот дел од годината ќе изгледа како да сте на врвот на своите работни можности, но сепак и покрај тоа, за вас ќе се јават одредени проблеми. Наградата ќе отиде кај оние кои вложиле многу труд и енергија за постигнување на саканите резултати.
Љубов, семејство и друштвен живот: Почетокот на годината би можел да биде исполнет со проблеми поврзани со односите кои ќе се обидувате да ги поправите и кои можат да се расипат од еден невнимателен збор или гест. Во овој период ќе сфатите дека сé е на ваш грб.Внимавајте што зборувате и работете на своето трпение.Имајте на ум дека не сте во право, секогаш.
Здравје: Секогаш емотивниот рак често си е самиот најлош непријател кога станува збор за здравјето. Оваа година ви носи добри и позитивни емоции, а здравјето би требало да остане добро, доколку стресот го сведете на минимум.

Лав
Многу можности ќе се отворат за вас, луѓето ќе ви се восхитуваат, а некои од нив ќе ви предложат нови работни понуди. Ќе имате впечаток како сите да ви се восхитуваат, освен најблиските. За да постигнете хармонија во 2013 година, потребно е добро да ги избалансирате вашите постапки.Иако имате доста квалитети, сепак не сте центар на сечие внимание.
Работа и пари: Годишниот хороскоп покажува дека годината ќе ви започне навистина бурно. Нештата за кои што живее лавот , промоциите, признанијата, вниманието ќе продолжат во текот на целата година. Продолжете со нови идеи или продолжување на проектите кои ги одлагавте досега.
Љубов, семејство и друштвен живот: Понекогаш вие непотребно ги драматизирате работите. Запаметете го ова доколку забележите дека работите ќе тргнат лошо на почетокот на годината. Сфатете дека не сте вие причина за најголемиот дел од нив.Ќе морате да го насочите своето внимание повеќе кон другите, отколку кон себе. Ќе се соочите со мали потешкотии во вашата врска во првата половина на 2013 година.Најголемата поддршка ќе можете да ја најдете во оние кои се соочуваат со истите проблеми, како и вие.
Здравје: Здравјето ќе ви биде на завидно ниво.Трудете се да јадете здрава храна, вежбајте и опуштете што е можно повеќе. Одморот е клуч на доброто здравје во 2013 година. Иако ќе имате многу обврски ќе дојдете во искушение да ја запоставите здравата исхрана, вежбањето или одморот, но немојте да го правите тоа, бидејќи набрзо ќе ги почувствувате ефектите. За доброто здравје најбитно е да сте насочени кон работите кои ги правите.

Девица
Оваа година ќе го достигнете максимумот на многу полиња. Најголем дел од работите ќе ви тргаат од рака, онака како што сте ги планирале.Стабилноста ви е потребна што натаму ги исклучува авантурите, оваа година.
Работа и пари: Важно е да престанете да забрзувате одредени работи.Годишниот хороскоп покажува дека вакво нетрпение може да ве доведе до одредени проблеми во кариерата и финансиите.Ќе ви биде потребно одредено време за да ги анализирате своите постапки.
Љубов, семејство и друштвен живот: На почетокот на оваа година, можно е да се соочите со проблеми во вашите интимни односи. Ќе ви биде потребно време за да решите одредени проблеми. Немојте да имате нереални очекувања дека проблемите брзо ќе се решат, бидејќи вие тоа го сакате.
Здравје: Здравјето ќе ве служи во 2013 г.Останете во добра форма, хранете се здраво и поработете на создавањето здрави навики.Доколку ви се досади ваквиот начин на живот, обидете да се испробате во одреден спорт, со што ќе стекнете многу предности од редовното вежбање.

