IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2016 во 07:51

ХОРОСКОП: ШТО ВИ Е НАЈВАЖНО ВО ЖИВОТОТ?

5
Дали некогаш сте размислувале што навистина ви значи во животот? Според хороскопот, ова ви е најважно!

Овен – Сакаат да бидат она што се, мразат преправање

Овенот ја цени индивидуалноста, независноста и потребата да биде она што е. Ниту шефот, ниту партнерот или кој било друг никогаш не смеат да му кажат што да прави или како да се однесува во одредена ситуација. Тие се најнезадоволни ако се присилени да се вклопат во некои норми. Сакаат луѓето да ги сакат онакви какви што се и не прифаќаат компромиси. Нивното мото е: Да се биде!

Бик – Најважно за нив е да го задржат она што им припаѓа

Биковите напорно работат на која било работа што ќе ја започнат. Кога нешто ќе остварат и постигнат, тоа не сакаат со никого да го делат. Практични се, па затоа се одлични работници. Не се алчни, но се борат за своето право, за правото на своите колеги, но кога ќе стекнат нешто во материјална смисла сметаат дека имаат потполно право над тоа. Никогаш не се откажуваат од своите работи… дури ниту поради љубовта. Нивното мото е: Да се има!

Близнаци – Најважна за нив е слободата на мислење

Нивниот брилијантен ум им е пасош кон светот. Во своите мисли може да заминат каде што ќе посакаат. Идеите им се волшебни. Ако некој им каже дека премногу размислуваат и дека треба да бидат попрактични, смртно ќе се навредат. Нивното мото е: Да се мисли!

Рак – Најважни им се чувствата

Раковите се забавни и игриви однадвор, но нежни однатре. Најмногу сакаат да уживаат во своите чувства. Нивното мото е: Да се чувствува!

Лав – Најважно им е да се покажат во вистинско светло

Лавовите се најубави, најхрабри и најсилни суштества на земјата. Но, мора да имаат можност тоа да им го покажат и на другите. Важно им е никој да не им го одземе нивниот луксуз. Секогаш мора да бидат во центарот на вниманието. Нивното мото е: Да се посакува!

Девица – Најважно за нив е да можат да донесуваат одлуки

Девиците се аналитичари. Способни се да ги забележат најситните детали, па затоа им е многу важно на нив да им се додели правото за да ја донесат конечната одлука. Се борат за слободата на мислење, но најважно им е да соберат многу податоци, по можност од различни извори. Нивното мото е: Да се анализира!

Вага – Најважно за нив е да ги задоволат другите, но и себе

Рамнотежата на идеите за Вагите е идеална состојба. На нив им е нужно тие да одлучат што е најдобро. Но, никогаш не претеруваат. Колку се борат за себе, толку се борат и за другите. Секое поле од животот им е важно: работата, кариерата, семејството… Нивното мото е: Да се постигне рамнотежа!

Скорпија – Најважно за нив е да го добијат она што го сакаат и кога го сакаат

Скорпиите се најиздржливиот знак во хороскопот. Тие точно знаат што сакаат и можат да издржат многу работи за да го добијат. Мислат дека потполно го заслужуваат тоа и ако не го добијат не можат да бидат среќни. Нивното мото е: Да се заслужи!

Стрелец – Најважно им е да истражуваат и да ја видат целата слика

Стрелците најчесто се спонтани и го прават она што го сакаат. На нив многу им е важно да се забавуваат. Не сакаат сериозни теми, па во секоја ситуација внесуваат хумор. Нивното мото е: Да се види!

Јарец – Најважно за нив е од лимонот да направат лимонада

Тие имаат моќ да искористат и да најдат намена за сè околу нив. Важно е да можат да го изберат она што мислат дека може да го изберат. Не им е секогаш лесно, но не се предаваат. Нивното мото е: Да се поправи!

Водолија – Најважна им е слободата, за сè!

Тие се оригинални и прагматични. Често знаат да шокираат, но и да расветлат, научат, објаснат и разберат. Се борат за сите видови слобода и никого не осудуваат. Нивното мото е: Да се знае!

Риби – За нив најважно е следењето на своите соништа

Рибите ја ценат и барат слободата на мислите и говорот. Визионери се и многу им е важно да го следат она во кое веруваат. Одземете им ја вербата и тоа е исто како да оставите риба на суво. Рибите сакаат да веруваат дека сите се на иста страна. Нивното мото е: Да се верува!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 15:41

ХОРОСКОП ПОСВЕТЕН СПЕЦИЈАЛНО НА ДАМИТЕ

10

Жена овен

Таа има одличен карактер и сака сѐ што е чисто, јасно и прецизно. Брзо и активно реагира на сѐ што се случува околу неа. Вообичаено повеќе значење ѝ придава на акцијата, отколку на размислувањето. Грижите ја обземаат само моментално и не оставаат некои длабоки траги во неа. Не се обесхрабрува лесно, ниту ја обзема песимизам, има самодоверба, храбра е и е во состојба да оди чекор по чекор за да ги оствари своите животни цели. Презема и одредени ризици за да не залута во лавиринтот на неодлучност. Нејзиниот ентузијазам и динамичност се доволен двигател да ги преброди сите тешкотии во животот. Честопати презема иницијатива и кога ќе се најде во дилема, сепак бргу донесува одлука.
Жената која е во хороскоп овен не поднесува компликувани ситуации и не ги сака луѓето што наоѓаат задоволство во конфузни приказни и случки. Се однесува ноншалантно и директно, а со своите импулсивни реакции, понекогаш се случува некого грубо да повреди, иако немала таква намера. Нејзиниот карактер има големо влијание и во однесувањето во љубовта. Таа никако не може да се вброи во типот на жена–робинка, бидејќи е премногу независна за да може да поднесе некој да ја стави во „кафез“, па макар тој бил и златен. Очекува и бара взаемна доверба со нејзиниот партнер, за да обезбеди заеднички живот без сцени и сомнежи.
Љубоморна е и тоа го покажува и бара јасни одговори на прашањата. На нејзиниот партнер нема да му биде лесно ако почне да ја избегнува и запоставува. Ако партнерот ја изневери, нејзината гордост и самопочит ќе бидат повредени и таа сигурно нема лесно да помине преку тоа. Во сѐ сака да има своја улога и во секоја прилика сака да се слушне и нејзиниот збор. Ако наиде на личност која е послаба од нејзе, постои опасност да ја потчини, но таквата ситуација нема да ѝ се допадне, бидејќи во длабочината на својата душа таа не сака таква врска. Идеален маж за неа, е оној кој има јак карактер. Нејзината смелост, спонтаност и ентузијазам ќе играат голема улога во нејзините емотивни врски. Кон партнерот може јавно да покажува нежност, но и од него ќе бара да ги покаже своите чувства кон неа. Во љубовта како и во животот, таа бара полна ангажираност. Таа дава сѐ или ништо – понекогаш е бескрајно дарежлива, а понекогаш покажува знаци на егоизам. Не ги сака лагите и измамите.

Жена бик

Таа стои цврсто на земја и сака сѐ што е постојано и опипливо. За неа мечтаењето претставува само душевен мир, но никогаш не се задоволува со лажни ветувања и слатки илузии.
Кон пријателите покажува лојалност и посветеност, но истото го бара и од спротивната страна. Ако некој ја изневери таа нема бурно да реагира, бидејќи нејзините реакции се бавни и не толку видливи, но затоа бескрајно длабоки и обично трајни. Доколку се увери дека некој лошо постапил со неа или ја повредил нејзината добронамерност, тоа никогаш нема да му го прости. Не ги сака промените и пресвртите и сѐ она што може да го промени нејзиниот вообичаен тек на живот. Ги почитува принципите и концизните идеи. И покрај тоа што има јак карактер, во него има и некои слабости. Во нејзиниот живот понекогаш се јавува мрзеливост и пасивност, бега од грижи и проблеми и не сака компликации.
Љубовта игра голема улога во нејзиниот живот. Таа не е синоним за страст, бурни емоции и романтика, туку за нежност и уживање. Кај мажите ја привлекува нивниот физички изглед, а што се крие зад нивната надворешност, на почетокот не ја интересира многу. Кога ќе запознае личност што ѝ се допаѓа, сака на секој начин да го привлече неговото внимание, но пред да се реши за трајна врска сака да биде сигурна дека тој е оној вистинскиот. Жената бик не се врзува лесно, бидејќи љубовта во нејзиното срце бавно созрева и чувствата постепено се развиваат. Не поднесува присуство на друга жена, па дури ни колешката на нејзиниот партнер и ќе направи сѐ за да го задржи само за себе. Ако открие неверство, спремна е да врати со иста мерка.

