IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103630
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Хороскоп
    Испратена: 08.Јули.2020 во 22:42

Таинствени се, не сакаат раскинувања и уште 7 работи карактеристични за Раковите

Ова е сезона на Ракови, па да се потсетиме зошто е важно да ги имате во животот, но и кои се нивните лоши карактеристики.

tainstveni-se-ne-sakaat-raskinuvanja-i-ushte-8-raboti-karakteristichni-za-rakovite-01.jpg

Што ги прави Раковите уникатни и прекрасни, а кои се нивните тајни карактеристики што можеби не ги знаете за нив?

Интуиција им е второ име

Раковите може да се пофалат со одлична интуиција, а благодарение на оваа дарба, не постои нешто такво што не може да го почувствуваат и забележат. Тие гледаат сѐ што другите не можат да видат и секогаш се подготвени. Надарени се да ги читаат луѓето и знаат кога како да се однесуваат.

Тие се страсни љубовници

Кога станува збор за љубов и интимност, Раковите нема да ве разочараат. Тие не сакаат површност во ништо, па така ниту во ова. Тие се разликуваат од сите останати, енергични се и тешко ќе ги заборавите.

Не се носат добро со раскинувања

Но, освен што се силни, интензивни љубовници, Раковите имаат многу нежно срце, а тешко го поднесуваат кога некој ќе им го скрши. Им треба долго време за да преболат некого и да можат да продолжат понатаму без товар.

Кога сакаат можат да бидат великодушни

Тие имаат големо срце иако на многумина не им изгледа така. Кога сакаат, знаат да ги изненадат најблиските со гестови на внимание и љубов. Тие не го прават тоа кога мораат, туку кога сакаат, бидејќи уживаат некого да направат среќен.

Таинствени се

Додека Раковите знаат да ги прочитаат сите, тие самите се многу таинствени и не откриваат многу за себе. Не ги откриваат своите тајни и не сакаат да покажат многу емоции. Оние кои не ги знаат добро, може лесно да се прелажат.

Сакаат приврзаност

Имаат големо срце, не сакаат да бидат повредени и автоматски, сакаат приврзаност. Ракот не може да каже не на љубовта, посебно ако е од вистинската личност. Сакаат да бидат сакани и да бидат некому потребни.

Имаат променливо расположение

Ако не ги знаете, важно е да внимавате на оваа особина. Имаат променливо расположение кое дури може да ве збуни. Кога се расположени, прават неверојатна атмосфера, но ако не се, тогаш и вие ќе се чувствувате така покај нив. Се обидуваат да одржат контрола, но некогаш емоциите знаат да го совладаат.

Секогаш се тука за пријателите

Очекувано, овој знак ќе биде секогаш тука за најблиските. Знаат да слушаат и да им помогнат на саканите. Подготвени се да направат што и да треба за да пружат поддршка на пријателите.

Некогаш се сентиментални

Имаат нежно срце и си ги контролираат емоциите, но некогаш чувствителноста излегува на виделина. Во некои ситуации, посебно ако се сеќавања на минатото, Раковите може да се разнежнат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103630
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2020 во 21:15

Ова се 3-те најмрзеливи хороскопски знаци – Дали и вие сте меѓу нив?

Сите ние од време на време сакаме денот да го поминеме лежејќи дома и релаксирајќи се пред телевизорот за да заборавиме на обврските, но на некои тоа им се случува малку почесто од другите.

Астролозите велат дека тоа е поврзано со нашиот хороскопски знак, а еве кои 3 хороскопски знаци важат за најмрзеливи:

1. Лав

Лавовите се креативни, талентирани и сакаат да бидат во центарот на вниманието, но не им се допаѓа напорната работа што стои во нивниот план на успех. Мрзеливоста е една од најголемите слабости на овој хороскопски знак. Тие се страсни и имаат високи цели, но честопати им недостасува мотивација да започнат воопшто истите да ги остваруваат.

2. Рак

Можеби ќе ве изненади што борбените Ракови спаѓаат меѓу едни од најмрзеливите хороскопски знаци. Иако тие се страсни и сакаат да го променат светот, сепак не се многу склони навистина да се фатат за работа за да го постигнат ова. Ова веројатно се должи на фактот дека не сакаат да се најдат во здодевни и заморни ситуации кои се, искрено, вообичаени кога работат.

3. Стрелец

За Стрелците, слободата е најважната работа во животот, така што точноста, упорноста и посветеноста на работата не се нивни силни точки. Крајните рокови и напорна работа им даваат чувство на заробеништво. Тие имаат одлични идеи и желба да се докажат, но не е невообичаено да преземат повеќе одговорности отколку што на крајот се подготвени всушност да исполнат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
podznak Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Февруари.2019
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај podznak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2019 во 13:40
Originally posted by shy_girl shy_girl напиша:

Koj moze da mi kaze so sum podznak

rodena sum 21 10 92 vo 6 i 45



Podznak kalkulator može jednostavno da izračuna vaš podznak.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14431
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2019 во 00:28

Викенд хороскоп: Еве кои знаци ќе си ја најдат среќата

January 4, 2019
Викенд хороскоп: Еве кои знаци ќе си ја најдат среќата

Овен

Помислата дека во овој момент се наоѓате голем чекор пред другите, делува доволно поттикнувачки и возбудливо. Знаете на поставите добра деловна контрола и да насочите настаните во правец кој носи практични резултати. Во некој моменти знаете да делувате премногу таинствено, но партнерот нема доволно интерес и желба да ги открива вашите мисли. Се соочувате со различностите. Зрачите од позитивна енергија и добро расположение.

Бик

Сакате да се разликувате на професионален начин или на начин кој остава одличен впечаток на вашата околина. Соберете тим со доверливи соработници околу вас за најдобро да ги разработите сите аспекти на успешна деловна стратегија. Ве возбудуваат нови емотивни игри во однос на блиска личност, особено кога работите се случуваат по ваша мера и вкус. Уживајте во убави работи. Ќе ви одговараат часови на добар сон.

Близнаци

Мотивирани за нов деловен успех, затоа прифатете ја натпреварувачката атмосфера или идеја која ви ја предлага влијателна личност. Вашите очекувања не можат целосно да се постигнат, но ова не е причина да се чувствувате несреќни. Ве следи лош дијалог во однос со саканата личност, меѓу вас постојат различни интереси и мерила на вредности. Пружете нова шанса со заеднички надежи. Нема потреба да се оптоварувате со некои грди настани или лоши впечатоци.

Рак

Во ваш интерес е да избегнувате сомнително друштво или личност која ве деконцентрира во деловната акција. Секој треба да формира листа на приоритетни цели и ефикасно да го завршува својот дел на деловни обврски. Превземете лична одговорност. Не треба претерано да се грижите поради моменталниот недостаток на инспирација, туку повеќе поради нечии прикриени намери и чудни емоции кои наведуваат на заблуда. Важно е рационално да го користите своето време и енергија.

Лав

Некој во последен момент инсистира да го промени деловниот договор и користи итрина. Нема потреба да ги докажувате своите способности во погрешни ситуации или кога не постојат услови за деловна рамноправност. За жал вашиот љубовен партнер не може да ги исполни вашите слатки соништа. Посакувате поголемо разбирање отколку што добивате и бескрајно внимание кое посебно ќе ве направи среќни. Сепак постои добар излез, сочувајте ја самоконтролата, личното достоинство и самодовербата.

Девица

На директен начин го изразувате своето незадоволство поради некоја нова ситуација во деловното окружување. Ве лути нечие однесување или неправда која ја доживувате во друштво на деловните партнери. Избегнувајте непотребни сметки и обврски. Иако се наоѓате во чувствителна емотивна фаза, нема потреба да ја иритирате саканата личности или да ја пренесете својата нервоза. Важно е да ги смирите своите страсти.

Вага

Вие не треба да зборувате за стара слава кога ви е понудена нова деловна можност. Успехот подразбира точни информираност за различните аспекти и добро обмислени активности. Проценете го најдобриот момент за деловна иницијатива. Вие сте подложни на честите промени во вашето емоционално расположение, знаете како да се заблескате или одеднаш се повлечете во “светот на тишината”. Дури и на другите не им е лесно да ве разберат. Делувате вознемирено релаксирајте се.

