IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - ФИФА СП (Мундијал)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ФИФА СП (Мундијал)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 38>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 20:44
Топ 50 на играчите кои ќе участвуваат на Мундиалот во ЈАР
 
Иако националните натпреварувања и континентални купови се во полн ек, ни тоа не ги спречува љубителите на фудбалот да не ги одбројуваат деновите до почетокот на Светското првенство во Јужна Африка.

Домаќинот против Мексико на 11 јуни ќе ја отворат смотрата на најдобрите светски фудбалери, а до тогаш преостанува да ја следиме нивната форма, да видиме кој ќе се избори за селекторската виза за пат за Јужна Африка, да се подготуваме за обложување на фаворитите...

Во тоа исчекување американски "ЕСПН" ги избра 50 најдобри играчи кои ќе учествуваат на Светското првенство, а првото место го завзема Лионел Меси.

Го следат Португалецот Кристијано Роналдо, па англискиот ‘булдог’ Вејн Руни. И изборот на "ЕСПН" ја потврдува доминацијата на Шпанија, актуелниот европски првак и најдобрата селекција на ранг листата на ФИФА, "фуријата" меѓу 50 најдобри играчи има девет играчи.

По шест имаат Бразил и Франција, пет Аргентина и Англија, а четири светскиот првак Италија.

Еве како изгледа изборот на "ЕСПН":
1. Меси 2. Роналдо, 3. Руни, 4. Кака (Бразил), 5. Џави (Шпанија), 6. Дидие Дрогба (Брег Слонова Коска), 7. Андрес Иниеста (Шпа), 8. Фернандо Торес (Шпа), 9. Стивен Жерард (Англија), 10. Есиен (Гана), 11. Давид Виља (Шпа), 12. Франк Рибери (Франција), 13. Самуел Ето (Камерун), 14. Луис Фабиано (Бра), 15. Икер Касиљас (Шпа), 16. Цеск Фабрегас (Шпа), 17. Џанлуиџи Буфон (Италија), 18. Дани Алвеш (Бра), 19. Немања Видиќ (Србија), 20. Весли Снајдер (Холандија), 21. Маикон (Бра), 22. Франк Лампард (Анг), 23. Андреа Пирло (Ита), 24. Карлос Тевез (Аргентина), 25. Робин ван Перси (Хол), 26. Гонзало Игуаин (Арг), 27. Диего Форлан (Уругвај), 28. Тиери Анри (Фра), 29. Сергио Агуеро (Арг), 30. Михаел Балацк (Германија), 31. Жулио Цезар (Бра), 32. Арјен Робен (Хол), 33. Жерард Пике (Шпа), 34. Мирослав Клосе (Гер), 35. Лусио (Бра), 36. Хавиер Масчерано (Арг), 37. Џон Тери (Анг), 38. Давид Силва (Шпа), 39. Карлес Пујол (Шпа), 40. Николас Анелка (Фра), 41. Ешли Кол (Анг), 42. Патрис Евра (Фра), 43. Марек Хамшик (Словачка), 44. Карим Бензема (Фра), 45. Гуркуф (Фра), 46. Даниеле де Роси (Ита), 47. Филип Лам (Гер), 48. Јаја Туре (Брег Слонова Коска), 49. Џорџо Киелини (Ита), 50. Лендон Донован (САД).

Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 18:03
Brazil ќе победииии ...
Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 17:40
BRAZIL
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 11:47
Бекам го пропушта Светското првенство