Жена близнаци

Динамичноста е нејзина најважна карактерна особина. Бескрајно ја цени слободата и независноста и не му дозволува никому да господари со неа или да ѝ ја наметнува својата волја. Многу е интелигентна, но не и прониклива. Погрешно суди за луѓето што ѝ мислат добро, па е во состојба и да ги навреди. Исто така погрешно ги проценува намерите на оние кои не ѝ мислат добро, па тоа ѝ се удира од глава, иако не е свесна за тоа. Амбициозна е, но не премногу и во работата може да го пронајде најдобриот начин кон успехот. Кога работи сака луѓето да го ценат тоа, но очекува и материјален ефект за својот напредок и никогаш нема да прифати работа која нема да ѝ донесе и материјална корист. Парите лесно ги троши.
Исто како и во животот, така и во љубовта важна ѝ е слободата, па и кога ќе засака некого се плаши да не се врзе премногу за него. Во љубовта и во бракот е верна, а доколку се случи да се разведе, никогаш нема да го заборави тој човек. Не е љубоморна и е приврзаник на современите обичаи и навики. Неверството може да го прости, но може да биде и сосема категорична. Во љубовта е особено динамична, а чувствата не ги покажува јавно.
Сака да се дружи, но притоа и да се покаже како комуникативна личност која има широк круг на пријатели, па затоа никако не може да се сложи со партнер кој не е динамичен. Во потрагата по нови познанства нема секогаш да успее, па се случува да е повеќе сама дури и кога е опкружена со друштво. Можеби никогаш нема докрај да разбере, дека понекогаш е подобро да имаш малку, но одбрани и верни пријатели, отколку многу неискрени кои умеат добро да глумат.

Жена рак

Многу е чувствителна, сензибилна и емотивна личност, но за да се заштити себеси се труди да ги скрие своите чувства. За да се чувствува среќна, се сокрива во својот свет заграден со високи ѕидови, во кој е тешко да се влезе. Во детството се чувствувала безбедно во родителскиот дом, а подоцна се обидува да создаде свој свет во кој ќе владее спокојство, мир и сигурност.
Жената рак не е премногу ни борбена, ни реална, ни активна, бидејќи стравот од непознатото ја попречува да оди напред и да ги совладува препреките. Таа е задоволна онаква каква што е, и не сака многу да се менува. Тоа бегање од непознатото е потполно разбирливо бидејќи често се судира со непријатности, грижи и неизвесност. Нејзината чувствителна природа брзо реагира на секаков вид агресивно однесување. Кога ќе се соочи со некој сериозен проблем умее да се претвори во „жена змеј“ која ќе се жртвува до крај.
Умее да „сонува“, но сака и логично да размислува, но на неа многу лесно може да се влијае, па ако тоа не можат да го постигнат оние кои не ѝ се многу блиски, тоа многу лесно ќе им успее на сите оние кои таа ги сака. Љубовта во животот ѝ значи сѐ и таа ѝ е најважна во животот. Таа бара човек кој ќе ѝ овозможи сигурност и поддршка, но и бескрајна нежност. Таа е многу чувствителна и романтична личност и сонува за бескрајно романтична љубов и страст на две сродни души. Нејзината глад за идеална љубов е тешко да се задоволи, бидејќи постои разлика помеѓу реалноста и убавите соништа, а токму тоа и најмногу ја плаши.

Жена лав

Таа е јака жена која не се препушта лесно да ја понесат брановите на судбината. Нејзината виталност, волја и авторитет ѝ овозможуваат да биде доминантна жена. Тешко ѝ е да остане на едно место, да мечтае и ништо да не работи, бидејќи сака акција и движење, а не поднесува мрзеливост. Гордоста, а понекогаш и суетата, играат голема улога во постигнувањето успех скоро по секоја цена. Претпазлива е и скоро ништо не препушта на случајноста.
Таа има премногу високо мислење за себе за да може да се задоволи со моменталната состојба. Млаки и недефинирани чувства ја доведуваат до очај, а нејзиниот карактер е таков што тешко се прилагодува кон луѓе кои се воздржани. Искрена е, а понекогаш сака и да се шегува. Нејзините ситни грижи умее да ги прикаже како големи за да го привлече вниманието на другите. Кај неа постои една контрадикторност. Среќна е и великодушна кога може на другите да им причини радост, меѓутоа понекогаш е премногу егоцентрична, па пред да помисли на друг, таа прво помислува на себе.
Нејзина најголема доблест е верноста. Има цврст карактер и затоа не поднесува туѓи влијанија. Кај другите луѓе не трпи каприци и извештаченост. Ако ѝ се допадне некој маж, таа тоа отворено ќе му го даде до знаење. Кога сака некого, потполно им се препушта на чувствата и во љубовта не поднесува да остане ништо нејасно и недокажано.

Жена девица

Сѐ што се случува околу неа, таа го прима со аналитички поглед и има отпор кон сето она што е диктирано од инстинкт. Кон луѓето не покажува спонтаност, премногу воодушевување и силна желба за пријателство, бидејќи по природа е резервирана и срамежлива.
Кога ќе сретне маж кој ѝ се допаѓа, а и таа му се допаѓа нему, тешко е веројатно дека ќе му се фрли во прегратка, пред сѐ затоа што и самата не е сигурна во своите чувства. Секогаш ќе се прашува дали е тоа вистинска љубов или тоа се само минливи чувства. За да ја разјасни оваа дилема, најпрво себеси ќе се преиспита, а потоа и личноста која ѝ се допаѓа. Причината поради која се двоуми потполно да им се предаде на чувствата, е нејзиниот паничен страв да не направи грешка.
Таа е приврзана кон своите навики и верува дека живее во удобно гнездо кое сама го создала, па се прашува дали личноста која влегла во нејзиниот живот може да го смени и расипе тоа. Еден ден кога ќе го победи својот страв, сигурно е дека на мажот што ќе го одбере ќе му биде посветена до крајност. Жената девица е многу верна и лојална личност, која е дискретна и внимателна во сѐ што прави. За да можете вистински да ја запознаете, треба да имате на ум дека за нејзиниот карактер многу поголемо значење има тоа што е скриено во неа, отколку она што е очигледно.

