IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2016 во 21:49
ЖЕНИТЕ ВО ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ИМААТ НАЈМАЛИ ШАНСИ ДА ПРОНАЈДАТ СРОДНА ДУША

Според астролозите, хороскопот може да открие многу аспекти од нашата личност. Хороскопот може многу да открие за љубовта, за бракот и за пронаоѓањето на вистинскиот партнер. Додека некои луѓе сметаат дека тоа е многу едноставно, други тешко наоѓаат некој кој им одговара.

Но, еден хороскопски знак има толку големи критериуми кои за жал, често го осудуваат на осаменост. Тоа е жената Јарец.


Нејзиниот став кон животот е реален. Таа сака стабилност и ги цени само оние луѓе кои имаат одредени вредности во согласност со нејзините уверувања. Жената Јарец не сака да го губи времето на безначајни и безвредни ситуации. Таа е реалист. Таа точно може да го процени текот на настаните и е добар организатор. На работа, како и во животот, таа не сака да го привлече вниманието на другите луѓе на било кој начин. Таа е дискретна и работи вредно како мравка. Осаменоста е нејзино засолниште. Таа одлучува да живее сама и некако на страна.

Жената родена во знакот Јарец не очекува многу радост и среќа од својот партнер, таа не верува во чуда. Кога ќе добие задоволство, таа не го прифаќа тоа како обврска туку како вистински подарок. Жената во знакот Јарец ретко доживува голема и искрена љубов.


Со неа, љубовта доаѓа ретко и бавно. Кога ќе одлучи да направи важен чекор, тоа е обично за цел живот. Нејзиниот партнер мора да биде максимално трпелив.

Меѓутоа, треба да знаете дека многу припадници на овој знак често остануваат сами целиот живот. Дури и кога ќе се венчаат, а тоа често се случува во зрелите години, повеќе тоа го прават од некоја друга причина, отколку поради срцето и искрените чувства.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2016 во 09:59

Љубовен хороскоп за јули 2016-та година


Некои ги очекува незаборавна летна романса која може да премине и во сериозна врска, некои добра забава, а некои пак ќе се одлучат и да запливаат во брачните води.

ljuboven-horoskop-za-juli-2016ta-godina-01.jpg

Што ве очекува во јули?

Овен

Ако сте во врска:

Во овој период, вашето внимание ќе бие насочено кон домот, партнерот и семејството. Во четвртото поле ќе ви бидат здружени Сонцето, Венера и МерК*р, па со партнерот, децата и родителите ќе градите емоционално потопли односи.

Овој период е добар за решавање на станбеното прашање, па купувањето на недвижнини или уредувањето на домот ќе ви биде важна тема за разрешување овој месец. Ако го имате решено станбеното прашање, тогаш ќе се концентрирате на реновирање и разубавување на домот. Ќе си создадете совршен дом за заедничко уживање и ќе бидете пресреќни.

Ако сте слободни:

Делува како да сте се измориле од гужвата и бучавата, излегувањата и забавите, па ќе почнете да се дружите само со мал број на пријатели. Ќе ги разгледувате причините поради кои сте престанале да се интересирате за личноста во која минатиот месец бевте силно заљубени.

Меланхоличното расположение на почетокот на месецот, постепено ќе попушти и пред крајот на месецот ќе почувствувате емотивно ослободување, па одново ќе бидете подготвени за излегувања и дружење. Баш тогаш кога најмалку се надевате, ќе имате голема можност да сретнете една згодна Вага, забавен Стрелец или отмен Лав.

Бик

Ако сте во врска:

Ако сте во брак или долга врска, овој месец ќе успеете да постигнете рамнотежа помеѓу ангажманите на работа и обврските кои ги имате кон партнерот и семејството. Напнатоста во односите постепено ќе се смири, а комуникацијата ќе стане подобра.

Брзината на разрешувањето на емотивните проблеми ќе зависи од тоа колку сте подготвени на компромис, колку сте подготвени да попуштите и да толерирате одредено однесување. Само така ќе можете до полно срце да се насочите кон партнерот и семејството.

Ако сте слободни:

Слободните Бикови ги очекува возбудлив месец. Ќе се насочите кон нови предизвици, ќе се посветите на откривање на претходно неистражени места за забава и запознавање на интересни луѓе. Бидете внимателни на почетокот на месецот, кога можат да ви се случат многу разочарувања.

Додека вие трагате на далечина по нова љубов, некој кој ви е во близина, најверојатно во вашето соседство, се обидува да ви се доближи. Еден тивок Рак, нежна Риба или деликатна Девица ја посакува вашата наклонетост.

Близнаци

Ако сте во врска:

Близнаците кои се во брак или долга врска, во овој период ќе бидат прилично емотивни и ќе бидат насочени кон семејството и партнерот. Вашиот однос со партнерот и понатаму е тежок и бара големи промени. Морате да потонете длабоко во срцето за да најдете решение.

На почетокот на месецот, размислувајте со студена глава и обидете се да ја контролирате вашата нервоза за да не го иритирате партнерот и да предизвикате сериозна расправија. За подобрување на односот потребно е време, па бидете само трпеливи.

Ако сте слободни:

Близнаците по природа се великодушни кога имаат доволно средства и секогаш сакаат да ги делат задоволствата со пријателите, а ако овој период добро сте заработувале, ќе се посветите токму на тоа - дружење, излегувања и забава.

До крајот на месецот може да ви се допадне еден суптилен Рак, ваша копија Близнак или сексапилна Скорпија. До крајот на месецот можете да се препуштите на некоја кратка летна романса, па во ниту еден случај нема да ви биде здодевно овој месец.

Рак

Ако сте во врска:

Вашата брачна или партнерска врска полека како да паѓа во монотонија. Секој е зафатен на своја страна со свои обврски и така ќе се родат денови без многу ведрина и заедничка блискост. Обидете се да го вратите назад вниманието на партнерот.

Не се откажувајте и на крајот од месецот, ситуацијата полека ќе започне да се менува, а односите со партнерот и семејството ќе станат потопли. Тогаш ќе можете малку да се посветите и на себе - направете било каква промена, промена на фризура, на гардероберот...

Ако сте слободни:

Сосема поинаква приказна е со слободните Ракови. Вие сте се дотерале, самодовербата ви е на високо ниво и сте полни со енергија - расположени сте за дружење, забава и нови работи. Ќе заблескате, а тоа нема да остане незабележано кај спротивниот пол.