Шкорпија

Вишок на гордост во овој момент може да ви попречи или да ве наведе на некој заклучок. Нема потреба да се инсистира на водечката позиција меѓу соработниците. Вистинските експерти секогаш најдобро се познаваат по нивната работа. Одеднаш се соочувате со малку иронична ситуација, нечиј гест делува како погрешен емотивен сигнал. Вие непотребно се оддалечувате од вашата сакана и пропуштате нова можност. Избегнувајте стресни ситуации.

Стрелец

Сфаќате дека вашите идеи се различни во однос на мислењето на мнозинството, но не можете да прифатите некои од просечните критериуми за кои се залагаат Вашите соработници. Треба да ги докажете своите вештини, најдобро без излишни зборови кои создаваат негативна атмосфера. Се обидувате да дознаете нечии емотивни сигнали или “тајни кодови” што ги слушате, но имате впечаток дека вашиот напор останува без посакуваниот одек. Потребна ви е позитивна околина.

Јарец

На погрешен начин ги поврзувате новите настани на деловната сцена и интерпретирате свое однесување во согласност со вашите лични потреби. Треба да сфатите дека нечие одобрување и одлични комплименти немаат особено корисна вредност. Избегнувајте осетливи теми кои претставуваат вовед во нова дискусија со некој близок. Нема потреба премногу строго да ги оценувате маните на останатите. Претерана загриженост лошо се одразува на вашето психичка состојба.

Водолија

Некој не ги исполнува вашите основни очекувања или заедничко разбирање, но се однесувате како да не ги разбирате малите неправилности. Преку игнорирањето на деловните проблеми не добивате ништо, линијата на помалку отпор не води до позитивни решенија. Без оглед на емоционалниот неуспех или грешката што сте ја направиле, избегнувајте да се оддалечите од друштвото и да бидете сами. Размислувајте во позитивна насока. Слободното време посветете им го на вашите пријатели и вашето семејство.

Риби

Делувате многу ефикасно или снаодливо во различни ситуации, а со смислена тактика успевате да одговорите на новите деловни предизвици. Треба јасно да ги дефинирате вашите ставови за критериумите за вредност. Барате излез од емоционална ситуација која полека почнува да ве оптоварува. Почекајте вашите впечатоци и мисли да се натераат со цел правилно да видат што ви треба. Применете некои од техниките за психо – физичка релаксација, опуштете се.

0
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44444
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2018 во 12:47
Џабе ја не викав не сум паднат од Марс,ете Сатурн у ред ќе ме ставал.
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13133
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2018 во 08:02
,,,se mi e kazhano amaaa nishto ne razbrav,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14431
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2018 во 22:19

ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2019: РАКОВИТЕ ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ПОЛИТИКА, РИБИТЕ ДА НЕ ЈАДАТ МРСНО, ШКОРПИИТЕ ЌЕ ЗАБРЕМЕНАТ

December 13, 2018
ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2019: РАКОВИТЕ ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ПОЛИТИКА, РИБИТЕ ДА НЕ ЈАДАТ МРСНО, ШКОРПИИТЕ ЌЕ ЗАБРЕМЕНАТ

ОВЕН

Љубов

Во текот на оваа година треба да се научите со леснотија да ја прифаќате промената. Многу често ќе се најдете растргнати помеѓу домот, работата, љубовта, па за жал ќе треба да правите компромиси. Ако постојано барате од партнерот сè да биде како што вие сакате, тогаш ризикувате тој да започне да се чувствува неудобно и дури и да посака да излезе од врската. Интензитетот на вашиот љубовен живот ќе варира. Првата половина на годината ќе ви биде исполнета со страст, поради присуството на Марс во вашата 5-та куќа на романсата и плодноста. Страста особено ќе ја почувствувате во текот на пролетта и во почетокот на летото. До април Сатурн ќе се движи ретроградно во вага, вашиот сектор на сериозните врски. Ќе треба да поработите на тоа да оставите некои љубовни искри во минатото – каде што припаѓаат. Ако не успеете да го направите тоа, кај некои овни ќе дојде и до привремена разделба. Сатурн ќе се врати во вага на 22 јули и ќе остане таму сè до октомври 2020 година. Во овој период ќе забележите колку многу сте се изградиле како личност и ќе започнете да се однесувате поодговорно кога станува збор за вашата врска.

Пари

Кариерата ќе ви биде главна преокупација. Најверојатно ќе преосмислувате сè што имате започнато досега. 15 јануари и 26 јули се многу важни за вас кога станува збор за кариерата, затоа што тогаш ќе донесете важни одлуки кои ќе ги променат вашите цели. Пред да донесете некоја значајна одлука, многу е важно да се сообразите со вашето семејство или партнерот. Колку и да сакате да бидете независни, некои работи влијаат и врз животот на другите, па не бидете себични. Ако се плашите дека вашиот партнер ве кочи на патот до успехот, време е да ги преиспитате тие ваши чувства. Вие никогаш не сте биле и никогаш нема да бидете жртва. Во првата половина и во последните 3 месеци на 2019, Јупитер се наоѓа во риби, па потребно е да внимавате на кого му верувате. Некој колега може да има скриени намери или љубоморна личност може да ви се спротивставува.

Здравје

Вашата енергија ќе биде непостојана. Во првите месеци на 2019, присуството на Марс во лав ќе ви донесе многу креативна енергија. Присуството на Јупитер во вашата 12-та куќа ќе придонесе да се одмарате и да го поставите здравјето на прво место. Од април до јули ќе започнете да обрнувате големо внимание на својот изглед. Најверојатно ќе станете редовен посетител на фитнес сала. Особено е важно да го намалите стресот, правилно да ги распределувате обврските и да внимавате на начинот на исхрана.

 

БИК

 

 

Љубов

Веќе научивте дека самите го креирате сопствениот живот и сами сте задолжени за својата среќа. Грижете се повеќе за себе како личност. Само така ќе можете да се чувствувате комплетни и задоволни, а тоа во секој случај ќе придонесе за зацврстување на врската. Од почетокот на април до втората половина на јули, Сатурн ќе биде во вага, вашата 5-та куќа на страста и задоволството. Поради тоа ќе чувствувате дека односите во врската ви заладуваат. Бидете умни и најдете начин да созреете и да ја задржите романсата. Понекогаш сè ќе ви доаѓа преку глава и дури може кон крајот на мај да сакате да останете сингл. Втората половина на годината ќе биде возбудлива за вас. Од јуни до септември Јупитер ќе биде во овен. Ќе запознаете личност која ќе биде ваша сродна душа. Може да имате чувство дека сте дел од филм, поради тоа што неколку неверојатни случајности ќе доведат до тоа да се запознаете со вистинскиот. Во овој период е можно да успеете да станете мајка. Тоа ќе биде огромно пријатно изненадување за вас.

Пари

Во 2019 ќе барате повеќе смисла во работите, а кариерата нема да биде исклучок. Ако не чувствувате задоволство од вашата редовна работа, можете во слободното време да волонтирате или да се зачлените во некое здружените кое ќе ви дава чувство дека правите нешто добро. Јупитер и Уран ќе бидат во вашата 11-та куќа на технологиите, па многу добра идеја е да започнете да ја користите моќта на блоговите, онлајн медиумите и социјалните мрежи за просперитет на професионален план. Може да добиете возбудлива понуда за работа од млада фирма или интернационална компанија. Проучете ги можностите, но не брзајте. Оваа година ѕвездите не ви се наклонети кога станува збор за ризикување. Не заменувајте ја стабилноста со ризична авантура. Во балансирањето е клучот.

Здравје

Сатурн се наоѓа во вашата 6-та куќа на здравјето, фитнесот и рутините. Време е да ги отфрлите штетните пороци и да ги замените со полезни дневни активности кои ќе ви помогнат да бидете пофокусирани и да го елиминирате стресот. Вежбањето никогаш не било поважно за вас. Тоа ќе ви помогне на правилен начин да го обликувате вашето тело и да внесете енергија. Имунитетот ќе ви биде силна страна и ќе ви помогне лесно да останете здрави. Преку летото Јупитер минува во овен, вашата 12-та куќа на лекувањето. Ќе се чувствувате поспани и помалку фокусирани, но со тоа ќе ја подобрите вашата емоционална состојба.