Жена вага

Жената вага не е ниту енергична, ниту одлучна личност и во донесувањето одлуки никако не може да го пронајде вистинско решение. Не е особено амбициозна и секогаш ѝ е потребен некој на кој со задоволство ќе му препушти дел од обврските. Во сѐ што прави сака целосно да се внесе и посвети, но тоа не ѝ поаѓа секогаш од рака, па тогаш кога ѝ се чини дека не може да ги совлада препреките, се повлекува и се помирува со судбината.
Сака да им се допадне на другите, друштвена е и сака да излегува. Во неа постојат две личности. Едната е таа што им ја покажува на другите, а другата е онаа која никогаш не ја покажува и која ретко кој може да ја открие, бидејќи љубоморно ја чува. Тоа што го покажува понекогаш е мирна и кротка личност, а понекогаш избувлива и експлозивна. Поради стравот да не биде откриена таа се прикажува поинаква, честопати ставајќи на себе маска на љубезност и насмевка. Таа е одличен актер, дури и кон најблиските.
Не сака бурни сцени и караници, но сепак често ѝ се случуваат, а при тоа дури не е ни свесна дека всушност сама ги предизвикала со своето провокативно однесување. Поседува исклучителен шарм, страсна е и чувствителна. Луѓето во неа гледаат нешто симпатично, пријатно и таинствено. Жените ваги се исклучително интелигентни. Многу ваги можат да погрешат во изборот на партнерот. Тие сметаат дека партнерот треба да им биде главна потпора во животот но, се случува да се врзат за некој кој станува вистински тиранин штом ја почувствува нивната слабост. Нив најмногу им одговара маж кој ќе знае да ги цени нивните квалитети и нема постојано да ги критикува поради недостатокот на енергија да ги издржат тешкотиите. На жената вага ѝ е потребен партнер со јак карактер, но воедно да биде и исклучително нежен и внимателен. Таа не е склона кон промени во љубовта.

Жена скорпија

Жената скорпија не е мирна, пасивна и кротка жена. Таа има импулсивна, избувлива и страсна природа. Во животот ништо не прави половично и не сака неодлучност. Неуспехот и разочарувањето длабоко ја погодуваат. Во сите сегменти од нејзиниот живот доминира инстинктот, па затоа и најдобрите одлуки се диктирани токму од нејзината интуиција, а првиот впечаток за луѓето и нештата најчесто се точни и прецизни. Таа не прави тактички и психолошки грешки.
Некои жени бараат мир, но тоа не е случај со скорпиите, бидејќи нејзините чувства се како зовриен вулкан. Дали некој ѝ е симпатичен или не веднаш се забележува. Жената скорпија не спаѓа во категоријата на студени жени, а нејзините реакции во љубовта се непосредни. Физичката љубов за неа има големо значење, а нејзината страст и енергичност ја вбројуваат во категоријата жени кои имаат моќ на заведување.
Многу жени родени во овој знак и покрај тоа што не се видни убавици, фасцинантно и магично делуваат на мажите. Би можело да се помисли дека за неа љубовта е само игра, но тоа не е вистина. Таа е многу сензибилна и е спремна да се предаде до крај, а нејзиниот партнер станува центар на нејзиното живеење.
И тогаш кога ќе се омажи, таа не запловила во мирни води, бидејќи сака акција, движење и обновување. Љубовта за неа не претставува само страст, туку и вечна борба со животните предизвици. Жената скорпија потсвесно сака да доминира над луѓето и случувањата, па ни нејзиниот партнер не може тоа да го избегне тоа, бидејќи секогаш ќе сака на некој начин да му ја наметне својата волја.

Жена стрелец

Нејзиниот карактер ја води оваа жена кон два спротивставени животни правци. Првиот ја води кон мирен живот, а другата страна на нејзиниот карактер е сосема поинаква. Таа е храбра, независна, сака да ги прескокнува вообичаените бариери и да се впушта во ризици. Многу е амбициозна и не пропушта ништо што би можело да го зголеми нејзиниот углед. Има истенчено чувство за сите животни вредности, и не сака збрка и анархија. Нејзиниот карактер е брз, експанзивен, нескротлив и тој секогаш ја турка напред, а нејзината виталност која е несфатлива за околината мора секогаш да се искаже.
И покрај тоа што понекогаш ѝ се јавува желба да биде сама, таа сепак е личност која сака да биде во друштво. Омразата не може да ја поднесе, а нејзината природна веселост и смисла за хумор играат огромна улога во односите со луѓето. Таа е отворена и лојална личност. Во љубовта основна желба ѝ е да сретне маж кој ќе ѝ се восхитува и кој без ни малку колебање ќе може да им го претстави на своите пријатели. Таа нема да се задоволи со било кој маж, бидејќи ги презира просечните вредности. За неа љубовта значи восхитување, па затоа нејзиниот партнер мора да биде човек со јак карактер. Оваа жена не ги сака луѓето кои срамежливо ги покажуваат своите чувства и затоа човекот на нејзиниот живот мора отворено да ја искажува својата љубов и на секој начин да ја докажува. Жената стрелец не е премногу љубоморна, но неверството никогаш нема да го прости.

Жена јарец

Жената јарец има реален однос кон животот и ја сака постојаноста. Ги цени само оние луѓе кои имаат одредени вредности што се во склад со нејзините сфаќања. Во животот не сака да губи време на несериозни или невредни ситуации и ги презира лежерните и неконструктивни разговори. Оваа жена умее точно да го процени редоследот на одредени случувања и е одличен организатор.
Во работата, исто како и во животот не сака на секој начин да го привлече вниманието на другите. Таа работи дискретно и вредно како мравка, а понекогаш сака да биде сама, бидејќи тишината е нејзино прибежиште. За оваа жена не би можело да се каже дека е голем оптимист. За нејзе животот е нешто многу сериозно, но од него не очекува многу радост, ниту верува во какви било чуда.
Кога ќе добие некаква сатисфакција, ја доживува како вистински дар од Бога. Жената јарец не е лесно да се освои, а љубовта кај неа не може да дојде како гром од ведро небо. Женските претставници на овој знак ретко доживуваат голема љубов, но кога сакаат или поточно кога ќе решат тоа да си го признаат, обично тоа се случува после долго познанство со некој маж.
Кај нив љубовта бавно се раѓа, но кога ќе се врзат за некого, тоа е за цел живот, па ни времето што поминува, ниту долгите разделби не можат да ја нарушат нејзината љубов. Нејзиниот партнер треба да биде исклучително трпелив. Многу припаднички на овој знак остануваат немажени до крајот на животот, а некои пак се мажат кога се веќе во зрели години и тоа повеќе според налог на разумот, отколку по занес на срцето.

 Жена водолија

Жената водолија понекогаш зазема ироничен став, но тој е резултат на нејзината несигурност и недоволно самодоверба. Таа живее во својот свет на соништата и нема храброст да се соочи со целосната вистина, а нејзините сфаќања за светот се идеалистички. На оваа жена лесно може да се влијае и таа е свесна за тоа, па се обидува да се брани ставајќи на себе маска на ироничност, а понекогаш и цинизам.
Секој човек детално го анализира и се труди добро да го разбере, но тоа не го прави од љубопитност, туку поради желбата да им се приближи на луѓето. Не е човек од акција, но во работата лесно напредува. Многу е чувствителна и поседува ширина на духот. Сака патувања и промени, но поради неодлучност ретко ја остварува оваа желба.
Оваа жена е многу заводлива и го привлекува вниманието на мажите. Долго време го одбира својот партнер, но кога еднаш ќе се вљуби, тоа е за цел живот. Во љубовта е великодушна и на саканата личност ќе ѝ ги поклони сите свои чувства. Таа не сака лаги и извештачени луѓе, а маж-тиранин не може да поднесе. На жената од овој знак ѝ е потребен партнер со јак карактер, а кој воедно ќе биде и поголем реалист од неа.