Со вашето расположение ќе го привлечете вниманието на еден зборлест Овен, мистична Скорпија или авантуристички настроена Водолија. Не очекувајте премногу од ова, туку само препуштете се на убавите моменти. На крајот ќе бидете среќни и исполнети.

Лав

Ако сте во врска:

Изминатиот месец постигнавте успех и ѝ делувате моќно на околината. Вашиот партнер може да покаже љубомора, а тоа ќе ве нервира и ќе ве натера да избегнувате расправии и разговори со саканата личност. Вашиот однос малку ќе олади.

Но, по средината на месецот, полека ќе почнат да попуштаат и двете страни. Вие ќе престанете да го избегнувате партнерот, а саканата личност ќе попушти и ќе се обиде да ве направи среќни. Повторно ќе пронајдете заеднички јазик и ќе ја обновите љубовта.

Ако сте слободни:

Изгледате моќно и занесно, па со тоа ќе мамите погледи од вашата околина. Досега се концентриравте исклучиво на себе, вложувавте во себе, а во меѓувреме, љубовниот живот како да исчезна. Потребно ви е некој емотивно да ве размрда и да го задоволи вашето гладно срце.

Ќе најдете предизвик на една забава во последните 10 дена од јули, кога Сонцето ќе влезе во вашиот знак. Вам ќе ви се восхитува еден Рак, ќе ви се наметнува еден Овен, а вие силно ќе се вљубите во ваш истомисленик, Лав или Вага.

Девица

Ако сте во врска:

Претставниците на овој знак кои се во долга врска или во брак, во јули ги очекува комплициран однос со партнерот. Ваквата ситуација ќе биде создадена заради ретроградното движење на Нептун, па ве очекуваат непријатни ситуации и односи.

Во овој период вие ќе сакате да се дружите и партнерот да ги следи вашите чекори, но ќе наидете на одбивање и негодување, кое ќе предизвика расправии. Бесмисленото убедување само ќе ве исцрпува и оддалечува. Напорно, но ќе помине.

Ако сте слободни:

Слободните Девици во овој период ќе најдат мир и среќа во дружењето со старите пријатели, а помалку ќе ве интересира потрагата по партнер и љубов. Посреќни ќе бидете со забавата и излегувањата со пријателите.

Една вечер, сосема случајно, ќе наидете на поранешната љубов. Тоа ќе биде пријатно изненадување и многу брзо, низ разговор ќе се вратат старите емоции. Доволни ќе бидат само неколку дена и ќе се повлечете од дружбата со пријателите, а ќе се посветите на овие емоции.


Вага

Ако сте во врска:

Вагите кои се во брак или долгогодишна врска ќе уживаат во хармоничен период со партнерот. Планетата Марс, владетелот на вашите партнерски односи во изминатиот месец, полека си заминува, а зад вас останаа сите недоразбирања и кавги.

Партнерот ќе се труди повеќе околу вас и ќе има постојано интересни места за излегување, каде ќе можете да се ослободите, да најдете забава и релаксација. Ваквите прекрасни моменти може кратко да исчезнат, поради семејни проблеми, но брзо ќе се разрешат.

Ако сте слободни:

И понатаму изгледате неодоливо, но во овој период ќе бидете поемотивни и несигурни во себе. Нема да бидете подготвени за авантура, туку ќе се концентрирате на тоа да најдете добра прилика за стабилна врска. Адреналинските забави ќе ги замените со излегувања на мирни места.

Пред крајот на месецот ќе имате повеќе шанси да ги задоволите вашите желби и да остварите врска со еден Овен, Лав, Стрелец или Близнаци. Тогаш ќе исчезнат сите несигурност и повторно ќе заблескате во својот полн сјај, а којзнае, можеби и ве очекува долгогодишна врска.

Скорпија

Ако сте во врска:

Скорпиите кои се во брак или долга врска, заради бројни обврски и недостатокот на време, ќе се оддалечуваат од партнерот. Ова игнорирање ќе му пречи на партнерот, па и да го натера физички да се оддалечи од вас. Ќе сфатите дека постојат сериозни разлики меѓу вас и дека проблемот е далеку поголем околу што изгледа на прв поглед.

Непријатната ситуација постепено ќе се смирува и ќе се обидете да си ги вратите довербата и љубовта која претходно сте ги имале. Ќе вложите голема енергија, повторно сè да биде како што треба, но ова и нема да остане незапаметено.

Ако сте слободни:

Почетокот на јули, за слободните Скорпии ќе донесе крај на една површна летна романса и повеќе нема да бидете расположени за повторно трагање, излегувања и љубов. Од втората половина на јули, ситуацијата полека ќе започне да се менува.

Ќе ви се допадне некој од работа, некој кој има авторитет. На една прослава или деловна вечера ќе имате можност за романса со еден Овен, Лав, Рак, Риба или Стрелец. Уживајте во пријатните страсни моменти.

Стрелец

Ако сте во врска:

Сè уште сте во напнати односи со партнерот и претставниците на овој знак, кои се во брак, во првата декада од јули, ги очекуваат расправии, непријатности и љубоморни сцени. Посебно се неповолни 1-ви, 2-ри, 9-ти и 10-ти јули. Обидете се да останете смирени.

Ако успеете да ги контролирате негативните емоции, ќе го натераат партнерот многу брзо да се смири, да започне да ви се извинува и да се обидува да ги задоволи вашите потреби. Изливот на страсти не само што ќе биде знак на љубовта на партнерот, туку и ќе ја врати страста во врската.

Ако сте слободни:

Во овој период слободните Стрелци ќе бидат расположени за дружење и излегувања. Вашата слободна и весела природа ќе биде во полн израз овој месец. Нема да останете незабележани и ќе бидете магнетно привлечни каде и да се појавите.

Ќе флертувате и ќе уживате во новите емотивни и сексуални искуства. Вашето внимание и искрената заинтересираност може да ги придобие еден симпатичен Овен, интелигентен Близнак или преубава Вага. Во втората половина на јули ве очекува страсна врска.

Јарец

Ако сте во врска:

На зафатените Јарци, планетите Сонце, Венера и МерК*р ќе им донесат складен и среќен период со партнерот кој повеќе од вообичаено ќе биде расположен да ја изразува својата љубов и приврзаност, а вие ќе возвратите со иста мера.

Ќе имате доволно време да се посветите на семејството и ќе уживате во миговите кои ќе ги поминувате заедно. Многу Јарци кои се во долгогодишна врска, во овој период ќе се одлучат да запливаат во брачните води и ќе почнат да планираат датум за венчавка со партнерот.