 

 

БЛИЗНАЦИ

Љубов

Сатурн, планетата на созревањето ќе престојува три години во вашата 5-та куќа на романсата, а истовремено Плутон се наоѓа во третата година од своето патување во вашата 8-ма куќа на интимноста. Тоа значи дека израстувате на љубовен план. Ќе разберете која е разликата помеѓу сексот и љубовта и ќе ги оставите во минатото сите стравови поврзани со интимноста. Вашето разбирање за љубовта еволуира од романтична љубов во зрела љубов. Од средината на септември до крајот на декември, Јупитер и Уран ги здружуваат своите сили во риби – вашиот сектор на татковството и мажите. Размислете подобро за вашата врска со татко ви или некоја друга важна машка личност во вашиот живот. Време е да созреете и да започнете да гледате на него како на пријател.

Пари

Оваа година можеби е една од најсреќните ваши години, исполнета со многу успех на професионален план. Јупитер и Уран поминуваат поголем дел од годината во риби, вашата 10-та куќа на славата и постигнувањата. Некои близнаци ќе го достигнат врвот на својата кариера, а други пак успешно ќе започнат кариера во нов правец. Ако случајно се имавте откажано од постигнувањето на своите соништа, сега е време да си ги вратите сите амбиции и со полна сила да работите да ви се исполнат, затоа што резултатите нема да изостанат. Во текот на летото, Јупитер и Уран ќе се наоѓаат во овен, вашата 11-та куќа на групите и социјалните активности, па препорачливо е да се занимавате со онлајн бизнис или да се вклучите во некоја хуманитарна организација. Многу важна дата за вашата кариера е 11 јули. Тогаш може да најдете нови извори на приходи.

Здравје

Придржувањето кон рутина не е ваш омилен начин на живот, затоа што постојано трагате по спонтаност и варијации. Оваа година ќе забележите огромен напредок ако го поедноставите вашиот живот и се придржувате кон дадена структура. Можете да најдете нов креативен стил на живот и да ги научите најблиските да го прифатат и тие. Многуте обврски ќе ве „проголтаат“ ако не најдете начин да се организирате. Само кога вашиот мозок не е пренатоварен можете да се посветите на лекување на вашето тело. Редовно одете на прошетка со ваш пријател или пријателка за да можете да соберете енергија и истовремено да ја подобрите својата кондиција.

 

 

РАК

Љубов

Ви претстои интересна година. Јупитер ќе ја помине половина година во риби, вашата 9-та куќа на патувањата, образованието и авантурите. Повеќе нема да чувствувате голем комфор во својот дом, па почесто ќе сакате да поминувате време надвор од него. Тоа е добра вест, затоа што ќе ви се пружи можност да излезете надвор во светот подготвени да се соочите со сè што ќе се најде пред вас. Потрагата по авантура ќе ви донесе контакти со многу нови интересни луѓе. Ќе го промените својот став и своето гледање на врските и партнерствата. Важно е да знаете дека постојат 3 личности во вашиот љубовен живот – вие, тој и вашата врска, која исто како и вас има свој карактер и индивидуалност. Треба да бидете внимателни во вашиот љубовен живот од 8 октомври до 7 ноември. Можно е да разберете некоја вест или директно да стапите во контакт со вашиот бивши. Внимавајте, затоа што може да влезете во драматична расправија со вашиот сакан.

Пари

Ќе бидете желни за знаење и авантура и спремни да истражувате нови можности. Обидете се да имате флексибилно работно време за да можете да се здобиете со нова диплома или да се грижите за семејството. Марс се наоѓа во лав, вашата 2-ра куќа на парите и работата сè до јуни. На 10 март тој започнува ретроградно (обратно) движење и тоа кај вас ќе предизвика финансиски стрес или ќе бидете поврзани со проект кој бара многу енергија и посветеност. Но, кога Марс повторно ќе се врати во директно движење, ќе се појават нови возбудливи можности за вас. Од 7 април до 22 јули, Сатурн се наоѓа во девица, вашиот сектор на комуникациите. Обрнете внимание на вашите способности за јавно говорење или започнете да се занимавате со политика. Уран и Јупитер се наоѓаат во овен, вашата 10-та куќа на кариерата, од јуни до септември. Ова ќе ви биде највисоката точка за оваа година на професионален план. Очекувајте унапредување или преземање на некоја лидерска позиција.

Здравје

Нема да имате желба да се затворите во фитнес сала, па најдобро е да се насочите кон активности кои се практикуваат на отворено. Трчањето или возењето велосипед се идеален избор за вас. Ќе имате неверојатен апетит и потребно е да внимавате на храната која ја консумирате. Обидете се да се насочите кон здрава исхрана. Некои штетни пороци ќе треба да ги исфрлите од вашиот живот.

 

 

ЛАВ

Љубов

Иако сите знаат дека вие сте динамичен знак кој не седи затворен, оваа година ќе сакате да имате повеќе приватни интимни моменти. Во текот на 2019 година Јупитер се наоѓа во риби, вашата 8-ма куќа на интимноста, сексот и длабоките интензивни емоции. На Јупитер му се придружува и Уран, па заедно ќе влијаат врз вашиот приватен живот. Ќе знаете што точно сакате од партнерот и нема да се срамите да го побарате. До јуни, Марс се наоѓа во лав и тоа ќе придонесе да заборавите целосно на срамежливоста. Бракот, разводот, бременоста и живеењето заедно се влијаат во голема мера од вашата 8-ма куќа. Секој од овие важни чекори може да стане реалност во текот на оваа година. Ако имате повеќе пари, можете да се насочите кон инвестирање во имот покрај вода, каде што ќе се одмарате и ќе заборавате на стресот.

Пари

Мирното седење воопшто не е во ваш стил, но сега планетите ве учат на дисциплина. Барем за кратко ќе заборавите на вашето его и ќе се концентрирате само на остварување на целите. Ќе разберете дека ако сакате успех, ќе треба силно да работите. Од средината на април до средината на мај, МерК*р, планетата на комуникацијата, се движи ретроградно во вашиот сектор на кариерата. Тоа ќе предизвика судир со претпоставен или напнатост во односите со колегите. Избегнувајте да донесувате важни решенија на професионален план во текот на овој период. Од јуни до август, Уран и Јупитер се во овен, вашата 9-та куќа на среќата, претприемништвото и богатството. Ќе бидете љубопитни и ќе истражувате нови можности. Може и да се вратите на училиште или да создадете креативни начини за комуникација во вашата фирма.

Здравје

Ако сте пушач, најдоброто време за да се откажете од таа штетна навика е почетокот на годината. Со секој успех, мал или голем, вие ќе се полните со самодоверба и енергија. Бидете убедени дека е лесно да им се спротивставите на пороците. Со Јупитер и Уран во вашата 8-ма куќа, ќе сакате сè во вашето тело да функционира како подмачкано. Поголемата консумација на течности и хранењето според крвната група можат да ви помогнат да ги постигнете вашите цели во врска со тежината.

 

 

ДЕВИЦА

Љубов

На љубовен план ви претстои интересна година. Јупитер и Уран ќе поминат поголем дел од 2019 во риби, вашата 7-ма куќа на сериозните врски. Во овој период можно е да започнете врска на растојание. Ако сте во здрава врска, ова е идеална година да патувате или да одите на К*рсови заедно со вашиот партнер. Од друга страна, ако мислите дека вашата врска се исцрпела, сега е време да ѝ ставите крај и да продолжите. Девиците со статус сингл може да започнат врска со некој од друга држава или друга националност. Во периодот од 7 април до 27 мај, ќе почувствувате потреба да си создадете емоционална тврдина и да не допуштате никого до вас, дури ни вашиот партнер. Тоа е единствениот лош период кога станува збор за вашиот љубовен живот. За да не дојде до тоа, во текот на пролетта внесете повеќе страст во вашата врска и отворено и директно барајте сè што ви е потребно од партнерот. Само така на крајот нема да го обвинувате дека тој не ве прави среќни. Преку летото очекувајте подобрување на љубовен план, а потоа во поладните месеци очекувајте динамика и разновидност.

Пари

Ако мислите дека досега сте штеделе, се лажете. Присуството на Сатурн во вага, вашиот сектор на парите и работата, ќе ве научи што е тоа живеење со низок буџет и штедење. Дури и ако заработувате многу, потребно е да научите да ги цените парите. Во текот на летото, Јупитер и Уран ќе ја посетат вашата 8-ма куќа на богатството. Одлична идеја е да започнете да планирате долгорочно. Инвестициите во недвижности може да ви донесат печалба. Сопствениците на свој бизнис ќе добијат финансиска помош од банка или поголем инвеститор. Годината ќе ви заврши со успех. Особено важна е датата 21 декември. Тогаш ќе видите колкав просперитет сте направиле на професионален план.