Жена риби

Нејзиниот карактер е полн со спротивставености и можеби не е доволно свесна за тоа, но за повеќето луѓе таа е чудна и несфатлива. Честопати го менува своето расположение и наоѓа задоволство во тоа да биде завиена со некој вид магла на која не ѝ дозволува во потполност да се растргне. Нејзината склоност кон мечтаење и недефинирани ситуации, наведува на тоа дека е преголем фантазер и дека нема чувство за реалност.
Грубите зборови, критиката и злобата можат многу да ја повредат и да ѝ предизвикаат голема емотивна болка. Таа нема енергија да се бори, ниту да ги надминува препреките на животниот пат и дозволува другите да ја водат. Сепак не е сосема без иницијатива и доколку наиде на искрена поддршка, таа храбро ќе оди напред. Оваа жена е непоправлив идеалист и фантазер. Многу е интуитивна и комплексна личност, а спрема другите луѓе е толерантна до крајност.
Љубовта ја збунува уште од првиот момент и ако почувствува наклоност кон некого таа не е сигурна во себеси, па затоа и не ја открива. Се плаши дека ќе биде изневерена, отфрлена и напуштена, а страдањето е нешто што мисли дека не може да го поднесе. Таа секогаш балансира помеѓу желбата и воздржаноста и таа рамнотежа ја смирува.
Во љубовта бара нежност, такт и таинственост, а нејзиниот партнер мора да ги одбира зборовите за да не ја повреди. Мечтаењето ѝ е неопходно на оваа личност, но тоа воопшто нема да му пречи на нејзиниот реален живот со нејзиниот партнер. Сепак љубовта која неа ќе ја врзе за еден човек, нема да биде воопшто едноставна, бидејќи нејзините чувства секогаш ќе бидат полни со вртлози.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 10:30
Не го ни читам јас ова со репризиве.
Си се држам на она погоре...Аристократијава некако ми годи.
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 10:21
ne sakam reprizi, zatoa i me nema..
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 09:56

Месец април ќе им ја врати старата љубов на три хороскопски знаци


mesec april ke im ja vrati starata ljubov na tri horoskopski znaci naslovna
Дама.мк
Напишано од Дама.мк

Откријте дали сте баш вие меѓу припадниците на зодијакот кои во текот на овој месец имаат шанса за своја љубовна реприза…

Рак

Голема љубовна шанса ве чека на работното место доколку сте сами и не излегувате често. Може да се вљубите во Овен или Стрелец кои се во вашето работно опкружување.

Во вашиот живот може да се врати некој од вашето минато бидејќи Сатурн дава таква можност. Не е лоша кај вас емотивната приказна веќе некое време, па искористете ја бидејќи можете да се вљубите „до уши“.

Во основа ќе бирате исполнети партнери кои се многу успешни во она што го работат.

Девица

Кога е во прашање емотивната страна не мора да драмите ако сте сами бидејќи некој од вашето семејство може да ви биде одличен советник кога станува збор за одредена личност.

Можете да влезете во врска со паранешниот, бидејќи се уште сте под влијание на ретроградноста, која не дозволува нешто ново да ви се случи.

Јарец

Често размислувате на личност која емотивно ве повредила. Можете да ја повикате кога е вашиот љубовен сегмент во прашање, бидејќи морате да ја исполните кармата која ја носите.

Тестот кој ви се нуди е нешто неминовно и некој вид на патење со кој вие добивате повеќе на значење и себе се запознавате со некој вид на откажување и пост.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 09:45

ОДРЕДЕТЕ ГО ВАШИОТ ВИСТИНСКИ ЗНАК СПОРЕД НАЈТОЧНИОТ ХОРОСКОП НА СВЕТОТ

8

Структурен, комбиниран, виртуелен, наречете го како сакате, но хороскопот со кој ќе ве запознаеме е можеби најверодостојниот во светот! Тој претставува комбинација од вашиот хороскопски знак одреден според денот и месецот на раѓање и од кинескиот хороскоп според годината на раѓање. Овде знаците се само 7. Тој не ја одрекува индивидуалноста на секој човек но го одредува темпераментот, карактерот во длабочина, како и патот по кој конкретната личност треба да чекори. Всушност мисија и енергија во едно!

За да откриете кој е вашиот вистински знак, погледнете го бројот во квадратчето каде се пресекуваат вашите два знаци и на кој знак од структурниот хороскоп одговара. А ако не знаете што сте во кинески хороскоп, можете да дознаете од таблицата подолу.

zzz

  1. Крал
  2. Лидер
  3. Рицар
  4. Аристократ
  5. Професор
  6. Шут
  7. Вектор

Крал

Овие луѓе живеат под мотото “Се или ништо“. И најдоброто што можат да го направат за себе си е да ја покажуват при секоја дадена шанса својата големина и убавина. Да бараат респект, да бараат да бидат ценети, дури и ако понекогаш тоа изгледа како горделивост. Кралот не треба да страда од комплекс на пониска вредност. Иначе по карактер се дарежливи, помагаат на сите, не страдаат од недостаток на внимание од страна на спротивниот пол. Да не кажеме дека додворувачи имаат во изобилие. Знаат како да комуницираат но и да манипулираат. Не трпат контрола. Ова добро запомнете го, ако вашиот интимен партнер е Крал. Кога се во добро расположение имате чувство дека собата е полна со светлина. Но кога не се расположени, имате чувство дека наближува ураган. Проблемите не ги плашат многу. Кога ќе се појави проблем тоа за нив значи дека мора да се најде решение. Тие наместо да паничат и да се притресуваат, размислуваат трезвено. Овие луѓе не треба да се задоволат со нешто обично. Тоа не е нивна судбина. Предодредени се за големи работи и треба да се на врвот.

Лидер

Луѓе исполнети со многу енергија. Не можат да стојат на едно место, а и не сакаат. Многу брзо се палат, многу брзо им поминува. Знаат да убедуваат и да заразат со инспирација, а можат и само со зборови да ве натераат да се чувствувате мизерно, ако сте им згрешиле. Тешко го прифаќаат туѓото мислење. Но не поради гордост. Едноставно нивниот ум е многу аналитичен. Тие умеат да предвидуваат и прават грешка исклучиво кога емоцијата ќе ги залаже. Затоа не сакаат никој да им соли памет – тие знаат подобро од вас што треба да се направи. Никогаш нема да имаат среќа во животот ако се помират со реалноста и ако стојат како глушец во ќош. Тие треба да бидат активни , да иницираат и да ги водат останатите. Во интимниот живот имаат потреба од партнер кој пред се ќе ги разбира и нема да ги ограничува. Ќе е добро да не им дава повод за љубомора бидејќи како што кажавме, не се од најмирните луѓе.

Рицар

Ова се луѓето на честа. Нивното мото е дека треба да постапат правилно, без разлика какви ќе бидат последиците понатаму. Тие не чекаат аплаузи за своите добри дела, но во никој случај не трпат луѓе кои не ги ценат и не ги респектираат. Всушност тие не сакаат многу – едноставно нормален разговор, нормални односи и добра намера. Не се конфликтни, дури им е многу непријатно кога некој друг ќе повиши тон. Ако Рицарот си дозволи нечесните игри да го залажат, или пак дозволи алчноста да го обземе, несреќите ќе доаѓаат една после друга. И ништо чудно редовно да биде болен. Но ако ја осознае и прифати својата благородна улога на чист човек, тогаш неговиот живот ќе биде исполнет со убави моменти. Во однос на љубовта, има потреба од партнер кој не е агресивен и премногу доминантен. Но пред се треба да знае да почитува и да изразува благодарност.

Аристократ

Вашата основна цел е да ја носите убавината на светот. Да бидете префинети, безпрекорни и да раздавате љубов. Како темперамент вие сте пасивни, сакате да мрзелувате и да си угодувате. Како типични арисотократи вие треба редовно да посетувате општествени настани, како и да работите во група, каде набрзо ќе дојде до израз вашата личност. Вашиот интелект е многу интересен. Тоа е комбинација од мудроста на минатото со перспективата на иднината. Вие умеете најдобро да ги реализирате иновативните идеи. Многу од вас ќе станат познати и ќе ужуваат во слава и почести. Во љубовта имате потреба од големо внимание. Не се обидувате да наметнувате мислење. Очекувате партнерот сам да биде свесен и да се однесува како што доликува. Затоа ќе дадеме многу важен совет за вашиот партнер – нека ве набљудува и нека ве запознае многу добро. До најситниот детаљ.