Вага
Кога станува збор за вагата, рамнотежата и стабилноста се многу важни.Според хороскопот, ова е значајна година, кога станува збор за тоа.Вагите ќе бидат инспирирани и понатаму да се развиваат на личен план и да се обидуваат на одредени полиња каде не биле вклучени досега. Но, сепак треба да бидете подготвени на одредени проблеми во почетокот на годината.Ве очекуваат мнгогу предизвици кога станува збор за работата и кариерата, но тоа не е нешто што не можете да го пребродите.
Работа и пари: Лошата финансиска одлука или лошо испланираниот тајминг ќе доведат до нестабилност во работата.Мора да останете прибрани. Искористете ја вашата способност стабилно да ги решавате проблемите. За да се вратите на посакуваната патека, важно е работите да ги започнете од вистинско место, каде многу ќе ви помогне доброто планирање, во кое сте одлични.
Љубов, семејство и друштвен живот: Пред вас е нова романса.Но, бидете внимателни да не ве испаничат и исплашат страстите.Бидете свесни дека посесивноста не е романтична.
Здравје: Нема да се соочите со значајни здравствени проблеми доколку фокусот го поставите на балансот . Вашата енергија и сила ќе се стабилизираат и повратат, оваа година.

Скорпија
Годишниот хороскоп покажува дека вие сте одлучни на дело да ги спроведете работите кои сте ги замислиле.Нема да се предадете додека работите не ги поставите на вистинско место. Оваа година ќе ви донесе многу задоволства.Работите ќе ви тргаат од рака во најголем дел од времето, особено кога станува збор за работата.Ова ќе биде една од годините која ќе ви остане во добро сеќавање.
Работа и пари: За вас ова ќе биде избалансирана година на сите полиња. Со помош на умствената сила која ја поседувате, ќе успевате да остварувате се повеќе успеси. Вашата креативност ќе го достигне врвот оваа година, така што оваа состојба можете да ја искористите за нови работи кои не сте ги пробале досега.
Љубов, семејство и друштвен живот: Кога станува збор за скорпиите,љубовта за нив никогаш не е проблем. Тоа што понекогаш недостасува е дружењето и поврзувањето со луѓето. Во 2013 година, тоа ќе се смени кај вас и ќе запознаете многу луѓе, што ќе ви ги отвори вратите за нови успеси.
Здравје: Во 2013 година, ќе се чувствувате малку исцрпени.Обидете се да го одморите своето тело.

Стрелец
Годишниот хороскоп за овој знак покажува дека ова е година полна со ведрина. Иако ќе се соочите и со одредени падови, сепак ќе успеете да ги држите работите под контрола. Доколку не оди се според планот, не се плашете да побарате помош од оние кои имаат искуство и можат да ви помогнат.Тоа е најлесен начин за да научите. Кога ќе се соочите со неволји во текот на оваа година, бидете подготвени да научите од грешките за да можете да напредувате.
Работа и пари: На ова поле ќе имате и успеси и неуспеси. Во 2012 година ви беше важно да напредувате во поглед на кариерата и финансискиот статус. Но, во 2013 нема да бидете толку оптеретени.
Љубов, семејство и друштвен живот : Лојален во сé што прави, стрелецот понекогаш сака да дознае кои личности не се на негова страна. Во таа насока, ова ќе биде тешка година кога станува збор за семејните односи и пријателствата. Меѓутоа, можеби нема да биде лошо доколку дознаете кому можете да верувате и на кого да се потпрете.Што се однесува на љубовта, ќе бидете привлечни за сите квалитети кои ги поседувате. Тоа може да предизвика љубомора кај одреднеи пријатели кои се чувствуваат загрозени во ваша близина. Немојте да донесувате важни одлуки, ниту пак да се ограничувате.
Здравје: Сега кога Плутон се повлекува, вашето здравје ќе биде многу подобро.Но, за жал одреден дел ожд годината ќе го потрошите за да закрепнете од претходниот период.Оваа година е идеална за воспоставување нормален сон, редовно вежбање и правилна исхрана.