Ако сте слободни:

Пред вас е возбудлив период кој ќе го поделите за пријателите, но и за љубовната романса. Сè до 21-ви јули ќе бидете активни, забавни и расположени за ноќни излегувања, носени од сексуалните желби и потреби. Голема е можноста и да се заљубите.

Ќе ве занесе насмевката на еден Бик, сексапилна Скорпија или убавината на една Вага. Толку ќе се заљубите, што ќе бидете подготвени веднаш да станете сериозни. Занесот ќе биде силен, но бидејќи по природа сте рационални, сигурно ќе почекате да не избрзате.

Водолија

Ако сте во врска:

Во овој период планетарната сила постепено пронаоѓа рамнотежа помеѓу источната и западната хемисфера, а тоа на зафатените Водолии ќе им донесе стабилност и хармонични односи со партнерот. Вашето заедничко секојдневие ќе стане динамично и забавно.

Ќе бидете подготвени да се дружите, да бидете слободни, да се релаксирате и да бидете среќни. Малку може и да паднете во сенка на партнерот кој ќе постигнува далеку поголем успех од вас, но вие веќе одамна сте научиле дека секој треба да ја изрази својата индивидуалност.

Ако сте слободни:

Слободните Водолии, покрај неколку неуспешни обиди да пронајдат љубов преку интернет, во втората половина на јули ќе се насочат кон реалниот свет и ќе се вратат на старите пријатели, на добрата забава, излегувањата и незаборавните моменти.

Токму во овој период, со една необична средба, ќе наидете на возбуда и љубов кои ќе доаѓаат од еден Овен, Стрелец или Близнак. Ве очекува возбудлива авантура и сосема неочекувана динамика, а ова лето ќе ви биде незаборавно.

Риби

Ако сте во врска:

Зафатените Риби кои претходно биле соочени со помали семејни расправии заради лошата комуникација со партнерот, сега ќе можат да земат издишка и да уживаат во пријатни моменти поминати во нежности, љубов и хармонија.

Покажете колку многу се грижите за саканата личност и љубовта нема да ви остане невозвратена. Искористете ги топлите летни денови за да ја вратите страста и да уживате во бројни романтични моменти и хармонично чувство на блискост.

Ако сте слободни:

Слободните Риби кои изминатиот месец влегле во кратка љубовна врска, можат да доживеат непријатности и тоа да ги натера да ја прекинат врската. Посебно неповолни денови се 1-ви и 2-ри јули. А, до крајот на првата декада од јули, да дојде до прекин на врската.

После ова, ќе се почувствувате ослободени и многу брзо ќе се вратите на нормалниот животен тек. Во овој период посебно ќе зрачите и ќе воодушевувате со вашите префинетост и убавина. Тогаш ве очекуваат нови познанства и потенцијални искри со Вага, Девица, Јарец или Рак.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2016 во 09:43

3 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ ВАЖАТ ЗА ПОПАМЕТНИ ОД СИТЕ ОСТАНАТИ

6

Во хороскопот секогаш ги бараме најдобрите љубовници, најверните или најзлобните знаци, но дали некогаш сте се запрашале кои од нив се најпаметни?

За најпаметни знаци во хороскопот се сметаат воздушните – Близнаци, Вага и Водолија.

Близнаците имаат брилијантен ум, Вагата е најпаметна во човечките односи, додека Водолијатаима памет како научник со кој го гледа светот со поинакви очи.

Паметот на земјените знаци најмногу се гледа во нивната способност за создавање удобен живот и поседувањето на материјални добра. Бикот тоа го постигнува со напорна работа и љубезност, Девицата со совршена организација, а Јарецот држи сѐ под контрола.

Огнените знаци својата умност ја демонстрираат преку огромната животна сила. Овенот е голем индивидуалец полн со истражувачки ентузијазам, по него следи гордиот Лав со огнена желба за водство и Стрелецот чија интуитивна страсност не познава граници.

Водените знаци се познати по својата емоционална интелигенција. Ракот е особено грижлив знак кој ќе направи сѐ за своето семејство и за одржување на луѓето заедно, Скорпијата ќе направи сѐ за да допре во сржта на работите не грижејќи се за она што и стои на патот, а Рибата едноставно ги сака луѓето.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2016 во 09:42

КАКОВ Е ВАШИОТ ТЕМПЕРАМЕНТ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ?

23

Оган, Земја, Воздух и Вода – тоа се 4 основни принципи кои даваат печат на нашиот карактер и карактеристики кои ги имаме како личност. Дополнително, тие влијааат и на нашата физичка конституција. Секој од овие елементи опфаќа по 3 хороскопски знаци кои иако се разликуваат меѓусебе, сепак спаѓаат во група каде делат повеќе слични карактеристики.

Припадноста кон еден од  знак или група на знаци значи дека со тоа е одреден и темпераментот на личноста. Според филозофите и психолозите, темпераментот делува на нашата конституција, но и на нашите специфични карактеристики.  Базирано на тоа, групата во која припаѓате може да посочи на одредени здравствени состојби кон кои сте наклонети.

Холеричен (раздразлив тип) 

Ако припаѓате на еден од огнените знаци (Овен, Лав и Стрелец) или поголем број од планетите ви е во овие знаци, вашиот темперамент е холеричен, односно раздразлив, бидејќи реакциите на вашето тело на лековите, болестите и стресот во основа се брзи, акутни или моментални. Вашиот метаболизам го карактеризира интензивна активност : брзо конзумирате и брзо согорувате.

Вие исто така, располагате со огромна виталност и физичка енергија, која мора да научите да ја совладате. Нервозни сте и помалку иритирани, со брзи и груби потези, наклонети кон брзо лупање на срцето, висок крвен притисок и забрзан пулс. Според вашата конституција, повеќето претставници на овој тип се слаби, бидејќи брзо ја согоруваат внатрешната енергија. Обично сте расположени и полни со волја, не плашејќи да се соочите со реалноста и потешкотиите. Доколку е потребно, храбро и свесно го прифаќате своето патење.

На доктор одите само кога се чувствувате навистина лошо и кога ви е неопходна лекарската помош. Во таквите ситуации не ви се потребни зборови на утеха: вие едноставно само сакате да го знаете начинот како подобро да оздравите и што да направите. Поради тоа и ги следите докторските совети.

Ваши слаби точки се органите кои се директно вклучени во создавање и пренесување на енергија, како на пример : системот на циркулација кој го потпомага крвотокот. Ако научите да управувате со вашата енергија на позитивен начин, да се контролирате и да не го ставате своето тело на различни видови напорни тестови, можете да сметате на добро здравје и длабока старост.