Професор

Овој знак е комбинација од здрав разум, практичност, стабилност и одговорност. Вие сте умни луѓе со природен интелект. Од баналност и простотија ви доаѓа нагон за повраќање. Многу луѓе ви завидуваат но подобро навикнете се. Често ќе бидете обвинувани дека сте горди и студени. Но тоа се небитни работи, затоа што вие имате повисоки цели. Вие треба да ги учите останатите. Што не значи дека треба да станете учители или професори. Бидете такви какви што сте – ладнокрвни, стабилни и интелигентни. Споделте го своето знаење бидејќи другите имаат потреба од тоа. А и вие така ќе се чувствувате исполнето. Во интимен план до вас треба да стои подеднакво паметен партнер на кого ќе му биде пријатно да води долги разговори за животот. Ако се задоволите со некој под ваше ниво, во еден момент многу ќе почне да ве дразни неговата просечност и ограниченост, а тој пак ќе започне да ве смета за горделив дрвен филозоф.

Шут

Ако сте си направиле асоцијација со палјачо на кого луѓето треба да му се потсмеваат, грешка сте. Луѓето со знак Шут се едни од најважните. Вашата цел е да…си го живеете животот и да ширите радост! Да се занимавате со она што ви се допаѓа. Да не бидете робови на предрасудите и правилата. Да зрачите со позитивна енергија, да заразувате со насмевки. Да бидете среќни. Сигурно веќе сте почувствувале како секојдневните обврски како миење чинии на пример ве дразнат ужасно многу. Многу нормално. Не велиме дека треба да бидете неодговорни и мрзливи, но навистина би било добро да ги избегнувате досадните работи во животот. Бидејќи тоа ви влијае лошо на енергијата и психата. Како карактер сте многу чувствителни и жалостиви луѓе. Ве боли од туѓата несреќа и точно тоа ја оправдува вашата цел – да ги направите среќни. Во врската ако ви се случи да западнете во период кога ќе се чувствувате несреќни и тажни, тогаш веднаш оставете го партнерот. Имате потреба од човек кој постајано ќе ви изјавува љубов и ќе прави романтични изненадувања. Тоа ве исполнува со енергија.

Вектор

Вие сте авантурист по природа и се одликувате со страшно силен сексапил. Сакате да флертувате, сакате нови работи, сакате да бидете во центар на внимание. А она што го мразите е некој да ви плаче и да кука. Вашата мисија е да создавате. Да го правите животот лесен и полноценет. Не ретко оставате впечаток дека сте ѓаволски човек. Мистичен и донекаде страшен, со кој не бива човек да се шегува. Но од внатре ѕирка добар човек кој само смета дека не секој заслужува да му го види вистинското лице. Ќе простите лоши зборови, но лоши дела никогаш. Во интимен план сте претенциозни. Не му е лесно на човек вистински да ве задоволи. Но од друга страна вие сте во право – знаете колку можете да дадете и не сакате да давате на човек кој не заслужил доволно.

Тука можете да видите што сте во кинески хороскоп:

002

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 09:42

КОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК НАЈМНОГУ СТРАДА, КОЈ ИМА НАЈШИРОКА ДУША И КОЈ ЗА НИШТО НА СВЕТОТ НЕМА ДА ГО ПОКАЖЕ СВОЕТО СКРШЕНО СРЦЕ?

12

Овен
Ова е познат зодијачки палавко, кој не се помирува лесно со ударите на судбината, Ќе се инати и на најтешката болест, настојувајќи да докаже дека е посилен од неа и дека со ништо, освен со снагата и  супериорноста не се разликува од останатите луѓе. Ќе ги поднесува и најтешките животни  предизвици. Ќе го претрпи и најголемото предавство од пријателот, ќе се обиде да се привикне на  загубата на саканата личност и ќе настојува да се однесува како ништо да не се случило. Едно сепак  не може да поднесува, а тоа е да предизвикува сожалување. Тогаш станува раздразлив и агресивен и  со многу врева и бес ќе настојува да го скрие своето страдање.

Бик
По природа се наклонети кон меланхолично и тажно расположение и не се некакви херои кога се во  прашање ударите на животот. И банална незгода ќе им го обои лицето со тмурна сенка, а големите  загуби во животот ќе ги направат безчувствителни, намрштени и недруштвени. Наклонети се кон  препуштање кон животните текови, па и тогаш кога тие очигледно водат кон пропаст. За да се  оттргнат од апатијата, потребен им е поттик од надвор, пријателско охрабрување или пак  пресврт на околностите. Самите тешко тргнуваат.  Често играат на карта на милостивост.  Придобивајќи така чувство на сигурност, но и евентуална помош.

Близнаци
Лежерноста и површноста со кои летаат низ животот, можат да не доведат до потполно погрешен  заклучок, а тоа е дека Близнаците се малку чувствителни на ударите на судбината. Ситуацијата е  потполно спротивна. Нивните нерви се многу танки и лабилни, па затоа тешките животни околнсти  лесно ги исфрлаат од рамнотежа.  Тогаш лесно запира и нивната вродена снаодливост,  стануваат дезориентирани, па бараат за нив некој да се грижи како за мало дете. Често се толку изгубени што нема да им биде на одмет вистинаска стручна помош на психијатар.

Рак
Раковите по својата осетливост се навистина специјална зодијачка категорија. Нив ќе ги расплаче и растажи и само еден поглед на туѓа несреќа, а ако се случи трагедија во нивната најблиска околина со месеци, па дури и со години нема да излегуваат од депресија, со очи вечно надуени од солзи, одбивајќи помош и совети. Има нешто мазохистичко во нивното препуштање на страдањето, склони се потполно да се занемарат, заборавајќи дека со таков однос према себеси предизвикуаат многу тага и болка кај своите блиски.

Лав
Лавот упорно ќе се труди да докаже себеси и на другите како се може достоинствено и храбро да се  соочи со сите животни тешкотии. Скоро никогаш нема да дозволи да го видете раплакан, но затоа  на своите чувства ќе им дозволи да излезат во патетичните филозофирања за тежината на животот,  за неправедноста на судбината или малерот кој го следи. Не сака сведоци на своите моменти на  слабост. На вашиот обид да го тешите ќе во возврати со поглед пол со презир, а на добронамрниот  совет учтиво ќе се заблагодари но ќе ви објасни дека мора сам да се соочи со тешкотиите на  судбината.

Девица
Колку и да делуваат осетливо и лабилно, Девиците и во најкритичните ситуации не ги напушта нивниот главен адут: практичноста и здравиот разум. И додека ја распаруваат најболнни чувства, таа се оддава на работа, се препушта на грижа за другите. Овде може да се каже дека тешките животни ситуации ја инспирираат на големи дела, во кои се надминува самата себеси, настојувајќи да ја задоволи својата основна животна парола да се биде корисен. Многу тешко ги поднесува пореметувањата во секојдневните активности и најтрагично ги доживува болеста и отпуштањето од работа.

Вага
Иако оставаат впечаток на суптилност и осетливост, не смееме да заборавиме дека токму нивниот знак е место на Сатурновото восхитување, што им дава посебна цврстина или како што некој поетски рекол: тоа се челични раце во сомотски ракавици. На она што го нарекуваме удар на судбината ќе одговорат со повеќе прибраност од било кој друг зодијачки знак. Многу тешко поднесуваат кавги, одделување од блиски личности, но брзо доаѓаат при себе и го реорганизираат животот во согласност со новите околности.

Скорпија
Ова се личности кои без разлика на својата снага тешко се помируваат со ударите на судбиата. Скорпиите тешко го поднесуваат чувството на немоќ и нема ништо полошо за нив да бидат сведоци на нечие страдање или настан на кој неможат да влијаат. Тоа во нив разбудува силни деструктивни и автодеструктивни нагони, па често со своите бурни реакции само ја влошуват ситуацијата. Кога ќе додадеме дека она што го покажува не е ни десеттина од она што во неа врие,не ни останува ништо друго туку да и советуваме конструктивно да ја насочува својата голема енергија и да ги зараснува наместо да ги продлабочува отворените рани.