Дејвид Бекам најверојатно нема да може да игра на Светското првенство во Јужна Африка, дури и во случај да се најде на списокот на селекторот Фабио Капело, по тешката повреда која ја здоби за време на синоќешниот дуел со Киево. Бекам во еден момент застана и сам се повреди, а по првите прегледи е констатирано дека дошло до пукање на ахиловата тетива на левата нога. Рехабилитацијата по ваква повреда од прилика трае од 5 до 6 месеци. "Го видов во болка и страв. Го прегрнав во соблекувалната и му го кажав тоа што сакаше да го слушне, а тоа е дека ќе биде повторно со нас и следната сезона" изјави вториот човек во клубот на Милан Адриано Галијани. И тренерот на "Росонерите" Леонардо потврди дека се работи за тешка повреда. "Кога се случи тоа се чинеше дека не е ништо страшно, но мислам дека него му беше одма јасно за што се работи." Бекам ќе биде опериран уште денеска во Финска кај професорот Сакари Ораве кој е еден од најдобрите светски специјалисти за овој вид на повреди.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 14:46
Ериксон ги превзема "Слоновите"

Челниците на фудбалскиот сојуз на Брегот на Слоновата коска донесоа одлука селекцијата на таа земја на претстојниот Мундијал во Јужна Африка ќе го предводи Свен Горан Ериксон.

"Вистина е дека Хидинг беше нашиот прв избор, но откако не успеавме да го убедиме да ја превземе нашата селекција, се свртевме кон Свен Горан Ериксон кој има големо искуство во водењето селекции кој учествуваат на Светските првенства" изјави генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Брегот на Слоновата коска.

Ериксон кој ја водеше репрезентацијата на Англија на Мундијалот во 2002 и 2006 година, на клупата на "Слоновите" ќе го замени Вахид Халихоџиќ кој доби отказ поради слабите настапи на репрезентацијата на Купот на Африканските нации.
 
_______________________________________________________
 
Ич не ми е сипатичан Ериксон лутина.Он се провали со друг мој умилен екип Мексико сега ќе се провали и со слончињата плачење
Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 15:45
абе ериксон или свети петар пак BRAZIL ќе освои титула...
LD Pistolero a.k.a Demolero
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 15:51
Originally posted by Jovan.74 Jovan.74 напиша:

абе ериксон или свети петар пак BRAZIL ќе освои титула...
 
аплауз 
 
од твојте уста во Божиите уши
 
да 
 
Форца Селесао
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 16:03
Дел Боске: Само смирено и со тимски дух можеме да го освоиме СП

Селекторот на Шпанија рече дека СП е многу поразлично од ЕП и дека ќе биде многу тешко да се освои. Тие имаат се што е потребно, но не треба многу да летаат во облаци.

„Сигурно имаме шанси, но многу, многу е тешко да се освои Светско Првенство. Ќе мора низ текот на целиот Мундијал да бидеме со ладни глави и да бидеме прицврстени на земја.“

„Заборавете дека сме европски шампиони, ова е сосема друго натпреварување.“

„Многу ме радува тоа што во репрезентацијата има тимски дух и сигурно е дека имаме капацитет за серија победи на СП, но би било лошо да се помисли дека сме супериорни во однос на нашите противници“, рече Дел Боске.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 09:55
Нашата група на Мундуалот е можеби најтешка 
 
Не ,Рики во грешка си.И одма ќе ти кажам зошто:Северна Кореја са тотални туристи,Брегот на слоновата коска е под секоја критика.Неможе сите да играт за Дрогба.Мора да има колектив.Португал е екипа со 2 лица.Како може да направи изненада така може и да се провали со гром.А за Бразил што да ти кажам ?Здрава заебаница во групата па после што стане...........
 
Форца Селесаода
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 13:49
Каква штета за репрезентацијата на "Слоновите" тага а воедно и за првенството во Јужна Африка
 
 
Дрогба ја скрши раката, не игра на СП

Амбициите на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска се намалија откако нивниот лидер Дидие Дрогба ја скрши раката на вчерашниот пријателски натпревар против Јапонија во Швајцарија кој африканската држава го доби со 2:0. 32-годишниот Дрогба го напушти теренот по 15 минути игра по незгоден дуел со противничкиот дефанзивец Тулио Танака. Веднаш беше префрлен во болница каде му била констатирана скршеница на раката, поточно на лакотот.