Здравје

Присуството на Марс во вашата 12-та заспана куќа ќе ви донесе недостиг на енергија во почетокот на 2019 година. Во овој период може да имате напнати соништа, затоа што вашата потсвест ќе биде во конфликт. Бидете внимателни да не ја апсорбирате негативната енергија и нервозата од другите околу вас. Најдобар начин да го одржите вашето здравје е да следите константни навики. Поедноставете го вашиот живот и обрнете им повеќе внимание на приоритетите.

 

 

ВАГА

Љубов

Ако минатата година ја оценувате како забавна, оваа нема да го продолжи тој тренд. Време е да се зафатите за работа и скоро и ќе немате време да мислите за љубов и романса, особено во првата половина на 2019 година. За среќа, работите на љубовен план ќе се подобрат во текот на летото. Од јуни до септември, Јупитер и Уран ќе се сретнат во овен, вашата 7-ма куќа на друштвеноста. Може да запознаете некој специјален онлајн, додека патувате или на најнеочекуваниот начин на најнеочекуваното место. Вагите кои се во сериозна врска или брак најверојатно ќе планираат романтично патување, кое што ќе ја зацврсти нивната врска. Ако имате чувство дека цело време привлекувате погрешна личност, тоа е поради присуството на Нептун во вашиот романтичен сектор. Тој ќе остане таму уште две години, па не е лоша идеја пред да го отворите срцето пред некого, да го проучите малку неговото минато. Кон 23 септември може да бидете нефер во однос на вашиот партнер, затоа што поради несогласувањата во вашето семејство, ќе го истурите целиот гнев врз него. Во текот на ноември може да обновите врска со некој ваш бивши.

Пари

Оваа година ќе ја посветите на работата. Првата половина на 2019 и потоа периодот од септември па до крајот на годината, ќе имате чувство дека работата е единственото нешто во вашиот живот. Јупитер и Уран се наоѓаат во риби, вашата куќа на организацијата и дневните активности. Не претерувајте со работата. Фактот дека можете да постигнете сè, не значи дека е добра идеја да го правите тоа. Мора да станете експерт во вашата област. Можно е да добиете унапредување во работата и потоа да се најдете сред купишта обврски и задачи кои не знаете како да ги решите. Не се откажувајте. Ако ви е потребна обука, не се плашете да ја побарате. Најголемиот успех во оваа година можеби ќе ви се случи на 11 јули.

Здравје

Во текот на оваа година ќе бидете особено здрави и во убава форма. Присуството на Јупитер во риби, вашиот сектор на добросостојбата, ќе ви го овозможи тоа. Уран и Јупитер во поголемиот дел од годината ќе бидат заедно во риби, па тоа ќе ви донесе енергија и пресврт во начинот на живот. Уран е владетел на технологијата и науката, па голем дел од информацијата поврзана со вашето здравје ќе ја добивате онлајн. Ако сакате да се ослободите од некоја зависност, најдобриот период за да го направите тоа е од 7 април до 22 јули. Препорачливо е да се занимавате со пилатес или јога.

 

 

ШКОРПИЈА

Љубов

Во изминатата година се чувствувавте малку осамено, но 2019 ќе ви биде исполнета со забава и смеа. Јупитер и Уран се наоѓаат во риби, вашата 5-та куќа на романсата, игрите и креативноста. Луѓето ќе започнат да ја гледаат вашата весела страна и ќе биде особено интересно за сите. Љубовта не мора да биде нешто во кое што треба да се вложува напор. Вие толку многу сте се обидувале да работите на својата врска, што заборавивте како е да се забавувате без грижи. За среќа, тоа сега ќе се промени. Шкорпиите со статус сингл ќе бидат во добро расположение за флерт. Тоа нема да остане незабележано од спротивниот пол. Бременоста може да ви дојде како гром од ведро небо, особено во последните 3 месеци на годината. Мали несогласувања со партнерот може да се појават од средината на април до средината на мај. Но, сè ќе заврши добро, затоа што и двајцата ќе вложите дополнителен труд да ги разјасните сите недоразбирања. Крајот на годината ќе ви донесе романса во изобилие.

Пари

Марс се движи ретроградно во лав, вашиот сектор на кариерата, до 10 март. Вашиот напредок на професионален план ќе се движи со побавно темпо. Ќе развиете директен стил на комуникација. Обидете се да не ја прикривате и заобиколувате вистината. Од март до јуни, Марс е во директно движење во лав, а тоа ќе ви донесе возбудлива промена и нови можност да се искачите во хиерархијата. Од јуни до септември, Јупитер и Уран ќе бидат во овен, вашата 6-та куќа на организацијата. Наеднаш ќе бидете преплавени со безброј задачи, па добра идеја е да не се пренатоварувате и да побарате помош од друг колега.

Здравје

Започнете да се грижите за своето здравје од внатре кон надвор. Главоболката може да е резултат на преголемиот стрес или на вашата совест која постојано работи. Затоа, најважно е да имате внатрешен мир. Од јуни до септември, Јупитер и Уран се наоѓаат во овен, вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Ова е одличен период за конечно да го направите вежбањето дел од вашето секојдневие.

 

СТРЕЛЕЦ

Љубов

Вашата планета владетел, Јупитер, ќе го помине поголем дел од годината во риби, вашиот сектор на домот. Некои од вас ќе сакаат повеќе да се приврзат кон своето семејство, додека други пак, ќе направат промени во структурата на семејството (купување на нов дом, создавање свое семејство, преселба во нова држава). Четвртата куќа, каде што се наоѓаат Уран и Јупитер, е владетел на жените, па оваа година особено ќе ја цените врската со некоја важна женска личност. Исто така големо внимание ќе ѝ обрнете на својата женствена страна. Марс ќе ја помине првата половина на годината во лав, секторот на далечните патувања, па тоа е одличен период за романтични патувања. Врска со личност од друга држава ќе внесе многу страст, забава и нестрпливост во вашиот живот. Од јуни до септември, Јупитер и Уран се во овен, вашата 5-та куќа на страста. Целиот ваш поглед на љубовта ќе се промени. Ќе сфатите дека понекогаш е подобро да се препуштите на забавата, без премногу да се трудите да изградите силна врска. Кога планетата на љубовта Венера ќе започне да се движи ретроградно, од 8 октомври до 18 ноември, ќе излезат на површина искрени признанија од ваша страна или од страна на вашиот партнер. Искористете го тој период за да ги расчистите сите сомневања и да си ја вратите довербата во врската.

Пари

Навистина е важно да се запрашате дали ви плаќаат онолку колку што вредите и дали ја имате работата што ја сакате. Нема ништо полошо од тоа да си ја загубите мотивацијата. Марс ќе ја посети вашата 9-та куќа и ќе остане таму до јуни, а тоа ќе придонесе да зачестат вашите патувања или да го надградите вашето образование. До 10 март движењето на Марс ќе биде ретроградно, па бидете внимателни при влегувањето во нови зделки и секогаш одете по веќе проверен пат. Особено значајни датуми за оваа година се 15 јануари и 26 јуни. Тогаш ве очекуваат нови можности на работното место или понуда за нова работа. Од 7 април до 22 јули, Сатурн се наоѓа во девица, вашата 10-та куќа на кариерата и лидерството, па најверојатно ќе треба да се покажете пред шеф кој бара премногу од вас. Избегнувајте потпишување на договори од 20 август до средината на септември.

Здравје

Иако вие си мислите дека можете да продолжите да живеете активно без да се грижите за себе, вашето тело не мисли така. Оваа година треба да се ставите на чело на своите приоритети. Негувајте се и обидете се секогаш да се чувствувате задоволни. Но, внимавајте на емоционалното прејадување. Фитнесот ќе треба да го применувате почесто, особено во втората половина на годината.

 

 

ЈАРЕЦ

Љубов

Вашата година ќе започне со љубов. Затемнувањето на Месечината на 31 декември во рак, вашиот сектор на романсата, ве извади од вашата комфорна зона. Во почетокот на 2019 можни се разделби или пресвртни точки во вашата врска. Старите рани може да излезат на површина кога МерК*р ќе започне да се движи ретроградно во бик, од 18 април до 11 мај. Некој бивши може да посака да се врати во вашиот живот. Пред да донесете какво и да било решение, размислете два пати дали заслужува да му дадете втора шанса. Во првата половина на јули очекувајте убав почеток со некоја специјална личност. Ќе го отворите пред него своето срце и ќе ризикувате да бидете повредени. Но, понекогаш тоа е добро. Не можете секогаш да ја имате контролата во своите раце. Можеби тоа ќе биде тест колку му верувате и колку можете да му верувате на својот партнер. Подобро е тие работи да ги знаете колку што може порано, пред премногу да навлезете во врската.