Стрелец
Доколку проживувате тешки моменти и потребен ви е некој мудар, а истовремено ведар и оптимистички расположен, ви препорачуваме Стрелец кој со уверливи аргументи и примери од сопствено искуство ќе ви објасни дека не е секое зло лошо и дека има среќа и во несреќа. Најбљудувајте ги во тешките моменти, па ќе научите што значи силата на верата, моќта на позитивното мислење, односно филозофија во практична примена.

Јарец
Сатурновската природа им обезбедила доволна доза на озбилност и издржливост, така што Јарците ладно ги поднесуваат маките кои им ги носи животот, навикнати на честопати горчливот вкус на секојдневието и спремни на изненадните удари на превртливата судбина. Наклонети се кон препуштање на долготрајни периоди на депресија кои не ги намалуваат нивните работни способности, но многу негативно делуваат на околината. Затоа им препорачуваме да ги послушаат советите: да се обидат да се разведрат и да погледнат на она убавото што го носи животот.

Водолија
Осетливата и хумана природа на Водолијата многу е лесно да се потресе: тие не поднесуваат страдање нити на својата нити на туѓа кожа. Секогаш се спремни да помогнат, иако нивната Урановска непрактичност, најчесто повеќе прави штета отколку корист. Границите на чувствата со кои реагираат на ударите на судбината се движат до безволност и пасивност до луди и бурни реакции. Материјалните тешкотии нема претерано да ја загрижуваат Водолијата. За неа е покарактеристично духовното страдање: разочарување во пријателите, неостварените соништа и срушените идеали.

Риби
Типичните Риби голем дел од животот го поминуваат во длабока депресија заради разноразни животни неволји. Тие се во постојано страдање и болка заради некој или нешто, а трагичните животни ситуации лесно и најчесто трајно го пореметуваат нестабилниот свет на Рибите. Алкохолот и дрогата тогаш стануваат единствен излез, па многу Риби паѓаат на овој испит на зрелоста, ја поливаат својата тага, повлекувајќи се од светот. Соочување со реалноста е нивна голема животна лекција. Она од што најмногу бегаат, животот постојано им го подметнува.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2016 во 11:38
kakov sektor 2, pak sega ..

ne me interesira shto veli sektorot!

vistinskata doba e tokmu onaa vo koja si SEGA!   
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2016 во 10:12

ХОРОСКОП: НА КОЛКУ ГОДИНИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ТВОЈАТА ВИСТИНСКА СРЕЌА?

11

Се смета дека во животот на секој човек има период во кој се му врви по вода – работа, учење, љубов, пари… Што не значи дека и во останатото време нема да е среќен, но особено во оваа фаза тревогите и негативните емоции се сведени на минимум. Да си замислиме дека животот е еден круг поделен на четири временски сектори – детство, созревање, зрела возраст и старост. Во секој сектор има по три зодијачки знаци. И тие зодијачки знаци се чувствуваат најсреќни во периодот кој нивниот сектор го опфаќа.

Сектор 1: 0-21 година

Хороскопски знааци: Овен, Близнаци, Бик

Тие се енергични, импулсивни, често егоистични, љубопитни и нивната движечка сила е секогаш личен интерес. Исто како децата. Во периодот од 21-вата година тие треба да ја искористат максимално секоја можност. Да не се плашат да бидат себе, колку и критики да добиваат. Се што решат, можат да го постигнат со леснотија. И нека овие цели не бидат ситни, туку такви кои долго време ќе им носат дивиденди.

Сектор 2: 22-40 години

Хороскопски знаци: Рак, Лав, Девица

Комуникативни, суетни, држат до своето и се разбираат од се. Токму како еден млад човек, кој скоро ја добил својата самостојност и веќе се чувствува “голем човек”. Тие имаат 2 двигатели – желба да се потисне другиот и интересите на семејството и пријателите. Во периодот од 21-40 години, овие знаци ќе се чувствуваат вистински почитувани и сакани. Од нив зависи колку ќе имаат корист од тоа. Во принцип не се фанови на големите цели, но вистина е дека дури ни тие нема да и се спротивстават на “среќната фаза”.

Сектор 3: 41-53

Хороскопски знаци: Вага, Шкорпија, Стрелец

Фер, може да им се верува, гледаат на поинаков начин на животот. Но исто така се и малку арогантни со постојана желба да те водат и да те учат лекции за животот. Исто како еден веќе зрел човек, кој видел и научил многу. Нивната движечка сила е реализација на амбициите. Во периодот од 41-вата до 53-тата година тие ќе чувствуваат хармонија со себе. Тоа е фаза на блаженство, нови хоризонти и исполнување на емоции.

Сектор 4: 54 години – длабока старост

Хороскопски знаци: Јарец, Водолија, Риби

Мудри, често вознемиени за нешто, понекогаш сочувствителни, понекогаш апсолутно груби. Исто како возрасен човек кој видел се, испитал се и знае како да се однесува во дадена ситуација. Движечката сила на овие знаци е спроведување на колективните цели. Ставете ги во тим, дајте им задача и само за неколку часови тие ќе се полни со таленти и идеи. По навршувањето на 54 години, ги чекаат многу успеси, многу задоволство и доволно слободно време, кое ќе го посветат на себе и своите најблиски. Ако воопшто постои нешто како “блажена старост”, тогаш таа е резервирана токму за овие 3 хороскопски знаци.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2016 во 19:45

ЧЕТИРИ ЖЕНИ ВО ХОРОСКОПОТ КОИ НЕ СЕ ПЛАШАТ ОД НИШТО

26
Тие се опасни, диви, богати со знаење и зборови, подготвени за нов скок, не се плашат од ништо и затоа се непобедливи.

Дали и вие ги имате овие карактеристики?

Ако сте еден од овие 4 хороскопски знаци, со сигурност:

Овен

Жените родени во знакот на Овен се непобедливи затоа што обожаваат да победуваат. Само имаат една негативност – одат до крајност на деструктивност.

Лав

Тие се полни со самодоверба и секогаш подготвени за скок од висина. Каде и да се појават привлекуваат внимание, па ретко кој маж нема да се сврти по нив. Од Лавиците зрачи сексапил, а прочуени се по желбата за докажување.

Скорпија

Опасна, зафркната Скорпија која знае кога да биде безобразна, а кога фина и мила. Добро знаат да го проценат времето кога е соодветно да бидат една од двете спротивности. Тие ветуваат многу работи кои другите нема шанса да ги исполнат.

Рак

Жените ракови се непобедливи благодарение на една сосема поинаква тактика – полни се со лажно разбирање. Но, кога ќе дојде крајот на преправањето, внимавајте. Опасноста дури тогаш почнува.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2016 во 19:41

10 вистини за најтврдоглавиот хороскопски знак


    Овенот е еден од најимпулсивните и најтврдоглавите хороскопски знаци. Бестрашни, спонтани и енергични, на оние личности кои се родени во овој знак ништо не може да им застане на патот. Токму поради таа нивна импулсивност и по малку див карактер, многумина имаат потешкотии да ги разберат. Затоа, во продолжение прочитајте ги 10-те вистини за Овенот кои ќе ви помогнат полесно да ја сфатите неговата суштина.

1. За Овенот не постои фразата „Мора прво да научите да ползите, пред да знаете како да одите“. Овенот прво дејствува, а потоа мисли. Тој нема време прво да ползи, а потоа да оди бидејќи животот поминува толку брзо, а Овенот сака да искуси сѐ. Ползењето му се чини досадно и бавно, а одењето и трчањето се за него многу подобра опција. Овенот е енергичен и брз од моментот кога ќе се разбуди.