Меланхоличен (нервозен) тип

Елементот на Земјата е поврзан со знаците Бик, Девица и Јарец. Тоа е симбол на стабилноста, цврстината и отпорноста. Ако повеќето планети во вашето соѕвездие се во овој знак, вашиот темперамент е меланхоличен. Лицата кои припаѓаат на овој тип, претежно се слаби и само на изглед кревки, бидејќи во суштина располагаат со моќни одбрамбени механизми. Нивните физички реакции се побавни, поради тоа што најчесто склони на хронични отколку на акутни заболувања.

Ако припаѓате на овој тип, не сте премногу наклонети кон социјалните дружби и повеќе сте песимистични и затворени во себе. Склони сте кон поставување прашања врзани за егзистенцијата во широки, светски размери поради што неретко сметате дека сте несфатени и се повлекувате во својот свет. За да ги контролирате своите емоции, често се одлучувате да ги потиснете со желба да се посветите на рационални нешта, со што ризикувате да станете анксиозни.

Вашиот метаболизам е бавен и кај вас многу лесно можат да се создадат наслаги во организмот: може да ви се случи да патите од камен од жолчка или насобрана нервна тензија која на крајот резултира со грчеви и болка во мускулите. Поради  тоа, вашиот темперамент се нарекува и нервозен, поради преовладувањето на нервниот систем над останатите органи.

Вашите најслаби точки се кријат во репродуктивните органи, а особено и во органите за варење и скелетната конституција. Кога ќе се разболите, имате обичај да се консултирате со голем број на доктори преку практични совети кои се во центарот на вашиот интерес. Но, кога ќе наидете на препреки, вие најбрзо ги преминувате од останатите.

Сангвиничен тип

Елементот Воздух е поврзан со родените во знакот на Близнаци, Вага и Водолија. Сангвиничниот темперамент се разликува од останатите по тоа што постојано обрнува внимание на дишењето и бубрезите, бидејќи тие најмногу се поврзани со надворешниот воздух.

Доколку припаѓате на овој тип на темперамент, вашиот карактер не е комплициран: вие сте друштвени, но и малку површни. Потребно ви е постојано да сте во движење, да сте обземени со емоции и различни стимуланси, кои ве одржуваат во живот. Вашиот граден кош е добро развиен, вашите телесни линии хармонични, иако често знаете да претерате со исхраната.

Не ви се допаѓа да се консултирате со докторите и често тврдите дека тие не ви се ни потребни, дури и тогаш кога ќе се разболите. Дури и кога ќе ги консултирате, при првите знаци на подобрување, вие заборавате на нивните совети.

Флегматичен тип

Водата е поврзана со флегматичниот темперамент. Доколку сте родени во знакот на Рак, Скорпија или Риби, вашата личност се карактеризира со овој темперамент. За вашата физичка рамнотежа, од најголемо важност се расположението и телесните течности се од најголема важност, а во најголема опасност се вашите органи за варење.

Во суштина, вие сте многу емотивни и рецептивни, па поради тоа сте наклонети кон психосоматски болести. Кај вас постои мала забавеност на ендокриниот систем и функционирањето на хипофизата, вашите раце често се потат, бледи сте во лицето, а вашите мускули се опуштени. Пулсот има тенденција да биде послаб, додека пак притисокот и температурата на телото, пониска од нормалната. Патите од анемија и имате поголем број на бели крвни зрнца од вообичаено.

Вашиот метаболизам е бавен, а вие многу тешко поднесувате физичка болка. На вам е многу лесно да се влијае, поради психоаналитичките техники, но не обрнувате многу внимание на методите за лечење.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2016 во 21:26
Овој хороскопски знак им „оди на нерви” на сите

Некои луѓе едноставно како да го цицаат целиот живот од околината, а наводно често ги поврзува ист хороскопски знак.

Девиците се прогласени за најголеми злопамтила и ситничави луѓе.

Нивната ситничавост и ставањето секого „на нивно место“ обично кај луѓето кои ги окружуваат предизвикува желба да побегнат на другиот крај од светот и никогаш да не се вратат во нивна близина.


Како што тврди хороскопот, девиците се како слонови – никогаш не забораваат и не им е воопшто непријатно постојано одново да ве потсетуваат на моментот кога сте им направиле нешто лошо, иако тоа можеби се случило во „изминатиот век“.


Она по кое тежнеат е совршенство во светски размери, но никако не можат да сфатат дека прво треба да поработат на себе.

Тие се вистински ситничари кога станува збор за постапките на други луѓе, а своите недостатоци како воопшто да не ги забележуваат. Од друга страна, девиците уживаат во сексот и тоа им е некој вид на „издувен вентил“ иако тоа никогаш нема да го признаат – дури ни на себеси.

За среќа, сепак не треба да заборавиме дека не се сите луѓе исти и дека не мора да значи дека сите девици се вакви.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2016 во 08:48

ХОРОСКОП: ШТО ВЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО?

13

Овен

Летните месеци ќе ви бидат потполно наклонети, само во јуни ќе бидете малку забавени и мирни, но ситуацијата драстично ќе се промени уште во првите денови на јули. Зафатените припадници на овој хороскопски знак после 15-ти јули можат да добијат љубовен или професионален предлог кој нема да можат да го одбијат. Идеално време за одмор е почетокот на август кога ќе бидете полни со ела и ќе посакате цели две недели потполно да се посветите на саканата личност и најблиските.

Бик

Летото е време кога треба потполно да излезете од зоната на комфорот. Посакувате нова работа, нова љубов или било каква друга промена? Сега веќе е време да направите исчекор и голема промена која ќе влијае на вашата иднина. Првите недели на јули ќе ви бидат идеални за одмор за да ги наполните батериите и да ве очекува возбудлив остаток од летото. Една Водолија веќе долго време ја посакува вашата наклонетост, можеби август е месецот кога треба да попуштите и да се препуштите на една летна авантура.

Близнаци

Можеби јуни е вашиот месец, но ова лето токму во овој период ништо нема да успеете да завршите. Поточно, летото вас ќе ви биде исклучиво за одмор, релаксација и собирање на енергија за почетокот на есента кога ве очекуваат важни одлуки и проекти. Кога е љубовта во прашање, август ќе ви биде наклонет, посебно за слободните припадници на овој хороскопски знак. Идеален спој за вас е оној со Лав.