Иако низ медиумите се појавија низа шпекулации околу неговата состојба, па дури и дека ќе може да се врати за првиот меч од СП, подоцна неговиот соиграч Коло Туре откри дека Дрогба лично му кажал дека нема да настапи.

"Дрогба рече дека нема да игра на Мундијалот. Сите го видовме болниот израз на неговото лице и знаевме дека е нешто сериозно. Со тешко срце ја прифативме оваа повреда, бидејќи тој е најважниот играч во екипата", изјави Туре.

Селекторот на репрезентацијата Свен-Горан Ериксон веројатно ќе мора да повика негова замена иако се уште не го отпишал Дрогба.

"Нормално дека сум загрижен. Тој е нашиот најдобар фудбалер и ќе ни биде тешко без него на Мундијалот. Се уште не е отпишан за настап, ќе почекаме за конечната одлука", изјави Ериксон кој не го обвини Тулио за повредата.

"Во фудбалот честопати има дуели. Сигурен сум дека Тулио немаше намера остро да стартува, а уште помалку да го повреди. Ова беше несреќен момент", додаде Швеѓанецот.

За репрезентацијата Дрогба одигра 70 натпревари и постигна 45 гола, по враќањето од болница им се приклучи на соиграчите, а официјалните лица на репрезентацијата не сакаа да откријат подетални информации.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 14:15
Добро што се случува со играчите,како од кал да се направени и зошто не внимаваат барем малку.
 
Сега и Фердинанд нема да игратага
 
 
Англичаните без Фердинанд на Мундијалот

Капитенот на англиската репрезентација Рио Фердинанд ќе го пропушти Светското првенство поради повреда на коленото заработена на последниот тренинг. Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед се судри со својот соиграч Емил Хески но во прв момент повредата не делуваше сериозно, меѓутоа откако се пожалил на болку во коленото лекарскиот тим веднаш го префрлил во болницата во Рустенбург каде е констатирана сериозна повреда и му е кажано дека нема да игра на Мундијалот. Рио ја напушти болницата со патерици.

Ова е нова невоља за селекторот Фабио Капело кој неможе да крене глава од повреди, по онаа на Дејвид Бекам и на Стивен Џерард, Џон Тери и Герет Бери. Бекам ја оштети ахиловата тетива и дефинитивно отпадна, а Џерард, Тери и Бери имаа ситни повреди поради кои паузираа неколку дена. Италијанскиот тренер не чекаше многу и веднаш му достави покана на дефанзивецот на Тотенхем Мајкл Доусон кој претходно отпадна од комбинација за настап на СП. Тој денеска ќе им се приклучи на соиграчите во Јужна Африка и е најавен како џокер од клупата. Капитенската лента му е доделена на Стивен Џерард.

"Лошо е кога ќе се повреди фудбалер пред почетокот на СП. Рио има проблеми со коленото и не е во состојба да игра. Затоа Доусон ќе мора да долета во Јужна Африка", изјави Капело.

По отсуството на Фердинанд, во конк*ренција за партнер на Тери во одбраната влегоа Ледли Кинг и Џејми Карагер. Со оглед на формата во која се наоѓа шанса за настап најверојатно ќе добие корпулентниот Кинг.

Англичаните првиот натпревар од СП го играат на 12 јуни против САД, а потоа ќе се сретнат и со Словенија како и Алжир.



Рио во друштво на Киген, Робсон и Бекам

Ова не е првпат Англичаните да го загубат капитенот за настапите на Светското првенство. Тоа се случувало и порано, а "клетвата" започна во 1982 кога "Гордиот Албион" остана без напаѓачот Кевин Киген. Легендарниот напаѓач отпатува на СП во Шпанија одигра 26 минути и се повреди, а оттогаш повеќе не се појави на светскиот собир на најдобрите. Мик Милс ја презеде капитенската лента.

Четири години подоцна слична ситуација имаше и Брајан Робсон. Плејмејкерот на Манчестер Јунајтед го дислоцира рамото пред почетокот на СП во Мексико но се опорави за настап на истото. По само четири минути игра на вториот дуел во групата против Мароко ја обнови повредата и го напушти турнирот.