2. За Овенот да го заврши тоа што ќе го започне е монументален успех.Овните започнуваат многу работи и понекогаш не стигнуваат сите да ги завршат. Тие едноставно имаат толку многу идеи, што не можат во целост да се посветат само на една. Затоа се фокусираат на сите и чекаат да видат каде тоа ќе ги одведе, а неизвесноста дополнително ги возбудува.

3. Овенот во сѐ гледа натпревар. Тие имаат силен натпреварувачки дух и победата им е многу важна. Да се биде втор за Овенот значи да се биде последен, па затоа и поразот не го прифаќаат толку добро. Тие ќе дадат сѐ од себе за да победат и да ја остварат целта.

4. Овенот не знае што значи реченицата: „Немој да разговараш со непознати“. Ако некоја непозната личност го привлече вниманието на Овенот, тој веднаш ќе ѝ пријде и ќе започне разговор со неа. Тој обожава да запознава нови луѓе и на тој начин да го проширува својот видик. На Овенот му е потребен широк круг пријатели и познаници бидејќи кога повремено ќе се „засити“ од еден пријател, мора да побара друг. Тие шират познанства и пријателства со луѓе од најразлични карактери, бидејќи се сложуваат со сите.

5. Овенот секогаш ќе го каже своето искрено мислење. Овенот не знае да го држи јазикот зад забите, но во тоа тој не гледа никаков проблем. Неговиот стил не е да ги заобиколува и разубавува нештата, тој искрено ќе каже како стојат работите и ако некој тоа не може да го прифати, тогаш тоа е негов проблем. Со својата искреност, Овенот не сака ниту да повреди некого, ниту да биде дрзок, но често луѓето не можат да го разберат неговиот силен карактер и остар јазик. Меѓутоа, Овенот нема да се менува поради другите луѓе, тој ќе чека во неговиот живот да дојдат личности кои ќе го прифатат онаков каков што е. И тоа е сосема во ред.

6. Овенот може во моментот да го промени мислењето. Поради неговата импулсивност, Овенот често знае да го промени своето мислење во секунда. Таков е во сите аспекти на животот, па дури и во љубовта – во еден момент се чини како да се заљубува во некој/а, а веќе во друг момент му се допаѓа некој/а нов/а. Овенот смета дека животот дава толку многу шанси и штета е нешто да се пропушти.

7. Овенот има огромно срце, иако тоа некои не го гледаат. Под нивната гласна и доминантна природа, во Овенот се крие едно големо срце кое лесно може да се скрши. Луѓето често мислат дека е невозможно да се повреди Овенот, но тоа е така затоа што овој горд хороскопски знак знае добро да ги сокрие своите чувства и емоции. Овните силно ги сакаат семејството и пријателите и ќе ги штитат до самиот крај.

8. Овенот никогаш не одбива ново искуство. За Овенот не постојат граници, ништо не е забрането ниту претерано. Овенот ќе ја проба секоја храна, ќе патува каде и да му се даде можност, ќе разговара со што повеќе личности и ќе биде во врска со најразлични луѓе. За Овенот не постои ништо што тој не може да го направи, неговиот ум признава само дека сѐ е возможно.

9. Овенот секогаш ќе делува самоуверено, дури и кога не се чувствува така.Кога се чувствува несигурно, Овенот тоа никому нема да го открие. Во секој момент ќе одржува репутација на горд, искрен и отворен знак бидејќи тоа се квалитети кои другите му ги припишуваат и на кои им се восхитуваат. Овните знаат дека самодовербата ќе ги однесе далеку во животот и секогаш се трудат да делуваат самоуверено дури и кога се исплашени и несигурни.

10. Овенот е склон да се префрла од една љубовна врска во друга. И Овенот во тоа не гледа никаков проблем. Тој едноставно сака да го испита теренот пред да одлучи да остане со некој или не. Доколку ги завлекува работите, другата личност може да биде повредена. Овенот бара длабока, предана врска и своето срце нема да го даде на кој било.



Изменето од Valerija - 08.Април.2016 во 19:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 17:48

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: ДАЛИ ВРСКАТА КОЈА МОМЕНТАЛНО ЈА ИМАТЕ Е ОНАА ВИСТИНСКАТА?

3

Хороскоп кој ќе им се најде на сите жени кои се во потрага по љубов или се двоумат дали врската која моментално ја имаат е онаа вистинската.

Конечно одговор на најголемата љубовна дилема – дали да бегате од него или да останете до крајот на животот?

Еве кој маж е за првото, а кој за второто:

Жена Овен

Вие во љубовта: За вас љубовта е страст и возбуда. Сакате да флертувате и лесно ја освојувате целта. Откако еднаш ќе го освоите мажот кој го сакате, подготвени сте на се за да го задржите.

Проблеми во љубовта: Премногу се потпирате на инстинктите и одите со глава низ ѕид, наместо да направите пауза за анализирање. Обично жалите за својата импулсивност.

Сродна душа: Младите ловци како што се Стрелецот и Лавот се најдобар „плен“.

Не е за вас: Сентименталниот Рак може да ви ги раздвижи емоциите, но бара премногу.

Жена Бик

Вие во љубовта: Еден од најромантичните знаци кои сонуваат за совршен принц кој ќе ги држи за рака и ќе ги опсипува со подароци. За возврат, ќе ви биде задоволство да го разгалите. Не играте игри и не сакате мажи кои си играат со емоциите. Трпението и одлучноста ви се најдобри сојузници.

Проблеми во љубовта: Понекогаш сте многу резервирани кога треба да го подарите срцето некому. Ослободете се од стравовите за љубовта да може да започне.

Сродна душа: Машките Риби се привлечни за вашите емоции, но силните Скорпии прават срцето да ви заигра.

Не е за вас: Од зборувањето нема ништо корисно, а тоа е се што Близнаците можат да ви понудат ако се решите на љубовна врска со нив.

Жена Близнаци

Вие во љубовта: Мајстори во флерт, но не сакате никого да повредите. Сите го обожаваат начинот на кој се кикотите и си играте со косата. Но, и вие уживате додека ги играте овие игри и флертувате, барем додека не најдете маж покрај кој ќе сакате да се смирите.

Проблеми во љубовта: Потребен ви е простор и мажот кој се лепи за вас како пијавица нема шанси. Не сакате љубоморни момци, ниту оние кои се трудат да ве смират.

Сродна душа: Ве привлекуваат самостојните Водолии, но идеални за вас се Стрелците кои ќе го одржат вашиот авантуристички дух.

Не е за вас: Можеби физички ќе ве маѓепса некој Јарец, но тој едноставно не знае да се снајде со вашата независност.

Жена Рак

Вие во љубовта: Потребен ви е маж кој ќе знае да се мази како и вие, но во исто време ќе ги почитува вашите старомодни мислења. Важно ви е семејството да го сака вашиот партнер. За идеален состанок ја сметате вечерта помината дома, гледајќи филмови.

Проблеми во љубовта: Емоциите за вас се сè на светот, па ако случајно некој ве повреди се затворате во својот оклоп и патите во тишина, со големи количини чоколадо.

Сродна душа: Нежната страна на Девицата излегува на површина кога сте заедно.

Не е за вас: Мажот во знакот на Водолија ќе ве задржи заинтересирани, но ќе ви даде многу помалку отколку што очекувате.

Жена Лав

Вие во љубовта: Како Лавица, сакате да сте главни на поле љубов. Момците по малку се плашат од вашата самодоверба и независност додека не ве запознаат. Длабоко во душата сте дива мачка која сепак сака да има само еден маж до крајот на животот. Предани сте и тоа го очекувате за возврат.

Проблеми во љубовта: Понекогаш вашата гордост ви ја попречува љубовта затоа што тешко признавате каде сте згрешиле.

Сродна душа: Близнаците и Стрелците ви гаратираат возбудлива врска, но покрај Ракот се чувствувате најсигурно и сакано.

Не е за вас: Тргнете се подалеку од Девиците кои се ужасни критичари и ја плашат вашата самодоверба.