Јарец
Во светот на јарците, неизвесноста е клучниот збор. Вие знаете што сакате и имате мало трпение да чекате некој да ви дозволи тоа да го добиете. Оваа година ќе ви дозволи убав одмор од борбата, бидејќи годишниот хороскоп покажува дека ќе постигнете успех како резултат на вашите претходни напори.
Работа и пари: Оваа година довербата ќе биде на ваша страна, благодарение на влијанието на Сонцето на секое поле од вашиот живот. Луѓето ќе ве надгледуваат и ќе се прашуваат како ги постигнувате успесите. Не дозволувајте тоа да влијае на вашиот напредок.Бидете свесни и подготвени дека другите понекогаш ќе се обидат да ги украдат плодовите од вашиот труд. Вие сте оние кои ги движите работите и оние кои ги поттикнуваат промените.
Љубов, семејство и друштвен живот: Во поглед на друштвениот живот,ќе бидете помалку друштвени од вообичаено, па дури и мрзливи. Луѓето ќе бидат зачудени од вашиот „краток фитил“ или недостатокот на волја и желба за излегувања или прослави.
Здравје: Во минатото се провлекувате не обраќајќи внимание на здравјето.Сепак, оваа година ќе морате да се грижите за себеси.Психички, ќе морате да се борите со влијанието на Сатурн. Доколку обрнете внимание што му потребно на вашето тело, тогаш тоа е исхрана која ви одговара, вежбање и одмор.

Водолија
Водолијата е позната по својот допадлив, пријателски карактер. Некои од тие особини кои ги привлекуваат и другите се вашата искреност и љубезност. Исто така, луѓето имаат доверба во вас, бидејќи никогаш не ги откривате тајните кои ви ги доверуваат. Дел од вашата популарност и понатаму ќе лежи во вашата желба за независност,со што влијаете ненаметливо и мистериозно, понекогаш. Но, луѓето околу вас често ќе се чувствуваат и дека не ве познаваат.

Работа и пари: Можеби нема да доживеете спектакуларен финансиски успех, но сепак ќе напредувате. Ако некои ваши активности не наидат на поддршка, тоа ќе ве поттикне да истапите со нови и свежи идеи и да бидете подобри од претходно. Најдобро е да ги започнете нови проекти или да побарате нова работа на крајот на пролетта.
Љубов, сеемен и друштвен живот: Ова е година за промени.Често, водолиите избегнуваат романтични и интимни односи на долг рок во корист на својата независност, но оваа година ќе имате потреба од романтика и поврзување со партнерот.Тоа значи дека ќе влезете во нова врска или на постоечката ќе и дадете повеќе смисла, но и повеќе шанси.
Здравје: На здравото тело му е потребен смирен ум. Кога вашиот внатрешен свет ќе почне да се смирува, дури тогаш ќе ги почувствувате ефектите од враќањето на енерфијата. Ќе почувствувате корелација меѓу виталноста и умствениот напредок.

Риби
Хороскопот покажува голем успех кога станува збор за сите полиња освен меѓучовечките односи. Кариерата, парите и желбата да учите и да ги развивате своите способности ќе ја обележи првата половина од годината. Во другата половина на 2013 година, ќе биде потребно да вложите поголем напор за да ги одржите работите под контрола.
Работа и пари: Вашиот напорен труд конечно ќе се исплати.Во почетокот на годината, најверојатно ќе добиете унапредување. Среќата ќе ве следи кога станува збор за финансиите, па не треба многу да се грижите. Работите доаѓаат на своето место, а во моментите кога ќе мислите дека сé е изгубено,нема да сте свесни какви можности ве очекуваат.Затоа, внимавајте.Сепак, кога станува за работата, првиот дел од годината е најповолен.
Љубов, семејство и друштвен живот: Кога станува збор за пријателите, работите нема многу да се менуваат.Ќе имате удобност и блискост, но ќе морате да вложувате напори во односите со луѓето.Во јули, вашата врска ќе наиде на потешкотии.Тоа ќе биде добар момент да се преиспитате.
Здравје: Лесно е да се чувствувате добро, кога во животот сé оди како што треба. По напорната работа, ви следи признание.Но, водете сметка за правилниот начин на живот за да не го загрозите своето здравје.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9091929394 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.