Во Италија 1990 година повторно на сцена Боби Робсон. По добрите игри во квалификациите, Робсон имаше неколку повреди на ахиловата тетива поради кои неможеше да го одигра Мундијалот. Замина дома по вториот меч во групата, против Холандија. Дејвид Плат ја презеде капитенската лента.

Најсвежи се спомените од СП 2002 година. Тогашниот капитен Дејвид Бекам заработи фрактура на метатарзалната коска на ногата во настапите за Манчестер Јунајтед. На крајот се најде во репрезентацијата но немаше сили да и помогне на репрезентацијата.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 14:33
Бразил 1970 - најдобриот тим во историјата на Мундијалите

Меѓународната фудбалска федерација се обиде да разреши една од најголемите дилеми меѓу љубителите на фудбалот ширум светот: Која е најдобрата репрезентација на Светските првенства на сите времиња? Ова прашање кружи одамна и во конк*ренција се неколку селекции, а токму ова ја поттикна ФИФА по завршувањето на Мундијалот во Германија 2006 да спроведе анкета меѓу фудбалските експерти и да направи листа од десетте најуспешни во историјата на Мундијалите.

За победник беше прогласена селекцијата на Бразил од Светското првенство во 1970 година во Мексико, кое "селесао" го освои убедливо со шест победи и го освои тогашниот трофеј на Жил Риме.

Комплетниот изглед на 10-те најдобри екипи од светските првенства изгледа вака:



1. БРАЗИЛ, СП МЕКСИКО 1970

Можеби најсилната репрезентација што Бразил ја имал во историјата. Во првите 11 покрај Пеле, играа Жаирзињо, Тостао, Ривелињо, Карлос Алберто, Жерсон, Клодоалдо, Брито, Пјаца, Марко Антонио и Феликс и до шампионскиот трофеј стигнаа убедливо со маскимални шест победи. Тренер на овој состав беше прославениот Марио Загало.

Пред почетокот на Мундијалот, Бразил не беше меѓу фаворитите поради лошиот настап на претходното СП во Англија, меѓутоа "кариоките" покажаа врвен фудбал кој им донесе титула, а турнирот го завршија со 19 дадени и седум примени гола. Приказната почна на 3 јуни кога на стадионот во Гвадалахара Бразил ја совлада Чехословачка со 4:1, а потоа следеа триумфите над Англија од 1:0 и Романија со 3:2. Во четвртфиналето го совладаа ривалот Перу со 4:2, а во полуфиналето уште една селекција од својот континент Уругвај со 3:1. На 21 јуни во Мексико Сити во финалето се сретнаа со Италија и извојува фантастична победа од 4:1. Ова првенство воедно беше последното за Пеле кој го заврши со четири гола, а неговиот соиграч Жаирзињо постигна седум.

2. ИТАЛИЈА, СП ШПАНИЈА 1982

Лошите настапи во првата фаза, која ја минаа на "мускули" (со три нерешени), не ветуваа ништо добро за Италијанците на Мундијалот во Шпанија. Меѓутоа, во следната фаза експлодираше еден исклучителен стрелец, Паоло Роси, кој со своите голови практично го повлече тимот напред. Победите над бранителот на титулата Аргентина, моќниот Бразил предводен од Зико, Сократес, Едер, Фалкао и Жуниор, како и над одличните фудбалери од Полска и секогаш незгодната и силна Западна Германија во финалето сведочат за квалитетот на тимот кој на теренот го предводеше славниот голман Дино Ѕоф.

3. АРГЕНТИНА, СП МЕКСИКО 1986

Предводени од Диего Марадона, Аргентинците го одбележаа ова СП. "Гаучосите" сигурно немаа да стигнат до конечен триумф доколку ги немаа одличните асистенти како Хорхе Буручага, Хорхе Валдано и Оскер Руџери, кој беше непогрешлив во дефанзивниот ред. Марадона го заврши шампионатот со пет гола, еден помалку од Англичанецот Гери Линекер, и беше прогласен за најдобар фудбалер на шампионатот.