Жена Девица

Вие во љубовта: Љубовта за вас е приватна работа и не сакате да зборувате на таа тема. Вашиот љубовен стил е да оставите се под знак прашалник, попрво отколку да го направите првиот чекор. Мора тој да ви се доближи за да се отворите и да го импресионирате.

Проблеми во љубовта: Склони сте на брзо откачување, после само еден разговор. И понатаму би биле пријатели со бившите, но ако не размислуваат зрело како и вие, лесно одат во заборав.

Сродна душа: Ви одговара сензибилитетот на Јарците.

Не е за вас: Ве одбиваат луѓе кои се мајстори за драма. Пример – Лавови.

Жена Вага

Вие во љубовта: Вашите магични моќи ви дозволуваат да бидете со маж каков што ќе посакате и истиот ќе го натерате за секунда да се заљуби во вас. Но, тоа не значи дека не сте пребирливи, напротив. Момчето мора да изгледа добро и да знае да се облекува.

Проблеми во љубовта: Понекогаш премногу сте заљубени во самата љубов, без да ја сакате личноста која е покрај вас. Тоа е резултат на тоа што сте роден идеалист и го гледате само она што сакате да го видите.

Сродна душа: Ракот ќе ве обожава како ниту еден друг маж.

Не е за вас: Одолејте им на Овенот и на Водолијата затоа што не размислуваат толку романтично како вие.

Жена Скорпија

Вие во љубовта: Не се плашите да се борите за љубов. Штом фрлите око на некој, инстинктивно знаете што треба да правите за да го добиете. Сакате кога конците се во ваши раце. Емоциите ги држите заклучени додека не се осигурате дека може да му верувате. Потоа нема поинтензивна љубов од вашата.

Проблеми во љубовта: Вашата љубомора се гледа од километри. Ако и се предадете се претворате во чудовиште, затоа обидете се да ја чувате заклучена некаде подалеку од вашиот партнер.

Сродна душа: Слободно предајте им се на Рибите и Раковите.

Не е за вас: Потребно ви е многу поголемо внимание отколку што Стрелецот има да ви понуди.

Жена Стрелец

Вие во љубовта: Опуштени сте на тема љубов, па немате потреба од драми и заморувања. Сакате типови на мажи кои знаат како добро да се забавуваат, имаат авантуристички дух и се спонтани. Потребно е и да ви ги почитуваат мислењата такви какви што се. Длабоко во срцето копнеете по патувања, па често ве привлекуваат мажи со егзотичен изглед.

Проблеми во љубовта: Вашето срце без проблем оди од еден на друг маж, заради што може да стекнете лоша репутација. Во суштина, може да ви се верува, но момците се несигурни затоа што сте претерано искрени и кажувате се што мислите без цензура.

Сродна душа: Најдобро е да бирате мажи со слободен дух како Водолија или Близнаци.

Не е за вас: Мажите родени во знакот на Рак се премногу чувствителни и приземни за вас.

Жена Јарец

Вие во љубовта: За вас љубовта е сериозна работа. Нема шанса да го доведете вашето срце во опасност, освен ако не сте сигурни дека чувствата ви се возвратени. Сакате да ја испитувате околината, а потоа полека да запловите во врска. Во вашите романтични приказни голема улога имаат информациите и мислењата од пријателите.

Проблеми во љубовта: Кога еднаш ќе воспоставите љубовна врска, вие сте за долги патеки. Со вас раскинувањето е речиси невозможно заради вашата одлучност врската да успее.

Сродна душа: Бикот и Девицата ве разбираат подобро од било кој.

Не е за вас: Вашата внимателна природа ги одбива жестоките Лавови и Овни.

Жена Водолија

Вие во љубовта: Независни сте, па најголемата грешка која партнерот може да ја направи е да ја загрози вашата слобода. Не сакате љубовта да управува со вашиот живот. Во петок сакате да бидете со него, но затоа во сабота сакате да се журкате со пријателите. Ако тоа не му одговара, кажувате збогум.

Проблеми во љубовта: Внимавајте да не ги одбивате мажите премногу често, затоа што ретко кој повеќепати би се борел за нешто што нема цел.

Сродна душа: Момчето родено во знакот на Девица е добар избор затоа што и тој си ја сака слободата.

Не е за вас: Лавот кој сака да го обожавате не е добар избор, иако меѓу вас постои неверојатна хемија.

Жена Риби

Вие во љубовта: Вие сте романтичар кој целосно верува во сродни души. Всушност, подготвени сте да ја превртите земјата за да ја пронајдете вашата. Откако ќе ја најдете, ќе направите се за да ја сочувате, дури и по цена неговите потреби да дојдат пред вашите.

Проблеми во љубовта: Потребен ви е емотивен дечко кој ќе ги разбере вашите емоции. Ако не е на исра бранова должина како вас, се затворате и врската почнува да тоне во неразбирање и незадоволство.

Сродна душа: Ракот може да ви ги возврати емоциите кои ги имате подобро од било кој знак.

Не е за вас: Егоцентричниот Овен ужива во вашето внимание, но го искористува вашето срце.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2016 во 15:31

ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК УБЕДЛИВО Е НАЈЛОШ ВО ВРСКА!

13

Не им е гајле како се чувствувате и што вие сакате туку само она што ќе им биде нив во корист и како да ве искористат …

Тоа е СТРЕЛЕЦОТ.

Покрај тоа што се познати по тоа што се друштвени, позитивни и слободни во секоја смисла, стрелците во никој случај не се добри во врска. Затоа што им е потребна – слобода.

Поради таа слобода, нема да бидете земени во предвид во нивните планови и размислувања, тоа себично суштество води сметка само за себе и да си ги задоволи сопствените потреби. Вашите чувства не се важни, бидејќи нивните се на прво место, а за вашите нема време.

Не сака да ги признае сопствените грешки, а кога ќе им го воочите прави се за максимално да ве обвини вас. Кога станува збор за спротивна ситуација – спремни се да ви мудруваат цела ден и ноќ. Тие се подготвени да се врзат, но навистина не се однесуваат на тој начин кога се во врска или брак. Се претвараат во своја полза.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 21:46

Хороскопски знаци кои сами си создаваат проблеми


horoskospki znaci koi sami si sozdavaat problemi naslovna
Дама.мк
Напишано од Дама.мк

Некој е роден под среќна ѕвезда, но тоа не може да се каже за следниве три хороскопски знаци…

ДЕВИЦА

Девицата е претерано педантна и опседната со перфекција во секоја смисла. Кога е нервозна или напната се смирува со средување или чистење на домот.

Нема да се смири се додека не биде наместено според нејзина замисла. Проблемот е во тоа што се такви и со животот, се мора да биде организирано и на место. Кога нештата ќе тргнат спротивно од нивните замисли, веднаш ќе почнат да се преиспитуваат зошто се токму нив им се случува. Тешко се соочуваат со било кој проблем, па често знаат од ситница да направат драма.

ВАГА

Вагата не поднесува неправда и на сите начини се труди нештата да ги истера на прав пат.

Но, Вагата неправдата ја гледа насекаде и постојано е во костец со неа.

За неа најголема неправда е стареењето и тоа тешко го поднесува.

Нема никогаш да се помири со тој факт. Ќе оди на третмани и разно разни зафати само за да ја задржи својата младост.

РИБИ

Рибите живеат во свој паралелен свет и ретко кога гледаат на нештата реално.  Кога ќе се најдат во ситуација да се соочени со реалноста делуваат бурно и непресметано. Токму затоа ретко кога ги симнуваат своите розови очила.

За нив светот е онаков каков што го гледаат и не отстапуваат од својата визија.

Затоа кога ќе се најдат пред реален проблем не знаат како да се носат со него. Не ретко подлегнуваат на некој порок за да се соочат со ситуацијата.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.