Пари

Сатурн ќе ги помине наредните три години во вашата 10-та куќа на кариерата и амбициите. Од ноември 2019, вашата работа бара повеќе енергија и посветеност, а тоа придонесе вие да ги промените своите приоритети. Може и да го смените работното место или да добиете нова титула, но со тоа ќе дојде и повеќе работа. Во овој период најдобро е да не преземате ништо, пред да направите силен план. Некои јарци ќе поминат неколку месеци од годината без работа. Тоа ќе им даде доволно време да размислат дали кариерата што ја избрале ги задоволува нив или другите луѓе. Со Јупитер и Уран во вашата 3-та куќа на комуникацијата, можно е да создадете веб сајт или свој блог, за да ги промовирате своите способности. Ако имате свој бизнис, освежете го своето лого и рекламните материјали.

Здравје

Стресот од промените кои ќе ви случат оваа година може да ве истошти, па затоа треба особено да внимавате на своето психичко и физичко здравје. Ќе бидете склони да анализирате сè, дури и тогаш кога воопшто нема потреба да размислувате за некои краткотрајни настани кои немаат апсолутно никакво значење за вас. Смирете ги вашите нерви со читање, пишување или разговори со пријателите. Во првата половина на годината препорачливо е да се храните здраво и со храна која нема да го натоварува желудникот. Јадете повеќе овошје и пијте многу сокови, особено наутро. Ако сте постојано уморни, проверете си го нивото на железо во организмот.

 

 

ВОДОЛИЈА

Љубов

Со присуството на Марс во лав, вашиот сектор на обврзувањето, вашата врска ќе биде полна со страст, а ќе има и неколку расправии кои само ќе ги расчистат недоразбирањата помеѓу вас и вашиот партнер. До 10 март Марс се движи ретроградно, па во овој период особено е значајно да можете да застанете и да го ислушате својот партнер. Можно е да слушнете вест поврзана со ваш бивши. Некои водолии ќе ѝ се вратат на некоја стара љубов. Самодовербата, која кај вас сè повеќе нарастува, ќе придонесе да правите поумни избори кога станува збор за вашиот љубовен живот. Од почетокот на април до средината на летото треба да се посветите на тоа да остварите вистинска и пред сè искрена врска со својот сакан. Вашата изразена индивидуалност нема да ви дозволи лесно да го заборавите своето „јас“ и целосно да се насочите кон врската. Затоа, може да создадете растојание помеѓу вас и вашиот партнер, но за да го направите тоа безболно, не треба да ја преминете границата.

Пари

Ова е една од вашите најсреќни години кога станува збор за пари. Јупитер и Уран поминуваат поголем дел од годината во риби, вашата 2-ра куќа на парите и кариерата. Технологијата може да има огромно влијание врз вашата кариера. Ако мислите дека компјутерските способности не ви се на потребното ниво, не двоумете се да ги надградите. Доколку сакате да живеете со поголем буџет, прво направете си сметка дали ви се исплаќа, па дури откако ќе бидете сигурни дека можете да ги покривате сите расходи, опуштете се. Од април до јули може да дојде до флуктуации во вашите приходи. Затоа бидете внимателни колку трошите. Ако сакате да се занимавате со продажба или купување на имот, најдобро е да не брзате и да почекате барем до почетокот на есента.

Здравје

Време е да се погрижите за себе, затоа што во спротивно стресот и вознемиреноста може да достигнат критично ниво. Создајте си нов начин на живот и придржувајте се до него. Само така ќе успеете да ги одржите вашето тело и дух здрави. Врската помеѓу вашето тело и духот ви е силна, па не дозволувајте да го нарушите балансот кој сте го постигнале. Не ги игнорирајте ниту малите симптоми. Превентивата е многу важна. Внимавајте на имуниот систем.

 

 

Риби

Љубов

Време е да прославите, затоа што една од најтешките години веќе е зад вас. Наредните три години имаат големо значење за вашиот љубовен живот, бидејќи ќе ја постават основата за создавање на сериозна врска. Сатурн се наоѓа во вашата куќа на интимноста до 2020 година и тоа ќе ве принуди да созреете и да застанете зад своите мислења и верувања. Ќе сакате да внесете рамнотежа во врската. Ако настане тензија помеѓу вас и вашиот сакан, тоа е резултат на целиот процес на промени низ кој што минувате. Со Јупитер и Уран во риби, вашиот живот минува низ турбулентен период. Вашиот партнер ќе се прилагоди на тоа, само му е потребно време. Ќе има тешки моменти (7 април до 22 јули), кога ќе мислите дека на сè му дојде крај, но на овој начин всушност ќе ја тестирате силата на вашата врска. На 11 јули ќе се разбуди вашата страст и ако сте со статус сингл, ќе можете да влезете во летна авантура. Околу оваа дата може да останете бремена или да чуете вести за нечија бременост.

Пари

Вашата мисија оваа година е да дознаете кои се вашите вистински желби и да ја изградите својата кариера околу нив. Од јуни до септември, Јупитер и Уран се наоѓаат во овен, вашата 2-ра куќа на парите и работата. Ве очекуваат интересни и возбудливи нови можности, поврзани со работата. Може да добиете понуда за работно место во друга држава или за деловно патување. Внимавајте со големите инвестиции и со позајмувањето на пари. Ако работите во тим, бидете претпазливи особено од почетокот на годината до средината на март. Некоја вашата брилијантна идеја може да биде отфрлена или одложена поради тоа што технологијата нема да може да помогне во нејзиното реализирање. Во никој случај не останувајте само на таа идеја. Истражувајте и бидете инвентивни.

Здравје

Минатата година постојано се чувствувавте како да немате доволно сила, но затоа оваа година ќе ја започнете полни со енергија. Сепак, не треба премногу да се опуштите и да се обидувате да направите сè одеднаш. Правете ги работите полека, полека. Не заборавајте постојано да внимавате на своето психичко и емоционално здравје. Крајот на мај е одличен период за закрепнување. Ако имате некаков здравствен проблем, закрепнувањето ќе биде побрзо во тој период. Внимавајте на мрсната храна – совет кој многу пати го слушате, но малку го применувате.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103630
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2017 во 08:19

Љубовен хороскоп за април 2017: Близнаците се каат за одлука од минатото, Раковите ќе почнат нешто сериозно


На кого пролетта ќе му донесе нова љубов, на кого немир во срцето, а на кого конечно раскинување?

ljuboven-horoskop-za-april-2017-bliznacite-ke-se-kaat-za-odluka-od-minatoto-rakovite-ke-pocnat-nesto-seriozno-1.jpg

Без разлика на тоа дали сте сами или во врска, откријте каква ќе ви биде љубовната ситуација во април 2017-та:

Овен

Ако сте во врска:

Нешто ќе мора да сокриете од брачниот или емотивниот партнер. Вашето чудно однесување ќе предизвика сомнежи, што може да доведе до несогласување и ладење на односите. По одредено време напнатост, конечно ќе излезете од фазата на молчење и повлекување. Нема директно да му раскажете на партнерот што ви било, туку ќе му дадете неколку можни верзии и ќе го оставите сам да донесе заклучок. Потоа односот ќе ви се врати во нормала.

Ако сте слободни:

Можна е средба со стара, поранешна љубов која ќе ги разбуди емоциите од минатото. Ни другата страна нема да биде рамнодушна, па може да дојде до обновување на врската. Романсата ќе трае 2-3 недели, до крајот на месецот. Потоа ќе разговарате зошто раскинавте. Ако не ги надминете тогашните проблеми, овојпат раздвојте се засекогаш. Дел од Овните може да влезат во врска со личност која ја идеализираат и имаат превисоки очекувања. И тоа ќе трае кратко. Еден потег од другата страна брзо ќе ве врати во реалноста.

Бик

Ако сте во врска:

Партнерот ви е приврзан и ќе сака да ве задоволи. Вие од друга страна ќе бидете окупирани само со своите проблеми и ќе се повлекувате. Можна е оддалеченост од партнерот до средината на април. Во втората половина од април малку од малку ќе му се посветите на партнерот и ќе го надокнадите пропуштеното. Правете го тоа со мали изненадувања и знаци на внимание.