Рак

Летото кое се наоѓа пред вас е идеален период за да се помирите со минатото и сегашноста. Почнете од втората половина на јуни и полека чистете го вашиот живот. Конечно затворете ја вратата на негативните луѓе и дајте и можност на личноста која веќе подолг период ви покажува наклонетост. Мислиме на некоја Скорпија или Близнак. Во август не смеете да ја пропуштите професионалната можност која ќе ви отвори врата и за во странство.

Лав

Летниот период е како создаден за вас, зрачите во секоја ситуација, но ова лето, обидете се престолот да го поделите со другите луѓе околу вас. Бидете мирни и не дозволувајте искушенијата да ве натераат да ја изневерите саканата личност. Слободните Лавови ќе имаат бројни можности, па тешко ќе им биде да се одлучат. Втората половина на август е идеална за одмор, тогаш ќе можете да ги сумирате сите впечатоци од претходните месеци.

Девица

Време е да попуштите и да се релаксирате, не мора сè да биде совршено и организирано, посебно не овој јуни. Јули и август ќе ви бидат наклонети па затоа, сите важни одлуки зачувајте ги за овие месеци. Една Вага нема да ве остави на мира, а вие ќе бидете во искушение после 15-ти јули да се запрашате дали токму таа личност е како создадена за вас.

Вага

Јуни е вистинско време да се занимавате со вашиот љубовен живот. Ако досега долго време сте биле сами, релаксирајте се и дајте ѝ можност на личноста која во повеќе ситуации ви покажала дека има искрени чувства за вас. Во текот на јули можно е да дојде до расправии со партнерот или да имате повик од минатото кој никако нема да ве остави да дишете.

Скорпија

Време е да научите нешто од Близнаците и нивната енергија, посебно ова лето. Не се затворајте во себе, дружете се и размислете дали конечно дојде време да ѝ кажете „Да“ на личноста која долго време ви ги покажува искрените емоции. Јули е вистински месец да ставите крај на поранешната љубов, но и на работата која повеќе не ве прави среќни и не ги задоволува потребите. Не се плашете ова лето да направите радикални промени во вашиот живот.

Стрелец

Едвај чекате летото да дојде за да ја покажете вашата дива природа. Иако јуни ќе ви делува здодевно и мирно, уште од првата половина на јули ситуацијата ќе се промени и нема да можете да ја одберете најдобрата понуда (професионална или љубовна). Личност во знакот на Бик отворено ви ги покажува сопствените намери, а на почетокот на јули може да се развие и нешто повеќе. Почекајте до крајот на август за да ја одберете вашата дестинација за одмор.

Јарец

На ваша среќа ова лето сè ќе ви се сврти на задоволствата и игрите. Нема да можете да ги задоволите вашите љубовни желби и ќе бидете во дилема кого да одберете. Внимавајте да не ги повредите туѓите емоции. Јули е резервиран за одмор и донесување на важни планови за иднината. Ако веќе долго време планирате да заминете за странство, уште од август активирајте се.

Водолија

Зафатените припадници на овој хороскопски знак овој јули ќе уживаат во наклонетоста на саканата личност и дефинитивно ќе размислуваат за заеднички живот или проширување на семејството. Не дозволувајте плановите да ви ги уништи некој од минатото со кој не сте расчистиле. Идеален период за одморање е почетокот на септември кога ќе ги завршите сите професионални обврски и конечно ќе можете да се релаксирате.

Риби

Малку сте отсутни во последно време, се согласувате? Не се грижете заради тоа, бидејќи веќе од крајот на јуни ве очекуваат многу поволни работи. Јули ќе биде идеално време да испланирате некој вид на бегање од реалноста, прегледајте ги сите дестинации, резервирајте и уживајте во малку одмор. Не мора да биде далеку на некое екстравагантно место, важно е само да ви годи. Можна е фатална средба токму во текот на одморот со некој огнен знак.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2016 во 15:34

Кои очила за сонце најдобро ви одговараат според хороскопскиот знак?

Ако веќе не сте набавиле нов пар очила за сонце за летово, тогаш време е да го направите тоа, а еден забавен начин за тоа е преку хороскопот.

koi-ochila-za-sonce-najdobro-mu-odgovoraat-na-vashiot-horoskopski-znak-0001.jpg

Хороскопот може да одреди многу работи во вашиот живот, па така и очилата за сонце.

Еве какви очила одговараат за секој знак:

Овен

Овенот е љубител на трендови – сето она што го носат модните блогерки, познатите личности, но и она што е поинакво и уникатно. Ако сте Овен во хороскоп, тогаш одберете модели кои ги нема секој и бидете поинакви, исто како и секогаш.

Бик

Биковите се женствени, но сакаат парчиња кои се класични, безвременски и кои можат да ги носат во сите прилики.

Близнаци

За Близнаците, најдобро ќе биде оваа сезона да носат еден од добро познатите трендови т.е. очила со кружен облик. Тие се одлични за идните фестивали и веднаш ве пренесуваат на најдобрата журка.

Рак

Софистицираната природа на Ракот одлично соодветствува со романтични и нежни очила популарни во 50-тите и 60-тите.

Лав

Бурната и малку нарцисоидна природа, Лавот може да ја искаже преку портокалови очила, бидејќи тие им одговараат на темпераментот и се доволно впечатливи за да го привлечат вниманието на другите.

Девица

Дотераната перфекционистка, Девицата е вљубена во квалитетни дизајнерски очила кои се вечни и упадливи.

Вага

Вагата е синоним за класика, па затоа вообичаените модели се совршен избор за неа. Ова лето препорачуваме сини нијанси – чисто колку за промена.

Скорпија

Скорпијата е секогаш модерна, дури и кога не ги носи најпопуларните модни детали – токму поради нејзината способност за изнесување трендови. Темните, впечатливи очила се вистинскиот избор за неа.

Стрелец

Стрелецот е авантурист и мора да има неколку различни типови очила. Меѓу нив треба да се најдат и оние со огромни и благи мачкести рамки.

Јарец

За Јарецот најдобри се кружните или мачкестите облици на рамки.

Водолија

Водолиите се љубители на светкави парчиња – токму затоа очилата со малку светки се совршени за оваа сезона.

Риби

Љубовта кон природата, веселите Риби можат да ја изразат преку забавни очила со цветчиња. Бидејќи се големи љубители на добра журка на отворено овие очила се апсолутно совршени за нив.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2016 во 08:23

КОНЕЧНО ТОЧЕН ЗОДИЈАК: ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК РЕЧИСИ СИГУРНО НЕ Е ОНОЈ ШТО МИСЛИТЕ ДЕКА Е

1

Иако „официјално“ речиси никој не верува во астрологијата, многу од луѓето повеќе или помалку редовно го следат хороскопот. Но, најчесто следат погрешни знаци, велат некои астролози.