4. ЗАПАДНА ГЕРМАНИЈА, СП З.ГЕРМАНИЈА 1974

Неверојатните одбрани на голманот Сеп Мајер, непогрешливиот Франц Бекенбауер и фантастичниот стрелец Герд Милер го одбележаа шампионатот во Западна Германија. Оваа генерација на западногермански фудбалери стигна до трофејот, а ги поседуваше сите одлики на германската фудбалска школа, сила, цврстина, упорност и дисциплина па воопшто не беше изненадување победата над Холандија во финалето која важеше за фаворит за титулата.

5. УНГАРИЈА, СП ШВАЈЦАРИЈА 1954

Оваа репрезентација на Унгарија е најдобрата во историјата на Мундијалите, а која не стигнала до шампионскиот трофеј. Асовите како Ференц Пушкаш, Шандор Кочиш, Јосеф Божик, Золтан Цибор ја однесоа Унгарија до финалето во Берн (загубија од З.Германија со 3:2), а претходно немаа пораз повеќе од една година. На ова првенство Унгарците постигнаа дури 27 гола, успех кој досега никој не го надминал.

6. ХОЛАНДИЈА, СП З.ГЕРМАНИЈА 1974

Во фантастичниот холандски тим доминираа два Јохана, Кројф и Нексенс, кој исто како Унгарците, се најде меѓу најдобрите тимови на СП без освоен пехар. И покрај тоа што загубија во финалето од З.Германија, Холанѓаните оставија силен впечаток на првенството и нивниот т.н. "тотален фудбал" даде голем придонес во развојот на современиот фудбал.

7. БРАЗИЛ, ШВЕДСКА 1958

Бразилскиот тим на шампионатот во Шведска, на кој дебитантот Пеле израсна во вистинска ѕвезда, е често споредуван со екипата која триумфираше во Мексико 12 години подоцна. Освен Пеле, до првата титула светски шампион, "кариоките" беа предводени уште од Диди, Вава, Загало и Гаринча.

8. ФРАНЦИЈА, ФРАНЦИЈА 1998

Репрезентацијата на Франција од 1998 година прикажа допадлив фудбал, иако во вториот дел од натпреварувањето имаа доста маки, но, сепак, стигнаа до финалето каде се сретнаа со недораснатиот Бразил. Предводени од големиот мајстор на фудбалската игра Зинедин Зидан, "триколорите" го декласираа Бразил со 3:0 и ги натераа повеќе од еден милиони луѓе да излезат низ улиците на Париз и да го прослават најголемиот успех на францускиот фудбал.

9. АНГЛИЈА, СП АНГЛИЈА 1966

Творците на современиот фудбал ја освоија единствената шампионска титула на свој терен. По неколку неуспешни обиди, селекцијата која ја предводеше Алф Ремзи, заедно со играчите како Боби Мур и Боби Чарлтон во најдраматичното финале во историјата на Мундијалите стигна до победа над Западна Германија благодарение на најконтроверзниот гол во историјата, во продолженијата од страна на Џеф Харст.

10. ИТАЛИЈА, СП ФРАНЦИЈА 1938

Италијанскиот тим, кој го создаде легендарниот стратег Виторио Поцо, предводен од фантастичниот тандем Џовани Ферари - Џузепе Меаца, во мундијалската историја влезе како првиот светски шампион кој ја одбранил титулата.



Изменето од fiks - 05.Јуни.2010 во 14:33
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2010 во 16:58

И Диего Форлан нема да игра на светското првенство след како напушти логорот на Уругвајската репрезентација зарад контузија добине след удар со халфот Валтер Гаргано.

 
Кон врв
pane_juventus Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1048
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pane_juventus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2010 во 22:50
Tipuvam na Argentina ili Spanija ama poveke sansi im davam na Spancite i ke navivam za niv.да
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 38>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.