Ако сте слободни:

Некој кој го познавате од порано, а долго време не сте го виделе, повторно ќе се врати во вашиот живот. Бидејќи и порано сте имале симпатии, ќе се обидете да ја шармирате личноста. Меѓу вас ќе дојде до кратка авантура, но другата личност ќе ве разочара со изјава дека имала други планови, но не можела да ви одолее моментално. Ќе сакате да ги менувате навиките и ритуалите, па подгответе се за динамични аватури, иако по природа сте опуштени.

Близнаци

Ако сте во врска:

Очекувајте понуди за заеднички живот, семејство или било какво зближување. Двајцата ќе се сложите, а партнерот ќе биде воодушевен со новитетот. Повеќе вклучувајте го во вашите одлуки и се ќе биде помирно. Во вториот дел од април организирајте патување за двајца. На тоа патување ќе запознаете други парови со кои ќе почнете активно да се дружите. На саканата личност обрнете и поголемо внимание, доколку сакате да избегнете расправии.

Ако сте слободни:

Ќе ви недостасува личност со која во минатото сте биле во врска. Ќе сфатите дека сте донеле погрешна одлука и ќе се обидете да стапите во контакт со неа/него. Имате реални шанси за обновување на врската, меѓутоа мора да бидете директни и брзи. Повозрасните Бикови ќе бидат привлечени од личности кои суптилно им се додворуваат. Доколку личноста е во брак или врска, тоа нема да ве спречи да почнете тајна врска.

Рак

Ако сте во врска:

Ќе забележите како партнерот сака да ги подобри условите за ваш заеднички живот и нема да имате доволно време за анализирање и истражување во она што се сомневате. Прифатете ја ангажираноста на партнерот и однесувајте се грижливо како што знаете. Ќе чувствувате зголемена потреба за излегувања и дружење, но тешко ќе се организирате со пријателите. Партнерот ќе ви скокне на помош и за вас ќе организира заедничка авантура. Бидете среќни и не се бунете затоа што било во 5 до 12.

Ако сте слободни:

Подолго ви се допаѓа една личност која ви е во близина. Често се среќавате, а ја познавате преку заеднички пријател. Наговорете го пријателот да организира заедничка средба и тргнете во освојување. Иако нема да бидете сигурни дали вашите симпатии се прифатени, вреди да се обидете да започнете нешто посериозно.

Лав

Ако сте во врска:

Ќе имате чувство дека партнерот се оддалечува, но нема да ви биде јасно зошто. Земете ја предвид можноста вашиот партнер да сака да се истакне во вашиот брак, во емотивната врска или семејните обврски. Избегнувајте несогласувања и кавги заради вашето големо его. На саканата личност ќе и биде потребна и поддршка, без тоа да и се вади на нос. Посветете повеќе внимание и ако сакате да воспоставите склад и мирна семејна атмосфера, бидете помалку главни, а поголема потпора.

Ако сте слободни:

Доколку скоро сте прекинале љубовна врска, партнерот кој ве оставил ќе се труди со сите средства да ве убеди дека погрешил. Ако подолго време сте слободни, ќе имате потреба за авантура. Сепак, внимавајте кого бирате за авантура, бидејќи може да добиете многу повеќе и потоа да не ве остават на мира.

Девица

Ако сте во врска:

Имате пропуштено многу заеднички моменти и неопходно е да му се посветите на брачниот или емотивен партнер. Почнувате да се оддалечувате. Иако не сте склони на покажување емоции, саканата личност ќе биде посебно расположена доколку покажете нежност. Кон средината на април Венера ќе се врати во вашето поле на бракот и љубовта, па ова е идеално време да му се препуштите на романтичниот занес.

Ако сте слободни:

Никако нема да успеете да се погодите со личност која долго време ви се допаѓа, бидејќи односот ви е променлив. Во текот на април потрудете се да не се оддалечувате за секоја ситна кавга. Ќе сфатите дека сте заинтересирани еден за друг и дека ситниците не смеат да стојат на патот на среќата. Прилагодете се. Важно е да не летате во облаци и да не ги повторувате грешките од минатото.


ljuboven-horoskop-za-april-2017-bliznacite-ke-se-kaat-za-odluka-od-minatoto-rakovite-ke-pocnat-nesto-seriozno-2_copy.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Обидете се да го вклучите партнерот во сите промени кои ќе ги правите овој месец. Спојте ги силите и финансиите за работите кои долго ги одложувате. Ви недостасуваат заеднички моменти, излегувања и дружења. Предложете кратка авантура во природа. Ако овој план ви успее и помине во најдобар ред, следен пат вклучете и блиски пријатели. Потребен ви е воздух во комбинација со добро друштво, месецов тоа ве прави среќни и задоволни.

Ако сте слободни:

Во април ќе сфатите дека слободата веќе не ви одговара и дека ќе се чувствувате посреќно ако го прекинете животот како самец. Потрудете се да запознаете нови личности, не им се враќајте на старите. Гледајте ги квалитетите, не изгледот. Ако бидете спонтани, искрени и шармантни, набрзо очекувајте нова врска. Дел од Вагите ќе мора да одберат меѓу две личности кои ќе бидат заинтересирани за нив. Одберете ја онаа која покажува добри и грижливи манири.

Скорпија

Ако сте во врска:

Потребна ви е поддршка и чувство дека сте сакани и потребни. Тоа ќе ве мотивира да се вложите повеќе. Не е лошо да почнете на прво место да ги ставате емоциите и потребите на партнерот. Тоа ќе биде повеќе од ценето и возвратено. На моменти ќе имате голема желба за интимност и време во пар, па добро би било да ги откажете сите работи кои може да почекаат.

Ако сте слободни:

Личност која во минатото  ви била голема љубов и со која сте имале складна врска ќе ви се врати во животот. Меѓу вас и вашиот бивши партнер ќе се појават емоции и желби за повторни обиди. Ваквата шанса се пружа веројатно еднаш во животот. Потрудете се овојпат да дадете сè од себе. Повозрасните Скорпии ќе бидат отворени за флерт, но ќе им одговара слободата и нема да бидат во потрага по нешто сериозно.

Стрелец

Ако сте во врска:

Насочете се на заедничките цели кои ги имате како пар. Нешто што долго време одложувате, сега конечно ќе може да го реализирате, бидејќи сте согласни и чувствувате поддршка од партнерот. Тоа ќе ви ја зголеми блискоста. Ќе наоѓате повеќе време еден за друг. Разговарајте на теми кои понекогаш ги избегнувате, бидејќи имате многу работни проблеми. Заедничките излегувања ќе ве опуштаат, затоа практикувајте ги почесто во април.

Ако сте слободни:

Април ќе ве наполни со иницијатива за барање на идеалната личност. Ќе ве привлекуваат авантуристички типови полни со страст. Сакате динамика и таа ви е еден од приоритетите за врската да успее. Малку повозрасните Стрелци кои се сами ќе бараат квалитет и исполнување на зацртаните критериуми. Сепак, не заборавајте да проверите дали и вие ги исполнувате критериумите.

Јарец

Ако сте во врска:

Заедничкото време со саканата личност овој месец ќе ви биде поважно од сите останати работни обврски и животни цели. Збогатете го секојдневието со чести посети на културни манифестации, таму ќе црпите инспирација и енергија. Не се плашете и да преземете иницијатива за некоја заедничка активност. Ќе имате доволно време за активности во пар, што дополнително ќе ве зближат.

Ако сте слободни:

Ако немате никој кој досега ви го привлекол вниманието, тоа може да го направи некој поранешен партнер. Постојат шанси за успешно обновување на минатата врска, но под услов да не ги правите истите грешки. На голем дел од Јарците нема да им договараат забавите и излегувањата. Наместо тоа, тајно ќе почнат да се гледаат со личност која не е слободна, а им делува привлечно. Внимателно со трагите кои ги оставате.

Водолија

Ако сте во врска:

Вашиот брачен и емотивен партнер ќе има многу идеи како да го подобрите заедничкиот живот, а вам ви одговараат сите теми за разговор бидејќи на тој начин се зближувате. Ќе ви одговараат заедничките излегувања и кратките ексК*рзии во природа. Организирајте почести активности кои ќе ве натераат да седите сами и да разговарате. Избегнувајте гужви и големи собири.