Поентата е во тоа што знаците на зодијакот се одредени пред повеќе од 2.000 години, а во меѓувреме соѕвездијата ја смениле својата местоположба на небото, па веројатно и не сте родени под ѕвездата како што вели еден типичен ѕвезден водич.

Овие се традиционалните датуми:

Риби 19 февруари-20 март
Овен 21 март – 20 април
Бик 21 април – 21 мај
Близнаци 22 мај – 21 јуни
Рак на 22 јуни – 22 јули
Лав 23 јули – 22 август
Девица 23 август – 22 септември
Вага 23 септември – 22 октомври
Шкорпија 23 октомври – 21 ноември
Стрелец 22 ноември – 21 декември
Јарец 22 декември – 20 јануари
Водолија 21 јануари – 18 февруари

А ова е попис на соѕвездија кои, всушност, НАВИСТИНА биле зад Сонцето на денот кога сте се родиле. За околу 86% од луѓето резултатот нема да биде ист.

Јарец 21 јануари – 16 февруари
Водолија 17 февруари -12 март
Риби 13 март – 18 април
Овен 19 април – 14 мај
Бик 15 мај – 21 јуни
Близнаци 22 јуни – 20 јули
Рак 21 јули – 10 август
Лав 11 август – 16 септември
Девица 17 септември – 31 октомври
Вага 1 ноември – 23 ноември
Шкорпија 24 ноември – 29 ноември
Стрелец 19 декември – 20 јануари

„Врз Земјата дејствува гравитацијата и на Месечината и на Сонцето и тие создаваат ефект на нестабилност во движењето на Земјата. Овој ефект се нарекува прецесија и Земјата се однесува како врвот на дундарак што се врти“, објаснува д-р. Радмила Топаловиќ.

Постои и тринаесетта констелација која е намерно изоставена за да може зодијакот убаво и уредно да се подели на 12 делови. Таа се вика Змијоносец и тоа е вашиот знак ако сте родени меѓу 30 ноември и 18 декември.

Ваквото правилно гледање на хороскопот можеби на некои подобро ќе им објасни некои работи, ама на некои дури сега ништо нема да им биде јасно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2016 во 16:00

КАКО ИЗЛЕГУВАТЕ НА КРАЈ СО СВОЈОТ СТАТУС СИНГЛ, ЗНАЧИТЕЛНО ЗАВИСИ ОД ТОА КОЈ Е ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

7

Дали вашиот статус сингл е избор во кој уживате и чиј предизвик го избравте сами или чувствувате дека ви е наметнат и дека тоа не е природен начин за да живеете? Како излегувате на крај со својот статус сингл, значително зависи од тоа кој е вашиот хороскопски знак.

Овен

Овните се природни водачи и се во состојба да уживаат во предноста да бидат сами. Не сакаат да бидат попречувани и своето однесување и постапки да ги прилагодуваат на некого, па така за нив во самотијата нема ништо неприродно. Тие ја доживуваат како слобода за да ги искажат своите способности и темперамент.

Бик

И овој знак ја цени својата независност и самостојност. Биковите имаат силна волја и сакаат да ги прават работите на свој начин. Премногу ги иритира кога некој им се спротивставува и им наредува да постапат поразлично. Повеќе се плашат да влезат во врска после долг период на самотија, отколку да останат сами после долга врска.

Близнаци

Изразито самостојни, енергични и луѓе од акција, Близнаците се ужасуваат од врзување и обврзување. Тие се премногу динамични и со променливо расположение, па се склони да почнат да се досадуваат кога се во стабилна врска. Премногу се привлечни и ретко се случува да бидат сами, но со вештото балансирање успеваат да одржуваат лабави и површни врски, без вложување и посветување.

Рак

Раковите се многу комплицирани и осетливи души. Тие ги ценат својата слобода и независност, па немаат проблеми да бидат сами. Меѓутоа, потребен им е некој кој ќе се грижи за нив и ќе им пружи поддршка додека поминуваат низ своите бурни емотивни кризи. Не доаѓа во обѕир да бидат сами, и кога сингл периодот ќе потрае, тие го преживуваат со помош на мечтаење за тоа дека ќе пронајдат партнер каков што им е потребен.

Лав

На Лавовите им е тешко да бидат сами, иако сметаат дека се многу јаки и независни. Сепак, на нив им е потребно да имаат некој кој ќе ги смирува и зауздува кога лавовски ќе се разбеснат, како што им е потребно и да имаат поданици и обожаватели. Ова е можеби најнесамостојниот знак во хороскопот.

Девица

Девиците бараат многу и се комплексни личности кои нема да ги намалат своите критериуми и да се прилагодуваат за да не останат сами. Тешко им е да пронајдат некој што ќе им одговара, а некој што не им одговара не доаѓа предвид. Ако самуваат, тоа е поради тоа што не пронашле некого, а не поради тоа што сакаат да бидат сами.

Вага

Вагите се независни мислители, но тие ги сакаат луѓето и уживаат во нивното одобрување. Предизвикуваат симпатии и потребно им е обожавање. Кога се сами, тоа е поради тоа што мора да се одморат од постојаното заљубување во секого кој ќе им покаже наклоност.

Скорпија

Како партнери, можат да бидат верни и посветени, ако се освоени. Меѓутоа, на нив им е сосема природно да бидат сами. Имаат доволно своја работа, интересирања и амбиции, за да им го окупираат целото внимание. Кога се сами, се чувствуваат слободно и задоволно со себе, нив самотијата не ги плаши и загрозува.

Стрелец

Стрелците се дружељубиви и привлечни и сакаат да освојуваат, но не сакаат да се обврзуваат. Тие бараат авантура и фасцинација, а освен тоа, доста добро се чувствуваат и сами.

Јарец

На нив не им е потребен некој кој ќе ги одобрува и ќе им додава гориво на нивната самодоверба. Со својот независен дух, Јарците удобно се чувствуваат во самотијата.

Водолија

Тие ја сакаат слободата повеќе од љубовта. Дури и кога ве обожаваат, ќе ја задржат дистанцата и независноста. Ним самотијата не им е само природна, туку и неопходна за да се чувствуваат нормално.