Ако сте слободни:

Ќе имате добар настап пред личноста која ви се допаѓа и ќе успеете да го привлечете вниманието. Потрудете се претходно добро да се информирате дали лицето е само или во врска. Дел од Водолиите ќе бидат страствени и полни со самодоверба. Нема да се двоумат дали да пристапат директно на личноста која им се допаѓа, а изненадувањата ќе им помогнат да успеат. Без многу докажувања, загарантиран е успех.

Риби

Ако сте во врска:

На брачниот или емотивен партнер ќе му овозможите доволно нежност и внимание, што секако ќе ви ги затопли односите. Ќе се согласувате за големите и важни одлуки, па очекувајте моменти на големи задоволства. Заедничките планови  кои долго време ги одложувате, во април ќе имате шанси лесно да ги реализирате. Уживајте во почестите излегувања, колку и да ви е прекрасно дома.

Ако сте слободни:

Ќе промените нешто во вашиот изглед и пристап, што ќе има позитивен ефект. Ќе привлекувате погледи од сите околу вас, па ќе имате голем избор на контакти за дружење и запознавање. Веќе на половина април, ќе бидете на праг на нова врска. Бидете мудри и не се впуштајте во емотивни разговори по само неколку часа. Добро проценете дали некој ги исполнува критериумите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103630
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2017 во 14:20

Како што е познато, хороскопските знаци се поделени во две групи, оние кои имаат смирен карактер и тие што се поекстровертни и лесно избувливи.

top-5-drama-kralici-spored-horoskopot-001.jpg

Овие пет знаци од хороскопот, имаат најнемирен дух и лесно се наоѓаат во драматични ситуации, од кои повеќето неретко и сами ги креираат.

Рак 

Раковите немаат проблем со искажување на своите емоции во било кое време, на било кое место. Амбициозноста кај Раковите е доста оправдана, но, некогаш преминува и во натпреварување. Доколку доживеат некој постресен емоционален настан, можат во истата секунда да се сменат и да станат ранливи и бесни.

Лав 

Ако некој е на прво место по драматичноста, тоа се лавовите. Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и сакаат да живеат по највисок стандард. Меѓутоа има граница помеѓу тоа да ве привлекува луксуз и да правите драми доколку добиете нешто помалку од тоа, а кај лавовите таа граница е сосема нејасна. Доколку нешто не испадне како што тие планирале, знаат да станат арогантни, егоистични и гласни.

Скорпија 

„Страст” е второто име на секоја Скорпија. Тие се страствени и во љубовта и во работата, но таа страст секогаш може да премине за кратко време во нешто повеќе. Кога стануваат емоционални, овие девојки не се повлекуваат, туку знаат да станат агресивни и да не внимаваат на речникот и туѓите чувства.

Стрелец

Стрелците се родени ентузијасти, па кога се однесуваат драматично, тоа најчесто не е поврзано со никаков негативен настан. Но, доколку оваа девојка не е вознемирна за нешто конкретно, сепак има талент да ви каже нешто толку искрено што ќе ве повреди.

Кога емоционално се повредени, зборуваат толку многу што не можете да ги запрете, и најчесто тоа ги воведува во поголеми недоразбирања. Кога оваа девојка сака да добие нешто, не претставува проблем да ви ја симне и месечината со зборови, дури и по цена да се доведе самата во незавидна ситуација.

Водолија

Водолиите не се типични драма девојки. Нивниот смирен став и незаинтересиран поглед, ќе ви покажат слика на стабилна личност, но, нивните емоции се всушност најдраматични од сите. Поради тоа што се тивки поголем дел од времето, кога ќе ја достигнат границата на емоционална толеранција, ненадејно стануваат агресивни и бунтовни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103630
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2017 во 15:48

Кои се тајните на хороскопските знаци?


Сите ние се обидуваме да го сокриеме нашите тајни и она што не прави да бидеме слаби, но хороскоп сепак ги открива.

Овен

Делува самоуверено, но постојано се сомнева во себе и си наметнува притисок дека мора да биде најдобар.

Бик

Се вознемирува при секоја промена во својот живот, затоа што се плаши од непознатото и од работи на кои не е навикнат.

Близнаци

Го кријат своето променливо расположение, бидејќи сакаат сите да мислат дека секогаш се среќни и дека се чувствуваат добро.

Рак

Никогаш целосно не им верува на луѓето во неговиот живот.

Лав

Има огромна желба да биде потребен некому 24/7, затоа што така се чувствува моќно и силно.

Девица

Има потреба да ја ценат за работите што ги прави.

Вага

Не знае да им каже „не“ на луѓето.

Скорпија

Се плаши од неуспех.

Јарец

Постојано ја преиспитува сопствената вредност и се прашува колку е добар.

Стрелец

Пати заради себичните постапки на другите, но се преправа дека сè е во ред.

Водолија

Потајно се плаши дали луѓето воопшто ја прифаќаат таква каква што е.

Риби

Наместо да се соочат со проблемите или луѓето кои ги предизвикале, тие бегаат од конфликтните ситуации.



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2017 во 15:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103630
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2017 во 08:23

Пред да го кажете судбоносното „Да“ добро е да знаете со каква личност ќе си имате работа односно, да ја запознаете според хороскопскиот знак со сите нејзини позитивни и негативни страни.

treba-da-gi-znaete-pred-da-stapite-vo-brak-pozitivnite-i-negativnite-strani-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Ова се доблестите и мааните на секој хороскопски знак:

Овен

На ваша среќа, животот никогаш нема да ви биде здодевен со Овенот, бидејќи се интересни, диви, забавни личности покрај кои е возбудливо да бидете. Но, од друга страна пак, понекогаш знаат да бидат тврдоглави и себични, па и имаат тенденција да наредуваат.

Бик

Добрите вести? Биковите се верни, трудољубиви и ќе си доаѓаат дома секоја вечер во истото време. На Бикот ќе можете секогаш да се потпрете. Но, од друга страна, тоа знае да стане и здодевно после некое време, посебно ако сте слободоумни по природа.

Близнаци

Близнаците ја добиле дарбата за дрдорење, што може да биде и позитивна и негативна страна. Од една страна тие се разговорни, интересни и паметни, но од друга страна, понекогаш знаат воопшто да не ве слушаат вас, заради нивната потреба постојано да зборат.

Рак  

Секој сака да има едно големо плишано мече покрај себе, а Ракот е токму таков по природа. Сака прегратки, ја сака својата мајка и добро ги разбира вашите емоции. Но, од друга страна знае да има големи промени во расположението, што може да нервира.

Лав

Како и со Овенот, така и со Лавот животот никогаш нема да ви биде здодевен, бидејќи тој е роден забавувач кој секогаш ужива да е во центарот на вниманието и на забавите. Но, кога не е во центарот на вниманието знае да стане многу гневен и суетен.

Девица

Ако сакате да живеете организиран живот, посебно кога станува збор за финансиите, тогаш Девицата е вистинскиот избор за вас. Но, од друга страна оваа потреба за организираност може да стане и опсесивно-компулсивна и неподнослива за толерирање.

Вага

Вагите по природа се дружељубиви, романтични и нежни, па лесно е да бидете с нив. Но, од друга страна, често се неодлучни и знаат да бидат и неверни. Ова е така заради нивната потреба да ги шармираат сите кои се во нивната околина.

Скорпија

Според хороскопот, Скорпиите се верни, страсни, одлучни и неверојатни во кревет. Ова веројатно веќе и го знаете, ако сте во врска со Скорпија. Но, од друга страна тие знаат да чуваат премногу тајни од вас, а нивните зборови да ве пресечат како врел нож.

Стрелец

Стрелците се секогаш расположени за авантури и патување. Тие покрај својата љубов ќе ви ги подарат и нивната интелигенција и ентузијазам, но од друга страна со нив никогаш нема да победите ниту еден аргумент, бидејќи самите презираат кога губат.

Јарец

Јарците се вредни, трудољубиви и одлучни да успеат во животот, па затоа обично, сигурни сте дека ќе се грижат за семејството. Но, од друга страна тие знаат да бидат и тврдоглави и независни, па понекогаш емоционално ќе ве контролираат и ќе бидат тврдоглави.

Водолија

Водолиите се секогаш млади во срце, секогаш расположени за забава и се прилично иновативни. Но, од друга страна пак, тие понекогаш можат да бидат и многу зависни или пак, бунтовни, па заради тоа никогаш нема да бидете сигурни на што сте.

Риби

Рибите се неодоливи, секогаш слушаат, романтични се и страсни. Тие кога сакаат, ги даваат и својата душа и своето срце. Но, од друга страна, заради тоа можат да бидат и злоупотребени. Исто така, брзо знаат да го менуваат своето расположение, па да не бидете сигурни на што сте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103630
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2017 во 19:28

Тајната која не ја знаете на секој хороскопски знак


Сите носиме маска зад која се скриени нашите вистински чувства, но ѕвездите кажуваат што се крие под површината на секој знак во зодијакот.

Овен: Има многу сомнежи и несигурен е заради притисокот кој си го наметнува сам за да успее.

Бик: Се вознемирува при секоја промена во својот живот затоа што се плаши од непознатото и од работи на кои не е навикнат.

Близнаци: Го кријат своето променливо расположение затоа што сакаат сите да мислат дека секогаш се среќни и дека им е добро.

Рак: Многу тешко им верува на луѓето.

Лав: Има потреба да биде потребен 24/7.

Девица: Има потреба да ја ценат за работите што ги прави.

Вага: Тешко и е да им рече „не“ на луѓето.

Скорпија: Се плаши од неуспех.

Јарец: Постојано се прашува колку вреди самиот тој.

Стрелец: Лесно го повредуваат себичните постапки на другите.

Водолија: Скромно се прашува дали луѓето воопшто ја прифаќаат таква каква што е.

Риби: Секогаш се обидува да избега од/избегне конфликтна ситуација наместо да се соочи со неа.



Изменето од Valerija - 17.Февруари.2017 во 19:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103630
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2017 во 13:45

Каде се заљубуваат зодијачките знаци


Местата каде што најмногу сакаме да го поминуваме времето најчесто се и места каде најмногу се поврзуваме со другите луѓе, а понекогаш токму таму може да ја сретнеме љубовта на нашиот живот. „WNQ Astrology“ ни дава можност да ѕирнеме во омилените катчиња на секој хороскопски знак, па вие проверете дали сте барале на вистинското место.

Овенот е авантуристичко суштество, па ќе го најдете на такви места како што се патеки за пешачење низ шуми, планини, но и тивки фарми, каде што често тргнува да истражува дури и сам.

Бикот ја цени сигурноста и стабилноста, па може да сака места кои ги нудат и двете: изложби на природа, тивки градини или можеби во осаменоста на својот дом.

Близнаците како најенергични и импулсивни во зодијакот, ја сакаат возбудата од предизвикот. Казино, атлетски центри, па дури и аркади за видео игри се нивните најчести места за забава.

И покрај неповерливата природа на Ракот, тој многу ја сака традицијата. А еден од традиционалните начини каде што можат да се запознаат самци се местата каде што има дружење, танцување и многу пиење.

Лавот е приврзаник на довербата, па можете да го најдете секаде. Го сака дивиот свет, па може да го најдете како посетува прибежишта за животни, зоолошки и сафари паркови.

Аналитичната Девица живее за правилата, како и за активности кои и го стимулираат умот. Ќе ја најдете на спортски натпревари или како игра билијард или фудбалче во бар.

Вагата е исто така авантуристички знак, и сака животот да го живее до максимум. Тоа значи да се качи на балон со хелиум, да лета со параглајдер, се од што ќе и чука силно срцето и од што ќе и бучи ветрот во ушите.

Иако Скорпијата е комплицирана кога станува збор за нејзините чувства, таа е најстраствена кога станува збор за нејзиното хоби. Ќе ја најдете на големи групни средби, во фан клубови и на конвенции, каде што учествува со голем ентузијазам.

Како Овенот и Вагата, и Стрелецот ја сака возбудата, како, на пример, трките со коњи. Ќе го најдете покрај тркачката патека, или како навива за својот облог во кладилница. Но можете да го најдете како сам се упатил надвор, во природа.

Јарецот е самоуверен и независен, и се гордее со своите вештини и моќ. Ќе го најдете на места на големи достигнувања, како во музеј, кај историска железница или на изложба на класични автомобили.

Водолијата е белјаџија и бунтовник. Затоа и ги сака бунтовниците од минатото, па ќе ја најдете на ренесансни саеми, или во посета на историски места, па дури и да учествува во пресоздавање на некоја историска битка.

Рибите се најчувствителниот знак, и сакаат места каде што можат да бидат сами со своите мисли. Нив ќе ги најдете како уживаат во моментот сами со себе во некое кафуле или тивко место во паркот.



Изменето од Valerija - 16.Февруари.2017 во 13:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103630
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2017 во 14:48

Особина од која најтешко се ослободувате според зодијакот


На некои знаци им е тешко да излезат од својата зона на удобност, а некои премногу мислат или се перфекционисти. Дознајте од која од овие особини ви е најтешко да се ослободите според хороскопскиот знак.

Овен – Нетрпеливост: Не можете да очекувате се` да се случи веднаш. Ако постојано брзате, може да ги пропуштите работите на кои им треба подолго време за да се случат. Научете се на трпение, и ќе бидете долгорочно наградени.

Бик – Лутина: Важно е да се ослободите од натрупаната лутина во себе, само со простување ќе се чувствувате подобро и ќе одите напред во животот и ќе ви се отворат прекрасни можности во иднината.

Близнаци – Премногу размислување: Понекогаш е важно малку да го замолчите вашиот мозок. Ако постојано сте зафатени со размислување, ја пропуштате сегашноста. Опуштете се, успорете малку и уживајте во сегашноста без многу размислување.

Рак – Зона на удобност: Знаете како велат, дека животот почнува на работ од вашата зона на удобност? Сега е совршен момент да пробате нови нешта и нови искуства. Ќе бидете изненадени од тоа што ќе го откриете.

Лав – Его: Не сакаме да звучиме грубо, но светот не се врти околу вас. Се случуваат и негативни работи, што не значи дека светот ви мисли лошо. Ако го сфатите тоа ќе можете да се фокусирате и да не ви влијаат толку интензивно туѓите дејства и мислења.

Девица – Перфекционизам. Време е да престанете да очекувате совршенство од себе и од другите. Сите имаат мани, совршенство не постои. Ако научите да ги прифаќате ситуациите и луѓето, па и себеси такви какви што се значително ќе го подобрите квалитетот на вашиот живот и ќе ви помогне да се чувствувате поопуштени и позадоволни.

Вага – Удоволување на луѓето. Вие сте експерт за удоволување, но време е да се откажете од тоа. Треба да сфатите дека е невозможно да ги усреќите сите, а ќе се изгубите себеси во процесот. Концентрирајте се на приоритетите и грижата за своите потреби. И вие заслужувате да бидете среќни.

Скорпија – Копнеење. Многу се трудите за да го добиете тоа што го сакате, но понекогаш работите во животот не излегуваат како што сте планирале. Наместо да мислите на тоа што го немате, концентрирајте ја енергијата и ценете ги прекрасните нешта што веќе ги имате во животот. Така јасно ќе согледате што е вистински важно и што навистина сакате.

Стрелец – Натпревар. Ослободете се од вашата потреба постојано да се натпреварувате со себе и со другите околу вас. Верувајте дека е доволно кога сте дале се од себе. Ако се ослободите од високите стандарди, ќе ги подобрите и вашата самодоверба и вашите врски.

Јарец – Контрола. Дајте си дозвола да ја намалите контролата и да ве понесе текот на животот. Можеби ќе се шокирате, но контролата е само илузија. Ако се откажете од неа, светот нема да пропадне, напротив, ќе уживате во новодобиеното чувство на слобода и радост.

Водолија – Проценување. Се гордеете со својата објективност, но со овој начин на размислување лесно можете да влезете во навика на проценување. Ако верувате дека секогаш знаете што е правилно, не оставате простор за однесувањето на другите луѓе. Ако и одолеете на таа навика, повеќе ќе сочувствувате со луѓето, ќе ги сослушувате и ќе ги разбирате.

Риби – Тага. Бидејќи сте длабоко чувствителна личност, одземате многу од енергијата околу вас, но тоа не значи дека не можете да научите да се опуштите. Ослободете се од тие тешки чувства и ќе почнете да се чувствувате полесно и поживо. Ако се ослободите од тагата во вас, ќе бидете поприсутни и ќе го искусите животот каков што е сега.



Изменето од Valerija - 15.Февруари.2017 во 14:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.