Риби

Од сите знаци, на Рибите врската им е најпотребна. Тие се пречувствителни, несигурни и склони кон самосожалување, па за нив самотијата е опасна по нивната емотивна стабилност. Кога се сами, тие минуваат низ многу маки и кукање, а тоа е знак дека веќе поминале преку границата на стабилноста.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2016 во 08:44

Биковите се лојални, Скорпиите ќе ве издадат при прва прилика


Ако сте се запрашале некогаш колку ќе ви трае љубовта, прочитајте во астрологијата, која секогаш има одговори за повеќето важни случувања во нашиот живот. Според неа на Лавовите се им здосадува многу брзо, па нивните врски траат по година или две. Што е со другите хороскопски знаци?



Овен - Заминува штом ги снема страстите

Припадниците на овој знак се заљубуваат многу брзо и тоа со целото срце. Врската со нив е динамична и страсна, а нивните чувства се длабоки. Во љубовта често се непромислени и многу се караат, па магичниот круг на смирување може да се одложува долго време, или додека не исчезнат страстите. Штом се случи тоа, веднаш излегуваат од врска.

Бик - Не сака да остава

Биковите се многу предани личности. Нема да се врзат за секого, а оној кој ќе го пуштат во близина, имаат намера да го чуваат до крајот на својот живот. Сепак, важен им е и сексуалниот чин.

Близнаци - Не остава, но им дава на другите причини за тоа

Во суштина, многу се предани и не сакаат да оставаат, а својот партнер може да го тестираат до крајни граници на љубомора. Понекогаш ќе ги мачи флерт со други личности, а токму со тоа му даваат на партнерот причина за да ги остави. Начинот на кој може да се смират е ако им дадете нешто за да се занимаваат.

Рак - Најсреќни се ако се врзат за еден партнер цел живот

Раковите не сакат сомнежи, несигурност и неизвесност во љубовта. Склони се на долги врски, а неретко завршуваат и со првата љубов. Сепак, може да бараат прилично многу работи, љубоморни се и несигурни, поради што може и да го оттргнат партнерот од себе. Во брак се верни.

Лав - Врските обично им траат од една до две години

Припадниците на овој знак обично се внимателни кога влегуваат во врска и не се вљубуваат веднаш. Сепак, откако се сигурни дека го освоиле својот плен, во односот се многу страсни и се предаваат целосно. Во природа им е сè брзо да им здосади, па нивните врски обично траат неколку години.

Девица - Ја цени сигурноста во долгите врски

Во љубовните врски најмногу уживаат во фазата на освојување. Способни се да бидат предани и верни, а во неверства најчесто не се впуштаат бидејќи не се знак кој е фокусиран на секс. Ќе влезат во брак кога ќе добијат емотивна и материјална сигурност и почит. 

Вага - Долгите врски се темел на пријателство

Еден од најпреданите знаци во љубовните односи се Вагите, а нивните долги врски најчесто се темелат на пријателство. Ќе се одлучат да застанат на лудиот камен ако партнерот целосно ги задоволува во сексот, но и ако ги задоволува во друштвена смисла.

Скорпија - Еден од најверните знаци

Иако припадниците на овој знак ги покренува еротската енергија, тие се едни од најверните знаци. Со оглед на тоа дека се многу харизматични и привлечни, нивните партнери се соочуваат со многу предизвици. Сепак, многу се љубоморни и токму поради тоа им завршуваат повеќето врски. Ќе се смират само кога до себе ќе имаат сигурен партнер во кој може да имаат целосна доверба.

Стрелец - Долго размислува пред да се врзe

Неодлучни се што се однесува по емотивните прашања, па често ни сами не се сигурни во своите љубовни избори. Тешко се врзуваат, но би се смириле покрај партнер кој пред се им е пријател и им ја пружи потребната слобода. Склони се кон неверства, но знаат добро да ги кријат.

Јарец – Очекува апсолутна верност

Јарците се многу традиционални и тешко се врзуваат за некој, но ако тоа го направат, значи дека може да трае цел живот. Од својот партнер очекуваат целосна верност, но неверството ќе го доживее како предавство и веднаш ќе ве избришат од нивниот живот. Добриот секс и децата се лепак кој го оддржува Јарецот.

Водолија – Потребен е постојан предизвик

Тешко останува со луѓето кои не им се доволно интересни или на било кој начин не претставува предизвик. Различноста за нив е омилен зачин за животот. Сепак, може да се предадат и да се заљубат, но тоа нема да го издржат ако треба многу да се прилагодуваат. Ќе се смират со партнер со кој никогаш нема да им биде досадно.

Риби – Најверниот хороскопски знак

Може да се каже дека рибите се олицетворение на верност и животот најубав би им бил ако го поминат со еден партнер. Во љубовта се упорни, романтични, а би се откажале од партнерот само ако насобраните фрустрации веќе не може да ги држи во себе.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2016 во 08:05

Секој хороскопски знак има 3 посебно важни денови во годината: Кои се вашите во 2016-та?


Астролозите откриваат дека секој хороскопски знак има свој најповолен ден за љубов, работа или исполнување на плановите во текот на годината.

sekoj-horoskopski-znak-ima-3-posebno-vazni-denovi-vo-godinata-koi-se-vasite-vo-2016-1.jpg

Откријте кои денови се вашите „среќни денови“ во втората половина на 2016-та:

Овен

12.06 - одличен ден за љубов

22.06 - неочекувано романтично познанство

24.12 - неочекувано складна промена и спој на старото и новото

Бик

10.06 - хармонија во љубовта и душата

22.06 - плима на сила, регенерација и обнова

03.08 - олеснување на проблемите и подобрување на односите со блиските

Близнаци

10.09 - раст на оптимизмот и подобри љубовни прилики

10.11 - пораст на енергијата и силата во вас

25.12 - мир и среќа во душата и љубовта

Рак

09.06 - преиспитајте ја животната филозофија, најдете решение, но донесете конечни одлуки друг ден

06.07 - здрав пристап на љубовта и среќа на ова поле

24.08 - ден за опуштање и одмор, ништо не форсирајте

Лав

20.07 - ден за нова стабилна и долготрајна врска или официјализирање на веќе постоечката

03.08 - енергијата ќе биде насочена во добар правец и така ќе си ја вратите силата и мирот

14.08 - од денес ќе ви биде јасно каде ве води љубовната врска

Девица

09.06 - бидете отворени за промени, но одлучувајте од утре

27.08 - олеснување, среќа, хармонија после бура, мир на љубовен план

01.09 - подготвени сте да заклучите една фаза и да започнете нова на било кое поле


sekoj-horoskopski-znak-ima-3-posebno-vazni-denovi-vo-godinata-koi-se-vasite-vo-2016-2.jpg

Вага

23.06 - одете таму каде што се чувствувате среќни и не ги сфаќајте работите премногу сериозно

10.09 - веселете се, почнува вашата среќна година после 12 долги години

25.12 - склад, среќа, љубов и мир во душата

Скорпија

04.06 - бран на енергија кој може да потрае со месеци

27.06 - ден за нежна, искрена, возвишена љубов како од филмовите

03.08 - доволно работевте и напредувавте, време е за одмор

Стрелец

14.08 - после долги и зрели преиспитувања, конечно ќе знаете што треба да правите

24.08 - ден за храбри потези, одете на ризик, но ништо не правете со сила ако не чувствувате дека е правилно

30.10 - ден за долготрајна љубов

Јарец

03.06 - ден за длабока, фатална и судбинска љубов, односно средба која ќе ви го промени животот

10.08 - склад, мир и среќа во душата

28.09 - имате енергија за двајца, направете што повеќе можете

Водолија

07.06 - плима од емоции, заради што ќе бидете посебно привлечни за спротивниот пол

02.12 - полн погодок за реализирање на своите замисли и деали

24.12 - пресреќни сте кога сте меѓу луѓе, па впуштете се во нови познанства

Риби

09.06 - добар ден за промени, но не и за конечни одлуки

20.07 - магичен ден за љубов која веројатно ќе потрае до крајот на животот

16.09 - не се опивајте од фантазии и розови мисли, останете цврсто на земја

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2016 во 17:10
Среќа на социјалниве мрежи...Се опуштив малку.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2016 во 15:34

ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ГИ ИЗДАВА ВАШИТЕ СТРАВОВИ И ВАШИТЕ НАЈГОЛЕМИ ТАЈНИ

6

Сепак вашиот хороскопски знак ги издава вашите стравови и вашите најголеми тајни, но не грижете се, тоа сепак ќе ви донесе повеќе корист отколку штета.

Овен

Овенот лесно станува зависен од луѓето кои ги сака, но никогаш нема да го признае тоа, бидејќи се плаши дека таквата зависност ќе биде погрешно сфатена.


Бик

За разлика од другите знаци Бикот е тој кој е способен за голема посветеност и стабилна врска. Иако има изразена сексуална природа, тој ќе чека сè до моментот кога ќе се почувствува целосно сигурен за да го покаже тоа.


Близнаци

Длабоко во срцето Близнаците чувствуваат голема несигурност во врска со љубовта и потребно им е постојано убедување дека се на вистинскиот пат. Зборувајќи постојано и премногу, луѓето често мислат дека Близнаците кажуваат сè што им паѓа на памет, но вистината е дека нивните вистински чувства се секогаш длабоко скриени.


Рак

Најмногу од сè Раковите се плашат од тоа дека ќе бидат повредени, па овој страв ги прави многу ранливи. Како што подлабоко ги запознавате така тие ќе се отвораат пред вас и ќе попуштаат во својата одбрана, затоа бидете трпеливи и имајте разбирање.


Лав

Целата потреба од докажување, потреба од внимание е само маска со која Лавот ја прикрива несигурноста во себе. Лавовите имаат една карактеристика која се нарекува „лажна самодоверба“, а најголемиот страв им е дека некој може да го открие тоа.


Девица

Иако Девиците навидум изгледаат смирено, приземјено и резервирано, во нив често се случува вистинска ерупција од мисли и чувства. Иако ништо од тоа нема да видите на површина, најголемиот проблем со кој се спротивставуваат е нивниот сопствен критицизам.

Вага

Најголемата тајна на Вагата е што таа може да тргне во очајна потрга по љубов доколку се почувствува многу осамено и очајно. Ваквиот очај може да ја доведе до промискуитет и безуспешна потрага по љубов. Сепак доброто е што со текот на годините ова се намалува и зрелите Ваги речиси и да го немаат овој проблем.


Скорпија

Скорпиите имаат многу тајни и уживаат во тоа. Не се изненадувајте ако ви е потребно многу време за да ги дознаете дури и најосновните работи за нив. Нивната најголема тајна е дека знаејќи многу за нив ќе бидете чекор пред нив и во еден момент ќе го искористите тоа.


Стрелец

Стрелците се отворени личности па оттука потекнува и нивната најголема тајна – стравот од врзување. Иако на моменти им се допаѓа идејата за долгорочна врска штом почнат да стануваат дел од такво нешто чувствуваат паничен страв и често знаат да избегаат.


Јарец

Јарците имаат скриена желба да бидат најдобри во сè што прават. Заради тоа ретко покажуваат знаци на слабост, а нивната најдлабока тајна е стравот од неуспех. Само наведете некој од нивните неуспеси и веднаш ќе се обесхрабрат и ќе заборават на сите успеси кои ќе постигнале.


Водолија

Водолиите се секогаш опкружени со луѓе но сепак, на моменти се чувствуваат многу осамено. Нивната најголема тајна потекнува од чувството на оддалеченост и неповрзаност со луѓето околу нив. Гледајќи дека понекогаш другите имаат чувства кои тие не ги почувствувале ги прави да се чувствуваат осамени и изолирани.


Риби

Огромната срамежливост е веројатно нивната најголема тајна, ова особено важи за машките припадници на овој знак. Рибите се најранливиот знак во зодијакот па затоа бидете многу внимателни како разговарате со нив бидејќи само еден погрешен збор може да ги доведе до депресија.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2016 во 09:31

ТЕШКО НА ВАС АКО СТЕ СО НИВ ВО ВРСКА: ДВАТА НАЈПОСЕСИВНИ ЗНАЦИ ВО ХОРОСКОП

20

Иако досега мислевме дека Шкорпиите и Лавовите се асоцијација за најљубоморни знаци, астрологијата не демантираше и ги прогласи апсолутните победници.

Овен

Припадниците на овој знак се болно посесивни и сакаат на партнерот да му ја одземат целата слобода. Често се вљубуваат во  оние кои тешко може да ги освојат и не признаваат пораз се додека потполно психички не се уништат.

Доста се несредени. Кога ќе видат дека сте биле во право нема да ви признаат, тие никогаш не ги признаваат своите грешки. Тие не веруваат во хороскоп. Немаат нежност, себични се и нападни, не му се препуштаат на партнерот туку сакаат тие да ги диктираат правилата.

Рак

Ако ги обвините за лага дури тогаш ќе имате проблем. Ќе плачат и тажат со денови. Ракот ја менува својата личност од крајност во крајност – еден ден ќе се претвори во вашиот најлош непријател и емотивен садист, додека следниот ден  ќе биде повторно онаа стара личност со блага амнезија.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.